амандманска расправа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/amandmanska-rasprava/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Dec 2023 13:16:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png амандманска расправа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/amandmanska-rasprava/ 32 32 Костадиновска – Стојчевска: Секоја јавна институција задолжително ќе има лектор, нема да излегуваат нелекторирани текстови во јавност, апелирам Предлог законот за македонски јазик час поскоро да се изгласа во Собранието https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-sekoja-javna-institutsija-zadolzhitelno-ke-ima-lektor-nema-da-izleguvaat-nelektorirani-tekstovi-vo-javnost-apeliram-predlog-zakonot-za-makedonski-jazik-chas-poskoro-da-se-izg/ Thu, 28 Dec 2023 13:16:16 +0000 https://republika.mk/?p=727524

Претседателот на Комисијата за култура да закаже седница за Предлог законот за македонски јазик, час поскоро да се стави на дневен ред, да оди на амандманска расправа и да се изгласа, апелираа од Министерството за култура на денешниот последен брифинг со новинарите за оваа година.

Од Министерството посочуваат дека Законот се подготвувал долго време. Како што информираат, со законот ќе стане задолжително присуството на лектор во секоја јавна институција. Нема повеќе да излегуваат текстови во јавност кои не се лекторирани, а втора најголема придобивка со законот е основањето на Инспекторатот за македонски јазик.

Од овој закон ќе произлезат одредени измени во Законот за основно, средно и високо образование. Со овој закон ќе продолжи стипендирање на студентите, ќе се даде поголема поддршка за македонската литература, како и за Институтот за македонски јазик. Инаку, Законот за македонски јазик не е променет уште од 1998 година.

Во однос на Националната стратегија за култура, од Министерството брифираат дека таа веќе е пратена во Собрание, Комисијата ќе треба повторно да се состане и да се расправа за тој документ.

Исто така, во тек е работата и на нов Закон за заштита на културно наследство. Во врска со овој Закон, ќе има јавна расправа до крајот на јануари каде што ќе се соберат првичните забелешки.

Од Министерството информираат дека за следната година од буџетот се издвоени 4,6 милијарди денари за културата.

The post Костадиновска – Стојчевска: Секоја јавна институција задолжително ќе има лектор, нема да излегуваат нелекторирани текстови во јавност, апелирам Предлог законот за македонски јазик час поскоро да се изгласа во Собранието appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Комисијата за култура да закаже седница за Предлог законот за македонски јазик, час поскоро да се стави на дневен ред, да оди на амандманска расправа и да се изгласа, апелираа од Министерството за култура на денешниот последен брифинг со новинарите за оваа година. Од Министерството посочуваат дека Законот се подготвувал долго време. Како што информираат, со законот ќе стане задолжително присуството на лектор во секоја јавна институција. Нема повеќе да излегуваат текстови во јавност кои не се лекторирани, а втора најголема придобивка со законот е основањето на Инспекторатот за македонски јазик. Од овој закон ќе произлезат одредени измени во Законот за основно, средно и високо образование. Со овој закон ќе продолжи стипендирање на студентите, ќе се даде поголема поддршка за македонската литература, како и за Институтот за македонски јазик. Инаку, Законот за македонски јазик не е променет уште од 1998 година. Во однос на Националната стратегија за култура, од Министерството брифираат дека таа веќе е пратена во Собрание, Комисијата ќе треба повторно да се состане и да се расправа за тој документ. Исто така, во тек е работата и на нов Закон за заштита на културно наследство. Во врска со овој Закон, ќе има јавна расправа до крајот на јануари каде што ќе се соберат првичните забелешки. Од Министерството информираат дека за следната година од буџетот се издвоени 4,6 милијарди денари за културата.

The post Костадиновска – Стојчевска: Секоја јавна институција задолжително ќе има лектор, нема да излегуваат нелекторирани текстови во јавност, апелирам Предлог законот за македонски јазик час поскоро да се изгласа во Собранието appeared first on Република.

]]>
Амандманската расправа за ребалансот на буџетот продолжува утре https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/amandmanskata-rasprava-za-rebalansot-na-budzetot-prodolzuva-utre/ Fri, 01 Jul 2022 17:50:51 +0000 https://republika.mk/?p=522300

Во Собранието попладнево на седницата на Комисијата за финансирање и буџет продолжи амандманската расправа за ребалансот на буџетот за оваа година. Ова е деветти ден од амандманската расправа, која ќе продолжи утре во 11 часот.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку предложените амандмани се обидува, како што рекоа, во повеќе области да ги придвижат работите во корист на граѓаните и на стопанството. За разлика од нив владејачкото мнозинство е со став дека проектираната калкулација ќе обезбеди инвестициски циклус и заштита на стандардот на граѓаните.

Членовите на Комисијата денеска разгледаа 50 амандмани, но ниту еден не беше прифатен. Амандманите најмногу се однесуваа на земјоделството, хидросистеми, канализација и комунални мрежи.

Поднесени се вкупно 204 амандмани, од кои над 170 од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, 28 на Алијанса на Албанците и два од парламентарното мнозинство.

Согласно Деловникот за работа, амандманската расправа трае десет дена и се очекува да заврши утре. (МИА)

 

The post Амандманската расправа за ребалансот на буџетот продолжува утре appeared first on Република.

]]>

Во Собранието попладнево на седницата на Комисијата за финансирање и буџет продолжи амандманската расправа за ребалансот на буџетот за оваа година. Ова е деветти ден од амандманската расправа, која ќе продолжи утре во 11 часот. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку предложените амандмани се обидува, како што рекоа, во повеќе области да ги придвижат работите во корист на граѓаните и на стопанството. За разлика од нив владејачкото мнозинство е со став дека проектираната калкулација ќе обезбеди инвестициски циклус и заштита на стандардот на граѓаните. Членовите на Комисијата денеска разгледаа 50 амандмани, но ниту еден не беше прифатен. Амандманите најмногу се однесуваа на земјоделството, хидросистеми, канализација и комунални мрежи. Поднесени се вкупно 204 амандмани, од кои над 170 од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, 28 на Алијанса на Албанците и два од парламентарното мнозинство. Согласно Деловникот за работа, амандманската расправа трае десет дена и се очекува да заврши утре. (МИА)  

The post Амандманската расправа за ребалансот на буџетот продолжува утре appeared first on Република.

]]>
Амандманска расправа за ребалансот на Буџетот на Комисијата за финансирање и буџет https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/amandmanska-rasprava-za-rebalansot-na-budzetot-na-komisijata-za-finansiranje-i-budzet/ Fri, 24 Jun 2022 12:26:19 +0000 https://republika.mk/?p=519320

Комисијата за финансирање и буџет денеска ја продолжи амандманската расправа за ребалансот на Буџетот за 2022 година, во рамките на 38-та седница. Комисијата прифати еден амандман на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, во изменета форма, со кој ќе се обезбедат пет милиони денари за изградба на кружен тек во населено место Мислешево, охридско.

Ова е втор прифатен амандман на пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ, која има поднесено над 170 амандмани. Првиот се однесуваше за одвојување на 2,5 милиони денари за расчистување на индустриската зона во Нерези. Досега се одбиени над 40 амандмани на опозицијата.

Вкупно се поднесени 204 амандмани. Од нив, 170 се на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, 28 се на Алијанса на Албанците и два на парламентарното мнозинство.

Согласно Деловникот за работа, расправата треба да трае 10 дена.

Со ребалансот на Буџетот, вкупните приходи се планирани на ниво од 245,8 милијарди денари и се за околу 6,9 милијарди денари или 2,9 проценти повисоки во однос на иницијалните проекции на Буџетот. Износот на вкупните расходи е 288,5 милијарди денари или за околу 161,1 милијарда денари (5,9 проценти) повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2022 година.

Капиталните расходи се планирани на ниво од 32,2 милијарди денари и се за околу шест милијарди денари пониски во однос на планот за 2022 година, но од власта најавуваат дека ќе продолжат проектите за изградба на патишта, железници, гасоводи. Се планира економскиот раст да биде 3,2 проценти, инфлацијата да достигне до 7,2 проценти, а дефицитот да биде 42,7 милијарди денари.

Амандманската расправа треба да продолжи по еден час пауза, односно во 15 часот.

 

The post Амандманска расправа за ребалансот на Буџетот на Комисијата за финансирање и буџет appeared first on Република.

]]>

Комисијата за финансирање и буџет денеска ја продолжи амандманската расправа за ребалансот на Буџетот за 2022 година, во рамките на 38-та седница. Комисијата прифати еден амандман на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, во изменета форма, со кој ќе се обезбедат пет милиони денари за изградба на кружен тек во населено место Мислешево, охридско. Ова е втор прифатен амандман на пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ, која има поднесено над 170 амандмани. Првиот се однесуваше за одвојување на 2,5 милиони денари за расчистување на индустриската зона во Нерези. Досега се одбиени над 40 амандмани на опозицијата. Вкупно се поднесени 204 амандмани. Од нив, 170 се на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, 28 се на Алијанса на Албанците и два на парламентарното мнозинство. Согласно Деловникот за работа, расправата треба да трае 10 дена. Со ребалансот на Буџетот, вкупните приходи се планирани на ниво од 245,8 милијарди денари и се за околу 6,9 милијарди денари или 2,9 проценти повисоки во однос на иницијалните проекции на Буџетот. Износот на вкупните расходи е 288,5 милијарди денари или за околу 161,1 милијарда денари (5,9 проценти) повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2022 година. Капиталните расходи се планирани на ниво од 32,2 милијарди денари и се за околу шест милијарди денари пониски во однос на планот за 2022 година, но од власта најавуваат дека ќе продолжат проектите за изградба на патишта, железници, гасоводи. Се планира економскиот раст да биде 3,2 проценти, инфлацијата да достигне до 7,2 проценти, а дефицитот да биде 42,7 милијарди денари. Амандманската расправа треба да продолжи по еден час пауза, односно во 15 часот.  

The post Амандманска расправа за ребалансот на Буџетот на Комисијата за финансирање и буџет appeared first on Република.

]]>
Одбиени четири амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ на расправата за Буџетото во Собранието https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/odbieni-chetiri-amandmani-podneseni-od-vmro-dpmne-na-raspravata-za-budzetoto-vo-sobranieto/ Tue, 21 Jun 2022 13:03:33 +0000 https://republika.mk/?p=518081

Во претпладневниот дел од денешната амандманска расправа за ребалансот на Буџетот мнозинството во Комисијата за финансирање и буџет досега одби четири амандмани поднесени од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа пратеничка група има поднесено вкупно 170 амандмани.

Покрај амандманите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, за ребалансот на Буџетот поднесени се и 28 од пратеничката група на Алијанса за Албанците и два амандмани од парламентарното мнозинство, со што вкупно се поднесени 204 амандмани.

Расправата досега главно се водеше по амандмани со кои се предложува да се обезбедат средства во висина од 50 милиони денари за покривање на 50 посто од трошоците за изведување на енергетско ефикасни фасади за станбените згради за колективно домување, за поставување соларни системи на домаќинствата, како и за поставување фотоволтаици за домаќинствата.

Од мнозинството беше одбиен и амандманот предложен од ВМРО-ДПМНЕ, со кој се предлага да се обезбедат средства во висина од милион денари за зголемување на исплатата на надоместоците на активниот воен и цивилниот персонал што се регулирани во правилникот за начинот на исплата на надоместоци за селидбени трошоци, трошоци за превоз, вршење на служба за дежурство, стражарска служба итн.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се осврнаа и на вчерашниот амандман на Сојузот на синдикати на Македонија, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор од 2806 денари, што беше одбиен од мнозинството. Тие побараа од мнозинството уште еднаш да размислат за покачување на платите во јавниот сектор.

Исто така, во текот на расправата пратеничката Бети Стаменковска-Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ го наметна прашањето и за парламентарните избори, односно побара од власта да се согласи за предвремени избори.

Имате две опции – или да го одврзете ќесето од Буџетот и да дадете пари на граѓаните, да почнете да работите свесно, совесно, без криминал и рекет и парите од граѓаните да одат назад кај граѓаните или другата опција што од срце ја предлагам е да се сложите да имаме предвремени парламентарни избори бидејќи вие досега покажавте дека не знаете, умеете и не се снаоѓате во работата што ја имате, рече Стаменковска-Трајковска.

Пратеникот Коле Чаракчиев од редовите на СДСМ, пак, во реплика нагласи оти е горд што обезбедиле 18 илајди денари за најзагрозената категорија на работоспособната сила.

Расправата по амандманите поднесени за ребалансот на Буџетот ќе продолжи во 15 часот.

Имено, вчера најмногу дебата предизвика амандманот за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор од 2806 денари, што беше одбиен од мнозинството.

Во претходните три дена од комисиската расправа за ребалансот на буџетот пратениците од опозицијата и од власта имаа спротивставени ставови. За опозицијата ребалансот е доказ дека економијата е разрушена и дека постојано се зголемува сиромаштијата. Пратениците од власта, пак, порачаа дека со ребалансот се остварува заштеда на сериозни средства кои ќе се искористат за директна помош за граѓаните и за стопанството.

Со ребалансот на Буџетот, вкупните приходи се планирани на ниво од 245,8 милијарди денари и се за околу 6,9 милијарди денари или 2,9 проценти повисоки во однос на иницијалните проекции на Буџетот. Износот на вкупните расходи е 288,5 милијарди денари или за околу 161,1 милијарда денари (5,9 проценти) повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2022 година.

Капиталните расходи се планирани на ниво од 32,2 милијарди денари и се за околу шест милијарди денари пониски во однос на планот за 2022 година, но од власта најавуваат дека ќе продолжат проектите за изградба на патишта, железници, гасоводи. Се планира економскиот раст да биде 3,2 проценти, инфлацијата да достигне до 7,2 проценти, а дефицитот да биде 42,7 милијарди денари.

The post Одбиени четири амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ на расправата за Буџетото во Собранието appeared first on Република.

]]>

Во претпладневниот дел од денешната амандманска расправа за ребалансот на Буџетот мнозинството во Комисијата за финансирање и буџет досега одби четири амандмани поднесени од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа пратеничка група има поднесено вкупно 170 амандмани. Покрај амандманите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, за ребалансот на Буџетот поднесени се и 28 од пратеничката група на Алијанса за Албанците и два амандмани од парламентарното мнозинство, со што вкупно се поднесени 204 амандмани. Расправата досега главно се водеше по амандмани со кои се предложува да се обезбедат средства во висина од 50 милиони денари за покривање на 50 посто од трошоците за изведување на енергетско ефикасни фасади за станбените згради за колективно домување, за поставување соларни системи на домаќинствата, како и за поставување фотоволтаици за домаќинствата. Од мнозинството беше одбиен и амандманот предложен од ВМРО-ДПМНЕ, со кој се предлага да се обезбедат средства во висина од милион денари за зголемување на исплатата на надоместоците на активниот воен и цивилниот персонал што се регулирани во правилникот за начинот на исплата на надоместоци за селидбени трошоци, трошоци за превоз, вршење на служба за дежурство, стражарска служба итн. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се осврнаа и на вчерашниот амандман на Сојузот на синдикати на Македонија, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор од 2806 денари, што беше одбиен од мнозинството. Тие побараа од мнозинството уште еднаш да размислат за покачување на платите во јавниот сектор. Исто така, во текот на расправата пратеничката Бети Стаменковска-Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ го наметна прашањето и за парламентарните избори, односно побара од власта да се согласи за предвремени избори.
Имате две опции – или да го одврзете ќесето од Буџетот и да дадете пари на граѓаните, да почнете да работите свесно, совесно, без криминал и рекет и парите од граѓаните да одат назад кај граѓаните или другата опција што од срце ја предлагам е да се сложите да имаме предвремени парламентарни избори бидејќи вие досега покажавте дека не знаете, умеете и не се снаоѓате во работата што ја имате, рече Стаменковска-Трајковска.
Пратеникот Коле Чаракчиев од редовите на СДСМ, пак, во реплика нагласи оти е горд што обезбедиле 18 илајди денари за најзагрозената категорија на работоспособната сила. Расправата по амандманите поднесени за ребалансот на Буџетот ќе продолжи во 15 часот. Имено, вчера најмногу дебата предизвика амандманот за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор од 2806 денари, што беше одбиен од мнозинството. Во претходните три дена од комисиската расправа за ребалансот на буџетот пратениците од опозицијата и од власта имаа спротивставени ставови. За опозицијата ребалансот е доказ дека економијата е разрушена и дека постојано се зголемува сиромаштијата. Пратениците од власта, пак, порачаа дека со ребалансот се остварува заштеда на сериозни средства кои ќе се искористат за директна помош за граѓаните и за стопанството. Со ребалансот на Буџетот, вкупните приходи се планирани на ниво од 245,8 милијарди денари и се за околу 6,9 милијарди денари или 2,9 проценти повисоки во однос на иницијалните проекции на Буџетот. Износот на вкупните расходи е 288,5 милијарди денари или за околу 161,1 милијарда денари (5,9 проценти) повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за 2022 година. Капиталните расходи се планирани на ниво од 32,2 милијарди денари и се за околу шест милијарди денари пониски во однос на планот за 2022 година, но од власта најавуваат дека ќе продолжат проектите за изградба на патишта, железници, гасоводи. Се планира економскиот раст да биде 3,2 проценти, инфлацијата да достигне до 7,2 проценти, а дефицитот да биде 42,7 милијарди денари.

The post Одбиени четири амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ на расправата за Буџетото во Собранието appeared first on Република.

]]>