алжир Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/alzir/ За подобро да се разбереме Sun, 08 Sep 2024 19:33:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png алжир Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/alzir/ 32 32 Алжир: Првичните резултати покажуваат дека Тебун го добива вториот претседателски мандат https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/alzhir-prvichnite-rezultati-pokazhuvaat-deka-tebun-go-dobiva-vtoriot-pretsedatelski-mandat/ Sun, 08 Sep 2024 19:33:20 +0000 https://republika.mk/?p=814492

Актуелниот претседател на Алжир Абделмаџид Тебун постигна јасна победа на претседателските избори во северноафриканската земја и обезбеди втор петгодишен мандат на функцијата, покажаа прелиминарните резултати објавени вечерва.

Изборите се одржаа вчера, а противкандидати на Тебун беа исламистот Хасани Шариф Абдел Аали и Јусеф Аучиче од Фронтот на социјалистичките сили.

Тебун, кој ја презеде функцијата кон крајот на 2019 година, доби 94,6 отсто од гласовите, додека Абдел Аали и Аучиче собраа нешто повеќе од три отсто, односно два отсто, рече шефот на изборната комисија Мохамед Чарфи на прес-конференција.

Околу 48,03 отсто од гласачите со право на глас го дадоа својот глас, соопшти комисијата. Право на глас имаа најмалку 24 милиони Алжирци.

Излезноста се сметаше за главен предизвик на изборите, пренесе ДПА.

Гласањето беше продолжено за еден час за да се охрабрат повеќе луѓе да се појават на гласачките места.

На изборите во 2019 година на кои победи Тебун, гласаа скоро 40 проценти од гласачите со право на глас.

Привремените резултати сега ќе бидат испратени до Уставниот суд на Алжир, кој е одговорен за нивно испитување и сослушување на потенцијалните жалби пред да го објави конечниот официјален резултат. Процесот може да потрае до три недели.

The post Алжир: Првичните резултати покажуваат дека Тебун го добива вториот претседателски мандат appeared first on Република.

]]>

Актуелниот претседател на Алжир Абделмаџид Тебун постигна јасна победа на претседателските избори во северноафриканската земја и обезбеди втор петгодишен мандат на функцијата, покажаа прелиминарните резултати објавени вечерва. Изборите се одржаа вчера, а противкандидати на Тебун беа исламистот Хасани Шариф Абдел Аали и Јусеф Аучиче од Фронтот на социјалистичките сили. Тебун, кој ја презеде функцијата кон крајот на 2019 година, доби 94,6 отсто од гласовите, додека Абдел Аали и Аучиче собраа нешто повеќе од три отсто, односно два отсто, рече шефот на изборната комисија Мохамед Чарфи на прес-конференција. Околу 48,03 отсто од гласачите со право на глас го дадоа својот глас, соопшти комисијата. Право на глас имаа најмалку 24 милиони Алжирци. Излезноста се сметаше за главен предизвик на изборите, пренесе ДПА. Гласањето беше продолжено за еден час за да се охрабрат повеќе луѓе да се појават на гласачките места. На изборите во 2019 година на кои победи Тебун, гласаа скоро 40 проценти од гласачите со право на глас. Привремените резултати сега ќе бидат испратени до Уставниот суд на Алжир, кој е одговорен за нивно испитување и сослушување на потенцијалните жалби пред да го објави конечниот официјален резултат. Процесот може да потрае до три недели.

The post Алжир: Првичните резултати покажуваат дека Тебун го добива вториот претседателски мандат appeared first on Република.

]]>
Алжир влегува во војна против Израел!? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/alzhir-vleguva-vo-vojna-protiv-izrael/ Fri, 03 Nov 2023 12:30:58 +0000 https://republika.mk/?p=697791

Алжир би можел да му објави војна на Израел oткако парламентот на земјата му даде право на претседателот Абделмаџид Тебун да започне воени операции против еврејската држава. Ова го објави арапската новинска агенција Ал Баваба.

Пратениците во алжирскиот парламент одлучија да му дадат право на претседателот на земјата да му објави војна на Израел. Гласањето беше одржано еден ден претходно, а одлуката беше донесена едногласно како одговор на масовното убивање на Палестинците од страна на израелската армија во Појасот Газа. Сега Абделмаџид Тебуне може да му објави војна на Израел и тоа не е исклучено. Се очекува алжирскиот лидер да и се обрати на нацијата денеска.

The post Алжир влегува во војна против Израел!? appeared first on Република.

]]>

Алжир би можел да му објави војна на Израел oткако парламентот на земјата му даде право на претседателот Абделмаџид Тебун да започне воени операции против еврејската држава. Ова го објави арапската новинска агенција Ал Баваба. Пратениците во алжирскиот парламент одлучија да му дадат право на претседателот на земјата да му објави војна на Израел. Гласањето беше одржано еден ден претходно, а одлуката беше донесена едногласно како одговор на масовното убивање на Палестинците од страна на израелската армија во Појасот Газа. Сега Абделмаџид Тебуне може да му објави војна на Израел и тоа не е исклучено. Се очекува алжирскиот лидер да и се обрати на нацијата денеска.

The post Алжир влегува во војна против Израел!? appeared first on Република.

]]>
Во Алжир 38 лица осудени на смрт поради линч на човек за кој мислеле дека е пироман https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-alzhir-38-litsa-osudeni-na-smrt-poradi-linch-na-chovek-za-koj-mislele-deka-e-piroman/ Mon, 23 Oct 2023 20:16:57 +0000 https://republika.mk/?p=694331

Апелациониот суд во Алжир денеска осуди 38 лица на смрт поради линчување на човек за кој верувале дека бил пироман, откако помогнал во гаснењето на смртоносните пожари во 2021 година, објавија локалните медиуми.

Тие казни ќе бидат променети во доживотен затвор бидејќи мораториумот на примената на смртната казна е во сила од 1993 година.

Линчот, кој се случи во летото 2021 година во северозападен Алжир, предизвика бран на бес низ целата земја.

Од 94 лица на кои им се судеше во овој случај, покрај 38 смртни казни, судот ослободи 27 лица, а останатите ги осуди на казни од три до 20 години затвор.

За помалку од една недела во август 2021 година, пожарите убија најмалку 90 луѓе во Алжир и опустошија илјадници хектари.

Откако слушнал дека тој е осомничен дека го подметнал пожарот бидејќи не бил дел од локалното население, сликарот Џамел Бенсмаил се предал во локалната полициска станица за да објасни дека е само доброволец, кој дошол за да помогне во гаснењето пожари. Но, се насобрала толпа околу полициската станица на главниот плоштад во градот, го извлекле од полициското возило и го нападнале. На 38-годишна возраст, тој беше убиен откако беше жив запален од толпата, а некои правеле и селфи. Три жени и еден маж го избоделе со нож пред да го запалат, а маж му го избодел лешот откако умрел.

The post Во Алжир 38 лица осудени на смрт поради линч на човек за кој мислеле дека е пироман appeared first on Република.

]]>

Апелациониот суд во Алжир денеска осуди 38 лица на смрт поради линчување на човек за кој верувале дека бил пироман, откако помогнал во гаснењето на смртоносните пожари во 2021 година, објавија локалните медиуми. Тие казни ќе бидат променети во доживотен затвор бидејќи мораториумот на примената на смртната казна е во сила од 1993 година. Линчот, кој се случи во летото 2021 година во северозападен Алжир, предизвика бран на бес низ целата земја. Од 94 лица на кои им се судеше во овој случај, покрај 38 смртни казни, судот ослободи 27 лица, а останатите ги осуди на казни од три до 20 години затвор. За помалку од една недела во август 2021 година, пожарите убија најмалку 90 луѓе во Алжир и опустошија илјадници хектари. Откако слушнал дека тој е осомничен дека го подметнал пожарот бидејќи не бил дел од локалното население, сликарот Џамел Бенсмаил се предал во локалната полициска станица за да објасни дека е само доброволец, кој дошол за да помогне во гаснењето пожари. Но, се насобрала толпа околу полициската станица на главниот плоштад во градот, го извлекле од полициското возило и го нападнале. На 38-годишна возраст, тој беше убиен откако беше жив запален од толпата, а некои правеле и селфи. Три жени и еден маж го избоделе со нож пред да го запалат, а маж му го избодел лешот откако умрел.

The post Во Алжир 38 лица осудени на смрт поради линч на човек за кој мислеле дека е пироман appeared first on Република.

]]>
Крајбежната стража уби двајца туристи на скутер на вода во Алжир https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/krajbezhnata-strazha-ubi-dvajtsa-turisti-na-skuter-na-voda-vo-alzhir/ Fri, 01 Sep 2023 07:38:55 +0000 https://republika.mk/?p=677765

Крајбрежната стража на Алжир убила двајца туристи во Мароко кои залутале во водите на Алжир со нивните скутери на вода.

Тие биле меѓу четворица француско-марокански двојни државјани кои тргнале со скутери на вода од мароканското одморалиште Саидиа.

Третиот член на групата бил уапсен од крајбрежната стража која патролира на затворената граница меѓу двете земји. Само еден од туристите успеал да се врати во Мароко по што изјавил дека групата се изгубила и останале без гориво.

Пукањето предизвика незадоволство во Мароко, откако рибар објави видео од безживотно тело кое плута во морето.

Границата меѓу Алжир и Мароко беше затворена во 1994 година, а Алжир ги прекина врските пред две години.

The post Крајбежната стража уби двајца туристи на скутер на вода во Алжир appeared first on Република.

]]>

Крајбрежната стража на Алжир убила двајца туристи во Мароко кои залутале во водите на Алжир со нивните скутери на вода. Тие биле меѓу четворица француско-марокански двојни државјани кои тргнале со скутери на вода од мароканското одморалиште Саидиа. Третиот член на групата бил уапсен од крајбрежната стража која патролира на затворената граница меѓу двете земји. Само еден од туристите успеал да се врати во Мароко по што изјавил дека групата се изгубила и останале без гориво. Пукањето предизвика незадоволство во Мароко, откако рибар објави видео од безживотно тело кое плута во морето. Границата меѓу Алжир и Мароко беше затворена во 1994 година, а Алжир ги прекина врските пред две години.

The post Крајбежната стража уби двајца туристи на скутер на вода во Алжир appeared first on Република.

]]>
Снег во пустината во Алжир https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sneg-vo-pustinata-vo-alzhir/ Wed, 25 Jan 2023 07:50:21 +0000 https://republika.mk/?p=600687

Снег падна во пустинските области во југозападниот дел на Алжир.

По два сушни месеци во регионот Башар, студен бран донесе снежна покривка, прва во последните 11 години, јавија локалните медиуми.

Поради снегот затворени се и неколку локални патишта.

Во Алжир, климатските аномалии зачестија во последната деценија. Во градот Аин Сефра паѓаше снег во 1979, 2016, 2017, 2018, 2021 и 2022 година.

The post Снег во пустината во Алжир appeared first on Република.

]]>

Снег падна во пустинските области во југозападниот дел на Алжир. По два сушни месеци во регионот Башар, студен бран донесе снежна покривка, прва во последните 11 години, јавија локалните медиуми. Поради снегот затворени се и неколку локални патишта. Во Алжир, климатските аномалии зачестија во последната деценија. Во градот Аин Сефра паѓаше снег во 1979, 2016, 2017, 2018, 2021 и 2022 година.

The post Снег во пустината во Алжир appeared first on Република.

]]>
Алжир сака да се придружи во БРИКС https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/alzir-saka-da-se-pridruzi-vo-briks/ Mon, 01 Aug 2022 06:22:31 +0000 https://republika.mk/?p=535495

Претседателот на Алжир, Абделмаџид Тебуне, порача дека неговата земја е заинтересирана да се приклучи на групата БРИКС.

Во телевизиско интервју, Тебуне нагласи дека Алжир најмногу ги исполнува условите за приклучување кон групата.

Групата земји БРИКС ја сочинуваат Кина, Русија, Бразил, Индија и Јужна Африка.

https://republika.mk/vesti/svet/si-zemjite-od-briks-mu-donesat-na-svetot-pozitivna-stabilizirachka-i-konstruktivna-sila/

The post Алжир сака да се придружи во БРИКС appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Алжир, Абделмаџид Тебуне, порача дека неговата земја е заинтересирана да се приклучи на групата БРИКС. Во телевизиско интервју, Тебуне нагласи дека Алжир најмногу ги исполнува условите за приклучување кон групата. Групата земји БРИКС ја сочинуваат Кина, Русија, Бразил, Индија и Јужна Африка. https://republika.mk/vesti/svet/si-zemjite-od-briks-mu-donesat-na-svetot-pozitivna-stabilizirachka-i-konstruktivna-sila/

The post Алжир сака да се придружи во БРИКС appeared first on Република.

]]>
По 20 години притвор затвореник од Гвантанамо вратен во Алжир, со неговото заминување во логорот остануваат 37 луѓе https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/po-20-godini-pritvor-zatvorenik-od-gvantanamo-vraten-vo-alzir-so-negovoto-zaminuvanje-vo-logorot-ostanuvaat-37-lugje/ Sun, 03 Apr 2022 15:54:55 +0000 https://republika.mk/?p=482663

Затвореникот од Гвантанамо, Суфјан Бархуми, е вратен во Алжир, откако помина речиси 20 години во воениот притворен центар, соопштија американските власти.

Бархуми беше заробен во безбедна куќа во Пакистан со еден од највисоките членови на Ал Каеда во 2002 година и обвинет за учество во планирањето на нападите во САД.

Министерството за одбрана на САД соопшти дека повеќе не се смета дека е неопходно тој да биде држен во американски притвор. Во соопштението се додава дека Алжир дал гаранции оти  Бархуми ќе добие хуман третман.

Во соопштението, Министерството додава дека американските власти му препорачале на Бархуми да се врати во својата родна земја.

САД ја ценат подготвеноста на Алжир и другите партнери да ги поддржат тековните напори на САД кон темелен процес насочен кон одговорно намалување на популацијата на затворениците и конечно затворање на објектот Гвантанамо - се вели во соопштението

Алжир јавно не излезе со коментар по ова прашање.

Со заминувањето на Бархуми, во Гвантанамо остануваат 37 затвореници - вклучително и 18 кои исполнуваат услови за трансфер.

Од 2002 година, објектот за притвор лоциран во југоисточна Куба се користи за да се чуваат, како што тврдат САД, луѓе заробени за време на американската војна против тероризмот.

The post По 20 години притвор затвореник од Гвантанамо вратен во Алжир, со неговото заминување во логорот остануваат 37 луѓе appeared first on Република.

]]>

Затвореникот од Гвантанамо, Суфјан Бархуми, е вратен во Алжир, откако помина речиси 20 години во воениот притворен центар, соопштија американските власти. Бархуми беше заробен во безбедна куќа во Пакистан со еден од највисоките членови на Ал Каеда во 2002 година и обвинет за учество во планирањето на нападите во САД. Министерството за одбрана на САД соопшти дека повеќе не се смета дека е неопходно тој да биде држен во американски притвор. Во соопштението се додава дека Алжир дал гаранции оти  Бархуми ќе добие хуман третман. Во соопштението, Министерството додава дека американските власти му препорачале на Бархуми да се врати во својата родна земја.
САД ја ценат подготвеноста на Алжир и другите партнери да ги поддржат тековните напори на САД кон темелен процес насочен кон одговорно намалување на популацијата на затворениците и конечно затворање на објектот Гвантанамо - се вели во соопштението
Алжир јавно не излезе со коментар по ова прашање. Со заминувањето на Бархуми, во Гвантанамо остануваат 37 затвореници - вклучително и 18 кои исполнуваат услови за трансфер. Од 2002 година, објектот за притвор лоциран во југоисточна Куба се користи за да се чуваат, како што тврдат САД, луѓе заробени за време на американската војна против тероризмот.

The post По 20 години притвор затвореник од Гвантанамо вратен во Алжир, со неговото заминување во логорот остануваат 37 луѓе appeared first on Република.

]]>