алкохолни пијалоци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/alkoholni-pijalotsi/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Sep 2023 06:09:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png алкохолни пијалоци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/alkoholni-pijalotsi/ 32 32 Владата денеска одлучува дали ќе пиеме поевтини сокови и алкохол https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-deneska-odluchuva-dali-ke-pieme-poevtini-sokovi-i-alkohol/ Tue, 26 Sep 2023 05:53:19 +0000 https://republika.mk/?p=685094

Владата денеска треба да донесе одлука за намалување на цените на пијалоците. До крај на неделава се очекува да биде завршена  анализата со владините мерки да бидат опфатени и хигиенските производи. За непочитување на гарантираните цени на прехранбените производи, што е во сила од минатата недела, веќе се затворени маркети.

Како што најави министерот за економија Крешник Бекшети, денеска ќе има одлука за намалување на цените на безалкохолните и алкохолните пијалоци.

-За хигиенските производи најверојатно во текот на оваа недела ќе бидат завршени сите консултации и ќе видиме дали има простор да се донесат одредени мерки, изјави вчера Бектеши кој со премиерот Димитар Ковачевски ја посетија компанијата „Алма-М“ во Визбегово.

Според Ковачевски, со новата мерка на Владата на над 50 производи во 24 категории од пекарската, млечната, месната индустрија, е намалена цената за 10 проценти во однос на цената која ја имале на 1 август.

-Кај одредени категории и производи веќе има намалување на производите над 10 проценти, а кај некои намалувањето е од 30 проценти до 40 проценти. Во маркетите овие производи веќе добија ознака „гарантирана цена“, со оваа мерка придонесуваме и покрај инфлациските притисоци, заеднички и солидарно даваме поддршка на нашите граѓани, изјави Ковачевски.

Поради непочитување на владините мерки за намалување на цените на прехранбените производи, според министерот Бектеши, во скопскиот регион се затворени маркети на „Веро“ и „Вива фреш“.

Во над 50 контроли на Државниот пазарен инспекторат во саботата казнети се седум маркети поради непочитување на владината одлука, а затворени се пет големи ланци на маркети по основ на Законот за потрошувачи, односно по основ на нечесни трговски пратки.

Од Стопанската комора, пак, сметаат дека маркетите имале многу малку време да се усогласат во однос на намалувањето на цените бидејќи стануба звор за околу 1200 артилки.

Според извршниот директор на комората Антони Пешев, мерката со затворањето е престрога, драконска, непотребна, предизвикува штети и тоа треба да биде последното нешто кон кое ќе прибегнат институциите.

-Затворањето никому не носи бенефит, особено не сега, кога се намалени цените, изјави Пешев, истакнувајќи дека очекува да се реши проблемот и маркетите повторно да почнат со работа.

Следниот месец, како што најави премиерот, ќе бидат направени и анализите за деветиот пакет антикризни мерки кои ќе бидат насочени кон ранливите категории на граѓани и кон сите оние што во време на криза не остваруваат дополнителни приходи.

The post Владата денеска одлучува дали ќе пиеме поевтини сокови и алкохол appeared first on Република.

]]>

Владата денеска треба да донесе одлука за намалување на цените на пијалоците. До крај на неделава се очекува да биде завршена  анализата со владините мерки да бидат опфатени и хигиенските производи. За непочитување на гарантираните цени на прехранбените производи, што е во сила од минатата недела, веќе се затворени маркети. Како што најави министерот за економија Крешник Бекшети, денеска ќе има одлука за намалување на цените на безалкохолните и алкохолните пијалоци. -За хигиенските производи најверојатно во текот на оваа недела ќе бидат завршени сите консултации и ќе видиме дали има простор да се донесат одредени мерки, изјави вчера Бектеши кој со премиерот Димитар Ковачевски ја посетија компанијата „Алма-М“ во Визбегово. Според Ковачевски, со новата мерка на Владата на над 50 производи во 24 категории од пекарската, млечната, месната индустрија, е намалена цената за 10 проценти во однос на цената која ја имале на 1 август.
-Кај одредени категории и производи веќе има намалување на производите над 10 проценти, а кај некои намалувањето е од 30 проценти до 40 проценти. Во маркетите овие производи веќе добија ознака „гарантирана цена“, со оваа мерка придонесуваме и покрај инфлациските притисоци, заеднички и солидарно даваме поддршка на нашите граѓани, изјави Ковачевски.
Поради непочитување на владините мерки за намалување на цените на прехранбените производи, според министерот Бектеши, во скопскиот регион се затворени маркети на „Веро“ и „Вива фреш“. Во над 50 контроли на Државниот пазарен инспекторат во саботата казнети се седум маркети поради непочитување на владината одлука, а затворени се пет големи ланци на маркети по основ на Законот за потрошувачи, односно по основ на нечесни трговски пратки. Од Стопанската комора, пак, сметаат дека маркетите имале многу малку време да се усогласат во однос на намалувањето на цените бидејќи стануба звор за околу 1200 артилки. Според извршниот директор на комората Антони Пешев, мерката со затворањето е престрога, драконска, непотребна, предизвикува штети и тоа треба да биде последното нешто кон кое ќе прибегнат институциите. -Затворањето никому не носи бенефит, особено не сега, кога се намалени цените, изјави Пешев, истакнувајќи дека очекува да се реши проблемот и маркетите повторно да почнат со работа. Следниот месец, како што најави премиерот, ќе бидат направени и анализите за деветиот пакет антикризни мерки кои ќе бидат насочени кон ранливите категории на граѓани и кон сите оние што во време на криза не остваруваат дополнителни приходи.

The post Владата денеска одлучува дали ќе пиеме поевтини сокови и алкохол appeared first on Република.

]]>
Митева: Во најголема криза власта преку набавка од скоро 3 милиони денари ќе ужива во скапи алкохолни пијалоци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miteva-vo-najgolema-kriza-vlasta-preku-nabavka-od-skoro-3-milioni-denari-ke-uzhiva-vo-skapi-alkoholni-pijalotsi/ Mon, 22 May 2023 10:45:40 +0000 https://republika.mk/?p=643546

Во најголемата криза, кога една потрошувачка кошничка не може да се покрие со две минимални плати, и кога половина милион наши сограѓани живеат со под 150 денари на ден, Владата на Ковачевски преку СОЗР троши пари на скапи и луксузни пијалоци и јадења. Во наредниве неколку дена ќе објавуваме документи како власта се луксузира, на сметка на народот, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Митева:

-Владата од ново не уверува дека со СДС и ДУИ на власт луксузот на функционерите на државен трошок нема да запре.

Во најголемата криза, кога една потрошувачка кошничка не може да се покрие со две минимални плати, и кога половина милион наши сограѓани живеат со под 150 денари на ден, Владата на Ковачевски преку СОЗР троши пари на скапи и луксузни пијалоци и јадења. Во наредниве неколку дена ќе објавуваме документи како власта се луксузира, на сметка на народот.

И кога нема пари за болните од цистична фиброза, кога нема за инсулин или за друг вид терапија треба да се сетиме дека Ковачевски преку СОЗР купува скапи и луксузни пијалоци за 2.950.000 денари.

Ова е договорот почитувани, кој е склучен на 24.04.2023 година помеѓу СОЗР и три економски оператори. Овој договор е Рамковна спогодба со која на договорниот орган му се дозволува да повлекува производи од палетата која е понудена во текот на целиот договорен период. Договорот е склучен со три економски оператори, со тоа што му се дава можност на СОЗР ако еден економски оператор не може да ја изврши нарачката, институцијата истиот пијалок да го нарача од друг економски оператор, по цените кои што се понудени од секој поединечно.

Кога ќе ги погледнеме цените по кои владата на Ковачевски преку СОЗР ќе нарачува, може јасно да заклучиме зошто владата нема пари за народот.

Функционерите од СДС и ДУИ ќе имаат можност да пијат високо квалитетно вино, означено како Барик вино со контролирано потекло во пакување од 0.75 литри по цена од 2.293 денари.

Додека народот преживува со 150 денари на ден, Ковачевски и неговите министри и директори ќе имаат можност да пијат виски од 1 литар, со минимум 42% алкохол кое чини 2.730 денари. А, кога ќе сакаат да пијат нешто поскапо, ќе пијат Бурбон виски во шише од 1 литар и со минимум 42% алкохол кое чини 3.413 денари.

Додека болните од дијабет чекаат инсулин, функционерите од власта ќе се засладуваат со крем ликер набавен за 2.034 денари.

Кога народот ќе купува поевтини тестенини, министрите и директорите на Ковачевски ќе наздравуваат со пенливо полуслатко бело вино од 1.331 денар.

Додека студентите ги чекаат парите за студентски оброк, и се борат за денар повеќе, луѓето околу Ковачевски ќе можат да пијат Коњак кој ќе чини и до 3.413 денари.

Овие пијалоци, во кои ќе уживаат функционерите од власта, половина милион луѓе во Македонија можеби воопшто нема да можат никогаш да ги пробаат.

Вака изгледа луксузот на власта на сметка на сиромашниот народ. Ова мора да има крај!, порача Митева.

The post Митева: Во најголема криза власта преку набавка од скоро 3 милиони денари ќе ужива во скапи алкохолни пијалоци appeared first on Република.

]]>

Во најголемата криза, кога една потрошувачка кошничка не може да се покрие со две минимални плати, и кога половина милион наши сограѓани живеат со под 150 денари на ден, Владата на Ковачевски преку СОЗР троши пари на скапи и луксузни пијалоци и јадења. Во наредниве неколку дена ќе објавуваме документи како власта се луксузира, на сметка на народот, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева. Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Митева: -Владата од ново не уверува дека со СДС и ДУИ на власт луксузот на функционерите на државен трошок нема да запре. Во најголемата криза, кога една потрошувачка кошничка не може да се покрие со две минимални плати, и кога половина милион наши сограѓани живеат со под 150 денари на ден, Владата на Ковачевски преку СОЗР троши пари на скапи и луксузни пијалоци и јадења. Во наредниве неколку дена ќе објавуваме документи како власта се луксузира, на сметка на народот. И кога нема пари за болните од цистична фиброза, кога нема за инсулин или за друг вид терапија треба да се сетиме дека Ковачевски преку СОЗР купува скапи и луксузни пијалоци за 2.950.000 денари. Ова е договорот почитувани, кој е склучен на 24.04.2023 година помеѓу СОЗР и три економски оператори. Овој договор е Рамковна спогодба со која на договорниот орган му се дозволува да повлекува производи од палетата која е понудена во текот на целиот договорен период. Договорот е склучен со три економски оператори, со тоа што му се дава можност на СОЗР ако еден економски оператор не може да ја изврши нарачката, институцијата истиот пијалок да го нарача од друг економски оператор, по цените кои што се понудени од секој поединечно. Кога ќе ги погледнеме цените по кои владата на Ковачевски преку СОЗР ќе нарачува, може јасно да заклучиме зошто владата нема пари за народот. Функционерите од СДС и ДУИ ќе имаат можност да пијат високо квалитетно вино, означено како Барик вино со контролирано потекло во пакување од 0.75 литри по цена од 2.293 денари. Додека народот преживува со 150 денари на ден, Ковачевски и неговите министри и директори ќе имаат можност да пијат виски од 1 литар, со минимум 42% алкохол кое чини 2.730 денари. А, кога ќе сакаат да пијат нешто поскапо, ќе пијат Бурбон виски во шише од 1 литар и со минимум 42% алкохол кое чини 3.413 денари. Додека болните од дијабет чекаат инсулин, функционерите од власта ќе се засладуваат со крем ликер набавен за 2.034 денари. Кога народот ќе купува поевтини тестенини, министрите и директорите на Ковачевски ќе наздравуваат со пенливо полуслатко бело вино од 1.331 денар. Додека студентите ги чекаат парите за студентски оброк, и се борат за денар повеќе, луѓето околу Ковачевски ќе можат да пијат Коњак кој ќе чини и до 3.413 денари. Овие пијалоци, во кои ќе уживаат функционерите од власта, половина милион луѓе во Македонија можеби воопшто нема да можат никогаш да ги пробаат. Вака изгледа луксузот на власта на сметка на сиромашниот народ. Ова мора да има крај!, порача Митева.

The post Митева: Во најголема криза власта преку набавка од скоро 3 милиони денари ќе ужива во скапи алкохолни пијалоци appeared first on Република.

]]>