американски авиони Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/amerikanski-avioni/ За подобро да се разбереме Sun, 10 Apr 2022 11:05:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png американски авиони Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/amerikanski-avioni/ 32 32 Александар Велинов е првиот воен пилот на Бугарија обучен да лета на американските Ф-16 https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/aleksandar-velinov-e-prviot-voen-pilot-na-bugarija-obuchen-da-leta-na-amerikanskite-f-16/ Sun, 10 Apr 2022 11:37:46 +0000 https://republika.mk/?p=486169

Бугарија го има првиот пилот за американските авиони-ловци Ф-16 што ќе бидат испратени во земјата. Како што јави дописникот на МИА од Софија, капетанот Александар Велинов успешно ја завршил обуката во Националната военовоздухопловна гарда во Аризона, САД.

Таму се обучуваат уште четворица бугарски пилоти.

Велинов во интервју за БНР истакна дека ова е многу добра шанса неговите колеги да можат да летаат со сосема нов авион-ловец, за разлика од сегашните МиГ-29, кои се стари над 30 години.

Се радувам што новата техника доаѓа во овој момент, кога јас ќе можам да управувам со новите авиони подолг период - изјави бугарскиот пилот на Ф-16.

Бугарија ќе ја добие првата серија од осум американски борбени авиони Ф-16 во 2025 година, што доцни една година поради Ковид-19. Во моментов се водат преговори меѓу Бугарија и производителот на Ф-16 за набавка на втора серија од осум авиони, со кои Софија до 2030 година ќе има вкупно 16 нови авиони-ловци Ф-16, што ќе бидат цела ескадрила

The post Александар Велинов е првиот воен пилот на Бугарија обучен да лета на американските Ф-16 appeared first on Република.

]]>

Бугарија го има првиот пилот за американските авиони-ловци Ф-16 што ќе бидат испратени во земјата. Како што јави дописникот на МИА од Софија, капетанот Александар Велинов успешно ја завршил обуката во Националната военовоздухопловна гарда во Аризона, САД. Таму се обучуваат уште четворица бугарски пилоти. Велинов во интервју за БНР истакна дека ова е многу добра шанса неговите колеги да можат да летаат со сосема нов авион-ловец, за разлика од сегашните МиГ-29, кои се стари над 30 години.
Се радувам што новата техника доаѓа во овој момент, кога јас ќе можам да управувам со новите авиони подолг период - изјави бугарскиот пилот на Ф-16.
Бугарија ќе ја добие првата серија од осум американски борбени авиони Ф-16 во 2025 година, што доцни една година поради Ковид-19. Во моментов се водат преговори меѓу Бугарија и производителот на Ф-16 за набавка на втора серија од осум авиони, со кои Софија до 2030 година ќе има вкупно 16 нови авиони-ловци Ф-16, што ќе бидат цела ескадрила

The post Александар Велинов е првиот воен пилот на Бугарија обучен да лета на американските Ф-16 appeared first on Република.

]]>
Во Германија пристигнаа американски авиони специјализирани за електронско војување https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-germanija-pristignaa-amerikanski-avioni-specijalizirani-za-elektronsko-vojuvanje/ Tue, 29 Mar 2022 13:05:53 +0000 https://republika.mk/?p=480358

Американските власти објавија дека распоредуваат шест морнарички авиони специјализирани за електронско војување, како и околу 240 членови на морнарицата со цел да се зајакне одбраната на НАТО во Источна Европа.

Пентагон објави дека авионите EA-18Г Гровлер, од нивното седиште на островот Виби во државата Вашингтон се испратени во воздухопловната база Спангдалем во Германија, каде што ќе бидат стационирани.

Според соопштението, овие авиони не се наменети за употреба во Украина.

The post Во Германија пристигнаа американски авиони специјализирани за електронско војување appeared first on Република.

]]>

Американските власти објавија дека распоредуваат шест морнарички авиони специјализирани за електронско војување, како и околу 240 членови на морнарицата со цел да се зајакне одбраната на НАТО во Источна Европа. Пентагон објави дека авионите EA-18Г Гровлер, од нивното седиште на островот Виби во државата Вашингтон се испратени во воздухопловната база Спангдалем во Германија, каде што ќе бидат стационирани. Според соопштението, овие авиони не се наменети за употреба во Украина.

The post Во Германија пристигнаа американски авиони специјализирани за електронско војување appeared first on Република.

]]>