Ана Митреска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ana-mitreska/ За подобро да се разбереме Wed, 22 May 2024 08:40:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ана Митреска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ana-mitreska/ 32 32 Митреска: Политиките на централната банка овозможуваат стабилизација на инфлацијата и зајакнување на отпорноста на банкарскиот систем https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitreska-politikite-na-tsentralnata-banka-ovozmozhuvaat-stabilizatsija-na-inflatsijata-i-zajaknuvane-na-otpornosta-na-bankarskiot-sistem/ Wed, 22 May 2024 08:40:58 +0000 https://republika.mk/?p=780735

Вицегувернерката на Народната банка Ана Митреска на 23. состанок на Банката за меѓународни порамнувања (БИС) за монетарната политика во Централна и Источна Европа посочила дека мерките за справување со инфлацијата што ги презела Народната банка придонеле и за дополнително јакнење на отпорноста на банкарскиот сектор.

Макропрудентните мерки во основа беа користени за да се зголеми отпорноста на банкарскиот систем, но исто така претставуваа и поддршка на затегнувањето на монетарната политика во борбата против инфлацијата. Во неколку наврати беше зголемен контрацикличниот заштитен слој на капиталот на банките и беа воведени макропрудентни инструменти за квалитетот на кредитната побарувачка од физичките лица. Податоците покажуваат дека многу земји применија макропрудентни мерки, не само за задржување на финансиската стабилност, туку и за поддршка на монетарната политика. Во Европа, на пример, од почетокот на 2020 година досега, контрацикличниот заштитен слој на капиталот е зголемен од 0,25 п.п. до 2,5 п.п., посочила вицегувернерката Митреска.

Како што соопшти Народната банка, вицегувернерката посочила дека циклусот на монетарно затегнување бил придружен и со низа макропрудентни мерки, преку коишто се спречила појавата на финансиски стрес. Притоа, таа истакнала дека резултатите од стрес-тестовите за ефектите од зголемувањето на каматните стапки врз портфолиото на домашниот банкарски сектор покажале дека банките се добро подготвени за да ги надминат евентуалните предизвици, како и дека досега нема остварување на ризиците. Сепак, според вицегувернерката поради постојаната неизвесност, и централните банки, и банкарскиот систем во целина треба да бидат внимателни и подготвени за соодветна реакција во случај на нови шокови.

The post Митреска: Политиките на централната банка овозможуваат стабилизација на инфлацијата и зајакнување на отпорноста на банкарскиот систем appeared first on Република.

]]>

Вицегувернерката на Народната банка Ана Митреска на 23. состанок на Банката за меѓународни порамнувања (БИС) за монетарната политика во Централна и Источна Европа посочила дека мерките за справување со инфлацијата што ги презела Народната банка придонеле и за дополнително јакнење на отпорноста на банкарскиот сектор. Макропрудентните мерки во основа беа користени за да се зголеми отпорноста на банкарскиот систем, но исто така претставуваа и поддршка на затегнувањето на монетарната политика во борбата против инфлацијата. Во неколку наврати беше зголемен контрацикличниот заштитен слој на капиталот на банките и беа воведени макропрудентни инструменти за квалитетот на кредитната побарувачка од физичките лица. Податоците покажуваат дека многу земји применија макропрудентни мерки, не само за задржување на финансиската стабилност, туку и за поддршка на монетарната политика. Во Европа, на пример, од почетокот на 2020 година досега, контрацикличниот заштитен слој на капиталот е зголемен од 0,25 п.п. до 2,5 п.п., посочила вицегувернерката Митреска. Како што соопшти Народната банка, вицегувернерката посочила дека циклусот на монетарно затегнување бил придружен и со низа макропрудентни мерки, преку коишто се спречила појавата на финансиски стрес. Притоа, таа истакнала дека резултатите од стрес-тестовите за ефектите од зголемувањето на каматните стапки врз портфолиото на домашниот банкарски сектор покажале дека банките се добро подготвени за да ги надминат евентуалните предизвици, како и дека досега нема остварување на ризиците. Сепак, според вицегувернерката поради постојаната неизвесност, и централните банки, и банкарскиот систем во целина треба да бидат внимателни и подготвени за соодветна реакција во случај на нови шокови.

The post Митреска: Политиките на централната банка овозможуваат стабилизација на инфлацијата и зајакнување на отпорноста на банкарскиот систем appeared first on Република.

]]>
Митреска: Денарот е стабилен, девизните резерви се високи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitreska-denarot-e-stabilen-deviznite-rezervi-se-visoki/ Tue, 01 Mar 2022 10:18:47 +0000 https://republika.mk/?p=465773

Курсот на денарот е стабилен, девизните резерви се на исклучително солидно ниво и имаме капацитет и простор да ја одржуваме стабилноста на девизниот курс, истакна вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска.

Денарот е стабилен. Јас само би напоменала дека со оглед на режимот на девизен курс што го имаме, она што е за нас клучно е девизниот пазар и девизните резерви. Досега сите промени кај девизните резерви, во целост се конзистентни со нашите очекувања. Нивото е високо, некаде околу 3,4 милијарди евра, и да нагласам дека ова ниво е повисоко и во однос на нивото коешто го имавме на самиот почеток на пандемијата. Всушност, по сите параметри на резервите што ги следиме, тие се адекватни и се, де факто, огледало на нашиот капацитет да ја одржуваме стабилноста на курсот - рече Митреска во вчерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Таа посочи дека и Меѓународниот монетарен фонд во извештајот за нашата економија јасно и експлицитно кажува дека курсот е целосно конзистентен, не само со економските параметри, туку и со политиките што се водат и дека нема апсолутно никаква потреба од промена на нивото на курсот.

The post Митреска: Денарот е стабилен, девизните резерви се високи appeared first on Република.