Амбасада на Италија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ambasada-na-italija/ За подобро да се разбереме Sun, 13 Mar 2022 13:53:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Амбасада на Италија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ambasada-na-italija/ 32 32 Проекција на „Ѕвездено небо над римското гето“ вечерва во Кинотека по повод 79-години од депортацијата на македонските Евреи во Треблинка https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/proekcija-na-dzvezdeno-nebo-nad-rimskoto-geto-vecherva-vo-kinoteka-po-povod-79-godini-od-deportacijata-na-makedonskite-evrei-vo-treblinka/ Sun, 13 Mar 2022 13:53:32 +0000 https://republika.mk/?p=472119

Амбасадата на Италија, во соработка со Еврејската заедница на Република Македонија, вечерва во Кинотека на Македонија со почеток во 20 часот, организира проекција на филмот „Ѕвездено небо над римското гето“ во режија Џулио Базе на македонски јазик. Проекцијата е по повод 79-години од депортацијата на македонските Евреи во Треблинка.

Филмот ја раскажува приказната за Софија, студентка по виолина и ќерка на меѓународно познат пијанист, која еден ден на таванот од нејзиниот дом открива потресно писмо и стара фотографија од девојчето Сара, родено во 1939, кое е Еврејка и чие семејство било брутално убиено во нацистичкиот логор Биркенау. Софија, заедно со група пријатели (двајца христијани како неа и тројца Евреи), решава да ја истражи и да ја реконструира приказната за тоа мало девојче. Откривањето на вистината ќе изнесе шокантна реалност.

В понеделник, пак, на 14 март, во 17.30 часот Амбасадата на Италија организира и онлајн средба со режисерот Џулио Базе, кој исто така во филмот се јавува и како глумец.

The post Проекција на „Ѕвездено небо над римското гето“ вечерва во Кинотека по повод 79-години од депортацијата на македонските Евреи во Треблинка appeared first on Република.

]]>

Амбасадата на Италија, во соработка со Еврејската заедница на Република Македонија, вечерва во Кинотека на Македонија со почеток во 20 часот, организира проекција на филмот „Ѕвездено небо над римското гето“ во режија Џулио Базе на македонски јазик. Проекцијата е по повод 79-години од депортацијата на македонските Евреи во Треблинка. Филмот ја раскажува приказната за Софија, студентка по виолина и ќерка на меѓународно познат пијанист, која еден ден на таванот од нејзиниот дом открива потресно писмо и стара фотографија од девојчето Сара, родено во 1939, кое е Еврејка и чие семејство било брутално убиено во нацистичкиот логор Биркенау. Софија, заедно со група пријатели (двајца христијани како неа и тројца Евреи), решава да ја истражи и да ја реконструира приказната за тоа мало девојче. Откривањето на вистината ќе изнесе шокантна реалност. В понеделник, пак, на 14 март, во 17.30 часот Амбасадата на Италија организира и онлајн средба со режисерот Џулио Базе, кој исто така во филмот се јавува и како глумец.

The post Проекција на „Ѕвездено небо над римското гето“ вечерва во Кинотека по повод 79-години од депортацијата на македонските Евреи во Треблинка appeared first on Република.

]]>