американски тим за санкции Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/amerikanski-tim-za-sankcii/ За подобро да се разбереме Sun, 05 Mar 2023 16:09:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png американски тим за санкции Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/amerikanski-tim-za-sankcii/ 32 32 Албанците повеќе веруваат дека американските заложби ќе ја намалат корупцијата отколку Македонците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/albantsite-poveke-veruvaat-deka-amerikanskite-zalozhbi-ke-ja-namalat-koruptsijata-otkolku-makedontsite/ Sun, 05 Mar 2023 16:21:04 +0000 https://republika.mk/?p=616113

Половина од граѓаните сметаат дека Меѓународната заедница треба да биде вклучена во процесот на избор на судии и обвинители, покажува последното истражување на јавното мислење кое за „Детектор“ го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според него, 47,8% од граѓаните сметаат дека Меѓународната заедница треба да биде вклучена во процесот на избор на судии и обвинители додека 36,1% сметаат дека не треба. Според етничката структура и Македонците и Албанците во мнозинство сметаат дека меѓународната заедница треба да биде вклучена во процесот на избор на судии и обвинители, со таа разлика што кај етничките Албанци потребата ја истакнуваат 62,4% а кај Македонците 42,7%.

50,9% од анкетираните се на ставот дека во одредени судски процеси од висок профил треба да бидат вклучени и обвинители од странство, додека 35,1% сметаат дека не треба. Разликата во ставовите според етничката структура на анкетираните и тука е идентична како и на претходното прашање.

Над три четвртини од граѓаните или 78,6% сметаат дека треба да се направи ветинг во судството, односно да се провери имотната состојба на судиите заедно со судските случаи во кои биле вклучени под мониторинг на меѓународната заедница. Само 10,7% сметаат дека ветинг на судиите не е потребен.

Деталната анализа покажува дека околу 82% од вработените во приватниот сектор и оние кои што се самовработени како и земјоделците поддржуваат ветинг во судството додека овој процент кај вработените во јавниот сектор се спушта на 77,%, а најнизок е кај студентите, 75%.

Граѓаните во мнозинство бараат странски експерти и во Антикорупциската комисија. 53,2% сметаат дека со цел да се зајакне нејзиното влијание странски експерти треба да бидат вклучени во Антикорупциската комисија додека 31,2% сметаат дека не треба. Тука Македонците и етничките Албанци имаат речиси дијаметрално спротивни ставови. Додека 50,9% од етничките Македонци сметаат дека не ни требаат странци во Антикорупциска, дури 60,9% етнички Албанци се убедени во спротивното.

Граѓаните се прилично поделени по прашањето дали почетокот на преговорите со ЕУ ќе придонесе за поефикасно справување со корупцијата. Тенко мнозинство од 43,5% сметаат дека ќе придонесе додека 41,1% сметаат дека нема.

Мнозинството од анкетираните сметаат дека заложбите на САД за борбата против корупцијата нема да придонесат за нејзино намалување. Ваков став делат 46% од анкетираните додека 38,7% сметаат дека заложбите на САД ќе ни донесат пониска корупција.

Најголем дел од нив се етнички Албанци. Меѓу нив дури 57,8% сметаат дека заложбите на САД за борба против корупцијата ќе придонесат за нејзино намалување што е дијаметрално спротивно од 52,1% Македонци кои сметаат дека заложбите на САД нема да ни помогнат за намалување на корупцијата.

Слични се ставовите и на прашањето дали најавената американска црна листа на функционери поврзани со корупција ќе има влијание врз нивното однесување. 43,5% од граѓаните сметаат дека влијание нема да има, додека 38,2% дека ќе има некакво влијание. И тука анализата на анкетата според етничката структура на анкетирани покажува дека етничките Албанци во огромно мнозинство од 60,9% сметаат дека американската црна листа ќе има влијание врз функционерите додека 50,9% Македонци сметаат дека таа нема да има никакво влијание на нивното однесување.

Истражувањето на јавното мислење за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1115 испитаници во периодот од 01 до 04 февруари оваа година.

The post Албанците повеќе веруваат дека американските заложби ќе ја намалат корупцијата отколку Македонците appeared first on Република.

]]>

Половина од граѓаните сметаат дека Меѓународната заедница треба да биде вклучена во процесот на избор на судии и обвинители, покажува последното истражување на јавното мислење кое за „Детектор“ го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според него, 47,8% од граѓаните сметаат дека Меѓународната заедница треба да биде вклучена во процесот на избор на судии и обвинители додека 36,1% сметаат дека не треба. Според етничката структура и Македонците и Албанците во мнозинство сметаат дека меѓународната заедница треба да биде вклучена во процесот на избор на судии и обвинители, со таа разлика што кај етничките Албанци потребата ја истакнуваат 62,4% а кај Македонците 42,7%. 50,9% од анкетираните се на ставот дека во одредени судски процеси од висок профил треба да бидат вклучени и обвинители од странство, додека 35,1% сметаат дека не треба. Разликата во ставовите според етничката структура на анкетираните и тука е идентична како и на претходното прашање. Над три четвртини од граѓаните или 78,6% сметаат дека треба да се направи ветинг во судството, односно да се провери имотната состојба на судиите заедно со судските случаи во кои биле вклучени под мониторинг на меѓународната заедница. Само 10,7% сметаат дека ветинг на судиите не е потребен. Деталната анализа покажува дека околу 82% од вработените во приватниот сектор и оние кои што се самовработени како и земјоделците поддржуваат ветинг во судството додека овој процент кај вработените во јавниот сектор се спушта на 77,%, а најнизок е кај студентите, 75%. Граѓаните во мнозинство бараат странски експерти и во Антикорупциската комисија. 53,2% сметаат дека со цел да се зајакне нејзиното влијание странски експерти треба да бидат вклучени во Антикорупциската комисија додека 31,2% сметаат дека не треба. Тука Македонците и етничките Албанци имаат речиси дијаметрално спротивни ставови. Додека 50,9% од етничките Македонци сметаат дека не ни требаат странци во Антикорупциска, дури 60,9% етнички Албанци се убедени во спротивното. Граѓаните се прилично поделени по прашањето дали почетокот на преговорите со ЕУ ќе придонесе за поефикасно справување со корупцијата. Тенко мнозинство од 43,5% сметаат дека ќе придонесе додека 41,1% сметаат дека нема. Мнозинството од анкетираните сметаат дека заложбите на САД за борбата против корупцијата нема да придонесат за нејзино намалување. Ваков став делат 46% од анкетираните додека 38,7% сметаат дека заложбите на САД ќе ни донесат пониска корупција. Најголем дел од нив се етнички Албанци. Меѓу нив дури 57,8% сметаат дека заложбите на САД за борба против корупцијата ќе придонесат за нејзино намалување што е дијаметрално спротивно од 52,1% Македонци кои сметаат дека заложбите на САД нема да ни помогнат за намалување на корупцијата. Слични се ставовите и на прашањето дали најавената американска црна листа на функционери поврзани со корупција ќе има влијание врз нивното однесување. 43,5% од граѓаните сметаат дека влијание нема да има, додека 38,2% дека ќе има некакво влијание. И тука анализата на анкетата според етничката структура на анкетирани покажува дека етничките Албанци во огромно мнозинство од 60,9% сметаат дека американската црна листа ќе има влијание врз функционерите додека 50,9% Македонци сметаат дека таа нема да има никакво влијание на нивното однесување. Истражувањето на јавното мислење за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1115 испитаници во периодот од 01 до 04 февруари оваа година.

The post Албанците повеќе веруваат дека американските заложби ќе ја намалат корупцијата отколку Македонците appeared first on Република.

]]>
Американскиот тим за борба против корупцијата е веќе во Македонија! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/amerikanskiot-tim-za-borba-protiv-korupcijata-e-vekje-vo-makedonija/ Tue, 13 Dec 2022 09:11:39 +0000 https://republika.mk/?p=585043

Вицепреммиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ вчера рече дека го поддржува доаѓањето на тим од САД кој ќе треба да се бори во борбата против корупцијата. Тој октри дека дел од експертите се веќе во Македонија.

 Американските пријатели се добредојдени и мислам дека дел од нив веќе се тука, рече вицепремиерот Маричиќ.

 

Неспособноста на власта да се справи со корупцијата ја посочи американската амбасадорка Агелер која најави дека во Македонија ќе дојде тим за санкции од Вашингтон, за да преземе поагресивен пристап кон минатите и сегашните корумпирани актери и да ги разгледа сите можни постапки.

„На правосудниот сектор во Македонија му требаат повеќе истраги, гонење за да се покаже дека никој не е над законот“, напиша амбасадорката Агелер.

 

The post Американскиот тим за борба против корупцијата е веќе во Македонија! appeared first on Република.

]]>

Вицепреммиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ вчера рече дека го поддржува доаѓањето на тим од САД кој ќе треба да се бори во борбата против корупцијата. Тој октри дека дел од експертите се веќе во Македонија.
 Американските пријатели се добредојдени и мислам дека дел од нив веќе се тука, рече вицепремиерот Маричиќ.
  Неспособноста на власта да се справи со корупцијата ја посочи американската амбасадорка Агелер која најави дека во Македонија ќе дојде тим за санкции од Вашингтон, за да преземе поагресивен пристап кон минатите и сегашните корумпирани актери и да ги разгледа сите можни постапки.
„На правосудниот сектор во Македонија му требаат повеќе истраги, гонење за да се покаже дека никој не е над законот“, напиша амбасадорката Агелер.
 

The post Американскиот тим за борба против корупцијата е веќе во Македонија! appeared first on Република.

]]>