АМС Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ams/ За подобро да се разбереме Mon, 06 Feb 2023 18:23:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png АМС Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ams/ 32 32 Мојсоски: Нападите од Димевски и антикорупциска се неосновани, отворени сме за соработка https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/mojsoski-napadite-od-dimevski-i-antikoruptsiska-se-neosnovani-otvoreni-sme-za-sorabotka/ Mon, 06 Feb 2023 14:14:25 +0000 https://republika.mk/?p=605525

Денеска со соопштение се јави Наумче Мојсоски кој ги отфрли сите обвинувања и се понуди за соработка со надлежните институции.

Агенцијата за млади и спорт сака да ја информира јавноста дека информациите изнесени од страна на членови на Државната комисија за спречување на корупција поврзани со даночното ослободување на спортските субјекти, преку т.н. ваучер систем, се тенденциозни и целосно неточни, се вели во соопштението.

Сакаме да потенцираме дека и на јавната седница на ДКСК, но и преку тенденциозни соопштенија на одредени спортски институции инспирирани единствено од лукративни цели, се изнесоа еден куп невистини и погрешно утврдени факти за примената на Законот за спорт и подзаконските акти кои се однесуваат во делот на даночните олеснувања, а се во функција на финансиска поддршка на македонскиот спортски систем“.

Тука пред се укажуваме на јваното обраќање, исполнето со грст невистини од страна на претседателот на МОК г-дин Даниел Димевски, кој „случајно“ коинцидира со денот на одржување на седницата на ДКСК. Имено господинот Димевски јавно побара разрешување во АМС и итно замрзнување на постапката за доделување на спортски ваучери. При тоа ова е побарано од човекот кој е идејниот творец и креатор на системот на спортски ваучери, човекот кој во 2020 година кумулира две функции Претседател на централната комисија за доделување на спортски ваучери, член на управниот одбор на МОК, а подоцна и негов претседател, и во исто време човек кој истата таа 2020 година побарува износ од 15 милиони денари за МОК иако требало како претседател да биде свесен дека таа институција во тој момент не ги исполнува законските услови за регулирана спортска дејност“.

 Очекуваме дека надлежните институции во најкраток можен рок ќе се прозинесат за обвинувањата на ДКСК со цел јавноста да има целосен увид во работата на АМС. Истовремено најавуваме дека АМС е целосно отворена за соработка со сите надлежни институции“, стои во дел од соопштението на Мојсовски.

The post Мојсоски: Нападите од Димевски и антикорупциска се неосновани, отворени сме за соработка appeared first on Република.

]]>

Денеска со соопштение се јави Наумче Мојсоски кој ги отфрли сите обвинувања и се понуди за соработка со надлежните институции. Агенцијата за млади и спорт сака да ја информира јавноста дека информациите изнесени од страна на членови на Државната комисија за спречување на корупција поврзани со даночното ослободување на спортските субјекти, преку т.н. ваучер систем, се тенденциозни и целосно неточни, се вели во соопштението.
Сакаме да потенцираме дека и на јавната седница на ДКСК, но и преку тенденциозни соопштенија на одредени спортски институции инспирирани единствено од лукративни цели, се изнесоа еден куп невистини и погрешно утврдени факти за примената на Законот за спорт и подзаконските акти кои се однесуваат во делот на даночните олеснувања, а се во функција на финансиска поддршка на македонскиот спортски систем“. Тука пред се укажуваме на јваното обраќање, исполнето со грст невистини од страна на претседателот на МОК г-дин Даниел Димевски, кој „случајно“ коинцидира со денот на одржување на седницата на ДКСК. Имено господинот Димевски јавно побара разрешување во АМС и итно замрзнување на постапката за доделување на спортски ваучери. При тоа ова е побарано од човекот кој е идејниот творец и креатор на системот на спортски ваучери, човекот кој во 2020 година кумулира две функции Претседател на централната комисија за доделување на спортски ваучери, член на управниот одбор на МОК, а подоцна и негов претседател, и во исто време човек кој истата таа 2020 година побарува износ од 15 милиони денари за МОК иако требало како претседател да биде свесен дека таа институција во тој момент не ги исполнува законските услови за регулирана спортска дејност“.  Очекуваме дека надлежните институции во најкраток можен рок ќе се прозинесат за обвинувањата на ДКСК со цел јавноста да има целосен увид во работата на АМС. Истовремено најавуваме дека АМС е целосно отворена за соработка со сите надлежни институции“, стои во дел од соопштението на Мојсовски.

The post Мојсоски: Нападите од Димевски и антикорупциска се неосновани, отворени сме за соработка appeared first on Република.

]]>
МОК бара разрешување на Наумче Мојсовски и стопирање на ваучерите https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/mok-bara-razreshuvane-na-naumche-mojsovski-i-stopirane-na-vaucherite/ Fri, 03 Feb 2023 13:39:20 +0000 https://republika.mk/?p=604346

Брзо по информацијата дека Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) побарала кривична пријава за Наумче Мојсовски, со реакција се јави и претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Даниел Димевски кој побара разрешување на актуелниот претседател на Агенцијата за млади и спорт (АМС) и стопирање на ваучерите за 2023 година.

https://republika.mk/vesti/makedonija/antokoruptsiska-bara-krivichno-gonene-na-naumche-mojsovski/

Првиот човек на МОК, Даниел Димевски со писмо до Владата и вицепремиерката Славица Грковска реагираше со укажување на лошото работење на АМС.

„Почитувана г-ѓа Грковска, во изминатиов период во повеќе наврати со задоволство ги слушавме Вашите излагања во кои цврсто и одлучно повикувавте на неселективно доследно применување на принципите на одговорност, отчетност, транспарентност и добро владеење и управување со јавните финансиски средства за сите носители на јавни функции. Веруваме дека со должно внимание сте го прочитале Конечниот извештај на државниот завод за ревизија каде прецизно се констатирани сите незаконски дејанија кои за жал се пракса во работењето на АМС. Внимавајте, се работи за милионски суми распределени без никаква контрола и механизми“, стои во дел од писмото на Даниел Димовски.

„Дополнително, веруваме дека Ве загрижува фактот што од страна на Агенцијата за заштита е прватото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, АМС е рангирана на катастрофално 115 од 120 места како крајно нетранспарентна организација што само по себе кажува многу“.

„Дојде време да покажете на јавна сцена пред сите нас кои работиме и живееме за и во спортот, дали Вашите зборови и заложби имаат суштина или се само празни политички флоскули“.

„Согласно ова, ја повикуваме Владата и вас лично како најодговорен функционер за оваа сфера, да го исполните јавно даденото ветување за чесно, одговорно и транспарентно работење на од Вас избраните и поставени функционери и да го разрешите директорот и комисиите поставени од него и да назначите нови, чесни и професионални лица кои доследно ќе го применуваат законот, правилниците и критериумите за доделување на средства на сите спортски субјекти. Со оглед на тоа што во моментов тече постапката за доделување на ваучери за 2023 година, бараме ИТНО ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА, се до именувањето на новите членови на Централната комисија. Одговорноста за брза и ефективна реакција е Ваша и е исклучиво во Ваши раце и нема простор за префрлање на вината кај нефункционалниот судски систем“,

The post МОК бара разрешување на Наумче Мојсовски и стопирање на ваучерите appeared first on Република.

]]>

Брзо по информацијата дека Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) побарала кривична пријава за Наумче Мојсовски, со реакција се јави и претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Даниел Димевски кој побара разрешување на актуелниот претседател на Агенцијата за млади и спорт (АМС) и стопирање на ваучерите за 2023 година. https://republika.mk/vesti/makedonija/antokoruptsiska-bara-krivichno-gonene-na-naumche-mojsovski/ Првиот човек на МОК, Даниел Димевски со писмо до Владата и вицепремиерката Славица Грковска реагираше со укажување на лошото работење на АМС. „Почитувана г-ѓа Грковска, во изминатиов период во повеќе наврати со задоволство ги слушавме Вашите излагања во кои цврсто и одлучно повикувавте на неселективно доследно применување на принципите на одговорност, отчетност, транспарентност и добро владеење и управување со јавните финансиски средства за сите носители на јавни функции. Веруваме дека со должно внимание сте го прочитале Конечниот извештај на државниот завод за ревизија каде прецизно се констатирани сите незаконски дејанија кои за жал се пракса во работењето на АМС. Внимавајте, се работи за милионски суми распределени без никаква контрола и механизми“, стои во дел од писмото на Даниел Димовски. „Дополнително, веруваме дека Ве загрижува фактот што од страна на Агенцијата за заштита е прватото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, АМС е рангирана на катастрофално 115 од 120 места како крајно нетранспарентна организација што само по себе кажува многу“. „Дојде време да покажете на јавна сцена пред сите нас кои работиме и живееме за и во спортот, дали Вашите зборови и заложби имаат суштина или се само празни политички флоскули“. „Согласно ова, ја повикуваме Владата и вас лично како најодговорен функционер за оваа сфера, да го исполните јавно даденото ветување за чесно, одговорно и транспарентно работење на од Вас избраните и поставени функционери и да го разрешите директорот и комисиите поставени од него и да назначите нови, чесни и професионални лица кои доследно ќе го применуваат законот, правилниците и критериумите за доделување на средства на сите спортски субјекти. Со оглед на тоа што во моментов тече постапката за доделување на ваучери за 2023 година, бараме ИТНО ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА, се до именувањето на новите членови на Централната комисија. Одговорноста за брза и ефективна реакција е Ваша и е исклучиво во Ваши раце и нема простор за префрлање на вината кај нефункционалниот судски систем“,

The post МОК бара разрешување на Наумче Мојсовски и стопирање на ваучерите appeared first on Република.

]]>
ФФМ реагира на изборот на АМС: Зарем победата над Италија не е подвиг на годината? https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/ffm-reagira-na-izborot-na-ams-zarem-pobedata-nad-italija-ne-e-podvig-na-godinata/ Wed, 28 Dec 2022 19:55:13 +0000 https://republika.mk/?p=591171

Фудбалската федерација на Македонија излезе со реакција околу синоќешниот избор на најдобрите во спортот за 2022 година на Агенцијата за млади и спорт.

„Во последните неколку години мислевме дека видовме сѐ од Агенцијата за млади и спорт, но секогаш успеваат да направат повторно да се 'фатиме за глава'“, објави ФФМ.

АМС синоќа додели награди во вкупно 13 категории, а од фудбалерите меѓу наградените се најде единствено Горан Пандев, кој ја доби наградата Великан на македонскиот спорт заедно со Кирил Лазаров, затоа што и двајцата годинава се пензионираа. Од активните играчи и тренери, ниту еден фудбалер не се здоби со награда од АМС.

Тоа е можеби и оправдано со оглед на резултатите на репрезентацијата и разочарувачкиот настап во Лигата на нации, но АМС заборави еден момент: големата победа во Палермо во март кога Македонија го потресе фудбалскиот свет победувајќи ја и елиминирајќи ја Италија на патот кон Мундијалот во Катар. Да потсетиме, се работи за победа над АКТУЕЛЕН европски шампион (од летото 2021).

Овој успех дефинитивно беше вреден за наградата Подвиг на годината, која и онака ја поделија двајца, па немаше да штети ако бидат и тројца. АМС оваа награда им ја додели, заслужено, на Марко Пејчиновски - кој десет пати го преплива Охридското Езеро, и на Харис Беќири, натпреварувач во еверестинг - кој го изведе најтешкото искачување (велосипедизам, трчање или пешачење каде предизвикот е да се направи вкупно искачување од над 8.848 метри, односно височината на Монт Еверест, и тоа во еден единствен обид, значи совладување на таа надморска височина на одредена делница (качување и симнување повеќе пати).

Незадоволни од АМС, од ФФМ иронично одлучија сдами да си доделат награда: „Од сите доделени награди, додаваме и една што не беше доделена: Македонската фудбалска репрезентација во 2022 година ја оствари најголемата победа во својата историја. Европскиот првак, Италија падна во Палермо“.

The post ФФМ реагира на изборот на АМС: Зарем победата над Италија не е подвиг на годината? appeared first on Република.

]]>

Фудбалската федерација на Македонија излезе со реакција околу синоќешниот избор на најдобрите во спортот за 2022 година на Агенцијата за млади и спорт. „Во последните неколку години мислевме дека видовме сѐ од Агенцијата за млади и спорт, но секогаш успеваат да направат повторно да се 'фатиме за глава'“, објави ФФМ. АМС синоќа додели награди во вкупно 13 категории, а од фудбалерите меѓу наградените се најде единствено Горан Пандев, кој ја доби наградата Великан на македонскиот спорт заедно со Кирил Лазаров, затоа што и двајцата годинава се пензионираа. Од активните играчи и тренери, ниту еден фудбалер не се здоби со награда од АМС. Тоа е можеби и оправдано со оглед на резултатите на репрезентацијата и разочарувачкиот настап во Лигата на нации, но АМС заборави еден момент: големата победа во Палермо во март кога Македонија го потресе фудбалскиот свет победувајќи ја и елиминирајќи ја Италија на патот кон Мундијалот во Катар. Да потсетиме, се работи за победа над АКТУЕЛЕН европски шампион (од летото 2021). Овој успех дефинитивно беше вреден за наградата Подвиг на годината, која и онака ја поделија двајца, па немаше да штети ако бидат и тројца. АМС оваа награда им ја додели, заслужено, на Марко Пејчиновски - кој десет пати го преплива Охридското Езеро, и на Харис Беќири, натпреварувач во еверестинг - кој го изведе најтешкото искачување (велосипедизам, трчање или пешачење каде предизвикот е да се направи вкупно искачување од над 8.848 метри, односно височината на Монт Еверест, и тоа во еден единствен обид, значи совладување на таа надморска височина на одредена делница (качување и симнување повеќе пати). Незадоволни од АМС, од ФФМ иронично одлучија сдами да си доделат награда: „Од сите доделени награди, додаваме и една што не беше доделена: Македонската фудбалска репрезентација во 2022 година ја оствари најголемата победа во својата историја. Европскиот првак, Италија падна во Палермо“.

The post ФФМ реагира на изборот на АМС: Зарем победата над Италија не е подвиг на годината? appeared first on Република.

]]>
Дарко Костовски за изборот на најдобар спортист на АМС: Дали ви пречи нашата љубов кон Македонија и сѐ што правиме за неа? https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/darko-kostovski-za-izborot-na-najdobar-sportist-na-ams-dali-vi-prechi-nashata-lubov-kon-makedonija-i-s-shto-pravime-za-nea/ Wed, 28 Dec 2022 09:51:15 +0000 https://republika.mk/?p=590825

Изборот на борачот рускиот порач со македонски пасош, Владимир Егоров, за најдобар спортист на Македонија за 2022 година ја подели домашната јавност, со оглед на неговиот статус на натурализиран спортист, а еден од тие што најжестоко реагираа беше Дарко Костовски, тренерот на сребрениот олимпиец во таеквондо, Дејан Георгиевски.

Тој потенцира дека бронзата на неговиот пулен од Гранприто во Саудиска Арабија и европското злато на Егоров се речиси идентични успеси, но Дејан е апсолутно македонски производ додека Владимир е производ на руската школа. Костовски се надева само кога од Лои 2024 во Париз ќе се вратат со еден или два олимписки медали, тогаш Агенцијата за млади и спорт (АМС) ќе нема дилеми околу тоа кого ќе избере за најдобар.

„Вечерва во налик на приватна забава со еден куп намерни грешки, убивање на национален дух, пазарџиски договори и елементарно незнаење се одржа изборот за најдобар спортист на Македонија во организација на АМС.

Најнапред како за пример би посочил дека на ниту еден избор за најдобар спортист од како што постојат до денес, еве не мора подалеку да ги земеме околните држави, Србија, Хрватска, Бугарија, Словенија па и Југославија никогаш не се ни споредувале неолимписките успеси со олимписките а камо ли грешно да се одлучи. ВРВЕН СПОРТСКИ РЕЗУЛТАТ Е ОНОЈ КОЈ ШТО Е ПОСТИГНАТ ВО ОЛИМПИСКИ СПОРТ. Секогаш, ама баш секогаш најдобрите спортисти, тренери во погоре споменатите избори за најдобри спортисти доаѓале од олимписки спортови. Што и да додадам понатака е илузорно.

На годинешниот избор за најдобар спортист два врвни резултати кои се мечуваа беа првата историска бронза од финално ГРАНД ПРИ на Дејан Георгиевски и европското злато на Егоров во Борење. Два резултати кои во секоја смисла на зборот се за врвна почит и тука дилема нема. Нијанси можеби решаваат кој е поголем.

Дејан Георгиевски е наш домашен производ, кој работел, тренирал, тагувал, се радувал тука под домашни македонски услови, чист македонски производ кој покажа дека и од нашите македонски услови може да се покорат олимписките велесили како САД, Кореа, Куба, Британија и тн. Македонски спортист кој во континуитет е во самиот врв на еден олимписки спорт, пример кој досега го немало во самостојна Македонија.

Егоров е врвен борач, со апсолутно респектабилни успеси, но е натурализиран македонец со првично Руско државјанство, човек кој не излегол од македонските школи за борење, спортист кој практично нема ништо со македонскиот спорт. Човек кој живее, работи, тренира секаде само не во Македонија.

Иако Дејан Георгиевски беше прворангиран, вечерва Вчадимир Егоров беше прогласен за спортист на годината и искрено му честитаме.

Но, она што сакам да го истакнам е тоа дека Дејан Георгиевски и Владимир Егоров имаа слични резултати, едниот домашен наш производ другиот не, нашиот производ не е прогласен за најдобар и оваа година како лани, да се разбереме не треба никој да го прогласува за ние да знаеме дека Дејан е најдобар не само годинава, туку во олимписката историја на независна Македонија.

Зошто Дејан не треба да е и оваа година најдобар спортист !?

Каква порака вечерва се испрати на младите македонски спортисти кои сонуваат за врвни олимписки резултати, кој повеќе се цени нашиот домашниот спортист или некој што нема допир со Македонија !?

Да имаше драстична разлика помеѓу резултатот на Егоров со вториот резултат по него, разбирливо би било, но вака !?

Уште еден парадокс, Дејан Георгиевски бронза финале ГРАНД ПРИ олимписки спорт, европски шампион на клубско европско првенство, Филип Додевски петти на светско првенство во олимписки спорт, Дејан прворангиран спортист за најдобар спортист годинава а Борче Костовски нивниот главен тренер не беше ниту номиниран за најдобар тренер оваа година, кој толку се исплаши и зошто и оваа година Борче Костовски да биде најдобар тренер во Македонија !?

Не е првпат да не минираат, во 2017 на Дејан Георгиевски му го оспорија првото злато на европско првенство во олимписки спорт за Македонија како независна држава.

Сето ова изгледа ќе мораме да го засениме со уште еден, или можеби два олимписки медали иако до олимписките игри во Париз оние кои сега бираат веќе ќе бидат минато и искрено се надевам дека многу работи во македонскиот спорт коренито ќе се променат !

Одиме понатака, ЗА МАКЕДОНИЈА!“, напиша Костовски.

The post Дарко Костовски за изборот на најдобар спортист на АМС: Дали ви пречи нашата љубов кон Македонија и сѐ што правиме за неа? appeared first on Република.

]]>

Изборот на борачот рускиот порач со македонски пасош, Владимир Егоров, за најдобар спортист на Македонија за 2022 година ја подели домашната јавност, со оглед на неговиот статус на натурализиран спортист, а еден од тие што најжестоко реагираа беше Дарко Костовски, тренерот на сребрениот олимпиец во таеквондо, Дејан Георгиевски. Тој потенцира дека бронзата на неговиот пулен од Гранприто во Саудиска Арабија и европското злато на Егоров се речиси идентични успеси, но Дејан е апсолутно македонски производ додека Владимир е производ на руската школа. Костовски се надева само кога од Лои 2024 во Париз ќе се вратат со еден или два олимписки медали, тогаш Агенцијата за млади и спорт (АМС) ќе нема дилеми околу тоа кого ќе избере за најдобар. „Вечерва во налик на приватна забава со еден куп намерни грешки, убивање на национален дух, пазарџиски договори и елементарно незнаење се одржа изборот за најдобар спортист на Македонија во организација на АМС. Најнапред како за пример би посочил дека на ниту еден избор за најдобар спортист од како што постојат до денес, еве не мора подалеку да ги земеме околните држави, Србија, Хрватска, Бугарија, Словенија па и Југославија никогаш не се ни споредувале неолимписките успеси со олимписките а камо ли грешно да се одлучи. ВРВЕН СПОРТСКИ РЕЗУЛТАТ Е ОНОЈ КОЈ ШТО Е ПОСТИГНАТ ВО ОЛИМПИСКИ СПОРТ. Секогаш, ама баш секогаш најдобрите спортисти, тренери во погоре споменатите избори за најдобри спортисти доаѓале од олимписки спортови. Што и да додадам понатака е илузорно. На годинешниот избор за најдобар спортист два врвни резултати кои се мечуваа беа првата историска бронза од финално ГРАНД ПРИ на Дејан Георгиевски и европското злато на Егоров во Борење. Два резултати кои во секоја смисла на зборот се за врвна почит и тука дилема нема. Нијанси можеби решаваат кој е поголем. Дејан Георгиевски е наш домашен производ, кој работел, тренирал, тагувал, се радувал тука под домашни македонски услови, чист македонски производ кој покажа дека и од нашите македонски услови може да се покорат олимписките велесили како САД, Кореа, Куба, Британија и тн. Македонски спортист кој во континуитет е во самиот врв на еден олимписки спорт, пример кој досега го немало во самостојна Македонија. Егоров е врвен борач, со апсолутно респектабилни успеси, но е натурализиран македонец со првично Руско државјанство, човек кој не излегол од македонските школи за борење, спортист кој практично нема ништо со македонскиот спорт. Човек кој живее, работи, тренира секаде само не во Македонија. Иако Дејан Георгиевски беше прворангиран, вечерва Вчадимир Егоров беше прогласен за спортист на годината и искрено му честитаме. Но, она што сакам да го истакнам е тоа дека Дејан Георгиевски и Владимир Егоров имаа слични резултати, едниот домашен наш производ другиот не, нашиот производ не е прогласен за најдобар и оваа година како лани, да се разбереме не треба никој да го прогласува за ние да знаеме дека Дејан е најдобар не само годинава, туку во олимписката историја на независна Македонија. Зошто Дејан не треба да е и оваа година најдобар спортист !? Каква порака вечерва се испрати на младите македонски спортисти кои сонуваат за врвни олимписки резултати, кој повеќе се цени нашиот домашниот спортист или некој што нема допир со Македонија !? Да имаше драстична разлика помеѓу резултатот на Егоров со вториот резултат по него, разбирливо би било, но вака !? Уште еден парадокс, Дејан Георгиевски бронза финале ГРАНД ПРИ олимписки спорт, европски шампион на клубско европско првенство, Филип Додевски петти на светско првенство во олимписки спорт, Дејан прворангиран спортист за најдобар спортист годинава а Борче Костовски нивниот главен тренер не беше ниту номиниран за најдобар тренер оваа година, кој толку се исплаши и зошто и оваа година Борче Костовски да биде најдобар тренер во Македонија !? Не е првпат да не минираат, во 2017 на Дејан Георгиевски му го оспорија првото злато на европско првенство во олимписки спорт за Македонија како независна држава. Сето ова изгледа ќе мораме да го засениме со уште еден, или можеби два олимписки медали иако до олимписките игри во Париз оние кои сега бираат веќе ќе бидат минато и искрено се надевам дека многу работи во македонскиот спорт коренито ќе се променат ! Одиме понатака, ЗА МАКЕДОНИЈА!“, напиша Костовски.

The post Дарко Костовски за изборот на најдобар спортист на АМС: Дали ви пречи нашата љубов кон Македонија и сѐ што правиме за неа? appeared first on Република.

]]>
Државата ќе ги помогне идните пливачки подвизи на Марко Пејчиноски https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/agencijata-za-mladi-i-sport-kje-gi-pomogne-idnite-plivachki-podvizi-na-marko-pejchinoski/ Mon, 05 Sep 2022 17:06:11 +0000 https://republika.mk/?p=547759

Агенцијата за млади и спорт е подготвена да ги помогне идните подвизи на младиот македонски пливач Марко Пејчиноски. Тоа го соопшти по денешната средба на директорот Наумче Мојсоски со охридскиот пливачки херој Пејчиноски.

АМС е подготвена да помогне во подготовките за следниот подвиг. На Марко му останува да постигнува резултати, а Агенцијата е тука да го поддржува. Мојсоски искажа подготвеност Агенцијата да ги помогне идните подвизи на овој млад спортист, а помошта ќе биде еднократна или на месечна основа, во зависност од потребите на Марко“, се наведува во информацијата од АМС.

За реализирање на годинашната цел да исплива 250 километри со 10 препливувања, Пејчиноски кажал дека со подготовки почнал на 15 октомври 2021 година, кога во период од три месеци неделно препливувал по 60 километри.

Првата делница била Радожда – Охрид, по што следувале уште девет препливувања. Завршил со делницата Охрид – Струга каде од дозволени 10 минути Марко одморил четири минути, по што продолжил кон Свети Наум со пауза од шест минути и повторно се упатил кон Охрид, со ова Марко вкупно испливал 64 километри.

 

The post Државата ќе ги помогне идните пливачки подвизи на Марко Пејчиноски appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за млади и спорт е подготвена да ги помогне идните подвизи на младиот македонски пливач Марко Пејчиноски. Тоа го соопшти по денешната средба на директорот Наумче Мојсоски со охридскиот пливачки херој Пејчиноски.
АМС е подготвена да помогне во подготовките за следниот подвиг. На Марко му останува да постигнува резултати, а Агенцијата е тука да го поддржува. Мојсоски искажа подготвеност Агенцијата да ги помогне идните подвизи на овој млад спортист, а помошта ќе биде еднократна или на месечна основа, во зависност од потребите на Марко“, се наведува во информацијата од АМС.
За реализирање на годинашната цел да исплива 250 километри со 10 препливувања, Пејчиноски кажал дека со подготовки почнал на 15 октомври 2021 година, кога во период од три месеци неделно препливувал по 60 километри. Првата делница била Радожда – Охрид, по што следувале уште девет препливувања. Завршил со делницата Охрид – Струга каде од дозволени 10 минути Марко одморил четири минути, по што продолжил кон Свети Наум со пауза од шест минути и повторно се упатил кон Охрид, со ова Марко вкупно испливал 64 километри.  

The post Државата ќе ги помогне идните пливачки подвизи на Марко Пејчиноски appeared first on Република.

]]>
Посебна благодарница за Миркуловски од Агенција за млади и спорт https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/posebna-blagodarnica-za-mirkulovski-od-agencija-za-mladi-i-sport/ Tue, 19 Apr 2022 19:48:06 +0000 https://republika.mk/?p=490826

Директорот на Агенцијата за млади и спорт и поранешен ракометен репрезентативец  Наумче Мојсовски, денеска му додели посебна благодарница како признание за посебен придонес и афирмација на ракометот на Филип Миркуловски.

Миркуловски во неделата го одигра последниот натпревар во дресот на македонската репрезентација и си замина на најдобар можен начин, со победа над Чешка и пласман на Светското првенство во Полска и Шведска.

Директорот на АМС, Наумче Мојсовски, кој долги години беше клупски и репрезентативен колега со Миркуловски, имаше само пофални зборови за ракометната легенда.

За ракометарот нема последна игра. Ниту еден спортист не застанал тука каде што кажал крај! Неговиот придонес и со дела и како идол, продолжува да мотивира нови генерации, да создава одлични спортисти! Филип Миркуловски не можеше да има подобара последна игра! Ја однесе Македонија на светско и беше дел од репрезентација која испишува историја! Денеска во куќата на спортот му оддадовме признание за особен придонес за афирмација на ракометот . Ти благодариме!, објави АМС.

The post Посебна благодарница за Миркуловски од Агенција за млади и спорт appeared first on Република.

]]>

Директорот на Агенцијата за млади и спорт и поранешен ракометен репрезентативец  Наумче Мојсовски, денеска му додели посебна благодарница како признание за посебен придонес и афирмација на ракометот на Филип Миркуловски. Миркуловски во неделата го одигра последниот натпревар во дресот на македонската репрезентација и си замина на најдобар можен начин, со победа над Чешка и пласман на Светското првенство во Полска и Шведска. Директорот на АМС, Наумче Мојсовски, кој долги години беше клупски и репрезентативен колега со Миркуловски, имаше само пофални зборови за ракометната легенда.
За ракометарот нема последна игра. Ниту еден спортист не застанал тука каде што кажал крај! Неговиот придонес и со дела и како идол, продолжува да мотивира нови генерации, да создава одлични спортисти! Филип Миркуловски не можеше да има подобара последна игра! Ја однесе Македонија на светско и беше дел од репрезентација која испишува историја! Денеска во куќата на спортот му оддадовме признание за особен придонес за афирмација на ракометот . Ти благодариме!, објави АМС.

The post Посебна благодарница за Миркуловски од Агенција за млади и спорт appeared first on Република.

]]>