амбасадорка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ambasadorka/ За подобро да се разбереме Mon, 27 May 2024 12:38:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png амбасадорка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ambasadorka/ 32 32 Средба на претседателката Сиљановска Давкова со амбасадорката на Швајцарија, Вероник Халман Марти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-na-pretsedatelkata-silanovska-davkova-so-ambasadorkata-na-shvajtsarija-veronik-halman-marti/ Mon, 27 May 2024 12:38:00 +0000 https://republika.mk/?p=782100

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими амбасадорката на Швајцарската Конфедерација, Вероник Халман Марти.

На средбата беа разменети мислења за севкупната билатерална соработка меѓу двете држави, што ги поврзува традиционално и искрено пријателство засновано на соработка и меѓусебно почитување.

Претседателката Сиљановска Давкова истакна дека во Швајцарија, со која годинава одбележуваме 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи, гледаме голем пријател и искрен сојузник во процесот на остварување на надворешнополитичките цели и приоритети.

На средбата претседателката Сиљановска Давкова ја истакна важноста на швајцарската поддршка за македонските институции, како на централно, така и на локално ниво, но и за граѓанското општество и нагласи дека особено го цениме фактот што Швајцарија е наш најголем билатерален донатор.

Претседателката Сиљановска Давкова посочи на потребата од натамошно зајакнување економската соработка, како преку натамошно унапредување на трговската размена, така и преку зголемување на швајцарските инвестиции.

На средбата беше посочено и на бројната македонска дијаспора во Швајцарија, како важен аспект во севкупниот развој на односите меѓу двете држави.

The post Средба на претседателката Сиљановска Давкова со амбасадорката на Швајцарија, Вероник Халман Марти appeared first on Република.

]]>

Тошковски и Буши на средба со амбасадорката на Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-i-bushi-na-sredba-so-ambasadorkata-na-ukraina/ Fri, 16 Feb 2024 11:10:26 +0000 https://republika.mk/?p=744830

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и заменик министерот Назим Буши, денеска остварија работна средба со амбасадорката на Украина Н.Е. Лариса Дир.

Министерот Тошковски најави интензивирање на соработката меѓу министерствата за внатрешни работи на двете земји и секако интензивирање на соработката и комуникацијата со амбасадата на Украина во областа на безбедноста.

На средбата министерот Тошковски изрази безрезервна поддршка на Украина за целокупната состојба во која се наоѓа земјата.

Во однос на сите барања од страна на Амбасадата на Украина за техничко-материјална поддршка и помош, министерот Тошковски истакна дека стои на располагање со најава дека ќе се излезе во пресрет за се што е потребно во таа насока.

Амбасадорката Дир се заблагодари за досегашната успешна соработка и изрази надеж дека истата ќе продолжи и во иднина. Воедно, побара поддршка и помош за издавање на лични карти за привремена заштита на украинските државјани кои престојуваат тука согласно Одлука на Владата од 25.07.2023 година за давање привремена заштита на лица од Украина.

The post Тошковски и Буши на средба со амбасадорката на Украина appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и заменик министерот Назим Буши, денеска остварија работна средба со амбасадорката на Украина Н.Е. Лариса Дир. Министерот Тошковски најави интензивирање на соработката меѓу министерствата за внатрешни работи на двете земји и секако интензивирање на соработката и комуникацијата со амбасадата на Украина во областа на безбедноста. На средбата министерот Тошковски изрази безрезервна поддршка на Украина за целокупната состојба во која се наоѓа земјата. Во однос на сите барања од страна на Амбасадата на Украина за техничко-материјална поддршка и помош, министерот Тошковски истакна дека стои на располагање со најава дека ќе се излезе во пресрет за се што е потребно во таа насока. Амбасадорката Дир се заблагодари за досегашната успешна соработка и изрази надеж дека истата ќе продолжи и во иднина. Воедно, побара поддршка и помош за издавање на лични карти за привремена заштита на украинските државјани кои престојуваат тука согласно Одлука на Владата од 25.07.2023 година за давање привремена заштита на лица од Украина.  

The post Тошковски и Буши на средба со амбасадорката на Украина appeared first on Република.

]]>
Министерот за одбрана на Бугарија на средба со амбасадорката Руси Поповска: Преземените обврски на Македонија гарант за безбедноста на регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-za-odbrana-na-bugarija-na-sredba-so-ambasadorkata-rusi-popovska-prezemenite-obvrski-na-makedonija-garant-za-bezbednosta-na-regionot/ Fri, 25 Aug 2023 15:29:50 +0000 https://republika.mk/?p=675827

Министерот за одбрана на Република Бугарија, Тодор Тагарев денеска се сретна со вонредната и ополномошната амбасадорка на Република Македонија Агнеза Руси Поповска, соопшти Министерството за одбрана (МО). Двајцата изразија задоволство од добрата соработка и интензивниот политички дијалог во областа на одбраната, како на билатерална основа, така и во рамките на НАТО.

Во фокусот на нивниот разговор бил придонесот на Република Македонија во мерките за зајакнување на источното крило преку учество во мултинационалната борбена група на НАТО во Бугарија, со рамковната земја Италија, идниот развој на борбената група на ниво на бригада, како и транспортното поврзување.

Тагарев изразил поддршка за европската иднина на Република Македонија во исполнувањето на преземените обврски и ја истакна нивната важност не само за билатерална соработка, туку и за безбедноста и развојот на целиот регион.

Меѓу темите на разговорот беше и долгогодишната соработка во областа на образованието и обуката во областа на безбедноста, како и можностите за сè поинтензивно развивање, како од аспект на обука за различни специјалности, вклучително и воени лекари, и во областа на истражувачки проекти со европско финансирање.

The post Министерот за одбрана на Бугарија на средба со амбасадорката Руси Поповска: Преземените обврски на Македонија гарант за безбедноста на регионот appeared first on Република.

]]>

Министерот за одбрана на Република Бугарија, Тодор Тагарев денеска се сретна со вонредната и ополномошната амбасадорка на Република Македонија Агнеза Руси Поповска, соопшти Министерството за одбрана (МО). Двајцата изразија задоволство од добрата соработка и интензивниот политички дијалог во областа на одбраната, како на билатерална основа, така и во рамките на НАТО. Во фокусот на нивниот разговор бил придонесот на Република Македонија во мерките за зајакнување на источното крило преку учество во мултинационалната борбена група на НАТО во Бугарија, со рамковната земја Италија, идниот развој на борбената група на ниво на бригада, како и транспортното поврзување. Тагарев изразил поддршка за европската иднина на Република Македонија во исполнувањето на преземените обврски и ја истакна нивната важност не само за билатерална соработка, туку и за безбедноста и развојот на целиот регион. Меѓу темите на разговорот беше и долгогодишната соработка во областа на образованието и обуката во областа на безбедноста, како и можностите за сè поинтензивно развивање, како од аспект на обука за различни специјалности, вклучително и воени лекари, и во областа на истражувачки проекти со европско финансирање.

The post Министерот за одбрана на Бугарија на средба со амбасадорката Руси Поповска: Преземените обврски на Македонија гарант за безбедноста на регионот appeared first on Република.

]]>
Македонската амбасадорка во Бугарија повикана во бугарското МНР https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/makedonskata-ambasadorka-vo-bugarija-povikana-vo-bugarskoto-mnr/ Tue, 09 May 2023 16:42:55 +0000 https://republika.mk/?p=638934

Новиот шеф на бугарската дипломатија Иван Кондов денеска ја повикал на средба во Министерството за надворешни работи амбасадорката на Македонија во Бугарија, Агнеза Поповска.

Бугарското МНР соопшти дека во текот на разговорот, министерот Кондов изразил загриженост и несогласување со постапувањето на граничните власти на Република Македонија на граничниот премин Ново Село, кои на 6 мај не им дозволиле влез на бугарскиот евтопратеник Андреј Ковачев, на претседателот на Фондацијата „Бугарска меморија“ Милен Врабевски, како и на уште тројца бугарски државјани.

Кондов истакнал дека таквата мерка ја смета за неоснована и некомпатибилна со европските принципи и норми, кои Република Македонија се обврзала да ги почитува.

Од бугарска страна беше констатирано дека е неприфатливо да се составуваат списоци за забрана за државјани на земја-членка на ЕУ. МНР очекува да биде информирано за критериумите според кои бугарските граѓани и европските парламентарци се вклучени во таквите списоци. Министерот Кондов истакна дека слични постапки на официјални институции во Македонија, кои не се случуваат прв пат, имаат негативно влијание кај бугарската јавност и предизвикуваат неоспорна штета на градењето на добрососедските односи меѓу двете земји, се наведува во соопштението објавено на веб страницата на бугарското МНР.

Македонското МНР, пак, во врска со овој случај денеска соопшти дека на 6 мај, на граничниот премин Ново Село, „поради неисполнување на условите за влез во Република Македонија, согласно законот за странци, не било дозволен влез на група од петмина државјани на Република Бугарија“.

Дополнително би сакале да нагласиме дека во оваа група со која патувал и европратеникот Андреј Ковачев, имало лица за кои во Министерството за внатрешни работи има сознанија дека претставуваат ризик по јавниот мир и безбедност. Европратеникот Ковачев не е меѓу нив, но надлежните служби донеле таква одлука поради групата со која патувал. Секој европратеник кој го почитува достоинството на државата и нејзините граѓани е добредојден во Македонија, стои во сопштението од македонското МНР.

The post Македонската амбасадорка во Бугарија повикана во бугарското МНР appeared first on Република.

]]>

Новиот шеф на бугарската дипломатија Иван Кондов денеска ја повикал на средба во Министерството за надворешни работи амбасадорката на Македонија во Бугарија, Агнеза Поповска. Бугарското МНР соопшти дека во текот на разговорот, министерот Кондов изразил загриженост и несогласување со постапувањето на граничните власти на Република Македонија на граничниот премин Ново Село, кои на 6 мај не им дозволиле влез на бугарскиот евтопратеник Андреј Ковачев, на претседателот на Фондацијата „Бугарска меморија“ Милен Врабевски, како и на уште тројца бугарски државјани. Кондов истакнал дека таквата мерка ја смета за неоснована и некомпатибилна со европските принципи и норми, кои Република Македонија се обврзала да ги почитува. Од бугарска страна беше констатирано дека е неприфатливо да се составуваат списоци за забрана за државјани на земја-членка на ЕУ. МНР очекува да биде информирано за критериумите според кои бугарските граѓани и европските парламентарци се вклучени во таквите списоци. Министерот Кондов истакна дека слични постапки на официјални институции во Македонија, кои не се случуваат прв пат, имаат негативно влијание кај бугарската јавност и предизвикуваат неоспорна штета на градењето на добрососедските односи меѓу двете земји, се наведува во соопштението објавено на веб страницата на бугарското МНР. Македонското МНР, пак, во врска со овој случај денеска соопшти дека на 6 мај, на граничниот премин Ново Село, „поради неисполнување на условите за влез во Република Македонија, согласно законот за странци, не било дозволен влез на група од петмина државјани на Република Бугарија“. Дополнително би сакале да нагласиме дека во оваа група со која патувал и европратеникот Андреј Ковачев, имало лица за кои во Министерството за внатрешни работи има сознанија дека претставуваат ризик по јавниот мир и безбедност. Европратеникот Ковачев не е меѓу нив, но надлежните служби донеле таква одлука поради групата со која патувал. Секој европратеник кој го почитува достоинството на државата и нејзините граѓани е добредојден во Македонија, стои во сопштението од македонското МНР.

The post Македонската амбасадорка во Бугарија повикана во бугарското МНР appeared first on Република.

]]>
Германската амбасадорка: Не ставајте пари во мантилот на лекарот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/germanskata-ambasadorka-ne-stavajte-pari-vo-mantilot-na-lekarot/ Mon, 05 Dec 2022 20:11:55 +0000 https://republika.mk/?p=582323

Германската амбасадорка Анке Холштајн денеска порача дека борбата против корупцијата се учи и се применува од најмали нозе до највозрасни жители.

Има многу работи кои треба да се направат, а тоа е случајот со  Македонија и тоа го кажа и мојот претседател за време на неговата посета. Во зависност од тоа колку брзо Македонија ќе прави напредок на својот пат кон ЕУ зависи од тоа колку брзо ќе се спроведат реформите. И сите ние сме сложни дека тоа е особено тешка задача која претстои и тоа не се однесува само на политичарите, туку и на сите луѓе кои треба да сфатат дека кога ќе заминат на лекар дека не треба да остават некоја банкнота во неговиот мантил, или пак наставничката треба да знае дека не треба да добие подарок од ученикот за 8 Март за да има подобра оценка и сите треба да научат и најмалите и најголемите како се води борбата против корупцијата – порача амбасадорката.

Германската амбасадорка по денешното предавање на новата донација за полицијата нагласи дека битката против корупцијата е најважна за граѓаните и за европскиот напредок на државата. На новинарско прашање одговори дека Германија ќе продолжи да помага, но мора да се смени и свеста на функционерите и на граѓаните.

Борбата против корупцијата е тешка задача и тука се неопходни волја и време за кои Германија е подготвена да помогне – рече амбасадорката.

The post Германската амбасадорка: Не ставајте пари во мантилот на лекарот appeared first on Република.

Не верував дека ќе го смените името, но го сменивте: За американската амбасадорка сме направиле „повеќе од доволно“ за ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-veruvav-deka-kje-go-smenite-imeto-no-go-smenivte-za-amerikanskata-ambasadorka-sme-napravile-povekje-od-dovolno-za-eu/ Mon, 14 Nov 2022 14:47:22 +0000 https://republika.mk/?p=573726

Ако некој ми кажеше во 2013 година дека оваа земја ќе го смени своето име за да стане најновата членка на НАТО, јас ќе речев ова не е возможно. Ама го сменивте!“.

Ова го изјави американската амбасадорка Анџела Прајс Агелер, на отворањето на меѓународната конференција „Објективот на младите за мир и помирување“ што се одржува во Охрид, во организација на Младински сојуз – Крушево, со поддршка од Амбасадата на САД.

И денес за вашата иднина и за иднината на вашата генерација имате нов предизвик, а тоа е ЕУ интеграцијата. Оваа земја и овие граѓани направија повеќе од доволното за да ги отворат преговарачките процеси. Влегувањето во ЕУ ќе ја направат попросперитетна и постабилна оваа земја – додаде таа.

Според неа, младите во Западен Балкан се соочуваат со големи предизвици, но имаат моќ да ја подобрат состојбата во својата држава и да ги надминат предизвиците.

The post Не верував дека ќе го смените името, но го сменивте: За американската амбасадорка сме направиле „повеќе од доволно“ за ЕУ appeared first on Република.

]]>

Ако некој ми кажеше во 2013 година дека оваа земја ќе го смени своето име за да стане најновата членка на НАТО, јас ќе речев ова не е возможно. Ама го сменивте!“. Ова го изјави американската амбасадорка Анџела Прајс Агелер, на отворањето на меѓународната конференција „Објективот на младите за мир и помирување“ што се одржува во Охрид, во организација на Младински сојуз – Крушево, со поддршка од Амбасадата на САД.
И денес за вашата иднина и за иднината на вашата генерација имате нов предизвик, а тоа е ЕУ интеграцијата. Оваа земја и овие граѓани направија повеќе од доволното за да ги отворат преговарачките процеси. Влегувањето во ЕУ ќе ја направат попросперитетна и постабилна оваа земја – додаде таа.
Според неа, младите во Западен Балкан се соочуваат со големи предизвици, но имаат моќ да ја подобрат состојбата во својата држава и да ги надминат предизвиците.

The post Не верував дека ќе го смените името, но го сменивте: За американската амбасадорка сме направиле „повеќе од доволно“ за ЕУ appeared first on Република.

]]>
Француската амбасадорка во Софија: Без Бугари во Уставот, Македонија нема да влезе во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/francuskata-ambasadorka-vo-sofija-bez-bugari-vo-ustavot-makedonija-nema-da-vleze-vo-eu/ Wed, 28 Sep 2022 17:49:48 +0000 https://republika.mk/?p=555318

Флоренс Робин, француската амбасадорка во Софија во изјава за весникот „Сега“ даде своја анализа околу состојбата со бугарските државјани во Македонија.

Како што вели таа, без Бугари во Уставот, Македонија нема да биде членка на ЕУ.

Дадовме европски гаранции дека вклучувањето на Бугарите во македонскиот устав ќе биде предуслов за продолжување на дискусијата со Македонија. Ова е дел од таканаречениот француски предлог, кој во пракса е европски предлог и е впишан во протоколот потпишан од сите страни. Сметаме дека ова ќе биде тежок процес, но со разбирање и објаснување ќе донесе уверување - вели Робин.

The post Француската амбасадорка во Софија: Без Бугари во Уставот, Македонија нема да влезе во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Флоренс Робин, француската амбасадорка во Софија во изјава за весникот „Сега“ даде своја анализа околу состојбата со бугарските државјани во Македонија. Како што вели таа, без Бугари во Уставот, Македонија нема да биде членка на ЕУ.
Дадовме европски гаранции дека вклучувањето на Бугарите во македонскиот устав ќе биде предуслов за продолжување на дискусијата со Македонија. Ова е дел од таканаречениот француски предлог, кој во пракса е европски предлог и е впишан во протоколот потпишан од сите страни. Сметаме дека ова ќе биде тежок процес, но со разбирање и објаснување ќе донесе уверување - вели Робин.

The post Француската амбасадорка во Софија: Без Бугари во Уставот, Македонија нема да влезе во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Ангела Агелер положи заклетва како нова амбасадорка на САД во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/angela-ageler-polozi-zakletva-kako-nova-ambasadorka-na-sad-vo-skopje/ Tue, 27 Sep 2022 13:53:06 +0000 https://republika.mk/?p=554854

На церемонија во Стејт департментот, Ангела Агелер положи заклетва како нова амбасадорка на САД во Македонија, објави на фејсбук Американската амбасада во Скопје.

Амбасадорката Агелер е дипломат од кариера на Високата служба за надворешни работи, а до неодамна беше заменик-шеф на мисијата на САД во Пакистан каде што служеше како привремена в.д. амбасадорка. Претходно работеше и како советник за односи со јавноста во Амбасадата на САД во Париз, а извршуваше работни задачи и во Скопје, Њу Делхи, Ханој и Вашингтон, се наведува во објавата на Американската амбасада.

Во нејзината биографија исто така е запишано дека зборува македонски, француски и делумно хинду јазик.

Ангела Агелер доаѓа на местото на Кејт Мари Брнз, која ја извршува функцијата амбасадорка на САД во Скопје од 2019 година.

The post Ангела Агелер положи заклетва како нова амбасадорка на САД во Скопје appeared first on Република.

]]>

На церемонија во Стејт департментот, Ангела Агелер положи заклетва како нова амбасадорка на САД во Македонија, објави на фејсбук Американската амбасада во Скопје.
Амбасадорката Агелер е дипломат од кариера на Високата служба за надворешни работи, а до неодамна беше заменик-шеф на мисијата на САД во Пакистан каде што служеше како привремена в.д. амбасадорка. Претходно работеше и како советник за односи со јавноста во Амбасадата на САД во Париз, а извршуваше работни задачи и во Скопје, Њу Делхи, Ханој и Вашингтон, се наведува во објавата на Американската амбасада.
Во нејзината биографија исто така е запишано дека зборува македонски, француски и делумно хинду јазик. Ангела Агелер доаѓа на местото на Кејт Мари Брнз, која ја извршува функцијата амбасадорка на САД во Скопје од 2019 година.  

The post Ангела Агелер положи заклетва како нова амбасадорка на САД во Скопје appeared first on Република.

]]>
Петков: Ќе следи дипломатски одговор на изјавата на руската амбасадорка во Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/petkov-kje-sledi-diplomatski-odgovor-na-izjavata-na-ruskata-ambasadorka-vo-bugarija/ Wed, 23 Mar 2022 15:26:55 +0000 https://republika.mk/?p=477249

Ќе има дипломатски одговор, во една или друга форма, на изјавата на руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова, изјави премиерот Кирил Петков на брифинг во владината зграда во Софија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков посочи дека одлуката за ова денеска е донесена на редовната седница на бугарската Влада, но не прецизираше за што точно ќе станува збор.

Според него, неприфатливо е, во никој случај, странски амбасадор да зборува во име на бугарскиот народ против бугарската Влада.

Како што неодамна потсети дописникот на МИА од Софија, амбасадорката Митрофанова во интревју за руската телевизија „Русија24“ кажа дека бугарскиот народ не ја поддржува реториката и постапките на бугарската Влада насочени против нејзината земја.

The post Петков: Ќе следи дипломатски одговор на изјавата на руската амбасадорка во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Ќе има дипломатски одговор, во една или друга форма, на изјавата на руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова, изјави премиерот Кирил Петков на брифинг во владината зграда во Софија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков посочи дека одлуката за ова денеска е донесена на редовната седница на бугарската Влада, но не прецизираше за што точно ќе станува збор. Според него, неприфатливо е, во никој случај, странски амбасадор да зборува во име на бугарскиот народ против бугарската Влада. Како што неодамна потсети дописникот на МИА од Софија, амбасадорката Митрофанова во интревју за руската телевизија „Русија24“ кажа дека бугарскиот народ не ја поддржува реториката и постапките на бугарската Влада насочени против нејзината земја.  

The post Петков: Ќе следи дипломатски одговор на изјавата на руската амбасадорка во Бугарија appeared first on Република.

]]>
Грковска-Аксинте: Реафирмирана романската поддршка за што поскора европска интеграција на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-aksinte-reafirmirana-romanskata-poddrshka-za-shto-poskora-evropska-integracija-na-severna-makedonija/ Thu, 17 Mar 2022 11:31:07 +0000 https://republika.mk/?p=474256

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска ја прими амбасадорката на Романија во нашата земја Адела Моника Аксинте.

Посакувајќи ѝ успешен мандат, романската амбасадорка Аксинте на вицепремиерката Грковска ѝ ја пренесе подготвеноста за продолжување и зајакнување на соработката во рамки на надлежностите за креирање политики за добро владеење и унапредување на европските реформи.

На состанокот беше истакната определбата на Владата за што поскоро да започнат преговорите на Македонија за членство во Европската Унија, потенцирајќи дека тие се многу важни за остварување на бенефитите на сите граѓани во земјата.

На средбата беше реафирмирана романската поддршка за почеток на преговорите на нашата земја за членство на Унијата, при што позитивно беше оценета новата енергија во односите со Бугарија, како можност за што поскоро исполнување на европската интеграција.

Соговорничките заеднички се согласија за важноста на европската перспектива на нашата држава, која, како што беше речено, значи охрабрување не само за граѓаните на Македонија, туку и за европерспективите на сите други држави од Западен Балкан.

На средбата беше позитивно оценета брзата реакција на Македонија во однос на војната во Украина, усогласеноста со санкциите и мерките на ЕУ, при што беше посочено дека членството во НАТО е најсилната гаранција за безбедноста на сојузниците во регионот.

Беше изразена подготвеност за конкретна соработка по однос на сите важни области и прашања  во насока на унапредување и динамизирање на политиките за добро владеење.

The post Грковска-Аксинте: Реафирмирана романската поддршка за што поскора европска интеграција на Македонија appeared first on Република.

]]>

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска ја прими амбасадорката на Романија во нашата земја Адела Моника Аксинте. Посакувајќи ѝ успешен мандат, романската амбасадорка Аксинте на вицепремиерката Грковска ѝ ја пренесе подготвеноста за продолжување и зајакнување на соработката во рамки на надлежностите за креирање политики за добро владеење и унапредување на европските реформи. На состанокот беше истакната определбата на Владата за што поскоро да започнат преговорите на Македонија за членство во Европската Унија, потенцирајќи дека тие се многу важни за остварување на бенефитите на сите граѓани во земјата. На средбата беше реафирмирана романската поддршка за почеток на преговорите на нашата земја за членство на Унијата, при што позитивно беше оценета новата енергија во односите со Бугарија, како можност за што поскоро исполнување на европската интеграција. Соговорничките заеднички се согласија за важноста на европската перспектива на нашата држава, која, како што беше речено, значи охрабрување не само за граѓаните на Македонија, туку и за европерспективите на сите други држави од Западен Балкан. На средбата беше позитивно оценета брзата реакција на Македонија во однос на војната во Украина, усогласеноста со санкциите и мерките на ЕУ, при што беше посочено дека членството во НАТО е најсилната гаранција за безбедноста на сојузниците во регионот. Беше изразена подготвеност за конкретна соработка по однос на сите важни области и прашања  во насока на унапредување и динамизирање на политиките за добро владеење.

The post Грковска-Аксинте: Реафирмирана романската поддршка за што поскора европска интеграција на Македонија appeared first on Република.

]]>
Загина италијанската амбасадорка во Австрија: Се вратила дома, паднала од балкон https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zagina-italijanskata-ambasadorka-vo-avstrija-se-vratila-doma-padnala-od-balkon/ Sun, 20 Feb 2022 18:35:37 +0000 https://republika.mk/?p=461155

Амбасадорката на Италија во Австралија, Франческа Тардиоли (57) починала откако паднала од балкон во Фолињо, нејзиниот роден град каде отишла на одмор.

Според првите податоци, амбасадорката изгубила рамнотежа и паднала преку оградата на терасата, јавува ЦДС.

Полицијата која брзо пристигнала на местото на несреќата можела само да констатира смрт.

Тардиоли ја извршува функцијата италијански амбасадор во Австралија од 2019 година.

Таа претходно работела во италијанските амбасади и конзулати во Албанија, Саудиска Арабија и Либија, во НАТО и во италијанското Министерство за надворешни работи.

The post Загина италијанската амбасадорка во Австрија: Се вратила дома, паднала од балкон appeared first on Република.

]]>

Амбасадорката на Италија во Австралија, Франческа Тардиоли (57) починала откако паднала од балкон во Фолињо, нејзиниот роден град каде отишла на одмор. Според првите податоци, амбасадорката изгубила рамнотежа и паднала преку оградата на терасата, јавува ЦДС. Полицијата која брзо пристигнала на местото на несреќата можела само да констатира смрт. Тардиоли ја извршува функцијата италијански амбасадор во Австралија од 2019 година. Таа претходно работела во италијанските амбасади и конзулати во Албанија, Саудиска Арабија и Либија, во НАТО и во италијанското Министерство за надворешни работи.

The post Загина италијанската амбасадорка во Австрија: Се вратила дома, паднала од балкон appeared first on Република.

]]>
Шведска како најголем билатерален донатор од земјите на ЕУ ќе продолжи со поддршка на Македонија во повеќе области https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shvedska-kako-najgolem-bilateralen-donator-od-zemjite-na-eu-kje-prodolzi-so-poddrshka-na-severna-makedonija-vo-povekje-oblasti/ Thu, 27 Jan 2022 16:35:53 +0000 https://republika.mk/?p=450397

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски ја прими амбасадорката на Шведска во нашата земја Кристин Форсгрен Бенгтсон.

Амбасадорката Кристин Форсгрен Бенгтсон на премиерот Ковачевски му го врачи личното писмо на претседателката на Владата на Шведска Магдалена Андерсон во кое таа му го честита изборот на претседател на Владата на Македонија и му посакува нему, и на членовите на неговиот кабинет успех во реализацијата на зацртаните програмски приоритети.

Претседателот на Владата Ковачевски на средбата се заблагодари за поддршката на Кралството Шведска низ сите години на независност на Македонија, уште од воспоставувањето на дипломатските односи во 1993 година.

Ковачевски во разговорот се задржа на прашањата од приоритет на Владата на Македонија меѓу кои во врвот се политиките за справување на енергетската и здравствената криза и мерките за елиминирање на последиците по економијата во чиј фокус се поддршката на инвестициите во реалниот сектор за зачувување на работните места и имплементацијата на реформите.

Во однос на процесот за интеграција на Македонија во ЕУ, премиерот Ковачевски го истакна напредокот на односите со Бугарија кои се повторно вратени на највисоко политичко ниво, и додаде дека воспоставениот дијалог и акциски план на работните групи во повеќе области ветува добра основа за политички решенија на отворените прашања прифатливи за двете страни.

Амбасадорката на Кралството Шведска Кристин Форсгрен Бенгтсон нагласи дека нејзината земја останува силен поддржувач на Македонија и дека и понатаму ќе го афирмира ставот дека преговорите за членство во ЕУ треба да започнат без натамошно одлагање согласно одлуката на Европскиот совет од март 2020 година.

Амбасадорката Форсгрен Бенгтсон додаде дека Шведска, како најголем билатерален донатор од земјите на ЕУ во земјата ќе продолжи со поддршка на Македонија во повеќе области и дека во претстојниот период ќе се активираат повеќе планирани иницијативи за поголема трговска размена и за дополнителен поттик на компаниите од Шведска да инвестираат во земјата.

The post Шведска како најголем билатерален донатор од земјите на ЕУ ќе продолжи со поддршка на Македонија во повеќе области appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски ја прими амбасадорката на Шведска во нашата земја Кристин Форсгрен Бенгтсон. Амбасадорката Кристин Форсгрен Бенгтсон на премиерот Ковачевски му го врачи личното писмо на претседателката на Владата на Шведска Магдалена Андерсон во кое таа му го честита изборот на претседател на Владата на Македонија и му посакува нему, и на членовите на неговиот кабинет успех во реализацијата на зацртаните програмски приоритети. Претседателот на Владата Ковачевски на средбата се заблагодари за поддршката на Кралството Шведска низ сите години на независност на Македонија, уште од воспоставувањето на дипломатските односи во 1993 година. Ковачевски во разговорот се задржа на прашањата од приоритет на Владата на Македонија меѓу кои во врвот се политиките за справување на енергетската и здравствената криза и мерките за елиминирање на последиците по економијата во чиј фокус се поддршката на инвестициите во реалниот сектор за зачувување на работните места и имплементацијата на реформите. Во однос на процесот за интеграција на Македонија во ЕУ, премиерот Ковачевски го истакна напредокот на односите со Бугарија кои се повторно вратени на највисоко политичко ниво, и додаде дека воспоставениот дијалог и акциски план на работните групи во повеќе области ветува добра основа за политички решенија на отворените прашања прифатливи за двете страни. Амбасадорката на Кралството Шведска Кристин Форсгрен Бенгтсон нагласи дека нејзината земја останува силен поддржувач на Македонија и дека и понатаму ќе го афирмира ставот дека преговорите за членство во ЕУ треба да започнат без натамошно одлагање согласно одлуката на Европскиот совет од март 2020 година. Амбасадорката Форсгрен Бенгтсон додаде дека Шведска, како најголем билатерален донатор од земјите на ЕУ во земјата ќе продолжи со поддршка на Македонија во повеќе области и дека во претстојниот период ќе се активираат повеќе планирани иницијативи за поголема трговска размена и за дополнителен поттик на компаниите од Шведска да инвестираат во земјата.

The post Шведска како најголем билатерален донатор од земјите на ЕУ ќе продолжи со поддршка на Македонија во повеќе области appeared first on Република.

]]>