американска црна листа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/amerikanska-tsrna-lista/ За подобро да се разбереме Fri, 04 Oct 2024 09:39:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png американска црна листа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/amerikanska-tsrna-lista/ 32 32 Села ги обвини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ дека заеднички работеле Кочо Анѓушев да биде ставен на црна листа на САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sela-gi-obvini-sdsm-i-vmro-dpmne-deka-zaednichki-rabotele-kocho-angushev-da-bide-staven-na-tsrna-lista-na-sad/ Fri, 04 Oct 2024 09:39:49 +0000 https://republika.mk/?p=822548

Пратеникот Зијадин Села, кој е дел од Европскиот фронт и лидер на едно од крилата на поделената Алијанса за Албанците, смета дека поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев влијаел и придонел лидерот на конкурентската ВМРО-ДПМНЕ и актуелен премиер Христијан Мицкоски да постигне апсолутна победа на изминатите двојни избори.

Во интервју за неделникот „Фокус“, Села истакнува дека „држи тезата оти ВМРО е помогната за да постигне апсолутна власт“, а, како што посочи, за жал поддржувачите и членството на СДСМ во овој случај се жртва. Токму по иницијативите за соработка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, додава тој, бизнисменот и поранешен вицепремиер Кочо Анѓушев бил ставен на „црната листа“ на САД.

-Кога зборувам за овие феномени претпочитам да зборувам за политички збиднувања и јавни изјави во минатото. Дали имаше изјава меѓу Мицкоски и Заев за време на кампањата и дадена рака меѓу нив дека ќе направат коалиција по изборите меѓу ВМРО и СДСМ со исклучување на албанскиот политички фактор? Тоа се случи во студио за време на кампања, 2020 година. Тоа е најава. Потоа проструи, исто така, една информација по медиумите дека треба да се направи коалиција меѓу ВМРО и СДСМ, со исклучување на ДУИ додека станеме рамноправна членка на ЕУ. Но, за таква најава постои ризик. И во време на СФРЈ сме имале претставници во власта, но не го претставувале народот, наведува Села.

Според него, исто е сега и со легитимитетот за кој зборуваат.

-Јас имам право да се сомневам. Да земаш политички губитник кај Албанците како дел од власта, па потоа да создаваш ситуација кога ќе немаш потреба од организирана партија кај Албанците, па ќе земеш индивидуалци Албанци, па на Албанците ќе им кажеш еве имате претставници во власта. Оваа идеја наликува многу на тоа што Заев правеше…, вели тој.

The post Села ги обвини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ дека заеднички работеле Кочо Анѓушев да биде ставен на црна листа на САД appeared first on Република.

]]>

Пратеникот Зијадин Села, кој е дел од Европскиот фронт и лидер на едно од крилата на поделената Алијанса за Албанците, смета дека поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев влијаел и придонел лидерот на конкурентската ВМРО-ДПМНЕ и актуелен премиер Христијан Мицкоски да постигне апсолутна победа на изминатите двојни избори. Во интервју за неделникот „Фокус“, Села истакнува дека „држи тезата оти ВМРО е помогната за да постигне апсолутна власт“, а, како што посочи, за жал поддржувачите и членството на СДСМ во овој случај се жртва. Токму по иницијативите за соработка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, додава тој, бизнисменот и поранешен вицепремиер Кочо Анѓушев бил ставен на „црната листа“ на САД.
-Кога зборувам за овие феномени претпочитам да зборувам за политички збиднувања и јавни изјави во минатото. Дали имаше изјава меѓу Мицкоски и Заев за време на кампањата и дадена рака меѓу нив дека ќе направат коалиција по изборите меѓу ВМРО и СДСМ со исклучување на албанскиот политички фактор? Тоа се случи во студио за време на кампања, 2020 година. Тоа е најава. Потоа проструи, исто така, една информација по медиумите дека треба да се направи коалиција меѓу ВМРО и СДСМ, со исклучување на ДУИ додека станеме рамноправна членка на ЕУ. Но, за таква најава постои ризик. И во време на СФРЈ сме имале претставници во власта, но не го претставувале народот, наведува Села.
Според него, исто е сега и со легитимитетот за кој зборуваат.
-Јас имам право да се сомневам. Да земаш политички губитник кај Албанците како дел од власта, па потоа да создаваш ситуација кога ќе немаш потреба од организирана партија кај Албанците, па ќе земеш индивидуалци Албанци, па на Албанците ќе им кажеш еве имате претставници во власта. Оваа идеја наликува многу на тоа што Заев правеше…, вели тој.
 
The post Села ги обвини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ дека заеднички работеле Кочо Анѓушев да биде ставен на црна листа на САД appeared first on Република.

]]>
Џафери сомничав дали ќе може да се спроведе законот за „црни листи“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-somnichav-dali-ke-mozhe-da-se-sprovede-zakonot-za-tsrni-listi/ Tue, 06 Feb 2024 08:40:27 +0000 https://republika.mk/?p=740825

Техничката Влада се очекува на денешната седница повторно да го разгледа Предлог-законот за рестриктивни мерки, кој беше повлечен од собраниска процедура. Премиерот на техничката Влада Талат Џафери во интервју за МИА вели дека една од причините за повлекувањето е дека во составот на Владата имало несогласувања околу текстот на законот. Потребно е, вели тој, да се создаваат нови дополнителни можности за да се спроведат правните аспекти, но, додава дека, законот треба да се гледа и од политички контекст за да биде исполнета неговата цел.

-Добро, административно прво и по однос на претставниците, дали ќе бидат исти, нема да бидат исти. По однос на дилемите коишто се отворија во јавноста без да се гледа текстот, искрено јас и не стигнав да го видам текстот таму бидејќи по надлежноста таму и немав обврска да го гледам текстот како материјален дел. По однос на статусот овде сметав дека е посоодветно да се повлече, особено што како информација имав дека внатре во составот на Влада имаше несогласување околу текстот, рече Џафери.

Во предложениот текст, потенцира тој, има „состојби“ кои не се совпаѓаат со нашиот правен систем, и во таа смисла потребно е да се создаваат нови дополнителни можности за да се спроведат правните аспекти. Но, на овој закон, според Џафери, не треба да се гледа само од правен, туку и со политички контекст за да биде прифатена неговата цел.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-go-praka-loga-vo-turtsija-za-da-proveri-do-kade-e-ekstraditsijata-na-palevski/

-Моето гледиште е политички, како политичко решение во смисла создавање предуслови за зацртување на предусловите за борбата против корупцијата и организираниот криминал. И ако тоа би требало да биде додадена вредност за напорите на државата за справување со таа појава во тој контекст е политичка одлука во смисла да се создаваат нови можности, дополнителни можности за да се спроведат правните аспекти, она што е конкретната борба и во тој контекст мислам дека е неопходно да се гледа законот, не стриктно само од правен аспект, туку и од политички контекст да се гледа работата пошироко за да ја има прифатливоста по однос на целта која што се поставува пред законот. Правниот дел, професионалниот дел, јас не би сакал да го оспорам секако фелата си има право да си ги гледа и затоа и е правната фела, меѓутоа покрај правниот аспект државата има политички обврски и можности и потреби кон граѓаните да излезе со дополнителни мерки по однос на борбата со корупцијата, рече Џафери во интервјуто за МИА.

The post Џафери сомничав дали ќе може да се спроведе законот за „црни листи“ appeared first on Република.

]]>

Техничката Влада се очекува на денешната седница повторно да го разгледа Предлог-законот за рестриктивни мерки, кој беше повлечен од собраниска процедура. Премиерот на техничката Влада Талат Џафери во интервју за МИА вели дека една од причините за повлекувањето е дека во составот на Владата имало несогласувања околу текстот на законот. Потребно е, вели тој, да се создаваат нови дополнителни можности за да се спроведат правните аспекти, но, додава дека, законот треба да се гледа и од политички контекст за да биде исполнета неговата цел.
-Добро, административно прво и по однос на претставниците, дали ќе бидат исти, нема да бидат исти. По однос на дилемите коишто се отворија во јавноста без да се гледа текстот, искрено јас и не стигнав да го видам текстот таму бидејќи по надлежноста таму и немав обврска да го гледам текстот како материјален дел. По однос на статусот овде сметав дека е посоодветно да се повлече, особено што како информација имав дека внатре во составот на Влада имаше несогласување околу текстот, рече Џафери.
Во предложениот текст, потенцира тој, има „состојби“ кои не се совпаѓаат со нашиот правен систем, и во таа смисла потребно е да се создаваат нови дополнителни можности за да се спроведат правните аспекти. Но, на овој закон, според Џафери, не треба да се гледа само од правен, туку и со политички контекст за да биде прифатена неговата цел. https://republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-go-praka-loga-vo-turtsija-za-da-proveri-do-kade-e-ekstraditsijata-na-palevski/
-Моето гледиште е политички, како политичко решение во смисла создавање предуслови за зацртување на предусловите за борбата против корупцијата и организираниот криминал. И ако тоа би требало да биде додадена вредност за напорите на државата за справување со таа појава во тој контекст е политичка одлука во смисла да се создаваат нови можности, дополнителни можности за да се спроведат правните аспекти, она што е конкретната борба и во тој контекст мислам дека е неопходно да се гледа законот, не стриктно само од правен аспект, туку и од политички контекст да се гледа работата пошироко за да ја има прифатливоста по однос на целта која што се поставува пред законот. Правниот дел, професионалниот дел, јас не би сакал да го оспорам секако фелата си има право да си ги гледа и затоа и е правната фела, меѓутоа покрај правниот аспект државата има политички обврски и можности и потреби кон граѓаните да излезе со дополнителни мерки по однос на борбата со корупцијата, рече Џафери во интервјуто за МИА.

The post Џафери сомничав дали ќе може да се спроведе законот за „црни листи“ appeared first on Република.

]]>
Власта не се откажува: Законот за „црни листи“ утре на владина седница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-ne-se-otkazhuva-zakonot-za-tsrni-listi-utre-na-vladina-sednitsa/ Mon, 05 Feb 2024 13:55:04 +0000 https://republika.mk/?p=740576

Законот за рестриктивни мерки утре ќе се најде на владина седница, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

-Утре ќе биде на Влада, јас ќе го предложам, а дали ќе помине на Собрание, баш би сакал да видам кој ќе го блокира. Имаше дебата зошто е повлечено, дали е од политички причини или не.. Имаше нова влада, сепак новата влада треба да го брани законот во Собрание. И се разбира треба уште еднаш да се потврди, а имаше и дополнително усогласување, рече Османи во интервју во Студио 10 на ТВ 24.

Во однос на критиките во судството и борбата против корупцијата, последната упатена од холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, кој минатиот месец имаше средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети, во седиштето на партијата, Османи оцени дека некогаш ппогрешно се инерпретираат границите меѓу судството и владата, така што, рече, критиките врз судството се интерпетртиаат како слабост а вчадата

-Или бараме независно судство, или не бараме. Ако бараме независно судство, тогаш конфликтите таму, и проблемите внатре, не ни ги префрлувајте на нас ниту како вина, затоа што, нели не треба да се мешаме. Имаме една разлика со холандскиот амбасадор. Јас велам, дајте да ги отвориме поглавјата 23 и 24 за владеење на право. Не можеме сами ние да го реформираме. Тој вели, не можеме да ги отвориме поглавјата, но вие терајте европско судство. Тоа не може, да можевме, немаше да направиме толку компромиси за да го отвориме европскиот пат..., кажа Османи.

Османи додаде дека европското право е врвот на човечката цивилизација.

-Не постои и историски, и сега географски цивилизација којашто има такво ниво. И ние претендираме за тоа, инаку ние наше балканско владеење на право, можеме и сами, и сега го имаме. Во Бугарија сега има уставни измени за да воведат Судски совет и Јавно-обвинителски совет. Ние одамна имаме воведено Судски совет. Не значи дека ние сме толку лоши. Но тоа е без Европската Унија. Ако сакате европско право, отворете ги поглавјата, оцени Османи.

Инаку, на владината седница одржана на 16 јануари, Владата, едногласно, со консензус изрази политичка волја предложените законски измени за Законот за рестриктивни мерки да ги достави до Собранието, додека МНР минатиот месец започна јавна расправа за измени на Законот за рестриктивни мерки со кои и американската „црна листа“ ќе биде основа за воведување на мерки од државата врз лица и фирми.

Измените во Законот произлегоа по проширувањето на црната листа на САД. МНР минатиот месец започна јавна расправа за измени на Законот за рестриктивни мерки со кои и американската „црна листа“ ќе биде основа за воведување на мерки од државата врз лица и фирми. Предлог измените, како што најави тогаш министерот Бујар Османи, предвидуваат и воведување два важни инструменти, институцијата предлагач да ги побара и да ги поднесе сите материјални докази до Обвинителството, а ЈО да почне постапка, вклучувајќи и конфискација на имот и доколку заврши со обвинение, се предвидува и времено спречување на вршење на јавна функција и и забрана за учество во јавни набавки доколку се работи за правни субјекти

The post Власта не се откажува: Законот за „црни листи“ утре на владина седница appeared first on Република.

]]>

Законот за рестриктивни мерки утре ќе се најде на владина седница, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.
-Утре ќе биде на Влада, јас ќе го предложам, а дали ќе помине на Собрание, баш би сакал да видам кој ќе го блокира. Имаше дебата зошто е повлечено, дали е од политички причини или не.. Имаше нова влада, сепак новата влада треба да го брани законот во Собрание. И се разбира треба уште еднаш да се потврди, а имаше и дополнително усогласување, рече Османи во интервју во Студио 10 на ТВ 24.
Во однос на критиките во судството и борбата против корупцијата, последната упатена од холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, кој минатиот месец имаше средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети, во седиштето на партијата, Османи оцени дека некогаш ппогрешно се инерпретираат границите меѓу судството и владата, така што, рече, критиките врз судството се интерпетртиаат како слабост а вчадата -Или бараме независно судство, или не бараме. Ако бараме независно судство, тогаш конфликтите таму, и проблемите внатре, не ни ги префрлувајте на нас ниту како вина, затоа што, нели не треба да се мешаме. Имаме една разлика со холандскиот амбасадор. Јас велам, дајте да ги отвориме поглавјата 23 и 24 за владеење на право. Не можеме сами ние да го реформираме. Тој вели, не можеме да ги отвориме поглавјата, но вие терајте европско судство. Тоа не може, да можевме, немаше да направиме толку компромиси за да го отвориме европскиот пат..., кажа Османи. Османи додаде дека европското право е врвот на човечката цивилизација.
-Не постои и историски, и сега географски цивилизација којашто има такво ниво. И ние претендираме за тоа, инаку ние наше балканско владеење на право, можеме и сами, и сега го имаме. Во Бугарија сега има уставни измени за да воведат Судски совет и Јавно-обвинителски совет. Ние одамна имаме воведено Судски совет. Не значи дека ние сме толку лоши. Но тоа е без Европската Унија. Ако сакате европско право, отворете ги поглавјата, оцени Османи.
Инаку, на владината седница одржана на 16 јануари, Владата, едногласно, со консензус изрази политичка волја предложените законски измени за Законот за рестриктивни мерки да ги достави до Собранието, додека МНР минатиот месец започна јавна расправа за измени на Законот за рестриктивни мерки со кои и американската „црна листа“ ќе биде основа за воведување на мерки од државата врз лица и фирми. Измените во Законот произлегоа по проширувањето на црната листа на САД. МНР минатиот месец започна јавна расправа за измени на Законот за рестриктивни мерки со кои и американската „црна листа“ ќе биде основа за воведување на мерки од државата врз лица и фирми. Предлог измените, како што најави тогаш министерот Бујар Османи, предвидуваат и воведување два важни инструменти, институцијата предлагач да ги побара и да ги поднесе сите материјални докази до Обвинителството, а ЈО да почне постапка, вклучувајќи и конфискација на имот и доколку заврши со обвинение, се предвидува и времено спречување на вршење на јавна функција и и забрана за учество во јавни набавки доколку се работи за правни субјекти

The post Власта не се откажува: Законот за „црни листи“ утре на владина седница appeared first on Република.

]]>
Црните листи во редовите на ДУИ го повлекоа Законот за рестриктивни мерки од Собрание https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tsrnite-listi-vo-redovite-na-dui-go-povlekoa-zakonot-za-restriktivni-merki-od-sobranie/ Fri, 02 Feb 2024 07:40:20 +0000 https://republika.mk/?p=739560

Сосема неочекувано, власта се реши да го повлече од собраниска процедура предлог Законот за рестриктивни мерки.Официјалното образложение е дека е од администативни причини.

Но, пратеници за „Република“ коментираат дека вистинската причина е критиките од јавноста и од експертската јавност дека со него се кршат десетина други закони и оти е спротивен со Уставот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-na-posledniot-den-ispratil-vo-sobranie-dva-kontroverzni-zakoni-vladata-saka-da-bide-sud-i-da-odluchuva-komu-da-mu-se-odzeme-imot/

Причина за повлекувањето е доколку се донесе овој закон први на кои ќе треба да се примени се функционери на ДУИ кои се или се следни да бидат ставени на американската црна листа.

Со измените на Законот за рестриктивни мерки американските и британските листи стануваат основа за санкционирање и од нашите институции.

Овој закон предвидуваше Овие закони предвидуваат воведување црни листи и  одземање на имот за кој ќе одлучува владата а не судот и целосно да ги преземе ингеренциите на судството.

Уште се предвидува дека лицата кои ќе се најдат на американската црна листа со одлука на влада да им биде конфискуван имот  и да им биде изречена забрана за привремено извршување на јавна функција до правосилност на пресуда.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dvizhene-besa-tehnichkiot-premier-talat-dhaferi-reshil-tehnichki-da-gi-spasi-kriminaltsite-potvrdeni-i-od-sad/

The post Црните листи во редовите на ДУИ го повлекоа Законот за рестриктивни мерки од Собрание appeared first on Република.

]]>

Сосема неочекувано, власта се реши да го повлече од собраниска процедура предлог Законот за рестриктивни мерки.Официјалното образложение е дека е од администативни причини. Но, пратеници за „Република“ коментираат дека вистинската причина е критиките од јавноста и од експертската јавност дека со него се кршат десетина други закони и оти е спротивен со Уставот. https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-na-posledniot-den-ispratil-vo-sobranie-dva-kontroverzni-zakoni-vladata-saka-da-bide-sud-i-da-odluchuva-komu-da-mu-se-odzeme-imot/ Причина за повлекувањето е доколку се донесе овој закон први на кои ќе треба да се примени се функционери на ДУИ кои се или се следни да бидат ставени на американската црна листа. Со измените на Законот за рестриктивни мерки американските и британските листи стануваат основа за санкционирање и од нашите институции. Овој закон предвидуваше Овие закони предвидуваат воведување црни листи и  одземање на имот за кој ќе одлучува владата а не судот и целосно да ги преземе ингеренциите на судството. Уште се предвидува дека лицата кои ќе се најдат на американската црна листа со одлука на влада да им биде конфискуван имот  и да им биде изречена забрана за привремено извршување на јавна функција до правосилност на пресуда. https://republika.mk/vesti/makedonija/dvizhene-besa-tehnichkiot-premier-talat-dhaferi-reshil-tehnichki-da-gi-spasi-kriminaltsite-potvrdeni-i-od-sad/

The post Црните листи во редовите на ДУИ го повлекоа Законот за рестриктивни мерки од Собрание appeared first on Република.

]]>
Агелер: На крајот на краиштата, останува на функционерите и граѓаните на оваа земја да побараат одговорност и промени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ageler-na-krajot-na-kraishtata-ostanuva-na-funktsionerite-i-graganite-na-ovaa-zemja-da-pobaraat-odgovornost-i-promeni/ Tue, 05 Dec 2023 18:17:02 +0000 https://republika.mk/?p=720030

На крајот на краиштата, останува на функционерите и граѓаните на оваа земја да побараат одговорност и промени, порача денеска американската амбасадорка Анџела Прајс Агелер, најавувајќи дека следат нови имиња на „црната листа“ на САД од Македонија.

Денешното именување на поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев и неговото семејство е уште еден доказ дека Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ги санкционираат корумпираните актери во оваа земја и во регионот, без разлика на нивната позиција, политичка определба или времето на злоупотребите, објави американската амбасадорка Анџела Агелер.

По одлуката на американскиот Стејт департмент за означување на Анѓушев на „црната листа“, Агелер во објава на платформата Х, најавува дека ќе следат повеќе назначувања.

Ќе следуваат повеќе назначувања, но факт е дека нашите напори и нашите санкции не можат да ја поправат епидемијата на корупција во Македонија. На крајот на краиштата, останува на функционерите и граѓаните на оваа земја да побараат одговорност и промени, објави Агелер на платформата Х.

САД, претходно денеска, го означија Кочо Анѓушев, како генерално неподобен за влез во Соединетите Американски Држави, поради неговата вмешаност во значителна корупција, соопштија денеска од американскиот Стејт департмент.

Додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во Македонија во нивните владини институции и јавни процеси, се наведува во соопштението објавено од Стејт департментот.

Денешната акција, се вели во соопштението, покажува дека САД стојат со оние во Македонија кои бараат одговорност од корумпирани јавни функционери.

На црната листа на САД, поради корупција, претходно се најдоа и Никола Груевски, Сашо Мијалков, Рамиз Мерко, Орце Камчев, Ратка Камчева и Сергеј Самсоненко.

The post Агелер: На крајот на краиштата, останува на функционерите и граѓаните на оваа земја да побараат одговорност и промени appeared first on Република.

]]>

На крајот на краиштата, останува на функционерите и граѓаните на оваа земја да побараат одговорност и промени, порача денеска американската амбасадорка Анџела Прајс Агелер, најавувајќи дека следат нови имиња на „црната листа“ на САД од Македонија. Денешното именување на поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев и неговото семејство е уште еден доказ дека Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ги санкционираат корумпираните актери во оваа земја и во регионот, без разлика на нивната позиција, политичка определба или времето на злоупотребите, објави американската амбасадорка Анџела Агелер.
По одлуката на американскиот Стејт департмент за означување на Анѓушев на „црната листа“, Агелер во објава на платформата Х, најавува дека ќе следат повеќе назначувања.
Ќе следуваат повеќе назначувања, но факт е дека нашите напори и нашите санкции не можат да ја поправат епидемијата на корупција во Македонија. На крајот на краиштата, останува на функционерите и граѓаните на оваа земја да побараат одговорност и промени, објави Агелер на платформата Х.
САД, претходно денеска, го означија Кочо Анѓушев, како генерално неподобен за влез во Соединетите Американски Држави, поради неговата вмешаност во значителна корупција, соопштија денеска од американскиот Стејт департмент.
Додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во Македонија во нивните владини институции и јавни процеси, се наведува во соопштението објавено од Стејт департментот.
Денешната акција, се вели во соопштението, покажува дека САД стојат со оние во Македонија кои бараат одговорност од корумпирани јавни функционери. На црната листа на САД, поради корупција, претходно се најдоа и Никола Груевски, Сашо Мијалков, Рамиз Мерко, Орце Камчев, Ратка Камчева и Сергеј Самсоненко.

The post Агелер: На крајот на краиштата, останува на функционерите и граѓаните на оваа земја да побараат одговорност и промени appeared first on Република.

]]>
Агелер: Ќе следуваат повеќе назначувања, но факт е дека нашите санкции не можат да ја поправат епидемијата на корупција во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ageler-ke-sleduvaat-poveke-naznachuvana-no-fakt-e-deka-nashite-sanktsii-ne-mozhat-da-ja-popravat-epidemijata-na-koruptsija-vo-makedonija/ Tue, 05 Dec 2023 16:56:32 +0000 https://republika.mk/?p=720007

Денешното именување на поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев и неговото семејство е уште еден доказ дека Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ги санкционираат корумпираните актери во оваа земја и во регионот, без разлика на нивната позиција, политичка определба или времето на злоупотребите, објави американската амбасадорка Анџела Агелер.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kocho-angushev-na-tsrnata-lista-na-sad/

По одлуката на американскиот Стејт департмент за означување на Анѓушев на „црната листа“, Агелер во објава на платформата Х, најавува дека ќе следат повеќе назначувања.

Ќе следуваат повеќе назначувања, но факт е дека нашите напори и нашите санкции не можат да ја поправат епидемијата на корупција во Македонија. На крајот на краиштата, останува на функционерите и граѓаните на оваа земја да побараат одговорност и промени, објави Агелер на платформата Х.

САД, претходно денеска, го означија Кочо Анѓушев, како генерално неподобен за влез во Соединетите Американски Држави, поради неговата вмешаност во значителна корупција, соопштија денеска од американскиот Стејт департмент.

Додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во Македонија во нивните владини институции и јавни процеси, се наведува во соопштението објавено од Стејт департментот.

Денешната акција, се вели во соопштението, покажува дека САД стојат со оние во Македонија кои бараат одговорност од корумпирани јавни функционери.

На црната листа на САД, поради корупција, претходно се најдоа и Никола Груевски, Сашо Мијалков, Рамиз Мерко, Орце Камчев, Ратка Камчева и Сергеј Самсоненко.

The post Агелер: Ќе следуваат повеќе назначувања, но факт е дека нашите санкции не можат да ја поправат епидемијата на корупција во Македонија appeared first on Република.

]]>

Денешното именување на поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев и неговото семејство е уште еден доказ дека Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ги санкционираат корумпираните актери во оваа земја и во регионот, без разлика на нивната позиција, политичка определба или времето на злоупотребите, објави американската амбасадорка Анџела Агелер. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kocho-angushev-na-tsrnata-lista-na-sad/ По одлуката на американскиот Стејт департмент за означување на Анѓушев на „црната листа“, Агелер во објава на платформата Х, најавува дека ќе следат повеќе назначувања.
Ќе следуваат повеќе назначувања, но факт е дека нашите напори и нашите санкции не можат да ја поправат епидемијата на корупција во Македонија. На крајот на краиштата, останува на функционерите и граѓаните на оваа земја да побараат одговорност и промени, објави Агелер на платформата Х.
САД, претходно денеска, го означија Кочо Анѓушев, како генерално неподобен за влез во Соединетите Американски Држави, поради неговата вмешаност во значителна корупција, соопштија денеска од американскиот Стејт департмент.
Додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во Македонија во нивните владини институции и јавни процеси, се наведува во соопштението објавено од Стејт департментот.
Денешната акција, се вели во соопштението, покажува дека САД стојат со оние во Македонија кои бараат одговорност од корумпирани јавни функционери. На црната листа на САД, поради корупција, претходно се најдоа и Никола Груевски, Сашо Мијалков, Рамиз Мерко, Орце Камчев, Ратка Камчева и Сергеј Самсоненко.

The post Агелер: Ќе следуваат повеќе назначувања, но факт е дека нашите санкции не можат да ја поправат епидемијата на корупција во Македонија appeared first on Република.

]]>
Парите на Дака за „Јелак“ биле од Панама, средбата со Заев му ја обезбедил Кичеец https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/parite-na-daka-za-jelak-bile-od-panama-sredbata-so-zaev-mu-ja-obezbedil-kicheets/ Fri, 17 Nov 2023 07:15:52 +0000 https://republika.mk/?p=702368

Контрорверзниот црногорски бизнисмен Миодраг Давидовиќ-Дака вчера беше ставен на американската црна листа.

Toj стана познат во Македонија по скандлот кој пред три години го објави потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.Во него се спомнуваше дека , Давидовиќ сакал да гради огромен станбен и деловен комплекс врз поранешната фабрика ШИК Јелак во Тетово. За таа цел, како што се дозна од негов тајно снимен разговор со Зоран Милески – Зоки Кичеец, Давидовиќ се среќавал со шефот на кабинетот на Зоран Заев, Драги Рашковски, при што давал мито за да се забрза процесот на издавање дозвола за изградбата на комплексот.

На снимката, Давидовиќ се жали дека на Заев и Рашковски морал да им дава пари, наводно за референдумот за промена на името, а по се изгледа како мито.

https://republika.mk/vesti/makedonija/biznismenot-daka-go-potvrdi-sostanokot-preku-kicheec-so-zaev/

И покрај тоа што пукна скандалот, Заев подоцна јавно се фалеше дека помогнал советот на општина Тетово да го одобри проектот и да се овозможи изградбата на комплексот на Дака, која се запре дури по промената на локалната власт во Тетово.

Давидовиќ исто така беше вмешан во скандал кој доведе до апсење на секретарот на македонската Влада, Драги Рашковски, најблизок човек на поранешниот премиер Зоран Заев. Рашковски наводно примил мито од Давидовиќ за да овозможи средба со премиерот Заев, во полза на бизнис интересите на Давидовиќ, пишува во соопштението на американската Влада, во кое Заев е посочен, но не е и лично ставен на црна листа.

Давидовиќ во писмото на 30.6 2020 година самиот призна контактите со Заев му ги овозможил Зоран Милевски Кичеец.

Бизнисменот Зоран Милевски го запознав преку угледен белградски бизнисмен, кон крајот на 2016 година. Милевски ми е препорачан како сериозен деловен човек од Македонија, кој е во можност да ми ја пружи потребната поддршка и логистика, поради што и го ангажирав како консултант, преговарач и посредник, во деловни проекти кои сакав да ги реализирам во Република Македонија, пишува Дака.

Од сите ветувања,Кичеец единетвено му обезбедил средба со Заев.

 Милевски, и покрај сите ветувања и преземени обврски, не успеа да обезбеди ниту една дозвола, ниту презеде какви било активности за реализација на проектот во Општина Штип, единствено што стори за мене е што ми организираше состанок со премиерот Зоран Заев. Точно е дека на состанокот со премиерот Зоран Заев ги изложив своите планови во врска со изградба на мини хидроелектрана и паркови на енергија на ветер-призна Дака.

The post Парите на Дака за „Јелак“ биле од Панама, средбата со Заев му ја обезбедил Кичеец appeared first on Република.

]]>

Контрорверзниот црногорски бизнисмен Миодраг Давидовиќ-Дака вчера беше ставен на американската црна листа. Toj стана познат во Македонија по скандлот кој пред три години го објави потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.Во него се спомнуваше дека , Давидовиќ сакал да гради огромен станбен и деловен комплекс врз поранешната фабрика ШИК Јелак во Тетово. За таа цел, како што се дозна од негов тајно снимен разговор со Зоран Милески – Зоки Кичеец, Давидовиќ се среќавал со шефот на кабинетот на Зоран Заев, Драги Рашковски, при што давал мито за да се забрза процесот на издавање дозвола за изградбата на комплексот. На снимката, Давидовиќ се жали дека на Заев и Рашковски морал да им дава пари, наводно за референдумот за промена на името, а по се изгледа како мито. https://republika.mk/vesti/makedonija/biznismenot-daka-go-potvrdi-sostanokot-preku-kicheec-so-zaev/ И покрај тоа што пукна скандалот, Заев подоцна јавно се фалеше дека помогнал советот на општина Тетово да го одобри проектот и да се овозможи изградбата на комплексот на Дака, која се запре дури по промената на локалната власт во Тетово. Давидовиќ исто така беше вмешан во скандал кој доведе до апсење на секретарот на македонската Влада, Драги Рашковски, најблизок човек на поранешниот премиер Зоран Заев. Рашковски наводно примил мито од Давидовиќ за да овозможи средба со премиерот Заев, во полза на бизнис интересите на Давидовиќ, пишува во соопштението на американската Влада, во кое Заев е посочен, но не е и лично ставен на црна листа. Давидовиќ во писмото на 30.6 2020 година самиот призна контактите со Заев му ги овозможил Зоран Милевски Кичеец.