американска војска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/amerikanska-vojska/ За подобро да се разбереме Sat, 20 Apr 2024 07:32:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png американска војска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/amerikanska-vojska/ 32 32 САД ќе ја повлечат својата војска од Нигер https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-ke-ja-povlechat-svojata-vojska-od-niger/ Sat, 20 Apr 2024 07:32:50 +0000 https://republika.mk/?p=768316

Повеќе од 1.000 американски војници ќе го напуштат Нигер во наредните месеци, објави Њујорк Тајмс. Американски извори потврдиле дека веќе е постигнат договор за тоа меѓу заменик државниот секретар на САД Курт Кемпбел и раководството на Нигер, пренесува БТА.
Американската војска во Нигер е стационирана во две бази, вклучувајќи ја и базата за беспилотни летала позната како авиоабаза 201, изградена во близина на Агадез во централниот дел на Нигер.

Од 2018 година, базата се користи против милитантите од Исламската држава и Џамаат Нусрат ал-Ислам вал Муслимин, исламистичка организација поврзана со Ал Каеда, во регионот Сахел.

Армијата на Нигер ја презеде власта со државен удар минатата година. Пред пучот, Нигер беше клучен безбедносен партнер на САД и Франција. Но, новите власти во Нигер им се придружија на хунтите во соседните Мали и Буркина Фасо и ги прекинаа воените договори со своите некогашни западни сојузници како Вашингтон и Париз, напуштајќи го регионалниот политички и економски блок ECOWAS. Тие, исто така, започнаа поблиски врски со Русија.

Во наредните денови треба да се разговара за тоа како ќе се одвива повлекување на американските војници војници од Нигер.

The post САД ќе ја повлечат својата војска од Нигер appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 1.000 американски војници ќе го напуштат Нигер во наредните месеци, објави Њујорк Тајмс. Американски извори потврдиле дека веќе е постигнат договор за тоа меѓу заменик државниот секретар на САД Курт Кемпбел и раководството на Нигер, пренесува БТА. Американската војска во Нигер е стационирана во две бази, вклучувајќи ја и базата за беспилотни летала позната како авиоабаза 201, изградена во близина на Агадез во централниот дел на Нигер. Од 2018 година, базата се користи против милитантите од Исламската држава и Џамаат Нусрат ал-Ислам вал Муслимин, исламистичка организација поврзана со Ал Каеда, во регионот Сахел. Армијата на Нигер ја презеде власта со државен удар минатата година. Пред пучот, Нигер беше клучен безбедносен партнер на САД и Франција. Но, новите власти во Нигер им се придружија на хунтите во соседните Мали и Буркина Фасо и ги прекинаа воените договори со своите некогашни западни сојузници како Вашингтон и Париз, напуштајќи го регионалниот политички и економски блок ECOWAS. Тие, исто така, започнаа поблиски врски со Русија. Во наредните денови треба да се разговара за тоа како ќе се одвива повлекување на американските војници војници од Нигер.

The post САД ќе ја повлечат својата војска од Нигер appeared first on Република.

]]>
САД ја подготвуваат својата војска за одбрана на доминацијата на Арктикот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-ja-podgotvuvaat-svojata-vojska-za-odbrana-na-dominatsijata-na-arktikot/ Sat, 16 Mar 2024 18:44:16 +0000 https://republika.mk/?p=754927

САД ја подготвуваат својата војска за одбрана на доминацијата на Арктикот, пренесува „Бизнис инсајдер“.

Американската армија подготви нова стратегија за изведување борбени операции во ладна клима, а во февруари спроведе големи вежби (со учество на над 8 илјади воени лица на Алјаска) со цел војската да ја прилагоди на екстремни услови, пишува весникот.

Со ваквите напори, САД се надеваат дека ќе ги обноват своите мускули, кои атрофираа во последните 20 години, се наведува во материјалот.

Дел од овој процес вклучува градење посилно воено присуство во регионот за зајакнување на односите со сојузниците како што се анада и Данска. Тоа значи и користење на ова присуство за да се држат под контрола Русија и Кина.

The post САД ја подготвуваат својата војска за одбрана на доминацијата на Арктикот appeared first on Република.

]]>

САД ја подготвуваат својата војска за одбрана на доминацијата на Арктикот, пренесува „Бизнис инсајдер“. Американската армија подготви нова стратегија за изведување борбени операции во ладна клима, а во февруари спроведе големи вежби (со учество на над 8 илјади воени лица на Алјаска) со цел војската да ја прилагоди на екстремни услови, пишува весникот. Со ваквите напори, САД се надеваат дека ќе ги обноват своите мускули, кои атрофираа во последните 20 години, се наведува во материјалот. Дел од овој процес вклучува градење посилно воено присуство во регионот за зајакнување на односите со сојузниците како што се анада и Данска. Тоа значи и користење на ова присуство за да се држат под контрола Русија и Кина.

The post САД ја подготвуваат својата војска за одбрана на доминацијата на Арктикот appeared first on Република.

]]>
Падот на бројот на бели регрути ја предизвикува најтешката кадровска криза на американската војска последниов половина век https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/padot-na-brojot-na-beli-regruti-ja-predizvikuva-najteshkata-kadrovska-kriza-na-amerikanskata-vojska-posledniov-polovina-vek/ Sat, 24 Feb 2024 19:57:07 +0000 https://republika.mk/?p=747600

Падот на бројот на бели регрути ја предизвика најтешката кадровска криза во американската војска во последните 50 години, пишуваат западните медиуми повикувајќи се на податоци на Пентагон.

Во 2018 година, 56,4% од регрутите биле белци. Во 2023 година таа бројка паднала на минимум од 44%. Процентот на Афроамериканците и Хиспаноамериканците се зголемила, но вкупниот број на регрути нагло паднал.

Бројките објавени од Пентагон покажуваат дека само 23 отсто од Американците на возраст од 17 до 24 години ги исполнуваат минималните стандарди за да се приклучат на војската без отфрлање. Само 10% сакаат да служат. Според истражување од 2022 година, младите не го сакаат стресот на војската и веруваат дека службата одзема време од другите професии.

Министерството за одбрана на САД ја нарекува 2023 година најтешка година за регрутирање - процес кој е исполнет со само 76,6 отсто, се наведува во публикацијата.

The post Падот на бројот на бели регрути ја предизвикува најтешката кадровска криза на американската војска последниов половина век appeared first on Република.

]]>

Падот на бројот на бели регрути ја предизвика најтешката кадровска криза во американската војска во последните 50 години, пишуваат западните медиуми повикувајќи се на податоци на Пентагон. Во 2018 година, 56,4% од регрутите биле белци. Во 2023 година таа бројка паднала на минимум од 44%. Процентот на Афроамериканците и Хиспаноамериканците се зголемила, но вкупниот број на регрути нагло паднал. Бројките објавени од Пентагон покажуваат дека само 23 отсто од Американците на возраст од 17 до 24 години ги исполнуваат минималните стандарди за да се приклучат на војската без отфрлање. Само 10% сакаат да служат. Според истражување од 2022 година, младите не го сакаат стресот на војската и веруваат дека службата одзема време од другите професии. Министерството за одбрана на САД ја нарекува 2023 година најтешка година за регрутирање - процес кој е исполнет со само 76,6 отсто, се наведува во публикацијата.

The post Падот на бројот на бели регрути ја предизвикува најтешката кадровска криза на американската војска последниов половина век appeared first on Република.

]]>
2 000 американски војници ќе се распоредуваат во Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/2-000-amerikanski-vojnitsi-ke-se-rasporeduvaat-vo-izrael/ Tue, 17 Oct 2023 16:06:24 +0000 https://republika.mk/?p=692214

Американската војска одреди околу 2.000 војници да се подготват за потенцијално распоредување за поддршка на Израел, изјави неименуван американски претставник од Министерството за одбрана за „Фокс њуз“.

Тој посочи дека војниците не вклучуваат пешадија и ќе имаат задача да советуваат и обезбедуваат медицинска помош.

Војниците доаѓаат од сите единици на САД и не е предвидено да учествуваат во борбите. Војниците во моментов се стационирани на Блискиот Исток и надвор од регионот, вклучително и Европа, додадоа американски претставници.

The post 2 000 американски војници ќе се распоредуваат во Израел appeared first on Република.

]]>

Американската војска одреди околу 2.000 војници да се подготват за потенцијално распоредување за поддршка на Израел, изјави неименуван американски претставник од Министерството за одбрана за „Фокс њуз“. Тој посочи дека војниците не вклучуваат пешадија и ќе имаат задача да советуваат и обезбедуваат медицинска помош. Војниците доаѓаат од сите единици на САД и не е предвидено да учествуваат во борбите. Војниците во моментов се стационирани на Блискиот Исток и надвор од регионот, вклучително и Европа, додадоа американски претставници.

The post 2 000 американски војници ќе се распоредуваат во Израел appeared first on Република.

]]>
Американските војници добиваат две бази во Словачка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/amerikanskite-vojnici-dobivaat-dve-bazi-vo-slovachka/ Wed, 09 Feb 2022 16:58:37 +0000 https://republika.mk/?p=456372

Словачкиот парламент денеска го одобри одбранбениот воен договор со САД.

Американските медиуми пренесуваат дека договорот за соработка во областа на одбраната е усвоен со 79 гласа „за“ наспроти 60 „против“ во 150-члениот парламент.

Договорот, наводно, и дозволува на американската војска во следните 10 години да може да користи две словачки воздухополовни бази, додека ова земја членка на НАТО ќе добие 100 милиони долари од САД за нивна модернизација.

Договорот беше потпишан во вашингтон на 3 февруари од американскиот државен секретар Ентони Блинкен и словачкиот министер за одбрана Јарослав Наѓ, а останува уште да биде ратификуван и од претседателката Зузана Чапутова.

Владата на премиерот Едуард Хегер го поддржа потпишувањето на договорот, за кој рече дека „значително ќе ја подобри нашата безбедност“.

Опозицијата се противи на овој договор и тврди дека тој може да го загрози суверенитетот на земјата, како и да овозможи постојано присуство на американски војници на територијата на Словачка.

Илјадници граѓани се собраа пред зградата на Собранието додека пратениците расправаа за договорот.

Од друга страна, словачката и американската влада ги отфрлија ваквите обвинувања.

-Ништо во денешниот договор не укажува на создавање постојани американски бази или присуство на војници во Словачка, а договорот целосно ги почитува суверенитетот и законите на Словачка, рече Блинкен за време на церемонијата на потпишување во Стејт департментот.

The post Американските војници добиваат две бази во Словачка appeared first on Република.

]]>

Словачкиот парламент денеска го одобри одбранбениот воен договор со САД. Американските медиуми пренесуваат дека договорот за соработка во областа на одбраната е усвоен со 79 гласа „за“ наспроти 60 „против“ во 150-члениот парламент. Договорот, наводно, и дозволува на американската војска во следните 10 години да може да користи две словачки воздухополовни бази, додека ова земја членка на НАТО ќе добие 100 милиони долари од САД за нивна модернизација. Договорот беше потпишан во вашингтон на 3 февруари од американскиот државен секретар Ентони Блинкен и словачкиот министер за одбрана Јарослав Наѓ, а останува уште да биде ратификуван и од претседателката Зузана Чапутова. Владата на премиерот Едуард Хегер го поддржа потпишувањето на договорот, за кој рече дека „значително ќе ја подобри нашата безбедност“. Опозицијата се противи на овој договор и тврди дека тој може да го загрози суверенитетот на земјата, како и да овозможи постојано присуство на американски војници на територијата на Словачка. Илјадници граѓани се собраа пред зградата на Собранието додека пратениците расправаа за договорот. Од друга страна, словачката и американската влада ги отфрлија ваквите обвинувања.
-Ништо во денешниот договор не укажува на создавање постојани американски бази или присуство на војници во Словачка, а договорот целосно ги почитува суверенитетот и законите на Словачка, рече Блинкен за време на церемонијата на потпишување во Стејт департментот.

The post Американските војници добиваат две бази во Словачка appeared first on Република.

]]>
Војската на САД работи на моќна супер-вакцина против коронавирусот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vojskata-na-sad-raboti-na-mokjna-super-vakcina-protiv-koronavirusot-2/ Thu, 03 Feb 2022 10:37:41 +0000 https://republika.mk/?p=453481

„Супер вакцина”, „пан-коронавирусна вакцина”, „чудотворно оружје”, сето ова треба да биде SpNF вакцината против коронавирус, која моментално ја тестира Воениот истражувачки институт на САД.

Оваа шилеста-феритин-наночестичка-вакцина (Spike-Ferritin-Nanoparticle), скратено SpFN, е наменета да заштити од зараза со голем број на варијанти на коронавирус, а со тоа и да спречи идни пандемии. Редовното обновување на вакцинацијата би станало непотребно, дури и во случај да се појават нови варијанти, пишува Дојче веле.

SpFN е протеинска вакцина, а принципот на дејство е сличен на оној на производот на Новавакс, кој беше одобрен од Европската агенција за лекови (EMA) кон крајот на декември.

SpFN се базира на феритин, протеинска молекула која може да складира железо. Оваа молекула се претвора во „топка” со 24 полиња, слично на фудбалска топка. Така, на секое од овие полиња може да се стави маркантен шилест протеин со различна варијанта на коронавирусот. Ова ја прави вакцината променлива и погодна за модификации.

Шилестата структура на таканаречените шилести протеини ја користат и вакцините кои веќе се одобрени. Шилците се како отворачи на врата кои се врзуваат за рецепторот ACE-2, дозволувајќи им на коронавирусите да навлезат во човечките клетки.

Со примањето на оваа вакцина се создаваат антитела кои се врзуваат за шилестиот протеин така што врзувањето со рецепторот повеќе не функционира и вирусот повеќе не може да ги инфицира клетките. Во исто време, вакцинацијата ги активира Т-клетките, кои во случај на инфекција ги препознаваат и убиваат заразените клетки и на тој начин го спречуваат размножувањето на вирусот.

Покрај тоа, за разлика од вакцината mRNA, SpFN не мора да се чува на многу ниски температури, што ја прави многу полесна за дистрибуција. Ова важи и за протеинската вакцина на Новавакс.

Вакцината SpFN беше развиена во американскиот воен институт за истражување Волтер Рид (WRAIR). Прво беше тестирана на резус мајмуни.

Вакцината создаде силни неутрализирачки антитела против оригиналниот коронавирус, како и против четири други соеви: алфа, бета, гама и делта. Таа била ефикасна дури и против вирусот САРС-1, иако овој тип на вирус значително се разликува од САРС-КоВ-2, информираат истражувачите од Институтот WRAIR во списанието Science Translational Medicine.

Според WRAIR, по успешното тестирање на мајмуни, почна првата фаза на тестирање на луѓе, што треба да покаже дали вакцината е подеднакво ефикасна и кај луѓето и дали добро се поднесува.

The post Војската на САД работи на моќна супер-вакцина против коронавирусот appeared first on Република.

]]>

„Супер вакцина”, „пан-коронавирусна вакцина”, „чудотворно оружје”, сето ова треба да биде SpNF вакцината против коронавирус, која моментално ја тестира Воениот истражувачки институт на САД. Оваа шилеста-феритин-наночестичка-вакцина (Spike-Ferritin-Nanoparticle), скратено SpFN, е наменета да заштити од зараза со голем број на варијанти на коронавирус, а со тоа и да спречи идни пандемии. Редовното обновување на вакцинацијата би станало непотребно, дури и во случај да се појават нови варијанти, пишува Дојче веле.
SpFN е протеинска вакцина, а принципот на дејство е сличен на оној на производот на Новавакс, кој беше одобрен од Европската агенција за лекови (EMA) кон крајот на декември.
SpFN се базира на феритин, протеинска молекула која може да складира железо. Оваа молекула се претвора во „топка” со 24 полиња, слично на фудбалска топка. Така, на секое од овие полиња може да се стави маркантен шилест протеин со различна варијанта на коронавирусот. Ова ја прави вакцината променлива и погодна за модификации.
Шилестата структура на таканаречените шилести протеини ја користат и вакцините кои веќе се одобрени. Шилците се како отворачи на врата кои се врзуваат за рецепторот ACE-2, дозволувајќи им на коронавирусите да навлезат во човечките клетки. Со примањето на оваа вакцина се создаваат антитела кои се врзуваат за шилестиот протеин така што врзувањето со рецепторот повеќе не функционира и вирусот повеќе не може да ги инфицира клетките. Во исто време, вакцинацијата ги активира Т-клетките, кои во случај на инфекција ги препознаваат и убиваат заразените клетки и на тој начин го спречуваат размножувањето на вирусот. Покрај тоа, за разлика од вакцината mRNA, SpFN не мора да се чува на многу ниски температури, што ја прави многу полесна за дистрибуција. Ова важи и за протеинската вакцина на Новавакс. Вакцината SpFN беше развиена во американскиот воен институт за истражување Волтер Рид (WRAIR). Прво беше тестирана на резус мајмуни. Вакцината создаде силни неутрализирачки антитела против оригиналниот коронавирус, како и против четири други соеви: алфа, бета, гама и делта. Таа била ефикасна дури и против вирусот САРС-1, иако овој тип на вирус значително се разликува од САРС-КоВ-2, информираат истражувачите од Институтот WRAIR во списанието Science Translational Medicine. Според WRAIR, по успешното тестирање на мајмуни, почна првата фаза на тестирање на луѓе, што треба да покаже дали вакцината е подеднакво ефикасна и кај луѓето и дали добро се поднесува.

The post Војската на САД работи на моќна супер-вакцина против коронавирусот appeared first on Република.

]]>
Пентагон се пофали дека американски војници извршиле успешна антитерористичка мисија во северозападна Сирија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pentagon-se-pofali-deka-amerikanski-vojnici-izvrshile-uspeshna-antiteroristichka-misija-vo-severozapadna-sirija/ Thu, 03 Feb 2022 07:45:23 +0000 https://republika.mk/?p=453298

Пентагон соопшти дека американската војска успешно извршила антитерористичка мисија во северозападна Сирија, додавајќи дека нема американски жртви.

Жителите на северозападниот град Атмех и бунтовниците кои се борат против сириската влада претходно известија за неколку цивилни жртви во двочасовната операција. Се верува дека мети биле џихадисти поврзани со Ал Каеда.

Американските сили за специјални операции под Централната команда извршија антитерористичка мисија во северозападна Сирија. Мисијата беше успешна. Немаше американски жртви - изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

Тој додаде дека дополнително ќе бидат соопштени повеќе информации.

Жителите на Атмех изјавија дека операцијата се случила околу полноќ во густо населена област на границата со Турција каде што десетици илјади сириски бегалци живеат во импровизирани сместувања.

The post Пентагон се пофали дека американски војници извршиле успешна антитерористичка мисија во северозападна Сирија appeared first on Република.

]]>

Пентагон соопшти дека американската војска успешно извршила антитерористичка мисија во северозападна Сирија, додавајќи дека нема американски жртви. Жителите на северозападниот град Атмех и бунтовниците кои се борат против сириската влада претходно известија за неколку цивилни жртви во двочасовната операција. Се верува дека мети биле џихадисти поврзани со Ал Каеда.
Американските сили за специјални операции под Централната команда извршија антитерористичка мисија во северозападна Сирија. Мисијата беше успешна. Немаше американски жртви - изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.
Тој додаде дека дополнително ќе бидат соопштени повеќе информации. Жителите на Атмех изјавија дека операцијата се случила околу полноќ во густо населена област на границата со Турција каде што десетици илјади сириски бегалци живеат во импровизирани сместувања.

The post Пентагон се пофали дека американски војници извршиле успешна антитерористичка мисија во северозападна Сирија appeared first on Република.

]]>