амандмани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/amandmani/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Dec 2023 10:24:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png амандмани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/amandmani/ 32 32 Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ И Коалицијата поднесоа 250 амандмани на Предлог – буџетот за 2024 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stojanoski-vmro-dpmne-i-koalitsijata-podnesoa-250-amandmani-na-predlog-budhetot-za-2024-godina/ Thu, 07 Dec 2023 10:24:49 +0000 https://republika.mk/?p=720643

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за овој Предлог – буџет поднесе 250 амандмани преку кои сакаат да интервенираат и, како што велат, да поправат нешто што се уште може да се поправи.

Денес на првиот ден од амандманската расправа ќе се разгледаат повеќе амандмани од кои би ги издвоил амандманите кои се однесуваат на намалување на ДДВ за електричната енергија, огревно дрво, храната, но и намалување на акцизата за горивата.

Сведоци сме дека во изминатите неколку години, цената кај овие категории е драстично покачена, речиси и 50% наспроти периодот пред пандемијата. Во исчекување сме на ново покачување на цената на струјата од партизираната Регулаторна комисија за енергетика и токму затоа бараме државата повторно да го намали ДДВ-то од 18% на 5% со цел да им се помогне на сите домаќинства, рече пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Бојан Стојаноски.

На дрва се грее најчесто посиромашниот слој на граѓани и токму затоа бараме намалување на ДДВ за купување на кубик дрво од 18% на 5% со што ќе дојде до поевтинување од над 10%.

Последниот амандман кој е во врска со ДДВ то се однесува на храната, со кој бараме да се поништи одлуката на СДСМ за зголемување на ДДВ од 5 на 10% за прехранбени производи. Дополнително, во зависност од пазарните состојби и со цел спас на земјоделците и стопанството државата треба да се откаже од ДДВ на основни прехранбени производи наместо истите да банкротираат.

За крај, амандманот кој се однесува за намалување на акцизите ќе влијаат на целата економија. Целиот транспорт на стоки ќе поевтини, а со тоа и производите кои ги купуваме во маркетите, меѓуградскиот превоз и многу други гранки во кои значителен инпут се нафтените деривати.

Се надеваме дека пратениците на СДСМ и ДУИ ќе имаат доблест и ќе ги прифатат нашите суштински предлози и сериозно ќе се заштити животниот стандард на граѓаните, рече Стојаноски.

The post Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ И Коалицијата поднесоа 250 амандмани на Предлог – буџетот за 2024 година appeared first on Република.

]]>

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за овој Предлог – буџет поднесе 250 амандмани преку кои сакаат да интервенираат и, како што велат, да поправат нешто што се уште може да се поправи.
Денес на првиот ден од амандманската расправа ќе се разгледаат повеќе амандмани од кои би ги издвоил амандманите кои се однесуваат на намалување на ДДВ за електричната енергија, огревно дрво, храната, но и намалување на акцизата за горивата. Сведоци сме дека во изминатите неколку години, цената кај овие категории е драстично покачена, речиси и 50% наспроти периодот пред пандемијата. Во исчекување сме на ново покачување на цената на струјата од партизираната Регулаторна комисија за енергетика и токму затоа бараме државата повторно да го намали ДДВ-то од 18% на 5% со цел да им се помогне на сите домаќинства, рече пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Бојан Стојаноски.
На дрва се грее најчесто посиромашниот слој на граѓани и токму затоа бараме намалување на ДДВ за купување на кубик дрво од 18% на 5% со што ќе дојде до поевтинување од над 10%.
Последниот амандман кој е во врска со ДДВ то се однесува на храната, со кој бараме да се поништи одлуката на СДСМ за зголемување на ДДВ од 5 на 10% за прехранбени производи. Дополнително, во зависност од пазарните состојби и со цел спас на земјоделците и стопанството државата треба да се откаже од ДДВ на основни прехранбени производи наместо истите да банкротираат. За крај, амандманот кој се однесува за намалување на акцизите ќе влијаат на целата економија. Целиот транспорт на стоки ќе поевтини, а со тоа и производите кои ги купуваме во маркетите, меѓуградскиот превоз и многу други гранки во кои значителен инпут се нафтените деривати. Се надеваме дека пратениците на СДСМ и ДУИ ќе имаат доблест и ќе ги прифатат нашите суштински предлози и сериозно ќе се заштити животниот стандард на граѓаните, рече Стојаноски.
 
The post Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ И Коалицијата поднесоа 250 амандмани на Предлог – буџетот за 2024 година appeared first on Република.

]]>
Владата ги усвои амандманите за промена на Уставот, ги праќа на разгледување во Собранието https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-gi-usvoi-amandmanite-za-promena-na-ustavot-gi-praka-na-razgleduvane-vo-sobranieto/ Tue, 18 Jul 2023 14:37:04 +0000 https://republika.mk/?p=662812

Владата на Република Македонија, на денешната седница го разгледа и усвои текстот на Предлогот за пристапување кон измена со насоки за измена и дополнување на Уставот на Република Македонија и одлучи документот да биде доставен до Собранието на Република Македонија.

Во образложението на Владата стои:

Предлогот за пристапување кон измена на Уставот го подготви работната група составена од експерти, еминентни професори од неколку универзитети во државата како и претставници на политички партии, и тоа со едногласна поддршка на содржината на текстот, по што точката е ставена на дневен ред на денешната владина седница на предлог на Министерството за правда.

Предлогот е изработен врз основа на Заклучоците на Собранието на Република Македонија донесени на седницата одржана на 16.7.2022 година, а врзани со Заклучоците на Советот на Европската Унија, и Заедничкиот став и воведната изјава на ЕУ на Политичкиот состанок на Меѓувладината конференција за пристапување на Македонија во Европската Унија.

Македонија во согласност со својата стратешка определба за полноправно членство во Европската Унија е одлучна да ги спроведе обврските преземени во рамките на преговарачката рамка и пристапните преговори на Република Македонија со Европската Унија што започнаа со одржувањето на првата Меѓувладина конференција, одржана на 19.7.2022 година.

Интервенциите се однесуваат на додавање делови од народи во Преамбулата и членовите 49 и 78 од Уставот, при набројувањето на деловите од народи во нашата држава. Односно, во формулацијата: „Граѓаните на Република Македонија, македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите“, после зборот бошњачки народ се става запирка и се додава: бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и еѓипќанскиот народ.

Согласно ова, направена е измена и во Комитетот за односи меѓу заедниците за запазување на париретот на претставниците во Парламентот на сите вака утврдени заедници во Преамбулата на Уставот.

Со предложените Уставни измени, се зајакнува мултиетничкиот карактер на Република  Македонија. Нашата држава е успешен пример за функционална, мултиетничка демократија во регионот и во Европа и пример за почитување граѓански и човекови права, поради што на земјата со право се гледа како на Европа во мало. Покажавме на регионот, на Европа и на светот дека соживотот на различните заедници во државава, векови низ историјата и денес и меѓусебното почитување на различните традиции и култури се богатство и предност.

Република Македонија практикува европски вредности и заслужува, по членството во НАТО да биде и полноправна членка на Европската Унија.

Владата оценува дека пред граѓаните и државата е неповторлива шанса за потврдување на европскиот пат, забрзување на европските интеграции и остварување на оваа европска цел до 2030 година. Граѓаните заслужуваат да бидат европски граѓани, да имаат европски квалитет на живот и европски животен стандард, во европска држава, а тоа да биде нивната родна земја.

Исто така, во услови кога во геополитичкиот контекст, нашите стратешки пријатели САД и државите членки на НАТО и на ЕУ во Република Македонија гледаат фактор на стабилноста, ни доликува, како граѓани и како држава - доверлив партнер на демократската меѓународна заедница, да придонесеме во безбедноста на регионот и ЕУ.

Од сите овие причини, Владата очекува конструктивност од сите политички субјекти претставени преку пратениците во Парламентот, совесност од сите пратеници и фокус кон постигнување натпартиски консензус при усвојувањето на уставните измени како дел од преговарачката рамка со Европската Унија.

Ваквата одлука на Собранието на Република Македонија ќе овозможи одржување на втората меѓувладина конференција со ЕУ до декември 2023 година, отворање на поглавјата во преговорите, интензивирање на реформите и брзо членство во ЕУ.

Владата повикува на разум и свесност за актуелниот моментум во којшто државата ја има можноста да избегне повторна многугодишна изолација и напротив, конечно да ги реализира европските перспективи.

Оттаму додаваат дека го доставуваат целосниот предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република  Македонија со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Македонија.

The post Владата ги усвои амандманите за промена на Уставот, ги праќа на разгледување во Собранието appeared first on Република.

]]>

Владата на Република Македонија, на денешната седница го разгледа и усвои текстот на Предлогот за пристапување кон измена со насоки за измена и дополнување на Уставот на Република Македонија и одлучи документот да биде доставен до Собранието на Република Македонија. Во образложението на Владата стои: Предлогот за пристапување кон измена на Уставот го подготви работната група составена од експерти, еминентни професори од неколку универзитети во државата како и претставници на политички партии, и тоа со едногласна поддршка на содржината на текстот, по што точката е ставена на дневен ред на денешната владина седница на предлог на Министерството за правда. Предлогот е изработен врз основа на Заклучоците на Собранието на Република Македонија донесени на седницата одржана на 16.7.2022 година, а врзани со Заклучоците на Советот на Европската Унија, и Заедничкиот став и воведната изјава на ЕУ на Политичкиот состанок на Меѓувладината конференција за пристапување на Македонија во Европската Унија. Македонија во согласност со својата стратешка определба за полноправно членство во Европската Унија е одлучна да ги спроведе обврските преземени во рамките на преговарачката рамка и пристапните преговори на Република Македонија со Европската Унија што започнаа со одржувањето на првата Меѓувладина конференција, одржана на 19.7.2022 година. Интервенциите се однесуваат на додавање делови од народи во Преамбулата и членовите 49 и 78 од Уставот, при набројувањето на деловите од народи во нашата држава. Односно, во формулацијата: „Граѓаните на Република Македонија, македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите“, после зборот бошњачки народ се става запирка и се додава: бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и еѓипќанскиот народ. Согласно ова, направена е измена и во Комитетот за односи меѓу заедниците за запазување на париретот на претставниците во Парламентот на сите вака утврдени заедници во Преамбулата на Уставот. Со предложените Уставни измени, се зајакнува мултиетничкиот карактер на Република  Македонија. Нашата држава е успешен пример за функционална, мултиетничка демократија во регионот и во Европа и пример за почитување граѓански и човекови права, поради што на земјата со право се гледа како на Европа во мало. Покажавме на регионот, на Европа и на светот дека соживотот на различните заедници во државава, векови низ историјата и денес и меѓусебното почитување на различните традиции и култури се богатство и предност. Република Македонија практикува европски вредности и заслужува, по членството во НАТО да биде и полноправна членка на Европската Унија. Владата оценува дека пред граѓаните и државата е неповторлива шанса за потврдување на европскиот пат, забрзување на европските интеграции и остварување на оваа европска цел до 2030 година. Граѓаните заслужуваат да бидат европски граѓани, да имаат европски квалитет на живот и европски животен стандард, во европска држава, а тоа да биде нивната родна земја. Исто така, во услови кога во геополитичкиот контекст, нашите стратешки пријатели САД и државите членки на НАТО и на ЕУ во Република Македонија гледаат фактор на стабилноста, ни доликува, како граѓани и како држава - доверлив партнер на демократската меѓународна заедница, да придонесеме во безбедноста на регионот и ЕУ. Од сите овие причини, Владата очекува конструктивност од сите политички субјекти претставени преку пратениците во Парламентот, совесност од сите пратеници и фокус кон постигнување натпартиски консензус при усвојувањето на уставните измени како дел од преговарачката рамка со Европската Унија. Ваквата одлука на Собранието на Република Македонија ќе овозможи одржување на втората меѓувладина конференција со ЕУ до декември 2023 година, отворање на поглавјата во преговорите, интензивирање на реформите и брзо членство во ЕУ. Владата повикува на разум и свесност за актуелниот моментум во којшто државата ја има можноста да избегне повторна многугодишна изолација и напротив, конечно да ги реализира европските перспективи. Оттаму додаваат дека го доставуваат целосниот предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република  Македонија со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Македонија.

The post Владата ги усвои амандманите за промена на Уставот, ги праќа на разгледување во Собранието appeared first on Република.

]]>
Одбиени амандмани на ВМРО-ДПМНЕ за предложените измени на Законот за работни односи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/odbieni-amandmani-na-vmro-dpmne-za-predlozhenite-izmeni-na-zakonot-za-rabotni-odnosi/ Fri, 12 May 2023 16:33:47 +0000 https://republika.mk/?p=640246

Непочитување на Уставот и законите и кршење на конвенциите за човекови права и европските директиви за работно време и на цивилизациската придобивка од осум часа работа на ден. Се предлагаат измени со кои максимално ќе се искористуваат работниците. Наместо ветениот живот за сите, правите робови од сите и нѐ враќате во робовладетелско општество, реагираа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во попладневниот дел од седницата на собраниската Комисија за европски прашања.

На седницата беа одбиени амандмани од опозициската партија на Предлог-законот за измени на Законот за работни односи – прв од петте закони во кои треба да се интервенира согласно договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на делници од коридорите 8 и 10д.

Бране Петрушевски рече дека во Предлог-законот не е наведена горна граница за прекувременото работно време за изградба на автопатиштата. Смета дека со тоа што во Предлогот пишува дека работниците ќе имаат 12 часа одмор на ден и 24 часа непрекинат одмор во денот недела, значи дека ќе може да работат и по 12 часа на ден или, за шесте работни дена, вкупно 72 часа во една седмица.

Дали е нормално да се работи 72 часа и тоа на тешки градежни активности. Тоа не постои во ниедна држава во светот, дури ни во Африка. Ја кршите Директивата 88 на Европската комисија од 2003 година во која, во член 6, експлицитно стои дека работното време, вклучувајќи и прекувремена работа, може да изнесува 48 часа неделно. Ако сакаме да влеземе во Европската Унија, така треба да биде и во Република Македонија. Парадокс е што во Комисија за европски прашања кршиме европска директива. Ова ќе биде сериозна забелешка во следниот извештај на Европската комисија - истакна Петрушевски.

Спорно за него е и тоа што се предлага министерот за труд и социјална политика да има дискрециско право за „начинот и местото на исплата на плати“ и, рече, посебно го загрижува „местото на исплата“ зашто може да значи сериозна даночна евазија.

Местото е сериозен момент зашто има можност на име на надоместоци на плата и давачки да се изнесе огромен дел од парите и ќе се даночат во друга држава - рече Петрушевски.

Заменик-министерот за труд и социјална политика Енвер Хусеин на седницата изјави дека не го видел Договорот со „Бехтел и Енка“, но дека се работи за проект од интерес на граѓаните, од национално и стратешко значење за државата и клучен за трансевропската транспортна мрежа на Западен Балкан вклучително и за Република  Македонија.

Во одбрана на предложените измени на Законот за работни односи, Хусеин негираше дека работната недела ќе биде 72, туку 60 часа, и само со писмена согласност од работникот и заради континуитет во реализацијата на проектот. Додаде дека прекувремената работа веќе постои во градежништвото и, како што рече, „дебело“ ќе му се плати на работникот.

Нема да се дозволи експлоатација и нарушено работничко право на ниту еден работник. Невистина и манипулација е дека ќе имаат над 60 часа неделно… Секој прекувремен час ќе се исплаќа 35 отсто. Секој работник ќе потпише изјава дали сака да работи прекувремено и, ако не сака, не може да биде присилен - рече Хусеин.

Посочи и дека работата на делниците ќе зависи и од временските услови и од потребите за одредена траса, така што ќе има и денови кога нема да се работи и не секогаш работната недела ќе биде 60 часа.

Љупчо Пренџов од ВМРО-ДПМНЕ рече дека со тоа што одобрува зголемено работно време во неделата од 40 на 60 часа, власта не се грижи за правата на работникот и дека СДСМ е псевдосоцијалдемократија и ги крши европските вредности и покрај европскиот наратив.

Евроамбасадорот Дејвид Гир пред два дена и портпаролот на официјален Брисел, Петар Стано, утрово рекоа дека ова што го правите нема врска со евроинтеграциите - рече Пренџов и додаде дека по овој предлог од Владата за прекувремена работа, и од други фирми се најавуваат 60 часа работно време во неделата.

На колегите членови на оваа собраниска комисија тој им порача дека „не е нормално да се гласа нешто што не го виделе“ и побара договорот со „Бехтел и Енка“ да го добијат и две до три недели да го разгледаат.

Мартин Костовски од СДСМ му реплицираше дека со тоа што го спомнува и се повикува на ЕУ покажува антагонизам во ставовите бидејќи ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, негирала сѐ што кажува официјален Брисел, како на пример дека се отпочнати преговори со ЕУ и дека е заштитен македонскиот јазик со договорот Фронтекс.

Седницата на собраниската Комисија за европски прашања ќе продолжи в понеделник во 11 часот.

The post Одбиени амандмани на ВМРО-ДПМНЕ за предложените измени на Законот за работни односи appeared first on Република.

]]>

Непочитување на Уставот и законите и кршење на конвенциите за човекови права и европските директиви за работно време и на цивилизациската придобивка од осум часа работа на ден. Се предлагаат измени со кои максимално ќе се искористуваат работниците. Наместо ветениот живот за сите, правите робови од сите и нѐ враќате во робовладетелско општество, реагираа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во попладневниот дел од седницата на собраниската Комисија за европски прашања. На седницата беа одбиени амандмани од опозициската партија на Предлог-законот за измени на Законот за работни односи – прв од петте закони во кои треба да се интервенира согласно договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на делници од коридорите 8 и 10д. Бране Петрушевски рече дека во Предлог-законот не е наведена горна граница за прекувременото работно време за изградба на автопатиштата. Смета дека со тоа што во Предлогот пишува дека работниците ќе имаат 12 часа одмор на ден и 24 часа непрекинат одмор во денот недела, значи дека ќе може да работат и по 12 часа на ден или, за шесте работни дена, вкупно 72 часа во една седмица.
Дали е нормално да се работи 72 часа и тоа на тешки градежни активности. Тоа не постои во ниедна држава во светот, дури ни во Африка. Ја кршите Директивата 88 на Европската комисија од 2003 година во која, во член 6, експлицитно стои дека работното време, вклучувајќи и прекувремена работа, може да изнесува 48 часа неделно. Ако сакаме да влеземе во Европската Унија, така треба да биде и во Република Македонија. Парадокс е што во Комисија за европски прашања кршиме европска директива. Ова ќе биде сериозна забелешка во следниот извештај на Европската комисија - истакна Петрушевски.
Спорно за него е и тоа што се предлага министерот за труд и социјална политика да има дискрециско право за „начинот и местото на исплата на плати“ и, рече, посебно го загрижува „местото на исплата“ зашто може да значи сериозна даночна евазија.
Местото е сериозен момент зашто има можност на име на надоместоци на плата и давачки да се изнесе огромен дел од парите и ќе се даночат во друга држава - рече Петрушевски.
Заменик-министерот за труд и социјална политика Енвер Хусеин на седницата изјави дека не го видел Договорот со „Бехтел и Енка“, но дека се работи за проект од интерес на граѓаните, од национално и стратешко значење за државата и клучен за трансевропската транспортна мрежа на Западен Балкан вклучително и за Република  Македонија. Во одбрана на предложените измени на Законот за работни односи, Хусеин негираше дека работната недела ќе биде 72, туку 60 часа, и само со писмена согласност од работникот и заради континуитет во реализацијата на проектот. Додаде дека прекувремената работа веќе постои во градежништвото и, како што рече, „дебело“ ќе му се плати на работникот.
Нема да се дозволи експлоатација и нарушено работничко право на ниту еден работник. Невистина и манипулација е дека ќе имаат над 60 часа неделно… Секој прекувремен час ќе се исплаќа 35 отсто. Секој работник ќе потпише изјава дали сака да работи прекувремено и, ако не сака, не може да биде присилен - рече Хусеин.
Посочи и дека работата на делниците ќе зависи и од временските услови и од потребите за одредена траса, така што ќе има и денови кога нема да се работи и не секогаш работната недела ќе биде 60 часа. Љупчо Пренџов од ВМРО-ДПМНЕ рече дека со тоа што одобрува зголемено работно време во неделата од 40 на 60 часа, власта не се грижи за правата на работникот и дека СДСМ е псевдосоцијалдемократија и ги крши европските вредности и покрај европскиот наратив. Евроамбасадорот Дејвид Гир пред два дена и портпаролот на официјален Брисел, Петар Стано, утрово рекоа дека ова што го правите нема врска со евроинтеграциите - рече Пренџов и додаде дека по овој предлог од Владата за прекувремена работа, и од други фирми се најавуваат 60 часа работно време во неделата. На колегите членови на оваа собраниска комисија тој им порача дека „не е нормално да се гласа нешто што не го виделе“ и побара договорот со „Бехтел и Енка“ да го добијат и две до три недели да го разгледаат. Мартин Костовски од СДСМ му реплицираше дека со тоа што го спомнува и се повикува на ЕУ покажува антагонизам во ставовите бидејќи ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, негирала сѐ што кажува официјален Брисел, како на пример дека се отпочнати преговори со ЕУ и дека е заштитен македонскиот јазик со договорот Фронтекс. Седницата на собраниската Комисија за европски прашања ќе продолжи в понеделник во 11 часот.

The post Одбиени амандмани на ВМРО-ДПМНЕ за предложените измени на Законот за работни односи appeared first on Република.

]]>
Одбиени уште 26 амандмани на Предлог-буџетот за 2023 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/odbieni-ushte-26-amandmani-na-predlog-budzetot-za-2023-godina/ Fri, 09 Dec 2022 14:20:07 +0000 https://republika.mk/?p=583750

Собраниската Комисија за финансирање и буџет во рамките на денешната амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2023 година разгледа вкупно 26 амандмани од кои два беа повлечени од предлагачите, а 24 не беа усвоени. Најголем дел од амандманите се однесуваа на изградба и реконструкција на локални патишта.

Комисијата меѓу другите со пет гласа „за“ и „шест“ против не го прифати амандманот поднесен од пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ со кој се бараа 22 милиони денари за изградба на пречистителна станица заради која, како што кажа во образложението, не е можно приклучување на канализациската мрежа која е изградена во 2016 година во населеното место Чифлик, општина Чешиново Облешево. Со три гласа „за“ и седум „против“ беше одбиен и амандманот поднесен од пратеникот Ненад Коциќ од СДСМ за обезбедување средства за трансфер на средства за здруженија на граѓани, училишта и научни институции за проекти од областа на животната средина. Како што истакна заменик-министерот за финансии Филип Николоски двата амандмани не се прифатливи, бидејќи за средства за таа намена може да се аплицира преку Министерството за животна средина и просторно планирање.

Комисијата во моментов е на редовна едночасовна пауза по која треба да продолжи расправата на шестиот од вкупно предвидените седум дена за амандманска расправа за Предлог-буџетот по што тој треба да се најде на пленарна седница. Вкупно се поднесени 263 амандмани од кои 199 се од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во Предлог-буџетот за следната година растот е проектиран на 2,9 отсто, а инфлацијата на 7,1 отсто. Вкупните приходи се планирани на ниво од 282 милијарди денари и се повисоки за 14,8 проценти во однос на 2022 година, а расходите на ниво од 324,8 милијарди денари или се за 12,6 проценти повисоки во однос на 2022 година. Буџетскиот дефицит е на ниво од 4,6 проценти од планираниот БДП. За капитални расходи, пак, се планирани 48,9 милијарди денари или за околу 52,3 отсто повеќе во однос на планот за 2022 година.

The post Одбиени уште 26 амандмани на Предлог-буџетот за 2023 година appeared first on Република.

]]>

Собраниската Комисија за финансирање и буџет во рамките на денешната амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2023 година разгледа вкупно 26 амандмани од кои два беа повлечени од предлагачите, а 24 не беа усвоени. Најголем дел од амандманите се однесуваа на изградба и реконструкција на локални патишта. Комисијата меѓу другите со пет гласа „за“ и „шест“ против не го прифати амандманот поднесен од пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ со кој се бараа 22 милиони денари за изградба на пречистителна станица заради која, како што кажа во образложението, не е можно приклучување на канализациската мрежа која е изградена во 2016 година во населеното место Чифлик, општина Чешиново Облешево. Со три гласа „за“ и седум „против“ беше одбиен и амандманот поднесен од пратеникот Ненад Коциќ од СДСМ за обезбедување средства за трансфер на средства за здруженија на граѓани, училишта и научни институции за проекти од областа на животната средина. Како што истакна заменик-министерот за финансии Филип Николоски двата амандмани не се прифатливи, бидејќи за средства за таа намена може да се аплицира преку Министерството за животна средина и просторно планирање. Комисијата во моментов е на редовна едночасовна пауза по која треба да продолжи расправата на шестиот од вкупно предвидените седум дена за амандманска расправа за Предлог-буџетот по што тој треба да се најде на пленарна седница. Вкупно се поднесени 263 амандмани од кои 199 се од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Во Предлог-буџетот за следната година растот е проектиран на 2,9 отсто, а инфлацијата на 7,1 отсто. Вкупните приходи се планирани на ниво од 282 милијарди денари и се повисоки за 14,8 проценти во однос на 2022 година, а расходите на ниво од 324,8 милијарди денари или се за 12,6 проценти повисоки во однос на 2022 година. Буџетскиот дефицит е на ниво од 4,6 проценти од планираниот БДП. За капитални расходи, пак, се планирани 48,9 милијарди денари или за околу 52,3 отсто повеќе во однос на планот за 2022 година.  

The post Одбиени уште 26 амандмани на Предлог-буџетот за 2023 година appeared first on Република.

]]>
Стојаноски: Барањата на граѓанските организации, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги преточи во 200 амандмани за расправа на Буџетот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stojanoski-baranjata-na-gragjanskite-organizacii-pratenichkata-grupa-na-vmro-dpmne-gi-pretochi-vo-200-amandmani-za-rasprava-na-budzetot/ Tue, 22 Nov 2022 10:51:33 +0000 https://republika.mk/?p=576869

Вчера до 16 часот заврши рокот за поднесување на амандмани, се поднесоа 263 амандмани на број од сите политички партии. Интересот е особено голем, и очекувам да биде особено плодна расправата бидејќи доста од пратениците се заинтересирани да учествуваат во истата. Најмногу интерес за расправа има ВМРО-ДПМНЕ со над 200-тини амандмани“, истакна пратеникот Бојан Стојаноски на „Утрински печат“.

Стојаноски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ оваа година има повеќе амандмани затоа што во моментов економската ситуација е од повеќе загрижувачка. А, и се направи доста инклузивен процес во кој што пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги вклучи и граѓанските организации, организациите на работодавачите, синдикати, организациите на средношколците и студентите. Тоа што го побараа овие граѓански организации тоа пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го преточи во амандмани.

Финансиски амандманите тежат не повеќе од онаа рамка која што ја предвиде како капитални инвестиции да се реализираат кои што досега не се реализираа. Од прилика можеме еве да кажеме ако ги редефинираме средствата кои што се на таа ставка може да се исполнат сите амандмани на ВМРО-ДПМНЕ и од другите партии кои што се поднесени. Ние како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ сме фокусирани најмногу на амандманите кои што ги побараа синдикатите конкретно за зголемување на сумата на средства која што може да се одвои за плати, која што потоа при дијалог со економско социјалниот совет синдикатите со Владата би се договориле каде би завршиле тие средства. Имаме и амандмани од аспект на енергетиката, од аспект на здравството. Имаме доста амандмани кои што требаат како локални проекти, но кои што треба Владата особено да ги помогне, тука сакаме да ја засилиме соработката помеѓу Владата и општините. И секако доминираат заради тоа што се најактуелни амандманите за образованието, особено за барањата на студентите, заклучи пратеникот Стојаноски.

Пратеникот посочи дека ако се види програмата на Владата, таму има доста проекти кои што треба да се направат на општините каде што ги управува градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ. Но, ако сака да се мотивираат повеќе, да не се гледа од аспект на политика, туку да се направи одредена меѓусебна кохезија со цел тие проекти да продолжат да се реализираат.

Јас лично сметам дека Владата не треба да се одмаздува на граѓаните заради тоа што им испорачале убедлив пораз на еден начин, рече тој.

„Стоки и услуги имаме два проценти повеќе отколку претходната година, испланирано средства. Нема потреба. Ние имаме за одредени институции покачување на плати, а каде што знаеме дека имаат одвишок кадри или земаат повеќе плати. Таквите ставки ги реорганизираме и те како има средства во овој Буџет за реализација на сите проекти“, нагласи Стојаноски.

Тој рече дека Законот на буџети е светол пример како може да се работи на еден закон за да го положи тестот на времето и да останат фискални правила кои што ќе се почитуваат од било која Влада. исто така се донесе и Закон кој што ги контролира и финансиите и во општините и во централната власт заради тоа што е насушно потребно да има фискални правила. И со тој закон се предвидува буџетскиот дефицитот да не биде над 3%. Но, со предлог Буџетот на Владата дефицитот стасува и до 4.6%, што укажува дека Владата нема намера да го почитува законот. И поради тоа Стојаноски ги повика меѓународните партнери кои што особено беа вклучени во носење на овој закон, да поразговараат посериозно со Владата затоа што нема поента да се носат закони кои што и самата Влада не ги почитува.

The post Стојаноски: Барањата на граѓанските организации, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги преточи во 200 амандмани за расправа на Буџетот appeared first on Република.

]]>

Вчера до 16 часот заврши рокот за поднесување на амандмани, се поднесоа 263 амандмани на број од сите политички партии. Интересот е особено голем, и очекувам да биде особено плодна расправата бидејќи доста од пратениците се заинтересирани да учествуваат во истата. Најмногу интерес за расправа има ВМРО-ДПМНЕ со над 200-тини амандмани“, истакна пратеникот Бојан Стојаноски на „Утрински печат“. Стојаноски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ оваа година има повеќе амандмани затоа што во моментов економската ситуација е од повеќе загрижувачка. А, и се направи доста инклузивен процес во кој што пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги вклучи и граѓанските организации, организациите на работодавачите, синдикати, организациите на средношколците и студентите. Тоа што го побараа овие граѓански организации тоа пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го преточи во амандмани.
Финансиски амандманите тежат не повеќе од онаа рамка која што ја предвиде како капитални инвестиции да се реализираат кои што досега не се реализираа. Од прилика можеме еве да кажеме ако ги редефинираме средствата кои што се на таа ставка може да се исполнат сите амандмани на ВМРО-ДПМНЕ и од другите партии кои што се поднесени. Ние како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ сме фокусирани најмногу на амандманите кои што ги побараа синдикатите конкретно за зголемување на сумата на средства која што може да се одвои за плати, која што потоа при дијалог со економско социјалниот совет синдикатите со Владата би се договориле каде би завршиле тие средства. Имаме и амандмани од аспект на енергетиката, од аспект на здравството. Имаме доста амандмани кои што требаат како локални проекти, но кои што треба Владата особено да ги помогне, тука сакаме да ја засилиме соработката помеѓу Владата и општините. И секако доминираат заради тоа што се најактуелни амандманите за образованието, особено за барањата на студентите, заклучи пратеникот Стојаноски.
Пратеникот посочи дека ако се види програмата на Владата, таму има доста проекти кои што треба да се направат на општините каде што ги управува градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ. Но, ако сака да се мотивираат повеќе, да не се гледа од аспект на политика, туку да се направи одредена меѓусебна кохезија со цел тие проекти да продолжат да се реализираат.
Јас лично сметам дека Владата не треба да се одмаздува на граѓаните заради тоа што им испорачале убедлив пораз на еден начин, рече тој.
„Стоки и услуги имаме два проценти повеќе отколку претходната година, испланирано средства. Нема потреба. Ние имаме за одредени институции покачување на плати, а каде што знаеме дека имаат одвишок кадри или земаат повеќе плати. Таквите ставки ги реорганизираме и те како има средства во овој Буџет за реализација на сите проекти“, нагласи Стојаноски. Тој рече дека Законот на буџети е светол пример како може да се работи на еден закон за да го положи тестот на времето и да останат фискални правила кои што ќе се почитуваат од било која Влада. исто така се донесе и Закон кој што ги контролира и финансиите и во општините и во централната власт заради тоа што е насушно потребно да има фискални правила. И со тој закон се предвидува буџетскиот дефицитот да не биде над 3%. Но, со предлог Буџетот на Владата дефицитот стасува и до 4.6%, што укажува дека Владата нема намера да го почитува законот. И поради тоа Стојаноски ги повика меѓународните партнери кои што особено беа вклучени во носење на овој закон, да поразговараат посериозно со Владата затоа што нема поента да се носат закони кои што и самата Влада не ги почитува.

The post Стојаноски: Барањата на граѓанските организации, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги преточи во 200 амандмани за расправа на Буџетот appeared first on Република.

]]>
Андоновска: Со прифаќањето на амандманот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за субвенции за енергетска сиромаштија, ќе помогнеме на социјално ранливите категории https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/andonovska-so-prifakjanjeto-na-amandmanot-na-vmro-dpmne-i-koalicijata-za-subvencii-za-energetska-siromashtija-kje-pomogneme-na-socijalno-ranlivite-kategorii/ Mon, 14 Nov 2022 13:44:17 +0000 https://republika.mk/?p=573685

Марија Андоновска, советничка од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на град Скопје на денешната седница предложи амандман за субвенционирање на енергетската сиромаштија и со тоа ќе се помогне на социјално ранливите категории на граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата замолува до Советот да го прифати предлог за доделување на еднократна парична помош за субвенционирање на дел од потрошената електрична енергија за социјално ранливи категории на граѓани. Што значи ова? Бидејќи живееме во време на економска, финансиска, енергетска криза тргнувајќи од многу скопски општини каде што изнајдоа начин да издвојат дел од своите средства можеби не толку големи, но изнајдоа начини во овие тешки времиња да помогнат на социјално ранливите категории, тука спаѓаат социјално загрозени семејства ученици, студенти од социјално загрозени семејства, самохрани родители, деца без родители, пензионери со ниски примања и ние имаме еден амандман кој што издвојуваме средства до крајот на 2022 година кој што им излегле во пресрет на сите овие категории. Секако ние планираме и со буџет да поднесеме повторно доколку тоа не е предвидено како и сега, да поднесеме повторно барање барем до април месец следната година да добијат овие категории одредени средства како субвенција од градот Скопје. Оваа одлука која што ние ја предлагаме е доколку помине амандманот кој што го имаме предложено во ребалансот. Но барањето ми е да дозволи Советот да се постави оваа точка на дневен ред и со самото тоа ќе дадете значителен придонес за социјално ранливите категории, на ученици, студенти, семејства, пензионери, деца без родители - рече Андоновска.

Овој предлог кој што го посочи советничката Андоновска беше прифатен од страна на градот Скопје и целиот совет.

Благодарност и до градоначалникот и до целиот совет, мислам дека овој амандман без разлика кој го поднесува денеска веста ќе биде градот Скопје, градоначалникот и Советот на градот Скопје излегле во пресрет на социјално загрозените категории. Јас благодарам во име на целата советничка група - порача Андоновска.

The post Андоновска: Со прифаќањето на амандманот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за субвенции за енергетска сиромаштија, ќе помогнеме на социјално ранливите категории appeared first on Република.

Стојаноски: Мерките за помош на граѓаните се понижувачки, ќе поднесеме амандмани со цел мерките поинаку да бидат дизајнирани https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/stojanoski-merkite-za-pomosh-na-gragjanite-se-ponizuvachki-kje-podneseme-amandmani-so-cel-merkite-poinaku-da-bidat-dizajnirani/ Tue, 18 Oct 2022 19:54:45 +0000 https://republika.mk/?p=562720

Самата сума која треба да им помогне на граѓаните е понижувачка, затоа ние сметаме дека со домаќински добро искреирани мерки оваа сума треба да биде многу поголема заради тоа што е несериозно да му кажете некому дека ќе му дадете 3,000 денари или 750 денари во услови кога има 19% инфлација и кога цените безмалку на храна и потрошувачката кошничка е 50,000 илјади денари, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во вечерашното гостување во дебатната емисија „Објектив“ на Македонската телевизија.

Затоа ние сметаме дека мерки треба да има, кон граѓаните, ранливите групи и кон стопанството, но треба да бидат повеќе и малку пошироко поставени. Конкретно не знам од каде е логиката само до 14,000 денари пензионери кои земаат пензија кога во државата има пензионери кои имаат малку поголеми примања кои исто така се на работ на егзистенција, рече Стојаноски.

Стојаноски посочи дека овие мерки за помош на граѓаните ќе се поддржат, но ќе има сериозни амандмани на собраниските комисии заради тоа што сметаме дека пари има и дека мерките треба поинаку да бидат дизајнирани за да достигнат до што поголема група на луѓе и граѓани.

Се она што е во интерес на граѓаните ќе го поддржиме затоа што сметаме дека секој еден денар наместо во централниот буџет да биде искористен за тендер или јавни набавки тој треба да заврши кај граѓаните и ќе го поддржиме тоа. Но од друга страна е многу понижувачки на некому да му речете ќе му дадете 3,000 денари или 750 денари месечно а при тоа имате буџет од 4,4 милијарди евра, тоа не е во ред“, потенцираше Стојаноски.

The post Стојаноски: Мерките за помош на граѓаните се понижувачки, ќе поднесеме амандмани со цел мерките поинаку да бидат дизајнирани appeared first on Република.