Во израелски воздушен напад извршен врз амбулантни возила користени за евакуација на ранети од опколениот северен дел на Газа, загинале 15, а 60 луѓе се ранети, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
Израелската војска соопшти дека идентификувала и погодила амбулантно возило „користено од терористичка ќелија на Хамас“. Тие тврдат дека групата дека пренесувала милитанти и оружје во амбулантни возила.
Официјалниот претставник на Хамас, Изат Ел Решик, изјави дека наводите за присуството на неговите борци се неосновани. Ашраф ал-Кидра, портпарол на Министерството за здравство на Газа, изјави дека амбулантното возило било дел од конвој нападнато во близина на болницата Ал-Шифа во градот Газа.
Кидра кажа дека Израел го таргетирал конвојот амбулантни возила на повеќе од една локација, вклучувајќи и удар пред болницата Ал-Шифа и плоштадот Ансар што е на еден километар оддалеченост.
Во соопштението за инцидентот, израелската војска не достави никаков доказ за да го поткрепи тврдењето дека амбулантното возило е поврзано со Хамас, јавија западни медиуми.
The post Петнаесет загинати и десетици ранети во израелски напад врз конвој амбулантни возила во Газа appeared first on Република.
]]>The post Петнаесет загинати и десетици ранети во израелски напад врз конвој амбулантни возила во Газа appeared first on Република.
]]>Министерот за здравство, Беким Сали, одржа средба со кинескиот амбасадор во Македонија, Џанг Зуо, кој според министерството за здравство, е докажан пријател на нашата земја, кој секогаш е подготвен да даде поддршка за македонскиот здравствен систем.
На денешната средба разговаравме за забрзување на процесот за ИМП со 30 нови амбулантни возила и од страна на амбасадорот Зуо беше истакната заложбата за нивно што поскоро пристигнување. Во оваа прилика му се заблагодарив на амбасадорот Џанк Зуо и на народот на Народна Република Кина како наши големи поддржувачи во справувањето со ковид пандемијата - посочи министерот Сали.
Од министерството за здравство информираат дека на средбата било договорено и зајакнување на кадарот во Центарот за традиционална кинеска медицина во Штип.
The post Кина ќе ни донира 30 амбулантни возила appeared first on Република.
]]>На денешната средба разговаравме за забрзување на процесот за ИМП со 30 нови амбулантни возила и од страна на амбасадорот Зуо беше истакната заложбата за нивно што поскоро пристигнување. Во оваа прилика му се заблагодарив на амбасадорот Џанк Зуо и на народот на Народна Република Кина како наши големи поддржувачи во справувањето со ковид пандемијата - посочи министерот Сали.Од министерството за здравство информираат дека на средбата било договорено и зајакнување на кадарот во Центарот за традиционална кинеска медицина во Штип.
The post Кина ќе ни донира 30 амбулантни возила appeared first on Република.
]]>