Ана Мартиноска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ana-martinoska/ За подобро да се разбереме Sat, 04 May 2024 12:34:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ана Мартиноска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ana-martinoska/ 32 32 Ана Мартиноска: Иако различни, двете наградени изданија имаат главна окосница во „два фундаментални и за нас секогаш актуелни поими, Македонија и меморија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ana-martinoska-iako-razlichni-dvete-nagradeni-izdanija-imaat-glavna-okosnitsa-vo-dva-fundamentalni-i-za-nas-sekogash-aktuelni-poimi-makedonija-i-memorija/ Sat, 04 May 2024 12:41:51 +0000 https://republika.mk/?p=774140

Во Собранието на Македонија попладнево беше доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2024 година за особено значајни остварувања во интерес на државата во областа на науката.

Добитници се професор доктор Роберт Хадсон и професор доктор Иван Додовски за делото „Долга транзиција на Македонија: од независноста до Преспанскиот договор и потоа“, како и доктор Ана Мартиноска и магистер Жарко Иванов за делото „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“ - од архивските материјали на Васил Хаџиманов.

Пред присутните се обрати Елван Хасановиќ, раководителка на Секторот за наука и иновации при Министерството за образование и наука, која рече дека достигнувањата во науката и технологијата фундаментално го менуваат начинот на живот на луѓето.

- Креирањето соодветни политики и преземањето мерки за развој на науката, како и поголемото инвестирање во науката, се приоритет на нашата држава. Вложувањата во науката и научните истражувања треба да се зголемуваат во континуитет. Владата континуирано се залага за подобрување на националниот екосистем за научното истражување. Значајна сума од националниот буџет се издвојува за поттикнување на научното истражување. Државниот буџет за научно истражување во последните години, двојно е зголемен во споредба со претходните години. Најголемата распределба е насочена кон финансирање на научно-истражувачки проекти за поддршка на истражувачката инфраструктура во академијата и јавните истражувачки институции, нагласи Хасановиќ.

Таа рече дека со наградата „Гоце Делчев“ се оддава општествено признание за особено значајно остварување во сите области од науката од интерес на државата.

Една од добитниците, Ана Мартиноска рече дека иако различни по својот жанр, јазик, подрачје и идеја, двете наградени изданија имаат главна окосница во „два фундаментални и за нас секогаш актуелни поими, Македонија и меморија“.

- Уважувањето на овие дела со наградата „Гоце Делчев“, не е само потврда на нивните академски квалитети, туку и признание за трансформативното влијание што науката го има во обликувањето на разбирањето за Македонија дома и во светот. Таа не само што ги надополнува постојните празнини во објаснувањето на настаните и процесите во државава, туку поставува основа за понатамошни длабински и интердисциплинарни истражувања, подвлече Мартиноска.

Обраќање имаше и претседателот на Одборот за доделување на наградата „Гоце Делчев“, академик професор доктор Љупчо Коцарев, кој им ги додели наградите на добитниците

The post Ана Мартиноска: Иако различни, двете наградени изданија имаат главна окосница во „два фундаментални и за нас секогаш актуелни поими, Македонија и меморија“ appeared first on Република.

]]>

Во Собранието на Македонија попладнево беше доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2024 година за особено значајни остварувања во интерес на државата во областа на науката. Добитници се професор доктор Роберт Хадсон и професор доктор Иван Додовски за делото „Долга транзиција на Македонија: од независноста до Преспанскиот договор и потоа“, како и доктор Ана Мартиноска и магистер Жарко Иванов за делото „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“ - од архивските материјали на Васил Хаџиманов. Пред присутните се обрати Елван Хасановиќ, раководителка на Секторот за наука и иновации при Министерството за образование и наука, која рече дека достигнувањата во науката и технологијата фундаментално го менуваат начинот на живот на луѓето. - Креирањето соодветни политики и преземањето мерки за развој на науката, како и поголемото инвестирање во науката, се приоритет на нашата држава. Вложувањата во науката и научните истражувања треба да се зголемуваат во континуитет. Владата континуирано се залага за подобрување на националниот екосистем за научното истражување. Значајна сума од националниот буџет се издвојува за поттикнување на научното истражување. Државниот буџет за научно истражување во последните години, двојно е зголемен во споредба со претходните години. Најголемата распределба е насочена кон финансирање на научно-истражувачки проекти за поддршка на истражувачката инфраструктура во академијата и јавните истражувачки институции, нагласи Хасановиќ. Таа рече дека со наградата „Гоце Делчев“ се оддава општествено признание за особено значајно остварување во сите области од науката од интерес на државата. Една од добитниците, Ана Мартиноска рече дека иако различни по својот жанр, јазик, подрачје и идеја, двете наградени изданија имаат главна окосница во „два фундаментални и за нас секогаш актуелни поими, Македонија и меморија“. - Уважувањето на овие дела со наградата „Гоце Делчев“, не е само потврда на нивните академски квалитети, туку и признание за трансформативното влијание што науката го има во обликувањето на разбирањето за Македонија дома и во светот. Таа не само што ги надополнува постојните празнини во објаснувањето на настаните и процесите во државава, туку поставува основа за понатамошни длабински и интердисциплинарни истражувања, подвлече Мартиноска. Обраќање имаше и претседателот на Одборот за доделување на наградата „Гоце Делчев“, академик професор доктор Љупчо Коцарев, кој им ги додели наградите на добитниците

The post Ана Мартиноска: Иако различни, двете наградени изданија имаат главна окосница во „два фундаментални и за нас секогаш актуелни поими, Македонија и меморија“ appeared first on Република.

]]>
Промоција на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-knigata-tazhachki-pesni-od-skopskiot-zemjotres-vo-1963-godina/ Tue, 05 Dec 2023 07:38:14 +0000 https://republika.mk/?p=719722

Во кино Фросина, МКЦ денеска ќе биде промовирана книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“, од архивските материјали на Васил Хаџиманов.

Книгата претставува монографија за тажачките песни од скопскиот земјотрес со транскрипција на ракописните материјали и на дел од аудиоматеријалите снимени од Васил Хаџиманов во 1963 година.

Станува збор за записи снимани во специфични околности на колективна траума непосредно по скопскиот земјотрес, на закопите и помените на жртвите. Овие архивски материјали биле необјавени и недостапни за пошироката јавност цели 60 години.

Материјалите на Хаџиманов се надградени со фолклористичка анализа на Мартиноска и Иванов.

Монографијата вклучува и статија напишана од самиот Хаџиманов за етномузиколошките особености на овие песни, но и за некои детали за процесот на нивно снимање непосредно по скопскиот земјотрес, како и потресни фотографии од кои дел се направени од самиот Хаџиманов, а дел од други извори.

 

The post Промоција на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“ appeared first on Република.

]]>

Во кино Фросина, МКЦ денеска ќе биде промовирана книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“, од архивските материјали на Васил Хаџиманов. Книгата претставува монографија за тажачките песни од скопскиот земјотрес со транскрипција на ракописните материјали и на дел од аудиоматеријалите снимени од Васил Хаџиманов во 1963 година. Станува збор за записи снимани во специфични околности на колективна траума непосредно по скопскиот земјотрес, на закопите и помените на жртвите. Овие архивски материјали биле необјавени и недостапни за пошироката јавност цели 60 години. Материјалите на Хаџиманов се надградени со фолклористичка анализа на Мартиноска и Иванов. Монографијата вклучува и статија напишана од самиот Хаџиманов за етномузиколошките особености на овие песни, но и за некои детали за процесот на нивно снимање непосредно по скопскиот земјотрес, како и потресни фотографии од кои дел се направени од самиот Хаџиманов, а дел од други извори.  

The post Промоција на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“ appeared first on Република.

]]>