алпинизам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/alpinizam/ За подобро да се разбереме Sun, 30 Jul 2023 09:55:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png алпинизам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/alpinizam/ 32 32 Норвежанката Кристин Харила и нејзиниот водич Тенџин Шерпа за 92 дена ги искачија 14-те највисоки врвови во светот https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/norvezhankata-kristin-harila-i-nejziniot-vodich-tendhin-sherpa-za-92-dena-gi-iskachija-14-te-najvisoki-vrvovi-vo-svetot/ Sun, 30 Jul 2023 09:55:55 +0000 https://republika.mk/?p=666858

Норвежанката Кристин Харила и нејзиниот водич од Непал, Тенџин Шерпа станаа алпинистите кои се искачиле на 14 највисоки врвови на светот, сите над 8.000 метри за најскоро време, искачувајќи се и на врвот К2 во Пакистан.

И двајцата планинари за три месеци, поточно за 92 дена, освоиле 14 врвови.

Успехот е одраз на решителност, тимска работа и упорност, се вели во нивното соопштение.

Досега околу 40 мажи и неколку жени се искачиле на сите 14 највисоки врвови во светот. Италијанскиот планинар Рајнхолд Меснер прв го направи тоа во 1986 година.

The post Норвежанката Кристин Харила и нејзиниот водич Тенџин Шерпа за 92 дена ги искачија 14-те највисоки врвови во светот appeared first on Република.

]]>

Норвежанката Кристин Харила и нејзиниот водич од Непал, Тенџин Шерпа станаа алпинистите кои се искачиле на 14 највисоки врвови на светот, сите над 8.000 метри за најскоро време, искачувајќи се и на врвот К2 во Пакистан. И двајцата планинари за три месеци, поточно за 92 дена, освоиле 14 врвови.
Успехот е одраз на решителност, тимска работа и упорност, се вели во нивното соопштение.
Досега околу 40 мажи и неколку жени се искачиле на сите 14 највисоки врвови во светот. Италијанскиот планинар Рајнхолд Меснер прв го направи тоа во 1986 година.

The post Норвежанката Кристин Харила и нејзиниот водич Тенџин Шерпа за 92 дена ги искачија 14-те највисоки врвови во светот appeared first on Република.

]]>
Кедев пак на врвот на светот, ја освои и Анапурна https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/kedev-pak-na-vrvot-na-svetot-ja-osvoi-i-anapurna/ Mon, 17 Apr 2023 10:41:15 +0000 https://republika.mk/?p=631405

Членот на Македонската академија на науките и уметностите доктор Сашко Кедев повторно се искачи на врвот на светот. Во информацијата за освојувањето на Анапурна проф. Кедев е запишан како учесник во експедицијата од Македонија.

Професорот и врвен светски кардиолог утрово се искачи на еден од десетте највисоки врвови на Хималаите и светот, Анапурна.

Ова е прва експедицијата во 2023 година што го освојува врвот Анапурна.

Професорот Кедев е дел од експедиција со 4 други планинари и 7 шерпаси, односно локални водичи.

,,Возбудени сме што можеме да ја споделиме веста дека 5 клиенти и 7 шерпи од Imagine Nepal стигнаа до врвот на планината Анапурна во 11:15 часот на 15 април 2023 година. Ова е првото освојување на врв во сезоната на планината над 8000 метри.
Честитки за тимот и враќање на безбедноста!”, пишува во официјалното соопштение за експедицијата.

Покрај Кедев се уште 4 планинари, од Кина Ванг Жонг, од Јапонија Наоки Ишикава, Марија Александра Данила од Романија и Надја Лиза Косо од Англија.

Анапурна е низа од планински врвови во Непал на венецот Хималаи, од кои највисокиот, Анапурна I, претставува еден од четиринаесетте планински врвови повисоки од 8000 метри, и со висина од 8091 метар е десеттата највисока планина на светот. Сместена е источно од големиот кањон на реката Кали Гандаки, кој го дели од масивот Даулагири.

Предходно професорот Кедев се искачи на сите највисоки врвови на сите светски континенти а во повеќе наврати се искачи на најтешките и највисоки врвови на Хималаите и со тоа на светот.

The post Кедев пак на врвот на светот, ја освои и Анапурна appeared first on Република.

]]>

Членот на Македонската академија на науките и уметностите доктор Сашко Кедев повторно се искачи на врвот на светот. Во информацијата за освојувањето на Анапурна проф. Кедев е запишан како учесник во експедицијата од Македонија. Професорот и врвен светски кардиолог утрово се искачи на еден од десетте највисоки врвови на Хималаите и светот, Анапурна. Ова е прва експедицијата во 2023 година што го освојува врвот Анапурна. Професорот Кедев е дел од експедиција со 4 други планинари и 7 шерпаси, односно локални водичи.
,,Возбудени сме што можеме да ја споделиме веста дека 5 клиенти и 7 шерпи од Imagine Nepal стигнаа до врвот на планината Анапурна во 11:15 часот на 15 април 2023 година. Ова е првото освојување на врв во сезоната на планината над 8000 метри. Честитки за тимот и враќање на безбедноста!”, пишува во официјалното соопштение за експедицијата.
Покрај Кедев се уште 4 планинари, од Кина Ванг Жонг, од Јапонија Наоки Ишикава, Марија Александра Данила од Романија и Надја Лиза Косо од Англија. Анапурна е низа од планински врвови во Непал на венецот Хималаи, од кои највисокиот, Анапурна I, претставува еден од четиринаесетте планински врвови повисоки од 8000 метри, и со висина од 8091 метар е десеттата највисока планина на светот. Сместена е источно од големиот кањон на реката Кали Гандаки, кој го дели од масивот Даулагири. Предходно професорот Кедев се искачи на сите највисоки врвови на сите светски континенти а во повеќе наврати се искачи на најтешките и највисоки врвови на Хималаите и со тоа на светот.

The post Кедев пак на врвот на светот, ја освои и Анапурна appeared first on Република.

]]>
Кумановец го искачи највисокиот врв во Иран и Мала Азија https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/kumanovec-go-iskachi-najvisokiot-vrv-vo-iran-i-mala-azija/ Mon, 24 Oct 2022 07:16:01 +0000 https://republika.mk/?p=564798

Бобан Стефановски, планинар од Куманово го искачи највисокиот планински врв Дамаванд во Иран и Мала Азија.

Тој веќе десет години е планинар. Првпат на планината бил на покана на пријатели и го засакал планинарството.

Откако знам за себе, отсекогаш сум ја сакал природата. Љубовта кон планините и природата била отсекогаш присутна, меѓутоа, моментот кога првпат отидов на планина беше сосема случајно договорен претходниот ден со мои пријатели пред десетина години. И оттогаш не застанав, вели Стефановски.

Трпеливост, кондиција, дисциплина и страст е потребно да се искачат врвовите. Стефановски вели дека одредени врвови имаат специфична мистичност која дополнително го привлекува, како што е случај со Дамаванд.

Секое искачување, секоја планина и секој врв се посебни на свој и единствен начин. Фактот дека Дамаванд е највисокиот врв во Иран и во Мала Азија, највисокиот стратовулкан во Азија, како и третиот највисок вулкан во источната хемисфера го прави да биде посебен, бидејќи е доста ретко искачуван од луѓето од наши простори, но и дека е познат како планината на гас и сулфур – на самата планина, близу кратерот на вулканот испарува сулфур, кој многу го отежнува искачувањето, посебно ако ветерот дува во вашиот правец и го носи непријатниот мирис накај вас, раскажува Стефановски.

Искачувањето на Дамаванд, што е со височина од 5.609 метри, траело четири дена. Во искачувањето учествувале само тројца планинари од земјава. Врвот е специфичен, изгаснат вулкан од кој може да се забележи испарување на сулфур.

Пред да го освојат Дамаванд, македонските планинари искачиле уште еден врв, Колумбастак висок 4.135 метри. Инаку, качувањето почнува од 3.000 метри. Првиот ден, планинарите пешачат до 4.200 метри, каде е првиот базен камп, одмараат, а вториот ден се искачува до 4.800 метри, процес кој е неопходен за телото да се климатизира. Потоа, повторно се спуштаат до 4.200 метри, преспиваат и веќе третиот ден се освојува врвот.

Стефановски вели дека постојано тренира и ги искачува врвовите овде во државата и надвор. Речиси секој викенд во зависност од работните обврски е на планина.

Никогаш доволно од планина, вели кумановецот.

Тој наведува неколку врвови кои ги искачил, Дамаванд (5.609 м. во Иран), Арарат (5137 м. во Турција), Мон Блан (4.810 м. Алпи), Зумштајн (4.563 м. Алпи), Брајтхорн (4.164 м. Алпи), Колун Бастак (4.137 м. во Иран), Гран Парадизо (4.061 м. Алпи), Мусала (2.925 м. на Рила), Митикас (2.918 м. Олимп), Вихрен (2.914 м. Пирин), Триглав (2.864 м. во Словенија), Боботов Кук (2.523 м. Дурмитор, во Црна Гора), Кораб (2.764м. Кораб), Титов Врв (2.747 м. Шар Планина).

На прашањето зошто некои врвови се пониски, а потешки за искачување, Бобан објаснува дека ѝ покрај тоа што одредени врвови се релативно пониски, предизвик е да се искачат, бидејќи зависи од конфигурацијата на теренот, видот на планина, степенот на стрмност, висинска разлика и должина на патеката, како и од периодот од годината кога се искачува.

Предизвик ми е искачувањето на високи планини и долги експедиции. Преку искачувањето на планините, се спознавам себеси, своите психо-физички способности и осознавам до каде се моите граници и до каде можам да одам. Откако знам со себе, постојано сум физички активен и се занимавам со некоја физичка активност. Освен, планинарење, долги години, уште од основна училишна возраст, рекреативно се занимавам со играње кошарка. Кошарката е ставена на пауза само одреден период пред некоја важна експедиција, со цел да ја избегнам можноста од некоја несакана повреда, која би ми ја загрозила експедицијата, вели Стефановски.

Тој е лиценциран водич при ФПСМ (Федерација за планинарство на Македонија) од 2015 година, како и лиценциран планинарски маркацист, член на комисијата за планинарски патеки при ФПСМ и член на младинската комисија при ФПСМ.

Стефановски смета дека може уште повеќе да се искористи потенцијалот кој го има земјава богата со околу 40-тина планини и планински масиви.

Според ова, имаме огромен потенцијал за планински туризам и сите туристички гранки кои влегуваат во овој вид на туризам. Добро е целосно да се искористи потенцијалот, да се инвестира, да се промовира планинарството, планините, природата. А, посебно би обрнал внимание и би дал акцент на колективната свест за чување и зачувување на природата, планините, флората и фауната. Последните години, откако почна короната, сè повеќе и повеќе луѓе ги посетуваат планините, и овој тренд нема да застане во блиска иднина. Колку повеќе луѓе на планина, толку повеќе ѓубре се остава. Немаме доволно развиена колективна еколошка свест, вели Стефановски.

Искусниот планинар и дипломиран филолог, преведувач и толкувач на англиски јазик, повикува соодветен кадар да работи на промоција на планинскиот туризам, соодветно да се одбележат и утврдат планинарски патеки според Законот за планински патеки, да се обезбедат спасувачки служби на сите планини, обучени, оспособени и искусни планинарски водичи од сите делови на државата, со цел водичка покриеност за секоја планина.

The post Кумановец го искачи највисокиот врв во Иран и Мала Азија appeared first on Република.

]]>

Бобан Стефановски, планинар од Куманово го искачи највисокиот планински врв Дамаванд во Иран и Мала Азија. Тој веќе десет години е планинар. Првпат на планината бил на покана на пријатели и го засакал планинарството.
Откако знам за себе, отсекогаш сум ја сакал природата. Љубовта кон планините и природата била отсекогаш присутна, меѓутоа, моментот кога првпат отидов на планина беше сосема случајно договорен претходниот ден со мои пријатели пред десетина години. И оттогаш не застанав, вели Стефановски.
Трпеливост, кондиција, дисциплина и страст е потребно да се искачат врвовите. Стефановски вели дека одредени врвови имаат специфична мистичност која дополнително го привлекува, како што е случај со Дамаванд.
Секое искачување, секоја планина и секој врв се посебни на свој и единствен начин. Фактот дека Дамаванд е највисокиот врв во Иран и во Мала Азија, највисокиот стратовулкан во Азија, како и третиот највисок вулкан во источната хемисфера го прави да биде посебен, бидејќи е доста ретко искачуван од луѓето од наши простори, но и дека е познат како планината на гас и сулфур – на самата планина, близу кратерот на вулканот испарува сулфур, кој многу го отежнува искачувањето, посебно ако ветерот дува во вашиот правец и го носи непријатниот мирис накај вас, раскажува Стефановски.
Искачувањето на Дамаванд, што е со височина од 5.609 метри, траело четири дена. Во искачувањето учествувале само тројца планинари од земјава. Врвот е специфичен, изгаснат вулкан од кој може да се забележи испарување на сулфур. Пред да го освојат Дамаванд, македонските планинари искачиле уште еден врв, Колумбастак висок 4.135 метри. Инаку, качувањето почнува од 3.000 метри. Првиот ден, планинарите пешачат до 4.200 метри, каде е првиот базен камп, одмараат, а вториот ден се искачува до 4.800 метри, процес кој е неопходен за телото да се климатизира. Потоа, повторно се спуштаат до 4.200 метри, преспиваат и веќе третиот ден се освојува врвот. Стефановски вели дека постојано тренира и ги искачува врвовите овде во државата и надвор. Речиси секој викенд во зависност од работните обврски е на планина.
Никогаш доволно од планина, вели кумановецот.
Тој наведува неколку врвови кои ги искачил, Дамаванд (5.609 м. во Иран), Арарат (5137 м. во Турција), Мон Блан (4.810 м. Алпи), Зумштајн (4.563 м. Алпи), Брајтхорн (4.164 м. Алпи), Колун Бастак (4.137 м. во Иран), Гран Парадизо (4.061 м. Алпи), Мусала (2.925 м. на Рила), Митикас (2.918 м. Олимп), Вихрен (2.914 м. Пирин), Триглав (2.864 м. во Словенија), Боботов Кук (2.523 м. Дурмитор, во Црна Гора), Кораб (2.764м. Кораб), Титов Врв (2.747 м. Шар Планина). На прашањето зошто некои врвови се пониски, а потешки за искачување, Бобан објаснува дека ѝ покрај тоа што одредени врвови се релативно пониски, предизвик е да се искачат, бидејќи зависи од конфигурацијата на теренот, видот на планина, степенот на стрмност, висинска разлика и должина на патеката, како и од периодот од годината кога се искачува.
Предизвик ми е искачувањето на високи планини и долги експедиции. Преку искачувањето на планините, се спознавам себеси, своите психо-физички способности и осознавам до каде се моите граници и до каде можам да одам. Откако знам со себе, постојано сум физички активен и се занимавам со некоја физичка активност. Освен, планинарење, долги години, уште од основна училишна возраст, рекреативно се занимавам со играње кошарка. Кошарката е ставена на пауза само одреден период пред некоја важна експедиција, со цел да ја избегнам можноста од некоја несакана повреда, која би ми ја загрозила експедицијата, вели Стефановски.
Тој е лиценциран водич при ФПСМ (Федерација за планинарство на Македонија) од 2015 година, како и лиценциран планинарски маркацист, член на комисијата за планинарски патеки при ФПСМ и член на младинската комисија при ФПСМ. Стефановски смета дека може уште повеќе да се искористи потенцијалот кој го има земјава богата со околу 40-тина планини и планински масиви.
Според ова, имаме огромен потенцијал за планински туризам и сите туристички гранки кои влегуваат во овој вид на туризам. Добро е целосно да се искористи потенцијалот, да се инвестира, да се промовира планинарството, планините, природата. А, посебно би обрнал внимание и би дал акцент на колективната свест за чување и зачувување на природата, планините, флората и фауната. Последните години, откако почна короната, сè повеќе и повеќе луѓе ги посетуваат планините, и овој тренд нема да застане во блиска иднина. Колку повеќе луѓе на планина, толку повеќе ѓубре се остава. Немаме доволно развиена колективна еколошка свест, вели Стефановски.
Искусниот планинар и дипломиран филолог, преведувач и толкувач на англиски јазик, повикува соодветен кадар да работи на промоција на планинскиот туризам, соодветно да се одбележат и утврдат планинарски патеки според Законот за планински патеки, да се обезбедат спасувачки служби на сите планини, обучени, оспособени и искусни планинарски водичи од сите делови на државата, со цел водичка покриеност за секоја планина.

The post Кумановец го искачи највисокиот врв во Иран и Мала Азија appeared first on Република.

]]>
Прославената планинарка Хилари Нелсон исчезна на осмиот највисок врв на светот https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/proslavenata-planinarka-hilari-nelson-ischezna-na-osmiot-najvisok-vrv-na-svetot/ Tue, 27 Sep 2022 09:18:53 +0000 https://republika.mk/?p=554720

Прославената американска планинарка Хилари Нелсон исчезна на осмиот највисок врв на светот откако паднала во длабока пукнатина додека се спуштала на скии. Таа и нејзиниот партнер Џим Морисон вчера го искачиле 8.163 метри високиот врв Манаслу во Непал, истиот ден кога во лавина загинало едно лице, а десетина биле повредени.

Официјални лица кажаа дека не биле во можност да организираат потрага поради лошо време.

Четириесет и деветгодишната Нелсон се лизнала и паднала во 600 метри длабока пукнатина во мразот, само 15 минути откако се искачила на врвот, изјавија очевидци. Морисон успеал безбедно да се врати во кампот.

Нелсон и Морисон важат за едни од најуспешните алпинисти и планински скијачи на светот, кои скијале од некои од највисоките и најопасни врвови. Во 2018, Нелсон стана првата личност која се спуштила на скии од Лотсе, четвртиот највисок врв на светот. Таа исто така беше првата жена која во период од 24 часа ги искачила и Монт Еверест и Лотсе.

The post Прославената планинарка Хилари Нелсон исчезна на осмиот највисок врв на светот appeared first on Република.

]]>

Прославената американска планинарка Хилари Нелсон исчезна на осмиот највисок врв на светот откако паднала во длабока пукнатина додека се спуштала на скии. Таа и нејзиниот партнер Џим Морисон вчера го искачиле 8.163 метри високиот врв Манаслу во Непал, истиот ден кога во лавина загинало едно лице, а десетина биле повредени. Официјални лица кажаа дека не биле во можност да организираат потрага поради лошо време. Четириесет и деветгодишната Нелсон се лизнала и паднала во 600 метри длабока пукнатина во мразот, само 15 минути откако се искачила на врвот, изјавија очевидци. Морисон успеал безбедно да се врати во кампот. Нелсон и Морисон важат за едни од најуспешните алпинисти и планински скијачи на светот, кои скијале од некои од највисоките и најопасни врвови. Во 2018, Нелсон стана првата личност која се спуштила на скии од Лотсе, четвртиот највисок врв на светот. Таа исто така беше првата жена која во период од 24 часа ги искачила и Монт Еверест и Лотсе.

The post Прославената планинарка Хилари Нелсон исчезна на осмиот највисок врв на светот appeared first on Република.

]]>