амбасада на сад во косово Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ambasada-na-sad-vo-kosovo/ За подобро да се разбереме Tue, 06 Aug 2024 21:20:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png амбасада на сад во косово Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ambasada-na-sad-vo-kosovo/ 32 32 Амбасадата на САД во Приштина: Длабоко сме разочарани поради едностраните акции на косовската влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ambasadata-na-sad-vo-prishtina-dlaboko-sme-razocharani-poradi-ednostranite-aktsii-na-kosovskata-vlada/ Wed, 07 Aug 2024 05:17:03 +0000 https://republika.mk/?p=804086

Американската амбасада во Приштина соопшти дека владата на Соединетите Американски Држави е „длабоко разочарана“ од едностраните, некоординирани акции кои ги презема владата во Приштина против Поштата на Србија на северот на Косово.

„Косовските некоординирани акции ги ставаат граѓаните на Косово и војниците на Кфор во поголем ризик, непотребна ескалација на регионалните тензии и ја поткопуваат репутацијата на Косово како доверлив партнер“, се наведува во соопштението објавено на социјалната мрежа Икс.

Амбасадата на САД апелира до приштинските власти да „прекинат со понатамошни еднострани акции и да се вратат на конструктивно учество во дијалогот под покровителство на ЕУ за да се решат прашањата поврзани со нормализацијата на односите на Белград и Приштина“.

Полицијата на Косово вчера затвори девет објекти на Поштата на Србија во четирите српски општини на северот на Косово.

The post Амбасадата на САД во Приштина: Длабоко сме разочарани поради едностраните акции на косовската влада appeared first on Република.

]]>

Американската амбасада во Приштина соопшти дека владата на Соединетите Американски Држави е „длабоко разочарана“ од едностраните, некоординирани акции кои ги презема владата во Приштина против Поштата на Србија на северот на Косово.
„Косовските некоординирани акции ги ставаат граѓаните на Косово и војниците на Кфор во поголем ризик, непотребна ескалација на регионалните тензии и ја поткопуваат репутацијата на Косово како доверлив партнер“, се наведува во соопштението објавено на социјалната мрежа Икс.
Амбасадата на САД апелира до приштинските власти да „прекинат со понатамошни еднострани акции и да се вратат на конструктивно учество во дијалогот под покровителство на ЕУ за да се решат прашањата поврзани со нормализацијата на односите на Белград и Приштина“. Полицијата на Косово вчера затвори девет објекти на Поштата на Србија во четирите српски општини на северот на Косово.

The post Амбасадата на САД во Приштина: Длабоко сме разочарани поради едностраните акции на косовската влада appeared first on Република.

]]>