Ана Петановска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ana-petanovska/ За подобро да се разбереме Wed, 17 Jul 2024 12:47:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ана Петановска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ana-petanovska/ 32 32 Цела сала стана на нозе и му ракоплескаше на Григор Копров на концертот во Опера и балет посветен на неговите хитови https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/tsela-sala-stana-na-noze-i-mu-rakopleskashe-na-grigor-koprov-na-kontsertot-vo-opera-i-balet-posveten-na-negovite-hitovi/ Fri, 05 Jul 2024 09:58:26 +0000 https://republika.mk/?p=793709

Полн беше салонот на Националната опера и балет и сите гледачи станаа и со долг аплауз го поздравија македонскиот композитор Григор Копров во чија чест вчера, на 4 јули во рамките на Скопско лето се одржа концерт „Најдоброто од Копров“.

Песните на концертот ги испеаја Ана Петановска, младата вокалистка со раскошен талент, која соработува со Копров, а на сцената се појавија и Наде Талеска, која ја почнала кариерата со Копров, Денис Димоски, Горан Наумовски кој е дел од организацијата на концертот и на крај Владо Јаневски како специјален гостин. На крајот од концертот в.д директорот на Операта Орце Ицковски го покани Копров на сцената да му врачи плакета од името на Скопско лето и од Операта, а Копров, видно возбуден кратко кажа:

Сите ние во одреден дел од животот чувствуваме некоја возбуда. Бев возбуден кога се женев, кога ми се роди синот, кога мажиш или жениш дете. Јас вечерва, со оглед на годината на производството, чувствувам голема возбуда“, кажа Копров и доби громогласен аплауз од гледачите во салата.

За Петановска, Копров е многу широк човек и според она што го сподели со публиката, секој ден во студио со него е мошне интересен.

Тој нам, младите пејачи, ни дава можност да бираме како една песна ќе звучи, ги прифаќа нашите идеи. Ви посакувам вака да терате до 120, а за назад, ќе му ја мислиме, му рече Петановска на Копров.

Концертот почна со песни од Тоше Просески кои ги испеа Петановска, која потоа во дует со Димоски ја испеаја „Немир“ на Тоше и Каролина. Публиката се развесели со „Лиду ду“ и „Сребрени улици“ од Маја Оџаклиевска. Наумовски ја изведе „Прости ми“, исто така на Оџаклиевска. Талевска јавно му се заблагодари на Копров и го нарече легенда и ги отпеа хитовите „Анушка“ и „Лео“ од Ана Костовска и Калиопи.

Наде Талевска и Горан Наумовски беа одличен дует во „Остани во мене“ од Калиопи и Ромео Грил, а Петановска и Наумовски во „Љуби ме и главата горе” од Зафир и Сенка. Концертот заврши со „Не допирај ме“ од Маја Оџаклиевска, за која Петановска рече можеби оваа песна е потценета, но нејзе ѝ е омилена.

 

 

The post Цела сала стана на нозе и му ракоплескаше на Григор Копров на концертот во Опера и балет посветен на неговите хитови appeared first on Република.

]]>

Полн беше салонот на Националната опера и балет и сите гледачи станаа и со долг аплауз го поздравија македонскиот композитор Григор Копров во чија чест вчера, на 4 јули во рамките на Скопско лето се одржа концерт „Најдоброто од Копров“. Песните на концертот ги испеаја Ана Петановска, младата вокалистка со раскошен талент, која соработува со Копров, а на сцената се појавија и Наде Талеска, која ја почнала кариерата со Копров, Денис Димоски, Горан Наумовски кој е дел од организацијата на концертот и на крај Владо Јаневски како специјален гостин. На крајот од концертот в.д директорот на Операта Орце Ицковски го покани Копров на сцената да му врачи плакета од името на Скопско лето и од Операта, а Копров, видно возбуден кратко кажа:
Сите ние во одреден дел од животот чувствуваме некоја возбуда. Бев возбуден кога се женев, кога ми се роди синот, кога мажиш или жениш дете. Јас вечерва, со оглед на годината на производството, чувствувам голема возбуда“, кажа Копров и доби громогласен аплауз од гледачите во салата.
За Петановска, Копров е многу широк човек и според она што го сподели со публиката, секој ден во студио со него е мошне интересен.
Тој нам, младите пејачи, ни дава можност да бираме како една песна ќе звучи, ги прифаќа нашите идеи. Ви посакувам вака да терате до 120, а за назад, ќе му ја мислиме, му рече Петановска на Копров.
Концертот почна со песни од Тоше Просески кои ги испеа Петановска, која потоа во дует со Димоски ја испеаја „Немир“ на Тоше и Каролина. Публиката се развесели со „Лиду ду“ и „Сребрени улици“ од Маја Оџаклиевска. Наумовски ја изведе „Прости ми“, исто така на Оџаклиевска. Талевска јавно му се заблагодари на Копров и го нарече легенда и ги отпеа хитовите „Анушка“ и „Лео“ од Ана Костовска и Калиопи. Наде Талевска и Горан Наумовски беа одличен дует во „Остани во мене“ од Калиопи и Ромео Грил, а Петановска и Наумовски во „Љуби ме и главата горе” од Зафир и Сенка. Концертот заврши со „Не допирај ме“ од Маја Оџаклиевска, за која Петановска рече можеби оваа песна е потценета, но нејзе ѝ е омилена.    

The post Цела сала стана на нозе и му ракоплескаше на Григор Копров на концертот во Опера и балет посветен на неговите хитови appeared first on Република.

]]>
Македонската пејачка Ана Петановска ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот 2024“ во Тиват https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/makedonskata-pejachka-ana-petanovska-ke-nastapi-na-festivalot-biser-na-jadranot-2024-vo-tivat/ Sat, 29 Jun 2024 09:57:18 +0000 https://republika.mk/?p=791769

Македонската пејачка Ана Петановска, денеска ќе настапи на регионалниот музички фестивал „Бисер на Јадранот 2024“ во Тиват.

Помеѓу 25 изведувачи од целиот регион кои се во натпреварувачкиот дел на фестивалот, Петановска ќе настапи со песната насловена „Љубовта секогаш победува“.

Музиката е на Григор Копров, текстот на Душан Бачиќ, додека, за аранжманот се погрижил Стефан Петановски.

По настапот на „Бисер на Јадранот“ следува концерт во чест на композиторот Григор Копров со кој Ана Петановска активно соработува.

Концертот насловен „Најдоброто од Копров“ ќе се одржи на 4 јули во Националната опера и балет и е заокружување на богатото музичко творештво на Копров. Ќе настапат Ана Петановска, Наде Талевска, Горан Наумовски и Владо Јаневски.

Публиката ќе има можност да ги чуе добро познатите рефрени на Лиду ду, Остани во мене, Чаирска романтика, Анушка, Не допирај ме, Усни на усни, Немир и многу други песни кои оставиле траг во македонската музичка историја.

На самиот концерт ќе се одржи и промоција на видео записот за песната „Балада за анѓела“ („Балада за ангелот“) од Григор Копров изведена на „Београдско пролеќе“ 2024 во интерпретација на Ана Петановска.

The post Македонската пејачка Ана Петановска ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот 2024“ во Тиват appeared first on Република.

]]>

Македонската пејачка Ана Петановска, денеска ќе настапи на регионалниот музички фестивал „Бисер на Јадранот 2024“ во Тиват. Помеѓу 25 изведувачи од целиот регион кои се во натпреварувачкиот дел на фестивалот, Петановска ќе настапи со песната насловена „Љубовта секогаш победува“. Музиката е на Григор Копров, текстот на Душан Бачиќ, додека, за аранжманот се погрижил Стефан Петановски. По настапот на „Бисер на Јадранот“ следува концерт во чест на композиторот Григор Копров со кој Ана Петановска активно соработува. Концертот насловен „Најдоброто од Копров“ ќе се одржи на 4 јули во Националната опера и балет и е заокружување на богатото музичко творештво на Копров. Ќе настапат Ана Петановска, Наде Талевска, Горан Наумовски и Владо Јаневски. Публиката ќе има можност да ги чуе добро познатите рефрени на Лиду ду, Остани во мене, Чаирска романтика, Анушка, Не допирај ме, Усни на усни, Немир и многу други песни кои оставиле траг во македонската музичка историја. На самиот концерт ќе се одржи и промоција на видео записот за песната „Балада за анѓела“ („Балада за ангелот“) од Григор Копров изведена на „Београдско пролеќе“ 2024 во интерпретација на Ана Петановска.

The post Македонската пејачка Ана Петановска ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот 2024“ во Тиват appeared first on Република.

]]>
Ана Петановска ќе пее на „Бисер на Јадранот 2024“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/ana-petanovska-ke-pee-na-biser-na-jadranot-2024/ Thu, 27 Jun 2024 10:26:35 +0000 https://republika.mk/?p=791250

Младата пејачка Ана Петановска, позната по моќните интерпретации, в сабота (29 јуни) ќе настапи на регионалниот музички фестивал „Бисер на Јадранот 2024“ во Тиват.

Таа меѓу 25 изведувачи од целиот регион кои се во натпреварувачкиот дел на фестивалот, ќе настапи со песната насловена „Љубовта секогаш победува“ (Љубав увјек победи). Музиката е на Григор Копров, текстот на Душан Бачиќ, додека за аранжманот се погрижи Стефан Петановски.

После настапот на „Бисер на Јадранот“ следува концерт во чест на композиторот Григор Копров со кој Ана Петановска активно соработува. „Најдоброто од Копров“ на 4 јули во Националната опера и балет е заокружување на богатото музичко творештво на Копров. Ќе настапат Ана Петановска, Наде Талевска, Горан Наумовски и како ексклузивен гостин на покана на Копров ќе настапи Владо Јаневски.

Публиката ќе има можност да ги чуе добро познатите рефрени на „Лиду ду“, „Остани во мене“, „Чаирска романтика“, „Анушка“, „Не допирај ме“, „Усни на усни“, „Немир“ и многу други песни кои оставиле траг во македонската музичка историја.

На самиот концерт ќе се одржи и промоција на видео записот за песната „Балада за анѓела“ („Балада за ангелот“) од Григор Копров изведена на „Београдско пролеќе“ 2024 во интерпретација на Ана Петановска.

Македонската публика ја знае 20-годишната Ана најмногу по настапите на неколку врвни музички настани, како традиционалниот концерт на Националната опера и балет по повод празникот Василица, Оскаровската Гала вечер со филмска музика, „Београдско пролеќе 2024“, концертите на Камерниот оркестар Битола со хитови од `80-те и `90-те и концертот посветен на Тоше Проески.

На сите концерти ја восхити публиката со волшебниот глас и незаборавните изведби. Таа е пејачка која го остава срцето на сцена, а нејзината енергија и емоции остануваат долго по завршувањето на аплаузите.

 

The post Ана Петановска ќе пее на „Бисер на Јадранот 2024“ appeared first on Република.

]]>

Младата пејачка Ана Петановска, позната по моќните интерпретации, в сабота (29 јуни) ќе настапи на регионалниот музички фестивал „Бисер на Јадранот 2024“ во Тиват. Таа меѓу 25 изведувачи од целиот регион кои се во натпреварувачкиот дел на фестивалот, ќе настапи со песната насловена „Љубовта секогаш победува“ (Љубав увјек победи). Музиката е на Григор Копров, текстот на Душан Бачиќ, додека за аранжманот се погрижи Стефан Петановски. После настапот на „Бисер на Јадранот“ следува концерт во чест на композиторот Григор Копров со кој Ана Петановска активно соработува. „Најдоброто од Копров“ на 4 јули во Националната опера и балет е заокружување на богатото музичко творештво на Копров. Ќе настапат Ана Петановска, Наде Талевска, Горан Наумовски и како ексклузивен гостин на покана на Копров ќе настапи Владо Јаневски. Публиката ќе има можност да ги чуе добро познатите рефрени на „Лиду ду“, „Остани во мене“, „Чаирска романтика“, „Анушка“, „Не допирај ме“, „Усни на усни“, „Немир“ и многу други песни кои оставиле траг во македонската музичка историја. На самиот концерт ќе се одржи и промоција на видео записот за песната „Балада за анѓела“ („Балада за ангелот“) од Григор Копров изведена на „Београдско пролеќе“ 2024 во интерпретација на Ана Петановска. Македонската публика ја знае 20-годишната Ана најмногу по настапите на неколку врвни музички настани, како традиционалниот концерт на Националната опера и балет по повод празникот Василица, Оскаровската Гала вечер со филмска музика, „Београдско пролеќе 2024“, концертите на Камерниот оркестар Битола со хитови од `80-те и `90-те и концертот посветен на Тоше Проески. На сите концерти ја восхити публиката со волшебниот глас и незаборавните изведби. Таа е пејачка која го остава срцето на сцена, а нејзината енергија и емоции остануваат долго по завршувањето на аплаузите.  

The post Ана Петановска ќе пее на „Бисер на Јадранот 2024“ appeared first on Република.

]]>