алкохоличар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/alkoholichar/ За подобро да се разбереме Fri, 03 Mar 2023 08:16:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png алкохоличар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/alkoholichar/ 32 32 Д-р Сакоман открива колку алкохол дневно треба да пиеме за да не му штетиме на здравјето и да не сме алкохоличари https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-sakoman-otkriva-kolku-alkohol-dnevno-treba-da-pieme-za-da-ne-mu-shtetime-na-zdravjeto-i-da-ne-sme-alkoholichari/ Thu, 02 Mar 2023 20:46:06 +0000 https://republika.mk/?p=614038

Целокупниот контекст на кој е изложена оваа цивилизација во последните години (епидемија на Ковид-19, војна во Украина, земјотреси, економска криза, оштетен вредносен систем...), има негативен ефект врз емоционалната состојба на луѓето, кои се повеќе загрижени, вознемирени, депресивни и исплашени за иднината, објаснува хрватскиот проф. д-р сц. Славко Сакоман, д-р мед. невропсихијатар за  „Ординација.хр“.

Покрај тоа што објаснува зошто всушност пиеме алкохол, тој открива колку алкохол смееме да испиеме во еден ден без да станеме алкохоличари и да не го загрозиме нашето здравје.

Нарушениот квалитет на животот и фрустрациите поради неисполнетите очекувања и неправдата, го влошија менталното здравје на луѓето последните години. Најбрзиот, наједноставниот и „навидум“ најефективниот начин за промена „на подобро“ на психофизиолошкиот статус и перцепцијата на реалноста, е „морам нешто да земам“. Изборот е голем, од сеприсутниот и најлесно достапен алкохол, до таблети, аналгетици, трева, кокаин…, вели проф. Сакоман.

Тој вели дека алкохолот најлесно ќе ги измами луѓето, бидејќи односот кон пиењето е позитивен, а „културата на пиење“ како на општествено прифатливо однесување за подобрување на расположението е вградена во речиси секоја пора од животот на луѓето.

Гледајќи ги луѓето и консумирањето алкохол, докторот наведува дека луѓето можат да се класифицираат и во неколку категории; Апстиненти (секогаш), повремени, умерени, соодветни консументи, прекумерни консументи (од кои еден дел имаат видливи штетни последици, но сѐ уште не се зависници) и на крајот алкохоличари.

Кога, пак, зборуваме за количината и толеранцијата на алкохол, треба да се биде многу внимателен. На „почетникот“ поради ниската толеранција и мошне мала количина алкохол може силно да му удри во главата. Но, дури и за најтешките зависници, ако се во последната фаза, паѓа толеранцијата и мошне мала количина може да предизвика состојба на тешко пијанство, додека на почетокот на развивањето на овој тип на зависност, таа личност можела да пие десет пати поголема количина, објаснува проф. Сакоман.

Колку алкохол смееме да испиеме дневно/неделно?

Здравите возрасни лица (ако не постајат посебни контраиндикации) би можеле дневно без штета да испијат количина алкохол, на пример, 2 дл вино (мажи) и 1 дл вино за жени, а ако е така, зборуваме за општествено одговорно и контролирано консумирање. Зборувајќи за разликата во количината по пол, не се работи за дискриминација на жените, туку за тоа дека машкиот организам е генетски поотпорен на алкохол и му „треба“ околу 10, а на жените 5 години континуирано прекумерно пиење, за да се развие алкохолизам.

Луѓето кои консумираат алкохол, за да го намалат ризикот по здравјето, мора да водат сметка и за распределбата на консумирањето. Пиење шише пиво во текот на неделата со ручек или седум шишиња во сабота навечер не е исто. По секое тешко пијанство, труење на телото (често придружено со алкохолна амнезија), човекот едноставно станува поглупав, бидејќи високата концентрација на алкохол неповратно убива милиони најпаметни мозочни клетки и уништува безброј меѓуневронски конекции. Се чувствуваат тешкотии во памтењето, сеќавањето…

Во пијанството се уништуваат и безброј клетки на црниот дроб и панкреасот… кои до одреден степен можат да се регенерираат, а кога тоа ќе престане, почнуваат да се појавуваат симптоми на цироза на црниот дроб, панкреатитис, миокардиопатија, полиневропатија...

The post Д-р Сакоман открива колку алкохол дневно треба да пиеме за да не му штетиме на здравјето и да не сме алкохоличари appeared first on Република.

]]>

Целокупниот контекст на кој е изложена оваа цивилизација во последните години (епидемија на Ковид-19, војна во Украина, земјотреси, економска криза, оштетен вредносен систем...), има негативен ефект врз емоционалната состојба на луѓето, кои се повеќе загрижени, вознемирени, депресивни и исплашени за иднината, објаснува хрватскиот проф. д-р сц. Славко Сакоман, д-р мед. невропсихијатар за  „Ординација.хр“. Покрај тоа што објаснува зошто всушност пиеме алкохол, тој открива колку алкохол смееме да испиеме во еден ден без да станеме алкохоличари и да не го загрозиме нашето здравје.
Нарушениот квалитет на животот и фрустрациите поради неисполнетите очекувања и неправдата, го влошија менталното здравје на луѓето последните години. Најбрзиот, наједноставниот и „навидум“ најефективниот начин за промена „на подобро“ на психофизиолошкиот статус и перцепцијата на реалноста, е „морам нешто да земам“. Изборот е голем, од сеприсутниот и најлесно достапен алкохол, до таблети, аналгетици, трева, кокаин…, вели проф. Сакоман.
Тој вели дека алкохолот најлесно ќе ги измами луѓето, бидејќи односот кон пиењето е позитивен, а „културата на пиење“ како на општествено прифатливо однесување за подобрување на расположението е вградена во речиси секоја пора од животот на луѓето. Гледајќи ги луѓето и консумирањето алкохол, докторот наведува дека луѓето можат да се класифицираат и во неколку категории; Апстиненти (секогаш), повремени, умерени, соодветни консументи, прекумерни консументи (од кои еден дел имаат видливи штетни последици, но сѐ уште не се зависници) и на крајот алкохоличари.
Кога, пак, зборуваме за количината и толеранцијата на алкохол, треба да се биде многу внимателен. На „почетникот“ поради ниската толеранција и мошне мала количина алкохол може силно да му удри во главата. Но, дури и за најтешките зависници, ако се во последната фаза, паѓа толеранцијата и мошне мала количина може да предизвика состојба на тешко пијанство, додека на почетокот на развивањето на овој тип на зависност, таа личност можела да пие десет пати поголема количина, објаснува проф. Сакоман.

Колку алкохол смееме да испиеме дневно/неделно?

Здравите возрасни лица (ако не постајат посебни контраиндикации) би можеле дневно без штета да испијат количина алкохол, на пример, 2 дл вино (мажи) и 1 дл вино за жени, а ако е така, зборуваме за општествено одговорно и контролирано консумирање. Зборувајќи за разликата во количината по пол, не се работи за дискриминација на жените, туку за тоа дека машкиот организам е генетски поотпорен на алкохол и му „треба“ околу 10, а на жените 5 години континуирано прекумерно пиење, за да се развие алкохолизам. Луѓето кои консумираат алкохол, за да го намалат ризикот по здравјето, мора да водат сметка и за распределбата на консумирањето. Пиење шише пиво во текот на неделата со ручек или седум шишиња во сабота навечер не е исто. По секое тешко пијанство, труење на телото (често придружено со алкохолна амнезија), човекот едноставно станува поглупав, бидејќи високата концентрација на алкохол неповратно убива милиони најпаметни мозочни клетки и уништува безброј меѓуневронски конекции. Се чувствуваат тешкотии во памтењето, сеќавањето… Во пијанството се уништуваат и безброј клетки на црниот дроб и панкреасот… кои до одреден степен можат да се регенерираат, а кога тоа ќе престане, почнуваат да се појавуваат симптоми на цироза на црниот дроб, панкреатитис, миокардиопатија, полиневропатија...

The post Д-р Сакоман открива колку алкохол дневно треба да пиеме за да не му штетиме на здравјето и да не сме алкохоличари appeared first on Република.

]]>