американски разузнувачи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/amerikanski-razuznuvachi/ За подобро да се разбереме Sun, 19 May 2024 07:58:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png американски разузнувачи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/amerikanski-razuznuvachi/ 32 32 Американски разузнавачи тврдат: Русија и Кина подготвуваат заедничка инвазија на Тајван https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/amerikanski-razuznavachi-tvrdat-rusija-i-kina-podgotvuvaat-zaednichka-invazija-na-tajvan/ Sun, 19 May 2024 07:58:53 +0000 https://republika.mk/?p=779721

Американското разузнавање има информации кои укажуваат дека Русија и Кина тесно соработуваат за голем број воени прашања, вклучително и потенцијална инвазија на Тајван.

Такво нешто ја поттикна американската администрација да планира како да спречи такво сценарио, пренесува „Блумберг“.

Ова е првпат Кина и Русија да соработуваат за прашањето на Тајван. Кина дефинитивно сака да соработува со Русија во оваа насока“, изјавила шефицата на Националната разузнавачка служба, Аврил Хејнс, за време на нејзиното сведочење пред Конгресот.

Републиканскиот сенатор, Мајк Раунд, од Јужна Дакота ја праша Хејнс за такво сценарио за време на сослушувањето на Комитетот за вооружени служби во Сенатот. Тој праша и дали Пентагон планира одговор на таквата можност, бидејќи големи се шансите во случај на конфликт со една земја да биде отворен потенцијален конфликт со една или повеќе од нив. Тоа би влијаело на многу работи.

Секако дека постои можност да се случи такво нешто. Одговорот на тоа прашање зависи од сценариото што би се развило“, изјави Хејнс, додавајќи дека разузнавачките проценки укажуваат дека постои зголемена соработка во партнерството „без забрани“ меѓу Русија и Кина во секој општествен сектор – политички, економски, воени, технолошки“, пренесува медиумот.

Според пишувањето на медиумот, нејзините изјави ги потврдил и генерал-полковник Џефри Круз кој нагласил дека ситуацијата внимателно се следи и дека „тие се подготвени доколку се случи несакано сценарио“.

„Блумберг“ анализира дека треба да се знае оти Русија, Кина и Иран во средината на март одржаа заеднички воени вежби наречени „Поморски безбедносен појас - 2024“ во Оманскиот Залив и Арапското Море.

The post Американски разузнавачи тврдат: Русија и Кина подготвуваат заедничка инвазија на Тајван appeared first on Република.

]]>

Американското разузнавање има информации кои укажуваат дека Русија и Кина тесно соработуваат за голем број воени прашања, вклучително и потенцијална инвазија на Тајван. Такво нешто ја поттикна американската администрација да планира како да спречи такво сценарио, пренесува „Блумберг“.
Ова е првпат Кина и Русија да соработуваат за прашањето на Тајван. Кина дефинитивно сака да соработува со Русија во оваа насока“, изјавила шефицата на Националната разузнавачка служба, Аврил Хејнс, за време на нејзиното сведочење пред Конгресот.
Републиканскиот сенатор, Мајк Раунд, од Јужна Дакота ја праша Хејнс за такво сценарио за време на сослушувањето на Комитетот за вооружени служби во Сенатот. Тој праша и дали Пентагон планира одговор на таквата можност, бидејќи големи се шансите во случај на конфликт со една земја да биде отворен потенцијален конфликт со една или повеќе од нив. Тоа би влијаело на многу работи.
Секако дека постои можност да се случи такво нешто. Одговорот на тоа прашање зависи од сценариото што би се развило“, изјави Хејнс, додавајќи дека разузнавачките проценки укажуваат дека постои зголемена соработка во партнерството „без забрани“ меѓу Русија и Кина во секој општествен сектор – политички, економски, воени, технолошки“, пренесува медиумот.
Според пишувањето на медиумот, нејзините изјави ги потврдил и генерал-полковник Џефри Круз кој нагласил дека ситуацијата внимателно се следи и дека „тие се подготвени доколку се случи несакано сценарио“. „Блумберг“ анализира дека треба да се знае оти Русија, Кина и Иран во средината на март одржаа заеднички воени вежби наречени „Поморски безбедносен појас - 2024“ во Оманскиот Залив и Арапското Море.

The post Американски разузнавачи тврдат: Русија и Кина подготвуваат заедничка инвазија на Тајван appeared first on Република.

]]>