амбасада Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ambasada/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 09:19:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png амбасада Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ambasada/ 32 32 Амбасадата на САД во Киев повторно отворена https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ambasadata-na-sad-vo-kiev-povtorno-otvorena/ Thu, 21 Nov 2024 09:06:19 +0000 https://republika.mk/?p=840214

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Киев денеска повторно беше отворена, откако беше затворена поради закана од воздушен напад, соопшти Стејт департментот. Портпаролот Метју Милер одби да прецизира каква закана ја натера амбасадата да ги затвори вратите во средата како мерка на претпазливост.

Ја сфаќаме безбедноста на нашиот персонал исклучително сериозно, рече Милер.

Амбасадата на САД беше затворена еден ден откако Москва вети дека ќе одговори на украинското истрелување на ракети со долг дострел испорачани од САД на руска територија за прв пат во речиси тригодишната војна.

Амбасадата на САД во Киев доби конкретни информации за потенцијален значаен воздушен напад на 20 ноември, објави амбасадата на својата веб-страница.

Предупредувањето доаѓа во време на зголемени тензии откако Украина употреби ракети со долг дострел АТАКМС испорачани од САД против воен објект во руската област Брјанск, неколку дена откако Вашингтон го овласти Киев да го користи оружјето.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, говорејќи на состанокот на Г20 во Бразил, го опиша ракетниот напад како знак на западна ескалација.

The post Амбасадата на САД во Киев повторно отворена appeared first on Република.

]]>

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Киев денеска повторно беше отворена, откако беше затворена поради закана од воздушен напад, соопшти Стејт департментот. Портпаролот Метју Милер одби да прецизира каква закана ја натера амбасадата да ги затвори вратите во средата како мерка на претпазливост. Ја сфаќаме безбедноста на нашиот персонал исклучително сериозно, рече Милер. Амбасадата на САД беше затворена еден ден откако Москва вети дека ќе одговори на украинското истрелување на ракети со долг дострел испорачани од САД на руска територија за прв пат во речиси тригодишната војна. Амбасадата на САД во Киев доби конкретни информации за потенцијален значаен воздушен напад на 20 ноември, објави амбасадата на својата веб-страница. Предупредувањето доаѓа во време на зголемени тензии откако Украина употреби ракети со долг дострел АТАКМС испорачани од САД против воен објект во руската област Брјанск, неколку дена откако Вашингтон го овласти Киев да го користи оружјето. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, говорејќи на состанокот на Г20 во Бразил, го опиша ракетниот напад како знак на западна ескалација.

The post Амбасадата на САД во Киев повторно отворена appeared first on Република.

]]>
Американската амбасада во Израел им порача на вработените и семејствата да се засолнат https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/amerikanskata-ambasada-vo-izrael-im-poracha-na-vrabotenite-i-semejstvata-da-se-zasolnat/ Tue, 01 Oct 2024 15:09:12 +0000 https://republika.mk/?p=821474

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Израел издаде соопштение во кое ги упатува сите „вработени во владата на САД и членовите на нивните семејства да се засолнат до понатамошно известување“.

Безбедносното предупредување дојде откако официјален претставник на Белата куќа изјави дека САД имаат индикации дека Иран се подготвува да изврши напад со балистички ракети против Израел.

Портпаролот на ИДФ Даниел Хагари истакна дека Израел и неговите сојузници се во состојба на висока подготвеност и секој напад од Иран би имал реперкусии. јт/

The post Американската амбасада во Израел им порача на вработените и семејствата да се засолнат appeared first on Република.

]]>

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Израел издаде соопштение во кое ги упатува сите „вработени во владата на САД и членовите на нивните семејства да се засолнат до понатамошно известување“. Безбедносното предупредување дојде откако официјален претставник на Белата куќа изјави дека САД имаат индикации дека Иран се подготвува да изврши напад со балистички ракети против Израел. Портпаролот на ИДФ Даниел Хагари истакна дека Израел и неговите сојузници се во состојба на висока подготвеност и секој напад од Иран би имал реперкусии. јт/  

The post Американската амбасада во Израел им порача на вработените и семејствата да се засолнат appeared first on Република.

]]>
Пуштена во употреба лабораторија за дигитална форензика во ОЈО ГОКК https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pushtena-vo-upotreba-laboratorija-za-digitalna-forenzika-vo-ojo-gokk/ Tue, 03 Sep 2024 12:56:38 +0000 https://republika.mk/?p=812724

Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во присуство на заменик амбасадорката на САД Никол Варнс, денеска и официјално е пуштена во употреба лабораторија за дигитална форензика.

Со поддршка на Амбасадата на САД се набавени неопходните хардверски и софтверски компоненти за хардверско и софтверско опремување во областа на дигиталната форензика во вредност од околу 500.000 американски долари. Опремата вклучува најсовремени форензички станици за работа во лабораториски услови, лап топ компјутери, ултраблок китови со врајт блокери за различни видови носачи на електронски податоци што ќе бидат предмет на анализа, како и форензички софтвери што се користат за исчитување и анализа на одземена или запленета електронска опрема. Во лабораторијата за дигитална форензика ќе можат непречено да се отвораат и декодираат одземените електронски уреди со цел да се пронајдат електронски докази што ќе бидат корисни за понатамошниот тек на постапките и кои како валидни, законски прибавени докази ќе се користат во постапка и пред судот.

Воедно, за потребите на аналитичкиот центар во Обвинителството, Амбасадата на САД донираше софтверска алатка Analyst’s Notebook 10 со помош на која се овозможува големи количини на податоци да се претворат во визуелни дијаграми, како мрежи на односи, временски линии и шеми на настани и на тој начин полесно да се откријат скриени врски и модели.

The post Пуштена во употреба лабораторија за дигитална форензика во ОЈО ГОКК appeared first on Република.

]]>

Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во присуство на заменик амбасадорката на САД Никол Варнс, денеска и официјално е пуштена во употреба лабораторија за дигитална форензика. Со поддршка на Амбасадата на САД се набавени неопходните хардверски и софтверски компоненти за хардверско и софтверско опремување во областа на дигиталната форензика во вредност од околу 500.000 американски долари. Опремата вклучува најсовремени форензички станици за работа во лабораториски услови, лап топ компјутери, ултраблок китови со врајт блокери за различни видови носачи на електронски податоци што ќе бидат предмет на анализа, како и форензички софтвери што се користат за исчитување и анализа на одземена или запленета електронска опрема. Во лабораторијата за дигитална форензика ќе можат непречено да се отвораат и декодираат одземените електронски уреди со цел да се пронајдат електронски докази што ќе бидат корисни за понатамошниот тек на постапките и кои како валидни, законски прибавени докази ќе се користат во постапка и пред судот. Воедно, за потребите на аналитичкиот центар во Обвинителството, Амбасадата на САД донираше софтверска алатка Analyst’s Notebook 10 со помош на која се овозможува големи количини на податоци да се претворат во визуелни дијаграми, како мрежи на односи, временски линии и шеми на настани и на тој начин полесно да се откријат скриени врски и модели.

The post Пуштена во употреба лабораторија за дигитална форензика во ОЈО ГОКК appeared first on Република.

]]>
Амбасадата на САД: Ги охрабруваме сите да го искористат своето демократско право на глас https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ambasadata-na-sad-gi-ohrabruvame-site-da-go-iskoristat-svoeto-demokratsko-pravo-na-glas/ Wed, 24 Apr 2024 13:33:27 +0000 https://republika.mk/?p=770190

Тимови на амбасадата на САД го набљудуваат процесот на гласање во првиот круг од претседателските избори во земјава.

„Им посакуваме среќен изборен ден и ги охрабруваме сите да го искористат своето демократско право на глас“, стои во објавата на фејсбук од Американската амбасада во земјава.

The post Амбасадата на САД: Ги охрабруваме сите да го искористат своето демократско право на глас appeared first on Република.

]]>

Тимови на амбасадата на САД го набљудуваат процесот на гласање во првиот круг од претседателските избори во земјава. „Им посакуваме среќен изборен ден и ги охрабруваме сите да го искористат своето демократско право на глас“, стои во објавата на фејсбук од Американската амбасада во земјава.

The post Амбасадата на САД: Ги охрабруваме сите да го искористат своето демократско право на глас appeared first on Република.

]]>
Амбасадата на САД во Ерусалим му препорача на персоналот да остане на безбедно https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ambasadata-na-sad-vo-erusalim-mu-preporacha-na-personalot-da-ostane-na-bezbedno/ Sat, 07 Oct 2023 15:18:14 +0000 https://republika.mk/?p=688951

Американската Амбасада во Ерусалим им препорача на вработените да останат на безбедно се до нови препораки поради тековното насилство во Израел и Газа.

Американската амбасада внимателно ја следи безбедносната ситуација како резултат на ракетите истрелани од Газа низ јужен и централен Израел, вклучително и Тел Авив и Ерусалим, како и инфилтрацијата на милитанти на Хамас, се вели во соопштението.

Амбасадата „е свесна дека има жртви како резултат на тие инциденти“ и ги предупредува граѓаните на САД „да останат будни и да преземат соодветни чекори за да ја зголемат нивната безбедност“, се додава.

Американскиот претседател Џо Бајден и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оствариле деннеска разговор, јави Си-ЕН-Ен повикувакјќи се на официјални лица запознаени со тоа прашање.

Претходно, кабинетот на Нетанјаху објави соопштение во кое се вели дека Бајден му се јавил на премиерот и ја изразил својата поддршка за Израел.

Американскиот претседател Џо Бајден му се јави на премиерот Бенјамин Нетанјаху и истакна дека САД стојат покрај Израел и целосно го поддржуваат правото на Израел да се брани“, се вели во соопштението. „Премиерот му се заблагодари на американскиот претседател за неговата безрезервна поддршка и јасно стави до знаење дека ќе биде потребна продолжена и моќна кампања во која Израел ќе победи“.

The post Амбасадата на САД во Ерусалим му препорача на персоналот да остане на безбедно appeared first on Република.

]]>

Американската Амбасада во Ерусалим им препорача на вработените да останат на безбедно се до нови препораки поради тековното насилство во Израел и Газа.
Американската амбасада внимателно ја следи безбедносната ситуација како резултат на ракетите истрелани од Газа низ јужен и централен Израел, вклучително и Тел Авив и Ерусалим, како и инфилтрацијата на милитанти на Хамас, се вели во соопштението.
Амбасадата „е свесна дека има жртви како резултат на тие инциденти“ и ги предупредува граѓаните на САД „да останат будни и да преземат соодветни чекори за да ја зголемат нивната безбедност“, се додава. Американскиот претседател Џо Бајден и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху оствариле деннеска разговор, јави Си-ЕН-Ен повикувакјќи се на официјални лица запознаени со тоа прашање. Претходно, кабинетот на Нетанјаху објави соопштение во кое се вели дека Бајден му се јавил на премиерот и ја изразил својата поддршка за Израел.
Американскиот претседател Џо Бајден му се јави на премиерот Бенјамин Нетанјаху и истакна дека САД стојат покрај Израел и целосно го поддржуваат правото на Израел да се брани“, се вели во соопштението. „Премиерот му се заблагодари на американскиот претседател за неговата безрезервна поддршка и јасно стави до знаење дека ќе биде потребна продолжена и моќна кампања во која Израел ќе победи“.
 
The post Амбасадата на САД во Ерусалим му препорача на персоналот да остане на безбедно appeared first on Република.

]]>
Исланд ја затвора Амбасадата во Москва и го зајакнува присуството во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/island-ja-zatvora-ambasadata-vo-moskva-i-go-zajaknuva-prisustvoto-vo-ukraina/ Tue, 01 Aug 2023 17:24:38 +0000 https://republika.mk/?p=667729

Исланд денеска ја затвори својата Амбасада во Москва, со што стана првата европска земја што презеде таква мерка, а во исто време најави дека го засилува своето присуство во Украина.

Сепак, Исланд нагласи дека не станува збор за прекин на дипломатските односи.

Откако ќе се создадат условите, Исланд ќе му даде приоритет на враќањето на активностите на Амбасадата во Москва, се наведува во соопштението на исландското Министерство за надворешни работи.

Во посебна изјава, Министерството наведе дека Исланд планира да го зголеми своето присуство во Украина како знак на солидарност со Киев, сè додека таму трае „нелегитимната руска агресија“.

The post Исланд ја затвора Амбасадата во Москва и го зајакнува присуството во Украина appeared first on Република.

]]>

Исланд денеска ја затвори својата Амбасада во Москва, со што стана првата европска земја што презеде таква мерка, а во исто време најави дека го засилува своето присуство во Украина. Сепак, Исланд нагласи дека не станува збор за прекин на дипломатските односи. Откако ќе се создадат условите, Исланд ќе му даде приоритет на враќањето на активностите на Амбасадата во Москва, се наведува во соопштението на исландското Министерство за надворешни работи. Во посебна изјава, Министерството наведе дека Исланд планира да го зголеми своето присуство во Украина како знак на солидарност со Киев, сè додека таму трае „нелегитимната руска агресија“.

The post Исланд ја затвора Амбасадата во Москва и го зајакнува присуството во Украина appeared first on Република.

]]>
МНР со демант: Киријата за амбасадорот во САД не е 6.000 долари, резиденцијата во амбасадата не е слободна https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mnr-so-demant-kirijata-za-ambasadorot-vo-sad-ne-e-6-000-dolari-rezidentsijata-vo-ambasadata-ne-e-slobodna/ Mon, 27 Feb 2023 13:56:38 +0000 https://republika.mk/?p=613787

Министерство,то за надворешни работи целосно ги демантира податоците изнесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а се однесуваат за трошоците на амбасадата во САД.

Наведената сума од 6 илјади долари за изнајмување на Вила за живеење во Вашингтон е целосна неточна. Амбасадорот во Вашингтон живее во стан за кој се плаќа 3.700 долари, што е дозволен лимит за пониските ешалони на вработени во амбасадата и соодветно на цените на наемнините во главниот град на САД, воопшто не претставува предмет на луксузирање. Во делот за живеење во амбасадата на земјава во САД, кој се спомнува во објавата, сѐ уште живее досегашната вршителка на работите во амбасадата, која и по доаѓањето на Амбасадорот Попов продолжува со своите работни активности во амбасадата како дел од дипломатскиот персонал, се вели во соопштението на МНР.

The post МНР со демант: Киријата за амбасадорот во САД не е 6.000 долари, резиденцијата во амбасадата не е слободна appeared first on Република.

]]>

Министерство,то за надворешни работи целосно ги демантира податоците изнесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а се однесуваат за трошоците на амбасадата во САД. Наведената сума од 6 илјади долари за изнајмување на Вила за живеење во Вашингтон е целосна неточна. Амбасадорот во Вашингтон живее во стан за кој се плаќа 3.700 долари, што е дозволен лимит за пониските ешалони на вработени во амбасадата и соодветно на цените на наемнините во главниот град на САД, воопшто не претставува предмет на луксузирање. Во делот за живеење во амбасадата на земјава во САД, кој се спомнува во објавата, сѐ уште живее досегашната вршителка на работите во амбасадата, која и по доаѓањето на Амбасадорот Попов продолжува со своите работни активности во амбасадата како дел од дипломатскиот персонал, се вели во соопштението на МНР.

The post МНР со демант: Киријата за амбасадорот во САД не е 6.000 долари, резиденцијата во амбасадата не е слободна appeared first on Република.

]]>
МНР ги демантира податоците за трошоците на амбасадата во САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mnr-gi-demantira-podatotsite-za-troshotsite-na-ambasadata-vo-sad/ Mon, 27 Feb 2023 13:10:52 +0000 https://republika.mk/?p=613744

Министерството за надворешни работи целосно ги демантира податоците изнесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а се однесуваат за трошоците на амбасадата во САД, велат во писменото соопштение од МНР.

Наведената сума од 6 илјади долари за изнајмување на Вила за живеење во Вашингтон е целосна неточна. Амбасадорот во Вашингтон живее во стан за кој се плаќа 3.700 долари, што е дозволен лимит за пониските ешалони на вработени во амбасадата и соодветно на цените на наемнините во главниот град на САД, воопшто не претставува предмет на луксузирање.

Во делот за живеење во амбасадата на земјава во САД, кој се спомнува во објавата, сѐ уште живее досегашната вршителка на работите во амбасадата, која и по доаѓањето на Амбасадорот Попов продолжува со своите работни активности во амбасадата како дел од дипломатскиот персонал.

The post МНР ги демантира податоците за трошоците на амбасадата во САД appeared first on Република.

Безбедносно известување од Амбасадата на САД поради дојавите за бомби во земјава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bezbednosno-izvestuvanje-od-ambasadata-na-sad-poradi-dojavite-za-bombi-vo-zemjava/ Mon, 19 Dec 2022 10:52:37 +0000 https://republika.mk/?p=587584

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во земјава издаде безбедносно известување за граѓаните поради дојавите за бомби.

На веб-страницата на Амбасадата на САД се апелира дека „доколку се најдете на локација на која има дојава за бомба, следете ги упатствата на лицата одговорни за безбедноста и полицијата“.

Се наведува и дека поради потенцијално зголемен криминал за време на празничниот период и постојаната закана со бомби низ  Македонија, граѓаните треба да бидат свесни за околината и во однос на кражбите.

The post Безбедносно известување од Амбасадата на САД поради дојавите за бомби во земјава appeared first on Република.

]]>

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во земјава издаде безбедносно известување за граѓаните поради дојавите за бомби. На веб-страницата на Амбасадата на САД се апелира дека „доколку се најдете на локација на која има дојава за бомба, следете ги упатствата на лицата одговорни за безбедноста и полицијата“. Се наведува и дека поради потенцијално зголемен криминал за време на празничниот период и постојаната закана со бомби низ  Македонија, граѓаните треба да бидат свесни за околината и во однос на кражбите.

The post Безбедносно известување од Амбасадата на САД поради дојавите за бомби во земјава appeared first on Република.

]]>
Крвав коверт испратен до амбасадата на Украина во Атина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/krvav-kovert-ispraten-do-ambasadata-na-ukraina-vo-atina-2/ Mon, 12 Dec 2022 12:24:27 +0000 https://republika.mk/?p=584748

Амбасадата на Украина во Атина, рано утрово примила крвав коверт, а според портпаролот на укранското МНР Олег Николенко, адресата на испраќачот е идентична со онаа на ковертите испратени до останатите амбасади и конзулати низ светот, јави дописничката на МИА од Атина.

Николенко на Фејсбук објави дека досега се регистрирани 33 случаи на закани во 17 земји, од кои 28 се со крвави пакети, а испраќачот во сите земји е ист: автосалонот на Тесла во германскиот град Синделфинген.

Додаде дека грчката полиција започна истрага, но и дека очекуваат забрзување на истрагата од германските власти.

Kако што рече Дмитро Кулеба, колку и да се обидуваат непријателите да ја заплашат украинската дипломатија, нема да успеат. Работиме за победа, напиша порпаролот на украинското МНР.

The post Крвав коверт испратен до амбасадата на Украина во Атина appeared first on Република.

]]>

Амбасадата на Украина во Атина, рано утрово примила крвав коверт, а според портпаролот на укранското МНР Олег Николенко, адресата на испраќачот е идентична со онаа на ковертите испратени до останатите амбасади и конзулати низ светот, јави дописничката на МИА од Атина. Николенко на Фејсбук објави дека досега се регистрирани 33 случаи на закани во 17 земји, од кои 28 се со крвави пакети, а испраќачот во сите земји е ист: автосалонот на Тесла во германскиот град Синделфинген. Додаде дека грчката полиција започна истрага, но и дека очекуваат забрзување на истрагата од германските власти.
Kако што рече Дмитро Кулеба, колку и да се обидуваат непријателите да ја заплашат украинската дипломатија, нема да успеат. Работиме за победа, напиша порпаролот на украинското МНР.
 
The post Крвав коверт испратен до амбасадата на Украина во Атина appeared first on Република.

]]>
Повторно отворена шпанската амбасада во Киев https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/povtorno-otvorena-shpanskata-ambasada-vo-kiev/ Fri, 22 Apr 2022 18:21:47 +0000 https://republika.mk/?p=492429

Шпанија повторно ја отвори својата амбасада во Киев, која ја затвори по почетокот на руската инвазија на Украина на крајот на февруари, објави шпанската влада.

Дипломатска делегација предводена од шпанската амбасадорка во Украина, Силвија Кортес денеска повторно ја отвори амбасадата со поддршка на специјалните полициски сили - се вели во соопштението на шпанското Министерство за внатрешни работи.

https://twitter.com/apingu_oficial/status/1187670672136458240

Амбасадорката и дипломатскиот персонал беа евакуирани на 25 февруари, ден по почетокот на руската воена акција во Украина.

Повторното отворање на амбасадата доаѓа еден ден по посетата на шпанскиот премиер Педро Санчез на Киев, каде што се сретна со претседателот на Украина Володимир Зеленски и најави доставување воена помош.

Повторно отворање на амбасадата денеска најави и британскиот премиер Борис Џонсон кој порача дека британската амбасада во Киев ќе биде отворена следната недела.

The post Повторно отворена шпанската амбасада во Киев appeared first on Република.

]]>

Шпанија повторно ја отвори својата амбасада во Киев, која ја затвори по почетокот на руската инвазија на Украина на крајот на февруари, објави шпанската влада.
Дипломатска делегација предводена од шпанската амбасадорка во Украина, Силвија Кортес денеска повторно ја отвори амбасадата со поддршка на специјалните полициски сили - се вели во соопштението на шпанското Министерство за внатрешни работи.
https://twitter.com/apingu_oficial/status/1187670672136458240
Амбасадорката и дипломатскиот персонал беа евакуирани на 25 февруари, ден по почетокот на руската воена акција во Украина. Повторното отворање на амбасадата доаѓа еден ден по посетата на шпанскиот премиер Педро Санчез на Киев, каде што се сретна со претседателот на Украина Володимир Зеленски и најави доставување воена помош. Повторно отворање на амбасадата денеска најави и британскиот премиер Борис Џонсон кој порача дека британската амбасада во Киев ќе биде отворена следната недела.

The post Повторно отворена шпанската амбасада во Киев appeared first on Република.

]]>
Вршителот на должност во словенечката амбасада во Украина, Боштјан Лесјак се врати во Киев https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vrshitelot-na-dolznost-vo-slovenechkata-ambasada-vo-ukraina-boshtjan-lesjak-se-vrati-vo-kiev/ Mon, 28 Mar 2022 09:26:26 +0000 https://republika.mk/?p=479692

Вршителот на должност во словенечката амбасада во Украина, Боштјан Лесјак пристигна вчера во Киев, а од денеска ќе почне со работа, објави словенечката Влада на својот твитер-налог откако амбасадата на оваа земја се пресели во Полска поради руската инвазија врз Украина.

Градот е празен, во далечина се слушаат сирени и детонации, но животот за оние што останаа во главниот град се одвива нормално, истакна Лесјак по пристигнувањето во Киев.

Лесјак е потполковник во словенечката армија, кого Владата го префрли во дипломатска служба и го испрати во Киев како израз на морална поддршка за украинската Влада, откако никој во словенечкото Министерството за надворешни работи не се пријави за таа мисија.

Премиерот Јанез Јанша изјави дека словенечкото дипломатско претставништво во Киев ќе дејствува „со целосно овластување“ за време на вонредната состојба во Украина и ги отфрли обвинувањата на опозицијата дека тоа е ризичен потег и дека е испратена „вооружено-дипломатска мисија“ во Украина.

Според наводите на медиумите, Лесјак веќе дејствувал како цивилен член на набљудувачката мисија на ОБСЕ во Украина, во регионот на Донбас, од 2015 до 2019 година.

Словенечкиот амбасадор во Украина Томаж Менцин, кој се повлече во градот Жежов во Полска по почетокот на руската агресија врз Украина, таму „продолжува со својата работа“, соопшти словенечкото Министерство за надворешни работи.

The post Вршителот на должност во словенечката амбасада во Украина, Боштјан Лесјак се врати во Киев appeared first on Република.

]]>

Вршителот на должност во словенечката амбасада во Украина, Боштјан Лесјак пристигна вчера во Киев, а од денеска ќе почне со работа, објави словенечката Влада на својот твитер-налог откако амбасадата на оваа земја се пресели во Полска поради руската инвазија врз Украина.
Градот е празен, во далечина се слушаат сирени и детонации, но животот за оние што останаа во главниот град се одвива нормално, истакна Лесјак по пристигнувањето во Киев.
Лесјак е потполковник во словенечката армија, кого Владата го префрли во дипломатска служба и го испрати во Киев како израз на морална поддршка за украинската Влада, откако никој во словенечкото Министерството за надворешни работи не се пријави за таа мисија. Премиерот Јанез Јанша изјави дека словенечкото дипломатско претставништво во Киев ќе дејствува „со целосно овластување“ за време на вонредната состојба во Украина и ги отфрли обвинувањата на опозицијата дека тоа е ризичен потег и дека е испратена „вооружено-дипломатска мисија“ во Украина. Според наводите на медиумите, Лесјак веќе дејствувал како цивилен член на набљудувачката мисија на ОБСЕ во Украина, во регионот на Донбас, од 2015 до 2019 година. Словенечкиот амбасадор во Украина Томаж Менцин, кој се повлече во градот Жежов во Полска по почетокот на руската агресија врз Украина, таму „продолжува со својата работа“, соопшти словенечкото Министерство за надворешни работи.

The post Вршителот на должност во словенечката амбасада во Украина, Боштјан Лесјак се врати во Киев appeared first on Република.

]]>
Италија ја преместува украинската амбасада од Киев во Лавов https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/italija-ja-premestuva-ukrainskata-ambasada-od-kiev-vo-lavov/ Tue, 01 Mar 2022 14:19:18 +0000 https://republika.mk/?p=465974

Поради влошување на безбедносната ситуација во Киев и последователна неможност да се гарантира целосна функционалност, италијанската амбасада во Киев се префрла во Лавов, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Италијанскиот премиер Марио Драги го повтори советот на неговата влада дека Италијанците во Киев треба да го напуштат градот и да бидат „максимално претпазливи”.

The post Италија ја преместува украинската амбасада од Киев во Лавов appeared first on Република.

]]>

Поради влошување на безбедносната ситуација во Киев и последователна неможност да се гарантира целосна функционалност, италијанската амбасада во Киев се префрла во Лавов, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи. Италијанскиот премиер Марио Драги го повтори советот на неговата влада дека Италијанците во Киев треба да го напуштат градот и да бидат „максимално претпазливи”.

The post Италија ја преместува украинската амбасада од Киев во Лавов appeared first on Република.

]]>
Италија ја преместува својата амбасада во Лавов https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/italija-ja-premestuva-svojata-ambasada-vo-lavov/ Tue, 01 Mar 2022 14:17:40 +0000 https://republika.mk/?p=465975

Италија соопшти денеска дека ја преместува својата амбасада во Украина од главниот град Киев во западниот град Лавов, по слични одлуки на другите западни земји.

Поради влошување на безбедносната ситуација во Киев и последователна неможност да се гарантира целосна функционалност, италијанската амбасада во Киев се префрла во Лавов, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Италијанскиот премиер Марио Драги го повтори советот на неговата влада дека Италијанците во Киев треба да го напуштат градот и да бидат „максимално претпазливи“.

The post Италија ја преместува својата амбасада во Лавов appeared first on Република.

Украина ја повлекува и евакуира својата амбасада во Москва https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-ja-povlekuva-i-evakuira-svojata-ambasada-vo-moskva/ Thu, 24 Feb 2022 13:47:58 +0000 https://republika.mk/?p=463191

Министерството за надворешни работи на Украина соопшти дека го повикале на консултации својот вршител на должност од Русија и дека почнале да ја евакуираат својата амбасада од Москва.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно објави дека Киев ги прекинува дипломатските односи со Русија откако Москва почна голема офанзива.

The post Украина ја повлекува и евакуира својата амбасада во Москва appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи на Украина соопшти дека го повикале на консултации својот вршител на должност од Русија и дека почнале да ја евакуираат својата амбасада од Москва. Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно објави дека Киев ги прекинува дипломатските односи со Русија откако Москва почна голема офанзива.

The post Украина ја повлекува и евакуира својата амбасада во Москва appeared first on Република.

]]>
Две семејства побарале помош во Амбасадата на Македонија во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dve-semejstva-pobarale-pomosh-vo-ambasadata-na-makedonija-vo-ukraina/ Thu, 24 Feb 2022 12:01:04 +0000 https://republika.mk/?p=463114

Министерот за надворешни работи Бујар Османи информира дека се следи состојбата во Украина и дека нашата Амбасада е во контакт со македонските граѓани кои се наоѓаат во земјата, со цел да им се помогне да ја напуштат.

Ја следиме состојбата и во поглед на нашите граѓани коишто се таму. Досега имавме неколку апели за да се искористат сите можности преку комерцијални летови да се вратат овде во Скопје. Дел од нив се вратија, дел не. Во комуникација сум со нашата Амбасада. Таму од утринава и денеска имаме неколку граѓани коишто бараат документи за да може да ја напуштат земјата, но ние веќе правиме планови и за евакуација на нашите дипломати, иако таа одлука се уште ја немаме донесено. Меѓутоа, сме во постојана координација со нашите партнери и со нашите луѓе на терен за да ги донесеме соодветните одлуки, рече шефот на дипломатијата за „Утрински брифинг“.

Тој информира дека две семејства денеска се обратиле во нашата Амбасада во Киев коишто бараат одредени документи со цел да ја напуштат земјата. Османи потсети дека МНР веќе со недели апелира за тоа, со цел да не бидеме во ситуација денеска кога се блокирани и патиштата и начините за да им се излезе во пресрет. Тој порачува дека нашите дипломати се таму и ќе најдат начин да им се помогне се додека имаат можност, а потоа ќе донесеме евентуално и одлука за евакуација на нашите дипломати од Амбасадата.

Ние имаме од поодамна резервни планови доколку аеродромот се затвори, доколку нема комерцијални летови и како би ги извадиле нашите луѓе ние и денеска за еден час ќе имаме седница на Влада на која што ќе донесеме одредени одлуки по однос на состојбата таму. Така што сега станува се потешко да им се излезе во пресрет. Тие што го искористија апелот и одговорија на апелот се вратија во Скопје, меѓутоа продолжуваме да бидеме во комуникација со нашите луѓе да им помогнеме да излезат од Украина, вели Османи.

Шефот на дипломатијата нагласи дека се следи и целокупната ситуација во Украина и дека сите партнери во НАТО се единствени во однос на преземањето следни чекори.

The post Две семејства побарале помош во Амбасадата на Македонија во Украина appeared first on Република.

Македонија не ја затвори амбасадата во Киев: Стотина Македонци беа таму пред десет дена https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-ne-ja-zatvori-ambasadata-vo-kiev-stotina-makedonci-bea-tamu-pred-deset-dena/ Thu, 24 Feb 2022 09:58:49 +0000 https://republika.mk/?p=462973

Пред десет дена односно на 13 февруари министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи изјави дека има четири категории наши државјани во Украина – во првата категорија се амбасадорот и уште еден дипломат во нашата амбасада во Киев и нивните семејства. Тогаш немаше одлука да се затвора амбасадата, но беше одлучено нивните семејства да се вратат во Скопје.

Османи соопшти дека во оваа земја живеат стотина Македонци.

Меѓу нив се околу 30 набљудувачи во рамки на Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ, кои се втората категорија наши државјани во мапирањето на МНР.

Набљудувачката мисија на ОБСЕ е важна за следење на настаните во Украина и затоа засега се уште немаме одлука да ги повелечеме нашите набљудувачи, но сме во блиска координација со другите земји учеснички, со Секретаријатот на ОБСЕ во Виена и ќе одлучиме кога ќе процениме. Засега само САД имаат одлука да ги повчлечат своите набљудувачи во рамки на оваа мисија на ОБСЕ, но не и други земји, рече шефот на дипломатијата.

Во третата категорија се околу 40 наши државјани кои од различни причини се наоѓаат во Украија и 30-ина членови на нивните семејства, со тоа што членовите на семејствата повеќето се украински државјани. Тогаш Османи ги повика нив да се вратат. Колку се вратиле до денеска не соопштено

The post Македонија не ја затвори амбасадата во Киев: Стотина Македонци беа таму пред десет дена appeared first on Република.

]]>

Пред десет дена односно на 13 февруари министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи изјави дека има четири категории наши државјани во Украина – во првата категорија се амбасадорот и уште еден дипломат во нашата амбасада во Киев и нивните семејства. Тогаш немаше одлука да се затвора амбасадата, но беше одлучено нивните семејства да се вратат во Скопје.
Османи соопшти дека во оваа земја живеат стотина Македонци. Меѓу нив се околу 30 набљудувачи во рамки на Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ, кои се втората категорија наши државјани во мапирањето на МНР.