американски војник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/amerikanski-vojnik/ За подобро да се разбереме Wed, 16 Aug 2023 09:43:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png американски војник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/amerikanski-vojnik/ 32 32 Северна Кореја: Американскиот војник Тревис Кинг бара засолниште од „нечовечкото злоставување и расната дискриминација“ во САД и во армијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/severna-koreja-amerikanskiot-vojnik-trevis-king-bara-zasolnishte-od-nechovechkoto-zlostavuvane-i-rasnata-diskriminatsija-vo-sad-i-vo-armijata/ Wed, 16 Aug 2023 09:43:10 +0000 https://republika.mk/?p=672634

Севернија Кореја заклучила дека американскиот војник Тревис Кинг бара засолниште од „нечовечкото злоставување и расната дискриминација“ во САД и во армијата, објавија тамошните државни медиуми во средата, што е првпат Пјонгјанг да потврди дека мажот преминал во земјата од Јужна Кореја на 18-ти јули.

Припадникот на американските вооружени сили Тревис Кинг ја претрчал линијата на раздвојување меѓу двете корејски држави и влегол во Северна Кореја во цивилна облека додека бил во обиколка на заедничката безбедносна зона на силно утврената граница којашто го разделува Корејскиот полуостров.

Американските функционери изјавија дека веруваат оти Кинг намерно ја преминал границата и засега одбиваат да го класифицираат како воен заробеник.

Севернокорејската истрага, исто така, уврдила дека Кинг граничната линија ја минал со умисла и илегално, со намера да остане во Северна Кореја или во некоја трета земја, објави државната новинска агенција KCNA.

Во текот на истрагата Тревис Кинг призна дека решил да дојде во ДНРК поради нечовечкото малтретирање и расната дискриминација во американската војска. Исто така, изрази подготвеност да побара статус на бегалец во ДНРК или во трета земја, велејќи дека е разочаран од нееднаквоста во американското општество, известува KCNA употребувајќи го акронимот за официјалниот назив на Северна Кореја – Демократска Народна Република Кореја.

Агенцијата пренесува и дека Кинг бил во рацете на војниците на Корејската народна армија откако ја минал границата, како и дека истрагата во врска со неговиот случај сѐ уште е активна.

Вујкото на Кинг, Мјирон Гејтс, претходно во август изјави за американската телевизиска мрежа ABC Nеws дека неговиот внук, како црнец доживувал расизам во војската и дека, откако извесно време минал во затвор во Јужна Кореја, „не си личел на себеси“.

Американските власти објавија дека Северна Кореја досега не одговорила на нивните официјални прашања во врска со случајот на Кинг.

Од Пентагон за Reuters изјавиле дека не можат да ја потврдат автентичноста на цитатите на Кинг, како што ги пренесува KCNA, како и дека и натаму се насочени на неговото безбедно враќање.

Портпаролот на Командата на Обединетите нации (UNC), која го контролира граничното село преку кое минал Кинг, изјавил дека нема што да додаде на претходните изјави.

Споменувањето на подготвеноста на Кинг да побара засолниште во Северна Кореја или во некоја трета земја покажува дека сѐ уште не е јасно каде сакал да оди, толкува за AFP Јанг Мо-јин, професор на Универзитетот за севернокорејски студии во Сеул.

Тае Јонг-хо, поранешен севернокорејски дипломат кој по пребегнувањето сега е јужнокорејски пратеник, вели дека описот на Кинг во севернокорејските државни медиуми како „илегален натрапник“ а не доброволен пребег, како и споменувањето на трета земја, сугерира дека Северна Кореја можеби не би сакала да го задржи долго кај себе.

Тоа ја отвора можноста Севверна Кореја да го испрати во трета земја, каде што американските функционери може да го преземат и да го вратат дома, доколку сака, вели Тае во писмена изјава.

Кинг ѝ се приклучил на американската војска во 2021 година. Се соочил со две обвиненија за напад во Јужна Кореја, а на крајот ја признал вината за еден напад и уништување јавна сопственост поради оштетен полициски автомобил во текот на тирада против Корејците полна со пцовки, покажуваат судските документи кои ги цитираат американските медиуми.

Војникот требало да се соочи со дополнителни дисциплински мерки кога ќе бил вратен во САД. Американската војска Кинг го транспортирала на аеродромот во Сеул за да се врати во својата матична единица во Соединетите држави. Но сѐ уште нејасно како, тој го напуштил аеродромот и се придружил на група којашто била во обиколка на пограничните области, каде ја претрчал линијата на раздвојување и покрај обидите на американските и јужнокорејските стражари да го запрат.

The post Северна Кореја: Американскиот војник Тревис Кинг бара засолниште од „нечовечкото злоставување и расната дискриминација“ во САД и во армијата appeared first on Република.

]]>

Севернија Кореја заклучила дека американскиот војник Тревис Кинг бара засолниште од „нечовечкото злоставување и расната дискриминација“ во САД и во армијата, објавија тамошните државни медиуми во средата, што е првпат Пјонгјанг да потврди дека мажот преминал во земјата од Јужна Кореја на 18-ти јули. Припадникот на американските вооружени сили Тревис Кинг ја претрчал линијата на раздвојување меѓу двете корејски држави и влегол во Северна Кореја во цивилна облека додека бил во обиколка на заедничката безбедносна зона на силно утврената граница којашто го разделува Корејскиот полуостров. Американските функционери изјавија дека веруваат оти Кинг намерно ја преминал границата и засега одбиваат да го класифицираат како воен заробеник. Севернокорејската истрага, исто така, уврдила дека Кинг граничната линија ја минал со умисла и илегално, со намера да остане во Северна Кореја или во некоја трета земја, објави државната новинска агенција KCNA.
Во текот на истрагата Тревис Кинг призна дека решил да дојде во ДНРК поради нечовечкото малтретирање и расната дискриминација во американската војска. Исто така, изрази подготвеност да побара статус на бегалец во ДНРК или во трета земја, велејќи дека е разочаран од нееднаквоста во американското општество, известува KCNA употребувајќи го акронимот за официјалниот назив на Северна Кореја – Демократска Народна Република Кореја.
Агенцијата пренесува и дека Кинг бил во рацете на војниците на Корејската народна армија откако ја минал границата, како и дека истрагата во врска со неговиот случај сѐ уште е активна. Вујкото на Кинг, Мјирон Гејтс, претходно во август изјави за американската телевизиска мрежа ABC Nеws дека неговиот внук, како црнец доживувал расизам во војската и дека, откако извесно време минал во затвор во Јужна Кореја, „не си личел на себеси“. Американските власти објавија дека Северна Кореја досега не одговорила на нивните официјални прашања во врска со случајот на Кинг. Од Пентагон за Reuters изјавиле дека не можат да ја потврдат автентичноста на цитатите на Кинг, како што ги пренесува KCNA, како и дека и натаму се насочени на неговото безбедно враќање. Портпаролот на Командата на Обединетите нации (UNC), која го контролира граничното село преку кое минал Кинг, изјавил дека нема што да додаде на претходните изјави.
Споменувањето на подготвеноста на Кинг да побара засолниште во Северна Кореја или во некоја трета земја покажува дека сѐ уште не е јасно каде сакал да оди, толкува за AFP Јанг Мо-јин, професор на Универзитетот за севернокорејски студии во Сеул.
Тае Јонг-хо, поранешен севернокорејски дипломат кој по пребегнувањето сега е јужнокорејски пратеник, вели дека описот на Кинг во севернокорејските државни медиуми како „илегален натрапник“ а не доброволен пребег, како и споменувањето на трета земја, сугерира дека Северна Кореја можеби не би сакала да го задржи долго кај себе.
Тоа ја отвора можноста Севверна Кореја да го испрати во трета земја, каде што американските функционери може да го преземат и да го вратат дома, доколку сака, вели Тае во писмена изјава.
Кинг ѝ се приклучил на американската војска во 2021 година. Се соочил со две обвиненија за напад во Јужна Кореја, а на крајот ја признал вината за еден напад и уништување јавна сопственост поради оштетен полициски автомобил во текот на тирада против Корејците полна со пцовки, покажуваат судските документи кои ги цитираат американските медиуми. Војникот требало да се соочи со дополнителни дисциплински мерки кога ќе бил вратен во САД. Американската војска Кинг го транспортирала на аеродромот во Сеул за да се врати во својата матична единица во Соединетите држави. Но сѐ уште нејасно како, тој го напуштил аеродромот и се придружил на група којашто била во обиколка на пограничните области, каде ја претрчал линијата на раздвојување и покрај обидите на американските и јужнокорејските стражари да го запрат.

The post Северна Кореја: Американскиот војник Тревис Кинг бара засолниште од „нечовечкото злоставување и расната дискриминација“ во САД и во армијата appeared first on Република.

]]>