алсат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/alsat/ За подобро да се разбереме Sun, 05 Nov 2023 09:44:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png алсат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/alsat/ 32 32 Обвинение за човекот кој нападна и се закануваше со смрт кон телевизиската екипа на Алсат во Старата чаршија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/obvinenie-za-chovekot-koj-napadna-i-se-zakanuvashe-so-smrt-kon-televiziskata-ekipa-na-alsat-vo-starata-charshija/ Sun, 05 Nov 2023 09:44:34 +0000 https://republika.mk/?p=698348

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе обвинение против 53-годишник за кривично дело – Насилство според член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 21 август, пред берберница во Старата скопска чаршија, малтретирал, грубо навредувал и насилнички се однесувал кон новинарска екипа на ТВ Алсат и предизвикал чувство на вознемиреност и страв кај сведоци на настанот, соопшти Обвинителството.

Додека снимател и две новинарки снимале за потребите на телевизијата, тој најпрвин излегол од берберницата и почнал гласно да ги пцуе. Потоа влегол внатре и зел ножици, по што се вратил кај оштетените и директно им се заканил дека ќе ги убие. Тие почнале да се повлекуваат на друга локација, но во тој момент обвинетиот му пришол од зад грб на снимателот и го удрил со тупаници по главата. Оштетениот во прв момент изгубил рамнотежа од ударот и ја спуштил камерата. Потоа се исправил и почнал да се брани од ударите на обвинетиот. Наскоро интервенирале и други граѓани за да го спречат натамошното насилство и го одвлекле обвинетиот во берберницата, посочуваат од Обвинителството.

Како што се наведува, од поведувањето на постапката за осомничениот на сила се мерки на претпазливост.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/izlegol-od-berbernitsa-i-pochnal-da-go-udira-i-navreduva-napadnat-snimatel-na-tv-alsat-vo-starata-skopska-charshija/

The post Обвинение за човекот кој нападна и се закануваше со смрт кон телевизиската екипа на Алсат во Старата чаршија appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе обвинение против 53-годишник за кривично дело – Насилство според член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 21 август, пред берберница во Старата скопска чаршија, малтретирал, грубо навредувал и насилнички се однесувал кон новинарска екипа на ТВ Алсат и предизвикал чувство на вознемиреност и страв кај сведоци на настанот, соопшти Обвинителството.
Додека снимател и две новинарки снимале за потребите на телевизијата, тој најпрвин излегол од берберницата и почнал гласно да ги пцуе. Потоа влегол внатре и зел ножици, по што се вратил кај оштетените и директно им се заканил дека ќе ги убие. Тие почнале да се повлекуваат на друга локација, но во тој момент обвинетиот му пришол од зад грб на снимателот и го удрил со тупаници по главата. Оштетениот во прв момент изгубил рамнотежа од ударот и ја спуштил камерата. Потоа се исправил и почнал да се брани од ударите на обвинетиот. Наскоро интервенирале и други граѓани за да го спречат натамошното насилство и го одвлекле обвинетиот во берберницата, посочуваат од Обвинителството.
Како што се наведува, од поведувањето на постапката за осомничениот на сила се мерки на претпазливост. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/izlegol-od-berbernitsa-i-pochnal-da-go-udira-i-navreduva-napadnat-snimatel-na-tv-alsat-vo-starata-skopska-charshija/

The post Обвинение за човекот кој нападна и се закануваше со смрт кон телевизиската екипа на Алсат во Старата чаршија appeared first on Република.

]]>
Излегол од берберница и почнал да го удира и навредува: Нападнат снимател на ТВ Алсат во Старата скопска чаршија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/izlegol-od-berbernitsa-i-pochnal-da-go-udira-i-navreduva-napadnat-snimatel-na-tv-alsat-vo-starata-skopska-charshija/ Mon, 21 Aug 2023 18:32:26 +0000 https://republika.mk/?p=674320

Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Е. (53) од Скопје, постапувајќи по добиена пријава од Б.Ј. (39) од Скопје, снимател во ТВ Алсат, дека, додека заедно со уште две лица снимале интервју во Старата скопска чаршија, од берберски салон излегло машко лице и физички го нападнало.

Како што соопшти МВР, веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и напаѓачот е идентификуван и приведен од страна на полициски службеници.

По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

За инцидентот реагираа и од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), од каде побараа да се спроведе брза и ефикасна истрага за нападот врз колегите од ТВ Алсат.

За време на снимањето инсерти за промо на емисија во Скопската чаршија на јавна површина, нападнати се снимател и новинарките Ера Ѓакова и Сара Хоџа од страна на сопственик на берберница во скопската чаршија.

Според изјавите на нашите колеги, додека снимале инсерти во чаршијата за потребите на емисијата од еден од дуќаните излегол сопственикот, бербер со ножици и им се обратил со вербални навреди и закани по живот, при што на снимателот му нанел видливи повреди на главата.

При физичкиот напад била оштетена и опремата на снимателот. ЗНМ веднаш контактираше со новинарката од Алсат, Ера Ѓакова која беше видно вознемирена ни го потврди инцидентот и ни даде конкретни информации дека: Екипата со која снимале на терен била нападната без причина од страна на непознато лице, ситуацијата била непредвидлива и многу вознемирувачка, особено за нападнатиот снимател а и за колешката Сара Хоџа на која ова не и е прв пат да биде нападната, “лицето по нападот се врати во дуќанот а потоа повторно илезе, но кога виде дека веќе се собраа минувачи да помогнат а и дека е повикана полициска екипа се упати во непознат правец ”.

ЗНМ бара од Министерството за внатрешни работи да спроведе брза и ефикасна истрага во интерес на пронаоѓање и санкционирање на напаѓачот.

Потенцираме дека заканите по живот се кривични дела предвидени во Кривичниот законик а МВР и ОЈО, треба итно да ги истражат и процесираат со цел да ги казнат оние кои го прекршуваат законот но и да превенираат евентуални вакви кривични дела во иднина, се наведува во реакцијата на ЗНМ.

 

The post Излегол од берберница и почнал да го удира и навредува: Нападнат снимател на ТВ Алсат во Старата скопска чаршија appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Е. (53) од Скопје, постапувајќи по добиена пријава од Б.Ј. (39) од Скопје, снимател во ТВ Алсат, дека, додека заедно со уште две лица снимале интервју во Старата скопска чаршија, од берберски салон излегло машко лице и физички го нападнало. Како што соопшти МВР, веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и напаѓачот е идентификуван и приведен од страна на полициски службеници. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок. За инцидентот реагираа и од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), од каде побараа да се спроведе брза и ефикасна истрага за нападот врз колегите од ТВ Алсат.
За време на снимањето инсерти за промо на емисија во Скопската чаршија на јавна површина, нападнати се снимател и новинарките Ера Ѓакова и Сара Хоџа од страна на сопственик на берберница во скопската чаршија. Според изјавите на нашите колеги, додека снимале инсерти во чаршијата за потребите на емисијата од еден од дуќаните излегол сопственикот, бербер со ножици и им се обратил со вербални навреди и закани по живот, при што на снимателот му нанел видливи повреди на главата. При физичкиот напад била оштетена и опремата на снимателот. ЗНМ веднаш контактираше со новинарката од Алсат, Ера Ѓакова која беше видно вознемирена ни го потврди инцидентот и ни даде конкретни информации дека: Екипата со која снимале на терен била нападната без причина од страна на непознато лице, ситуацијата била непредвидлива и многу вознемирувачка, особено за нападнатиот снимател а и за колешката Сара Хоџа на која ова не и е прв пат да биде нападната, “лицето по нападот се врати во дуќанот а потоа повторно илезе, но кога виде дека веќе се собраа минувачи да помогнат а и дека е повикана полициска екипа се упати во непознат правец ”. ЗНМ бара од Министерството за внатрешни работи да спроведе брза и ефикасна истрага во интерес на пронаоѓање и санкционирање на напаѓачот. Потенцираме дека заканите по живот се кривични дела предвидени во Кривичниот законик а МВР и ОЈО, треба итно да ги истражат и процесираат со цел да ги казнат оние кои го прекршуваат законот но и да превенираат евентуални вакви кривични дела во иднина, се наведува во реакцијата на ЗНМ.
 

The post Излегол од берберница и почнал да го удира и навредува: Нападнат снимател на ТВ Алсат во Старата скопска чаршија appeared first on Република.

]]>