амеба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ameba/ За подобро да се разбереме Sat, 25 Feb 2023 21:13:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png амеба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ameba/ 32 32 Човек на Флорида заразен со амеба што го јаде мозокот – се започнува со главоболка https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/chovek-na-florida-zarazen-so-ameba-shto-go-jade-mozokot-se-zapochnuva-so-glavobolka/ Sat, 25 Feb 2023 21:13:29 +0000 https://republika.mk/?p=613218

Едно лице во Флорида е заразено со амеба што го јаде мозокот, соопштија властите.

Во четвртокот, Министерството за здравство на Флорида во округот Шарлот во југозападниот дел на американската држава објави дека лицето најверојатно се заразило кога го измило носот со вода од чешма.

Се вели дека водата од чешма во областа сè уште е безбедна за пиење, бидејќи едноклеточната амеба „naegleria fowleri“ е ретка и може да ги зарази луѓето само преку синусите.

Локалниот оддел за здравство соопшти дека истражува како се појавила инфекцијата и дека работи со локалните јавни комунални претпријатија за да се направат потребните промени.

Локалните жители се советуваат да користат само дестилирана или стерилизирана вода кога прават раствори за наводнување на синусите и веднаш да побараат лекарска помош доколку почувствуваат симптоми на болест како што се главоболка, треска, гадење, дезориентација, повраќање, вкочанет врат, напади, губење на рамнотежа или халуцинации.

Исто така, се препорачува луѓето да внимаваат да не им влезе вода во носот додека пливаат или се капат.

Ваквите инфекции се ретки и за 19 години се евидентирани 31 инфекција, покажуваат податоците на регистарот на Центарот за контрола и превенција на болести.

Инфекциите може да се појават кога водата што содржи амеба ќе влезе во носот и ќе стигне до мозокот. Ова може да се случи при пливање или нуркање во слатководни езера или кога вода од чешма што содржи амеба влегува во носот, како на пример при чистење на синусите.

Инфекцијата не може да се пренесе од човек на човек.

The post Човек на Флорида заразен со амеба што го јаде мозокот – се започнува со главоболка appeared first on Република.

]]>

Едно лице во Флорида е заразено со амеба што го јаде мозокот, соопштија властите. Во четвртокот, Министерството за здравство на Флорида во округот Шарлот во југозападниот дел на американската држава објави дека лицето најверојатно се заразило кога го измило носот со вода од чешма. Се вели дека водата од чешма во областа сè уште е безбедна за пиење, бидејќи едноклеточната амеба „naegleria fowleri“ е ретка и може да ги зарази луѓето само преку синусите. Локалниот оддел за здравство соопшти дека истражува како се појавила инфекцијата и дека работи со локалните јавни комунални претпријатија за да се направат потребните промени. Локалните жители се советуваат да користат само дестилирана или стерилизирана вода кога прават раствори за наводнување на синусите и веднаш да побараат лекарска помош доколку почувствуваат симптоми на болест како што се главоболка, треска, гадење, дезориентација, повраќање, вкочанет врат, напади, губење на рамнотежа или халуцинации. Исто така, се препорачува луѓето да внимаваат да не им влезе вода во носот додека пливаат или се капат. Ваквите инфекции се ретки и за 19 години се евидентирани 31 инфекција, покажуваат податоците на регистарот на Центарот за контрола и превенција на болести. Инфекциите може да се појават кога водата што содржи амеба ќе влезе во носот и ќе стигне до мозокот. Ова може да се случи при пливање или нуркање во слатководни езера или кога вода од чешма што содржи амеба влегува во носот, како на пример при чистење на синусите. Инфекцијата не може да се пренесе од човек на човек.

The post Човек на Флорида заразен со амеба што го јаде мозокот – се започнува со главоболка appeared first on Република.

]]>