амбасадор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ambasador/ За подобро да се разбереме Mon, 28 Oct 2024 17:38:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png амбасадор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ambasador/ 32 32 Проштална средба на македонскиот амбасадор во Тирана, со шефот на албанската дипломатија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/proshtalna-sredba-na-makedonskiot-ambasador-vo-tirana-so-shefot-na-albanskata-diplomatija/ Mon, 28 Oct 2024 17:52:45 +0000 https://republika.mk/?p=831800

Во албанското Министерство за Европа и надворешни работи се одржа проштална средба на македонскиот амбасадорот Данчо Марковски со министерот Игли Хасани.

Покрај другото средбата била искористена за размена на мислења околу билатералните односи и перспективи меѓу двете земји.

Заеднички беше констатирана потребата од давање дополнителен импулс во соработката, особено во делот меѓу ресорската соработка, економско – трговската и културна соработка, како и на другите полиња од заемен интерес, објави амбасадата во Тирана.

Двајцата соговорници ја истакнале потребата за натамошно продлабочување на меѓусебните односи и заедничко генерирање на стабилност во регионот.

Марковски е вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Република Албанија од 2020 година.

The post Проштална средба на македонскиот амбасадор во Тирана, со шефот на албанската дипломатија appeared first on Република.

]]>

Во албанското Министерство за Европа и надворешни работи се одржа проштална средба на македонскиот амбасадорот Данчо Марковски со министерот Игли Хасани. Покрај другото средбата била искористена за размена на мислења околу билатералните односи и перспективи меѓу двете земји.
Заеднички беше констатирана потребата од давање дополнителен импулс во соработката, особено во делот меѓу ресорската соработка, економско – трговската и културна соработка, како и на другите полиња од заемен интерес, објави амбасадата во Тирана.
Двајцата соговорници ја истакнале потребата за натамошно продлабочување на меѓусебните односи и заедничко генерирање на стабилност во регионот. Марковски е вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Република Албанија од 2020 година.

The post Проштална средба на македонскиот амбасадор во Тирана, со шефот на албанската дипломатија appeared first on Република.

]]>
Во Брисел нападнат амбасадорот на Азербејџан во НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-brisel-napadnat-ambasadorot-na-azerbejdhan-vo-nato/ Wed, 07 Aug 2024 20:06:40 +0000 https://republika.mk/?p=804340

Амбасадорот на Азербејџан во НАТО и неговата сопруга беа нападнати и ограбени рано утринава на познатата бриселска авенија Луиз.

The post Во Брисел нападнат амбасадорот на Азербејџан во НАТО appeared first on Република.

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими норвешката амбасадорка Кристин Мелсом https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-silanovska-davkova-ja-primi-norveshkata-ambasadorka-kristin-melsom/ Tue, 23 Jul 2024 14:15:56 +0000 https://republika.mk/?p=799573

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими амбасадорката на Кралството Норвешка, Кристин Мелсом.

На средбата беа разменети мислења за билатералните односи што, во изминативе три децении, се засноваат на традиционално пријателство и конструктивно партнерство. Во таа насока беше реафирмирана посветеноста за натамошно негување на заедничките вредности, динамизирање и унапредување на политичкиот дијалог и соработка во сите области од заемен интерес.

Претседателката Сиљановска Давкова изрази задоволство од континуираната и конкретна норвешка поддршка во развојот на нашите капацитети и остварувањето на надворешно политичките приоритети и цели. Во таа насока истакна дека интеграцијата во евроатлантските структури и членството во ЕУ се значаен предуслов за долгорочен и одржлив развој на регионот.

Во контекст на економската соработка, двете соговорнички ја истакнаа важноста на норвешко-македонската стопанска комора во Осло, како силен поттик за бизнис заедниците, зајакнување на економските релации и трговската размена.

The post Претседателката Сиљановска Давкова ја прими норвешката амбасадорка Кристин Мелсом appeared first on Република.

Во албанското МЕНР повикан српскиот амбасадор во врска со изјавата на вицепремиерот Вулин https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-albanskoto-menr-povikan-srpskiot-ambasador-vo-vrska-so-izjavata-na-vitsepremierot-vulin/ Wed, 15 May 2024 15:39:20 +0000 https://republika.mk/?p=778417

Амбасадорот на Република Србија, во Тирана, Слободан Вукчевиќ, вчера беше повикан во Министерството за Европа и надворешни работи, каде од него беа побарани појаснувања во врска со изјавите што ги даде српскиот вицепремиер Александар  Вулин кои се однесуваат на посетата на премиерот Еди  Рама и средбата со албанската дијаспора во Грција, јави АТА.

Во соопштението на МЕНР сe наведува дека " провокативната изјава на српскиот функционер е спротивна на духот на односите и не е во служба на мирот и стабилноста во балканските земји".

Оттаму посочуваат  дека Албанија е важен фактор што "работи и придонесува за мирот и безбедноста во нашиот регион и тоа е во основата на соработката и со Србија“.

„МЕНР очекува итна рефлексија,  со цел  ваквите штетни, повторени изјави, да не влијаат на нашите односи кои треба да бидат ориентирани кон добрососедство и европска интеграција“, се заклучува во соопштението на албанското министерство.

Коментирајќи ја средбата на Рама со албанската дијаспора во Атина српскиот вицепремиер, Александар Вулин, меѓу другото рекол дека  „Голема Албанија“ можат да ја спречат само Србите и Грците.

-Следниот пат кога Владата на Грција ќе размислува за признавање на Косово, нека се сетат како изгледа пречекот на Еди Рама среде Атина. Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина, изјавил Вулин.

Тој оценил дека  признавањето на Косово и приемот на Приштина во Советот на Европа, би биле неизмерен придонес на Владата на Грција и Дора Бакојани за создавање на "Голема Албанија.

Според него "Голема Албанија" можат да ја спречат само Србите и српскиот свет, но и Грците

The post Во албанското МЕНР повикан српскиот амбасадор во врска со изјавата на вицепремиерот Вулин appeared first on Република.

]]>

Амбасадорот на Република Србија, во Тирана, Слободан Вукчевиќ, вчера беше повикан во Министерството за Европа и надворешни работи, каде од него беа побарани појаснувања во врска со изјавите што ги даде српскиот вицепремиер Александар  Вулин кои се однесуваат на посетата на премиерот Еди  Рама и средбата со албанската дијаспора во Грција, јави АТА. Во соопштението на МЕНР сe наведува дека " провокативната изјава на српскиот функционер е спротивна на духот на односите и не е во служба на мирот и стабилноста во балканските земји". Оттаму посочуваат  дека Албанија е важен фактор што "работи и придонесува за мирот и безбедноста во нашиот регион и тоа е во основата на соработката и со Србија“. „МЕНР очекува итна рефлексија,  со цел  ваквите штетни, повторени изјави, да не влијаат на нашите односи кои треба да бидат ориентирани кон добрососедство и европска интеграција“, се заклучува во соопштението на албанското министерство. Коментирајќи ја средбата на Рама со албанската дијаспора во Атина српскиот вицепремиер, Александар Вулин, меѓу другото рекол дека  „Голема Албанија“ можат да ја спречат само Србите и Грците. -Следниот пат кога Владата на Грција ќе размислува за признавање на Косово, нека се сетат како изгледа пречекот на Еди Рама среде Атина. Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина, изјавил Вулин. Тој оценил дека  признавањето на Косово и приемот на Приштина во Советот на Европа, би биле неизмерен придонес на Владата на Грција и Дора Бакојани за создавање на "Голема Албанија. Според него "Голема Албанија" можат да ја спречат само Србите и српскиот свет, но и Грците

The post Во албанското МЕНР повикан српскиот амбасадор во врска со изјавата на вицепремиерот Вулин appeared first on Република.

]]>
Украинскиот амбасадор во Германија ги отфрли руските обвинувања за нападот во Москва https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukrainskiot-ambasador-vo-germanija-gi-otfrli-ruskite-obvinuvana-za-napadot-vo-moskva/ Wed, 27 Mar 2024 09:20:49 +0000 https://republika.mk/?p=759193

Украинскиот амбасадор во Германија ги нарече „апсурдни“ руските наводи дека неговата земја е вмешана во нападот кај Москва во кој загинаа најмалку 139 луѓе.

Да, го исклучувам тоа, рече Олекси Макеиев утрово на јавното радио Дојчландфунк, додавајќи дека тоа се „апсурдни обвинувања“.

Според него, „Русија се обидува да ја обвини Украина за тероризам со цел да го оттргне вниманието од сопствениот терор“, јави ДПА.

Најмалку 139 лица загинаа, а речиси 200 беа повредени во нападот во петокот кога четворица вооружени напаѓачи пукаа во Крокус Сити Хол.

Исламска држава веќе неколку пати ја презеде одговорноста за нападот во Москва.

Западните безбедносни власти и експерти, исто така, сметаат дека ова е веродостојно и се сомневаат дека зад него стои огранокот на Исламската држава Провинцијата Хорасан

The post Украинскиот амбасадор во Германија ги отфрли руските обвинувања за нападот во Москва appeared first on Република.

]]>

Украинскиот амбасадор во Германија ги нарече „апсурдни“ руските наводи дека неговата земја е вмешана во нападот кај Москва во кој загинаа најмалку 139 луѓе. Да, го исклучувам тоа, рече Олекси Макеиев утрово на јавното радио Дојчландфунк, додавајќи дека тоа се „апсурдни обвинувања“. Според него, „Русија се обидува да ја обвини Украина за тероризам со цел да го оттргне вниманието од сопствениот терор“, јави ДПА. Најмалку 139 лица загинаа, а речиси 200 беа повредени во нападот во петокот кога четворица вооружени напаѓачи пукаа во Крокус Сити Хол. Исламска држава веќе неколку пати ја презеде одговорноста за нападот во Москва. Западните безбедносни власти и експерти, исто така, сметаат дека ова е веродостојно и се сомневаат дека зад него стои огранокот на Исламската држава Провинцијата Хорасан

The post Украинскиот амбасадор во Германија ги отфрли руските обвинувања за нападот во Москва appeared first on Република.

]]>
Џафери – Шљиванчанин: Интеграцијата на Македонија и Црна Гора во ЕУ е значајна за регионот и Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-shlivanchanin-integratsijata-na-severna-makedonija-i-tsrna-gora-vo-eu-e-znachajna-za-regionot-i-evropa/ Wed, 13 Mar 2024 11:14:48 +0000 https://republika.mk/?p=754344

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, се сретна со Велимир Шљиванчанин, привремен вршител на работи во Амбасадата на Црна Гора во Скопје.

На состанокот се истакна големото и традиционално пријателство помеѓу граѓаните на двете земји и билатералните односи коишто се без отворени прашања, и се базираат на долгогодишна и конструктивна соработка која постојано оди во нагорна линија.

Во таа насока, соговорниците заеднички констатираа дека Македонија и Црна Гора се пример како се градат и развиваат добрососедски односи.

Посебно беше потенцирана и важноста на сојузништвото во НАТО на двете држави, кое во актуелниот геополитички контекст е од особено значење за целиот регион и за Европа. Се разменија и искуства од придобивките на државите со зачленувањето на НАТО, како и околу реформските процеси кои се неопходни за евроинтеграцискиот процес.

Премиерот Џафери нагласи дека, Република Македонија е успешна мултиетничка демократија, модел за Европа во мало. И, изрази очекување дека во скоро време и припадниците на црногорската заедница во Македонија ќе бидат внесени во Уставот, со што државата ќе го отвори и првиот кластер во преговарачкиот процес со ЕУ.

На средбата разговараа и за можностите за унапредување на економската соработка и трговската размена, како и одржувањето на заедничка меѓу-владина седница на двете земји, веднаш по изборите во Република Македонија.

Шљиванчанин го честиташе изборот на Џафери за претседател на Владата и се заблагодари за посветеноста на Владата во продолжување на процесот на уставни измени, со кои и црногорската заедница би станала составен дел од Уставот. Притоа, истакна дека тоа е од важност не само за Црна Гора и за билатералните односи меѓу двете земји, туку и за деблокирањето на патот на Македонија кон ЕУ.

The post Џафери – Шљиванчанин: Интеграцијата на Македонија и Црна Гора во ЕУ е значајна за регионот и Европа appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, се сретна со Велимир Шљиванчанин, привремен вршител на работи во Амбасадата на Црна Гора во Скопје. На состанокот се истакна големото и традиционално пријателство помеѓу граѓаните на двете земји и билатералните односи коишто се без отворени прашања, и се базираат на долгогодишна и конструктивна соработка која постојано оди во нагорна линија. Во таа насока, соговорниците заеднички констатираа дека Македонија и Црна Гора се пример како се градат и развиваат добрососедски односи. Посебно беше потенцирана и важноста на сојузништвото во НАТО на двете држави, кое во актуелниот геополитички контекст е од особено значење за целиот регион и за Европа. Се разменија и искуства од придобивките на државите со зачленувањето на НАТО, како и околу реформските процеси кои се неопходни за евроинтеграцискиот процес. Премиерот Џафери нагласи дека, Република Македонија е успешна мултиетничка демократија, модел за Европа во мало. И, изрази очекување дека во скоро време и припадниците на црногорската заедница во Македонија ќе бидат внесени во Уставот, со што државата ќе го отвори и првиот кластер во преговарачкиот процес со ЕУ. На средбата разговараа и за можностите за унапредување на економската соработка и трговската размена, како и одржувањето на заедничка меѓу-владина седница на двете земји, веднаш по изборите во Република Македонија. Шљиванчанин го честиташе изборот на Џафери за претседател на Владата и се заблагодари за посветеноста на Владата во продолжување на процесот на уставни измени, со кои и црногорската заедница би станала составен дел од Уставот. Притоа, истакна дека тоа е од важност не само за Црна Гора и за билатералните односи меѓу двете земји, туку и за деблокирањето на патот на Македонија кон ЕУ.

The post Џафери – Шљиванчанин: Интеграцијата на Македонија и Црна Гора во ЕУ е значајна за регионот и Европа appeared first on Република.

]]>
Македонски дипломатски синдикат: Нов „дипломатски бисер“, за Генерален конзул во Мелбурн се предлага целосно анонимна личност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonski-diplomatski-sindikat-nov-diplomatski-biser-za-generalen-konzul-vo-melburn-se-predlaga-tselosno-anonimna-lichnost/ Wed, 24 Jan 2024 14:48:58 +0000 https://republika.mk/?p=736379

Македонскиот дипломатски синдикат повторно најостро реагира против растечкиот тренд на разбивање на професионалноста и внатрешните регулативи во Министерството за надворешни работи.

„По скандалозните именувања на партиски кадри во текот на минатата недела на клучни позиции во дипломатската мрежа, денес се соочуваме со нов „дипломатски бисер“. Имено, за Генерален конзул во Мелбурн се предлага целосно анонимна личност, на која единствена квалификација, според медиумите, е дека била дел од безбедносниот тим на Премиерот Ковачевски.

И покрај обидите за прикривање на информацијата за назначувањето на Г-ѓа Елена Брајковска за Генерален конзул, користејќи креативни флоскули од типот „нема таква точка на отворената седница“ иако овие одлуки се носат на затворени седници, денес именуваната веќе ги собира потребните потписи во МНР пред отпочнување на подготвителните процедури за упатување.

Веќе укажавме, Македонскиот дипломатски синдикат бил и ќе продолжи да биде последниот бедем и механизам за зачувување на угледот и професионалните стандарди во дипломатската служба. Затоа повикуваме за итна ревизија на овие упатувања и враќање на дипломатските стандарди во државата. На крајот, сеуште чекаме на одговор од министерот Османи за фрагрантното кршење на Законот за надворешни работи при упатувањето на Г-нот Мухаби Синани како Генерален конзул во Њуjорк. Пред да го добиеме одговорот, упатуваме на целосно читање на Законот, односно да се обрне внимание на член 5, од истата измена која беше наведена како основ за ова упатување (Сл. Весник 226/2015) со која се додава нов член 35-а кој гласи:

Член 35-а
Најмалку една третина од вкупниот број на шефови на дипломатско-конзуларни претставништва се именуваат од редот на дипломатско-конзуларните службеници со високи дипломатски звања во Министерството.

Со оглед на ова, прашуваме кое е дипломатското звање на Синани и дали се крши Законот за надворешни работи?“, се вели во реакцијата на Македонскиот дипломатски синдикат.

The post Македонски дипломатски синдикат: Нов „дипломатски бисер“, за Генерален конзул во Мелбурн се предлага целосно анонимна личност appeared first on Република.

]]>

Македонскиот дипломатски синдикат повторно најостро реагира против растечкиот тренд на разбивање на професионалноста и внатрешните регулативи во Министерството за надворешни работи. „По скандалозните именувања на партиски кадри во текот на минатата недела на клучни позиции во дипломатската мрежа, денес се соочуваме со нов „дипломатски бисер“. Имено, за Генерален конзул во Мелбурн се предлага целосно анонимна личност, на која единствена квалификација, според медиумите, е дека била дел од безбедносниот тим на Премиерот Ковачевски.
И покрај обидите за прикривање на информацијата за назначувањето на Г-ѓа Елена Брајковска за Генерален конзул, користејќи креативни флоскули од типот „нема таква точка на отворената седница“ иако овие одлуки се носат на затворени седници, денес именуваната веќе ги собира потребните потписи во МНР пред отпочнување на подготвителните процедури за упатување. Веќе укажавме, Македонскиот дипломатски синдикат бил и ќе продолжи да биде последниот бедем и механизам за зачувување на угледот и професионалните стандарди во дипломатската служба. Затоа повикуваме за итна ревизија на овие упатувања и враќање на дипломатските стандарди во државата. На крајот, сеуште чекаме на одговор од министерот Османи за фрагрантното кршење на Законот за надворешни работи при упатувањето на Г-нот Мухаби Синани како Генерален конзул во Њуjорк. Пред да го добиеме одговорот, упатуваме на целосно читање на Законот, односно да се обрне внимание на член 5, од истата измена која беше наведена како основ за ова упатување (Сл. Весник 226/2015) со која се додава нов член 35-а кој гласи: Член 35-а Најмалку една третина од вкупниот број на шефови на дипломатско-конзуларни претставништва се именуваат од редот на дипломатско-конзуларните службеници со високи дипломатски звања во Министерството. Со оглед на ова, прашуваме кое е дипломатското звање на Синани и дали се крши Законот за надворешни работи?“, се вели во реакцијата на Македонскиот дипломатски синдикат.

The post Македонски дипломатски синдикат: Нов „дипломатски бисер“, за Генерален конзул во Мелбурн се предлага целосно анонимна личност appeared first on Република.

]]>
Чад во друштво на земјите кои ги повлекоа амбасадорите од Израел поради бомбардирањето на Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/chad-vo-drushtvo-na-zemjite-koi-gi-povlekoa-ambasadorite-od-izrael-poradi-bombardiraneto-na-gaza/ Sun, 05 Nov 2023 09:51:24 +0000 https://republika.mk/?p=698353

Чад го отповика вршителот на должност амбасадор во Израел, притоа осудувајќи ја „загубата на животот на многу невини граѓани во Газа“.

Африканската земја повика на прекин на огнот „што ќе доведе до стабилно решение за палестинското прашање“.

Чад е шеста држава која го повлекува амбасадорот од Израел откако почна војната помеѓу Израел и Хамас. Претходно амбасадорите од Израел ги повлекоа Турција, Хондурас, Чиле, Колумбија и Јордан.

The post Чад во друштво на земјите кои ги повлекоа амбасадорите од Израел поради бомбардирањето на Газа appeared first on Република.

]]>

Чад го отповика вршителот на должност амбасадор во Израел, притоа осудувајќи ја „загубата на животот на многу невини граѓани во Газа“. Африканската земја повика на прекин на огнот „што ќе доведе до стабилно решение за палестинското прашање“. Чад е шеста држава која го повлекува амбасадорот од Израел откако почна војната помеѓу Израел и Хамас. Претходно амбасадорите од Израел ги повлекоа Турција, Хондурас, Чиле, Колумбија и Јордан.

The post Чад во друштво на земјите кои ги повлекоа амбасадорите од Израел поради бомбардирањето на Газа appeared first on Република.

]]>
Груби се сретна со новоименуваниот австриски амбасадор, Мартин Памер https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grubi-se-sretna-so-novoimenuvaniot-avstriski-ambasador-martin-pamer/ Thu, 24 Aug 2023 11:48:21 +0000 https://republika.mk/?p=675393

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците,  Артан Груби, денес оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Австрија во
Република Македонија, Мартин Памер, информираат од кабинетот на Груби.

Разговарајќи за пријателските билатерални односи и посакувајќи му добредојде во земјата и успех во извршувањето на должноста, Груби и Памер изразија уверување дека пријателските односи меѓу двете земји ќе продолжат да се развиваат и во иднина.

Груби изрази благодарност за поддршката што нашата земја ја добива од Австрија во реформските процеси поврзани со евроинтеграциите и за динамиката со која се развива соработката меѓу двете земји на повеќе полиња.

Двајцата соговорници разговараа и за процесот на уставни измени и потребата од градење на општествен консензус за евроинтеграции.

Груби ја подвлече потребата од поддршка на опозицијата за процесот на технички измени на Уставот и општата усогласеност на патот кон Брисел, нагласувајќи дека ЕУ и САД не се непријатели на нашата земја, туку напротив, сите достигнувања на земјата се во партнерство и со поддршка на САД и ЕУ.

Груби и Памер разговараа и за меѓуетничките односи и спроведувањето на Охридскиот договор како предуслов за општествена кохезија и еднаквост меѓу заедниците во нашата земја, стои во соопштението.

The post Груби се сретна со новоименуваниот австриски амбасадор, Мартин Памер appeared first on Република.

]]>

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците,  Артан Груби, денес оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Австрија во Република Македонија, Мартин Памер, информираат од кабинетот на Груби.
Разговарајќи за пријателските билатерални односи и посакувајќи му добредојде во земјата и успех во извршувањето на должноста, Груби и Памер изразија уверување дека пријателските односи меѓу двете земји ќе продолжат да се развиваат и во иднина. Груби изрази благодарност за поддршката што нашата земја ја добива од Австрија во реформските процеси поврзани со евроинтеграциите и за динамиката со која се развива соработката меѓу двете земји на повеќе полиња. Двајцата соговорници разговараа и за процесот на уставни измени и потребата од градење на општествен консензус за евроинтеграции. Груби ја подвлече потребата од поддршка на опозицијата за процесот на технички измени на Уставот и општата усогласеност на патот кон Брисел, нагласувајќи дека ЕУ и САД не се непријатели на нашата земја, туку напротив, сите достигнувања на земјата се во партнерство и со поддршка на САД и ЕУ. Груби и Памер разговараа и за меѓуетничките односи и спроведувањето на Охридскиот договор како предуслов за општествена кохезија и еднаквост меѓу заедниците во нашата земја, стои во соопштението.

The post Груби се сретна со новоименуваниот австриски амбасадор, Мартин Памер appeared first on Република.

]]>
Средба Тренчевска- Памер: Одличната соработка и пријателските односи помеѓу двете држави продолжуваат, Австрија е наш голем поддржувач во социјалните политики и трудот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-trenchevska-pamer-odlichnata-sorabotka-i-prijatelskite-odnosi-pomegu-dvete-drzhavi-prodolzhuvaat-avstrija-e-nash-golem-poddrzhuvach-vo-sotsijalnite-politiki-i-trudot/ Tue, 22 Aug 2023 18:53:08 +0000 https://republika.mk/?p=674730

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Австрија во земјава Н.Е Мартин Памер.

Министерката му посака добредојде на амбасадорот Памер, успешна работа и продолжување на досегашната одлична соработка во областите кои се во надлежност на Министерството за труд и социјална политика.

Соговорниците зборуваа за прашања од социјалната сфера, вработувањето и пазарот на труд,  детската заштита, семејното насилство и механизмите за заштита од насилство.

Министерката Тренчевска информираше за состојбата во државата, социјалните права и сервиси наменети за ранливите категории на граѓани, осврнувајќи се на социјалната реформа и придобивките од нејзиното воведување.

„Системот на социјална заштита е флексибилен, за да може да ги прими сите оние граѓани кои ќе станат социјално ранливи. Но, целта на социјалната реформа не е тие да останат во системот, туку да ги активираме на пазарот на труд. На активацијата на корисниците на Гарантирана минимална помош, засилено ќе работиме наредниот период заедно со Агенцијата за вработување, Центрите за социјална работа и со поддршка на европските партнери,“ истакна Тренчевска.

На средбата се разговараше и за недостигот на работна сила, како и за мерките од Оперативниот план за активни програми и мерки, со кои на невработените лица им се помага  преку различни обуки да станат поконкурентни на пазарот на труд, но и мерките за самовработување односно започнување на сопствен бизнис.

Се разговараше и за ромите како една од најранливите категории на граѓани и насоченоста на оваа Влада за целосна инклузија на сите етнички заедници во општеството да бидат активни чинители во сите сфери.

Министерката информираше и за состојбата со насилството во државата механизмите за заштита од насилство, носењето на  Закон за заштита од насилство врз жените и семејно насилство, воспоставувањето на шелтер центрите за жртвите од насилство, советувалиштата, мултисекторскиот пристап на институциите, при што ја истакна и важноста од подигањето на свеста за насилството и важноста од неговото пријавување.

На тема згрижување и згрижувачки семејства министерката Тренчевска истакна дека добрите практики и искуства токму од Република Австрија се особено значајни за напредок во ова поле и во Република Македонија.

Двете страни изразија уверување за продолжување на досегашната одлична соработка.

The post Средба Тренчевска- Памер: Одличната соработка и пријателските односи помеѓу двете држави продолжуваат, Австрија е наш голем поддржувач во социјалните политики и трудот appeared first on Република.

Украинскиот напад на рускиот полуостров Крим ќе се смета како и напад врз кој било друг дел од Русија, предупреди рускиот амбасадор во САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukrainskiot-napad-na-ruskiot-poluostrov-krim-ke-se-smeta-kako-i-napad-vrz-koj-bilo-drug-del-od-rusija-predupredi-ruskiot-ambasador-vo-sad/ Mon, 22 May 2023 12:47:03 +0000 https://republika.mk/?p=643639

Украинскиот напад на рускиот полуостров Крим ќе се смета како и напад врз кој било друг дел од Русија, предупреди во неделата Анатолиј Антонов, амбасадор на Москва во САД.

Неговите коментари уследија откако американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан не изрази никакви приговори за тоа што Украина рекетираше цели на Крим, каде што големо мнозинство гласаше за приклучување кон Русија во 2014 година, по пучот во Киев поддржан од Западот.

Зборувајќи за Си-Ен-Ен, Саливан објасни дека не ѝ поставиле ограничувања на Украина да може да нападне на нејзина територија… „Она што го кажавме е дека нема да ѝ овозможиме на Украина со американски системи да ја нападне Русија. А ние сметаме дека Крим е Украина“.

Во изјавата за Телеграм, Антонов рече дека „безусловното одобрување на нападите врз Крим со користење на американско и друго западно оружје“, како и размислувањата на западните земји за снабдување на Украина со борбени авиони Ф-16 „јасно покажуваат дека САД никогаш не биле заинтересирани за мир“ и дека Русија била во право што ја започнала својата воена операција во Украина.

„Ударите на оваа територија се сметаат за напад врз кој било друг регион на Руската Федерација. Важно е САД да бидат целосно свесни за рускиот одговор“.

Антонов, исто така, ги критикуваше разговорите за снабдување на Украина со Ф-16, посочувајќи дека на Киев му недостига инфраструктура и персонал за сам да управува со нив.
„Што би се случило ако американските ловци полетаат од аеродромите на НАТО, управувани од странски „волонтери“?, праша тој.

Забелешките на Саливан, исто така, предизвикаа гнев кај кримскиот вицепремиер Георги Мурадов, кој мислеше дека со дозволувањето на Украина да користи авиони од американско производство за да го гаѓа полуостровот, Белата куќа „се согласи да покрене нуклеарна војна“.

Официјалниот претставник потсети дека Крим е домаќин на руската Црноморска флота.

„Нападот на еден од столбовите на стратешката безбедност на Русија законски ја обврзува нашата земја да ги користи сите расположливи средства за да спречи нејзино поткопување“, рече тој, додавајќи дека тоа може да значи уништување на центри што се користат за испорака на западно оружје во Украина, вклучително и оние кои се наоѓаат на територијата на НАТО.

The post Украинскиот напад на рускиот полуостров Крим ќе се смета како и напад врз кој било друг дел од Русија, предупреди рускиот амбасадор во САД appeared first on Република.

]]>

Украинскиот напад на рускиот полуостров Крим ќе се смета како и напад врз кој било друг дел од Русија, предупреди во неделата Анатолиј Антонов, амбасадор на Москва во САД. Неговите коментари уследија откако американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан не изрази никакви приговори за тоа што Украина рекетираше цели на Крим, каде што големо мнозинство гласаше за приклучување кон Русија во 2014 година, по пучот во Киев поддржан од Западот. Зборувајќи за Си-Ен-Ен, Саливан објасни дека не ѝ поставиле ограничувања на Украина да може да нападне на нејзина територија… „Она што го кажавме е дека нема да ѝ овозможиме на Украина со американски системи да ја нападне Русија. А ние сметаме дека Крим е Украина“. Во изјавата за Телеграм, Антонов рече дека „безусловното одобрување на нападите врз Крим со користење на американско и друго западно оружје“, како и размислувањата на западните земји за снабдување на Украина со борбени авиони Ф-16 „јасно покажуваат дека САД никогаш не биле заинтересирани за мир“ и дека Русија била во право што ја започнала својата воена операција во Украина. „Ударите на оваа територија се сметаат за напад врз кој било друг регион на Руската Федерација. Важно е САД да бидат целосно свесни за рускиот одговор“. Антонов, исто така, ги критикуваше разговорите за снабдување на Украина со Ф-16, посочувајќи дека на Киев му недостига инфраструктура и персонал за сам да управува со нив. „Што би се случило ако американските ловци полетаат од аеродромите на НАТО, управувани од странски „волонтери“?, праша тој. Забелешките на Саливан, исто така, предизвикаа гнев кај кримскиот вицепремиер Георги Мурадов, кој мислеше дека со дозволувањето на Украина да користи авиони од американско производство за да го гаѓа полуостровот, Белата куќа „се согласи да покрене нуклеарна војна“. Официјалниот претставник потсети дека Крим е домаќин на руската Црноморска флота. „Нападот на еден од столбовите на стратешката безбедност на Русија законски ја обврзува нашата земја да ги користи сите расположливи средства за да спречи нејзино поткопување“, рече тој, додавајќи дека тоа може да значи уништување на центри што се користат за испорака на западно оружје во Украина, вклучително и оние кои се наоѓаат на територијата на НАТО.

The post Украинскиот напад на рускиот полуостров Крим ќе се смета како и напад врз кој било друг дел од Русија, предупреди рускиот амбасадор во САД appeared first on Република.

]]>
МНР со детали за повлекувањето на амбасадорот Тодоровски од Прага https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mnr-so-detali-za-povlekuvaneto-na-ambasadorot-todorovski-od-praga/ Thu, 04 May 2023 16:39:27 +0000 https://republika.mk/?p=636923

Од Министерството за надворешни работи (МНР) попладнево дополнително се огласија околу повлекувањето на амбасадорот од Чешка Сашко Тодоровски и истакнаа дека целиот процес бил долг и воден од Комисијата во рамки на МНР при шти биле констатирани бројни прекршувања на процедурите и дипломатските практики.

Прекршувањата, потенцира МНР, беа поткрепени и со материјални докази и прецизни констатации.

Во рамките на материјалното финансиско работење, при активностите за санирање на објектот на амбасадата, не се испочитувани внатрешните процедури и склучени се договори без согласност на Министерството; по истите Договори подоцна исплатени се финансиски средства без материјално покритие за истите. Без согласност од МНР амбасадорот ангажирал локален персонал и склучил договори за ангажман на локален персонал, што е спротивно на интерните акти на МНР, поточно член 9 и член 10 од Правилникот за ангажирање локален персонал и спроведување практична работа на студенти во дипломатски и конзуларни претставништва. Без претходна соодветна одлука на Министерството, ја претставувал сопругата за „Аташе за наука“ на Република Македонија, иако таа го немала добиено тоа дипломатско звање; прекршувајќи ги сите правила и надминувајќи ги ингеренциите кои ги има, ги довел во заблуда претставниците на научните и образовни институции во земјата на покривање.Ги прекршил правилата на добрата дипломатска практика, и без да најави, не присуствувал на испраќањето на Претседателот на Владата сосе неговата придружна делегација за време на посетата на земјата на покривање, оставајќи непријатен впечаток пред дипломатските претставници на земјата – домаќин, наведува МНР.

Според МНР, во рамките на мандатот амбасадорот бил повикан на консултации во Скопје за да објасни дел од прекршувањата и направените неправилности, но иако ја напуштил земјата на покривање, без дозвола ја напуштил и земјава и подоцна пријавил дека отишол на одмор, за што е потребна посебна дозвола.

Сите овие дејствија, поткрепи со материјални докази и прецизни констатации, се дел од извештајот изготвен од Комисијата во рамките на Министерството за надворешни работи кој подоцна е усвоен од Владата. Констатирајќи ги сите овие неправилност кои се дел од извештајот на Комисијата, Владата донесе одлука за повлекување на Амбасадорот. По веќе донесената одлука на Владата, Амбасадорот поднесе барање за предвремено повлекување, стои во соопштението од МНР.

Претходно министерот Бујар Османи преку видео брифинг информираше дека Тодоровски е вратен од Прага, а како причина за неговото отповикување наведе дека имало констатирано нерегуларности во функционирањето, лажно претставување на сопругата како културен аташе во Прага и оти не се испочитувани инструкции.

Во меѓувреме во објава на социјалните мрежи реагираше Најчевска, која, пак, изнесе тврдење дека нејзиниот сопруг подел оставка истакнувајќи дека не се согласил со барањето на Османи, како што наведува, да го информира само него на дневна основа и во лична комуникација надвор од каналите на министерството, со заобиколување на Владата и на Претседателот на државата за случувањата во државата во која е поставен за амбасадор.

Османи ги прекрши Уставот и законите што дипломат професионалец како мојот сопруг не можеше и не си дозволи да го толерира (за што пред неколку месеци достави претставка до Владата и до Претседателот на државата). Со оглед на тоа дека никој не реагираше на наводите во дописот во кој беа посочени отворени акти на дискриминација од страна на Османи, мобинг и основи за сомневање за направени кривични дела, мојот сопруг поднесе оставка, напиша Најчевска.

The post МНР со детали за повлекувањето на амбасадорот Тодоровски од Прага appeared first on Република.

]]>

Од Министерството за надворешни работи (МНР) попладнево дополнително се огласија околу повлекувањето на амбасадорот од Чешка Сашко Тодоровски и истакнаа дека целиот процес бил долг и воден од Комисијата во рамки на МНР при шти биле констатирани бројни прекршувања на процедурите и дипломатските практики. Прекршувањата, потенцира МНР, беа поткрепени и со материјални докази и прецизни констатации.
Во рамките на материјалното финансиско работење, при активностите за санирање на објектот на амбасадата, не се испочитувани внатрешните процедури и склучени се договори без согласност на Министерството; по истите Договори подоцна исплатени се финансиски средства без материјално покритие за истите. Без согласност од МНР амбасадорот ангажирал локален персонал и склучил договори за ангажман на локален персонал, што е спротивно на интерните акти на МНР, поточно член 9 и член 10 од Правилникот за ангажирање локален персонал и спроведување практична работа на студенти во дипломатски и конзуларни претставништва. Без претходна соодветна одлука на Министерството, ја претставувал сопругата за „Аташе за наука“ на Република Македонија, иако таа го немала добиено тоа дипломатско звање; прекршувајќи ги сите правила и надминувајќи ги ингеренциите кои ги има, ги довел во заблуда претставниците на научните и образовни институции во земјата на покривање.Ги прекршил правилата на добрата дипломатска практика, и без да најави, не присуствувал на испраќањето на Претседателот на Владата сосе неговата придружна делегација за време на посетата на земјата на покривање, оставајќи непријатен впечаток пред дипломатските претставници на земјата – домаќин, наведува МНР.
Според МНР, во рамките на мандатот амбасадорот бил повикан на консултации во Скопје за да објасни дел од прекршувањата и направените неправилности, но иако ја напуштил земјата на покривање, без дозвола ја напуштил и земјава и подоцна пријавил дека отишол на одмор, за што е потребна посебна дозвола.
Сите овие дејствија, поткрепи со материјални докази и прецизни констатации, се дел од извештајот изготвен од Комисијата во рамките на Министерството за надворешни работи кој подоцна е усвоен од Владата. Констатирајќи ги сите овие неправилност кои се дел од извештајот на Комисијата, Владата донесе одлука за повлекување на Амбасадорот. По веќе донесената одлука на Владата, Амбасадорот поднесе барање за предвремено повлекување, стои во соопштението од МНР.
Претходно министерот Бујар Османи преку видео брифинг информираше дека Тодоровски е вратен од Прага, а како причина за неговото отповикување наведе дека имало констатирано нерегуларности во функционирањето, лажно претставување на сопругата како културен аташе во Прага и оти не се испочитувани инструкции. Во меѓувреме во објава на социјалните мрежи реагираше Најчевска, која, пак, изнесе тврдење дека нејзиниот сопруг подел оставка истакнувајќи дека не се согласил со барањето на Османи, како што наведува, да го информира само него на дневна основа и во лична комуникација надвор од каналите на министерството, со заобиколување на Владата и на Претседателот на државата за случувањата во државата во која е поставен за амбасадор.
Османи ги прекрши Уставот и законите што дипломат професионалец како мојот сопруг не можеше и не си дозволи да го толерира (за што пред неколку месеци достави претставка до Владата и до Претседателот на државата). Со оглед на тоа дека никој не реагираше на наводите во дописот во кој беа посочени отворени акти на дискриминација од страна на Османи, мобинг и основи за сомневање за направени кривични дела, мојот сопруг поднесе оставка, напиша Најчевска.

The post МНР со детали за повлекувањето на амбасадорот Тодоровски од Прага appeared first on Република.

]]>
Лажно ја претставувал сопругата Најчевска како аташе: Отповикан амбасадорот во Чешка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lazhno-ja-pretstavuval-soprugata-najchevska-kako-atashe-otpovikan-ambasadorot-vo-cheshka/ Thu, 04 May 2023 12:42:41 +0000 https://republika.mk/?p=636821

Амбасадорот на Македонија во Чешка, Сашко Тодоровски, е отповикан од функцијата на сред мандат, поради, како што рече на деншниот брифинг министерот за надворешни работи Бујар Османи - констатирани нерегуларности во извршувањето на својот мандат.

Да информирам дека имаме отповикан амбасадор на средина на мандатот поради констатирани нерегуларности во рамките на извршувањето на својот мандат, има лажно претставување на сопругата како културен аташе, непочитување на инструкции на Министерството за надворешни работи. Ова е процедура што трае повеќе месеци, рече Османи.

Сопругата на Тодоровски е професорката Мирјана Најчевска.

Тодоровски, кој во Прага функцијата амбасадор ја извршуваше од март 2021 година, во последно време е гласен противник на политиките на власта, а особено јавно негодуваше против премиерот Димитар Ковачевски и самиот министер Османи.

The post Лажно ја претставувал сопругата Најчевска како аташе: Отповикан амбасадорот во Чешка appeared first on Република.

]]>

Амбасадорот на Македонија во Чешка, Сашко Тодоровски, е отповикан од функцијата на сред мандат, поради, како што рече на деншниот брифинг министерот за надворешни работи Бујар Османи - констатирани нерегуларности во извршувањето на својот мандат.
Да информирам дека имаме отповикан амбасадор на средина на мандатот поради констатирани нерегуларности во рамките на извршувањето на својот мандат, има лажно претставување на сопругата како културен аташе, непочитување на инструкции на Министерството за надворешни работи. Ова е процедура што трае повеќе месеци, рече Османи.
Сопругата на Тодоровски е професорката Мирјана Најчевска. Тодоровски, кој во Прага функцијата амбасадор ја извршуваше од март 2021 година, во последно време е гласен противник на политиките на власта, а особено јавно негодуваше против премиерот Димитар Ковачевски и самиот министер Османи.

The post Лажно ја претставувал сопругата Најчевска како аташе: Отповикан амбасадорот во Чешка appeared first on Република.

]]>
Русија го протерува амбасадорот на Летонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-go-proteruva-ambasadorot-na-letonija/ Fri, 27 Jan 2023 22:12:40 +0000 https://republika.mk/?p=601817

Министерството за надворешни работи на Русија му наложи на амбасадорот на Летонија да ја напушти територијата на Руската Федерација во рок од две недели.

Во соопштението на руското Министерство за надворешни работи се наведува дека Летонија претходно одлучила да го намали нивото на дипломатските односи со Русија.

Потенцирајќи дека Летонија оваа одлука ја донела од солидарност со другите балтички земји и дека таа причина не е прифатена од Русија, Москва порача дека оваа солидарност значи преземање непријателски чекори кон Русија и тоа во режија на САД.

Во соопштението се нагласува и дека целата одговорност за актуелната ситуација и припаѓа на летонската влада.

Од летонскиот амбасадор во Москва, Марис Риекстинс е побарано да ја напушти Русија во рок од две недели. Провокативните потези на летонските власти за намалување на нивото на дипломатските односи ќе имаат последици“, се наведува во соопштението на руското МНР.

The post Русија го протерува амбасадорот на Летонија appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи на Русија му наложи на амбасадорот на Летонија да ја напушти територијата на Руската Федерација во рок од две недели. Во соопштението на руското Министерство за надворешни работи се наведува дека Летонија претходно одлучила да го намали нивото на дипломатските односи со Русија. Потенцирајќи дека Летонија оваа одлука ја донела од солидарност со другите балтички земји и дека таа причина не е прифатена од Русија, Москва порача дека оваа солидарност значи преземање непријателски чекори кон Русија и тоа во режија на САД. Во соопштението се нагласува и дека целата одговорност за актуелната ситуација и припаѓа на летонската влада.
Од летонскиот амбасадор во Москва, Марис Риекстинс е побарано да ја напушти Русија во рок од две недели. Провокативните потези на летонските власти за намалување на нивото на дипломатските односи ќе имаат последици“, се наведува во соопштението на руското МНР.

The post Русија го протерува амбасадорот на Летонија appeared first on Република.

]]>
По Божиќ ќе се знае дали Димовски ќе биде амбасадор во Париз https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/po-bozhik-ke-se-znae-dali-dimovski-ke-bide-ambasador-vo-pariz/ Wed, 04 Jan 2023 19:54:07 +0000 https://republika.mk/?p=593703

По божикните празници ќе се знае дали поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски ќе замине за амбасадор за Франција. Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска изјави дека по празниците е планирано да има средба со претседателот на државата и премиерот на која ќе се разговара за целата листа на кандидати за испразнетите амбасадорски места.

На 9-ти месецов, планираме со претседателот и премиерот да седнеме не само на таа тема, туку за целата листа што јас ја имам испратено за нови кандидати, околу 14 кандидати. Тоа е предлог кој треба да се филтрира, меѓутоа за целата листа вклучувајќи го и амбасадорот во Париз ќе се разговара од 9 јануари со претседателот, рече Османи.

Во јавноста се отвори прашањето дали поранешниот директор на АНБ Димовски ќе замине на амбасадорското место во Париз поради случајот со доделувањето на македонско државјанство на рускиот државјанин Олександр Онишченко, кој е на црната листа на САД.

The post По Божиќ ќе се знае дали Димовски ќе биде амбасадор во Париз appeared first on Република.

Димовски оди во амбасадата во Париз, АНБ утре ќе добие нов директор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimovski-odi-vo-ambasadata-vo-pariz-anb-utre-kje-dobie-nov-direktor/ Tue, 13 Dec 2022 11:02:48 +0000 https://republika.mk/?p=585134

Владата утре на седница ќе именува нов директор на Агецијата за национална безбедност.

Утре ќе има нов директор на АНБ, изјави премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес-конфереција одговарајќи на новинарско прашање без да соопшти други детали.

Досегашниот директоѕр на АНБ Виктор Димовски ќе замине на амбасадорското место во Париз.

The post Димовски оди во амбасадата во Париз, АНБ утре ќе добие нов директор appeared first on Република.

И Британија се приклучи на американскиот повик да се искорени корупцијата во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/i-britanija-se-prikluchi-na-amerikanskiot-povik-da-se-iskoreni-korupcijata-vo-makedonija/ Fri, 09 Dec 2022 09:51:15 +0000 https://republika.mk/?p=583604

И британската амбасада се приклучи во иницијативата на американската амбасада за борба против корупција во Македонија. Британскиот амбасадор Метју Лосон упати остра порака на неговиот твитер профил, по повод денот на борбата против корупцијата.

Неодамнешните загрижувачки извештаи укажуваат дека состојбата со корупцијата во Македонија се влошува наместо да се подобрува. Корупцијата го поткопува владеењето на правото, создава недоверба во судството и ги ослабнува јавните институции. Британија стои до Македонија. Апсолутно клучно е да се справите со ова, порача амбасадорот Лосон.

Претходно, американската амбасадорка Ангела Агелер најави дека во Скопје е дојдена екипа од Вашингтон која е задолжена да идентификува кои поранешни но и актуелни функционери треба да бидат ставени на црна листа поради нивната корумпираност. Таа имаше остри зборови за изборот на новиот обвинител за организиран криминал Ислам Абази, кој се смета за близок до партијата ДУИ, но и за нивото на корупцијата во власта воопшто.

The post И Британија се приклучи на американскиот повик да се искорени корупцијата во Македонија appeared first on Република.

Амбасадорот на САД во Косово ја повика Владата итно да почне преговори за формирање Заедница на општини со српско мнозинство https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ambasadorot-na-sad-vo-kosovo-ja-povika-vladata-itno-da-pochne-pregovori-za-formiranje-zaednica-na-opshtini-so-srpsko-mnozinstvo/ Thu, 10 Nov 2022 08:29:55 +0000 https://republika.mk/?p=572138

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Џефери Ховениер, ја повика Владата на Косово итно да започне преговори за формирање Заедница на општини со српско мнозинство.

Предлогот за Здружението мора да биде на маса“, рече Ховениер во разговор со новинарите во Приштина.

Тој ја повика Владата на Косово и да го одложи за десет месеци спроведувањето на одлуката за пререгистрација на возилата од српски со таблички РКС (Република Косово).

Владата на Косово да не почне да ги казнува возачите кои возат автомобили со српски регистарски таблички“, порача амбасадорот.

Изјавата на Ховениер доаѓа пет дена откако српските претставници ги напуштија косовските институции, вклучително и Парламентот и Владата.

Косовскиот премиер Албин Курти синоќа најави дека денеска на покана на францускиот претседател Емануел Макрон ќе отпатува во Париз за да учествува на Форумот за мир и ја најави можноста за трилатерална средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, кој исто така е поканет.

Тој додаде дека на маса има два предлози, неговиот за општата рамка на договорот претставен на средбата на 18 август 2022 година во Брисел, како и француско-германскиот предлог поддржан од Соединетите Американски Држави и Европската Унија.

Добрососедските односи меѓу Косово и Србија ќе се засноваат на еднакви права, се вели во документот што го објави медиумската мрежа специјализирана за политиките на Европската унија (ЕУ), Еурактив.

Овој медиум пренесува дека станува збор за таканаречениот германско-француски план за решавање на спорот меѓу Србија и Косово.

Во текстот чија автентичност не можеше да ја потврди балканскиот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ) до објавувањето на оваа информација, се посочува дека Косово и Србија ќе се водат од заедничките аспирации за членство во ЕУ.

Објавениот план има вкупно девет точки каде, меѓу другото, се нагласува дека двете земји ќе ги решаваат сите меѓусебни спорови „исклучиво со мирни средства и ќе се воздржат од закани или употреба на сила“.

Тие ја потврдуваат неповредливоста на границата/граничната линија што постои меѓу нив и се обврзуваат целосно да го почитуваат меѓусебниот територијален интегритет“, се вели во соопштението.

Исто така, се додава дека Косово и Србија произлегуваат од претпоставката дека ниту една од двете страни не може да ја претставува другата во меѓународната сфера или да дејствува во нејзино име.

Според горенаведеното, и Косово и Србија ќе ги промовираат мирните односи на Западен Балкан и ќе придонесат за регионалната безбедност и соработка во Европа.

Од двете земји се очекува да дејствуваат со взаемно почитување на јурисдикцијата на секоја страна.

The post Амбасадорот на САД во Косово ја повика Владата итно да почне преговори за формирање Заедница на општини со српско мнозинство appeared first on Република.

]]>

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Џефери Ховениер, ја повика Владата на Косово итно да започне преговори за формирање Заедница на општини со српско мнозинство.
Предлогот за Здружението мора да биде на маса“, рече Ховениер во разговор со новинарите во Приштина.
Тој ја повика Владата на Косово и да го одложи за десет месеци спроведувањето на одлуката за пререгистрација на возилата од српски со таблички РКС (Република Косово).
Владата на Косово да не почне да ги казнува возачите кои возат автомобили со српски регистарски таблички“, порача амбасадорот.
Изјавата на Ховениер доаѓа пет дена откако српските претставници ги напуштија косовските институции, вклучително и Парламентот и Владата. Косовскиот премиер Албин Курти синоќа најави дека денеска на покана на францускиот претседател Емануел Макрон ќе отпатува во Париз за да учествува на Форумот за мир и ја најави можноста за трилатерална средба со српскиот претседател Александар Вучиќ, кој исто така е поканет. Тој додаде дека на маса има два предлози, неговиот за општата рамка на договорот претставен на средбата на 18 август 2022 година во Брисел, како и француско-германскиот предлог поддржан од Соединетите Американски Држави и Европската Унија. Добрососедските односи меѓу Косово и Србија ќе се засноваат на еднакви права, се вели во документот што го објави медиумската мрежа специјализирана за политиките на Европската унија (ЕУ), Еурактив. Овој медиум пренесува дека станува збор за таканаречениот германско-француски план за решавање на спорот меѓу Србија и Косово. Во текстот чија автентичност не можеше да ја потврди балканскиот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ) до објавувањето на оваа информација, се посочува дека Косово и Србија ќе се водат од заедничките аспирации за членство во ЕУ. Објавениот план има вкупно девет точки каде, меѓу другото, се нагласува дека двете земји ќе ги решаваат сите меѓусебни спорови „исклучиво со мирни средства и ќе се воздржат од закани или употреба на сила“.
Тие ја потврдуваат неповредливоста на границата/граничната линија што постои меѓу нив и се обврзуваат целосно да го почитуваат меѓусебниот територијален интегритет“, се вели во соопштението.
Исто така, се додава дека Косово и Србија произлегуваат од претпоставката дека ниту една од двете страни не може да ја претставува другата во меѓународната сфера или да дејствува во нејзино име. Според горенаведеното, и Косово и Србија ќе ги промовираат мирните односи на Западен Балкан и ќе придонесат за регионалната безбедност и соработка во Европа. Од двете земји се очекува да дејствуваат со взаемно почитување на јурисдикцијата на секоја страна.

The post Амбасадорот на САД во Косово ја повика Владата итно да почне преговори за формирање Заедница на општини со српско мнозинство appeared first on Република.

]]>
Кремљ го повика британскиот амбасадор поради тврдењето за напад со беспилотно летало на Црното Море https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kremlj-go-povika-britanskiot-ambasador-poradi-tvrdenjeto-za-napad-so-bespilotno-letalo-na-crnoto-more/ Thu, 03 Nov 2022 13:39:58 +0000 https://republika.mk/?p=569236

Кремљ го повика британскиот амбасадор поради руските наводи дека Велика Британија била вмешана во украински напад со дронови врз руската Црноморска флота.

Британија категорично ги отфрли руските наводи како „лажни тврдења од епски размери“.

Разговорот во руското Министерство за надворешни работи со британската амбасадорка Дебора Бронерт траел околу половина час, јавија руските медиуми, пренесува ДПА.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, претходно соопшти дека Русија планира да приложи наводни докази дека британски специјалисти биле вклучени во подготовката на нападот со беспилотно летало.

Москва, исто така, ја обвини Британија дека стои зад саботажата на гасоводите Северен тек 1 и 2 во Балтичкото Море на крајот на септември. Британија и овие наводи ги отфрли како неосновани.

The post Кремљ го повика британскиот амбасадор поради тврдењето за напад со беспилотно летало на Црното Море appeared first on Република.

]]>

Кремљ го повика британскиот амбасадор поради руските наводи дека Велика Британија била вмешана во украински напад со дронови врз руската Црноморска флота. Британија категорично ги отфрли руските наводи како „лажни тврдења од епски размери“. Разговорот во руското Министерство за надворешни работи со британската амбасадорка Дебора Бронерт траел околу половина час, јавија руските медиуми, пренесува ДПА. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, претходно соопшти дека Русија планира да приложи наводни докази дека британски специјалисти биле вклучени во подготовката на нападот со беспилотно летало. Москва, исто така, ја обвини Британија дека стои зад саботажата на гасоводите Северен тек 1 и 2 во Балтичкото Море на крајот на септември. Британија и овие наводи ги отфрли како неосновани.

The post Кремљ го повика британскиот амбасадор поради тврдењето за напад со беспилотно летало на Црното Море appeared first on Република.

]]>
Рускиот амбасадор во ЕУ ја напушти функцијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruskiot-ambasador-vo-eu-ja-napushti-funkcijata/ Tue, 06 Sep 2022 19:36:44 +0000 https://republika.mk/?p=530282

Рускиот амбасадор во Европската Унија, Владимир Чижов го напушта Брисел по рекордни 17 години минати на оваа позиција, јави порталот Еурактив.

Сè уште не е откриено кој ќе биде негов наследник.

Портпаролот на шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, Петер Стано, изјави дека тоа е „стандардна процедура“ и оти се очекува да пристигне нов амбасадор.

Името на новиот амбасадор останува во тајност додека не се добие таканаречениот „агреман“ од сите земји членки и доколку се добие - појасни Стано.

Според некои извештаи, засега нема одлука дали некој од Европската служба за надворешни работи ќе присуствува на прошталниот прием на Чижов, што треба да биде на 8 септември. Но, веројатно приемот ќе биде или бојкотиран или ќе присуствува некој на пониско ниво.

Во интервју за порталот, Чижов секогаш бил подготвен да разговара за прашања надвор од своите директни овластувања, вклучувајќи и војната во Сирија или состојбата на Балканот.

Порталот наведува оти тешко е да се процени до каде Чижов можел да влијае на рускиот претседател Владимир Путин во врска со Европската Унија. Но, Путин очигледно го ценел својот амбасадор во Брисел, бидејќи го држел на позицијата 17 години.

The post Рускиот амбасадор во ЕУ ја напушти функцијата appeared first on Република.

]]>

Рускиот амбасадор во Европската Унија, Владимир Чижов го напушта Брисел по рекордни 17 години минати на оваа позиција, јави порталот Еурактив. Сè уште не е откриено кој ќе биде негов наследник. Портпаролот на шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, Петер Стано, изјави дека тоа е „стандардна процедура“ и оти се очекува да пристигне нов амбасадор.
Името на новиот амбасадор останува во тајност додека не се добие таканаречениот „агреман“ од сите земји членки и доколку се добие - појасни Стано.
Според некои извештаи, засега нема одлука дали некој од Европската служба за надворешни работи ќе присуствува на прошталниот прием на Чижов, што треба да биде на 8 септември. Но, веројатно приемот ќе биде или бојкотиран или ќе присуствува некој на пониско ниво. Во интервју за порталот, Чижов секогаш бил подготвен да разговара за прашања надвор од своите директни овластувања, вклучувајќи и војната во Сирија или состојбата на Балканот. Порталот наведува оти тешко е да се процени до каде Чижов можел да влијае на рускиот претседател Владимир Путин во врска со Европската Унија. Но, Путин очигледно го ценел својот амбасадор во Брисел, бидејќи го држел на позицијата 17 години.

The post Рускиот амбасадор во ЕУ ја напушти функцијата appeared first on Република.

]]>