американска амбасадорка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/amerikanska-ambasadorka/ За подобро да се разбереме Wed, 10 Jul 2024 13:24:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png американска амбасадорка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/amerikanska-ambasadorka/ 32 32 Љутков и Агелер заеднички ќе го посетат монументалниот Споменик на слободата од Чемерски во Кочани кој се конзервира и реставрира со пари од Амбасадорскиот фонд на САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/lutkov-i-ageler-zaednichki-ke-go-posetat-monumentalniot-spomenik-na-slobodata-od-chemerski-vo-kochani-koj-se-konzervira-i-restavrira-so-pari-od-ambasadorskiot-fond-na-sad/ Wed, 10 Jul 2024 13:23:17 +0000 https://republika.mk/?p=795404

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска оствари работна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Скопје, Анџела П. Агелер.

На средбата во срдечна атмосфера беа потврдени пријателските односи меѓу двете држави, со оглед на фактот што Соединетите Американски Држави се постојани поддржувачи на интегративните процеси на нашата држава.

Министерот Љутков ја запозна амбасадорката Агелер со реформирањето на Министерството за култура и туризам, а беше разгледана можноста за поддржување локалитети што се наоѓаат на транзитна маршрута за нивна поголема видливост за туристите кои транзитираат низ нашата држава.

Министерот Љутков упати голема благодарност до Амбасадата на САД во нашата држава и до амбасадорката Агелер за можноста за користење средства од Амбасадорскиот фонд за зачувување на културата. Од Фондот, преку јавниот повик, досега се издвоени над милион и пол долари со кои е извршена заштита на многубројни локалитети и објекти и е завршена реставрацијата и конзервацијата на значајни споменици на културата во нашата земја.

На средбата, Љутков и Агелер се согласија заеднички да го посетат монументалниот Споменик на слободата од Глигор Чемерски во Кочани, кој целосно се конзервира и реставрира со средства обезбедени од Амбасадорскиот фонд на САД.

Беше нагласена и важноста на американските катчиња (во Скопје, Битола, Тетово, Штип и во Струга), чие успешно функционирање, како што беше истакнато, е уште еден доказ за трајното партнерство што постои меѓу нашите две земји и заложбите за продлабочување на културните врски меѓу македонскиот и американскиот народ. Амбасадорката Агелер упати покана до министерот Љутков да посетат едно од американските катчиња каде што заедно ќе се сретнат со студенти кои ги користат услугите на овие културни центри.

Двете држави следната 2025 година ќе одбележат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи.

The post Љутков и Агелер заеднички ќе го посетат монументалниот Споменик на слободата од Чемерски во Кочани кој се конзервира и реставрира со пари од Амбасадорскиот фонд на САД appeared first on Република.

]]>

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска оствари работна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Скопје, Анџела П. Агелер. На средбата во срдечна атмосфера беа потврдени пријателските односи меѓу двете држави, со оглед на фактот што Соединетите Американски Држави се постојани поддржувачи на интегративните процеси на нашата држава. Министерот Љутков ја запозна амбасадорката Агелер со реформирањето на Министерството за култура и туризам, а беше разгледана можноста за поддржување локалитети што се наоѓаат на транзитна маршрута за нивна поголема видливост за туристите кои транзитираат низ нашата држава. Министерот Љутков упати голема благодарност до Амбасадата на САД во нашата држава и до амбасадорката Агелер за можноста за користење средства од Амбасадорскиот фонд за зачувување на културата. Од Фондот, преку јавниот повик, досега се издвоени над милион и пол долари со кои е извршена заштита на многубројни локалитети и објекти и е завршена реставрацијата и конзервацијата на значајни споменици на културата во нашата земја. На средбата, Љутков и Агелер се согласија заеднички да го посетат монументалниот Споменик на слободата од Глигор Чемерски во Кочани, кој целосно се конзервира и реставрира со средства обезбедени од Амбасадорскиот фонд на САД. Беше нагласена и важноста на американските катчиња (во Скопје, Битола, Тетово, Штип и во Струга), чие успешно функционирање, како што беше истакнато, е уште еден доказ за трајното партнерство што постои меѓу нашите две земји и заложбите за продлабочување на културните врски меѓу македонскиот и американскиот народ. Амбасадорката Агелер упати покана до министерот Љутков да посетат едно од американските катчиња каде што заедно ќе се сретнат со студенти кои ги користат услугите на овие културни центри. Двете држави следната 2025 година ќе одбележат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи.

The post Љутков и Агелер заеднички ќе го посетат монументалниот Споменик на слободата од Чемерски во Кочани кој се конзервира и реставрира со пари од Амбасадорскиот фонд на САД appeared first on Република.

]]>
Анџела Прајс Агелер потврдена за нова амбасадорка на САД во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/andzela-prajs-ageler-potvrdena-za-nova-ambasadorka-na-sad-vo-makedonija/ Fri, 05 Aug 2022 06:26:28 +0000 https://republika.mk/?p=536908

Анџела Прајс Агелер е потврдена за нова амбасадорка на САД во Македонија, објави на Твитер демократското мнозинство во Сенатот.

Таа доаѓа на местото на Кејт Мари Брнз, која ја извршува функцијата амбасадорка на САД во Скопје од 2019 година.

Минатата недела, Сенатската комисија за надворешни работи имаше сослушување за нејзината номинација, на кое таа најави дека работи „да ѝ помогне на Македонија да развие национална стратегија со која ефективно ќе се бара одговорност од корумпираните актери“, пренесува Гласот на Америка.

САД и Македонија имаат многу заеднички приоритети, вклучувајќи ги борбата против корупцијата, подобрување на владеењето на правото и зајакнување на доброто владеење. Доколку бидам потврдена, ќе ги охрабрам судските реформи и ќе ги повикам институциите на Македонија да промовираат транспарентност во истрагата на наводите за злоупотреба и одлучно да се спротивстават на корупцијата за да ја зајакнат довербата на јавноста во владеењето. Ќе работам со меѓуагенциските партнери за да ѝ помогнам на Македонија да развие национална стратегија која ефективно ќе бара одговорност од корумпираните актери. Доколку бидам потврдена, ќе работам на поддршка на економската иднина на Македонија преку политики за зајакнување на нејзината инвестициска клима, зајакнување на инфраструктурата, подобрување на енергијата, различноста и безбедноста, и на градење отпор на малигни надворешни влијанија, вклучително и од Русија и Кина“, рече тогаш Агелер, истакнувајќи ги приоритетите на најзината работа како нова амбасадорка во Македонија.

Агелер, исто така, истакна дека САД ја поддржуваат Македонија во нејзината долготрајна цел за пристапување во ЕУ.

Ние цврсто стоиме зад процесот на проширување на ЕУ затоа што го унапреди демократскиот развој и промовираше мир, стабилност и просперитет на европскиот континент, градејќи посилни стратешки партнери за САД. Македонија ги надмина тешките предизвици и направи тешки избори да направи историски чекори напред на нејзиниот пристапен пат. Доколку бидам потврдена, ќе се надоврзам на овие успеси за да го обезбедам тој пат напред, рече Агелер.

Според неа, САД и Македонија треба да продолжат тесно да соработуваат во одговорот на заканите за безбедноста и меѓународниот поредок, по инвазијата на Русија на Украина.

Итноста на овој момент ја нагласува важноста од подлабока политичка, економска, културна, безбедносна соработка и врски меѓу луѓето со Македонија и другите земји од Западен Балкан додека тие работат на остварување на нивните стратешки цели за европска интеграција“, изјави Агелер.

Новата амбасадорка на САД во Македонија Анџела Прајс Агелер Агелер претходно има работено на разни функции во Стејт департментот, меѓу кои и во Американската амбасада во Скопје, задолжена за односи со јавност./MИА/.

The post Анџела Прајс Агелер потврдена за нова амбасадорка на САД во Македонија appeared first on Република.

]]>

Анџела Прајс Агелер е потврдена за нова амбасадорка на САД во Македонија, објави на Твитер демократското мнозинство во Сенатот.
Таа доаѓа на местото на Кејт Мари Брнз, која ја извршува функцијата амбасадорка на САД во Скопје од 2019 година. Минатата недела, Сенатската комисија за надворешни работи имаше сослушување за нејзината номинација, на кое таа најави дека работи „да ѝ помогне на Македонија да развие национална стратегија со која ефективно ќе се бара одговорност од корумпираните актери“, пренесува Гласот на Америка.
САД и Македонија имаат многу заеднички приоритети, вклучувајќи ги борбата против корупцијата, подобрување на владеењето на правото и зајакнување на доброто владеење. Доколку бидам потврдена, ќе ги охрабрам судските реформи и ќе ги повикам институциите на Македонија да промовираат транспарентност во истрагата на наводите за злоупотреба и одлучно да се спротивстават на корупцијата за да ја зајакнат довербата на јавноста во владеењето. Ќе работам со меѓуагенциските партнери за да ѝ помогнам на Македонија да развие национална стратегија која ефективно ќе бара одговорност од корумпираните актери. Доколку бидам потврдена, ќе работам на поддршка на економската иднина на Македонија преку политики за зајакнување на нејзината инвестициска клима, зајакнување на инфраструктурата, подобрување на енергијата, различноста и безбедноста, и на градење отпор на малигни надворешни влијанија, вклучително и од Русија и Кина“, рече тогаш Агелер, истакнувајќи ги приоритетите на најзината работа како нова амбасадорка во Македонија.
Агелер, исто така, истакна дека САД ја поддржуваат Македонија во нејзината долготрајна цел за пристапување во ЕУ.
Ние цврсто стоиме зад процесот на проширување на ЕУ затоа што го унапреди демократскиот развој и промовираше мир, стабилност и просперитет на европскиот континент, градејќи посилни стратешки партнери за САД. Македонија ги надмина тешките предизвици и направи тешки избори да направи историски чекори напред на нејзиниот пристапен пат. Доколку бидам потврдена, ќе се надоврзам на овие успеси за да го обезбедам тој пат напред, рече Агелер.
Според неа, САД и Македонија треба да продолжат тесно да соработуваат во одговорот на заканите за безбедноста и меѓународниот поредок, по инвазијата на Русија на Украина.
Итноста на овој момент ја нагласува важноста од подлабока политичка, економска, културна, безбедносна соработка и врски меѓу луѓето со Македонија и другите земји од Западен Балкан додека тие работат на остварување на нивните стратешки цели за европска интеграција“, изјави Агелер.
Новата амбасадорка на САД во Македонија Анџела Прајс Агелер Агелер претходно има работено на разни функции во Стејт департментот, меѓу кои и во Американската амбасада во Скопје, задолжена за односи со јавност./MИА/.

The post Анџела Прајс Агелер потврдена за нова амбасадорка на САД во Македонија appeared first on Република.

]]>
Борбата против корумпираните актери во општеството ќе биде приоритет на номинираната амбасадорка на САД во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/borbata-protiv-korumpiranite-akteri-kje-bide-prioritet-na-nominiranata-ambasadorka-na-sad-vo-makedonija/ Fri, 29 Jul 2022 19:11:38 +0000 https://republika.mk/?p=534838

Анџела Прајс Агелер, која беше номинирана од страна на претседателот Џо Бајден за амбасадорка на САД во Македонија, за време на сослушувањето во Сенатската комисија за надворешни работи, истакна дека ќе работи на национална стратегија преку која ќе се бара одговорност од корумпираните актери во земјата доколку таа и биде избрана за оваа функција, пренесува Гласот на Америка на македонски.

САД и Македонија имаат многу заеднички приоритети, вклучувајќи ги борбата против корупцијата, подобрување на владеењето на правото и зајакнување на доброто владеење. Доколку бидам потврдена, ќе ги охрабрам судските реформи и ќе ги повикам институциите на Македонија да промовираат транспарентност во истрагата на наводите за злоупотреба и одлучно да се спротивстават на корупцијата за да ја зајакнат довербата на јавноста во владеењето. Ќе работам со меѓуагенциските партнери за да ѝ помогнам на Македонија да развие национална стратегија која ефективно ќе бара одговорност од корумпираните актери - изјави Агелер.

Агелер, исто така, порача дека САД ја поддржуваат Македонија во нејзината долготрајна цел за пристапување во ЕУ.

Ние цврсто стоиме зад процесот на проширување на ЕУ затоа што го унапреди демократскиот развој и промовираше мир, стабилност и просперитет на европскиот континент, градејќи посилни стратешки партнери за САД. Македонија ги надмина тешките предизвици и направи тешки избори да направи историски чекори напред на нејзиниот пристапен пат. Доколку бидам потврдена, ќе се надоврзам на овие успеси за да го обезбедам тој пат напред - изјави Агелер.

Доколку биде потврдена за амбасадорка, Агелер, истакна и дека ќе работи на стратешкиот дијалог меѓу двете држави преку продлабочување на воената соработка.

The post Борбата против корумпираните актери во општеството ќе биде приоритет на номинираната амбасадорка на САД во Македонија appeared first on Република.

Новата американска амбасадорка во Украина пристигна во Киев https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/novata-amerikanska-ambasadorka-vo-ukraina-pristigna-vo-kiev/ Mon, 30 May 2022 20:03:43 +0000 https://republika.mk/?p=508961

Новата американска амбасадорка во Украина, Бриџит Бринк, пристигна во Киев, откако САД на почетокот на руската инвазија врз земјата во февруари ги повлекоа сите свои дипломати од земјата.

Бринк, кој до неодамна беше американски амбасадор во Словачка, беше назначена на новата дипломатска функција на крајот на април од претседателот Џо Бајден, а Сенатот едногласно го потврди изборот.

Се очекува подоцна неделава Бринк да му ги предаде акредитивните писма на украинскиот претседател Владимир Зеленски, се наведува на веб-страницата на американската Амбасада во Киев.

Американската Амбасада ги евакуираше сите вработени во јануари и кон средината на февруари сите свои дипломатски операции ги префрли во Лавов, во западна Украина.

Непосредно пред почетокот на руската инвазија, американските дипломати ја напуштија Украина и се преселија во Полска.

Иако акцијата на САД беше критикувана, на долг рок практично сите западни дипломати го напуштија Киев, порано или откако  Русија ја почна инвазијата.

Откако од крајот на март руската армија беше потисната од околината на Киев, групи дипломати полека почнаа да се враќаат во главниот град на Украина.

The post Новата американска амбасадорка во Украина пристигна во Киев appeared first on Република.

]]>

Новата американска амбасадорка во Украина, Бриџит Бринк, пристигна во Киев, откако САД на почетокот на руската инвазија врз земјата во февруари ги повлекоа сите свои дипломати од земјата. Бринк, кој до неодамна беше американски амбасадор во Словачка, беше назначена на новата дипломатска функција на крајот на април од претседателот Џо Бајден, а Сенатот едногласно го потврди изборот. Се очекува подоцна неделава Бринк да му ги предаде акредитивните писма на украинскиот претседател Владимир Зеленски, се наведува на веб-страницата на американската Амбасада во Киев. Американската Амбасада ги евакуираше сите вработени во јануари и кон средината на февруари сите свои дипломатски операции ги префрли во Лавов, во западна Украина. Непосредно пред почетокот на руската инвазија, американските дипломати ја напуштија Украина и се преселија во Полска. Иако акцијата на САД беше критикувана, на долг рок практично сите западни дипломати го напуштија Киев, порано или откако  Русија ја почна инвазијата. Откако од крајот на март руската армија беше потисната од околината на Киев, групи дипломати полека почнаа да се враќаат во главниот град на Украина.

The post Новата американска амбасадорка во Украина пристигна во Киев appeared first on Република.

]]>
Анџела Прајс Агелер номинирана за американска амбасадорка во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/andzela-prajs-ageler-nominirana-za-amerikanska-ambasadorka-vo-skopje/ Thu, 26 May 2022 06:17:45 +0000 https://republika.mk/?p=507032

Белата куќа ги објави намерите на претседателот Џо Бајден за номинација на ,,клучни лидери во неговата администрација”.

Анџела Прајс Агелер е кандидат за нов американски амбасадор во Скопје кој формално ќе се нарекува вонреден и ополномоштен амбасадор во Република Македонија.

Дипломатката од кариера Анџела Прајс Агелер, предходно служела како заменик-шеф на мисијата во Амбасадата на САД во Исламабад, Пакистан.

Агелер порано била со ранг министер-советник одговорна за односи со јавноста во Амбасадата на САД во Париз, Франција.

Вршител на должноста главен заменик-помошник државен секретар за Бирото за прашања од Јужна и Централна Азија и Канцеларијата на специјалниот претставник за Авганистан и Пакистан во Вашингтон,

Заменик помошник државен секретар за печат и јавна дипломатија во Бирото за печат и јавна дипломатија.

Претходно, Агелер била советник за односи со јавноста во Амбасадата на САД во Исламабад, Пакистан.

Претходните задачи вклучуваат и позиции како службеник за односи со јавноста во Американската амбасада во Скопје, Македонија.

Аташе за култура и печат на Амбасадата на САД во Ханој, Виетнам;

Портпарол на Бирото за конзуларни прашања при Стејт департментот како и други задачи во Амбасадата на САД во Париз, Франција и Амбасадата на САД во Њу Делхи, Индија.

Пред да се приклучи на Службата за надворешни работи, Агелер работела за Стејт департментот во Амбасадите на САД во Уагадугу, Буркина Фасо и Будимпешта, Унгарија, како и во Генералниот конзулат во Мадрас, Индија.

Претходно во нејзината кариера, таа работела во Националната галерија на уметност во Вашингтон, а била и волонтер на Мировниот корпус во Централноафриканската Република.

Агелер е добитник на бројни награди на Стејт департментот, вклучувајќи ја и наградата Милдред Синклер за јазик. Дипломирала на Универзитетот во Јута а зборува француски, македонски и малку хинду.

The post Анџела Прајс Агелер номинирана за американска амбасадорка во Скопје appeared first on Република.

]]>

Белата куќа ги објави намерите на претседателот Џо Бајден за номинација на ,,клучни лидери во неговата администрација”. Анџела Прајс Агелер е кандидат за нов американски амбасадор во Скопје кој формално ќе се нарекува вонреден и ополномоштен амбасадор во Република Македонија. Дипломатката од кариера Анџела Прајс Агелер, предходно служела како заменик-шеф на мисијата во Амбасадата на САД во Исламабад, Пакистан. Агелер порано била со ранг министер-советник одговорна за односи со јавноста во Амбасадата на САД во Париз, Франција. Вршител на должноста главен заменик-помошник државен секретар за Бирото за прашања од Јужна и Централна Азија и Канцеларијата на специјалниот претставник за Авганистан и Пакистан во Вашингтон, Заменик помошник државен секретар за печат и јавна дипломатија во Бирото за печат и јавна дипломатија. Претходно, Агелер била советник за односи со јавноста во Амбасадата на САД во Исламабад, Пакистан. Претходните задачи вклучуваат и позиции како службеник за односи со јавноста во Американската амбасада во Скопје, Македонија. Аташе за култура и печат на Амбасадата на САД во Ханој, Виетнам; Портпарол на Бирото за конзуларни прашања при Стејт департментот како и други задачи во Амбасадата на САД во Париз, Франција и Амбасадата на САД во Њу Делхи, Индија. Пред да се приклучи на Службата за надворешни работи, Агелер работела за Стејт департментот во Амбасадите на САД во Уагадугу, Буркина Фасо и Будимпешта, Унгарија, како и во Генералниот конзулат во Мадрас, Индија. Претходно во нејзината кариера, таа работела во Националната галерија на уметност во Вашингтон, а била и волонтер на Мировниот корпус во Централноафриканската Република. Агелер е добитник на бројни награди на Стејт департментот, вклучувајќи ја и наградата Милдред Синклер за јазик. Дипломирала на Универзитетот во Јута а зборува француски, македонски и малку хинду.

The post Анџела Прајс Агелер номинирана за американска амбасадорка во Скопје appeared first on Република.

]]>