алкохол Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/alkohol/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Oct 2024 15:25:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png алкохол Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/alkohol/ 32 32 Шест видови на рак кои ги предизвикува алкохолот https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/shest-vidovi-na-rak-koi-gi-predizvikuva-alkoholot/ Fri, 18 Oct 2024 16:54:54 +0000 https://republika.mk/?p=828551

Порано се мислеше дека малку алкохол е добро за вас. Сепак, како што напредуваат научните истражувања, добиваме појасна слика за влијанието на алкохолот врз здравјето – во новиот извештај на Американската асоцијација за истражување на ракот, конзумирањето алкохол е поврзано со шест видови на рак.

Авторите на извештајот проценуваат дека 40% од сите видови на рак се поврзани со „фактори на ризик кои се модифицираат“ – со други зборови, работи што можеме да ги промениме. Меѓу нив се издвојува консумацијата на алкохол. Имено, шест видови на рак се поврзани со консумирање алкохол: рак на главата и вратот, на хранопроводникот, на црниот дроб, на дојката, на колоректалниот карцином и рак на желудникот, пренесува Science Alert.

Статистиката е отрезнувачка. Во 2019 година, повеќе од една од 20 дијагнози на рак на Запад се припишуваат на консумирање алкохол, а процентот се зголемува со текот на времето, потврдувајќи ги студиите кои го поврзуваат алкохолот со ризикот од рак.

Исто така, извештајот нагласува еден вознемирувачки тренд: зголемување на стапките на одредени видови на рак кај помладите возрасни лица.

„Тоа е загатка која истражувачите како мене сè уште се обидуваат да ја разберат, но консумирањето алкохол се појавува како потенцијален лидер на листата на причини“, вели Џастин Стебинг, професор по биомедицински науки на Универзитетот Раскин во Англија, додавајќи дека зголемената инциденца на колоректален рак кај помладите од 50 години е особено загрижувачки. Извештајот забележува годишен пораст од 1,9% помеѓу 2011 и 2019 година.

Додека точните причини за овој тренд сè уште се истражуваат, истражувањата постојано покажуваат врска помеѓу честото и редовното пиење во раната и средната зрелост и поголем ризик од рак на дебелото црево и ректумот подоцна во животот.

„Но, исто така е важно да се разбере дека оваа приказна не е трагедија. Тоа е повеќе предупредувачка приказна со потенцијал за среќен крај. За разлика од многу фактори на ризик за рак, консумирањето алкохол е нешто што можеме да го контролираме. Намалувањето или елиминирањето на внесот на алкохол може да го намали ризикот, нудејќи форма на зајакнување во лицето на често непредвидлива болест. Врската помеѓу алкохолот и ризикот од рак генерално ја следи шемата на доза-одговор, што едноставно значи дека повисоките нивоа на потрошувачка се поврзани со поголем ризик. Дури и малото до умерено консумирање алкохол е поврзано со зголемен ризик од некои видови на рак, особено рак на дојка“, забележува Стебинг и во текстот првично објавен на The Conversation, тој објаснува како алкохолот може да ја оштети ДНК, што може да предизвика рак.

Кога пиеме, нашите тела го разградуваат алкохолот во ацеталдехид, супстанца која може да ја оштети нашата ДНК, планот на нашите клетки. Ова значи дека алкохолот потенцијално може да ја преработи нашата ДНК и да создаде промени наречени мутации, што пак може да предизвика рак, вели научникот.

Според него, приказната станува посложена кога ќе ги земеме предвид различните начини на кои алкохолот комуницира со нашите тела. Може да ја наруши апсорпцијата на хранливи материи и витамини, да го промени нивото на хормоните, па дури и да ја олесни пенетрацијата на штетните хемикалии во клетките во устата и грлото. Тоа може да влијае на бактериите во нашите црева важни за нашето здравје.

Се разбира, иако алкохолот го зголемува ризикот од рак, тоа не значи дека сите алкохоличари ќе развијат рак. Многу фактори придонесуваат за развој на рак.

Употребата на тутун и пушењето, на пример, може значително да го зголеми ризикот од рак поврзан со алкохол. Генетските фактори исто така играат улога, со одредени варијации кои влијаат на тоа како нашите тела го метаболизираат (разградуваат) алкохолот. Физичката неактивност и дебелината, често поврзани со обилно пиење, исто така го зголемуваат ризикот од рак, а со алкохолот уште полошо.

Видот на алкохолен пијалок, без разлика дали е пиво, вино или жесток пијалок, не ја менува значително ситуацијата, забележува Стебинг. Самиот етанол е канцероген.

И додека некои студии сугерираат дека црвеното вино може да има заштитни ефекти против одредени болести, нема јасен доказ дека помага во спречување на ракот“. Потенцијалните ризици од пиење алкохол веројатно ги надминуваат сите потенцијални придобивки. Поентата не е дека никогаш не треба да уживаме во чаша вино или пиво со пријателите. Наместо тоа, се работи за тоа да бидеме свесни за потенцијалните ризици и да правиме избори што се во согласност со нашите здравствени цели. Станува збор за умереност, внимателност и информирано одлучување, посочува тој.

 

The post Шест видови на рак кои ги предизвикува алкохолот appeared first on Република.

]]>

Порано се мислеше дека малку алкохол е добро за вас. Сепак, како што напредуваат научните истражувања, добиваме појасна слика за влијанието на алкохолот врз здравјето – во новиот извештај на Американската асоцијација за истражување на ракот, конзумирањето алкохол е поврзано со шест видови на рак. Авторите на извештајот проценуваат дека 40% од сите видови на рак се поврзани со „фактори на ризик кои се модифицираат“ – со други зборови, работи што можеме да ги промениме. Меѓу нив се издвојува консумацијата на алкохол. Имено, шест видови на рак се поврзани со консумирање алкохол: рак на главата и вратот, на хранопроводникот, на црниот дроб, на дојката, на колоректалниот карцином и рак на желудникот, пренесува Science Alert. Статистиката е отрезнувачка. Во 2019 година, повеќе од една од 20 дијагнози на рак на Запад се припишуваат на консумирање алкохол, а процентот се зголемува со текот на времето, потврдувајќи ги студиите кои го поврзуваат алкохолот со ризикот од рак. Исто така, извештајот нагласува еден вознемирувачки тренд: зголемување на стапките на одредени видови на рак кај помладите возрасни лица. „Тоа е загатка која истражувачите како мене сè уште се обидуваат да ја разберат, но консумирањето алкохол се појавува како потенцијален лидер на листата на причини“, вели Џастин Стебинг, професор по биомедицински науки на Универзитетот Раскин во Англија, додавајќи дека зголемената инциденца на колоректален рак кај помладите од 50 години е особено загрижувачки. Извештајот забележува годишен пораст од 1,9% помеѓу 2011 и 2019 година. Додека точните причини за овој тренд сè уште се истражуваат, истражувањата постојано покажуваат врска помеѓу честото и редовното пиење во раната и средната зрелост и поголем ризик од рак на дебелото црево и ректумот подоцна во животот. „Но, исто така е важно да се разбере дека оваа приказна не е трагедија. Тоа е повеќе предупредувачка приказна со потенцијал за среќен крај. За разлика од многу фактори на ризик за рак, консумирањето алкохол е нешто што можеме да го контролираме. Намалувањето или елиминирањето на внесот на алкохол може да го намали ризикот, нудејќи форма на зајакнување во лицето на често непредвидлива болест. Врската помеѓу алкохолот и ризикот од рак генерално ја следи шемата на доза-одговор, што едноставно значи дека повисоките нивоа на потрошувачка се поврзани со поголем ризик. Дури и малото до умерено консумирање алкохол е поврзано со зголемен ризик од некои видови на рак, особено рак на дојка“, забележува Стебинг и во текстот првично објавен на The Conversation, тој објаснува како алкохолот може да ја оштети ДНК, што може да предизвика рак.
Кога пиеме, нашите тела го разградуваат алкохолот во ацеталдехид, супстанца која може да ја оштети нашата ДНК, планот на нашите клетки. Ова значи дека алкохолот потенцијално може да ја преработи нашата ДНК и да создаде промени наречени мутации, што пак може да предизвика рак, вели научникот.
Според него, приказната станува посложена кога ќе ги земеме предвид различните начини на кои алкохолот комуницира со нашите тела. Може да ја наруши апсорпцијата на хранливи материи и витамини, да го промени нивото на хормоните, па дури и да ја олесни пенетрацијата на штетните хемикалии во клетките во устата и грлото. Тоа може да влијае на бактериите во нашите црева важни за нашето здравје. Се разбира, иако алкохолот го зголемува ризикот од рак, тоа не значи дека сите алкохоличари ќе развијат рак. Многу фактори придонесуваат за развој на рак. Употребата на тутун и пушењето, на пример, може значително да го зголеми ризикот од рак поврзан со алкохол. Генетските фактори исто така играат улога, со одредени варијации кои влијаат на тоа како нашите тела го метаболизираат (разградуваат) алкохолот. Физичката неактивност и дебелината, често поврзани со обилно пиење, исто така го зголемуваат ризикот од рак, а со алкохолот уште полошо. Видот на алкохолен пијалок, без разлика дали е пиво, вино или жесток пијалок, не ја менува значително ситуацијата, забележува Стебинг. Самиот етанол е канцероген.
И додека некои студии сугерираат дека црвеното вино може да има заштитни ефекти против одредени болести, нема јасен доказ дека помага во спречување на ракот“. Потенцијалните ризици од пиење алкохол веројатно ги надминуваат сите потенцијални придобивки. Поентата не е дека никогаш не треба да уживаме во чаша вино или пиво со пријателите. Наместо тоа, се работи за тоа да бидеме свесни за потенцијалните ризици и да правиме избори што се во согласност со нашите здравствени цели. Станува збор за умереност, внимателност и информирано одлучување, посочува тој.
 

The post Шест видови на рак кои ги предизвикува алкохолот appeared first on Република.

]]>
Кина воведе царина на алкохолните пијалаци од ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kina-vovede-tsarina-na-alkoholnite-pijalatsi-od-eu/ Tue, 08 Oct 2024 11:29:34 +0000 https://republika.mk/?p=824189

Кина воведе привремени царини за увоз на алкохолни пијалаци од Европска Унија, со образложение дека нереално ниските продажни цени може да им наштетат на домашните производители.

На почетокот на годината Кина отвори истрага за можните дампинг алкохолни пијалаци од ЕУ, заклучувајќи дека здружението на домашните производители приложило „релевантни докази“ дека нивните продажни цени се пониски од трошоците за производство.

Истрагата го опфати периодот од октомври 2022 година до септември 2023 година и штетите во кинескиот сектор за производство на алкохолни пијалаци од 2019 до 2023 година, при што е утврдено дека европските дестилерии продаваа алкохолни пијалаци со попуст од 30,6 до 39 отсто.

Здружението на производители на коњак БНИЦ во јануари тврдеше дека попустот изнесува 15,88 проценти и оти е „особено скромен во споредба со она што е општоприфатено како основа за антидампинг истрага“.

Производителите на коњак од ЕУ соопштија дека се „внимателни оптимисти“ пред разговорите помеѓу претставниците на Пекинг и Брисел за трговските спорови.

Во меѓувреме, ЕУ воведе дополнителни царини за кинеските електрични автомобили, а кинеското Министерство за трговија најави прелиминарни царини за увоз на европски автомобили.

The post Кина воведе царина на алкохолните пијалаци од ЕУ appeared first on Република.

]]>

Кина воведе привремени царини за увоз на алкохолни пијалаци од Европска Унија, со образложение дека нереално ниските продажни цени може да им наштетат на домашните производители. На почетокот на годината Кина отвори истрага за можните дампинг алкохолни пијалаци од ЕУ, заклучувајќи дека здружението на домашните производители приложило „релевантни докази“ дека нивните продажни цени се пониски од трошоците за производство. Истрагата го опфати периодот од октомври 2022 година до септември 2023 година и штетите во кинескиот сектор за производство на алкохолни пијалаци од 2019 до 2023 година, при што е утврдено дека европските дестилерии продаваа алкохолни пијалаци со попуст од 30,6 до 39 отсто. Здружението на производители на коњак БНИЦ во јануари тврдеше дека попустот изнесува 15,88 проценти и оти е „особено скромен во споредба со она што е општоприфатено како основа за антидампинг истрага“. Производителите на коњак од ЕУ соопштија дека се „внимателни оптимисти“ пред разговорите помеѓу претставниците на Пекинг и Брисел за трговските спорови. Во меѓувреме, ЕУ воведе дополнителни царини за кинеските електрични автомобили, а кинеското Министерство за трговија најави прелиминарни царини за увоз на европски автомобили.

The post Кина воведе царина на алкохолните пијалаци од ЕУ appeared first on Република.

]]>
Јапонија ги охрабрува младите да пијат повеќе алкохол https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/japonija-gi-ohrabruva-mladite-da-pijat-poveke-alkohol/ Sat, 05 Oct 2024 19:30:27 +0000 https://republika.mk/?p=823117

Јапонските власти почнаа национален натпревар, повикувајќи на идеи за поттикнување на помладата генерација, на возраст меѓу 20 и 39 години, да пијат повеќе алкохол. Ваквата иницијатива доаѓа откако промената во ставовите на младите во однос на алкохолот доведе до пад на даночните приходи.

Помладите генерации во Јапонија пијат помалку алкохол од нивните родители, што влијае на производството и ги намалува владините приходи од даноците на пијалоци како што е сакето (алкохолен пијалок направен со ферментирање на ориз).

Државната даночна агенција објави дека потрошувачката на алкохол во Јапонија е намалена од просечни 100 литри по лице годишно во 1995 година на 75 литри во 2020 година.

The post Јапонија ги охрабрува младите да пијат повеќе алкохол appeared first on Република.

]]>

Јапонските власти почнаа национален натпревар, повикувајќи на идеи за поттикнување на помладата генерација, на возраст меѓу 20 и 39 години, да пијат повеќе алкохол. Ваквата иницијатива доаѓа откако промената во ставовите на младите во однос на алкохолот доведе до пад на даночните приходи. Помладите генерации во Јапонија пијат помалку алкохол од нивните родители, што влијае на производството и ги намалува владините приходи од даноците на пијалоци како што е сакето (алкохолен пијалок направен со ферментирање на ориз). Државната даночна агенција објави дека потрошувачката на алкохол во Јапонија е намалена од просечни 100 литри по лице годишно во 1995 година на 75 литри во 2020 година.

The post Јапонија ги охрабрува младите да пијат повеќе алкохол appeared first on Република.

]]>
Ни „пивце за живце“: Нема алкохол на СП 2034 во Саудиска Арабија https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/ni-pivtse-za-zhivtse-nema-alkohol-na-sp-2034-vo-saudiska-arabija/ Tue, 24 Sep 2024 13:38:09 +0000 https://republika.mk/?p=819257

Алкохолот најверојатно нема да се продава на Светското фудбалско првенство во 2034 година.

Пиењето алкохол е нелегално во Саудиска Арабија. „Sky Sports“ забележува дека не се планира да се олабават законите навреме за Мундијалот по 10 години.

Ние сме домаќини на повеќе од сто спортски настани без алкохол, пречекувајќи три милиони навивачи. Тие си поминаа одлично и открија што има да понуди Саудиска Арабија – забава, уметност, музика, култура и наследство, изјави саудискиот менаџер Хамад Ал Балави.

Покрај тоа, турнирот би можел да се одржи во зима, исто како Светското првенство во Катар во 2022 година.

Тоа ќе биде одлука помеѓу ФИФА, конфедерациите, лигите и фудбалските асоцијации. Ќе се вклучиме во оваа дискусија во догледно време. Подготвени сме да примиме гости кога тоа ќе биде побарано, додаде Ал Балави.

Саудиска Арабија е единствениот кандидат за домаќин на Светското првенство во 2034 година. Таа треба официјално да биде прогласена како земја домаќин на турнирот на Конгресот на ФИФА на 11 декември.

The post Ни „пивце за живце“: Нема алкохол на СП 2034 во Саудиска Арабија appeared first on Република.

]]>

Алкохолот најверојатно нема да се продава на Светското фудбалско првенство во 2034 година. Пиењето алкохол е нелегално во Саудиска Арабија. „Sky Sports“ забележува дека не се планира да се олабават законите навреме за Мундијалот по 10 години.
Ние сме домаќини на повеќе од сто спортски настани без алкохол, пречекувајќи три милиони навивачи. Тие си поминаа одлично и открија што има да понуди Саудиска Арабија – забава, уметност, музика, култура и наследство, изјави саудискиот менаџер Хамад Ал Балави.
Покрај тоа, турнирот би можел да се одржи во зима, исто како Светското првенство во Катар во 2022 година.
Тоа ќе биде одлука помеѓу ФИФА, конфедерациите, лигите и фудбалските асоцијации. Ќе се вклучиме во оваа дискусија во догледно време. Подготвени сме да примиме гости кога тоа ќе биде побарано, додаде Ал Балави.
Саудиска Арабија е единствениот кандидат за домаќин на Светското првенство во 2034 година. Таа треба официјално да биде прогласена како земја домаќин на турнирот на Конгресот на ФИФА на 11 декември.

The post Ни „пивце за живце“: Нема алкохол на СП 2034 во Саудиска Арабија appeared first on Република.

]]>
Би се откажале ли од алкохол за да доживеете стотка? https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/bi-se-otkazhale-li-od-alkohol-za-da-dozhiveete-stotka/ Sun, 15 Sep 2024 14:03:34 +0000 https://republika.mk/?p=816174

 Жена која неодамна наполнила 107 години ги открива тајните на долговечноста... Имено, таа е убедена дека „завидната возраст“ се постигнува со урамнотежена исхрана и секојдневна активност. Но, и уште две работи: Избегнување алкохол и луѓе со негативна енергија.

Според стогодишничката, пред сè, важно е да се избегнува алкохолот што не само што ги уништува телото и умот, туку и животот на луѓето околу зависникот, пренесува хрватски „Н-1“.

Говорејќи за здравата исхрана, таа препорачува житарки и јогурт со малку маснотии за појадок, на пр., а во текот на денот и многу овошје и зеленчук. Исто така, речиси секогаш, кога одела на работа, пред да почне денот, го масирала или триела своето тело со ракавица за масажа, што ја стимулира циркулацијата на крвта.

Но, тука е и опкружувањето... Ако го минуваме времето со негативни луѓе, вели, ние сме под стрес и исцрпени, што влијае на психо-физичката состојба и благосостојба. Затоа, советот гласи: Опкружете се со позитивни луѓе кои ќе ве насмеат и ќе го изнесат најдоброто од нас. Тоа значи посреќен и поисполнет живот.

The post Би се откажале ли од алкохол за да доживеете стотка? appeared first on Република.

]]>

 Жена која неодамна наполнила 107 години ги открива тајните на долговечноста... Имено, таа е убедена дека „завидната возраст“ се постигнува со урамнотежена исхрана и секојдневна активност. Но, и уште две работи: Избегнување алкохол и луѓе со негативна енергија. Според стогодишничката, пред сè, важно е да се избегнува алкохолот што не само што ги уништува телото и умот, туку и животот на луѓето околу зависникот, пренесува хрватски „Н-1“. Говорејќи за здравата исхрана, таа препорачува житарки и јогурт со малку маснотии за појадок, на пр., а во текот на денот и многу овошје и зеленчук. Исто така, речиси секогаш, кога одела на работа, пред да почне денот, го масирала или триела своето тело со ракавица за масажа, што ја стимулира циркулацијата на крвта. Но, тука е и опкружувањето... Ако го минуваме времето со негативни луѓе, вели, ние сме под стрес и исцрпени, што влијае на психо-физичката состојба и благосостојба. Затоа, советот гласи: Опкружете се со позитивни луѓе кои ќе ве насмеат и ќе го изнесат најдоброто од нас. Тоа значи посреќен и поисполнет живот.

The post Би се откажале ли од алкохол за да доживеете стотка? appeared first on Република.

]]>
Брзо пропадната идеја: Единствениот бар без алкохол во Манчестер се затвора по само една година работа https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/brzo-propadnata-ideja-edinstveniot-bar-bez-alkohol-vo-manchester-se-zatvora-po-samo-edna-godina-rabota/ Mon, 05 Aug 2024 17:35:30 +0000 https://republika.mk/?p=803658

Единствениот бар без алкохол во Манчестер се затвора поради лошата работа по помалку од една година работа.

Сопственикот на барот, кој беше отворен во центарот на Манчестер во јануари под името „Love from“, вели дека неговата цел била да се обиде да ја промени перцепцијата на британската култура на пиење нудејќи им на посетителите ново искуство во ноќниот живот без алкохол.

Карл Консидин (39) за Тајмс вели дека барот првично работел добро бидејќи бил отворен за време на таканаречениот „сув јануари“ кога околу 8,5 милиони Британци се воздржувале од алкохол.

Сувиот јануари е месец кога, по декемвриските претерувања, многумина доброволно престануваат да пијат алкохол и сакаат да влезат во новата година трезвени, бистри, освежени и поздрави. Во својот бар, Консидин нудел безалкохолни коктели за седум и пол фунти и безалкохолно пиво за шест фунти за половина литар.

Но, како што одминувала годината, бројот на гости почнал да се намалува.

Многумина дури и го продолжуваат „Сувиот јануари“ бидејќи веќе по еден месец без алкохол се забележуваат придобивките што ги видовме и кај нашите гости. Но, со потоплото време, луѓето претпочитаа да пијат на отворено. Така забележавме дека блиските локали беа полни додека ние бевме празни. Тоа беше особено видливо за време на фудбалското првенство кога повеќето локали околу нас беа полни, за разлика од нашите“, вели Консидин.

Тој вели дека очекува интерес од многу помлади посетители, особено членовите на генерацијата З, но тоа не се оствари.

Затоа во јули, тој најави затворање поради финансиски тешкотии и силната конкуренција во центарот на градот.

И покрај затворањето на барот, Консидин останува посветен на промовирање на животниот стил без алкохол преку поп-ап настани на фестивали, корпоративни настани и свадби.

The post Брзо пропадната идеја: Единствениот бар без алкохол во Манчестер се затвора по само една година работа appeared first on Република.

]]>

Единствениот бар без алкохол во Манчестер се затвора поради лошата работа по помалку од една година работа. Сопственикот на барот, кој беше отворен во центарот на Манчестер во јануари под името „Love from“, вели дека неговата цел била да се обиде да ја промени перцепцијата на британската култура на пиење нудејќи им на посетителите ново искуство во ноќниот живот без алкохол. Карл Консидин (39) за Тајмс вели дека барот првично работел добро бидејќи бил отворен за време на таканаречениот „сув јануари“ кога околу 8,5 милиони Британци се воздржувале од алкохол. Сувиот јануари е месец кога, по декемвриските претерувања, многумина доброволно престануваат да пијат алкохол и сакаат да влезат во новата година трезвени, бистри, освежени и поздрави. Во својот бар, Консидин нудел безалкохолни коктели за седум и пол фунти и безалкохолно пиво за шест фунти за половина литар. Но, како што одминувала годината, бројот на гости почнал да се намалува.
Многумина дури и го продолжуваат „Сувиот јануари“ бидејќи веќе по еден месец без алкохол се забележуваат придобивките што ги видовме и кај нашите гости. Но, со потоплото време, луѓето претпочитаа да пијат на отворено. Така забележавме дека блиските локали беа полни додека ние бевме празни. Тоа беше особено видливо за време на фудбалското првенство кога повеќето локали околу нас беа полни, за разлика од нашите“, вели Консидин.
Тој вели дека очекува интерес од многу помлади посетители, особено членовите на генерацијата З, но тоа не се оствари. Затоа во јули, тој најави затворање поради финансиски тешкотии и силната конкуренција во центарот на градот. И покрај затворањето на барот, Консидин останува посветен на промовирање на животниот стил без алкохол преку поп-ап настани на фестивали, корпоративни настани и свадби.

The post Брзо пропадната идеја: Единствениот бар без алкохол во Манчестер се затвора по само една година работа appeared first on Република.

]]>
Дали би ги посетиле: Ова се топ-10 земјите за туризам без алкохол https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/dali-bi-gi-posetile-ova-se-top-10-zemjite-za-turizam-bez-alkohol/ Wed, 12 Jun 2024 19:51:34 +0000 https://republika.mk/?p=786940

Групните тури без алкохол и ноќевањата без алкохол се вообичаена понуда за патувања ширум светот, но некои дестинации се природно подобри за „трезните патници“ во однос на некои други.

Во таа смисла, ново истражување од „Лантана рикавери“ - установа за рехабилитација од Чарлстон, Јужна Каролина, САД, го испитува бројот на безалкохолни активности, потрошувачката на алкохол по глава на жител, севкупните здравствени оценки, јавната безбедност и законите за алкохол во повеќе земји ширум светот. Секоја дестинација потоа добивала оценка од 1 до 100, што го обликувало конечниот ранг.

Според таквото истражување, Исланд е најпогодната земја за туристите кои не користат алкохол. Меѓу другото и во однос на личната и јавната безбедност. Италија, пак, имала најниска оценка за појавата на зависност од алкохол, од 0,6 отсто, со што го зазеде второто место, а Норвешка е трета, најмногу поради квалитетот и бројот закони за алкохол.

Европа всушност има шест од првите 10 места на топ-листата. Најдобри 10 земји за патници кои не пијат алкохол, се: Исланд, Италија, Норвешка, Данска, Јапонија, Швајцарија, Австралија, Сингапур, Нов Зеланд и Холандија.

The post Дали би ги посетиле: Ова се топ-10 земјите за туризам без алкохол appeared first on Република.

]]>

Групните тури без алкохол и ноќевањата без алкохол се вообичаена понуда за патувања ширум светот, но некои дестинации се природно подобри за „трезните патници“ во однос на некои други. Во таа смисла, ново истражување од „Лантана рикавери“ - установа за рехабилитација од Чарлстон, Јужна Каролина, САД, го испитува бројот на безалкохолни активности, потрошувачката на алкохол по глава на жител, севкупните здравствени оценки, јавната безбедност и законите за алкохол во повеќе земји ширум светот. Секоја дестинација потоа добивала оценка од 1 до 100, што го обликувало конечниот ранг. Според таквото истражување, Исланд е најпогодната земја за туристите кои не користат алкохол. Меѓу другото и во однос на личната и јавната безбедност. Италија, пак, имала најниска оценка за појавата на зависност од алкохол, од 0,6 отсто, со што го зазеде второто место, а Норвешка е трета, најмногу поради квалитетот и бројот закони за алкохол. Европа всушност има шест од првите 10 места на топ-листата. Најдобри 10 земји за патници кои не пијат алкохол, се: Исланд, Италија, Норвешка, Данска, Јапонија, Швајцарија, Австралија, Сингапур, Нов Зеланд и Холандија.

The post Дали би ги посетиле: Ова се топ-10 земјите за туризам без алкохол appeared first on Република.

]]>
На која возраст е најдобро да се остави алкохолот? https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/na-koja-vozrast-e-najdobro-da-se-ostavi-alkoholot/ Sun, 09 Jun 2024 13:16:30 +0000 https://republika.mk/?p=785920

Многумина повремено уживаат во алкохолни пијалоци... Но, некои луѓе често знаат и да претераат, што не е добро за нивното целокупно здравје. 3атоа, неврологот и невропсихијатар Ричард Рестак открива: Во која доба треба трајно да се престане со алкохол?

Во својата книга „Како да се спречи деменција“, неврологот ја образложува врската меѓу алкохолот и можноста за појава на одредени болести. Тој вели дека алкохолот е „директен невротоксин“, што значи дека редовното пиење големи количини алкохол може да биде штетно за мозокот, а оттука и за другите органи.

Запрашајте се: „Зошто пијам?“ Ако одговорот е: „Алкохолот ми помага да си го подигнам расположението и да ја намалам анксиозноста“, можеби сте изложени на опасност и веројатно е најдобро да престанете целосно со алкохолот, објаснува д-р Рестак.

Советот гласи: Откажете се од алкохолот по навршувањето 65 години.

На таа возраст вашиот мозок веројатно веќе консумирал алкохол колку што му е потребно на вашето тело. Кога алкохолот го оштетува мозокот, тоа влијае и на агилноста на телото, а можноста и за паѓање е поголема, појасни лекарот.

Наводите говорат: Стапката на смртност од пад е во раст - особено кај повозрасните мажи. Пиењето може да биде особено опасно за оние луѓе кои веќе се погодени од мускулна атрофија, проблеми со рамнотежата или користат одредени лекови.

The post На која возраст е најдобро да се остави алкохолот? appeared first on Република.

]]>

Многумина повремено уживаат во алкохолни пијалоци... Но, некои луѓе често знаат и да претераат, што не е добро за нивното целокупно здравје. 3атоа, неврологот и невропсихијатар Ричард Рестак открива: Во која доба треба трајно да се престане со алкохол? Во својата книга „Како да се спречи деменција“, неврологот ја образложува врската меѓу алкохолот и можноста за појава на одредени болести. Тој вели дека алкохолот е „директен невротоксин“, што значи дека редовното пиење големи количини алкохол може да биде штетно за мозокот, а оттука и за другите органи.
Запрашајте се: „Зошто пијам?“ Ако одговорот е: „Алкохолот ми помага да си го подигнам расположението и да ја намалам анксиозноста“, можеби сте изложени на опасност и веројатно е најдобро да престанете целосно со алкохолот, објаснува д-р Рестак.
Советот гласи: Откажете се од алкохолот по навршувањето 65 години.
На таа возраст вашиот мозок веројатно веќе консумирал алкохол колку што му е потребно на вашето тело. Кога алкохолот го оштетува мозокот, тоа влијае и на агилноста на телото, а можноста и за паѓање е поголема, појасни лекарот.
Наводите говорат: Стапката на смртност од пад е во раст - особено кај повозрасните мажи. Пиењето може да биде особено опасно за оние луѓе кои веќе се погодени од мускулна атрофија, проблеми со рамнотежата или користат одредени лекови.

The post На која возраст е најдобро да се остави алкохолот? appeared first on Република.

]]>
Ролан Гарос забрани алкохол на трибините https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/rolan-garos-zabrani-alkohol-na-tribinite/ Thu, 30 May 2024 17:50:51 +0000 https://republika.mk/?p=783294

Организаторите на Ролан Гарос донесоа забрана за пиење алкохол на трибините, откако навивач го плукна белгискиот тенисер Дејвид Гофин во вторникот.

„Среќни сме што гледаме дека има атмосфера и емоции на трибините, но ќе бидеме бескомпромисни во однос на почитта кон играчите и во однос на почитувањето на играта“, изјави директорката на турнирот и поранешна тенисерка, Амели Моресмо.

Гофин го победи францускиот тенисер Џовани Перикар со 4:6, 6:4, 6:3, 6:7 (4), 6:3, а Белгиецот во текот на дуелот кој траеше три и пол часа беше навредуван од публиката.

Раководството на вториот грен слем турнир сезонава соопшти дека на навивачите, сепак, ќе им биде дозволено да пијат алкохол надвор од теренот и стадионот, но нема да можат да седат со пијалаци на своите места.

Директорот на турнирот најави и дека ќе бидат засилени безбедносните мерки, а судиите добија инструкции да бидат построги со публиката за време на натпреварите.

The post Ролан Гарос забрани алкохол на трибините appeared first on Република.

]]>

Организаторите на Ролан Гарос донесоа забрана за пиење алкохол на трибините, откако навивач го плукна белгискиот тенисер Дејвид Гофин во вторникот.
„Среќни сме што гледаме дека има атмосфера и емоции на трибините, но ќе бидеме бескомпромисни во однос на почитта кон играчите и во однос на почитувањето на играта“, изјави директорката на турнирот и поранешна тенисерка, Амели Моресмо.
Гофин го победи францускиот тенисер Џовани Перикар со 4:6, 6:4, 6:3, 6:7 (4), 6:3, а Белгиецот во текот на дуелот кој траеше три и пол часа беше навредуван од публиката. Раководството на вториот грен слем турнир сезонава соопшти дека на навивачите, сепак, ќе им биде дозволено да пијат алкохол надвор од теренот и стадионот, но нема да можат да седат со пијалаци на своите места. Директорот на турнирот најави и дека ќе бидат засилени безбедносните мерки, а судиите добија инструкции да бидат построги со публиката за време на натпреварите.

The post Ролан Гарос забрани алкохол на трибините appeared first on Република.

]]>
Воведени построги казни за пиење алкохол на јавни места во Мајорка и Ибица https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vovedeni-postrogi-kazni-za-piene-alkohol-na-javni-mesta-vo-majorka-i-ibitsa/ Sat, 18 May 2024 07:16:15 +0000 https://republika.mk/?p=779384

Туристите во делови на островите Мајорка и Ибица ќе се соочат со високи казни за пиење алкохол на улица, откако властите на Балеарските Острови на Шпанија ги заострија законите, првпат воведени во 2020 година.

Покрај забраната за пиењето алкохол на улица, новите правила налагаат забрана за продавање алкохол доцна навечер. Засилени се и контролите на платформите за забави. Имено, туристите може да бидат казнети со 750 до 1.500 евра доколку нивното пиење на јавно место „го нарушува соживотот или мирот“ во животната средина. За посериозен прекршок има казни и од 1.500 до 3.000 евра.

Правилата се применуваат во три одморалишта на Мајорка - Лукмајор, Палма и Калвија, како и Сан Антонио на Ибица.

Забраната важи за една морска милја (1,85 км) од брегот за сите овие дестинации, а на бродовите за забава им е забрането да се приближуваат и им е забрането да земаат или оставаат патници во овие области. Исклучок каде што може да се пие на улица се терасите на баровите или рестораните, или другите области каде што тоа е дозволено со закон.

Продавниците кои нудат алкохол ќе мора да затворат меѓу 21:30 и 8:00 часот.

The post Воведени построги казни за пиење алкохол на јавни места во Мајорка и Ибица appeared first on Република.

]]>

Туристите во делови на островите Мајорка и Ибица ќе се соочат со високи казни за пиење алкохол на улица, откако властите на Балеарските Острови на Шпанија ги заострија законите, првпат воведени во 2020 година. Покрај забраната за пиењето алкохол на улица, новите правила налагаат забрана за продавање алкохол доцна навечер. Засилени се и контролите на платформите за забави. Имено, туристите може да бидат казнети со 750 до 1.500 евра доколку нивното пиење на јавно место „го нарушува соживотот или мирот“ во животната средина. За посериозен прекршок има казни и од 1.500 до 3.000 евра. Правилата се применуваат во три одморалишта на Мајорка - Лукмајор, Палма и Калвија, како и Сан Антонио на Ибица. Забраната важи за една морска милја (1,85 км) од брегот за сите овие дестинации, а на бродовите за забава им е забрането да се приближуваат и им е забрането да земаат или оставаат патници во овие области. Исклучок каде што може да се пие на улица се терасите на баровите или рестораните, или другите области каде што тоа е дозволено со закон. Продавниците кои нудат алкохол ќе мора да затворат меѓу 21:30 и 8:00 часот.

The post Воведени построги казни за пиење алкохол на јавни места во Мајорка и Ибица appeared first on Република.

]]>
Три пијалоци се најлоши за здравјето на цревата https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/tri-pijalotsi-se-najloshi-za-zdravjeto-na-tsrevata/ Sun, 05 May 2024 15:14:23 +0000 https://republika.mk/?p=774245

Преработените пијалоци вклучуваат широк спектар на пијалоци кои поминале низ различни производни процеси. Овие пијалоци често содржат додадени шеќери, вештачки ароми, конзерванси и други адитиви за подобрување на вкусот, изгледот и рокот на траење.

ОВА се трите пијалоци кои се најлоши за здравјето на цревата:

Енергетски пијалоци

Енергетските пијалоци, кои често се консумираат за брзо добивање на енергија, може да имаат негативни ефекти врз здравјето на цревата и да придонесат за акумулација на висцерални масти.

Полни со кофеин, шеќер и вештачки адитиви, овие високо преработени пијалоци можат да ја нарушат деликатната рамнотежа на бактериите во цревата, што доведува до воспаление и дигестивни проблеми.

Газирани пијалоци со шеќер

Пијалоците полни со големи количини на додадени шеќери, вештачки ароми и конзерванси, како газираните пијалоци, предизвикуваат хаос на различни начини.

Напливот на шеќер од овие пијалоци може да предизвика скок на шеќерот во крвта, што го принудува телото да складира вишок енергија како маснотии.

Покрај тоа, недостатокот на влакна и хранливи материи во газираните сокови дополнително ги влошува нивните негативни ефекти врз здравјето на цревата, отворајќи го патот за потенцијални долгорочни здравствени компликации.

Алкохол

Прекумерното внесување може да доведе до негативни ефекти врз здравјето на цревата, да придонесе за таложење на маснотии околу стомакот и други сериозни здравствени проблеми, предупредува докторот.

Одредени видови на алкохол, особено оние кои се богати со шеќер и калории, како слатки коктели и вино, може да го оштетат здравјето на нашите црева и да предизвикаат воспаление, што на крајот ќе доведе до варење и зголемување на телесната тежина.

The post Три пијалоци се најлоши за здравјето на цревата appeared first on Република.

]]>

Преработените пијалоци вклучуваат широк спектар на пијалоци кои поминале низ различни производни процеси. Овие пијалоци често содржат додадени шеќери, вештачки ароми, конзерванси и други адитиви за подобрување на вкусот, изгледот и рокот на траење. ОВА се трите пијалоци кои се најлоши за здравјето на цревата: Енергетски пијалоци Енергетските пијалоци, кои често се консумираат за брзо добивање на енергија, може да имаат негативни ефекти врз здравјето на цревата и да придонесат за акумулација на висцерални масти. Полни со кофеин, шеќер и вештачки адитиви, овие високо преработени пијалоци можат да ја нарушат деликатната рамнотежа на бактериите во цревата, што доведува до воспаление и дигестивни проблеми. Газирани пијалоци со шеќер Пијалоците полни со големи количини на додадени шеќери, вештачки ароми и конзерванси, како газираните пијалоци, предизвикуваат хаос на различни начини. Напливот на шеќер од овие пијалоци може да предизвика скок на шеќерот во крвта, што го принудува телото да складира вишок енергија како маснотии. Покрај тоа, недостатокот на влакна и хранливи материи во газираните сокови дополнително ги влошува нивните негативни ефекти врз здравјето на цревата, отворајќи го патот за потенцијални долгорочни здравствени компликации. Алкохол Прекумерното внесување може да доведе до негативни ефекти врз здравјето на цревата, да придонесе за таложење на маснотии околу стомакот и други сериозни здравствени проблеми, предупредува докторот. Одредени видови на алкохол, особено оние кои се богати со шеќер и калории, како слатки коктели и вино, може да го оштетат здравјето на нашите црева и да предизвикаат воспаление, што на крајот ќе доведе до варење и зголемување на телесната тежина.

The post Три пијалоци се најлоши за здравјето на цревата appeared first on Република.

]]>
Алармантна е употребата на алкохол и електронски цигари кај децата од 11 до 15 години, предупредува СЗО https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/alarmantna-e-upotrebata-na-alkohol-i-elektronski-tsigari-kaj-detsata-od-11-do-15-godini-predupreduva-szo/ Thu, 25 Apr 2024 09:41:56 +0000 https://republika.mk/?p=770873

Консумацијата на алкохол и електронски цигари кај децата на возраст од 11 до 15 години е „алармантна“ и бара „итна“ акција од властите, соопшти европскиот огранок на Светската здравствена организација (СЗО) во извештајот објавен денеска.

Широката употреба на штетни материи кај децата во многу земји во европскиот регион и пошироко, претставува сериозна закана за јавното здравје, предупреди регионалниот директор на СЗО, Ханс Клуге.

Тој бара повисоки даноци, ограничувања на продажбата и рекламирањето и забрана на аромите за да се спротивстави на овој тренд.

По неколку години пад на употребата на психоактивни супстанции, „некои податоци сугерираат дека пандемијата на Ковид-19 предизвика ново зголемување на потрошувачката, се вели во извештајот на СЗО.

Извештајот обединува податоци од 280.000 млади луѓе во Европа, Централна Азија и Канада.

Алкохолот сè уште е супстанцијата која најчесто ја консумираат адолесцентите - 57 отсто од 15-годишниците пиеле алкохолен пијалок барем еднаш, а од десет, речиси четворица консумирале алкохол во последните 30 дена.

СЗО е загрижена поради зголемувањето на потрошувачката на електронски цигари, особено кај адолесцентите.

Транзицијата кон е-цигари како популарен избор во споредба со конвенционалните цигари бара насочени интервенции, се наведува во извештајот и го привлекува вниманието на „штетното поставување“ на овие производи во видео игри, забавни програми и други содржини наменети за младите преку мултимедијални платформи.

The post Алармантна е употребата на алкохол и електронски цигари кај децата од 11 до 15 години, предупредува СЗО appeared first on Република.

]]>

Консумацијата на алкохол и електронски цигари кај децата на возраст од 11 до 15 години е „алармантна“ и бара „итна“ акција од властите, соопшти европскиот огранок на Светската здравствена организација (СЗО) во извештајот објавен денеска.
Широката употреба на штетни материи кај децата во многу земји во европскиот регион и пошироко, претставува сериозна закана за јавното здравје, предупреди регионалниот директор на СЗО, Ханс Клуге.
Тој бара повисоки даноци, ограничувања на продажбата и рекламирањето и забрана на аромите за да се спротивстави на овој тренд. По неколку години пад на употребата на психоактивни супстанции, „некои податоци сугерираат дека пандемијата на Ковид-19 предизвика ново зголемување на потрошувачката, се вели во извештајот на СЗО. Извештајот обединува податоци од 280.000 млади луѓе во Европа, Централна Азија и Канада. Алкохолот сè уште е супстанцијата која најчесто ја консумираат адолесцентите - 57 отсто од 15-годишниците пиеле алкохолен пијалок барем еднаш, а од десет, речиси четворица консумирале алкохол во последните 30 дена. СЗО е загрижена поради зголемувањето на потрошувачката на електронски цигари, особено кај адолесцентите.
Транзицијата кон е-цигари како популарен избор во споредба со конвенционалните цигари бара насочени интервенции, се наведува во извештајот и го привлекува вниманието на „штетното поставување“ на овие производи во видео игри, забавни програми и други содржини наменети за младите преку мултимедијални платформи.

The post Алармантна е употребата на алкохол и електронски цигари кај децата од 11 до 15 години, предупредува СЗО appeared first on Република.

]]>
Ноќва казнети 15 возачи под дејство на алкохол на територијата на СВР Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nokva-kazneti-15-vozachi-pod-dejstvo-na-alkohol-na-teritorijata-na-svr-bitola/ Sat, 09 Mar 2024 10:16:42 +0000 https://republika.mk/?p=752926

Во текот на изминатата вечер во периодот од 21 до 03 часот на територија на СВР Битола казнети биле 15 возачи во контрола за санкционирање возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, од нив девет се од Битола, тројца од Прилеп, двајца од Македонски Брод и еден во Ресен, а откриени биле и 12 други видови прекршоци.

 

The post Ноќва казнети 15 возачи под дејство на алкохол на територијата на СВР Битола appeared first on Република.

]]>

Во текот на изминатата вечер во периодот од 21 до 03 часот на територија на СВР Битола казнети биле 15 возачи во контрола за санкционирање возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, од нив девет се од Битола, тројца од Прилеп, двајца од Македонски Брод и еден во Ресен, а откриени биле и 12 други видови прекршоци.  

The post Ноќва казнети 15 возачи под дејство на алкохол на територијата на СВР Битола appeared first on Република.

]]>
СЗО: Жените имаат повеќе здравствени проблеми поради алкохолот, дури и кога пијат помалку https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/szo-zhenite-imaat-poveke-zdravstveni-problemi-poradi-alkoholot-duri-i-koga-pijat-pomalku/ Fri, 08 Mar 2024 08:21:47 +0000 https://republika.mk/?p=752512

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги повика националните влади во светот да го земат предвид полот кога развиваат политики за консумирање алкохол, предупредувајќи дека маркетингот во индустријата сè повеќе ги таргетира жените кои се соочуваат со поголеми здравствени ризици од мажите и од помалку алкохол.

Агенцијата на ОН со седиште во Женева соопшти дека има докази дека мажите, жените и малцинските групи се различно погодени од штетата поврзана со алкохолот и дека индустријата го прилагодила својот маркетинг за да таргетира различни полови. „Политиките за контрола на алкохолот во голема мера остануваат слепи за половите“, вели СЗО, повикувајќи ги владите да го земат предвид полот при дизајнирање контролни мерки.

Индустријата се повеќе користи родови пристапи за привлекување потрошувачи, истакнува СЗО, додавајќи дека е од клучно значење да се остане во чекор со овие променливи маркетинг тактики. По успехот во борбата против влијанието на другите производи, како што се цигарите, врз јавното здравје, СЗО сè повеќе го насочува вниманието кон решавање на прашањето за штетното дејство на алкохолот.

Светската здравствена организација ги нагласува студиите кои откриле дека индустријата сè повеќе ги таргетира жените - од пакувања до реклами кои ги нагласуваат аспектите на феминизмот или женското пријателство. Мажите се исто така цел на маркетинг кој ги нагласува традиционалните поими за мажественост и се изложени на поголем ризик од прекумерно пиење, развој на проблеми со алкохолот и вклучување во агресивно или ризично однесување, забележа СЗО. Но, жените претрпуваат поголема штета при пониски нивоа на консумирање алкохол.

ЛГБТК+ заедницата, исто така, се соочува со различни штети, често консумирајќи повеќе алкохол и има повеќе проблеми со зависност од хетеросексуалните луѓе, додека наследството на колонијализмот и економската маргинализација, исто така, ги ставија домородните народи во зголемен ризик, наведува СЗО.

Оваа организација посочува дека консумирањето алкохол е причински фактор за повеќе од 200 болести и повреди, меѓу кои и некои видови на рак, цироза на црниот дроб и кардиоваскуларни заболувања.

The post СЗО: Жените имаат повеќе здравствени проблеми поради алкохолот, дури и кога пијат помалку appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги повика националните влади во светот да го земат предвид полот кога развиваат политики за консумирање алкохол, предупредувајќи дека маркетингот во индустријата сè повеќе ги таргетира жените кои се соочуваат со поголеми здравствени ризици од мажите и од помалку алкохол. Агенцијата на ОН со седиште во Женева соопшти дека има докази дека мажите, жените и малцинските групи се различно погодени од штетата поврзана со алкохолот и дека индустријата го прилагодила својот маркетинг за да таргетира различни полови. „Политиките за контрола на алкохолот во голема мера остануваат слепи за половите“, вели СЗО, повикувајќи ги владите да го земат предвид полот при дизајнирање контролни мерки. Индустријата се повеќе користи родови пристапи за привлекување потрошувачи, истакнува СЗО, додавајќи дека е од клучно значење да се остане во чекор со овие променливи маркетинг тактики. По успехот во борбата против влијанието на другите производи, како што се цигарите, врз јавното здравје, СЗО сè повеќе го насочува вниманието кон решавање на прашањето за штетното дејство на алкохолот. Светската здравствена организација ги нагласува студиите кои откриле дека индустријата сè повеќе ги таргетира жените - од пакувања до реклами кои ги нагласуваат аспектите на феминизмот или женското пријателство. Мажите се исто така цел на маркетинг кој ги нагласува традиционалните поими за мажественост и се изложени на поголем ризик од прекумерно пиење, развој на проблеми со алкохолот и вклучување во агресивно или ризично однесување, забележа СЗО. Но, жените претрпуваат поголема штета при пониски нивоа на консумирање алкохол. ЛГБТК+ заедницата, исто така, се соочува со различни штети, често консумирајќи повеќе алкохол и има повеќе проблеми со зависност од хетеросексуалните луѓе, додека наследството на колонијализмот и економската маргинализација, исто така, ги ставија домородните народи во зголемен ризик, наведува СЗО. Оваа организација посочува дека консумирањето алкохол е причински фактор за повеќе од 200 болести и повреди, меѓу кои и некои видови на рак, цироза на црниот дроб и кардиоваскуларни заболувања.

The post СЗО: Жените имаат повеќе здравствени проблеми поради алкохолот, дури и кога пијат помалку appeared first on Република.

]]>
Некој им турил медицински алкохол во шишињата на отруените деца на забавата во Белград, откри министерката за здравство https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nekoj-im-turil-meditsinski-alkohol-vo-shishinata-na-otruenite-detsa-na-zabavata-vo-belgrad-otkri-ministerkata-za-zdravstvo/ Wed, 21 Feb 2024 10:35:52 +0000 https://republika.mk/?p=746483

Децата кои се отруја во белградски ноќен клуб на 15 февруари се отруени со етанол, а не со шпиритус, како што се мислеше претходно, изјави министерката за здравство на Србија, Даница Грујичиќ, додавајќи дека немало психоактивни супстанци, туку тешко труење со алкохол.

Грујичиќ рече дека го смета организаторот на забавата одговорен за тоа што се случило.

Немаше други психоактивни супстанци, тоа не се деца кои користеле дрога. Изгледа некој истурил медицински алкохол во шишиња и тоа само по себе е кривично дело, рече министерката.

Таа посочи дека го смета организаторот на настанот за одговорен за труењето на децата, и додаде дека смета дека организаторот треба да заврши во затвор, а клубот во кој се случи труењето да се затвори.

Таа рече дека помош за труење побарале 28 лица, од кои само двајца се полнолетни, а сите други малолетни. Од нив 12 се задржани на лекување, што, како што рече, значи дека имале тешко труење со етанол.

The post Некој им турил медицински алкохол во шишињата на отруените деца на забавата во Белград, откри министерката за здравство appeared first on Република.

]]>

Децата кои се отруја во белградски ноќен клуб на 15 февруари се отруени со етанол, а не со шпиритус, како што се мислеше претходно, изјави министерката за здравство на Србија, Даница Грујичиќ, додавајќи дека немало психоактивни супстанци, туку тешко труење со алкохол. Грујичиќ рече дека го смета организаторот на забавата одговорен за тоа што се случило.
Немаше други психоактивни супстанци, тоа не се деца кои користеле дрога. Изгледа некој истурил медицински алкохол во шишиња и тоа само по себе е кривично дело, рече министерката.
Таа посочи дека го смета организаторот на настанот за одговорен за труењето на децата, и додаде дека смета дека организаторот треба да заврши во затвор, а клубот во кој се случи труењето да се затвори. Таа рече дека помош за труење побарале 28 лица, од кои само двајца се полнолетни, а сите други малолетни. Од нив 12 се задржани на лекување, што, како што рече, значи дека имале тешко труење со етанол.

The post Некој им турил медицински алкохол во шишињата на отруените деца на забавата во Белград, откри министерката за здравство appeared first on Република.

]]>
Масовно труење на малолетници со алкохол во ноќен клуб во Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/masovno-truene-na-maloletnitsi-so-alkohol-vo-noken-klub-vo-belgrad/ Fri, 16 Feb 2024 09:46:51 +0000 https://republika.mk/?p=744756

Најмалку 26 деца, од кои најголем број од нив се под 15-годишна возраст биле примени на Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград со знаци на труење од алхолол, пренесуваат српските медиуми. Малолетниците биле гости во ноќен клуб во центарот на Белград.

Труењето, според докторот на Ургентното одделение на ВМА, настанало поради прекумерно консумирање на алкохол, зашто, како што соопшто тој, 12 од децата пристигнале во тешка алхолизирана состојба, а резултатите од крвните анализира покажале присуство на 2,8 промили алхолол во крвта.

Докторот на Ургентното одделение на ВМА, д-р Иван Лековиќ за РТС изјавил дека се примени вкупно 26 алкохолизирани деца, од кои 12 деца се во тешка алкохолизирана состојба со 2,8 промили алкохол во крвта.

Тоа е сериозна состојба, загрижува фактот што малолетниците пристигнале во ваква тешка состојба“, изјавил д-р Лековиќ.

Од клубот изјавиле дека вечерта кога настанал инцидентот со децата, се случувала приватна прослава.

Раководството на клубот нема никаква врска со синоќешните настани. Го изразуваме нашето жалење и загриженост за несаканите настани“, се наведува во објавата од клубот на социјалните мрежи.

Откако од медиумите дознале за овој случај, од Вишото јавно обвинителство во Белград известија дека формирале предмет за утврдување на сите околности од настанот.

 

The post Масовно труење на малолетници со алкохол во ноќен клуб во Белград appeared first on Република.

]]>

Најмалку 26 деца, од кои најголем број од нив се под 15-годишна возраст биле примени на Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград со знаци на труење од алхолол, пренесуваат српските медиуми. Малолетниците биле гости во ноќен клуб во центарот на Белград. Труењето, според докторот на Ургентното одделение на ВМА, настанало поради прекумерно консумирање на алкохол, зашто, како што соопшто тој, 12 од децата пристигнале во тешка алхолизирана состојба, а резултатите од крвните анализира покажале присуство на 2,8 промили алхолол во крвта. Докторот на Ургентното одделение на ВМА, д-р Иван Лековиќ за РТС изјавил дека се примени вкупно 26 алкохолизирани деца, од кои 12 деца се во тешка алкохолизирана состојба со 2,8 промили алкохол во крвта.
Тоа е сериозна состојба, загрижува фактот што малолетниците пристигнале во ваква тешка состојба“, изјавил д-р Лековиќ.
Од клубот изјавиле дека вечерта кога настанал инцидентот со децата, се случувала приватна прослава.
Раководството на клубот нема никаква врска со синоќешните настани. Го изразуваме нашето жалење и загриженост за несаканите настани“, се наведува во објавата од клубот на социјалните мрежи.
Откако од медиумите дознале за овој случај, од Вишото јавно обвинителство во Белград известија дека формирале предмет за утврдување на сите околности од настанот.  

The post Масовно труење на малолетници со алкохол во ноќен клуб во Белград appeared first on Република.

]]>
Измислен „алкохолен“ пијалок без мамурлак што ви овозможува да пиете без да имате последици наредното утро https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/izmislen-alkoholen-pijalok-bez-mamurlak-shto-vi-ovozmozhuva-da-piete-bez-da-imate-posleditsi-narednoto-utro/ Sun, 11 Feb 2024 09:30:28 +0000 https://republika.mk/?p=742736

Во Велика Британија се презентирани пиво и вино кои не може да предизвикаат мамурлак, со што Британците најдоа начин да пијат без последици, но да се чувствуваат дека се „потфатени“.

Специјално подготвениот „пијалок“ не содржи алкохол, но сепак е опоен. Овој „алкохол“ само го имитира ефектот на алкохолот. Додека другите безалкохолни пијалоци едноставно се обидуваат да го имитираат вкусот на вистинскиот пијалок, тајната мешавина од билни состојки ефикасно го лаже мозокот да мисли дека е пијан.

Точната чудотворна состојка која имитира алкохол се чува во строга тајна. Моќната мешавина го активира невротрансмитерот во мозокот на ист начин како што тоа го прават неколку чашки текила, чаша вино или шише пиво. Ефектите се јавуваат по околу два до три пијалоци, што значи дека луѓето не се чувствуваат премногу „пијани“.

Исто така, по пиењето нема мамурлак или здравствени проблеми кои можат да се појават со редовно и прекумерно пиење.

The post Измислен „алкохолен“ пијалок без мамурлак што ви овозможува да пиете без да имате последици наредното утро appeared first on Република.

]]>

Во Велика Британија се презентирани пиво и вино кои не може да предизвикаат мамурлак, со што Британците најдоа начин да пијат без последици, но да се чувствуваат дека се „потфатени“. Специјално подготвениот „пијалок“ не содржи алкохол, но сепак е опоен. Овој „алкохол“ само го имитира ефектот на алкохолот. Додека другите безалкохолни пијалоци едноставно се обидуваат да го имитираат вкусот на вистинскиот пијалок, тајната мешавина од билни состојки ефикасно го лаже мозокот да мисли дека е пијан. Точната чудотворна состојка која имитира алкохол се чува во строга тајна. Моќната мешавина го активира невротрансмитерот во мозокот на ист начин како што тоа го прават неколку чашки текила, чаша вино или шише пиво. Ефектите се јавуваат по околу два до три пијалоци, што значи дека луѓето не се чувствуваат премногу „пијани“. Исто така, по пиењето нема мамурлак или здравствени проблеми кои можат да се појават со редовно и прекумерно пиење.

The post Измислен „алкохолен“ пијалок без мамурлак што ви овозможува да пиете без да имате последици наредното утро appeared first on Република.

]]>
Битолчанец фатен како вози со 4.03 промили алкохол во крвта https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/bitolchanets-faten-kako-vozi-so-4-03-promili-alkohol-vo-krvta/ Tue, 06 Feb 2024 17:55:33 +0000 https://republika.mk/?p=741147

Кај возач од Битола денеска било констатирано присуство на 4.03 промили алкохол во акциски контроли во областа на сообраќајот што ги спроведува МВР.

Како што соопштија од МВР, на територијата на СВР Битола биле контролирани 135 возила од кои 23 биле упатени на технички преглед.

Од МВР велат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

The post Битолчанец фатен како вози со 4.03 промили алкохол во крвта appeared first on Република.

]]>

Кај возач од Битола денеска било констатирано присуство на 4.03 промили алкохол во акциски контроли во областа на сообраќајот што ги спроведува МВР. Како што соопштија од МВР, на територијата на СВР Битола биле контролирани 135 возила од кои 23 биле упатени на технички преглед. Од МВР велат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

The post Битолчанец фатен како вози со 4.03 промили алкохол во крвта appeared first on Република.

]]>
Правилно подгответе се за пиење https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/pravilno-podgotvete-se-za-piene/ Sun, 31 Dec 2023 12:27:57 +0000 https://republika.mk/?p=728166

За превенција на мамулакот постојат голем број методи и лекови. Поголемиот дел се „народни преданија“, а некои дури и научниците ги потврдија.

1. Морате да ги знаете своите граници

Ако пиете често, најверојатно знаете кога треба да престанете. Сепак, често е тешко да се повлече црта и да се каже дека е доста. Но, добро размислете дали тие неколку чашки повеќе навистина се вредни за она што ве чека наредниот ден. Ако ги знаете своите граници, немојте да ги прескокнувате. Значи, бидете паметни со консумирањето алкохол и пробајте што помалку и побавно да пиете. Тоа е најдобра работа во врска со превенцијата на мамурлакот.

2. Немојте да пиете на празен желудник

Алкохолот на празен желудник може да ви донесе само едно – убиствен мамурлак. Ако не можете да го одбегнете алкохолот, прво јадете нешто. Одберете здрава храна која ќе ве заштити и внесете витамини и други нутриенти. Никогаш, но баш никогаш немојте да пиете на празен желудник. Храната малку ќе го ублажи дејствувањето на алкохолот, ќе го намали ризикот од незгодни ситуации и ќе го забави дејствувањето на пијанство.

3. Немојте да мешате алкохолни пијалаци

Мешањето различни видови алкохолни пијалаци може да резултира со многу тежок мамурлак. Ако сакате добро да се забавувате и да го одбегнете мамурлокот, обидете се да пиете ист вид пијалак цела ноќ, наместо да пиете сѐ што ќе ви дојде при рака. Би требало да се фокусирате на пијалак со посветли бои, а одбегнувајте сѐ што содржи меурчиња, како различни вина кои можат да предизвикаат потежок и посериозен мамурлак од другите пијалаци.

4. Пијте вода

Денот пред забавата на својот организам морате да му осигурате доволно течност за да избегнете дехидрација на организмот. Освен вода, пијте овошни сокови. Добро е и пред одењето на забава да испитете чаша млеко затоа што ќе го намалите ризикот од мамурлак наредниот ден. Млекото добро дејствува на желудникот и го ублажува дејствувањето на алкохолот. Кога пиете, земете пауза и меѓу некои алкохолни пијалаци испијте некоја чаша вода. Значи, бидете сигурни дека сте испиле доволно вода пред, во текот и по пијанството.

5. Јадете

На забавата сигурно ќе има некоја храна, па осигурете се вашиот желудник да биде полн во текот на целата вечер за да може вашиот организам да апсорибира алкохол. Ако нема храна, тогаш може да послужат и кикиритки, пуканки или чипс.

Ако по лудата забава сепак ви се случи мамурлак, ви наведуваме неколку трикови кои сигурно ќе ви ги олеснат непријатните симптоми. Иако повеќето веројатно добро ги знаете, не е лошо да се повторат советите кои би требало да ги примените по целовечерната забава.

 

The post Правилно подгответе се за пиење appeared first on Република.

]]>

За превенција на мамулакот постојат голем број методи и лекови. Поголемиот дел се „народни преданија“, а некои дури и научниците ги потврдија. 1. Морате да ги знаете своите граници Ако пиете често, најверојатно знаете кога треба да престанете. Сепак, често е тешко да се повлече црта и да се каже дека е доста. Но, добро размислете дали тие неколку чашки повеќе навистина се вредни за она што ве чека наредниот ден. Ако ги знаете своите граници, немојте да ги прескокнувате. Значи, бидете паметни со консумирањето алкохол и пробајте што помалку и побавно да пиете. Тоа е најдобра работа во врска со превенцијата на мамурлакот. 2. Немојте да пиете на празен желудник Алкохолот на празен желудник може да ви донесе само едно – убиствен мамурлак. Ако не можете да го одбегнете алкохолот, прво јадете нешто. Одберете здрава храна која ќе ве заштити и внесете витамини и други нутриенти. Никогаш, но баш никогаш немојте да пиете на празен желудник. Храната малку ќе го ублажи дејствувањето на алкохолот, ќе го намали ризикот од незгодни ситуации и ќе го забави дејствувањето на пијанство. 3. Немојте да мешате алкохолни пијалаци Мешањето различни видови алкохолни пијалаци може да резултира со многу тежок мамурлак. Ако сакате добро да се забавувате и да го одбегнете мамурлокот, обидете се да пиете ист вид пијалак цела ноќ, наместо да пиете сѐ што ќе ви дојде при рака. Би требало да се фокусирате на пијалак со посветли бои, а одбегнувајте сѐ што содржи меурчиња, како различни вина кои можат да предизвикаат потежок и посериозен мамурлак од другите пијалаци. 4. Пијте вода Денот пред забавата на својот организам морате да му осигурате доволно течност за да избегнете дехидрација на организмот. Освен вода, пијте овошни сокови. Добро е и пред одењето на забава да испитете чаша млеко затоа што ќе го намалите ризикот од мамурлак наредниот ден. Млекото добро дејствува на желудникот и го ублажува дејствувањето на алкохолот. Кога пиете, земете пауза и меѓу некои алкохолни пијалаци испијте некоја чаша вода. Значи, бидете сигурни дека сте испиле доволно вода пред, во текот и по пијанството. 5. Јадете На забавата сигурно ќе има некоја храна, па осигурете се вашиот желудник да биде полн во текот на целата вечер за да може вашиот организам да апсорибира алкохол. Ако нема храна, тогаш може да послужат и кикиритки, пуканки или чипс. Ако по лудата забава сепак ви се случи мамурлак, ви наведуваме неколку трикови кои сигурно ќе ви ги олеснат непријатните симптоми. Иако повеќето веројатно добро ги знаете, не е лошо да се повторат советите кои би требало да ги примените по целовечерната забава.  

The post Правилно подгответе се за пиење appeared first on Република.

]]>
Внимателно со алкохолот, без пиротехнички средства во Новата, препораки од „Здравствен дом Скопје“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vnimatelno-so-alkoholot-bez-pirotehnichki-sredstva-vo-novata-preporaki-od-zdravstven-dom-skopje/ Sun, 31 Dec 2023 08:29:52 +0000 https://republika.mk/?p=728413

Од ЈЗУ „Здравствен дом Скопје“ во изјава за МИА апелираат граѓаните да внимаваат со консумирање алкохол и да се воздржат од користење пиротехнички средства при дочек на Новата, 2024 година. Оттаму изразуваат надеж за беспрекорно почитување и придржување кон дадените препораки, со цел новогодишните празници да се дочекаат во весело и пријатно расположение за сите.

Поради претстојните прослави на новогодишните празници, Службата за Итна медицинска помош препорачува редовно земање на терапија кај хроничните болни, да се внимава со внес на храна кај оние лица кои се придржувале на божиќниот пост, умерено користење на алкохолни пијалаци како би се избегнале несаканите последици - алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди. Посебно се апелира до младата и малолетна популација да не се користат алкохолни пијалаци, заради нискиот праг на толеранција кон алкохолот. Потоа, воздржување од користење разни пиротехнички средства и огнострелно оружје заради избегнување на несакани повреди, изгореници и други потешки последици, истакнуваат од установата за МИА.

За време на новогодишните празници, од оваа установа потенцираат оти ќе се грижат за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа.

На 31 декември, недела, во текот на денот и вечерта за Новогодишната ноќ, како и на 1 јануари, дежурни и достапни ќе бидат дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена, недела и празници во поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар. За претстојните божиќни празници - 7 и 8 јануари, за граѓаните кои имаат потреба од медицинска помош, ќе работат дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена, недела и празници во поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар, појаснуваат од установата.

Со секојдневно работно време за новогодишните и божиќните празници ќе функционира и единицата за домашно лекување.

The post Внимателно со алкохолот, без пиротехнички средства во Новата, препораки од „Здравствен дом Скопје“ appeared first on Република.

]]>

Од ЈЗУ „Здравствен дом Скопје“ во изјава за МИА апелираат граѓаните да внимаваат со консумирање алкохол и да се воздржат од користење пиротехнички средства при дочек на Новата, 2024 година. Оттаму изразуваат надеж за беспрекорно почитување и придржување кон дадените препораки, со цел новогодишните празници да се дочекаат во весело и пријатно расположение за сите.
Поради претстојните прослави на новогодишните празници, Службата за Итна медицинска помош препорачува редовно земање на терапија кај хроничните болни, да се внимава со внес на храна кај оние лица кои се придржувале на божиќниот пост, умерено користење на алкохолни пијалаци како би се избегнале несаканите последици - алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди. Посебно се апелира до младата и малолетна популација да не се користат алкохолни пијалаци, заради нискиот праг на толеранција кон алкохолот. Потоа, воздржување од користење разни пиротехнички средства и огнострелно оружје заради избегнување на несакани повреди, изгореници и други потешки последици, истакнуваат од установата за МИА.
За време на новогодишните празници, од оваа установа потенцираат оти ќе се грижат за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа.
На 31 декември, недела, во текот на денот и вечерта за Новогодишната ноќ, како и на 1 јануари, дежурни и достапни ќе бидат дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена, недела и празници во поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар. За претстојните божиќни празници - 7 и 8 јануари, за граѓаните кои имаат потреба од медицинска помош, ќе работат дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена, недела и празници во поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар, појаснуваат од установата.
Со секојдневно работно време за новогодишните и божиќните празници ќе функционира и единицата за домашно лекување.

The post Внимателно со алкохолот, без пиротехнички средства во Новата, препораки од „Здравствен дом Скопје“ appeared first on Република.

]]>