Ана Дурловски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ana-durlovski/ За подобро да се разбереме Fri, 11 Oct 2024 11:01:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ана Дурловски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ana-durlovski/ 32 32 Бис и овации за Ана Дурловски на роденденскиот концерт „Го славиме јубилејот“ на Филхамонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/bis-i-ovatsii-za-ana-durlovski-na-rodendenskiot-kontsert-go-slavime-jubilejot-na-filhamonija/ Fri, 11 Oct 2024 11:01:57 +0000 https://republika.mk/?p=825485

Со бис и овации беше награден настапот на македонската оперска певица, сопранистката Ана Дурловски, синоќа на концертот „Го славиме јубилејот“ во Македонската филхармонија, која годинава одбележува 80 години од постоењето.

Македонската филхармонија, со полна сала, на најубав начин ја започна јубилејната сезона, насловена „Одисеја“.

Гостин диригент на концертот беше Јерухам Шаровски од Израел, кој за Ана Дурловски изјави дека е една од најдбрите оперски певици со кои работел во својата долгогодишна кариера.

Овој оркестар е моето срце, со него се врзани моите почетоци, првиот настап со оркестар го имав токму со Македонската филхармонија, кажа Ана Дурловски пред концертот.

Ана Дурловски, првенка во МОБ, и постојан член на ансамблот на Операта во Штутгард, Германија триумфално се врати на сцената по пауза од седум години.

За роденденскиот концерт беше изведена светската премиера на симфониската поема „Јубилејна фантазија“ од македонскиот композитор Борис Светиев и премиерната изведба на делото „Шест едноставни песни“ за сопран и оркестар и Лид на Мариета од операта „Мртвиот град“ од Ерих Корнголд. По паузата, на репертоарот беше симфонијата во четири сцени „Манфред“ од Петар Илич Чајковски.

Следниот концерт е на 17 октомври и тогаш гостува францускиот пијанист Лука Дебарг, а ќе диригира Бар Авни од Израел.

The post Бис и овации за Ана Дурловски на роденденскиот концерт „Го славиме јубилејот“ на Филхамонија appeared first on Република.

]]>

Со бис и овации беше награден настапот на македонската оперска певица, сопранистката Ана Дурловски, синоќа на концертот „Го славиме јубилејот“ во Македонската филхармонија, која годинава одбележува 80 години од постоењето. Македонската филхармонија, со полна сала, на најубав начин ја започна јубилејната сезона, насловена „Одисеја“. Гостин диригент на концертот беше Јерухам Шаровски од Израел, кој за Ана Дурловски изјави дека е една од најдбрите оперски певици со кои работел во својата долгогодишна кариера.
Овој оркестар е моето срце, со него се врзани моите почетоци, првиот настап со оркестар го имав токму со Македонската филхармонија, кажа Ана Дурловски пред концертот.
Ана Дурловски, првенка во МОБ, и постојан член на ансамблот на Операта во Штутгард, Германија триумфално се врати на сцената по пауза од седум години. За роденденскиот концерт беше изведена светската премиера на симфониската поема „Јубилејна фантазија“ од македонскиот композитор Борис Светиев и премиерната изведба на делото „Шест едноставни песни“ за сопран и оркестар и Лид на Мариета од операта „Мртвиот град“ од Ерих Корнголд. По паузата, на репертоарот беше симфонијата во четири сцени „Манфред“ од Петар Илич Чајковски. Следниот концерт е на 17 октомври и тогаш гостува францускиот пијанист Лука Дебарг, а ќе диригира Бар Авни од Израел.

The post Бис и овации за Ана Дурловски на роденденскиот концерт „Го славиме јубилејот“ на Филхамонија appeared first on Република.

]]>
Со концертот „Го славиме јубилејот“, Македонска филхармонија вечерва ја отвора роденденската сезона https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-kontsertot-go-slavime-jubilejot-makedonska-filharmonija-vecherva-ja-otvora-rodendenskata-sezona/ Thu, 10 Oct 2024 08:16:52 +0000 https://republika.mk/?p=825015

Со концерт насловен „Го славиме јубилејот“ вечерва, на 10 октомври, во 20 часот ќе биде отворена роденденската сезона на Македонската филхармонија насловена „Одисеја“. На концертот како солист ќе настапи сопранистката Ана Дурловски, под диригентската палка на шеф – диригентот Јерухам Шаровски од Израел.

На програмата е премиерната изведба на делото „Шест едноставни песни“ за сопран и оркестар и Лид на Мариета од операта „Мртвиот град“ од Ерих Корнголд, симфонијата во четири сцени „Манфред“ од Петар Илич Чајковски и светската премиера на симфониската поема „Јубилејна фантазија“ од македонскиот композитор Борис Светиев.

Македонската филхармонија оваа година како најстар музички колектив одбележува 80 години постоење.

Нашата концертна сезона е наречена „Одисеја“ и претставува музичко патување исполнето со многу музички предизвивици, авантури и многу концерти, вели в.д, директорот на Филхармонија Александар Котевски.

Тој најави дека оваа концертна сезона ќе настапат многу македонски солисти и диригенти, како и врвни светски гости.

Внимателно беше правена програмата за да бидат застапени сите инструменти. Сигурен сум дека оваа концертна сезона ќе го задржи вниманието и фокусот на нашата драга публика. Подготовките се во тек и сигурен сум дека ќе имаме реализација на одличен концерт. Акцент се става на изведба на премиерни нови македонски композиции. Сигурен сум дека македонската публика ќе ужива во нашите неповторливи концертни реализации на осмислената програма, додаде Котевски.

Маестро Јерухам Шаровски вели дека има посебна поврзаност со овој оркестар, со кој работел од 2003 година.

Ние имавме успешна турнеја на Македонската филхармонија во Израел во 2019 година. Имам одлична соработка со професионалците од оркестарот на Филхармонија, имаме посебна искра и енергија. Испланиравме убава програма за во иднина, со в.д директорот на Фихармонија Александар Котевски, се знаеме долги години. Го знам како професионалец, односно виолончелист во оркестарот на Македонската филхармонија и можам да кажам дека тој е многу посветен и амбициозен, со посебна искра во работата, вели маестро Шаровски, за кого нашата сопранистката Ана Дурловски, е една од најголемите оперски гласови со кои работел во својата долгогодишна кариера.

Сопранистката Ана Дурловски рече дека и е драго што ќе соработува со маестро Јерухам Шаровски и најави една специфична и интимна програма со музиката на Корнголд, која ќе биде прикажана на концертот.

Овој оркестар е во моето срце. Имам прекрасна соработка со колегите веќе години наназад, тука се моите почетоци. Првиот мој настап со оркестар беше всушност со Македонска филхармонија. Драго ми е што соработуваме со маестро Шаровски и се надевам дека нема да биде последна соработка. Ве уверувам дека ќе уживате во концертот. Се работи за специфична и интимна програма со музиката на Корнголд. Можеби најубавиот момент фатен во музиката „На смрттна разделба“ е една од композициите која ќе се изведе и ова е моето омилено парче во оперската литература. Ќе бидат изведени „Шест едноставни песни“ од Корнголд, но заради повисоките штимови во оркестарот, ќе се изведат четири од тие шест. Ќе биде изведена и песната на Мариета од операта „Мртвиот град“, од Корнголд, вели  Дурловски за вечерашниот концерт.

Премиерно, на концертот вечерва ќе се изведе и симфониската поема „Јубилејна фантазија“ на македонскиот композитор и пијанист Борис Светиев, една од композициите која помина на Конкурсот за откуп на дела од македонски автори, а којшто институцијата го распиша годинава. Идејата да го создаде ова дело, Светиев ја имал од пред повеќе години, тежнеејќи да го истражи соодносот шум-тон. Вели дека токму Конкурсот за нарачка на дела од страна на Филхармонијата за него бил доволен мотив да ја реализира до крај таа идеја, со оглед на тоа што веќе ги имал и техничките можности и доволно предзнаење за тоа како би требало да тече процесот на работа врз една композиција со помош на DAW (Digital Audio Workstation).

Во концертната сезона 2024/2025, во која Македонската филхармонија ќе го прослави својот 80-ти роденден, како најстара културна институција во земјата, публиката ќе има можност да проследи разновидна и внимателно одбрана програма, солисти и диригенти.

The post Со концертот „Го славиме јубилејот“, Македонска филхармонија вечерва ја отвора роденденската сезона appeared first on Република.

]]>

Со концерт насловен „Го славиме јубилејот“ вечерва, на 10 октомври, во 20 часот ќе биде отворена роденденската сезона на Македонската филхармонија насловена „Одисеја“. На концертот како солист ќе настапи сопранистката Ана Дурловски, под диригентската палка на шеф – диригентот Јерухам Шаровски од Израел. На програмата е премиерната изведба на делото „Шест едноставни песни“ за сопран и оркестар и Лид на Мариета од операта „Мртвиот град“ од Ерих Корнголд, симфонијата во четири сцени „Манфред“ од Петар Илич Чајковски и светската премиера на симфониската поема „Јубилејна фантазија“ од македонскиот композитор Борис Светиев. Македонската филхармонија оваа година како најстар музички колектив одбележува 80 години постоење.
Нашата концертна сезона е наречена „Одисеја“ и претставува музичко патување исполнето со многу музички предизвивици, авантури и многу концерти, вели в.д, директорот на Филхармонија Александар Котевски.
Тој најави дека оваа концертна сезона ќе настапат многу македонски солисти и диригенти, како и врвни светски гости.
Внимателно беше правена програмата за да бидат застапени сите инструменти. Сигурен сум дека оваа концертна сезона ќе го задржи вниманието и фокусот на нашата драга публика. Подготовките се во тек и сигурен сум дека ќе имаме реализација на одличен концерт. Акцент се става на изведба на премиерни нови македонски композиции. Сигурен сум дека македонската публика ќе ужива во нашите неповторливи концертни реализации на осмислената програма, додаде Котевски.
Маестро Јерухам Шаровски вели дека има посебна поврзаност со овој оркестар, со кој работел од 2003 година.
Ние имавме успешна турнеја на Македонската филхармонија во Израел во 2019 година. Имам одлична соработка со професионалците од оркестарот на Филхармонија, имаме посебна искра и енергија. Испланиравме убава програма за во иднина, со в.д директорот на Фихармонија Александар Котевски, се знаеме долги години. Го знам како професионалец, односно виолончелист во оркестарот на Македонската филхармонија и можам да кажам дека тој е многу посветен и амбициозен, со посебна искра во работата, вели маестро Шаровски, за кого нашата сопранистката Ана Дурловски, е една од најголемите оперски гласови со кои работел во својата долгогодишна кариера.
Сопранистката Ана Дурловски рече дека и е драго што ќе соработува со маестро Јерухам Шаровски и најави една специфична и интимна програма со музиката на Корнголд, која ќе биде прикажана на концертот.
Овој оркестар е во моето срце. Имам прекрасна соработка со колегите веќе години наназад, тука се моите почетоци. Првиот мој настап со оркестар беше всушност со Македонска филхармонија. Драго ми е што соработуваме со маестро Шаровски и се надевам дека нема да биде последна соработка. Ве уверувам дека ќе уживате во концертот. Се работи за специфична и интимна програма со музиката на Корнголд. Можеби најубавиот момент фатен во музиката „На смрттна разделба“ е една од композициите која ќе се изведе и ова е моето омилено парче во оперската литература. Ќе бидат изведени „Шест едноставни песни“ од Корнголд, но заради повисоките штимови во оркестарот, ќе се изведат четири од тие шест. Ќе биде изведена и песната на Мариета од операта „Мртвиот град“, од Корнголд, вели  Дурловски за вечерашниот концерт.
Премиерно, на концертот вечерва ќе се изведе и симфониската поема „Јубилејна фантазија“ на македонскиот композитор и пијанист Борис Светиев, една од композициите која помина на Конкурсот за откуп на дела од македонски автори, а којшто институцијата го распиша годинава. Идејата да го создаде ова дело, Светиев ја имал од пред повеќе години, тежнеејќи да го истражи соодносот шум-тон. Вели дека токму Конкурсот за нарачка на дела од страна на Филхармонијата за него бил доволен мотив да ја реализира до крај таа идеја, со оглед на тоа што веќе ги имал и техничките можности и доволно предзнаење за тоа како би требало да тече процесот на работа врз една композиција со помош на DAW (Digital Audio Workstation). Во концертната сезона 2024/2025, во која Македонската филхармонија ќе го прослави својот 80-ти роденден, како најстара културна институција во земјата, публиката ќе има можност да проследи разновидна и внимателно одбрана програма, солисти и диригенти.  

The post Со концертот „Го славиме јубилејот“, Македонска филхармонија вечерва ја отвора роденденската сезона appeared first on Република.

]]>
Ана Дурловски и Јерухам Шаровски в четврток ја отвораат роденденската сезона на Македонска филхармонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ana-durlovski-i-jeruham-sharovski-v-chetvrtok-ja-otvoraat-rodendenskata-sezona-na-makedonska-filharmonija/ Tue, 08 Oct 2024 11:48:59 +0000 https://republika.mk/?p=824182

Со концертот „Го славиме јубилејот“ на кој како солист ќе настапи нашата светски позната сопранистка Ана Дурловски, под диригентска палка на шеф диригентот Јерухам Шаровски, в четврток, на 10 октомври почнува новата сезона на Македонската филхармонија насловена „Одисеја“.

На програмата е премиерна изведба на делото „Шест едноставни песни“ за сопран и оркестар и Лид на Мариета од операта „Мртвиот град“ од Ерих Корнголд, симфонијата во четири сцени „Манфред“ од Петар Илич Чајковски и светска премиера на симфониската поема „Јубилејна фантазија“ од македонскиот композитор Борис Светиев.

Почетоците на Ана Дурловски се врзани толку со овој оркестар, бидејќи првиот настап го имала со Филхармонија. Вели дека овој оркестар е нејзиното срце. Среќна е што ќе настапи на отворањето на роденденската сезона на Македонска филхармонија.

За оваа пригода одбравме специфична и интимна програма со дело во кое музички е илустриран најубавиот момент на смрт и разделба. На концертот ќе прозвучат четири песни од циклусот „Шест едноставни песни“ од Корноголд, кои, мене лично ми се омилени парчиња од оперската литература – вели Дурловски.

Маестро Јерухам Шаровски од Израел има долга историја на настапи со оркестарот на Македонската филхармонија со која активно настапува од 2003 година.

Со вашиот оркестар имам посебна врска и секогаш сум среќен кога доаѓам тука на концерти, зошто имаме одличен флуид и енергија додека ја подготвуваме програмата. Имате навистина посебен оркестар, посветени музичари кои имаат пасија и посебна искра која може да ја чувствува и публиката – вели Шаровски.

Шаровски имаше само најубави зборови за соработката со Дурловски.

Сум работел во многу врвни оперски пејачки, но, Ана, дефинитивно е најдобрата – вели Шаровски.

В.д. директорот на Македонската филхамронија Александар Котевски на денешната прес-конференција кажа дека подготвиле возбудлива програма која на најдобар начин ќе ја најави сезоната во која ќе се прослават осумдесет години од формирањето на Филхармонија, која е најстара институција во земјата.

Целата сезона е внимателно подготвена, ќе настапат најдобрите македонски, но и странски солисти и диргенти, ќе прозвучат капитални дела, но и дела на домашни автори – изјави Котевски.

[caption id="attachment_824184" align="alignnone" width="618"] Александар Котевски, в..д. директор на Филхармонија / Фото: Филхармонија[/caption]

Премиерно, на концертот в четврток ќе се изведе и симфониската поема „Јубилејна фантазија“ на македонскиот композитор и пијанист Борис Светиев, една од композициите која помина на Конкурсот за откуп на дела од македонски автори, а којшто институцијата го распиша годинава. Идејата да го создаде ова дело, Светиев ја имал од пред повеќе години, тежнеејќи да го истражи соодносот шум-тон. Вели дека токму Конкурсот за нарачка на дела од страна на Филхармонијата за него бил доволен мотив да ја реализира до крај таа идеја, со оглед на тоа што веќе ги имал и техничките можности и доволно предзнаење за тоа како би требало да тече процесот на работа врз една композиција со помош на DAW (Digital Audio Workstation).

[caption id="attachment_824186" align="alignnone" width="716"] Прес-конференцја по повод новата сезона / Фото: Филхармонија[/caption]

Во концертната сезона 2024/2025 во која Македонската филхармонија ќе го прослави својот 80-ти роденден, како најстара културна институција во земјата, публиката ќе има можност да проследи разновидна и внимателно одбрана програма, солисти и диригенти.

Новата сезона е насловена „Одисеја“, а симболиката на насловот се надоврзува на осумдесетте години активно музицирање на оркестарот и преку поднасловот – патување исполнето со музички авантури и предизвици. И насловите на концертите се извлечени од наслови на претходни сезони за да се сублимира осумдеценискиот континуитет на Македонската филхармонија. На сцената, заедно со оркестарот на Македонската филхармонија во новата роденденска сезона ќе продефилираат уникатни индивидуалци како пијанистите Лука Дебарг и Петер Лаул, извонредниот виолинист Сергеј Малов кој воедно ќе се претстави како солист и диригент на концертот на 7 ноември; Роберт Бонфиљо - усна хармоника (САД), виолончелистката Моника Лесковар од Хрватска, виолинистката Алена Баева- Казахстан/Луксембург. На пултот пред нашиот оркестар за првпат ќе застане маестра Бар Авни од Израел, инаку лауреатка на престижниот натпревар „Маестра“ во Париз и асистентка на славната диригентка Барабара Ханиган, како и маестро Конрад Ван Алфен од Холандија, нашиот диригент Борјан Цанев, маестро Лубнан Баалбаки од Либан и Емил Табаков од Бугарија.

И во вториот дел од сезоната, од јануари до јуни 2025-та ќе настапат исклучителни солисти и диригенти, како виолинистот Марк Бучков од Белгија, врвната Селина От (труба) од Австрија, еден од најдобрите пијанисти на денешнината – Дмитри Маслеев од Русија и др. На Велигденскиот концерт, насловен „Per aspera ad astra“ за првпат во Македонија ќе прозвучи Големата миса во це-мол од Моцарт.

The post Ана Дурловски и Јерухам Шаровски в четврток ја отвораат роденденската сезона на Македонска филхармонија appeared first on Република.

]]>

Со концертот „Го славиме јубилејот“ на кој како солист ќе настапи нашата светски позната сопранистка Ана Дурловски, под диригентска палка на шеф диригентот Јерухам Шаровски, в четврток, на 10 октомври почнува новата сезона на Македонската филхармонија насловена „Одисеја“. На програмата е премиерна изведба на делото „Шест едноставни песни“ за сопран и оркестар и Лид на Мариета од операта „Мртвиот град“ од Ерих Корнголд, симфонијата во четири сцени „Манфред“ од Петар Илич Чајковски и светска премиера на симфониската поема „Јубилејна фантазија“ од македонскиот композитор Борис Светиев. Почетоците на Ана Дурловски се врзани толку со овој оркестар, бидејќи првиот настап го имала со Филхармонија. Вели дека овој оркестар е нејзиното срце. Среќна е што ќе настапи на отворањето на роденденската сезона на Македонска филхармонија.
За оваа пригода одбравме специфична и интимна програма со дело во кое музички е илустриран најубавиот момент на смрт и разделба. На концертот ќе прозвучат четири песни од циклусот „Шест едноставни песни“ од Корноголд, кои, мене лично ми се омилени парчиња од оперската литература – вели Дурловски.
Маестро Јерухам Шаровски од Израел има долга историја на настапи со оркестарот на Македонската филхармонија со која активно настапува од 2003 година.
Со вашиот оркестар имам посебна врска и секогаш сум среќен кога доаѓам тука на концерти, зошто имаме одличен флуид и енергија додека ја подготвуваме програмата. Имате навистина посебен оркестар, посветени музичари кои имаат пасија и посебна искра која може да ја чувствува и публиката – вели Шаровски.
Шаровски имаше само најубави зборови за соработката со Дурловски.
Сум работел во многу врвни оперски пејачки, но, Ана, дефинитивно е најдобрата – вели Шаровски.
В.д. директорот на Македонската филхамронија Александар Котевски на денешната прес-конференција кажа дека подготвиле возбудлива програма која на најдобар начин ќе ја најави сезоната во која ќе се прослават осумдесет години од формирањето на Филхармонија, која е најстара институција во земјата.
Целата сезона е внимателно подготвена, ќе настапат најдобрите македонски, но и странски солисти и диргенти, ќе прозвучат капитални дела, но и дела на домашни автори – изјави Котевски.
[caption id="attachment_824184" align="alignnone" width="618"] Александар Котевски, в..д. директор на Филхармонија / Фото: Филхармонија[/caption] Премиерно, на концертот в четврток ќе се изведе и симфониската поема „Јубилејна фантазија“ на македонскиот композитор и пијанист Борис Светиев, една од композициите која помина на Конкурсот за откуп на дела од македонски автори, а којшто институцијата го распиша годинава. Идејата да го создаде ова дело, Светиев ја имал од пред повеќе години, тежнеејќи да го истражи соодносот шум-тон. Вели дека токму Конкурсот за нарачка на дела од страна на Филхармонијата за него бил доволен мотив да ја реализира до крај таа идеја, со оглед на тоа што веќе ги имал и техничките можности и доволно предзнаење за тоа како би требало да тече процесот на работа врз една композиција со помош на DAW (Digital Audio Workstation). [caption id="attachment_824186" align="alignnone" width="716"] Прес-конференцја по повод новата сезона / Фото: Филхармонија[/caption] Во концертната сезона 2024/2025 во која Македонската филхармонија ќе го прослави својот 80-ти роденден, како најстара културна институција во земјата, публиката ќе има можност да проследи разновидна и внимателно одбрана програма, солисти и диригенти. Новата сезона е насловена „Одисеја“, а симболиката на насловот се надоврзува на осумдесетте години активно музицирање на оркестарот и преку поднасловот – патување исполнето со музички авантури и предизвици. И насловите на концертите се извлечени од наслови на претходни сезони за да се сублимира осумдеценискиот континуитет на Македонската филхармонија. На сцената, заедно со оркестарот на Македонската филхармонија во новата роденденска сезона ќе продефилираат уникатни индивидуалци како пијанистите Лука Дебарг и Петер Лаул, извонредниот виолинист Сергеј Малов кој воедно ќе се претстави како солист и диригент на концертот на 7 ноември; Роберт Бонфиљо - усна хармоника (САД), виолончелистката Моника Лесковар од Хрватска, виолинистката Алена Баева- Казахстан/Луксембург. На пултот пред нашиот оркестар за првпат ќе застане маестра Бар Авни од Израел, инаку лауреатка на престижниот натпревар „Маестра“ во Париз и асистентка на славната диригентка Барабара Ханиган, како и маестро Конрад Ван Алфен од Холандија, нашиот диригент Борјан Цанев, маестро Лубнан Баалбаки од Либан и Емил Табаков од Бугарија. И во вториот дел од сезоната, од јануари до јуни 2025-та ќе настапат исклучителни солисти и диригенти, како виолинистот Марк Бучков од Белгија, врвната Селина От (труба) од Австрија, еден од најдобрите пијанисти на денешнината – Дмитри Маслеев од Русија и др. На Велигденскиот концерт, насловен „Per aspera ad astra“ за првпат во Македонија ќе прозвучи Големата миса во це-мол од Моцарт.

The post Ана Дурловски и Јерухам Шаровски в четврток ја отвораат роденденската сезона на Македонска филхармонија appeared first on Република.

]]>
Откако ја избришаа од репертоарот на Македонската филхармонија, новогодишен концерт на Ана Дурловски во Штутгарт https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/otkako-ja-izbrishaa-od-repertoarot-na-makedonskata-filharmonija-novogodishen-kontsert-na-ana-durlovski-vo-shtutgart/ Sun, 10 Dec 2023 12:58:02 +0000 https://republika.mk/?p=721474

Игор Дурловски на Фејсбук објави дека неговата сопруга Ана ќе одржи голем новогодишен концерт со Штутартската филхармонија откако ги избришаа од репертоарот на Македонската филхармонија.

The post Откако ја избришаа од репертоарот на Македонската филхармонија, новогодишен концерт на Ана Дурловски во Штутгарт appeared first on Република.