амнестија за 27 април Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/amnestija-za-27-april/ За подобро да се разбереме Sat, 04 Feb 2023 09:13:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png амнестија за 27 април Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/amnestija-za-27-april/ 32 32 Спасовски: Не поддржувам амнестија за 27 април https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-ne-poddrzhuvam-amnestija-za-27-april/ Sat, 04 Feb 2023 09:13:08 +0000 https://republika.mk/?p=604650

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во магазинот „360 степени“ на Алсат М телевизија, во однос на Предлог-законот за целосна амнестија на сите осудени од 27 април, поднесен денеска од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше дека е апсолутно против таков закон.

Неказнивоста може да предизвика нови проблеми. Се сеќавате на 24 декември 2012 година кога од страна на државата, преку злоупотреба на полицијата беа исфрлени и пратеници и новинари од парламентот за да се донесе буџетот и задолжувањата кои им беа потребни на тогашната Влада?! Тогаш никој не презема ниедна мерка за да се истражи тој случај и да се утврди евентуална одговорност - дисциплинска, политичка или кривична. И тогаш укажував дека ако остане состојбата неказнета ќе ни се случи нов случај, и на крај сите знаете дека ни се случи 27 април, кога беше нападнато демократското и уставното уредување, истакна министерот Спасовски.

Во однос на тезата дали е сепак можно во политички пазар ВМРО-ДПМНЕ да поддржи уставни измени, а СДСМ да го поддржи Законот за целосна амнестија за 27 април, Спасовски дециден: „Ние треба да имаме договор околу националните интереси, а не околу криминалот. Треба да разговараме и да  постигнеме консензус околу остварувањата на националните интереси, а тоа е нашиот пат кон Европската Унија.“

Спасовски истакна дека националниот консензус за иднината на државата во Европската Унија не треба да биде само во вид на декларативни заложби.

Ако сме сите реално за нашиот пат кон Европската Унија - не само декларативно - треба да постигнеме консензус по тоа и да ги поминеме сите потребни чекори. Отворањето на Уставот е само првиот дел од тоа. Во текот на преговорите над 150 пати ќе биде потребно двотретинско мнозинство за измена на нашето законодавство преку кое ќе го докажуваме тој консензус.

The post Спасовски: Не поддржувам амнестија за 27 април appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во магазинот „360 степени“ на Алсат М телевизија, во однос на Предлог-законот за целосна амнестија на сите осудени од 27 април, поднесен денеска од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше дека е апсолутно против таков закон.
Неказнивоста може да предизвика нови проблеми. Се сеќавате на 24 декември 2012 година кога од страна на државата, преку злоупотреба на полицијата беа исфрлени и пратеници и новинари од парламентот за да се донесе буџетот и задолжувањата кои им беа потребни на тогашната Влада?! Тогаш никој не презема ниедна мерка за да се истражи тој случај и да се утврди евентуална одговорност - дисциплинска, политичка или кривична. И тогаш укажував дека ако остане состојбата неказнета ќе ни се случи нов случај, и на крај сите знаете дека ни се случи 27 април, кога беше нападнато демократското и уставното уредување, истакна министерот Спасовски.
Во однос на тезата дали е сепак можно во политички пазар ВМРО-ДПМНЕ да поддржи уставни измени, а СДСМ да го поддржи Законот за целосна амнестија за 27 април, Спасовски дециден: „Ние треба да имаме договор околу националните интереси, а не околу криминалот. Треба да разговараме и да  постигнеме консензус околу остварувањата на националните интереси, а тоа е нашиот пат кон Европската Унија.“ Спасовски истакна дека националниот консензус за иднината на државата во Европската Унија не треба да биде само во вид на декларативни заложби.
Ако сме сите реално за нашиот пат кон Европската Унија - не само декларативно - треба да постигнеме консензус по тоа и да ги поминеме сите потребни чекори. Отворањето на Уставот е само првиот дел од тоа. Во текот на преговорите над 150 пати ќе биде потребно двотретинско мнозинство за измена на нашето законодавство преку кое ќе го докажуваме тој консензус.

The post Спасовски: Не поддржувам амнестија за 27 април appeared first on Република.

]]>
Стојанче Ангелов поддржува амнестија за осудените за 27 април https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stojanche-angelov-poddrzhuva-amnestija-za-osudenite-za-27-april/ Mon, 30 Jan 2023 12:17:28 +0000 https://republika.mk/?p=602633

Директорот на Центарот за управување со кризи и прв човек на партијата Достоинство, Стојанче Ангелов дава поддршка за иницираниот предлог-закон за амнестија за осудените за 27 април. Тој во објава на социјалните мрежи напиша дека учесниците не се херои, но уште помалку се терористи и не треба да бидат во затвор.

Инспираторите и организаторите на овој настан ја носат крвта на пратениците на нивните раце. За жал многумина искрени македонски патриоти наседнаа на намерно создадената патриотска атмосфера и несвесно станаа дел од злосторничкиот план. Нема ништо херојско во тоа крвнички да се тепаат пратениците од македонското собрание, жени и мажи, татковци и мајки, додека нивните родители и деца, во живо на ТВ, гледаа обид за линч врз нивните родители и деца, вели Ангелов.

Споредувајќи со УЧК од 2001 година, Ангелов вели дека разликата е што на 27 април немаше жртви.

Но, како и да е, и оние кои го осмислија, и оние кои го испланираа и реализираа овој пеколен план, но и оние кои ненамерно влетаа во него, сепак не убија никого, не запалија никого, не пукаа во глава никому. Така како што правеше УЧК во 2001-та. И сега, кога како држава ги амнестиравме оние кои убиваа и палеа македонски бранители вклучително и цивили, сметаме дека државата треба да собере сила и покрај сите контроверзи, и покрај експлозивните емоции и силно спротивставени аргументи и ставови, да најде начин да ги ослободи осудените за 27 април, вели Ангелов.

The post Стојанче Ангелов поддржува амнестија за осудените за 27 април appeared first on Република.