амбасади Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ambasadi/ За подобро да се разбереме Wed, 23 Oct 2024 09:54:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png амбасади Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ambasadi/ 32 32 Косово купува објекти на амбасади во Италија, Турција, Франција, Германија и Канада https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kosovo-kupuva-objekti-na-ambasadi-vo-italija-turtsija-frantsija-germanija-i-kanada/ Wed, 23 Oct 2024 10:16:38 +0000 https://republika.mk/?p=830107

Косовскиот премиер, Албин Курти објави дека Владата моментно е во процес на купување амбасади во пет земји, односно во Италија, Турција, Франција, Германија и Канада, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешната седница на Владата, Курти информира дека вчера свечено бил отворен новиот објект на Конзулатот на Косово во Стразбур, кој, како што рече, „сега е сопственост на државата и постојан дом на Републиката“.

Значи, ние продолжуваме со купувањето на нашите амбасади во клучните земји за нашата дипломатска служба. По купувањето на објектите на амбасадите во Соединетите Американски Држави, Обединетото Кралство, Хрватска, Сенегал и сега во Стразбур, Франција, во процес на купување се амбасадите во Италија, Турција, Франција, Германија и Канада, рече Курти.

На денешната владина седница, косовскиот премиер го информира својот кабинет за учеството и постигнатите договори од Берлинскиот процес, при што истакна дека станува збор за „успешен процес“ кој Косово цврсто го поддржува.

„Република Косово е многу посветена на Берлинскиот процес веќе десет години за да го крунисаме со успех, како што и направивме. Тоа се покажа како успешен процес, кој ги зближи земјите од регионот една до друга и сите заедно со ЕУ“, рече Курти на почетокот на воведниот говор.

The post Косово купува објекти на амбасади во Италија, Турција, Франција, Германија и Канада appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер, Албин Курти објави дека Владата моментно е во процес на купување амбасади во пет земји, односно во Италија, Турција, Франција, Германија и Канада, јави дописникот на МИА од Приштина. На денешната седница на Владата, Курти информира дека вчера свечено бил отворен новиот објект на Конзулатот на Косово во Стразбур, кој, како што рече, „сега е сопственост на државата и постојан дом на Републиката“.
Значи, ние продолжуваме со купувањето на нашите амбасади во клучните земји за нашата дипломатска служба. По купувањето на објектите на амбасадите во Соединетите Американски Држави, Обединетото Кралство, Хрватска, Сенегал и сега во Стразбур, Франција, во процес на купување се амбасадите во Италија, Турција, Франција, Германија и Канада, рече Курти.
На денешната владина седница, косовскиот премиер го информира својот кабинет за учеството и постигнатите договори од Берлинскиот процес, при што истакна дека станува збор за „успешен процес“ кој Косово цврсто го поддржува. „Република Косово е многу посветена на Берлинскиот процес веќе десет години за да го крунисаме со успех, како што и направивме. Тоа се покажа како успешен процес, кој ги зближи земјите од регионот една до друга и сите заедно со ЕУ“, рече Курти на почетокот на воведниот говор.

The post Косово купува објекти на амбасади во Италија, Турција, Франција, Германија и Канада appeared first on Република.

]]>
Во три македонски амбасади во странство наводно имало финансиски злоупотреби https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-tri-makedonski-ambasadi-vo-stranstvo-navodno-imalo-finansiski-zloupotrebi/ Mon, 19 Aug 2024 19:44:48 +0000 https://republika.mk/?p=808058

Освен ситуацијата во Постојаната мисија на ОН во Њујорк, имаме индиции за финансиски злоупотреби уште во најмалку две дипломатско-конзуларни претставништва на државава во странство, изјави вечерва министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, без да прецизира за кои амбасади станува збор.

За жал, јас имам идентификувано уште неколку други случаи на непрофесионално работење, Морам да констатирам, во последните неколку недели утврдивме и неколку дополнителни случаи на сериозни недоследности. Не би можел тука да кажам каде, пред се и заради почит кон државите каде што тие поединци се акредитирани, но имаме и други ситуации, како ситуацијата со Постојаната мисија во Њујорк, на финансиски злоупотреби од страна на нашите амбасадори. Ќе воспоставиме повисоки стандарди за работење на нашите амбасадори, на тој начин штитејќи го нашиот имот и буџет. Верувам во процедурите, имаме индиции и ќе им дадеме шанса да ги кажат и своите аргументи и тие да ги приложат нивните докази, но генерално кога се финансиските прашања во прашање тогаш најчесто се многу јасни работите, дури и ноторни, но ние мора да спроведеме внатрешна процедура и внатрешна ревизија бидејќи мора да ги имаме највисоките стандарди за нашите претставници надвор од државата, нагласи Муцунски.

На прашањето дали се остварени консултациите во МНР со амбасадорите Весел Мемеди, Љубомир Фрчкоски, Андреј Жерновски и Данчо Марковски, кажа дека се остварени консултации со тројца од овие амбасадори. Наведе дека единствено со Фрчкоски не се остварени консултации, бидејќи, како што информира, тој отворил боледување.

Тоа не значи дека постапката се одоговлекува. Таму имаме сериозни индиции за финансиски злоупотреби на буџетски средства кои се на МНР и факт е дека ние во моментов спроведуваме ревизија на работењето на Постојаната мисија во Њујорк. Јас му посакувам побрзо оздравување, како и на секој човек што го познава, но тоа не значи дека не следува процес на утврдување на одговорност за сериозни тенденции што ги имаме за злоупотреба на финансиски средства од страна на Мисијата, во времето додека ја раководи амбасадорот Фрчкоски, подвлече Муцунски.

Во врска со амбасадорот во Тирана, Марковски, министерот рече дека таму имале и се уште имаат сериозни грижи околу начинот на којшто се спровел пописот во соседна Албанија.

За тоа се уште имаме комуникации и јас со мојот албански колега, и премиерот Мицкоски со премиерот Рама. Но, тоа што го утврдивме е дека всушност институционалните грешки што се случувале дури се спроведувал пописот, во голема мера биле од наша страна, односно непостапување од страна на институциите при јасен, народски кажано, кренат аларм и од нас, и од страна на нашата амбасада во Тирана. И тука не можам да ја најдам вината кај амбасадорот Маркоски, бидејќи тој соодветно укажувал дека има проблеми. Заедно и јас и тој констатиравме дека институциите и тоа не само МНР, но и низа други институции во тој период, не постапиле соодветно, не дале никакви инструкции на нашата амбасада во Тирана. И затоа одлучив амбасадорот Маркоски да го вратиме во Тирана. Тој го завршува неговиот мандат за неколку месеци, рече Муцунски.

За амбасадорот Мемеди, додаде тој, е јасна причината зошто е тој повикан на консултации, и во моментот спроведуваме постапка во рамките на МНР. Мемеди, имено, пред неколку месеци испрати допис од негова страна до италијанските власти дека не важат пасошите со старото уставно име за македонските граѓани, без соодветни инструкции од МНР во тоа време.

Кај амбасадорот Жерновски има сериозни индиции за несоодветно постапување што е поврзано со формално-правниот аспект на неговото стапување на функцијата. Исто така, веќе тука отпочнуваме внатрешна процедура за да се утврди дали има или дали нема одговорност. Секако, за сите овие прашања сум во детална комуникација, и со претседателката, и со премиерот, и тие се информирани за што се случува. Но, тоа што јас можам да го кажам е дека од нашите амбасадори очекуваме професионализам и стручност во работењето, додаде Муцунски.

The post Во три македонски амбасади во странство наводно имало финансиски злоупотреби appeared first on Република.

Анонимни повици за бомби во грчкиот парламент и амбасадите на САД, Израел и Египет во Атина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/anonimni-povitsi-za-bombi-vo-grchkiot-parlament-i-ambasadite-na-sad-izrael-i-egipet-vo-atina/ Fri, 23 Feb 2024 10:53:05 +0000 https://republika.mk/?p=747340

Преку анонимни телефонски повици во четири грчки телевизии кусо пред 11 часот утрово, непознато лице или лица предупредиле за поставени бомби на четири различни локации во Атина, односно во грчкиот парламент и во амбасадите на САД, Израел и Египет, јави дописничката на МИА од Атина.

Во сите четири анонимни повици пораката била дека бомбите ќе експлодираат во 11.30 часот со што веднаш беше вклучен алармот во грчката полиција.

Единицата за деактивирање експлозивни направи веднаш излезе на терен, а онаму каде што беше потребно беа затворени и улиците.

Пред амбасадата на Израел, зголемено беше присуството на полицијата, која ги затвори околните улици, а во состојба на готовност беа и возила на противпожарната служба и на брзата помош.

Телефонските повици биле во телевизиите Алфа, Опен и Контра, како и во собранискиот канал за бомбата во парламентот.

Веројатно е дека и овојпат станува збор за лажно предупредување.

The post Анонимни повици за бомби во грчкиот парламент и амбасадите на САД, Израел и Египет во Атина appeared first on Република.

]]>

Преку анонимни телефонски повици во четири грчки телевизии кусо пред 11 часот утрово, непознато лице или лица предупредиле за поставени бомби на четири различни локации во Атина, односно во грчкиот парламент и во амбасадите на САД, Израел и Египет, јави дописничката на МИА од Атина. Во сите четири анонимни повици пораката била дека бомбите ќе експлодираат во 11.30 часот со што веднаш беше вклучен алармот во грчката полиција. Единицата за деактивирање експлозивни направи веднаш излезе на терен, а онаму каде што беше потребно беа затворени и улиците. Пред амбасадата на Израел, зголемено беше присуството на полицијата, која ги затвори околните улици, а во состојба на готовност беа и возила на противпожарната служба и на брзата помош. Телефонските повици биле во телевизиите Алфа, Опен и Контра, како и во собранискиот канал за бомбата во парламентот. Веројатно е дека и овојпат станува збор за лажно предупредување.

The post Анонимни повици за бомби во грчкиот парламент и амбасадите на САД, Израел и Египет во Атина appeared first on Република.

]]>
Јорданов: Ќе ги известам амбасадите, не се дозволува година и пол никој да полага, ова го прават за да немат конкуренција кадрите на СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jordanov-ke-gi-izvestam-ambasadite-ne-se-dozvoluva-godina-i-pol-nikoj-da-polaga-ova-go-pravat-za-da-nemat-konkurentsija-kadrite-na-sdsm/ Mon, 20 Feb 2023 13:38:47 +0000 https://republika.mk/?p=611106

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција објави дека ќе ги информира амбасадите во земјва, за проблемот кој го прави Државниот испитен центар на 600 наставници-приправници и на 111 вршители на должност на директори на основни и средни училишта во земјава, на кои, како што вели веќе една и пол година им е ускратено правото да полагаат стручни испити.

Забележа дека една и пол година не се дозволува да се полага менаџерски испит за лиценца за директори на училишта, студентски домови, граѓански центри, а како што вели тој ова претставува силување на демократијата, но и ограничување на основните права.

-Јас ќе испратам допис до сите релевантни дипломатски преставништва, за да се запознаат што се случува во оваа држава. Дали вакво нешто има во друга европска држава? Постои ли држава во која е ограничено основното право на секоја индивидуа да се стекне со одредена лиценца, праша Јорданов.

Тој нагласи дека проблемот не ги засега само директорите, туку и наставниците приправници кои го имат завршено приправничкиот стаж. И тие чекаат за полагање на стручниот испит, по што треба да добијат и решение на неопределено работно време.

-Ова е силување на демократијата. Ова е заробување на институциите. Ова го немало и во најцрните денови на комунизмот. Да не се дозволува година и пол никој да полага , ова го прават за да немат конкуренција кадрите на СДСМ, рече Јорданов.

The post Јорданов: Ќе ги известам амбасадите, не се дозволува година и пол никој да полага, ова го прават за да немат конкуренција кадрите на СДСМ appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција објави дека ќе ги информира амбасадите во земјва, за проблемот кој го прави Државниот испитен центар на 600 наставници-приправници и на 111 вршители на должност на директори на основни и средни училишта во земјава, на кои, како што вели веќе една и пол година им е ускратено правото да полагаат стручни испити. Забележа дека една и пол година не се дозволува да се полага менаџерски испит за лиценца за директори на училишта, студентски домови, граѓански центри, а како што вели тој ова претставува силување на демократијата, но и ограничување на основните права.   -Јас ќе испратам допис до сите релевантни дипломатски преставништва, за да се запознаат што се случува во оваа држава. Дали вакво нешто има во друга европска држава? Постои ли држава во која е ограничено основното право на секоја индивидуа да се стекне со одредена лиценца, праша Јорданов. Тој нагласи дека проблемот не ги засега само директорите, туку и наставниците приправници кои го имат завршено приправничкиот стаж. И тие чекаат за полагање на стручниот испит, по што треба да добијат и решение на неопределено работно време.   -Ова е силување на демократијата. Ова е заробување на институциите. Ова го немало и во најцрните денови на комунизмот. Да не се дозволува година и пол никој да полага , ова го прават за да немат конкуренција кадрите на СДСМ, рече Јорданов.

The post Јорданов: Ќе ги известам амбасадите, не се дозволува година и пол никој да полага, ова го прават за да немат конкуренција кадрите на СДСМ appeared first on Република.

]]>
Доњецката и Луганската Република ќе отворат свои амбасади во Москва https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/donjeckata-i-luganskata-republika-kje-otvorat-svoi-ambasadi-vo-moskva/ Tue, 26 Apr 2022 11:25:01 +0000 https://republika.mk/?p=493782

Двете отцепени републики од Украина, Доњецката и Луганската Народна Република, кои Русија ги призна како независни непосредно пред почнувањето на воената операција, во скоро време ќе отворат свои амбасади во Москва, објави агенцијата РИА.

Амбасадите на ЛНР и ДНР во Москва ќе бидат отворени во блиска иднина, можно е за месец или два - објавува за РИА, повикувајќи се на дипломатски извор.

Изворот информира дека амбасадите на ЛНР и ДНР во Москва би можело да се отворат за „еден или два месеца“.

https://twitter.com/rianru/status/1518814364433850372?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1518814364433850372%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.alo.rs%2Fsvet%2Fruske-vesti%2F623254%2Fspecijalna-operacija-rusija-ukrajina%2Fvest

The post Доњецката и Луганската Република ќе отворат свои амбасади во Москва appeared first on Република.

]]>

Двете отцепени републики од Украина, Доњецката и Луганската Народна Република, кои Русија ги призна како независни непосредно пред почнувањето на воената операција, во скоро време ќе отворат свои амбасади во Москва, објави агенцијата РИА.
Амбасадите на ЛНР и ДНР во Москва ќе бидат отворени во блиска иднина, можно е за месец или два - објавува за РИА, повикувајќи се на дипломатски извор.
Изворот информира дека амбасадите на ЛНР и ДНР во Москва би можело да се отворат за „еден или два месеца“. https://twitter.com/rianru/status/1518814364433850372?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1518814364433850372%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.alo.rs%2Fsvet%2Fruske-vesti%2F623254%2Fspecijalna-operacija-rusija-ukrajina%2Fvest

The post Доњецката и Луганската Република ќе отворат свои амбасади во Москва appeared first on Република.

]]>