Американец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/amerikanec/ За подобро да се разбереме Mon, 28 Oct 2024 20:17:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Американец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/amerikanec/ 32 32 Русите евакуирале Американец од Украина кој две години им помагал за да вршат прецизни удари врз украинската војска https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusite-evakuirale-amerikanets-od-ukraina-koj-dve-godini-im-pomagal-za-da-vrshat-pretsizni-udari-vrz-ukrainskata-vojska/ Mon, 28 Oct 2024 20:28:56 +0000 https://republika.mk/?p=831639

Руските разузнавачки служби, заедно со единиците на специјалните воени единици, спровеле операција за евакуација на вреден оперативен извор - американски државјанин кој играл клучна улога во подготовката на нападот на селото Богојавленка во реонот на градот Угледар.

Како што соопштија руски извори, Американецот Кенет М. (името е сменето) бил на територијата на Украина веќе две години, во текот на војната и пренесувал вредни разузнавачки информации на Русија, овозможувајчи високопрецизни удари против украинските сили, минимизирајќи ја штетата врз цивилната инфраструктура и цивилното население.

Објавена е и фотографија со Американецот на централниот плоштад во Доњецк.

Според информациите, животот на евакуираниот Американец не е во опасност. Се решава прашањето за давање политички азил и добивање руско државјанство.

The post Русите евакуирале Американец од Украина кој две години им помагал за да вршат прецизни удари врз украинската војска appeared first on Република.

]]>

Руските разузнавачки служби, заедно со единиците на специјалните воени единици, спровеле операција за евакуација на вреден оперативен извор - американски државјанин кој играл клучна улога во подготовката на нападот на селото Богојавленка во реонот на градот Угледар. Како што соопштија руски извори, Американецот Кенет М. (името е сменето) бил на територијата на Украина веќе две години, во текот на војната и пренесувал вредни разузнавачки информации на Русија, овозможувајчи високопрецизни удари против украинските сили, минимизирајќи ја штетата врз цивилната инфраструктура и цивилното население. Објавена е и фотографија со Американецот на централниот плоштад во Доњецк. Според информациите, животот на евакуираниот Американец не е во опасност. Се решава прашањето за давање политички азил и добивање руско државјанство.

The post Русите евакуирале Американец од Украина кој две години им помагал за да вршат прецизни удари врз украинската војска appeared first on Република.

]]>
Американец пукал во членови на ЛГБТ заедницата, осуден на 18 години затвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/amerikanets-pukal-vo-chlenovi-na-lgbt-zaednitsata-osuden-na-18-godini-zatvor/ Thu, 15 Jun 2023 09:02:05 +0000 https://republika.mk/?p=651626

Маж од Монтана е осуден на 18 години затвор затоа што пукал со автоматска пушка во дом и се обидел да „исчисти градот од ЛГБТК жители“.

Џон Хауалд (46) од Басин, Монтана, беше осуден од федералната порота во февруари за злосторство од омраза, се вели во соопштението на американското Министерство за правда во кое се објавува казната изречена од главниот американски окружен судија Брајан Морис.

Откако пукал во куќата, сторителот прошетал низ Басина, заедница од околу 200 луѓе, со намера да ги таргетира другите за кои верувал дека се членови на ЛГБТК заедницата, се вели во соопштението. Градот се наоѓа на околу 50 километри североисточно од Буте. Жителите, кои слушнале за анти-ЛГБТК мисијата на Хавалд, можеле да го задржат додека полициските службеници не го уапсија.

„Хавалд имаше намера да го ослободи градот од сите членови на ЛГБТКИ+ убивајќи ги“, рече помошник-јавниот обвинител Кристен Кларк од одделот за граѓански права на Министерството за правда.

Хавалд бил вооружен со две автомати, ловечка пушка, два пиштоли и повеќе шаржери со голем капацитет кои биле залепени за да се забрза полнењето.

The post Американец пукал во членови на ЛГБТ заедницата, осуден на 18 години затвор appeared first on Република.

]]>

Маж од Монтана е осуден на 18 години затвор затоа што пукал со автоматска пушка во дом и се обидел да „исчисти градот од ЛГБТК жители“. Џон Хауалд (46) од Басин, Монтана, беше осуден од федералната порота во февруари за злосторство од омраза, се вели во соопштението на американското Министерство за правда во кое се објавува казната изречена од главниот американски окружен судија Брајан Морис. Откако пукал во куќата, сторителот прошетал низ Басина, заедница од околу 200 луѓе, со намера да ги таргетира другите за кои верувал дека се членови на ЛГБТК заедницата, се вели во соопштението. Градот се наоѓа на околу 50 километри североисточно од Буте. Жителите, кои слушнале за анти-ЛГБТК мисијата на Хавалд, можеле да го задржат додека полициските службеници не го уапсија.
„Хавалд имаше намера да го ослободи градот од сите членови на ЛГБТКИ+ убивајќи ги“, рече помошник-јавниот обвинител Кристен Кларк од одделот за граѓански права на Министерството за правда.
Хавалд бил вооружен со две автомати, ловечка пушка, два пиштоли и повеќе шаржери со голем капацитет кои биле залепени за да се забрза полнењето.  

The post Американец пукал во членови на ЛГБТ заедницата, осуден на 18 години затвор appeared first on Република.

]]>
Американец отишол во Босна и нарачал кафе, останал шокиран од тоа што го добил, па сподели со цел свет https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/amerikanets-otishol-vo-bosna-i-narachal-kafe-ostanal-shokiran-od-toa-shto-go-dobil-pa-spodeli-so-tsel-svet/ Sat, 22 Apr 2023 17:29:32 +0000 https://republika.mk/?p=633062

Одри и Хари се пар од Америка кои патуваат низ светот и на својата Фејсбук страница информираат за своите авантури.

Босна беше меѓу 69-те земји што ги посетија, а оттаму Хари објави фотографија која привлече големо внимание.

Нарачав кафе во Босна и еве што добив“, напиша Хари со фотографија на која може да се види како заедно со кафето добил шеќер, локум, чаша вода и цигара.

The post Американец отишол во Босна и нарачал кафе, останал шокиран од тоа што го добил, па сподели со цел свет appeared first on Република.

]]>

Одри и Хари се пар од Америка кои патуваат низ светот и на својата Фејсбук страница информираат за своите авантури. Босна беше меѓу 69-те земји што ги посетија, а оттаму Хари објави фотографија која привлече големо внимание.
Нарачав кафе во Босна и еве што добив“, напиша Хари со фотографија на која може да се види како заедно со кафето добил шеќер, локум, чаша вода и цигара.
 
The post Американец отишол во Босна и нарачал кафе, останал шокиран од тоа што го добил, па сподели со цел свет appeared first on Република.

]]>
80-годишен Американец со мотор настрада во сообраќајка во земјава https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/80-godishen-amerikanec-so-motor-nastrada-vo-soobrakjajka-vo-zemjava/ Thu, 08 Sep 2022 10:37:10 +0000 https://republika.mk/?p=548627

80-годишник со моторцикал се судрил со „форд фиеста“, по што завршил во тешки повреди во болница.

На 07.09.2022 околу 13.20 часот пријавено е дека на регионалниот пат Берово-Струмица во атар на с.Двориште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикал „БМВ Р1250“ со словенечки национални ознаки, управуван од Т.В.В.(80) од САД и патничко моторно возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(45) од Скопје, соопшти полицијата.

По несреќата, Т.В.В. е пренесен во Здравствен дом Берово, каде му се констатирани тешки телесни повреди.

За настанот е запознаен Јавен Обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Берово.

The post 80-годишен Американец со мотор настрада во сообраќајка во земјава appeared first on Република.

]]>

80-годишник со моторцикал се судрил со „форд фиеста“, по што завршил во тешки повреди во болница. На 07.09.2022 околу 13.20 часот пријавено е дека на регионалниот пат Берово-Струмица во атар на с.Двориште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикал „БМВ Р1250“ со словенечки национални ознаки, управуван од Т.В.В.(80) од САД и патничко моторно возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(45) од Скопје, соопшти полицијата. По несреќата, Т.В.В. е пренесен во Здравствен дом Берово, каде му се констатирани тешки телесни повреди. За настанот е запознаен Јавен Обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Берово.  

The post 80-годишен Американец со мотор настрада во сообраќајка во земјава appeared first on Република.

]]>
„Тажно“, вели Бајден за убиениот Американец во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tazno-veli-bajden-za-ubieniot-amerikanec-vo-ukraina/ Sat, 30 Apr 2022 07:58:19 +0000 https://republika.mk/?p=495613

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ја коментираше веста дека Американецот Вили Џозеф Кансел бил убиен во Украина додека се борел рамо до рамо со украинските сили против руските војници.

Многу е тажно. Тој остави мало бебе зад себе, изјави Бајден пред новинарите во Белата куќа.

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки претходно изрази сочувство до семејството Кансел, додавајќи дека американската влада официјално не ја потврдила смртта на Вили Џозеф и ги предупреди Американците да не патуваат во Украина „поради која било причина“.

Кансел бил убиен во понеделникот додека се борел заедно со украинските војници, потврдиле членовите на неговото семејство за Си-Ен-Ен. Поранешниот маринец (22) работел во приватна воена компанија, која го испратила во Украина. Неговата мајка Ребека Кабрера потврдила за Си-Ен-Ен дека бил платен за да учествува во борбите.

Кога избувнала војната во Украина, компанијата барала доброволци подготвени да се борат во Украина, а Вили се согласи да замине, изјави Кабрера.

The post „Тажно“, вели Бајден за убиениот Американец во Украина appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ја коментираше веста дека Американецот Вили Џозеф Кансел бил убиен во Украина додека се борел рамо до рамо со украинските сили против руските војници.
Многу е тажно. Тој остави мало бебе зад себе, изјави Бајден пред новинарите во Белата куќа.
Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки претходно изрази сочувство до семејството Кансел, додавајќи дека американската влада официјално не ја потврдила смртта на Вили Џозеф и ги предупреди Американците да не патуваат во Украина „поради која било причина“. Кансел бил убиен во понеделникот додека се борел заедно со украинските војници, потврдиле членовите на неговото семејство за Си-Ен-Ен. Поранешниот маринец (22) работел во приватна воена компанија, која го испратила во Украина. Неговата мајка Ребека Кабрера потврдила за Си-Ен-Ен дека бил платен за да учествува во борбите.
Кога избувнала војната во Украина, компанијата барала доброволци подготвени да се борат во Украина, а Вили се согласи да замине, изјави Кабрера.

The post „Тажно“, вели Бајден за убиениот Американец во Украина appeared first on Република.

]]>
Згасна животот на 22-годишен Американец кој се борел за Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zgasna-zivotot-na-22-godishen-amerikanec-koj-se-borel-za-ukraina/ Fri, 29 Apr 2022 17:35:19 +0000 https://republika.mk/?p=495501

Голема трагедија го потресе светот. 22-годишен американски државјанин Вили Џозеф Кансел е убиен во војната во Украина.

Тој се борел од страната на Украина. Американскиот државјанин претходно работел во приватна компанија, а во Украина заминал како дел од својата работа.

Компанијата го испратила во Украина, а тој земал плата додека се борел таму, изјавила за Си-Ен-Ен мајката на Кансел, Ребека Кабрера. Започнал да работи во компанијата непосредно пред избувнувањето на војната во Украина. Кога започнала војната, компанијата барала луѓе да одат во Украина и тој се пријавил.

– Тој сакаше да замине затоа што веруваше во она за што се бореше Украина и сакаше да се задржи таму и дека нашите американски војници нема да бидат вклучени во таа војна, изјавила Кабрера за Си-Ен-Ен. .

Таа додаде дека тој пристигнал во Украина на 12 или 13 март. Додава дека неговото тело се уште не е пронајдено, туку само добила известување за неговата смрт.

– Не го нашле телото. Се обиделе луѓето кои биле со него, рекла мајката и додала дека тоа било премногу опасно.

The post Згасна животот на 22-годишен Американец кој се борел за Украина appeared first on Република.

]]>

Голема трагедија го потресе светот. 22-годишен американски државјанин Вили Џозеф Кансел е убиен во војната во Украина. Тој се борел од страната на Украина. Американскиот државјанин претходно работел во приватна компанија, а во Украина заминал како дел од својата работа. Компанијата го испратила во Украина, а тој земал плата додека се борел таму, изјавила за Си-Ен-Ен мајката на Кансел, Ребека Кабрера. Започнал да работи во компанијата непосредно пред избувнувањето на војната во Украина. Кога започнала војната, компанијата барала луѓе да одат во Украина и тој се пријавил. – Тој сакаше да замине затоа што веруваше во она за што се бореше Украина и сакаше да се задржи таму и дека нашите американски војници нема да бидат вклучени во таа војна, изјавила Кабрера за Си-Ен-Ен. . Таа додаде дека тој пристигнал во Украина на 12 или 13 март. Додава дека неговото тело се уште не е пронајдено, туку само добила известување за неговата смрт. – Не го нашле телото. Се обиделе луѓето кои биле со него, рекла мајката и додала дека тоа било премногу опасно.

The post Згасна животот на 22-годишен Американец кој се борел за Украина appeared first on Република.

]]>
Млад Американец вработен во американска приватна воена компанија загинал во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mlad-amerikanec-vraboten-vo-amerikanska-privatna-voena-kompanija-zaginal-vo-ukraina/ Fri, 29 Apr 2022 08:50:20 +0000 https://republika.mk/?p=495127

Американскиот државјанин, 22-годишниот Вили Џозеф Кансел, загинал во војната во Украина, објави „Си-Ен-Ен“. Американецот се борел на страната на Украина. Тој работел во приватна воена компанија и заминал во Украина како дел од својата работа.

Компанијата го испратила во Украина, а тој земал плата додека се борел таму, изјавила за „Си-Ен-Ен“ мајката на Кансел, Ребека Кабрера. Тој почнал да работи во компанијата непосредно пред избувнувањето на војната во Украина.

Кога почна војната, компанијата бараше луѓе да одат во Украина и тој се согласи. Тој сакаше да да ја задржи војната таму за да не дојде овде и нашите американски војници да не мора да бидат вклучени во таа војна - вели Кабрера за „Си-Ен-Ен“.

Таа додава дека тој пристигнал во Украина на 12 или 13 март и дека неговото тело се уште не е пронајдено, туку само добила известување за смрт.

Не го нашле телото. Се обиделе луѓето кои биле со него, но било премногу опасно. Сè уште би сакале тој да дојде во нашата куќа - вели мајката.

Пентагон одбил да коментира, велејќи дека само да ја следи ситуацијата.

Зад загинатиот Американец од Тенеси остануваат жена и 7-месечно бебе.

The post Млад Американец вработен во американска приватна воена компанија загинал во Украина appeared first on Република.

]]>

Американскиот државјанин, 22-годишниот Вили Џозеф Кансел, загинал во војната во Украина, објави „Си-Ен-Ен“. Американецот се борел на страната на Украина. Тој работел во приватна воена компанија и заминал во Украина како дел од својата работа. Компанијата го испратила во Украина, а тој земал плата додека се борел таму, изјавила за „Си-Ен-Ен“ мајката на Кансел, Ребека Кабрера. Тој почнал да работи во компанијата непосредно пред избувнувањето на војната во Украина.
Кога почна војната, компанијата бараше луѓе да одат во Украина и тој се согласи. Тој сакаше да да ја задржи војната таму за да не дојде овде и нашите американски војници да не мора да бидат вклучени во таа војна - вели Кабрера за „Си-Ен-Ен“.
Таа додава дека тој пристигнал во Украина на 12 или 13 март и дека неговото тело се уште не е пронајдено, туку само добила известување за смрт.
Не го нашле телото. Се обиделе луѓето кои биле со него, но било премногу опасно. Сè уште би сакале тој да дојде во нашата куќа - вели мајката.
Пентагон одбил да коментира, велејќи дека само да ја следи ситуацијата. Зад загинатиот Американец од Тенеси остануваат жена и 7-месечно бебе.

The post Млад Американец вработен во американска приватна воена компанија загинал во Украина appeared first on Република.

]]>
Првпат во историјата срце од свиња пресадено на маж https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/prvpat-vo-istorijata-srce-od-svinja-presadeno-na-maz/ Tue, 11 Jan 2022 09:49:57 +0000 https://republika.mk/?p=443004

За првпат во историјата на маж му е пресадено свинско срце! Операцијата се случила во болница во Балтимор, Мериленд. Пациентот кој доби трансплантација на срце од генетски модифицирана свиња засега се чувствува добро, но според хирурзите е рано да се даваат долгорочни прогнози.

Дејвид Бенет (57) влегува во историјата како првиот човек кому му била пресадено свинско срце, а бил на работ на смртта во времето кога лекарите се решиле на овој чекор.

Бенет бил на апаратите со месеци и неговото срце било толку оштетено што мислел дека нема да ја преживее операцијата. Исто така, во претходниот период не го послушал лекарскиот совет, не земал терапија и не доаѓал на прегледи.

Знаев дека ова е мојата последна шанса и сакам да живеам. Шансите се мали, но ова е мојата последна шанса. Или ќе умрам или ќе ме оперираат, рекол Бенет пред да биде ставен под анестезија.

Операцијата е направена во петокот, а Бенет засега закрепнува, се чувствува добро и дише без респиратор.

Операцијата покажа дека трансплантацијата на срцето на генетски модифицирано животно не предизвикува итно отфрлање на органите, рекоа неговите лекари, свесни за ризикот од умирање на Бенет бидејќи вакво нешто никогаш не е направено и неблагодарно е да се даваат предвидувања.

Сепак, постои надеж дека доколку овој случај успее, во иднина ќе се реши хроничниот недостиг на органи за трансплантација.

The post Првпат во историјата срце од свиња пресадено на маж appeared first on Република.

]]>

За првпат во историјата на маж му е пресадено свинско срце! Операцијата се случила во болница во Балтимор, Мериленд. Пациентот кој доби трансплантација на срце од генетски модифицирана свиња засега се чувствува добро, но според хирурзите е рано да се даваат долгорочни прогнози. Дејвид Бенет (57) влегува во историјата како првиот човек кому му била пресадено свинско срце, а бил на работ на смртта во времето кога лекарите се решиле на овој чекор. Бенет бил на апаратите со месеци и неговото срце било толку оштетено што мислел дека нема да ја преживее операцијата. Исто така, во претходниот период не го послушал лекарскиот совет, не земал терапија и не доаѓал на прегледи.