амбасадор на Виетнам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ambasador-na-vietnam/ За подобро да се разбереме Thu, 27 Jun 2024 11:45:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png амбасадор на Виетнам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ambasador-na-vietnam/ 32 32 Средба Сиљановска Давкова – амбасадорот на Виетнам: Добра соработка на мултилатерален план и продлабочување на билатералните односи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-silanovska-davkova-ambasadorot-na-vietnam-dobra-sorabotka-na-multilateralen-plan-i-prodlabochuvane-na-bilateralnite-odnosi/ Thu, 27 Jun 2024 12:00:23 +0000 https://republika.mk/?p=791281

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова и амбасадорот на Виетнам До Хоанг Лонг на денешната средба во вилата Водно заклучија дека меѓу двете држави постои добра соработка на мултилатерален план и истакнаа дека е потребно продлабочување на билатералните односи, известуваат од кабинетот на претседателката на државата.

Оттаму посочуваат дека на средбата се разговарало за билатералните односи меѓу двете земји кои ги поврзува долгогодишно пријателство и бил изразен поттик за натамошно унапредување и продлабочување на меѓусебната соработка во повеќе области.

Соговорниците како една од приоритетните сфери на билатералната соработка ја посочија економијата и изразија интерес за нејзино унапредување преку преземање на конкретни економски активности и проекти, како што се формирање на Мешовита економска комисија, организирање економски семинар во Скопје од страна на амбасадата на Виетнам во насока на промоција на трговијата и инвестициите меѓу двете држави, соопштуваат од кабинетот на Сиљановска Давкова.

На средбата се разговарало и за проширување на билатералната соработка и во областите на културата, туризмот, во образованието и науката, преку размена на студенти и визитинг професори, како и за проширување на договорната рамка во сферата на образованието и науката, како и во соработката меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји.

Двајцата соговорници констатираа дека постои добра соработка на мултилатерален план и изразија очекување таа соработка и меѓусебна поддршка во меѓународните организации да продолжи, особено во рамките на ОН и во Меѓународната организација на Франкофонијата, информираат од кабинетот на претседателката.

The post Средба Сиљановска Давкова – амбасадорот на Виетнам: Добра соработка на мултилатерален план и продлабочување на билатералните односи appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова и амбасадорот на Виетнам До Хоанг Лонг на денешната средба во вилата Водно заклучија дека меѓу двете држави постои добра соработка на мултилатерален план и истакнаа дека е потребно продлабочување на билатералните односи, известуваат од кабинетот на претседателката на државата. Оттаму посочуваат дека на средбата се разговарало за билатералните односи меѓу двете земји кои ги поврзува долгогодишно пријателство и бил изразен поттик за натамошно унапредување и продлабочување на меѓусебната соработка во повеќе области.