амбасадор во еу Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ambasador-vo-eu/ За подобро да се разбереме Wed, 19 Oct 2022 12:55:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png амбасадор во еу Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ambasador-vo-eu/ 32 32 Ќе испратиме ли конечно амбасадор во ЕУ? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kje-ispratime-li-konechno-ambasador-vo-eu/ Wed, 19 Oct 2022 12:55:29 +0000 https://republika.mk/?p=563156

 Шефот на дипломатијата Бујар Османи го повика денеска претседателот на Комисијата за надворешна политика на Собранието, Антонио Милошоски до петок да закаже седница, каде би се презентирале тезите за упатување на амбасадорот во ЕУ.
-Упатувањето на амбасадор при Европската Унија е приоритет за земјата, особено во услови кога после 17 години ги започнавме преговорите. Делегации на преговарачката структура се посветени на сесиите на скрининг процесот, во период кога земјата треба да го покаже својот капацитет за реформи, но и капацитет да ја зголеми апсорпцијата на европските фондови што е директен интерес на секој граѓанин; период на преговори што во секоја земја – членка на Унијата е познат како период на политичка стабилизација и консензус за стратешките интереси низ целиот политички дијапазон, наведува Османи на Фејсбук.
Османи додава дека веќе следниот месец почнува и билатералниот скрининг за првиот кластер – Фундаментални вредности, потенцирајќи ја важноста, вели, на политички и општествен консензус по прашањето на нашите европски интеграции и да покажеме политичка зрелост пред граѓаните кои за тоа нѐ избрале.
-Затоа и изборот за следен амбасадор на земјата при Европската Унија е направен од редот на кариерните дипломати. Упатувањето на долгогодишен дипломат во Министерството за надворешни работи, за амбасадор при Европската унија не треба да се одложува, додава Османи.

The post Ќе испратиме ли конечно амбасадор во ЕУ? appeared first on Република.

]]>

СДСМ и ДУИ ја направија дипломатијата дом за згрижување корумпирани функционери https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-i-dui-ja-napravija-diplomatijata-dom-za-zgrizuvanje-korumpirani-funkcioneri/ Thu, 31 Mar 2022 06:59:44 +0000 https://republika.mk/?p=481184

Изборот на Владата Теута Арифи да ја претставува Македонија во ЕУ, а Зоран Попов од СДСМ во САД за ВМРО-ДПМНЕ е задоволување на големите коалициски апетити.

Портфолоито на Теута Арифи е проблематично, особено што по три градоначалнички мандати од Тетово замина со еколошка катастрофа како багаж и долг на општината од 30 милиони евра.

Ковачевски и Османи за претставник на Македонија во ЕУ, во Брисел, ја праќа Теута Арифи, градоначалничката која ги загуши тетовчани и им остави 30 милиони евра долгови. Арифи откако направи еколошка катастрофа во Тетово со урбан хаос, илјадници дивоградби и диви депонии, сега ќе треба да ја претставува земјава во ЕУ. Со што Арифи се докажа како компетентна за амбасадор во ЕУ? Дали со тоа што во Тетово правеше криминални тендери или затоа што имаше на список 800 договорно вработени, од кои поголемиот дел не биле во државата додека земале плата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

За амбасадорот во Париз, Ковачевски и владата го предлагаат Виктор Димовски, истакнат кадар на СДСМ, без никакви одлики за државата.

За амбасадор во САД, владата го предлага Зоран Попов, сегашен државен секретар и претседател на републичката комисија за надворешни работи на СДСМ.

СДСМ и ДУИ од дипломатијата прават дом за згрижување на функционери од нивните партии, кои зад себе го имаат не само партискиот багаж, туку и разни криминални и коруптивни афери, без никаков допринос за општеството. Ова е потценување и за државите на прием, на кои наместо професионалци, им се испраќаат луѓе кои првпат одат во дипломатска мисија или луѓе кои имаат црни петна позади себе, велат од опозициската партија.

The post СДСМ и ДУИ ја направија дипломатијата дом за згрижување корумпирани функционери appeared first on Република.

]]>

Изборот на Владата Теута Арифи да ја претставува Македонија во ЕУ, а Зоран Попов од СДСМ во САД за ВМРО-ДПМНЕ е задоволување на големите коалициски апетити. Портфолоито на Теута Арифи е проблематично, особено што по три градоначалнички мандати од Тетово замина со еколошка катастрофа како багаж и долг на општината од 30 милиони евра.
Ковачевски и Османи за претставник на Македонија во ЕУ, во Брисел, ја праќа Теута Арифи, градоначалничката која ги загуши тетовчани и им остави 30 милиони евра долгови. Арифи откако направи еколошка катастрофа во Тетово со урбан хаос, илјадници дивоградби и диви депонии, сега ќе треба да ја претставува земјава во ЕУ. Со што Арифи се докажа како компетентна за амбасадор во ЕУ? Дали со тоа што во Тетово правеше криминални тендери или затоа што имаше на список 800 договорно вработени, од кои поголемиот дел не биле во државата додека земале плата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
За амбасадорот во Париз, Ковачевски и владата го предлагаат Виктор Димовски, истакнат кадар на СДСМ, без никакви одлики за државата. За амбасадор во САД, владата го предлага Зоран Попов, сегашен државен секретар и претседател на републичката комисија за надворешни работи на СДСМ.