амфетамини Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/amfetamini/ За подобро да се разбереме Mon, 21 Oct 2024 09:27:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png амфетамини Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/amfetamini/ 32 32 Падна скопски дилер: Дрогата ја чувал во олукот, ја пронајде полициско куче https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/padna-skopski-diler-drogata-ja-chuval-vo-olukot-ja-pronajde-politsisko-kuche/ Mon, 21 Oct 2024 09:27:40 +0000 https://republika.mk/?p=829354

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција, во координација со СВР Скопје - Единица за недозволена трговија, на 19 октомври го лишиле од слобода М.Л.(27) од Скопје.

Како што соопшти денеска МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, а во кој било употребено и службено куче, биле пронајдени и одземени две пакувања со околу 140 грама амфетамин.

[caption id="attachment_829356" align="aligncenter" width="670"] фото: МВР[/caption]

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот СВР Скопје ќе поднесе соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.

The post Падна скопски дилер: Дрогата ја чувал во олукот, ја пронајде полициско куче appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција, во координација со СВР Скопје - Единица за недозволена трговија, на 19 октомври го лишиле од слобода М.Л.(27) од Скопје. Како што соопшти денеска МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, а во кој било употребено и службено куче, биле пронајдени и одземени две пакувања со околу 140 грама амфетамин. [caption id="attachment_829356" align="aligncenter" width="670"] фото: МВР[/caption] Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот СВР Скопје ќе поднесе соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.

The post Падна скопски дилер: Дрогата ја чувал во олукот, ја пронајде полициско куче appeared first on Република.

]]>
Јордан заплени тон амфетамини на границата со Ирак https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/jordan-zapleni-ton-amfetamini-na-granicata-so-irak/ Mon, 26 Dec 2022 09:56:24 +0000 https://republika.mk/?p=589993

Јордан заплени еден тон таблети амфетамин шверцувани во паста од урми на границата со Ирак, што е една од најголемите заплени од ваков вид.

Според извештаите, во два камиони-ладилници биле пронајдени вкупно шест милиони таблети од лекот познат како „каптагон“.

Последната заплена е извршена на граничниот премин Ал-Карамах меѓу Ирак и Јордан. Не беше наведено колку лица се уапсени.

Се почести се судирите меѓу јорданската армија и трговците со дрога.

 

The post Јордан заплени тон амфетамини на границата со Ирак appeared first on Република.

]]>

Јордан заплени еден тон таблети амфетамин шверцувани во паста од урми на границата со Ирак, што е една од најголемите заплени од ваков вид. Според извештаите, во два камиони-ладилници биле пронајдени вкупно шест милиони таблети од лекот познат како „каптагон“. Последната заплена е извршена на граничниот премин Ал-Карамах меѓу Ирак и Јордан. Не беше наведено колку лица се уапсени. Се почести се судирите меѓу јорданската армија и трговците со дрога.  

The post Јордан заплени тон амфетамини на границата со Ирак appeared first on Република.

]]>
Апсење во Катланово, запленет амфетамин во вредност од околу 40.000 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/apsenje-vo-katlanovo-zaplenet-amfetamin-vo-vrednost-od-okolu-40-000-evra/ Sun, 25 Dec 2022 15:40:14 +0000 https://republika.mk/?p=589747

Припадници на полицијата денеска во Катланово приведоа три лица од Скопје, кај кои се пронајден околу седум килограми амфетамин, чија вредност е проценета на околу 40.000 евра, соопшти МВР.

Како што информира портпаролката на МВР, Сузана Прањиќ Талевска, припадници на Единицата за недозволена трговија со дрога и Секторот за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција, во заедничка акција со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, со поддршка од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во скопското село Катланово ги лишиле од слобода скопјаните М.Ш. (48), Е.Т. (30) и А.З. (19), бидејќи кај нив бил пронајден ранец со 14 компресирани пакувања со синтетичка дрога амфетамин со тежина од околу 7 килограми, чија вредност е околу 40.000 евра.

Според Прањиќ Талевска, во текот на ноември и декември 2022 година, по наредба на јавен обвинител од ОЈО Скоје, било спроведено криминалистичко истражување насочено кон осомничени дилери, кои вршеле продажба на синтетичка дрога амфетамин и на марихуана од Скопје, Велес, Гевгелија и Тетово.

Во текот на истрагата од слобода се лишени 13 лица и запленет е околу еден килограм синтетичка дрога амфетамин и марихуана, за што досега се поднесени осум кривични пријави до надлежните Основни јавни обвинителства во Скопје и Велес, а на дел од лишените лица одредени им се мерки притвор, наведе Прањиќ Талевска.

Во текот на денешниот ден, пак, извршени се претреси на пет локации во Скопје, при што се пронајдени марихуана, хероин, амфетамин и предмети кои потекнуваат од извршени кривични дела кражби.

Според Прањиќ Талевска, запленети се и парични средства кои потекнуваат од продажба на наркотични и синтетички дроги и четири патнички возила – Голф 5, Ауди А3, Мерцедес и Рено Клио, за кои во текот на истрагата се обезбедени докази дека биле употребувани за продажба на дроги.

Притоа, лишена од слобода е и Р.И.(39) од Скопје, а против други лица инволвирани во извршените кривична дела, за кои се обезбедени докази, ќе бидат преземени дополнителни мерки за нивно пронаоѓање и лишување од слобода, изјави Прањиќ Талевска.

Од страна на СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје ќе биде поднесена кривична пријава против пет лица за извршено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.

Министерството за внатрешни работи информира дека и во претпразничниот период ќе продолжи со преземање на засилени мерки и активности во борбата против недозволената трговија со дрога и наркотични средства.

The post Апсење во Катланово, запленет амфетамин во вредност од околу 40.000 евра appeared first on Република.

]]>

Припадници на полицијата денеска во Катланово приведоа три лица од Скопје, кај кои се пронајден околу седум килограми амфетамин, чија вредност е проценета на околу 40.000 евра, соопшти МВР. Како што информира портпаролката на МВР, Сузана Прањиќ Талевска, припадници на Единицата за недозволена трговија со дрога и Секторот за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција, во заедничка акција со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, со поддршка од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во скопското село Катланово ги лишиле од слобода скопјаните М.Ш. (48), Е.Т. (30) и А.З. (19), бидејќи кај нив бил пронајден ранец со 14 компресирани пакувања со синтетичка дрога амфетамин со тежина од околу 7 килограми, чија вредност е околу 40.000 евра. Според Прањиќ Талевска, во текот на ноември и декември 2022 година, по наредба на јавен обвинител од ОЈО Скоје, било спроведено криминалистичко истражување насочено кон осомничени дилери, кои вршеле продажба на синтетичка дрога амфетамин и на марихуана од Скопје, Велес, Гевгелија и Тетово.
Во текот на истрагата од слобода се лишени 13 лица и запленет е околу еден килограм синтетичка дрога амфетамин и марихуана, за што досега се поднесени осум кривични пријави до надлежните Основни јавни обвинителства во Скопје и Велес, а на дел од лишените лица одредени им се мерки притвор, наведе Прањиќ Талевска.
Во текот на денешниот ден, пак, извршени се претреси на пет локации во Скопје, при што се пронајдени марихуана, хероин, амфетамин и предмети кои потекнуваат од извршени кривични дела кражби. Според Прањиќ Талевска, запленети се и парични средства кои потекнуваат од продажба на наркотични и синтетички дроги и четири патнички возила – Голф 5, Ауди А3, Мерцедес и Рено Клио, за кои во текот на истрагата се обезбедени докази дека биле употребувани за продажба на дроги.
Притоа, лишена од слобода е и Р.И.(39) од Скопје, а против други лица инволвирани во извршените кривична дела, за кои се обезбедени докази, ќе бидат преземени дополнителни мерки за нивно пронаоѓање и лишување од слобода, изјави Прањиќ Талевска.
Од страна на СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје ќе биде поднесена кривична пријава против пет лица за извршено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик. Министерството за внатрешни работи информира дека и во претпразничниот период ќе продолжи со преземање на засилени мерки и активности во борбата против недозволената трговија со дрога и наркотични средства.

The post Апсење во Катланово, запленет амфетамин во вредност од околу 40.000 евра appeared first on Република.

]]>
Во шишиња леден чај пренесувал амфетамини: Македонски цариник уапсен на Деве Баир https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-shishinja-leden-chaj-prenesuval-amfetamini-makedonski-carinik-uapsen-na-deve-bair/ Mon, 11 Jul 2022 19:24:59 +0000 https://republika.mk/?p=527283

Бугарската полиција на граничниот премин со Македонија, Деве Баир, уапсила македонски цариник.

Цариникот со иницијали Д.Д. во својот автомобил со кумановски регистарски таблички превезувал поголема количество на психотропни супстанци, објави „Инфомакс“.

Во шишиња од леден чај тој превезувал концентриран метамфетамин како и три литри течен амфетамин.

Извори на „Инфомакс“ велат дека македонскиот државјанин е вработен во македонската царина.

The post Во шишиња леден чај пренесувал амфетамини: Македонски цариник уапсен на Деве Баир appeared first on Република.

]]>

Бугарската полиција на граничниот премин со Македонија, Деве Баир, уапсила македонски цариник. Цариникот со иницијали Д.Д. во својот автомобил со кумановски регистарски таблички превезувал поголема количество на психотропни супстанци, објави „Инфомакс“. Во шишиња од леден чај тој превезувал концентриран метамфетамин како и три литри течен амфетамин. Извори на „Инфомакс“ велат дека македонскиот државјанин е вработен во македонската царина.

The post Во шишиња леден чај пренесувал амфетамини: Македонски цариник уапсен на Деве Баир appeared first on Република.

]]>
Приведен дилер во Битола, пронајдени амфетамин и марихуана https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/priveden-diler-vo-bitola-pronajdeni-amfetamin-i-marihuana/ Wed, 16 Feb 2022 08:45:17 +0000 https://republika.mk/?p=459140

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија за дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола вчера го лишиле од слобода Д.Р.(42) од Битола. При преглед во возило „ауди“, кое го управувал Д.Р., бил пронајден и одземен амфетамин.

При претрес во неговиот дом, извршен врз основа на судска наредба, информираа денеска од МВР, биле пронајдени и одземени амфетамин и марихуана. Лицето е приведено во полициска станица, за случајот бил известен jавен обвинител, а по негово целосно документирање против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.

The post Приведен дилер во Битола, пронајдени амфетамин и марихуана appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија за дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола вчера го лишиле од слобода Д.Р.(42) од Битола. При преглед во возило „ауди“, кое го управувал Д.Р., бил пронајден и одземен амфетамин. При претрес во неговиот дом, извршен врз основа на судска наредба, информираа денеска од МВР, биле пронајдени и одземени амфетамин и марихуана. Лицето е приведено во полициска станица, за случајот бил известен jавен обвинител, а по негово целосно документирање против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.

The post Приведен дилер во Битола, пронајдени амфетамин и марихуана appeared first on Република.

]]>
Заедничка акција на македонската и бугарската полиција: Разбиена криминална група, запленет амфетамин https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zaednichka-akcija-na-makedonskata-i-bugarskata-policija-razbiena-kriminalna-grupa-zaplenet-amfetamin/ Fri, 11 Feb 2022 16:51:19 +0000 https://republika.mk/?p=457297

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единица за недозволена трговија со дрога, по повеќемесечна оперативна соработка и меѓународна полициска истрага насочена кон организирана криминална група составена од македонски и бугарски државјани, заедно со Одделот за борба против организиран криминал на Р.Бугарија и во координација на SELEC (Центарот за спроведување на законите во Југоисточна Европа), преземаа синхронизирани дејствија и активности, при што на 10.02.2022 во Софија, Р. Бугарија е откриена импровизирана нелегална лабораторија за производство на синтетички дроги. Притоа, од слобода се лишени четири лица, од кои двајца македонски државјани.

Кај лицата се пронајдени и запленети повеќе килограми амфетамин и други видови на хемиски супстанци и прекурсори. Истовремено, на територијата на Република Македонија, при претрес на дом, пронајдени и одземени се бела прашкаста материја и други хемиски супстанци во прашкаста и течна состојба.

The post Заедничка акција на македонската и бугарската полиција: Разбиена криминална група, запленет амфетамин appeared first on Република.

]]>

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единица за недозволена трговија со дрога, по повеќемесечна оперативна соработка и меѓународна полициска истрага насочена кон организирана криминална група составена од македонски и бугарски државјани, заедно со Одделот за борба против организиран криминал на Р.Бугарија и во координација на SELEC (Центарот за спроведување на законите во Југоисточна Европа), преземаа синхронизирани дејствија и активности, при што на 10.02.2022 во Софија, Р. Бугарија е откриена импровизирана нелегална лабораторија за производство на синтетички дроги. Притоа, од слобода се лишени четири лица, од кои двајца македонски државјани. Кај лицата се пронајдени и запленети повеќе килограми амфетамин и други видови на хемиски супстанци и прекурсори. Истовремено, на територијата на Република Македонија, при претрес на дом, пронајдени и одземени се бела прашкаста материја и други хемиски супстанци во прашкаста и течна состојба.

The post Заедничка акција на македонската и бугарската полиција: Разбиена криминална група, запленет амфетамин appeared first on Република.

]]>
На скопскиот аеродром запленета еден тон суровина за производство на дрога вредна над 50 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/na-skopskiot-aerodrom-zapleneta-eden-ton-surovina-za-proizvodstvo-na-droga-vredna-nad-50-milioni-evra/ Thu, 03 Feb 2022 13:54:49 +0000 https://republika.mk/?p=453628

Над еден тон материја за производство на амфетамин, вреден над 50 милиони евра, наменет за земји од Европската Унија се запленети на скопскиот Аеродром.

Во акцијата на полицијата е разбиена организирана криминална група и запленети над еден тон прекурзор од кој требало да биде произведен амфетамин. Пратката тргнала од Кина, додека, крајна дестинација била земја од ЕУ.

Од Министерството за внатрешни ја потврдија акцијата и најавија детали во текот на денот.

The post На скопскиот аеродром запленета еден тон суровина за производство на дрога вредна над 50 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Над еден тон материја за производство на амфетамин, вреден над 50 милиони евра, наменет за земји од Европската Унија се запленети на скопскиот Аеродром. Во акцијата на полицијата е разбиена организирана криминална група и запленети над еден тон прекурзор од кој требало да биде произведен амфетамин. Пратката тргнала од Кина, додека, крајна дестинација била земја од ЕУ. Од Министерството за внатрешни ја потврдија акцијата и најавија детали во текот на денот.

The post На скопскиот аеродром запленета еден тон суровина за производство на дрога вредна над 50 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Приведен дилер на амфетамини во Козле https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/priveden-diler-na-amfetamini-vo-kozle/ Mon, 10 Jan 2022 20:28:54 +0000 https://republika.mk/?p=442764

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека ги сторил кривичните дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори по член 215 став 1, како и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи согласно член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 42-годишник, во својот дом во Козле држел 19 пакувања со вкупно 21,6 грама амфетамин, повеќе дигитални ваги со остатоци од дрога, како и огнено оружје – пиштол „Црвена застава“ со калибар 7,65 мм и два куршуми. Психотропните супстанции и оружјето биле пронајдени при претрес на домот на осомничениот на 5 јануари.

Со оглед на тоа што во конкретниот случај постојат околности кои што укажуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да ги повтори делата, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​​

The post Приведен дилер на амфетамини во Козле appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека ги сторил кривичните дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори по член 215 став 1, како и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи согласно член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 42-годишник, во својот дом во Козле држел 19 пакувања со вкупно 21,6 грама амфетамин, повеќе дигитални ваги со остатоци од дрога, како и огнено оружје – пиштол „Црвена застава“ со калибар 7,65 мм и два куршуми. Психотропните супстанции и оружјето биле пронајдени при претрес на домот на осомничениот на 5 јануари. Со оглед на тоа што во конкретниот случај постојат околности кои што укажуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да ги повтори делата, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​​

The post Приведен дилер на амфетамини во Козле appeared first on Република.

]]>