ана лирман Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ana-lirman/ За подобро да се разбереме Tue, 17 Sep 2024 17:48:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ана лирман Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ana-lirman/ 32 32 Муцунски на средба со државната министерка за Европа и клима во германското МНР, Ана Лирман https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-na-sredba-so-drzhavnata-ministerka-za-evropa-i-klima-vo-germanskoto-mnr-ana-lirman/ Tue, 17 Sep 2024 17:48:15 +0000 https://republika.mk/?p=817220

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со државната министерка за Европа и клима при Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Ана Лирман.

Двајцата соговорници го истакнаа задоволството од развојот на одличните билатерални односи, кои се карактеризираат со интензивен политички дијалог и активна размена на посети на високо и највисоко ниво во изминатите години.

Особено беше нагласена важноста од зајакнување на меѓусебната соработка во рамките на евроинтегративниот процес на нашата земја, како и континуираната поддршка од Германија на тој пат. Беше изразено и заемно задоволство од придобивките на Берлинскиот процес, во насока на забрзување на евроинтеграциите. Потенцирајќи ја потребата од поголема предвидливост на интегративниот процес, Министерот Муцунски потврди дека нашата земја останува стратешки посветена на забрзување на процесот за пристапување во ЕУ, со фокус на квалитетно спроведување на реформите.

Министерката Лирман го поздрави напредокот во реформските процеси, уверувајќи дека германската поддршка на интегративниот пат на нашата земја ќе продолжи и понатаму и потврдувајќи дека Германија останува сигурен партнер на патот кон Европската Унија.

The post Муцунски на средба со државната министерка за Европа и клима во германското МНР, Ана Лирман appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со државната министерка за Европа и клима при Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Ана Лирман. Двајцата соговорници го истакнаа задоволството од развојот на одличните билатерални односи, кои се карактеризираат со интензивен политички дијалог и активна размена на посети на високо и највисоко ниво во изминатите години. Особено беше нагласена важноста од зајакнување на меѓусебната соработка во рамките на евроинтегративниот процес на нашата земја, како и континуираната поддршка од Германија на тој пат. Беше изразено и заемно задоволство од придобивките на Берлинскиот процес, во насока на забрзување на евроинтеграциите. Потенцирајќи ја потребата од поголема предвидливост на интегративниот процес, Министерот Муцунски потврди дека нашата земја останува стратешки посветена на забрзување на процесот за пристапување во ЕУ, со фокус на квалитетно спроведување на реформите. Министерката Лирман го поздрави напредокот во реформските процеси, уверувајќи дека германската поддршка на интегративниот пат на нашата земја ќе продолжи и понатаму и потврдувајќи дека Германија останува сигурен партнер на патот кон Европската Унија.

The post Муцунски на средба со државната министерка за Европа и клима во германското МНР, Ана Лирман appeared first on Република.

]]>
Лирман: Ако сакате просперитетна иднина за земјава во ЕУ времето е сега https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lirman-ako-sakate-prosperitetna-idnina-za-zemjava-vo-eu-vremeto-e-sega/ Mon, 17 Jul 2023 16:51:41 +0000 https://republika.mk/?p=662414

Сега се отвора можност за проширување на ЕУ која што е широко отворена. Барањето на ваквата можност со решеност и со државност и со лидерство покажува високо чувство на одговорност за иднината на македонскиот народ и просперитет. Ве поттикнувам успешно да продолжите на реформската патека. Реформите се во корист на македонските граѓани. Тие го унапредуваат владеењето на правото, ја искоренуваат корупцијата, го промовираат просперитетот и инвестициите и ги подобруваат животните услови, истакна германската министерка за Европа, Ана Лирман.

Таа заедно со државнатa секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција, Лоренс Бун и Шимон Шинковски вел Сенк, министер за ЕУ на Република Полска, познати како „Вајмарска тројка“ имаа средба со вицепремиерот Бојан Маричиќ по што одржаа заедничка прес - конференција.

Лирман истакна дека е важно да се продолжи на патот сега и оти измените на Уставот ќе ја покажат Македонија како пример за мултиетничко општество.

Потврдувањето и заштитувањето на малцинствата е темелот на европските права и обврски. Измената на македонскиот Устав ќе ги зацврсти заложбата и посветеноста на Cеверна Македонија кон европските вредности. Цврсто ги поттикнувам сите политички сили во Cеверна Македонија да го поддржат изменувањето на Уставот и да ја поддржат подобрата и попросперитетна иднина за Cеверна Македонија и македонскиот народ. Се друго ќе биде штетно за амбициите за членство во ЕУ, истакна германската министерка.

Лирман беше децидна дека сега е моментот кога треба да се преземе политичка одговорност и да се дејствува, да се каже „да“ на подобрата иднина, на иднината во ЕУ.

Договорот меѓу Cеверна Македонија и ЕУ е фер, исправен е, нема да има подобра спогодба тоа е сигурно. Иднината на Cеверна Македонија лежи во вашите раце. Сакаме да ве поттикнеме да се приклучите кон европското семејство и да ги покажете вашата заложба и посветеност кон перспективата во ЕУ и ќе ве поддржиме на патот кон ЕУ секогаш кога можеме, рече таа.

Според неа, Владата на Македонија е посветена на иднината и таа и нејзините колеги од Вајмарската група ги поттикнуваат сите луѓе и политички актери во земјата да ја поддржат Владата да го презеде овој, како што кажа Лирамн, пресуден чекор кон ЕУ и да ги направи успешни амандманите на Уставот.

Сакаме да ви ја дадеме сета неопходна поддршка за успешно да го постигнете процесот на интеграција, рече таа.

Пораката на Лирман, Бун и Шинковски, како што рече германската министерка е јасна.

Ја нагласуваме нашата заложба за перспективата на Cеверна Македонија кон ЕУ. Оддаваме признание за импресивниот напредок што го остваривте и ве поддржуваме на вашиот пат да станете членка на ЕУ. Заедно ќе станеме посилни. Исто така, сакаме да одаддеме признание за вашата непоколеблива посветеност на меѓународната сцена во НАТО, но и во целосното усогласување на заедничката и безбедносната политика на ЕУ. Го нагласуваме вашето чувство на одговорност и посветеност на стабилноста на Западниот Балкан, рече германската министерка.

The post Лирман: Ако сакате просперитетна иднина за земјава во ЕУ времето е сега appeared first on Република.

]]>

Сега се отвора можност за проширување на ЕУ која што е широко отворена. Барањето на ваквата можност со решеност и со државност и со лидерство покажува високо чувство на одговорност за иднината на македонскиот народ и просперитет. Ве поттикнувам успешно да продолжите на реформската патека. Реформите се во корист на македонските граѓани. Тие го унапредуваат владеењето на правото, ја искоренуваат корупцијата, го промовираат просперитетот и инвестициите и ги подобруваат животните услови, истакна германската министерка за Европа, Ана Лирман. Таа заедно со државнатa секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција, Лоренс Бун и Шимон Шинковски вел Сенк, министер за ЕУ на Република Полска, познати како „Вајмарска тројка“ имаа средба со вицепремиерот Бојан Маричиќ по што одржаа заедничка прес - конференција. Лирман истакна дека е важно да се продолжи на патот сега и оти измените на Уставот ќе ја покажат Македонија како пример за мултиетничко општество.
Потврдувањето и заштитувањето на малцинствата е темелот на европските права и обврски. Измената на македонскиот Устав ќе ги зацврсти заложбата и посветеноста на Cеверна Македонија кон европските вредности. Цврсто ги поттикнувам сите политички сили во Cеверна Македонија да го поддржат изменувањето на Уставот и да ја поддржат подобрата и попросперитетна иднина за Cеверна Македонија и македонскиот народ. Се друго ќе биде штетно за амбициите за членство во ЕУ, истакна германската министерка.
Лирман беше децидна дека сега е моментот кога треба да се преземе политичка одговорност и да се дејствува, да се каже „да“ на подобрата иднина, на иднината во ЕУ.
Договорот меѓу Cеверна Македонија и ЕУ е фер, исправен е, нема да има подобра спогодба тоа е сигурно. Иднината на Cеверна Македонија лежи во вашите раце. Сакаме да ве поттикнеме да се приклучите кон европското семејство и да ги покажете вашата заложба и посветеност кон перспективата во ЕУ и ќе ве поддржиме на патот кон ЕУ секогаш кога можеме, рече таа.
Според неа, Владата на Македонија е посветена на иднината и таа и нејзините колеги од Вајмарската група ги поттикнуваат сите луѓе и политички актери во земјата да ја поддржат Владата да го презеде овој, како што кажа Лирамн, пресуден чекор кон ЕУ и да ги направи успешни амандманите на Уставот.
Сакаме да ви ја дадеме сета неопходна поддршка за успешно да го постигнете процесот на интеграција, рече таа.
Пораката на Лирман, Бун и Шинковски, како што рече германската министерка е јасна.
Ја нагласуваме нашата заложба за перспективата на Cеверна Македонија кон ЕУ. Оддаваме признание за импресивниот напредок што го остваривте и ве поддржуваме на вашиот пат да станете членка на ЕУ. Заедно ќе станеме посилни. Исто така, сакаме да одаддеме признание за вашата непоколеблива посветеност на меѓународната сцена во НАТО, но и во целосното усогласување на заедничката и безбедносната политика на ЕУ. Го нагласуваме вашето чувство на одговорност и посветеност на стабилноста на Западниот Балкан, рече германската министерка.
 
The post Лирман: Ако сакате просперитетна иднина за земјава во ЕУ времето е сега appeared first on Република.

]]>
Лирман: Втората меѓувладина конференција е зацементирана, никој не може да ја спречи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lirman-vtorata-megjuvladina-konferencija-e-zacementirana-nikoj-ne-moze-da-ja-sprechi/ Tue, 19 Jul 2022 09:08:48 +0000 https://republika.mk/?p=530933

Германската министерка за Европа Ана Лирман пред почетокот на меѓувладината конференција со Македонија порача дека денес ЕУ ќе ѝ прати јасел сигнал на нашата држава дека преговорите почнуваат и дека штом ги направиме уставните промени ќе се одржи втората конференција која, според неа, е „цементирана“ и не може да ја спречи никој, дури и Бугарија.

Денес како ЕУ испраќаме јасен сигнал дека штом ќе се направат уставните промени следниот чекор ќе биде оддржувањето на втората меѓувладина конференција. И оваа одлука е како „камен“, така што никој не може да го спречи тоа , вклучувајќи ја и Бугарија, рече Лирман пред македонските новинари.

The post Лирман: Втората меѓувладина конференција е зацементирана, никој не може да ја спречи appeared first on Република.

Германија бара да се укине едногласноста за надворешната политика на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-bara-da-se-ukine-ednoglasnosta-za-nadvoreshnata-politika-na-eu/ Mon, 09 May 2022 13:33:46 +0000 https://republika.mk/?p=499976

Германија сака да ја искористи Конференцијата за иднината на Европа како почетна точка за понатамошно развивање на ЕУ, евентуално менување на договорите и укинување на едногласното одлучување за прашањата за надворешната политика на ЕУ, изјави германската државна министерка за Европа и клима, Ана Лирман во интервју за „Еурактив“.

Германија беше еден од најжестоките поддржувачи на конференцијата и плановите за реформи во ЕУ што произлегоа од неа. Тоа е „затоа што нашата визија е да соработуваме уште посилно и уште подлабоко во Европа“, нагласи Лирман.

На пленарната седница на конференцијата беа изнесени речиси 50 предлози, вклучително и напуштање на принципот на едногласност во надворешната политика на ЕУ.

Капацитетот на ЕУ да дејствува е тесно поврзан со нејзиното предвидено проширување, рече и Лирман.

Навистина, двете прашања припаѓаат заедно. И за мене е јасно дека ако ЕУ расте, мора да се запрашаме и во овој контекст какви институции ни се потребни за ова- додаде таа.

Министерката додава дека тоа е особено важно во однос на перспективата за пристапување во ЕУ на Западен Балкан, бидејќи сега мора да „постигнеме значителен напредок“ со што поскоро отворање на пристапните преговори со Албанија и  Македонија.

За мене е јасно дека треба да останеме на нашите ветувања. И има многу јасни правила во процесот на пристапување. Значи, ако се направат реформи, тогаш овие земји ќе дојдат чекор поблиску до ЕУ - додаде таа.

Затоа мора брзо да се иницираат институционални реформи пред овие земји да влезат во ЕУ.

Ние како ЕУ мора да ја завршиме нашата домашна задача и да се поставиме институционално за да можеме добро да функционираме и како ЕУ од 33, па дури и повеќе - додаде таа.

Сега би било важно „ние, како ЕУ, да дадеме и навистина да ги иницираме институционалните реформски процеси споменати на Конференцијата за иднината на Европа“, додаде Лирман.

Важноста на конференцијата, која формално завршува денеска (9 мај), веќе беше наведена во германскиот коалициски договор. Во него се наведува дека конференцијата треба да резултира со „уставен момент“ за ЕУ и да доведе до „понатамошен развој кон федерална европска држава“.

Поради оваа причина, Лирман се залага дека „резултатите од идната конференција треба исто така да се дискутираат со отворен ум, вклучително и со отвореност за промени во договорите“.

Централна точка на нашата европска политика е да промовираме динамика во оваа насока. И се надевам дека наскоро ќе биде зрело времето за ова - рече Лирман.

Лирман бара примарниот фокус на краток рок да биде на предлозите кои не бараат промена на договорот.

Има многу големи работи, на пример, во областа на обновливите извори на енергија или зајакнувањето на европските одбранбени способности - рече таа.

Сегашните договори веќе дозволуваат укинување на принципот на едногласност во надворешната политика на ЕУ. Тие овозможуваат и воведување транснационални листи, за кои во моментов се преговара.

Една точка што е исклучително важна за нас како федерална влада е дека има помалку опции за вето во надворешната политика за да нè направат поспособни да дејствуваме. За тоа веќе има опции во сегашната договорна рамка. И сега треба да разговараме заедно како европски институции како најдобро да го постигнеме тоа - рече Лирман, во интервјуто за „Еурактив“.

The post Германија бара да се укине едногласноста за надворешната политика на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Германија сака да ја искористи Конференцијата за иднината на Европа како почетна точка за понатамошно развивање на ЕУ, евентуално менување на договорите и укинување на едногласното одлучување за прашањата за надворешната политика на ЕУ, изјави германската државна министерка за Европа и клима, Ана Лирман во интервју за „Еурактив“. Германија беше еден од најжестоките поддржувачи на конференцијата и плановите за реформи во ЕУ што произлегоа од неа. Тоа е „затоа што нашата визија е да соработуваме уште посилно и уште подлабоко во Европа“, нагласи Лирман. На пленарната седница на конференцијата беа изнесени речиси 50 предлози, вклучително и напуштање на принципот на едногласност во надворешната политика на ЕУ. Капацитетот на ЕУ да дејствува е тесно поврзан со нејзиното предвидено проширување, рече и Лирман.
Навистина, двете прашања припаѓаат заедно. И за мене е јасно дека ако ЕУ расте, мора да се запрашаме и во овој контекст какви институции ни се потребни за ова- додаде таа.
Министерката додава дека тоа е особено важно во однос на перспективата за пристапување во ЕУ на Западен Балкан, бидејќи сега мора да „постигнеме значителен напредок“ со што поскоро отворање на пристапните преговори со Албанија и  Македонија.

За мене е јасно дека треба да останеме на нашите ветувања. И има многу јасни правила во процесот на пристапување. Значи, ако се направат реформи, тогаш овие земји ќе дојдат чекор поблиску до ЕУ - додаде таа.

Затоа мора брзо да се иницираат институционални реформи пред овие земји да влезат во ЕУ.
Ние како ЕУ мора да ја завршиме нашата домашна задача и да се поставиме институционално за да можеме добро да функционираме и како ЕУ од 33, па дури и повеќе - додаде таа.
Сега би било важно „ние, како ЕУ, да дадеме и навистина да ги иницираме институционалните реформски процеси споменати на Конференцијата за иднината на Европа“, додаде Лирман. Важноста на конференцијата, која формално завршува денеска (9 мај), веќе беше наведена во германскиот коалициски договор. Во него се наведува дека конференцијата треба да резултира со „уставен момент“ за ЕУ и да доведе до „понатамошен развој кон федерална европска држава“. Поради оваа причина, Лирман се залага дека „резултатите од идната конференција треба исто така да се дискутираат со отворен ум, вклучително и со отвореност за промени во договорите“.
Централна точка на нашата европска политика е да промовираме динамика во оваа насока. И се надевам дека наскоро ќе биде зрело времето за ова - рече Лирман.
Лирман бара примарниот фокус на краток рок да биде на предлозите кои не бараат промена на договорот.
Има многу големи работи, на пример, во областа на обновливите извори на енергија или зајакнувањето на европските одбранбени способности - рече таа.
Сегашните договори веќе дозволуваат укинување на принципот на едногласност во надворешната политика на ЕУ. Тие овозможуваат и воведување транснационални листи, за кои во моментов се преговара.
Една точка што е исклучително важна за нас како федерална влада е дека има помалку опции за вето во надворешната политика за да нè направат поспособни да дејствуваме. За тоа веќе има опции во сегашната договорна рамка. И сега треба да разговараме заедно како европски институции како најдобро да го постигнеме тоа - рече Лирман, во интервјуто за „Еурактив“.

The post Германија бара да се укине едногласноста за надворешната политика на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Лирман: Треба што поскоро да се отворат пристапните преговори за Македонија и за Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lirman-treba-shto-poskoro-da-se-otvorat-pristapnite-pregovori-za-makedonija-i-za-albanija/ Sat, 22 Jan 2022 09:57:23 +0000 https://republika.mk/?p=448053

Многу ми е важно ние како Европска унија да го одржиме зборот кон Албанија и Македонија. Затоа треба што поскоро да се отворат пристапните преговори, изјави за Дојче веле германската државна секретарка во МНР, Ана Лирман.

Даваме се од себе да ги отстраниме последните пречки од патот. Мислам дека наскоро ќе постигнеме напредок, додаде таа.

Во случајот со Скопје и ветото на Бугарија таа вели:

Подготвени сме да ги поддржиме процесите што мора да се случат, но тоа е првенствено билатерален процес и верувам дека еден од приоритетите на новата бугарска влада е да напредува со сопствена реформска агенда. Постои голема желба историјата да им се остави на историчарите, рече Лирман.

Франција, која неодамна го презеде шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ, претходно остро се спротивстави на проширувањето со Западен Балкан. Запрашана дали тоа се менува, германскиот државен секретар рече:

Да. Франција испрати јасен сигнал со програмата за претседавање со Советот на ЕУ, во која една од централните работи е перспективата за пристап на земјите од Западен Балкан. Ќе се одржи конференција за Западен Балкан. Макрон во својот говор во Стразбур уште еднаш ја спомена темата и појасни дека постои таа перспектива на пристап. Од таа гледна точка, сигналите од Париз се многу охрабрувачки.

Лирман (38) доаѓа од Партијата на зелените, како и министерката за надворешни работи Аналена Бербок. Нејзината официјална титула е „државен министер за Европа и клима“ и соодветно на тоа вели дека европската и климатската политика се нераскинливи.

И за време на патувањето (во Скопје и Тирана) многу јасно кажав дека ќе направиме напори за поддршка на земјите од Западен Балкан во областа на обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност и заштитата на природата. За време на патувањето намерно се сретнав не само со членови на власта и опозицијата, туку и со граѓанското општество. И тоа е секако она што сакаме да продолжиме: соработка со граѓанското општество, поддршка за слободен, независен печат, бидејќи тоа ги прави демократиите навистина живи, додаде таа.

Лирман во разговорот се осврна и на иницијативата „Отворен Балкан“ во која моментално се Србија, Албанија и Македонија.

Пред се разбирам дека постои голема желба за соработка во регионот. Во исто време, иницијативите кои сакаат да ја зајакнат регионалната соработка мора да бидат навистина инклузивни, што значи да се вклучат и земји како Косово, вели таа.

Осврнувајќи се на влијанието на другите актери во регионот, како што е Русија, Лирман вели дека одговорот е европската перспектива.

За нас е централно да стане јасно дека овие земји се дел од европската куќа и навистина припаѓаат таму. Дури и од геостратешки причини. Во Европа многу зборуваме за европскиот суверенитет. И ако сакаме да бидеме суверени како Европејци, мора навистина да постигнеме стабилност и соработка на Западен Балкан, кој е веќе во европската куќа, но не формално. И затоа ми е многу важно, заклучува Лирман.

The post Лирман: Треба што поскоро да се отворат пристапните преговори за Македонија и за Албанија appeared first on Република.

Лирман: Спорот меѓу Скопје и Софија да се решава билатерално https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lirman-sporot-megju-skopje-i-sofija-da-se-reshava-bilateralno/ Fri, 21 Jan 2022 12:03:55 +0000 https://republika.mk/?p=447684

Македонската и бугарската влада отворено се придвижија и тоа е охрабрувачки и позитивен сигнал. Се надевам дека билатералните теми набрзо ќе се надминат, коментира германската министерка за Европа. Во интервју за Дојче Веле, Ана Лирман потенцира дека Европската Унија и Бугарија треба да го одржат ветувањето кон Македонија.

Се надевам дека Скопје наскоро ќе ги почне преговорите, вели министерката, која беше прв странски претставник кој се сретна со новиот премиер Димитар Ковачевски.

На прашањето да ги коментира реакциите во бугарската јавност по враќањето на Петков во Софија и подготвеноста на Германија да ги поддржи преговорите меѓу двете земји, Лирман ја повтори пораката од Скопје - процесот треба да остане билатерален.

Важно е сите ние како ЕУ- а тука припаѓа и Бугарија- да си го одржиме ветувањето кон Македонија и Албанија. Ние сме подготвени да го поддржиме тој процес, но во најголем дел се работи за билатерален процес. Мислам дека и за новата бугарска влада приоритет е да продолжи со сопствената реформска агенда и дека постои желба историјата да им се остави на историчарите - вели Лирман.

Посетата на Петков и Македонија беа тема на која се осврнаа и поранешните бугарски претседатели. Според Георги Прванов, на двете земји им треба нов концепт на заедничка историја, додека Плевнелиев вели дека на патот кон ЕУ, Скопје мора да се откаже од штетните идеологии.

Двајцата претседатели присуствуваа на јавна дискусија на Софискиот универзитет на тема „Улогата на политичкиот говор на шефот на државата“.

The post Лирман: Спорот меѓу Скопје и Софија да се решава билатерално appeared first on Република.

]]>

Македонската и бугарската влада отворено се придвижија и тоа е охрабрувачки и позитивен сигнал. Се надевам дека билатералните теми набрзо ќе се надминат, коментира германската министерка за Европа. Во интервју за Дојче Веле, Ана Лирман потенцира дека Европската Унија и Бугарија треба да го одржат ветувањето кон Македонија. Се надевам дека Скопје наскоро ќе ги почне преговорите, вели министерката, која беше прв странски претставник кој се сретна со новиот премиер Димитар Ковачевски. На прашањето да ги коментира реакциите во бугарската јавност по враќањето на Петков во Софија и подготвеноста на Германија да ги поддржи преговорите меѓу двете земји, Лирман ја повтори пораката од Скопје - процесот треба да остане билатерален.
Важно е сите ние како ЕУ- а тука припаѓа и Бугарија- да си го одржиме ветувањето кон Македонија и Албанија. Ние сме подготвени да го поддржиме тој процес, но во најголем дел се работи за билатерален процес. Мислам дека и за новата бугарска влада приоритет е да продолжи со сопствената реформска агенда и дека постои желба историјата да им се остави на историчарите - вели Лирман.
Посетата на Петков и Македонија беа тема на која се осврнаа и поранешните бугарски претседатели. Според Георги Прванов, на двете земји им треба нов концепт на заедничка историја, додека Плевнелиев вели дека на патот кон ЕУ, Скопје мора да се откаже од штетните идеологии. Двајцата претседатели присуствуваа на јавна дискусија на Софискиот универзитет на тема „Улогата на политичкиот говор на шефот на државата“.

The post Лирман: Спорот меѓу Скопје и Софија да се решава билатерално appeared first on Република.

]]>
Лирман: ЕУ и Бугарија да си го одржат ветувањето кон Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lirman-eu-i-bugarija-da-si-go-odrzat-vetuvanjeto-kon-makedonija/ Fri, 21 Jan 2022 08:33:09 +0000 https://republika.mk/?p=447449

Државната министерка во германското Министерство за надворешни работи Ана Лирман смета дека се многу позитивни и охрабрувачки сигналите од првата средба на македонскиот премиер Димитар Ковачевски и неговиот бугарски колега, премиерот Кирил Петков во Скопје.

Во интервју за интервју за Дојче веле, Лирман изразува надеж дека земјава наскоро ќе ги почне преговорите со ЕУ. ЕУ и Бугарија, потенцира министерката, треба да си го одржат ветувањето кон Македонија.

Германската министерка го посети Скопје во понеделникот и беше прв странски дипломат кој се сретна со новиот премиер Ковачевски и со повеќе владини претставници.

Убав сигнал е тоа што новата македонска и бугарска влада отворено се придвижија. Се надевам дека билатералните теми кои постојат во тој билатерален формат набрзо ќе се надминат. И за мене беше многу важна мојата посета, затоа што се случи веднаш по формирањето на новата влада и тоа му беше првата посета на новиот премиер и тоа покажува колку се добри односите меѓу Македонија и Германија, што посетата се случи толку брзо, истакнува Лирман за Дојче веле.

Важно е, додава, што почнаа разговорите со Бугарија и тоа што се одвиваат во билатерален формат.

И од Скопје и од Софија пристигнаа позитивни, охрабрувачки сигнали и постои свест дека е важно што побрзо да се почне со пристапните преговори со ЕУ, нагласува министерката.

На прашањето да ги коментира критиките кон бугарскиот премиер Петков по враќањето во Софија, и подготвеноста на Германија да ги поддржи преговорите меѓу двете земји, Лирман вели дека процесот треба да остане билатерален, но и дека интересот на новата бугарска влада треба да биде фокус на домашните приоритети.

Важно е сите ние како ЕУ- а тука припаѓа и Бугарија- да си го одржиме ветувањето кон Македонија и Албанија. Ние сме подготвени да го поддржиме тој процес, но во најголем дел се работи за билатерален процес. Мислам дека и за новата бугарска влада приоритет е да продолжи со сопствената реформска агенда и дека постои желба историјата да им се остави на историчарите, вели Лирман.

Лирман, која дојде на функцијата по формирањето на новата германска влада во декември минатата година, вели во интервју за Дојче веле дека не случајно ги одбрала Скопје и Тирана како адреси за нејзиното прво патување во странство, а целта била да се покаже посветеноста на германската влада на европската перспектива на земјите од регионот.

The post Лирман: ЕУ и Бугарија да си го одржат ветувањето кон Македонија appeared first on Република.

]]>

Државната министерка во германското Министерство за надворешни работи Ана Лирман смета дека се многу позитивни и охрабрувачки сигналите од првата средба на македонскиот премиер Димитар Ковачевски и неговиот бугарски колега, премиерот Кирил Петков во Скопје. Во интервју за интервју за Дојче веле, Лирман изразува надеж дека земјава наскоро ќе ги почне преговорите со ЕУ. ЕУ и Бугарија, потенцира министерката, треба да си го одржат ветувањето кон Македонија. Германската министерка го посети Скопје во понеделникот и беше прв странски дипломат кој се сретна со новиот премиер Ковачевски и со повеќе владини претставници.
Убав сигнал е тоа што новата македонска и бугарска влада отворено се придвижија. Се надевам дека билатералните теми кои постојат во тој билатерален формат набрзо ќе се надминат. И за мене беше многу важна мојата посета, затоа што се случи веднаш по формирањето на новата влада и тоа му беше првата посета на новиот премиер и тоа покажува колку се добри односите меѓу Македонија и Германија, што посетата се случи толку брзо, истакнува Лирман за Дојче веле.
Важно е, додава, што почнаа разговорите со Бугарија и тоа што се одвиваат во билатерален формат.
И од Скопје и од Софија пристигнаа позитивни, охрабрувачки сигнали и постои свест дека е важно што побрзо да се почне со пристапните преговори со ЕУ, нагласува министерката.
На прашањето да ги коментира критиките кон бугарскиот премиер Петков по враќањето во Софија, и подготвеноста на Германија да ги поддржи преговорите меѓу двете земји, Лирман вели дека процесот треба да остане билатерален, но и дека интересот на новата бугарска влада треба да биде фокус на домашните приоритети.
Важно е сите ние како ЕУ- а тука припаѓа и Бугарија- да си го одржиме ветувањето кон Македонија и Албанија. Ние сме подготвени да го поддржиме тој процес, но во најголем дел се работи за билатерален процес. Мислам дека и за новата бугарска влада приоритет е да продолжи со сопствената реформска агенда и дека постои желба историјата да им се остави на историчарите, вели Лирман.
Лирман, која дојде на функцијата по формирањето на новата германска влада во декември минатата година, вели во интервју за Дојче веле дека не случајно ги одбрала Скопје и Тирана како адреси за нејзиното прво патување во странство, а целта била да се покаже посветеноста на германската влада на европската перспектива на земјите од регионот.

The post Лирман: ЕУ и Бугарија да си го одржат ветувањето кон Македонија appeared first on Република.

]]>
Лирман во Тирана: Добивме позитивни сигнали од Бугарија, посветени сме на отворање на преговорите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/lirman-vo-tirana-dobivme-pozitivni-signali-od-bugarija-posveteni-sme-na-otvoranje-na-pregovorite/ Tue, 18 Jan 2022 11:55:21 +0000 https://republika.mk/?p=446315

Германската министерка за Европа, Ана Лурман која по вчерашната посета на Скопје, денеска престојува во Тирана, на прес-конференција рече дека Германија е посветена на започнување преговори на Албанија и Македонија со Европската Унија.

На прашањето дали треба одделување на Албанија од Македонија на овој пат, не даде директен одговор, туку рече дека добиле позитивни сигнали од Бугарија, која стави вето на Македонија и го кочи овој процес.

-За нас е од суштинско значење да се оди по овој пат на почетокот на преговорите за членство на Албанија и Македонија. Од преземањето на функцијата во моите разговори во Брисел, разговарав за ова прашање за да продолжиме напред во отпочнување на разговорите со Македонија и Албанија. Следниот месец ќе разговараме за тоа на форумите во Брисел. Добивме позитивни сигнали од Бугарија и ќе се обидеме што поскоро да го најдеме најсоодветното решение, рече германската министерка, пренесува агенцијата Балкан веб.

На прес-конференцијата со албанскиот вицепремиер Арбен Ахметај, таа додаде дека перспективата на Албанија и Западен Балкан е во ЕУ, нагласувајќи дека тоа е од стратешко значење.

The post Лирман во Тирана: Добивме позитивни сигнали од Бугарија, посветени сме на отворање на преговорите appeared first on Република.

]]>

Германската министерка за Европа, Ана Лурман која по вчерашната посета на Скопје, денеска престојува во Тирана, на прес-конференција рече дека Германија е посветена на започнување преговори на Албанија и Македонија со Европската Унија. На прашањето дали треба одделување на Албанија од Македонија на овој пат, не даде директен одговор, туку рече дека добиле позитивни сигнали од Бугарија, која стави вето на Македонија и го кочи овој процес.
-За нас е од суштинско значење да се оди по овој пат на почетокот на преговорите за членство на Албанија и Македонија. Од преземањето на функцијата во моите разговори во Брисел, разговарав за ова прашање за да продолжиме напред во отпочнување на разговорите со Македонија и Албанија. Следниот месец ќе разговараме за тоа на форумите во Брисел. Добивме позитивни сигнали од Бугарија и ќе се обидеме што поскоро да го најдеме најсоодветното решение, рече германската министерка, пренесува агенцијата Балкан веб.
На прес-конференцијата со албанскиот вицепремиер Арбен Ахметај, таа додаде дека перспективата на Албанија и Западен Балкан е во ЕУ, нагласувајќи дека тоа е од стратешко значење.

The post Лирман во Тирана: Добивме позитивни сигнали од Бугарија, посветени сме на отворање на преговорите appeared first on Република.

]]>
Мицкоски се сретна со германската министерка за Европа, Ана Лирман https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-se-sretna-so-germanskata-ministerka-za-evropa-ana-lirman/ Mon, 17 Jan 2022 13:53:44 +0000 https://republika.mk/?p=445908

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски, меѓународниот секретар Тимчо Муцунски и меѓународниот секретар на Унијата на жени Марија Митева оствари средба со германската министерка за Европа, Ана Лирман.

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба и предизвиците на Македонија во процесот на европска интеграција. Претседателот Мицкоски ја истакна неговата загриженост за добиените извештаи на релевантни меѓународни организации во кои преовладува укажување за постоење на високо ниво на корупција. Тие ја информираа Лирман дека процесот на европска интеграција мора да биде воден низ процес на вистински реформи кои примарно треба да се фокусираат на реформа на правосудството, владеењето на правото и справување со високото ниво на корупција, информираат од партијата.

Воедно, Претседателот Мицкоски ја истакна потребата која ја има Македонија што поскоро да ги отпочне преговорите со ЕУ, заблагодарувајќи се на големата поддршка која Македонија ја добива од страна на Германија, но истовремено потенцираше и дека независно од пристапниот процес недостасуваат вистински чекори по патот на реформите.

The post Мицкоски се сретна со германската министерка за Европа, Ана Лирман appeared first on Република.

Маричиќ: Не е на Cеверна Македонија да каже каде и какво малцинство има, тоа е внатрешно прашање на Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-ne-e-na-ceverna-makedonija-da-kaze-kade-i-kakvo-malcinstvo-ima-toa-e-vnatreshno-prashanje-na-bugarija/ Mon, 17 Jan 2022 11:47:23 +0000 https://republika.mk/?p=445788

Изјаснувањето и дефинирањето на тоа каква етничка заедница егзистира во која било од државите во регионот мислам дека не би било продуктивно во овој момент, ние се водиме од европски принципи и практики и тоа ќе остане така, тоа е наша уставна обврска, рече министерот Бојан Маричиќ одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција со германската министерка за Европа, Ана Лирман.

И досега, нагласи тој, имавме пракса на немешање во внатрешните прашања на која било наша соседна држава.

Тоа ни е обврска од Уставот, така што не е на Cеверна Македонија каде и какво малцинство има во регионот, тоа е внатрешно прашање на сите држави во регионот, вклучувајќи ја и Бугарија, а секоја група на луѓе, етничка заедница или пак политичка партија или здружение имаат право да ги бараат своите права преку Советот на Европа, Европскиот суд за човекови права или Европската конвенција за заштита на човековите права, рече Маричиќ.

https://republika.mk/vesti/balkan/makedoncite-od-bugarija-mu-porachaa-na-petkov-deka-postojat-nasheto-negiranje-e-sram-za-bugarskata-drzava/

Во однос на прашањето за работните групи, како и за историската комисија, Маричиќ вели дека сето она што е досега направено, односно досегашните напори, ќе бидат вградени во наредната рамка.

Би се формирале повеќе комисии, тоа значи би имало повеќе луѓе, институции, фактори или актери вклучени во процесот, но не мислам дека во делот на Историската комисија, иако се уште не сме договориле, јас претспоставувам таа ќе остане и ќе продолжи да функционира, во која форма ќе видиме, но тоа е всушност Комисија утврдена во билатералниот договор за пријателство и добрососедство што сме го растификувале во 2017 година. Сите луѓе кои биле вклучени и се што е направено ќе продолжи, рече Маричиќ, посочувајќи дека за нас е важно процесот да продолжи да биде искрен, конструктивен и пријателски со цел да се изнајде решение.

The post Маричиќ: Не е на Cеверна Македонија да каже каде и какво малцинство има, тоа е внатрешно прашање на Бугарија appeared first on Република.

]]>

Изјаснувањето и дефинирањето на тоа каква етничка заедница егзистира во која било од државите во регионот мислам дека не би било продуктивно во овој момент, ние се водиме од европски принципи и практики и тоа ќе остане така, тоа е наша уставна обврска, рече министерот Бојан Маричиќ одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција со германската министерка за Европа, Ана Лирман. И досега, нагласи тој, имавме пракса на немешање во внатрешните прашања на која било наша соседна држава.
Тоа ни е обврска од Уставот, така што не е на Cеверна Македонија каде и какво малцинство има во регионот, тоа е внатрешно прашање на сите држави во регионот, вклучувајќи ја и Бугарија, а секоја група на луѓе, етничка заедница или пак политичка партија или здружение имаат право да ги бараат своите права преку Советот на Европа, Европскиот суд за човекови права или Европската конвенција за заштита на човековите права, рече Маричиќ.
https://republika.mk/vesti/balkan/makedoncite-od-bugarija-mu-porachaa-na-petkov-deka-postojat-nasheto-negiranje-e-sram-za-bugarskata-drzava/ Во однос на прашањето за работните групи, како и за историската комисија, Маричиќ вели дека сето она што е досега направено, односно досегашните напори, ќе бидат вградени во наредната рамка.
Би се формирале повеќе комисии, тоа значи би имало повеќе луѓе, институции, фактори или актери вклучени во процесот, но не мислам дека во делот на Историската комисија, иако се уште не сме договориле, јас претспоставувам таа ќе остане и ќе продолжи да функционира, во која форма ќе видиме, но тоа е всушност Комисија утврдена во билатералниот договор за пријателство и добрососедство што сме го растификувале во 2017 година. Сите луѓе кои биле вклучени и се што е направено ќе продолжи, рече Маричиќ, посочувајќи дека за нас е важно процесот да продолжи да биде искрен, конструктивен и пријателски со цел да се изнајде решение.

The post Маричиќ: Не е на Cеверна Македонија да каже каде и какво малцинство има, тоа е внатрешно прашање на Бугарија appeared first on Република.

]]>
Средба на претседателот Пендаровски со Ана Лирман, германска државна министерка за Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-na-pretsedatelot-pendarovski-so-ana-lirman-germanska-drzavna-ministerka-za-evropa/ Mon, 17 Jan 2022 09:42:03 +0000 https://republika.mk/?p=445675

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ана Лирман, државна министерка за Европа во Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Како што соопшти кабинетот на претседателот, Пендаровски оценил дека посетата на министерката Лирман набрзо по нејзиното именување, ја демонстрира јасната посветеност на германските власти за аспирациите на државите од Западен Балкан за членство во Европската Унија. Тој се заблагодарил што проширувањето на Европската Унија и Западниот Балкан се меѓу клучните приоритети на новата Влада на канцеларот Олаф Шолц.

Република Македонија, нагласил претседателот, останува посветена на европската агенда и го реафимираше очекувањето за скорешен почеток на пристапните преговори за членство во Европската Унија. Во таа насока, посочил на подготвеноста на нашата држава за продолжување на дијалогот со Република Бугарија, во духот на добрососедските односи, со цел надминување на блокадата во однос на европските интеграции.

Во контекст на билатералните односи, претседателот Пендаровски оценил дека Германија е клучен политички и економски партнер на земјава и еден од најзначајните трговски партнери во годините наназад и изразил очекување за натамошно јакнење на пријателството и партнерството меѓу двете држави, вклучувајќи го сојузништвото во НАТО, како и очекување за натамошно зголемување на трговската размена. 

The post Средба на претседателот Пендаровски со Ана Лирман, германска државна министерка за Европа appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ана Лирман, државна министерка за Европа во Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија. Како што соопшти кабинетот на претседателот, Пендаровски оценил дека посетата на министерката Лирман набрзо по нејзиното именување, ја демонстрира јасната посветеност на германските власти за аспирациите на државите од Западен Балкан за членство во Европската Унија. Тој се заблагодарил што проширувањето на Европската Унија и Западниот Балкан се меѓу клучните приоритети на новата Влада на канцеларот Олаф Шолц. Република Македонија, нагласил претседателот, останува посветена на европската агенда и го реафимираше очекувањето за скорешен почеток на пристапните преговори за членство во Европската Унија. Во таа насока, посочил на подготвеноста на нашата држава за продолжување на дијалогот со Република Бугарија, во духот на добрососедските односи, со цел надминување на блокадата во однос на европските интеграции. Во контекст на билатералните односи, претседателот Пендаровски оценил дека Германија е клучен политички и економски партнер на земјава и еден од најзначајните трговски партнери во годините наназад и изразил очекување за натамошно јакнење на пријателството и партнерството меѓу двете држави, вклучувајќи го сојузништвото во НАТО, како и очекување за натамошно зголемување на трговската размена. 

The post Средба на претседателот Пендаровски со Ана Лирман, германска државна министерка за Европа appeared first on Република.

]]>
Германската министерка за Европа Ана Лирман денеска во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/germanskata-ministerka-za-evropa-ana-lirman-deneska-vo-skopje/ Mon, 17 Jan 2022 07:47:39 +0000 https://republika.mk/?p=445551

Министерката за Европа во Министерството за надворешни работи на Германија, Ана Лирман денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија.

Според агендата, министерката Лирман ќе биде примена од претседателот на државата Стево Пендаровски, а потоа ќе оствари средба со владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, по што следуваат и две билатерални средби со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Фокус на разговорите ќе бидат билатералните односи меѓу двете земји, економско-политички прашања како и европската перспектива.

The post Германската министерка за Европа Ана Лирман денеска во Скопје appeared first on Република.

]]>

Министерката за Европа во Министерството за надворешни работи на Германија, Ана Лирман денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија. Според агендата, министерката Лирман ќе биде примена од претседателот на државата Стево Пендаровски, а потоа ќе оствари средба со владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, по што следуваат и две билатерални средби со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи. Фокус на разговорите ќе бидат билатералните односи меѓу двете земји, економско-политички прашања како и европската перспектива.

The post Германската министерка за Европа Ана Лирман денеска во Скопје appeared first on Република.

]]>