амир дестанов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/amir-destanov/ За подобро да се разбереме Thu, 19 May 2022 12:34:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png амир дестанов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/amir-destanov/ 32 32 Претседателот Пендаровски го прими ученикот Амир Дестанов https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/pretsedatelot-pendarovski-go-primi-uchenikot-amir-destanov/ Thu, 19 May 2022 12:34:08 +0000 https://republika.mk/?p=504371

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Амир Дестанов, ученик во ООУ „Браќа Рамиз и Хамид“, Шуто Оризари, кој на натпреварот по математика на „Кенгур 2022“ освои трето место и е вклучен во активностите на „Дневниот центар за деца на улица“.

Претседателот Пендаровски беше запознат со исклучително тешкото детство на Амир и со суровите услови на живот кои ги искусил од најмала возраст. Импресиониран од успесите и посветеноста на Амир, претседателот Пендаровски му го честиташе 3-то место на математичкиот натпревар и му посака светла иднина и безгрижни тинејџерски денови.

На средбата, претседателот го охрабри Амир да продолжи со посветеноста во образовниот процес, за да ги постигне своите цели за подобра иднина.

На средбата присуствуваа и наставничката по математика на Амир и претставници на дневниот центар, со кои се разговараше за постигнатиот успех на осмоодделенецот, како и за предизвиците и условите за работа на „Дневниот центар за деца на улица“.

The post Претседателот Пендаровски го прими ученикот Амир Дестанов appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Амир Дестанов, ученик во ООУ „Браќа Рамиз и Хамид“, Шуто Оризари, кој на натпреварот по математика на „Кенгур 2022“ освои трето место и е вклучен во активностите на „Дневниот центар за деца на улица“. Претседателот Пендаровски беше запознат со исклучително тешкото детство на Амир и со суровите услови на живот кои ги искусил од најмала возраст. Импресиониран од успесите и посветеноста на Амир, претседателот Пендаровски му го честиташе 3-то место на математичкиот натпревар и му посака светла иднина и безгрижни тинејџерски денови. На средбата, претседателот го охрабри Амир да продолжи со посветеноста во образовниот процес, за да ги постигне своите цели за подобра иднина. На средбата присуствуваа и наставничката по математика на Амир и претставници на дневниот центар, со кои се разговараше за постигнатиот успех на осмоодделенецот, како и за предизвиците и условите за работа на „Дневниот центар за деца на улица“.

The post Претседателот Пендаровски го прими ученикот Амир Дестанов appeared first on Република.

]]>
Извонредниот Амир ќе добие поддршка од државата за уште повеќе успеси во учењето https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/izvonredniot-amir-kje-dobie-poddrshka-od-drzavata-za-ushte-povekje-uspesi-vo-uchenjeto/ Thu, 19 May 2022 10:55:49 +0000 https://republika.mk/?p=504314

Младиот Амир покажа дека ниедна животна препрека не може да те спречи во желбата да успееш во тоа што го сакаш и во што ќе вложиш многу труд. Нам, како претставници на државата ни останува да го поддржиме во неговата лична борба за повисоко образование и остварување на потенцијалите, што несомнено ги поседува, истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири по средбата со Амир Дестанов од основното училиште „Браќа Рамиз Хамид“ и од Дневниот центар за деца од улица, кој освои награда на натпреварот „Кенгур“.

Амир е наша гордост. Неговите резултати по математика се уште позначајни, затоа што нема исти услови за учење како другите деца. Амир, и другите талентирани деца, заслужуваат разбирање, внимание и целосна системска поддршка. Ние сме мала земја која треба да ги негува своите талентирани деца. Ова е посебно важно за надарените деца, кај кои семејната грижа ја нема или е недоволна, но затоа имаат цврста волја да ги надминат состојбите во кои се наоѓаат и да го постигнат максимумот од личните можности, нагласи министерот Шаќири.

На состанокот присуствуваше и Арабела Илјаз од Министерството за образование и наука, која е координатор на процесот за креирање и имплементација на ромски образовни политики.

Од Министерството за образование и наука соопштија дека ќе продолжат да ги развиваат политиките за поддршка на талентираните ученици, преку обезбедување на нови и дополнителни можности за развој на нивниот потенцијал, покрај можностите кои и сега се достапни за стекнување на правото за користење на одредена категорија на стипендија и други парични надоместоци, можности за побрзо напредување и преминување од едно во друго одделение, поддршка преку покривање на трошоците за учество на меѓународни натпревари и олимпијади, можности за едукација во новоотворената Математичко – информатичка гимназија во Скопје, како и доделување средства преку Фондот за иновации и посебни програми креирани во соработка со меѓународни партнери и организации.

The post Извонредниот Амир ќе добие поддршка од државата за уште повеќе успеси во учењето appeared first on Република.

]]>

Младиот Амир покажа дека ниедна животна препрека не може да те спречи во желбата да успееш во тоа што го сакаш и во што ќе вложиш многу труд. Нам, како претставници на државата ни останува да го поддржиме во неговата лична борба за повисоко образование и остварување на потенцијалите, што несомнено ги поседува, истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири по средбата со Амир Дестанов од основното училиште „Браќа Рамиз Хамид“ и од Дневниот центар за деца од улица, кој освои награда на натпреварот „Кенгур“.
Амир е наша гордост. Неговите резултати по математика се уште позначајни, затоа што нема исти услови за учење како другите деца. Амир, и другите талентирани деца, заслужуваат разбирање, внимание и целосна системска поддршка. Ние сме мала земја која треба да ги негува своите талентирани деца. Ова е посебно важно за надарените деца, кај кои семејната грижа ја нема или е недоволна, но затоа имаат цврста волја да ги надминат состојбите во кои се наоѓаат и да го постигнат максимумот од личните можности, нагласи министерот Шаќири.
На состанокот присуствуваше и Арабела Илјаз од Министерството за образование и наука, која е координатор на процесот за креирање и имплементација на ромски образовни политики. Од Министерството за образование и наука соопштија дека ќе продолжат да ги развиваат политиките за поддршка на талентираните ученици, преку обезбедување на нови и дополнителни можности за развој на нивниот потенцијал, покрај можностите кои и сега се достапни за стекнување на правото за користење на одредена категорија на стипендија и други парични надоместоци, можности за побрзо напредување и преминување од едно во друго одделение, поддршка преку покривање на трошоците за учество на меѓународни натпревари и олимпијади, можности за едукација во новоотворената Математичко – информатичка гимназија во Скопје, како и доделување средства преку Фондот за иновации и посебни програми креирани во соработка со меѓународни партнери и организации.

The post Извонредниот Амир ќе добие поддршка од државата за уште повеќе успеси во учењето appeared first on Република.

]]>