Амстердам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/amsterdam/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Nov 2024 06:26:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Амстердам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/amsterdam/ 32 32 Во Амстердам се степаа пропалестинските демонстранти и израелските навивачи https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/vo-amsterdam-se-stepaa-propalestinskite-demonstranti-i-izraelskite-navivachi/ Fri, 08 Nov 2024 07:44:21 +0000 https://republika.mk/?p=835323

По фудбалскиот натпревар во Лига Европа меѓу холандскиот прволигаш Ајакс Амстердам и Макаби Тел Авив, синоќа се случиле жестоки судири меѓу пропалестинските демонстранти и израелските навивачи.

Како што пренесе ДПА, локалната полиција соопшти дека привела 57 лица, но не е откриена нивната националност или дали се фудбалски навивачи. Ајакс го доби натпреварот со 5 спрема 0.

Според информациите на амстердамската телевизија АТ5, демонстрантите фрлале со столчиња кон навивачите на Макаби. Мобилните единици на полицијата ги штителе Израелците и ги придружувале до нивните хотели.

Во попладневните часови имало и судири меѓу израелски фудбалски навивачи и безбедносните сили во центарот на градот. Според полицијата, околу десетина лица се уапсени поради нарушување на јавниот ред и мир и недозволено поседување огномет.

Дури и пред натпреварот, наводно имало изолирани расправии во близина на стадионот во југоисточниот дел на градот. Според полицијата, околу 200 демонстранти се обиделе да стигнат до објектот.

Градската администрација претходно забрани демонстрации директно пред арената Јохан Кројф и назначи алтернативна локација во близина за собирот. Сепак, мобилните единици на полицијата ги држеле демонстрантите подалеку од стадионот

The post Во Амстердам се степаа пропалестинските демонстранти и израелските навивачи appeared first on Република.

]]>

По фудбалскиот натпревар во Лига Европа меѓу холандскиот прволигаш Ајакс Амстердам и Макаби Тел Авив, синоќа се случиле жестоки судири меѓу пропалестинските демонстранти и израелските навивачи. Како што пренесе ДПА, локалната полиција соопшти дека привела 57 лица, но не е откриена нивната националност или дали се фудбалски навивачи. Ајакс го доби натпреварот со 5 спрема 0. Според информациите на амстердамската телевизија АТ5, демонстрантите фрлале со столчиња кон навивачите на Макаби. Мобилните единици на полицијата ги штителе Израелците и ги придружувале до нивните хотели. Во попладневните часови имало и судири меѓу израелски фудбалски навивачи и безбедносните сили во центарот на градот. Според полицијата, околу десетина лица се уапсени поради нарушување на јавниот ред и мир и недозволено поседување огномет. Дури и пред натпреварот, наводно имало изолирани расправии во близина на стадионот во југоисточниот дел на градот. Според полицијата, околу 200 демонстранти се обиделе да стигнат до објектот. Градската администрација претходно забрани демонстрации директно пред арената Јохан Кројф и назначи алтернативна локација во близина за собирот. Сепак, мобилните единици на полицијата ги држеле демонстрантите подалеку од стадионот

The post Во Амстердам се степаа пропалестинските демонстранти и израелските навивачи appeared first on Република.

]]>
Амстердам ја забрани употребата на Телеграм на службените телефони https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/amsterdam-ja-zabrani-upotrebata-na-telegram-na-sluzhbenite-telefoni/ Mon, 19 Aug 2024 18:16:06 +0000 https://republika.mk/?p=808037

Градот Амстердам им забрани на своите службеници да користат Телеграм на службените телефони поради потенцијални криминални активности на апликацијата и ризик од шпионажа, изјави портпаролот на општината. Градот ја усвои забраната кон крајот на април, но негови претставници јавно не информираа за тоа.

Портпаролот на градскиот ИТ сектор рече дека Телеграм е „безбедно засолниште за хакери, сајбер криминалци и дилери на дрога“.

Градот е исто така загрижен за можна шпионажа преку апликацијата, иако апликацијата повеќе нема официјални врски со Русија.

Телеграм е основан во Русија, но седиштето е преместено во Дубаи, а компанијата е регистрирана на Девствените Острови.

Како што пренесува НЛ Тајмс, другите општини во Холандија не го забранија Телеграм, и покрај општата загриженост за апликацијата.

Парламентот разговараше за потенцијална забрана претходно оваа година, но тогашниот министер за правда Дилан Јесилгоз рече дека таквиот потег би бил преголемо мешање во слободата на изразување.

 

The post Амстердам ја забрани употребата на Телеграм на службените телефони appeared first on Република.

]]>

Градот Амстердам им забрани на своите службеници да користат Телеграм на службените телефони поради потенцијални криминални активности на апликацијата и ризик од шпионажа, изјави портпаролот на општината. Градот ја усвои забраната кон крајот на април, но негови претставници јавно не информираа за тоа. Портпаролот на градскиот ИТ сектор рече дека Телеграм е „безбедно засолниште за хакери, сајбер криминалци и дилери на дрога“. Градот е исто така загрижен за можна шпионажа преку апликацијата, иако апликацијата повеќе нема официјални врски со Русија. Телеграм е основан во Русија, но седиштето е преместено во Дубаи, а компанијата е регистрирана на Девствените Острови. Како што пренесува НЛ Тајмс, другите општини во Холандија не го забранија Телеграм, и покрај општата загриженост за апликацијата. Парламентот разговараше за потенцијална забрана претходно оваа година, но тогашниот министер за правда Дилан Јесилгоз рече дека таквиот потег би бил преголемо мешање во слободата на изразување.  

The post Амстердам ја забрани употребата на Телеграм на службените телефони appeared first on Република.

]]>
Авионски мотор вшмукал човек, патниците и вработените биле сведоци на немилиот настан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avionski-motor-vshmukal-chovek-patnitsite-i-vrabotenite-bile-svedotsi-na-nemiliot-nastan/ Wed, 29 May 2024 17:23:30 +0000 https://republika.mk/?p=782895

Тешка несреќа се случила на аеродромот Шипхол во Холандија, кога едно лице завршило во запален мотор на авион, при што починало, соопшти авиопревозникот КЛМ.

Тоа беше летот KL1341 за Билунд.

Од КЛМ изјавија дека моментално се грижат за патниците и вработените кои биле сведоци на страшниот инцидент на аеродромот во Амстердам.

Тој додаде дека се утврдуваат околностите.

The post Авионски мотор вшмукал човек, патниците и вработените биле сведоци на немилиот настан appeared first on Република.

]]>

Тешка несреќа се случила на аеродромот Шипхол во Холандија, кога едно лице завршило во запален мотор на авион, при што починало, соопшти авиопревозникот КЛМ. Тоа беше летот KL1341 за Билунд. Од КЛМ изјавија дека моментално се грижат за патниците и вработените кои биле сведоци на страшниот инцидент на аеродромот во Амстердам. Тој додаде дека се утврдуваат околностите.

The post Авионски мотор вшмукал човек, патниците и вработените биле сведоци на немилиот настан appeared first on Република.

]]>
Станбена криза во Холандија зема замав: Паркинг простор во Амстердам достигна 495.000 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stanbena-kriza-vo-holandija-zema-zamav-parking-prostor-vo-amsterdam-dostigna-495-000-evra/ Sun, 05 May 2024 08:54:09 +0000 https://republika.mk/?p=774414

Паркинг простор во близина на Вонделпарк, најголемата зелена површина во Амстердам, се продава за речиси половина милион евра, што е шокантна цена дури и за Холандија, каде што цените енормно се зголемија поради тешката станбена криза.

Местото ставено на оглас за 495.000 евра е со површина од 18 квадратни метри и, според агенцијата за недвижности „J. Heule“, се наоѓа во затворен комплекс и „на најпознатата и ексклузивна шопинг улица во Холандија“. Исто така може да се изнајми за 750 евра месечно.

Огласот ја шокираше Холандија, која е погодена од тешка станбена криза. Бараната цена на паркингот е повисока од просечната цена на стан во Холандија, која според извештајот објавен на крајот на 2023 година изнесува 430.000 евра.

Покрај скокот на цените, холандски РТЛ истакнува дека во Холандија се затворени многу паркинзи во центрите на градовите за да бидат помалку атрактивни за автомобилите.

The post Станбена криза во Холандија зема замав: Паркинг простор во Амстердам достигна 495.000 евра appeared first on Република.

]]>

Паркинг простор во близина на Вонделпарк, најголемата зелена површина во Амстердам, се продава за речиси половина милион евра, што е шокантна цена дури и за Холандија, каде што цените енормно се зголемија поради тешката станбена криза. Местото ставено на оглас за 495.000 евра е со површина од 18 квадратни метри и, според агенцијата за недвижности „J. Heule“, се наоѓа во затворен комплекс и „на најпознатата и ексклузивна шопинг улица во Холандија“. Исто така може да се изнајми за 750 евра месечно. Огласот ја шокираше Холандија, која е погодена од тешка станбена криза. Бараната цена на паркингот е повисока од просечната цена на стан во Холандија, која според извештајот објавен на крајот на 2023 година изнесува 430.000 евра. Покрај скокот на цените, холандски РТЛ истакнува дека во Холандија се затворени многу паркинзи во центрите на градовите за да бидат помалку атрактивни за автомобилите.

The post Станбена криза во Холандија зема замав: Паркинг простор во Амстердам достигна 495.000 евра appeared first on Република.

]]>
Нема веќе „прекумерен туризам“: Амстердам нема да дозволи изградба на нови хотели https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/nema-veke-prekumeren-turizam-amsterdam-nema-da-dozvoli-izgradba-na-novi-hoteli/ Sun, 21 Apr 2024 12:46:18 +0000 https://republika.mk/?p=768860

Градот Амстердам во иднина нема да дозволи изградба на нови хотели, во обид да се справи со прекумерниот туризам.

Сакаме да го одржиме градот погоден за живеење и за локалното население и за посетителите. Тоа значи - нема повеќе прекумерен туризам, нема повеќе нови хотели и нема повеќе од 20 милиони хотелски ноќевања на туристи годишно во иднина“, соопштија градските власти.

Нов хотел во Амстердам ќе може да се изгради само ако претходно се затвори еден, ако не се зголеми бројот на легла и ако понуди подобри услови во однос на одржливоста.

Таа одлука не се однесува на хотелите кои се веќе во изградба или добиле одобрение за градба.

The post Нема веќе „прекумерен туризам“: Амстердам нема да дозволи изградба на нови хотели appeared first on Република.

]]>

Градот Амстердам во иднина нема да дозволи изградба на нови хотели, во обид да се справи со прекумерниот туризам.
Сакаме да го одржиме градот погоден за живеење и за локалното население и за посетителите. Тоа значи - нема повеќе прекумерен туризам, нема повеќе нови хотели и нема повеќе од 20 милиони хотелски ноќевања на туристи годишно во иднина“, соопштија градските власти.
Нов хотел во Амстердам ќе може да се изгради само ако претходно се затвори еден, ако не се зголеми бројот на легла и ако понуди подобри услови во однос на одржливоста. Таа одлука не се однесува на хотелите кои се веќе во изградба или добиле одобрение за градба.

The post Нема веќе „прекумерен туризам“: Амстердам нема да дозволи изградба на нови хотели appeared first on Република.

]]>
На протест за клима во Амстердам уапсени 17 активисти https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/na-protest-za-klima-vo-amsterdam-uapseni-17-aktivisti/ Sat, 24 Feb 2024 17:24:11 +0000 https://republika.mk/?p=747913

Холандската полиција денеска уапси 17 учесници на климатски протест на активистичка група „Бунт против истребување“, откако со своите возила го блокираа автопатот А10 во Амстердам.

Полицијата соопшти дека предизвикале „опасност по животот на другите учесници во сообраќајот и на самите нив“.

Автомобилите што ги користеа активистите за да го блокираат сообраќајот се конфискувани, а на А10 после тоа останале меѓу 400 и 500 демонстранти.

Градскиот совет на Амстердам претходно упати „итен апел“ до климатските активисти да не протестираат на автопатот А10.

Првата блокада на овој автопат се случи на крајот на декември и траеше пет часа, по што беа уапсени над 400 активисти, а шестмина од нив беа казнети со 200 евра.

 

The post На протест за клима во Амстердам уапсени 17 активисти appeared first on Република.

]]>

Холандската полиција денеска уапси 17 учесници на климатски протест на активистичка група „Бунт против истребување“, откако со своите возила го блокираа автопатот А10 во Амстердам. Полицијата соопшти дека предизвикале „опасност по животот на другите учесници во сообраќајот и на самите нив“. Автомобилите што ги користеа активистите за да го блокираат сообраќајот се конфискувани, а на А10 после тоа останале меѓу 400 и 500 демонстранти. Градскиот совет на Амстердам претходно упати „итен апел“ до климатските активисти да не протестираат на автопатот А10. Првата блокада на овој автопат се случи на крајот на декември и траеше пет часа, по што беа уапсени над 400 активисти, а шестмина од нив беа казнети со 200 евра.  

The post На протест за клима во Амстердам уапсени 17 активисти appeared first on Република.

]]>
Аеродромот во Амстердам откажа над сто летови поради снег https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/aerodromot-vo-amsterdam-otkazha-nad-sto-letovi-poradi-sneg/ Sun, 03 Dec 2023 17:11:37 +0000 https://republika.mk/?p=719005

Над сто летови од аеродромот „Шипхол“ во Амстердам денеска се откажани поради снегот кој во текот на попладневните часови пристигна во Холандија.

Околу пладне, веб-страницата на аеродромот во Амстердам покажа дека се откажани речиси 150 влезни и појдовни летови. Станува збор за европски летови.

Холандската авиокомпанија KLM, главниот корисник на аеродромот, изјави за холандската новинска агенција АНП дека откажала 65 европски летови во попладневните и вечерните часови.

The post Аеродромот во Амстердам откажа над сто летови поради снег appeared first on Република.

]]>

Над сто летови од аеродромот „Шипхол“ во Амстердам денеска се откажани поради снегот кој во текот на попладневните часови пристигна во Холандија. Околу пладне, веб-страницата на аеродромот во Амстердам покажа дека се откажани речиси 150 влезни и појдовни летови. Станува збор за европски летови. Холандската авиокомпанија KLM, главниот корисник на аеродромот, изјави за холандската новинска агенција АНП дека откажала 65 европски летови во попладневните и вечерните часови.

The post Аеродромот во Амстердам откажа над сто летови поради снег appeared first on Република.

]]>
Амстердам воведува брутално висок данок за престој https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/amsterdam-voveduva-brutalno-visok-danok-za-prestoj/ Wed, 25 Oct 2023 07:59:41 +0000 https://republika.mk/?p=694738

На посетителите во Амстердам ќе им се наплаќа највисоката туристичка такса во Европа од 2024 година, во обид да се намали хаосот во градот и ефектите од масовниот туризам.

Зголемувањето на цената ќе биде до 12,5 отсто, што значи дека со просечна цена за ноќевање од 175 евра по лице, данокот за престој ќе порасне од 15,25 на 21,80 евра за ноќ.

„За споредба, туристичките такси во Барселона во просек се околу 2,25 евра по лице на ден, додека во Париз генерално може да се очекува да платите околу 4 евра по лице за ноќ“, пишува Lonely Planet.

Туристичката такса ја зголемува цената со што посетителите би дале поголем придонес за градот, а мерката ќе придонесе и за борба против нередот и масовниот туризам“, најавуваат градските власти.

Амстердам, дом на еден милион луѓе, во последните години се мачеше да се справи со 20 милиони посетители годишно, од кои многумина поминуваа само еден ден во градот.

„Со цел да се одржи квалитетот на животот во Амстердам, градот работи на спречување на типот на туризам кој предизвикува непријатности кај населението како и кај туристите и постави максимален број посетители“, соопштија властите.

Амстердам долго време е магнет за хедонисти, кои најчесто ги привлекуваат кафулињата за марихуана и квартот на црвените семафори, а на градот му се гади од сè почесто пијанство и немири.

Така, на пример, оваа година на британските туристи им беше кажано да ги организираат своите често развратни ергенски забави на друго место.

The post Амстердам воведува брутално висок данок за престој appeared first on Република.

]]>

На посетителите во Амстердам ќе им се наплаќа највисоката туристичка такса во Европа од 2024 година, во обид да се намали хаосот во градот и ефектите од масовниот туризам. Зголемувањето на цената ќе биде до 12,5 отсто, што значи дека со просечна цена за ноќевање од 175 евра по лице, данокот за престој ќе порасне од 15,25 на 21,80 евра за ноќ.
„За споредба, туристичките такси во Барселона во просек се околу 2,25 евра по лице на ден, додека во Париз генерално може да се очекува да платите околу 4 евра по лице за ноќ“, пишува Lonely Planet.
Туристичката такса ја зголемува цената со што посетителите би дале поголем придонес за градот, а мерката ќе придонесе и за борба против нередот и масовниот туризам“, најавуваат градските власти. Амстердам, дом на еден милион луѓе, во последните години се мачеше да се справи со 20 милиони посетители годишно, од кои многумина поминуваа само еден ден во градот.
„Со цел да се одржи квалитетот на животот во Амстердам, градот работи на спречување на типот на туризам кој предизвикува непријатности кај населението како и кај туристите и постави максимален број посетители“, соопштија властите.
Амстердам долго време е магнет за хедонисти, кои најчесто ги привлекуваат кафулињата за марихуана и квартот на црвените семафори, а на градот му се гади од сè почесто пијанство и немири. Така, на пример, оваа година на британските туристи им беше кажано да ги организираат своите често развратни ергенски забави на друго место.

The post Амстердам воведува брутално висок данок за престој appeared first on Република.

]]>
Во Амстердам се наоѓа најдобриот ресторан во светот за 2023 година https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/vo-amsterdam-se-naoga-najdobriot-restoran-vo-svetot-za-2023-godina/ Thu, 28 Sep 2023 09:04:40 +0000 https://republika.mk/?p=685932

„Tripadvisor“ неодамна ги прогласи најдобрите ресторани во светот. Победник е ресторанот „Бугенвил“ кој се наоѓа во Амстердам. Овој ресторан, каде храната како и услугата е очигледно на завидно ниво, има повеќе од 260 оценети критики со „пет ѕвезди“ на Tripadvisor, што е навистина многу.

Веднаш потоа, на листата се најде ресторан во токискиот кварт Нишијазаб по име „Исе Суејоши“. Третото место годинава го зазеде ресторан од Велика Британија, кој минатата година беше на првото место, поточно „Old Stamp House“.

Број еден во САД е „Le Bernardin“ лоциран во Њујорк, кој го зазеде 23-то место на светската листа, додека ниту еден ресторан од австралискиот континент не влезе во топ 25.

Ова е деталната листа на најдобри ресторани:

Ресторан “Bougainville”, Холандија

“Ise Sueyoshi”, Јапонија

“The Old Stamp House Restaurant”, Велика Британија

“Maison Medard”, Франција

“Ristorante Villa Crespi”, Италија

“Avartana”, Индија

“Akira Back”, Тајланд

“Paul Ainsworth at No. 6”, Велика Британија

“PIC”, Франција

“Sachi Heliopolis”, Египет

Патем, кога Tripadvisor го избира најдобриот ресторан во светот, се оценуваат различни фактори, вклучувајќи ги коментарите и оценките на корисниците, квалитетот на храната, услугата, амбиентот, цените и друго. Овие фактори се земени предвид за да се одреди целокупниот рејтинг и рангирање на светските ресторани на Tripadvisor.

Најдобриот ресторан во светот обично има високи оценки од сите овие аспекти и позитивни критики од многу корисници. Важно е да се напомене дека овие рангирања може често да се менуваат бидејќи се засноваат на постојани оценки и прегледи на корисници.

 

The post Во Амстердам се наоѓа најдобриот ресторан во светот за 2023 година appeared first on Република.

]]>

„Tripadvisor“ неодамна ги прогласи најдобрите ресторани во светот. Победник е ресторанот „Бугенвил“ кој се наоѓа во Амстердам. Овој ресторан, каде храната како и услугата е очигледно на завидно ниво, има повеќе од 260 оценети критики со „пет ѕвезди“ на Tripadvisor, што е навистина многу. Веднаш потоа, на листата се најде ресторан во токискиот кварт Нишијазаб по име „Исе Суејоши“. Третото место годинава го зазеде ресторан од Велика Британија, кој минатата година беше на првото место, поточно „Old Stamp House“. Број еден во САД е „Le Bernardin“ лоциран во Њујорк, кој го зазеде 23-то место на светската листа, додека ниту еден ресторан од австралискиот континент не влезе во топ 25. Ова е деталната листа на најдобри ресторани: Ресторан “Bougainville”, Холандија “Ise Sueyoshi”, Јапонија “The Old Stamp House Restaurant”, Велика Британија “Maison Medard”, Франција “Ristorante Villa Crespi”, Италија “Avartana”, Индија “Akira Back”, Тајланд “Paul Ainsworth at No. 6”, Велика Британија “PIC”, Франција “Sachi Heliopolis”, Египет Патем, кога Tripadvisor го избира најдобриот ресторан во светот, се оценуваат различни фактори, вклучувајќи ги коментарите и оценките на корисниците, квалитетот на храната, услугата, амбиентот, цените и друго. Овие фактори се земени предвид за да се одреди целокупниот рејтинг и рангирање на светските ресторани на Tripadvisor. Најдобриот ресторан во светот обично има високи оценки од сите овие аспекти и позитивни критики од многу корисници. Важно е да се напомене дека овие рангирања може често да се менуваат бидејќи се засноваат на постојани оценки и прегледи на корисници.  

The post Во Амстердам се наоѓа најдобриот ресторан во светот за 2023 година appeared first on Република.

]]>
Амстердам забранува пушење марихуана за да се заштити од „прекумерниот туризам“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/amsterdam-zabranuva-pushenje-marihuana-za-da-se-zashtiti-od-prekumerniot-turizam/ Sat, 10 Dec 2022 19:12:36 +0000 https://republika.mk/?p=584126

Властите во Амстердам планираат да го забранат пушењето марихуана во центарот на градот како дел од серијата мерки за спречување на прекумерната забава од страна на туристите и заштита на областа за локалното население.

Се очекува новите правила главно да влијаат на ноќниот живот. Официјалните лица соопштија дека отворениот и слободен карактер на Амстердам на посетителите им остава погрешен впечаток дека „се оди и се е дозволено“.

Угостителството и декорот на излозите ќе мора да завршат порано во вечерните часови, а построги ограничувања ќе се воведат за ергенските веселби и организираните посети на пабови.

Градските власти планираат кампања за да ги обесхрабрат меѓународните туристи да дојдат во Амстердам за да се „ослободат“.

Планираната забрана за пушење трева во делови од центарот на градот не е наменета за продажба во кафулиња, туку за потрошувачка на отворено на одредени плоштади и улици. За прекршителите ќе бидат изречени високи казни.

Властите во Амстердам сакаат да го заштитат центарот на градот од „прекумерен туризам“, што значи повеќе посетители отколку што може да поднесе областа.

Се очекува во 2023 година да дојдат 18 милиони посетители, а градските власти наведуваат дека границата е 20 милиони. Амстердам има 900.000 жители, а пред Божиќ се очекува градскиот совет да донесе построги правила.

The post Амстердам забранува пушење марихуана за да се заштити од „прекумерниот туризам“ appeared first on Република.

]]>

Властите во Амстердам планираат да го забранат пушењето марихуана во центарот на градот како дел од серијата мерки за спречување на прекумерната забава од страна на туристите и заштита на областа за локалното население. Се очекува новите правила главно да влијаат на ноќниот живот. Официјалните лица соопштија дека отворениот и слободен карактер на Амстердам на посетителите им остава погрешен впечаток дека „се оди и се е дозволено“. Угостителството и декорот на излозите ќе мора да завршат порано во вечерните часови, а построги ограничувања ќе се воведат за ергенските веселби и организираните посети на пабови. Градските власти планираат кампања за да ги обесхрабрат меѓународните туристи да дојдат во Амстердам за да се „ослободат“. Планираната забрана за пушење трева во делови од центарот на градот не е наменета за продажба во кафулиња, туку за потрошувачка на отворено на одредени плоштади и улици. За прекршителите ќе бидат изречени високи казни. Властите во Амстердам сакаат да го заштитат центарот на градот од „прекумерен туризам“, што значи повеќе посетители отколку што може да поднесе областа. Се очекува во 2023 година да дојдат 18 милиони посетители, а градските власти наведуваат дека границата е 20 милиони. Амстердам има 900.000 жители, а пред Божиќ се очекува градскиот совет да донесе построги правила.

The post Амстердам забранува пушење марихуана за да се заштити од „прекумерниот туризам“ appeared first on Република.

]]>
Заложничка драма во продавница на Епл во Амстердам https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zaloznichka-drama-vo-prodavnica-na-epl-vo-amsterdam/ Tue, 22 Feb 2022 18:45:58 +0000 https://republika.mk/?p=462139

Во продавница на Епл во Амстердам попладнево околу  17, 40 часот по локално време дошло до вооружен грабеж во кој напаѓачите земале заложници, а сведоци јавуваат и дека слушнале и истрели.

Полицијата во Амстердам на својот Твитер профил ја потврди заложничката драма, наведувајќи дека „има вооружен маж во  во близина на спомената продавница, а полицијата е на лице место со многу специјалци, подготвени за контрола на ситуацијата“.

На социјалните мрежи се појавија фотографии и видеа од настанот, на кои се гледа како вооружен маж во продавницата има вперено пиштол кон невооружен маж.

Полицијата потврди дека „ има испратено засилување

The post Заложничка драма во продавница на Епл во Амстердам appeared first on Република.

]]>

Во продавница на Епл во Амстердам попладнево околу  17, 40 часот по локално време дошло до вооружен грабеж во кој напаѓачите земале заложници, а сведоци јавуваат и дека слушнале и истрели. Полицијата во Амстердам на својот Твитер профил ја потврди заложничката драма, наведувајќи дека „има вооружен маж во  во близина на спомената продавница, а полицијата е на лице место со многу специјалци, подготвени за контрола на ситуацијата“. На социјалните мрежи се појавија фотографии и видеа од настанот, на кои се гледа како вооружен маж во продавницата има вперено пиштол кон невооружен маж. Полицијата потврди дека „ има испратено засилување

The post Заложничка драма во продавница на Епл во Амстердам appeared first on Република.

]]>
Судири во Амстердам, полицијата употреби полициски кучиња против демонстрантите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sudiri-vo-amsterdam-policijata-upotrebi-policiski-kuchinja-protiv-demonstrantite/ Mon, 03 Jan 2022 10:14:48 +0000 https://republika.mk/?p=439942

Во холандскиот главен град Амстердам се случија неколку судири меѓу полицијата и демонстрантите, кои се собраа поради воведените ограничувања против Ковид-19.

Претходно, градските власти, обвинителството и полицијата во Амстердам забранија протести против ограничувањата поради одбивањето на организаторите да гарантираат безбедно одржување на настанот. Тоа вклучуваше ограничување на бројот на учесници на 3.500. Сепак, организаторите соопштија дека очекуваат 25.000 луѓе да учествуваат и планираат да поминат низ градот.

Илјадници демонстранти попладнево се собраа на Музејскиот плоштад и маршираа низ градот. Демонстрантите бараа слобода и укинување на ограничувањата, особено на заклучувањето и отворање на продавниците и кафулињата. Причина за судирите со полицијата е тоа што дел од демонстрантите сакале да ја изменат маршрутата која властите им ја поставиле. Полицијата употреби полициски кучиња против демонстрантите.

Холандските власти воведоа заклучување на територијата на земјата од 19 декември до 14 јануари поради ширење на сојот омикрон. Во земјата се затворени сите барови, кафулиња, ресторани, продавници, кина, театри, музеи, спортски сали и други спортски центри. Затворени се и фризерските и козметичките салони, а нема ниту божиќни саеми. Остануваат отворени само продавниците за храна, аптеките, библиотеките, бензинските пумпи и автошколите. Училиштата исто така се затворени, а на возрасните им е препорачано да работат од дома доколку е тоа можно.

The post Судири во Амстердам, полицијата употреби полициски кучиња против демонстрантите appeared first on Република.

]]>

Во холандскиот главен град Амстердам се случија неколку судири меѓу полицијата и демонстрантите, кои се собраа поради воведените ограничувања против Ковид-19. Претходно, градските власти, обвинителството и полицијата во Амстердам забранија протести против ограничувањата поради одбивањето на организаторите да гарантираат безбедно одржување на настанот. Тоа вклучуваше ограничување на бројот на учесници на 3.500. Сепак, организаторите соопштија дека очекуваат 25.000 луѓе да учествуваат и планираат да поминат низ градот. Илјадници демонстранти попладнево се собраа на Музејскиот плоштад и маршираа низ градот. Демонстрантите бараа слобода и укинување на ограничувањата, особено на заклучувањето и отворање на продавниците и кафулињата. Причина за судирите со полицијата е тоа што дел од демонстрантите сакале да ја изменат маршрутата која властите им ја поставиле. Полицијата употреби полициски кучиња против демонстрантите. Холандските власти воведоа заклучување на територијата на земјата од 19 декември до 14 јануари поради ширење на сојот омикрон. Во земјата се затворени сите барови, кафулиња, ресторани, продавници, кина, театри, музеи, спортски сали и други спортски центри. Затворени се и фризерските и козметичките салони, а нема ниту божиќни саеми. Остануваат отворени само продавниците за храна, аптеките, библиотеките, бензинските пумпи и автошколите. Училиштата исто така се затворени, а на возрасните им е препорачано да работат од дома доколку е тоа можно.

The post Судири во Амстердам, полицијата употреби полициски кучиња против демонстрантите appeared first on Република.

]]>