Aлтернатива за Германија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/alternativa-za-germanija/ За подобро да се разбереме Mon, 03 Jul 2023 06:01:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Aлтернатива за Германија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/alternativa-za-germanija/ 32 32 Десничарската партија „Алтернатива за Германија“доби градоначалник https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/desnicharskata-partija-alternativa-za-germanija-dobi-gradonachalnik/ Mon, 03 Jul 2023 06:12:09 +0000 https://republika.mk/?p=657542

Екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) за првпат победи на изборите за градоначалник во источната германска покраина Саксонија-Анхалт и тоа е нејзина втора изборна победа во една недела..

АфД на Твитер објави дека го има првиот избран германски градоначалник од АфД. Претходно, АфД имаше градоначалник во Бурладинген во јужната покраина Баден-Виртемберг до 2020 година, но тој во АфД премина по изборите.

Во вториот круг од изборите во сојузната покраина Саксонија-Анхалт, вчера, претставникот на АфД во покраинскиот Парламент, Ханес Лот, го победи независниот кандидат Нилс Науман и стана градоначалник на градот Рагун-Јешниц.

Лот(42)  доби 51,13 отсто од гласовите, објави градот на својата Фејсбук страница. Според прелиминарните изборни резултати, 31-годишниот Науман освоил 48,87 отсто.

„Јас сум целосно изненаден и екстатичен и сакам да им се заблагодарам на сите гласачи“, рече Лот, кој е пратеник во парламентот на Саксонија-Анхалт од 2016 година.

Тој рече дека е подготвен да работи за оние кои не гласаа за него. Неговата изборна кампања се базираше исклучиво на општински прашања - зајакнување на противпожарната единица, градинките и поголемо учество на граѓаните.

Одѕивот на гласачите во градот во областа Анхалт-Битерфелд беше 61,51 отсто, според официјалните податоци. Право на глас имаа околу 7.800 граѓани.

Пред само една недела, Роберт Шеселман стана првиот регионален раководител од AфD во Германија, кога беше избран во Зонеберг, во јужна Тирингија, покраина која е соседна со Саксонија-Анхалт на југ, и една од шесте кои ја сочинуваа поранешната комунистичка Источна Германија.

Изборот на Шеселман дополнително ја поттикна дебатата за сегашниот подем на АфД, која моментално ужива околу 20 отсто поддршка во анкетите низ државата

The post Десничарската партија „Алтернатива за Германија“доби градоначалник appeared first on Република.

]]>

Екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) за првпат победи на изборите за градоначалник во источната германска покраина Саксонија-Анхалт и тоа е нејзина втора изборна победа во една недела.. АфД на Твитер објави дека го има првиот избран германски градоначалник од АфД. Претходно, АфД имаше градоначалник во Бурладинген во јужната покраина Баден-Виртемберг до 2020 година, но тој во АфД премина по изборите. Во вториот круг од изборите во сојузната покраина Саксонија-Анхалт, вчера, претставникот на АфД во покраинскиот Парламент, Ханес Лот, го победи независниот кандидат Нилс Науман и стана градоначалник на градот Рагун-Јешниц. Лот(42)  доби 51,13 отсто од гласовите, објави градот на својата Фејсбук страница. Според прелиминарните изборни резултати, 31-годишниот Науман освоил 48,87 отсто.
„Јас сум целосно изненаден и екстатичен и сакам да им се заблагодарам на сите гласачи“, рече Лот, кој е пратеник во парламентот на Саксонија-Анхалт од 2016 година.
Тој рече дека е подготвен да работи за оние кои не гласаа за него. Неговата изборна кампања се базираше исклучиво на општински прашања - зајакнување на противпожарната единица, градинките и поголемо учество на граѓаните. Одѕивот на гласачите во градот во областа Анхалт-Битерфелд беше 61,51 отсто, според официјалните податоци. Право на глас имаа околу 7.800 граѓани. Пред само една недела, Роберт Шеселман стана првиот регионален раководител од AфD во Германија, кога беше избран во Зонеберг, во јужна Тирингија, покраина која е соседна со Саксонија-Анхалт на југ, и една од шесте кои ја сочинуваа поранешната комунистичка Источна Германија. Изборот на Шеселман дополнително ја поттикна дебатата за сегашниот подем на АфД, која моментално ужива околу 20 отсто поддршка во анкетите низ државата

The post Десничарската партија „Алтернатива за Германија“доби градоначалник appeared first on Република.

]]>