ана павловска данева Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ana-pavlovska-daneva/ За подобро да се разбереме Mon, 24 Jun 2024 18:16:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ана павловска данева Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ana-pavlovska-daneva/ 32 32 Самка Ибаимовски преку Фејсбук се заканувал на уставна судијка, вели дека имал демократско право да пишува https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/samka-ibaimovski-preku-fejsbuk-se-zakanuval-na-ustavna-sudijka-veli-deka-imal-demokratsko-pravo-da-pishuva/ Mon, 24 Jun 2024 18:16:16 +0000 https://republika.mk/?p=790424

Самка Ибраимоски преку Фејсбук им се заканувал по животот на уставните судии откако дозволија извршителите да продолжат да наплаќаат долгови, објави Сител. Ибраимоски негира дека написите против судијката Ана Павловска Данева се закани по нејзиниот живот. Тој веќе добил повика да оди во полиција.

Ако сум спомнал некого, не сум спомнал со закана по живот, ако ги погодува моето пишување тоа е нивен проблем. Имам демократско право да пишувам како предлагач на законот, лидер сум на сиромашна партија која е заглавена со извршителите и бараме спас и начин како да се ослободат тие луѓе на кои 3 до 4 пати им ги наплатуват долговите – вели Ибраимоски за Сител.

Од Уставниот суд велат дека лично претседателот Дарко Костадиновски ги пријавил заканите, а како што информираат од прес службата, биле поврзани со конкретен предмет кој го работел Уставен. Павловска Данева вели дека нападите и заканите се притисок врз независноста и интегритетот на судот.

Поранешен пратеник и претседател на помала политичка партија, незадоволен од Одлука донесена од Уставниот суд, преку социјалните мрежи во континуитет објавува закани и навреди кон судиите, при што го има наведено моето име, најавувајќи убиство и слични противзаконите дејствија – изјави Павлоска Данева.

Во меѓувреме, Ибраимоски и денеска продолжи со критиките на Фејсбук против одлуката на Уставниот суд, а во неговите видеа и написи често го споменува името на Павлоска Данева.

Ибраимовски е лидер на Партијата за целосна еманципација на Ромите – ПЦЕР.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-otkri-koj-gi-isprakal-zakanite-do-ustavniot-sudija/

The post Самка Ибаимовски преку Фејсбук се заканувал на уставна судијка, вели дека имал демократско право да пишува appeared first on Република.

]]>

Самка Ибраимоски преку Фејсбук им се заканувал по животот на уставните судии откако дозволија извршителите да продолжат да наплаќаат долгови, објави Сител. Ибраимоски негира дека написите против судијката Ана Павловска Данева се закани по нејзиниот живот. Тој веќе добил повика да оди во полиција.
Ако сум спомнал некого, не сум спомнал со закана по живот, ако ги погодува моето пишување тоа е нивен проблем. Имам демократско право да пишувам како предлагач на законот, лидер сум на сиромашна партија која е заглавена со извршителите и бараме спас и начин како да се ослободат тие луѓе на кои 3 до 4 пати им ги наплатуват долговите – вели Ибраимоски за Сител.
Од Уставниот суд велат дека лично претседателот Дарко Костадиновски ги пријавил заканите, а како што информираат од прес службата, биле поврзани со конкретен предмет кој го работел Уставен. Павловска Данева вели дека нападите и заканите се притисок врз независноста и интегритетот на судот.
Поранешен пратеник и претседател на помала политичка партија, незадоволен од Одлука донесена од Уставниот суд, преку социјалните мрежи во континуитет објавува закани и навреди кон судиите, при што го има наведено моето име, најавувајќи убиство и слични противзаконите дејствија – изјави Павлоска Данева.
Во меѓувреме, Ибраимоски и денеска продолжи со критиките на Фејсбук против одлуката на Уставниот суд, а во неговите видеа и написи често го споменува името на Павлоска Данева. Ибраимовски е лидер на Партијата за целосна еманципација на Ромите – ПЦЕР. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-otkri-koj-gi-isprakal-zakanite-do-ustavniot-sudija/

The post Самка Ибаимовски преку Фејсбук се заканувал на уставна судијка, вели дека имал демократско право да пишува appeared first on Република.

]]>
По седми пат нема бел чад од Уставен: Судиите никако да изберат претседател https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/po-sedmi-pat-nema-bel-chad-od-ustaven-sudiite-nikako-da-izberat-pretsedatel/ Mon, 03 Jun 2024 10:57:49 +0000 https://republika.mk/?p=784365

Ниту уставниот судија Осман Кадриу не доби поддршка за претседател на Уставниот суд. И вториот круг гласање денеска пропадна. Кадриу беше единствен кандидат откако утринава Павловска – Данева се повлече од трката  за да се деблокира процесот, а Васиќ – Бозаџиева и без противкандидата повторно доби само 5 гласа.

Изминатите денови пропаднаа шесте обиди во кои ниту еден од кандидатите не успеа да собери двотретинска поддршка од своите колеги или шест гласа за да биде избрана

Судот може да се соочи со блокада со оглед дека на Кацарска вчера и заврши мандатот вчера , а деловникот не предвидува ниту заменик претседател ниту вршител на должност

Судијката Ана Павловска Данева на продолжението на денешната седница на Уставниот суд на која треба да се избере новиот претседател на судот, ја повлекла својата кандидатура, потврдуваат од Уставениот суд. Нејзината противкандидатка Татјана Васиќ Бозаџиева, не го добила потребното мнозинство. Ќе следува нов круг гласања, со други кандидати од редот на судиите во Уставен.

-Да, со цел да не се доведе државата во уставна криза, се повлеков и побарав судот да гласа согласно принципот на меритократија, односно исклучиво согласно професионалните квалификации и менаџерските капацитети на кандидатите. Судиката Васиќ остана единствен кандидат, вели во изјава за МИА судијката Павловска Данева.

The post По седми пат нема бел чад од Уставен: Судиите никако да изберат претседател appeared first on Република.

]]>

Ниту уставниот судија Осман Кадриу не доби поддршка за претседател на Уставниот суд. И вториот круг гласање денеска пропадна. Кадриу беше единствен кандидат откако утринава Павловска – Данева се повлече од трката  за да се деблокира процесот, а Васиќ – Бозаџиева и без противкандидата повторно доби само 5 гласа. Изминатите денови пропаднаа шесте обиди во кои ниту еден од кандидатите не успеа да собери двотретинска поддршка од своите колеги или шест гласа за да биде избрана Судот може да се соочи со блокада со оглед дека на Кацарска вчера и заврши мандатот вчера , а деловникот не предвидува ниту заменик претседател ниту вршител на должност Судијката Ана Павловска Данева на продолжението на денешната седница на Уставниот суд на која треба да се избере новиот претседател на судот, ја повлекла својата кандидатура, потврдуваат од Уставениот суд. Нејзината противкандидатка Татјана Васиќ Бозаџиева, не го добила потребното мнозинство. Ќе следува нов круг гласања, со други кандидати од редот на судиите во Уставен.
-Да, со цел да не се доведе државата во уставна криза, се повлеков и побарав судот да гласа согласно принципот на меритократија, односно исклучиво согласно професионалните квалификации и менаџерските капацитети на кандидатите. Судиката Васиќ остана единствен кандидат, вели во изјава за МИА судијката Павловска Данева.

The post По седми пат нема бел чад од Уставен: Судиите никако да изберат претседател appeared first on Република.

]]>
Ана Павловска-Данева избрана за уставен судија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ana-pavlovska-daneva-izbrana-za-ustaven-sudija/ Thu, 08 Feb 2024 13:50:49 +0000 https://republika.mk/?p=741892

Со 65 гласа „за“, 26 „против“ и без воздржани, на 140-тата собраниска седница за судија на Уставниот суд на Република Македонија е избрана Ана Павловска-Данева, професорка на Правниот факултет на Скопскиот универзитет. По гласањето таа ја кажа и потпиша свечената изјава дека функцијата ќе ја извршува одговорно и со почитување на законите и Уставот.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против предлогот на владејачкото мнозинство затоа што, не спорејќи ја нејзината стручност и дека е истакнат правник, сметаат дека со нејзиниот избор ќе се партизира Уставниот суд затоа што Павловска-Данева била и истакнат партиски функционер. Прашаа дали ќе биде независна од влијанието на СДСМ како некогашен пратеник и потпретседател на таа партија и дали како уставен судија ќе работи согласно Уставот и правдата или ќе биде послушник на власта.

Опозициските пратеници во расправата кажаа дека сѐ додека СДСМ и ДУИ се на власт, судството ќе биде неефикасно во борба со корупцијата, ќе биде партизирано и под политички притисоци и не веруваат дека Павловска-Данева ќе придонесе да се подобри довербата во судството која сега е 0 проценти.

Здравко Трајанов од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека генерално немаат забелешки за нејзината стручност во правото, но, рече „повторно имаме партизација, повторно докажани партиски војници“.

Не е во прашање само стручната подготовка, многу битен е личниот интегритет и кредибилитет да се носи со позицијата и да не потпадне под партиски влијанија. Ана Павловска-Данева била носител на листа, пратеник и во еден момент потпретседател на СДСМ. Ќе речете тоа било пред неколку години, но треба јасно да се дефинира во закон колку години кандидатот не треба да се занимава со политика - рече Трајанов.

Со некои ставови на Павловска-Данева и тој се согласува, како што се нејзините критики за СЈО, за бројот на министри и за Великотрновскиот универзитет, но, рече, „факт е и дека од СДСМ е наградена пред изборите да го добие тоа што треба да добие“.

Според Даниела Христова, времето ќе покаже дали Павловска-Данева ќе остане доследна на професионалноста „или ќе си ги покаже партиските квалитети“ затоа што факт е, рече таа, нејзината партиска припадност.

Можеби е добар професор со квалитети за добар судија, но добар и чесен судија може да биде само ако застане на страната на правдата, а не на партијата, без наклонетост и пристрасност или да биде под влијание од мешање на извршната власт Тогаш ќе биде добар судија и судија за пример - рече Христова.

Според Драган Ковачки, номинацијата на Павловска-Данева е „навреда за чесните правници кои на крајот на кариерата се оневозможени да се кандидираат за уставен судија“. Не можат да знаат каква ќе биде како уставен судија, рече, затоа што никој не ја поканил да се претстави и да ги изнесе своите ставови, ниту некој од владејачко мнозинство се пријавил да ја претстави пред пратениците.

Како да дискутираме за лице кое не дошло да се претстави пред нас? Дали ќе има партиско влијание ако некој опори закон пред Уставен суд? Дали ќе може да разграничи што е партиско што е професионално? Каков ќе биде нејзиниот однос кон наметната претседателка на Судот, Кацарска, касапот на македонското судство, која стана тоа зашто успешно монтираше судски процеси и се изучува како негативен пример на универзитети во светот - рече Ковачки.

Нагласи дека не е компетентен да ја цени стручноста на Павловска-Данева, но дека процедурата би била јасна ако бил донесен законот за Уставен суд кој, рече, е неисполнето ветување на вицепремиерот Бојан Маричиќ од времето кога бил министер за правда. Со тој закон, рече, ќе имало точни критериуми за селекција и не ќе можело партиски кадри да се вработуваат како уставни судии.

Ковачки праша и зошто СДСМ се откажале од претходниот предлог - Љубомир Јовевски да биде кандидат за уставен судија и дали биле искрени кога го предложиле или кога ја повлекле кандидатурата.

Неговата сопартијка Јадранска Поцкова, пак, кажа дека со партиската припадност Павловска-Данева го прави токму тоа против што се борела како учесник во Шарената револуција – партизираноста на институциите.

На говорите на опозиционерите реплицираа три пратенички на СДСМ. Марија Георгиевска рече дека за стручноста на Павловска-Данева како правник говорат нејзини колеги и соработници, а за нејзиниот интегритет говори тоа што има критички став и кон власта, и кон опозицијата.

Жаклина Лазаревска им порача на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека не забораваат како во време на нивното владеење се избирале судии.

Од некојси тефтерчиња... и се уште на власт има „сваровски“ судии. Парот Маневски одредуваше кои ќе бидат судии и обвинители. Тоа ќе го вратите назад? Прво да видиме какви сме ние, па да дискутираме какви се другите, рече Лазаревска.

На забелешката од опозицијата дека била пратеник на СДСМ во Собранието, Калеска-Ванчева одговори „супер би било кога секој уставен судија би поминал низ овие клупи“.

Јас и моите колеги немаме дилема да гласаме за овој предлог. Нејзините професионални докажани дела не можете да ги оспорите – нејзиното школување, развој, магистратура на тема „Омбудсман“, докторска дисертација од 2004 година, учеството на бројни меѓународни конференции и работилници, во изработка на закони, нејзиното критичко мислење, рече Калеска-Ванчева во одбрана на професорката од Правниот факултет на УКИМ која предава и на Академијата за судии и јавни обвинители.

Собранието по редовната пауза ќе продолжи со расправа за предлогот Љупчо Коцевски да биде избран за јавен обвинител.

The post Ана Павловска-Данева избрана за уставен судија appeared first on Република.

]]>

Со 65 гласа „за“, 26 „против“ и без воздржани, на 140-тата собраниска седница за судија на Уставниот суд на Република Македонија е избрана Ана Павловска-Данева, професорка на Правниот факултет на Скопскиот универзитет. По гласањето таа ја кажа и потпиша свечената изјава дека функцијата ќе ја извршува одговорно и со почитување на законите и Уставот. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против предлогот на владејачкото мнозинство затоа што, не спорејќи ја нејзината стручност и дека е истакнат правник, сметаат дека со нејзиниот избор ќе се партизира Уставниот суд затоа што Павловска-Данева била и истакнат партиски функционер. Прашаа дали ќе биде независна од влијанието на СДСМ како некогашен пратеник и потпретседател на таа партија и дали како уставен судија ќе работи согласно Уставот и правдата или ќе биде послушник на власта. Опозициските пратеници во расправата кажаа дека сѐ додека СДСМ и ДУИ се на власт, судството ќе биде неефикасно во борба со корупцијата, ќе биде партизирано и под политички притисоци и не веруваат дека Павловска-Данева ќе придонесе да се подобри довербата во судството која сега е 0 проценти. Здравко Трајанов од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека генерално немаат забелешки за нејзината стручност во правото, но, рече „повторно имаме партизација, повторно докажани партиски војници“.
Не е во прашање само стручната подготовка, многу битен е личниот интегритет и кредибилитет да се носи со позицијата и да не потпадне под партиски влијанија. Ана Павловска-Данева била носител на листа, пратеник и во еден момент потпретседател на СДСМ. Ќе речете тоа било пред неколку години, но треба јасно да се дефинира во закон колку години кандидатот не треба да се занимава со политика - рече Трајанов.
Со некои ставови на Павловска-Данева и тој се согласува, како што се нејзините критики за СЈО, за бројот на министри и за Великотрновскиот универзитет, но, рече, „факт е и дека од СДСМ е наградена пред изборите да го добие тоа што треба да добие“. Според Даниела Христова, времето ќе покаже дали Павловска-Данева ќе остане доследна на професионалноста „или ќе си ги покаже партиските квалитети“ затоа што факт е, рече таа, нејзината партиска припадност.
Можеби е добар професор со квалитети за добар судија, но добар и чесен судија може да биде само ако застане на страната на правдата, а не на партијата, без наклонетост и пристрасност или да биде под влијание од мешање на извршната власт Тогаш ќе биде добар судија и судија за пример - рече Христова.
Според Драган Ковачки, номинацијата на Павловска-Данева е „навреда за чесните правници кои на крајот на кариерата се оневозможени да се кандидираат за уставен судија“. Не можат да знаат каква ќе биде како уставен судија, рече, затоа што никој не ја поканил да се претстави и да ги изнесе своите ставови, ниту некој од владејачко мнозинство се пријавил да ја претстави пред пратениците.
Како да дискутираме за лице кое не дошло да се претстави пред нас? Дали ќе има партиско влијание ако некој опори закон пред Уставен суд? Дали ќе може да разграничи што е партиско што е професионално? Каков ќе биде нејзиниот однос кон наметната претседателка на Судот, Кацарска, касапот на македонското судство, која стана тоа зашто успешно монтираше судски процеси и се изучува како негативен пример на универзитети во светот - рече Ковачки.
Нагласи дека не е компетентен да ја цени стручноста на Павловска-Данева, но дека процедурата би била јасна ако бил донесен законот за Уставен суд кој, рече, е неисполнето ветување на вицепремиерот Бојан Маричиќ од времето кога бил министер за правда. Со тој закон, рече, ќе имало точни критериуми за селекција и не ќе можело партиски кадри да се вработуваат како уставни судии. Ковачки праша и зошто СДСМ се откажале од претходниот предлог - Љубомир Јовевски да биде кандидат за уставен судија и дали биле искрени кога го предложиле или кога ја повлекле кандидатурата. Неговата сопартијка Јадранска Поцкова, пак, кажа дека со партиската припадност Павловска-Данева го прави токму тоа против што се борела како учесник во Шарената револуција – партизираноста на институциите. На говорите на опозиционерите реплицираа три пратенички на СДСМ. Марија Георгиевска рече дека за стручноста на Павловска-Данева како правник говорат нејзини колеги и соработници, а за нејзиниот интегритет говори тоа што има критички став и кон власта, и кон опозицијата. Жаклина Лазаревска им порача на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дека не забораваат како во време на нивното владеење се избирале судии. Од некојси тефтерчиња... и се уште на власт има „сваровски“ судии. Парот Маневски одредуваше кои ќе бидат судии и обвинители. Тоа ќе го вратите назад? Прво да видиме какви сме ние, па да дискутираме какви се другите, рече Лазаревска. На забелешката од опозицијата дека била пратеник на СДСМ во Собранието, Калеска-Ванчева одговори „супер би било кога секој уставен судија би поминал низ овие клупи“. Јас и моите колеги немаме дилема да гласаме за овој предлог. Нејзините професионални докажани дела не можете да ги оспорите – нејзиното школување, развој, магистратура на тема „Омбудсман“, докторска дисертација од 2004 година, учеството на бројни меѓународни конференции и работилници, во изработка на закони, нејзиното критичко мислење, рече Калеска-Ванчева во одбрана на професорката од Правниот факултет на УКИМ која предава и на Академијата за судии и јавни обвинители. Собранието по редовната пауза ќе продолжи со расправа за предлогот Љупчо Коцевски да биде избран за јавен обвинител.

The post Ана Павловска-Данева избрана за уставен судија appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ се противи Ана Павловска Данева да биде уставен судија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-se-protivi-ana-pavlovska-daneva-da-bide-ustaven-sudija/ Wed, 31 Jan 2024 13:29:20 +0000 https://republika.mk/?p=739053

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ја заврши расправата за предлогот Ана Павловска Данева да биде избрана за уставна судијка,  при што од ВМРО-ДПМНЕ  повторно оценија дека предлогот е партиски, додека од СДСМ ги отфрлија тврдењата и повикаа да се комплетира составот на Уставниот суд.  Седницата за предлогот ќе продолжи по редовната пауза.

Во текот на расправата, пратеничката Марија Петрушевска од ВМРО - ДПМНЕ рече дека „народот се борел со сиромаштија за време на оваа власт која пак поддржала за уставен судија кандидатка која била и поранешен партиски потпретседател.

Според Петрушевска, номинацијата требало да се повлече.

- Номинацијата што се обидувате да ја протнете на помалку од сто дена пред избори, зборува дека сериозно се подготвувате за еден голем пораз и правите очајнички обиди пред заминување, рече таа. Со ова, посочи, ја заокружувате целосната партизација на Уставниот суд и директно се напаѓа уставниот поредок на државата. Одговорност за тоа  ќе мора да има, рече Петрушевска, која  кандидатката ја нарече „фејсбук правен експерт на батерии“ и учесник кој требало да се огради од  шарената револуција и да се извини“. Таа, нагласи, не се оградила од штетните политики на СДСМ.

- Таа не треба да биде уставен судија и нема да ја има мојата поддршка, подвлече Петрушевска.

Снежана Калевска Ванчева од СДСМ рече дека немало конструктивна критика во говорот на Петрушевска, иако очекувала.

- Имавте седум години да се оградите од штетните политики на тогашното ВМРО -ДПМНЕ кое за 11 години успеа да ја зароби државата. Токму тоа  доведе до тоа, секој демократ да излезе во шарена револуција. Во револуцијата учествуваа способни кадри од различни професии. Со една мисла, да не се повтори тоа што го имавме. Делата говорат за неа, а тие се многубројни. Правните експерти што ја оцениле лошо Данева се всушност на батерии. Кога нема што да се каже, нешто суштинско, се оди со дисквалификации. Очекував да се надминете себеси и и дека за ваков предлог ќе гласаме со консензус и да се комплетира Уставниот суд. Очекувам барем дел од вас дека ќе успеат да се надминат и да гласаат за неа, нагласи Калевска Ванчева.

Реплицирајќи Петрушевска рече  дека вистинското лице за актуелното владеење се случаите М-НАВ и Онкологија, истакнувајќи дека „Уставниот суд треба да се ослободи и конечно да се стави во служба на штитење на уставниот поредок“.

Д-р Ана Павловска-Данева е редовен професор на научната област Административно право и јавна администрација на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Родена на 22.02.1973 година во Скопје. Студиите ги започнала на Правниот факултет при Московскиот Државен Универзитет „М.В. Ломоносов“ во Москва, а во 1993 година дипломирала на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Магистрирала во 1998 година на тема „Омбудсман – заштитник на правата и слободите на граѓаните“. Истата година била избрана за помлад асистент на научната област Управно право на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а веќе следната 1999 година била избрана за асистент. Во 2004 година, се стекнала со научен степен доктор на правни науки, со одбрана на докторската дисертација на тема „Управни договори“ и е избрана за доцент на научната област управно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“, по што напредува во звањата и станува вонреден професор (2009 година) и редовен професор (2013 година).

Предлогот Данева да биде нова уставна судијка дојде откако на 24 јануари во Собранието по речиси година и половина расправа беше повлечен предлогот за Љубомир Јовески да биде уставен судија.

The post ВМРО-ДПМНЕ се противи Ана Павловска Данева да биде уставен судија appeared first on Република.

]]>

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ја заврши расправата за предлогот Ана Павловска Данева да биде избрана за уставна судијка,  при што од ВМРО-ДПМНЕ  повторно оценија дека предлогот е партиски, додека од СДСМ ги отфрлија тврдењата и повикаа да се комплетира составот на Уставниот суд.  Седницата за предлогот ќе продолжи по редовната пауза. Во текот на расправата, пратеничката Марија Петрушевска од ВМРО - ДПМНЕ рече дека „народот се борел со сиромаштија за време на оваа власт која пак поддржала за уставен судија кандидатка која била и поранешен партиски потпретседател. Според Петрушевска, номинацијата требало да се повлече. - Номинацијата што се обидувате да ја протнете на помалку од сто дена пред избори, зборува дека сериозно се подготвувате за еден голем пораз и правите очајнички обиди пред заминување, рече таа. Со ова, посочи, ја заокружувате целосната партизација на Уставниот суд и директно се напаѓа уставниот поредок на државата. Одговорност за тоа  ќе мора да има, рече Петрушевска, која  кандидатката ја нарече „фејсбук правен експерт на батерии“ и учесник кој требало да се огради од  шарената револуција и да се извини“. Таа, нагласи, не се оградила од штетните политики на СДСМ. - Таа не треба да биде уставен судија и нема да ја има мојата поддршка, подвлече Петрушевска. Снежана Калевска Ванчева од СДСМ рече дека немало конструктивна критика во говорот на Петрушевска, иако очекувала. - Имавте седум години да се оградите од штетните политики на тогашното ВМРО -ДПМНЕ кое за 11 години успеа да ја зароби државата. Токму тоа  доведе до тоа, секој демократ да излезе во шарена револуција. Во револуцијата учествуваа способни кадри од различни професии. Со една мисла, да не се повтори тоа што го имавме. Делата говорат за неа, а тие се многубројни. Правните експерти што ја оцениле лошо Данева се всушност на батерии. Кога нема што да се каже, нешто суштинско, се оди со дисквалификации. Очекував да се надминете себеси и и дека за ваков предлог ќе гласаме со консензус и да се комплетира Уставниот суд. Очекувам барем дел од вас дека ќе успеат да се надминат и да гласаат за неа, нагласи Калевска Ванчева. Реплицирајќи Петрушевска рече  дека вистинското лице за актуелното владеење се случаите М-НАВ и Онкологија, истакнувајќи дека „Уставниот суд треба да се ослободи и конечно да се стави во служба на штитење на уставниот поредок“. Д-р Ана Павловска-Данева е редовен професор на научната област Административно право и јавна администрација на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Родена на 22.02.1973 година во Скопје. Студиите ги започнала на Правниот факултет при Московскиот Државен Универзитет „М.В. Ломоносов“ во Москва, а во 1993 година дипломирала на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Магистрирала во 1998 година на тема „Омбудсман – заштитник на правата и слободите на граѓаните“. Истата година била избрана за помлад асистент на научната област Управно право на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а веќе следната 1999 година била избрана за асистент. Во 2004 година, се стекнала со научен степен доктор на правни науки, со одбрана на докторската дисертација на тема „Управни договори“ и е избрана за доцент на научната област управно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“, по што напредува во звањата и станува вонреден професор (2009 година) и редовен професор (2013 година). Предлогот Данева да биде нова уставна судијка дојде откако на 24 јануари во Собранието по речиси година и половина расправа беше повлечен предлогот за Љубомир Јовески да биде уставен судија.  

The post ВМРО-ДПМНЕ се противи Ана Павловска Данева да биде уставен судија appeared first on Република.

]]>
Ана Павловска-Данева предложена за уставен судија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ana-pavlovska-daneva-predlozhena-za-ustaven-sudija/ Thu, 25 Jan 2024 10:59:46 +0000 https://republika.mk/?p=736690

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата за денеска во 12:30 часот има закажано седница со една точка на дневен ред - Предлог за избор на судија на Уставниот суд.

Според објавеното на веб страницата на Собранието, за судија на Уставниот суд е предложена Ана Павловска-Данева, професорка на Правниот факултет во Скопје.

Вчера, во Собранието беше повлечен предлогот Љубомир Јовески да биде предложен за уставен судија. Тој во изјава за МИА рече дека е изненаден од повлекувањето на предлогот без да се наведат основните причини за тоа.

Пристојно е да се дадат два три збора. Нанесена ми е штета, ако не сметале дека може процесот до крај да го водат, не требало да ме предлагаат, бидејќи бев изложен на непотребни напади, вели Јовески, додавајќи дека сметал оти процесот е завршен бидејќи веќе година и половина не се покренувало ништо.

The post Ана Павловска-Данева предложена за уставен судија appeared first on Република.

]]>

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата за денеска во 12:30 часот има закажано седница со една точка на дневен ред - Предлог за избор на судија на Уставниот суд. Според објавеното на веб страницата на Собранието, за судија на Уставниот суд е предложена Ана Павловска-Данева, професорка на Правниот факултет во Скопје. Вчера, во Собранието беше повлечен предлогот Љубомир Јовески да биде предложен за уставен судија. Тој во изјава за МИА рече дека е изненаден од повлекувањето на предлогот без да се наведат основните причини за тоа.
Пристојно е да се дадат два три збора. Нанесена ми е штета, ако не сметале дека може процесот до крај да го водат, не требало да ме предлагаат, бидејќи бев изложен на непотребни напади, вели Јовески, додавајќи дека сметал оти процесот е завршен бидејќи веќе година и половина не се покренувало ништо.
 
The post Ана Павловска-Данева предложена за уставен судија appeared first on Република.

]]>
Арифи, која ги пишуваше уставните измени ќе се бори против корупцијата во Советот на Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/arifi-koja-gi-pishuvashe-ustavnite-izmeni-ke-se-bori-protiv-koruptsijata-vo-sovetot-na-evropa/ Wed, 26 Jul 2023 09:50:33 +0000 https://republika.mk/?p=665445

Професорката Ана Павловска-Данева за „Пресинг ТВ“ потврдува дека си поднела оставка од местото шеф на делегацијата на Македонија во ГРЕКО. Ова е телот за борба против корупцијата, во Советот на Европа во Стразбур.

Taa вели дека Владата покажува инертност и незаинтересираност за преземање на активности за исполнување на бројните препораки.

Да, оставка поднесов    уште во март оваа година и до сега немам официјална информација за нејзиното усвојување. Сметам дека треба да се даде можност и на други експерти да го дадат својот придонес во остварувањето на препораките на ГРЕКО кои можеби ќе имаат поголем успех во координирањето на активностите на институциите при нивната имплементација. Ги имам предвид, пред се, Јавното обвинителство, Собранието (актуелниот состав) и Генералниот секретаријат на Владата кои, за жал, покажуваат инертност и незаинтересираност за преземање на активности за исполнување на бројните препораки од Четвртиот и Петтиот евалуационен круг на ГРЕКО. Од друга страна, МВР и ДКСК во целиот мој мандатен период го вложуваа својот максимум и постигнаа значајни резултати. Сега започнува нов Шести круг, па сметам дека Владата треба да избере експерт кој е најсоодветен за материјата опфатена со него и чии насоки ќе бидат доследно почитувани-вели Данева за „Пресинг ТВ“.

На нејзино место Владата ја предложи Беса Арифи, член на комисијата за уставни измени и сестра на поранешната градоначалничка на Тетово Теута.

The post Арифи, која ги пишуваше уставните измени ќе се бори против корупцијата во Советот на Европа appeared first on Република.

]]>

Професорката Ана Павловска-Данева за „Пресинг ТВ“ потврдува дека си поднела оставка од местото шеф на делегацијата на Македонија во ГРЕКО. Ова е телот за борба против корупцијата, во Советот на Европа во Стразбур. Taa вели дека Владата покажува инертност и незаинтересираност за преземање на активности за исполнување на бројните препораки.
Да, оставка поднесов    уште во март оваа година и до сега немам официјална информација за нејзиното усвојување. Сметам дека треба да се даде можност и на други експерти да го дадат својот придонес во остварувањето на препораките на ГРЕКО кои можеби ќе имаат поголем успех во координирањето на активностите на институциите при нивната имплементација. Ги имам предвид, пред се, Јавното обвинителство, Собранието (актуелниот состав) и Генералниот секретаријат на Владата кои, за жал, покажуваат инертност и незаинтересираност за преземање на активности за исполнување на бројните препораки од Четвртиот и Петтиот евалуационен круг на ГРЕКО. Од друга страна, МВР и ДКСК во целиот мој мандатен период го вложуваа својот максимум и постигнаа значајни резултати. Сега започнува нов Шести круг, па сметам дека Владата треба да избере експерт кој е најсоодветен за материјата опфатена со него и чии насоки ќе бидат доследно почитувани-вели Данева за „Пресинг ТВ“.
На нејзино место Владата ја предложи Беса Арифи, член на комисијата за уставни измени и сестра на поранешната градоначалничка на Тетово Теута.

The post Арифи, која ги пишуваше уставните измени ќе се бори против корупцијата во Советот на Европа appeared first on Република.

]]>
Павловска – Данева: Министерот за надворешни работи и сите членови на Владата ни глас да пуштат за малтретираниот 80-годишен македонски православен свештеник во Грција, Никодим Царкњас! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pavlovska-daneva-ministerot-za-nadvoreshni-raboti-i-site-chlenovi-na-vladata-ni-glas-da-pushtat-za-maltretiraniot-80-godishen-makedonski-pravoslaven-sveshtenik-vo-grtsija-nikodim-tsarknas/ Mon, 06 Mar 2023 18:55:07 +0000 https://republika.mk/?p=616611

Македонскиот министер за надворешни работи беше и обвинител, и судија, и посетител во болница во случајот на тепаниот охриѓанец со бугарска самосвест, пишува професорката Ана Павловска Данева на својот фејсбук профил.

Тој истиот, како и сите останати членови на Владата, претставници на “блокот за Европа” ни глас да пуштат за малтретираниот 80-годишен македонски православен свештеник во Грција, Никодим Царкњас!

Само еден збор осуда за насилството врз возрасен човек, само еден збор во одбрана на националното достоинство, само збор утеха за луѓето кои и надвор од границите на државата го чуваат и негуваат македонскиот јазик, македонското писмо и македонскиот идентитет, ете толку ни е потребно!

Ќе можете ли?

The post Павловска – Данева: Министерот за надворешни работи и сите членови на Владата ни глас да пуштат за малтретираниот 80-годишен македонски православен свештеник во Грција, Никодим Царкњас! appeared first on Република.

Aна Павловска Данева: Не се они криви што не посипуваат со фекалии, туку нашиве што срамно молчат! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ana-pavlovska-daneva-ne-se-oni-krivi-shto-ne-posipuvaat-so-fekalii-tuku-nashive-shto-sramno-molchat/ Thu, 26 Jan 2023 13:02:09 +0000 https://republika.mk/?p=601284

Професорката од Правниот факултет Ана Павловска Данева со свој став на тема „бугарски провокации“.

Не се они криви што не посипуваат со фекалии, туку нашиве што срамно молчат!

Најопасни се оние наши политикантски релативизатори, што прифаќаат да излегуваат во јавност за да бранат сервилност и понизност, а ни се претставуваат како рационални интелектуалци, познавачи на политиката и дипломатијата.

Па, колку што вие можете да си ја наведнете кичмата и подадете задникот, не можат ни најнавежбани танчери и акробати на циркуска сцена!  - порача професорката на својот фејбук профил.

The post Aна Павловска Данева: Не се они криви што не посипуваат со фекалии, туку нашиве што срамно молчат! appeared first on Република.

]]>

Професорката од Правниот факултет Ана Павловска Данева со свој став на тема „бугарски провокации“.
Не се они криви што не посипуваат со фекалии, туку нашиве што срамно молчат! Најопасни се оние наши политикантски релативизатори, што прифаќаат да излегуваат во јавност за да бранат сервилност и понизност, а ни се претставуваат како рационални интелектуалци, познавачи на политиката и дипломатијата. Па, колку што вие можете да си ја наведнете кичмата и подадете задникот, не можат ни најнавежбани танчери и акробати на циркуска сцена!  - порача професорката на својот фејбук профил.

The post Aна Павловска Данева: Не се они криви што не посипуваат со фекалии, туку нашиве што срамно молчат! appeared first on Република.

]]>
„Да Ве има почесто и погласно“, вели во роденденската честитка до Црвенковски професорката Данева https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/da-ve-ima-pochesto-i-poglasno-veli-vo-rodendenskata-chestitka-do-crvenkovski-profesorkata-daneva/ Wed, 12 Oct 2022 16:32:15 +0000 https://republika.mk/?p=560254

„Да Ве има почесто и погласно“, му порача во роденденската честитка професорката Ана Павловска Данева на некогашниот лидер на СДСМ и премиер и претседател на Македонија, Бранко Црвенковски.

Среќен роденден на Претседателот Црвенковски, мојот учител и пријател!
Да славите уште многу јубилеи, да Ве има почесто и погласно, пишува таа.

Црвенковски го прослави јубилејниот 60 роденден.

The post „Да Ве има почесто и погласно“, вели во роденденската честитка до Црвенковски професорката Данева appeared first on Република.

]]>

„Да Ве има почесто и погласно“, му порача во роденденската честитка професорката Ана Павловска Данева на некогашниот лидер на СДСМ и премиер и претседател на Македонија, Бранко Црвенковски.
Среќен роденден на Претседателот Црвенковски, мојот учител и пријател! Да славите уште многу јубилеи, да Ве има почесто и погласно, пишува таа.
Црвенковски го прослави јубилејниот 60 роденден.

The post „Да Ве има почесто и погласно“, вели во роденденската честитка до Црвенковски професорката Данева appeared first on Република.

]]>
Професорката Данева од СДСМ: Не верував дека СДСМ ќе стане бугарoфилска партија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/profesorkata-daneva-od-sdsm-ne-veruvav-deka-sdsm-kje-stane-bugarofilska-partija/ Fri, 15 Jul 2022 17:05:36 +0000 https://republika.mk/?p=529435

Професорката Ана Павловска Данева, на социјалните мрежи порачува дека не верувала оти СДСМ ќе се залага за менување на историски обележја со цел да се скрие и негира улогата на Бугарија во Втората светска војна.

Се уште не ми се верува дека дојде време Сдсм да поддржува менување на споменици и историски учебници во врска со улогата на Бугарија во Македонија за време на Втората светска војна, а Вмро Дпмне (заедно со Милошовски) да се повикува на партизанското минато на нашата татковина, да го лиже она што го плукал за Блаже Конески и да ја пее „Бела чао“!

Ех, што прават од човека власта и желбата по неа - коментира Павловска Данева

The post Професорката Данева од СДСМ: Не верував дека СДСМ ќе стане бугарoфилска партија appeared first on Република.

]]>

Професорката Ана Павловска Данева, на социјалните мрежи порачува дека не верувала оти СДСМ ќе се залага за менување на историски обележја со цел да се скрие и негира улогата на Бугарија во Втората светска војна.
Се уште не ми се верува дека дојде време Сдсм да поддржува менување на споменици и историски учебници во врска со улогата на Бугарија во Македонија за време на Втората светска војна, а Вмро Дпмне (заедно со Милошовски) да се повикува на партизанското минато на нашата татковина, да го лиже она што го плукал за Блаже Конески и да ја пее „Бела чао“! Ех, што прават од човека власта и желбата по неа - коментира Павловска Данева

The post Професорката Данева од СДСМ: Не верував дека СДСМ ќе стане бугарoфилска партија appeared first on Република.

]]>
Го допревме дното во судството, вели Павловска-Данева https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/go-doprevme-dnoto-vo-sudstvoto-veli-pavlovska-daneva/ Thu, 02 Jun 2022 06:19:46 +0000 https://republika.mk/?p=509968

Мое лично мислење е дека сме го допреле дното во судството, тврди професорката Ана Павловска Данева во дебата на 24 Анализа.

Не мислам на тоа од страна на корупција, туку на целосна партизација. И сега чекор по чекор се враќаме, вели Данева.

Министерот за правда Никола Тупанчески во гостувањето во 24 анализа вети дека ќе стори се за да се врати довербата во судството.

Нема да биде лесно и веднаш, но не е невозможно да се зголеми довербата.Ако не верував во судството, немаше да бидам министер за правда, рече Тупанчески.

Првата антикорупционерка Билјана Иванова, пак тврди дека граѓаните најчесто до нив реагираат поради донесени судски одлуки, од кои не се задоволни.

На тоа се надоврза професорката Данева, која додава дека во надлежност на Антикорупциска комисија не е да ги разгледува преставките од граѓаните, затоа што секако ќе има незадоволни граѓани бидејќи секако едната страна го губи спорот.

The post Го допревме дното во судството, вели Павловска-Данева appeared first on Република.

]]>

Мое лично мислење е дека сме го допреле дното во судството, тврди професорката Ана Павловска Данева во дебата на 24 Анализа.
Не мислам на тоа од страна на корупција, туку на целосна партизација. И сега чекор по чекор се враќаме, вели Данева.
Министерот за правда Никола Тупанчески во гостувањето во 24 анализа вети дека ќе стори се за да се врати довербата во судството.
Нема да биде лесно и веднаш, но не е невозможно да се зголеми довербата.Ако не верував во судството, немаше да бидам министер за правда, рече Тупанчески.
Првата антикорупционерка Билјана Иванова, пак тврди дека граѓаните најчесто до нив реагираат поради донесени судски одлуки, од кои не се задоволни. На тоа се надоврза професорката Данева, која додава дека во надлежност на Антикорупциска комисија не е да ги разгледува преставките од граѓаните, затоа што секако ќе има незадоволни граѓани бидејќи секако едната страна го губи спорот.  

The post Го допревме дното во судството, вели Павловска-Данева appeared first on Република.

]]>
Павловска Данева: Еден коментар да чуевме за тоа што бугарскиот историчар Димитров ги негира македонската историска наука и континуитетот на МПЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pavlovska-daneva-eden-komentar-da-chuevme-za-toa-shto-bugarskiot-istorichar-dimitrov-gi-negira-makedonskata-istoriska-nauka-i-kontinuitetot-na-mpc/ Mon, 04 Apr 2022 18:55:25 +0000 https://republika.mk/?p=483297

Бугарскиот историчар Димитров за нивните национални медиуми изјавува дека во време на „комунистичката власт во Македонија немало историска наука“, дека подигањето на ветото од Бугарија за почеток на преговори била само наша пуста желба и најважно од се, го оспорува континуитетот на Македонската православна црква, коментира професорката Ана Павловска Данева.

Таа вели дека на таквите изјави од бугарска страна нема ниту еден збор, ниту еден коментар од Македонија.

Еден, ама еден коментар на овие теми да чуевме од вас, македонските членови во мешовитата историска комисија? Барем една изјава со која ќе го заштите, прво, сопственото достоинство како научници (белким сте учеле од учебници и предавања на професори кои твореле и во претходното општествено уредување за кое Димитров вели сме немале историска наука) и второ, нашето колективно, национално достоинство така што ќе гукнете и ќе го одбраните и континуитетот на историската научна мисла во Македонија, но и континуитетот на нашата МПЦ!

Мене некако ми е срам од вас, а и ме револтира вашиов полтронски молк повеќе отколку националистичките изјави на бугарските историчари за нивните медиуми.

Доколку Владата писмено ви гарантира дека ќе продолжите да ги земате вашите месечни паушали се до конечно завршување на спорот (што и да значи тоа), дали тогаш може да не удостоите со по некоја јавна изјава во насока на зачувување на нашата национална историја и национален идентитет? - комантира Павловска Данева.

The post Павловска Данева: Еден коментар да чуевме за тоа што бугарскиот историчар Димитров ги негира македонската историска наука и континуитетот на МПЦ appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот историчар Димитров за нивните национални медиуми изјавува дека во време на „комунистичката власт во Македонија немало историска наука“, дека подигањето на ветото од Бугарија за почеток на преговори била само наша пуста желба и најважно од се, го оспорува континуитетот на Македонската православна црква, коментира професорката Ана Павловска Данева. Таа вели дека на таквите изјави од бугарска страна нема ниту еден збор, ниту еден коментар од Македонија.
Еден, ама еден коментар на овие теми да чуевме од вас, македонските членови во мешовитата историска комисија? Барем една изјава со која ќе го заштите, прво, сопственото достоинство како научници (белким сте учеле од учебници и предавања на професори кои твореле и во претходното општествено уредување за кое Димитров вели сме немале историска наука) и второ, нашето колективно, национално достоинство така што ќе гукнете и ќе го одбраните и континуитетот на историската научна мисла во Македонија, но и континуитетот на нашата МПЦ!   Мене некако ми е срам од вас, а и ме револтира вашиов полтронски молк повеќе отколку националистичките изјави на бугарските историчари за нивните медиуми.   Доколку Владата писмено ви гарантира дека ќе продолжите да ги земате вашите месечни паушали се до конечно завршување на спорот (што и да значи тоа), дали тогаш може да не удостоите со по некоја јавна изјава во насока на зачувување на нашата национална историја и национален идентитет? - комантира Павловска Данева.

The post Павловска Данева: Еден коментар да чуевме за тоа што бугарскиот историчар Димитров ги негира македонската историска наука и континуитетот на МПЦ appeared first on Република.

]]>
Пресудата на Основниот суд во Велес, конечно внесе малку достоинство во правничката професија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/presudata-na-osnovniot-sud-vo-veles-konechno-vnese-malku-dostoinstvo-vo-pravnichkata-profesija/ Tue, 15 Feb 2022 14:12:37 +0000 https://republika.mk/?p=458928

Пресудата на Основниот суд во Велес, конечно внесе малку достоинство во нашата правничка професија, напиша на Фејсбук, Ана Павловска Данева.

Станува збор за ослободителната пресуда на Пале Илоска, која во самоодбрана го уби својот насилен партнер.

The post Пресудата на Основниот суд во Велес, конечно внесе малку достоинство во правничката професија appeared first on Република.

]]>

Пресудата на Основниот суд во Велес, конечно внесе малку достоинство во нашата правничка професија, напиша на Фејсбук, Ана Павловска Данева. Станува збор за ослободителната пресуда на Пале Илоска, која во самоодбрана го уби својот насилен партнер.

The post Пресудата на Основниот суд во Велес, конечно внесе малку достоинство во правничката професија appeared first on Република.

]]>
Ана Павловска Данева: Титаник=Театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ana-pavlovska-daneva-titanik-teatar/ Sat, 12 Feb 2022 07:29:38 +0000 https://republika.mk/?p=457445

Титаник=Театар, кратко напиша на својот фејсбук профил професорката на Прaвниот факултет, Ана Павловска Данева.

The post Ана Павловска Данева: Титаник=Театар appeared first on Република.

]]>

Титаник=Театар, кратко напиша на својот фејсбук профил професорката на Прaвниот факултет, Ана Павловска Данева.

The post Ана Павловска Данева: Титаник=Театар appeared first on Република.

]]>
Павловска-Данева: Дигитализација беше приоритет на Владата или тоа не важи за Министерството за здравство и новиот коалиционен партнер? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pavlovska-daneva-digitalizacija-beshe-prioritet-na-vladata-ili-toa-ne-vazi-za-ministerstvoto-za-zdravstvo-i-noviot-koalicionen-partner/ Tue, 01 Feb 2022 14:24:57 +0000 https://republika.mk/?p=452539

Македонија е единствената држава во светот во која решенија за изолација уште се издаваат во печатена хартиена форма и патуваат до пациентите и лицата кои биле во контакт подолго од нивната болест и период на изолација! пишува професорката Ана Павловска Данева на својот фејсбук профил.

Дигитализација беше приоритет на Владата или тоа не важи за Министерството за здравство и новиот коалиционен партнер?, прашува Данева.

The post Павловска-Данева: Дигитализација беше приоритет на Владата или тоа не важи за Министерството за здравство и новиот коалиционен партнер? appeared first on Република.