Алкараз Енерџи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/alkaraz-enerdhi/ За подобро да се разбереме Tue, 25 Jun 2024 18:10:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Алкараз Енерџи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/alkaraz-enerdhi/ 32 32 Директорот на „Алкараз Енерџи“: Во Македонија гледаме потенцијал со одлична локација за инвестиција https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/direktorot-na-alkaraz-enerdhi-vo-makedonija-gledame-potentsijal-so-odlichna-lokatsija-za-investitsija/ Tue, 25 Jun 2024 12:14:00 +0000 https://republika.mk/?p=790685

Alcazar Energy Partners, водечкиот инвеститор во обновливи извори на енергија во пазари во развој, го објави почетокот на инвестицијата на најголемиот парк на ветерници во Македонија со капацитет до 400MW. Проектот претставува клучен чекор во компаниската цел да ја развие најголемата платформа за обновливи извори на енергија во Западен Балкан.

Инвестицијата, што ќе ја надмине бројката од 500 милиони американски долари, ќе биде најголема во Македонија, а со тоа и еден од најголемите проекти во Западен Балкан. Македонскиот капацитет ќе се зголеми за пет пати кога ветерниците ќе бидат целосно оперативни. Финансиското затворање на целата операција и добивањето на потребните дозволи, се очекува да заврши во 2025 и изградбата да започне на почетокот на 2026 година.

„Пресреќни сме дека денеска означуваме почеток на остварувањето на инвестицијата на најголемиот парк на ветерници во Западен Балкан. Оваа иницијатива ќе ѝ ја овозможи на Македонија толку потребната чиста и пристапна електрична енергија и ќе креира работни места. Alcazar Energy гледа во Македонија потенцијал со одлична локација за инвестиција, а со тоа се дава значење на капацитетите за создавање енергија од обновливи извори. Ние со нетрпение очекуваме одлична соработката со Владата и со локалните заедници во процесот на изградба на најголемиот парк на ветерници во земјата и со тоа силно ќе се зајакне капацитетот на државата со производство на струја од ветерници. И додека градиме одржлива инфраструктура каде е најпотребна – на пазарите во развој, паралелно генерираме приходи за инвеститорите. Нашиот успех во изградбата на вакви проекти за обновливи извори и нашата посветеност на принципите на ESG практиките, е обележје за нашиот капацитет и посветеност во овие клучни региони“, изјави Даниел Калдерон, ко-основач и генерален директор на Alcazar Energy.

Проектот, позициониран 75 километри југоисточно од Скопје, ќе игра важна улога во унапредувањето на Just Transition Investment Platform на Македонија во рамките на COP28 и значително ќе ја намали емисијата на стакленички гасови на државата. Планирано е отворање на 630 работни места, а кога ќе биде целосно оперативен проектот ќе се произведува чиста електрична енергија за повеќе од 100 000 домаќинства и ќе се намали емисијата на CO2 за 670 000 тони годишно. Со повеќе од 50 ветерници, проектот ќе заштеди 1,1 милиони кубни метри вода годишно.

The post Директорот на „Алкараз Енерџи“: Во Македонија гледаме потенцијал со одлична локација за инвестиција appeared first on Република.

]]>

Alcazar Energy Partners, водечкиот инвеститор во обновливи извори на енергија во пазари во развој, го објави почетокот на инвестицијата на најголемиот парк на ветерници во Македонија со капацитет до 400MW. Проектот претставува клучен чекор во компаниската цел да ја развие најголемата платформа за обновливи извори на енергија во Западен Балкан. Инвестицијата, што ќе ја надмине бројката од 500 милиони американски долари, ќе биде најголема во Македонија, а со тоа и еден од најголемите проекти во Западен Балкан. Македонскиот капацитет ќе се зголеми за пет пати кога ветерниците ќе бидат целосно оперативни. Финансиското затворање на целата операција и добивањето на потребните дозволи, се очекува да заврши во 2025 и изградбата да започне на почетокот на 2026 година.
„Пресреќни сме дека денеска означуваме почеток на остварувањето на инвестицијата на најголемиот парк на ветерници во Западен Балкан. Оваа иницијатива ќе ѝ ја овозможи на Македонија толку потребната чиста и пристапна електрична енергија и ќе креира работни места. Alcazar Energy гледа во Македонија потенцијал со одлична локација за инвестиција, а со тоа се дава значење на капацитетите за создавање енергија од обновливи извори. Ние со нетрпение очекуваме одлична соработката со Владата и со локалните заедници во процесот на изградба на најголемиот парк на ветерници во земјата и со тоа силно ќе се зајакне капацитетот на државата со производство на струја од ветерници. И додека градиме одржлива инфраструктура каде е најпотребна – на пазарите во развој, паралелно генерираме приходи за инвеститорите. Нашиот успех во изградбата на вакви проекти за обновливи извори и нашата посветеност на принципите на ESG практиките, е обележје за нашиот капацитет и посветеност во овие клучни региони“, изјави Даниел Калдерон, ко-основач и генерален директор на Alcazar Energy.
Проектот, позициониран 75 километри југоисточно од Скопје, ќе игра важна улога во унапредувањето на Just Transition Investment Platform на Македонија во рамките на COP28 и значително ќе ја намали емисијата на стакленички гасови на државата. Планирано е отворање на 630 работни места, а кога ќе биде целосно оперативен проектот ќе се произведува чиста електрична енергија за повеќе од 100 000 домаќинства и ќе се намали емисијата на CO2 за 670 000 тони годишно. Со повеќе од 50 ветерници, проектот ќе заштеди 1,1 милиони кубни метри вода годишно.

The post Директорот на „Алкараз Енерџи“: Во Македонија гледаме потенцијал со одлична локација за инвестиција appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Ветерниот парк на „Алкараз Енерџи“ најголема инвестиција во делот на обновливите извори во регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-veterniot-park-na-alkaraz-enerdhi-najgolema-investitsija-vo-delot-na-obnovlivite-izvori-vo-regionot/ Tue, 25 Jun 2024 11:03:51 +0000 https://republika.mk/?p=790639

Ветерен парк со 55 ветерници кои ќе произведуваат еден терават час електрична енергија ќе се гради меѓу Карбинци, Штип и Радовиш.

Изградбата се очекува да почне во втората половина на 2025 година, а со оваа странска инвестиција на „Алказар Енерџи“, вредна над 500 милиони долари, се очекува да се отворат нови 630 работни места.

Ветерниот парк, како што беше посочено на промоцијата на инвестицијата, ќе произведува електрична енергија со која ќе се задоволат потребите на околу 100 илјади домаќинства.

Според премиерот Христијан Мицкоски, се работи за најголема инвестиција во делот на обновливите извори во регионот.

Ваквиот почеток на мандатот со ваква инвестиција покажува дека како Влада сме насочени кон проекти што се во интерес на граѓаните. Со завршување на овoј проект дури 100-тина илјади македонски семејства ќе може да се снабдуваат со електрична енергија од овие ветерници. Овој проект е значаен од многу аспекти - со него ќе се зајакне значително енергетката независност, што е наша цел, ќе го зголеми обемот на инвестиции и ќе отвори пат за нови инвестиции. Ваков тип на инвестиции покажуваат дека довербата во оваа Влада уште на самиот почеток е голема и дека како опозиција работевме и сега како Влада само ќе продолжиме да работиме со зајакнато темпо, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека целта на Владата е земјата да стане енергетски независна во делот на енелектричната енергија и според него, тоа може да се реализира со детален план.

Планот го имаме, луѓето ги имаме, останува само да ја завршиме домашната задача што сами ја поставивме. Велат дека секој човек сонува за големи работи, а дека малку кој своите соништа ги креира во вистински проекти, Јас сум од оние луѓе кои сакаат да видат конкретни дела, а не се потпира само на даден збор. Така функционирам, а така ќе функционира и оваа Влада, рече Мицкоски.

Министерката за енергетика Сања Божиновска најави програма за грантови и поволни кредити за 150 илјади домаќинства во еден мандат за сопствениците на приватните куќи и станови.

Поддршката ќе се однесува на поставување нови енергетски ефикасни фасади, прозорци и врати, исто така и субвенции за граѓаните до 50 проценти од цената за набавка и инсталација на енергетска ефикасна опрема. Домаќинствата ќе имаат можност да го продаваат вишокот од произведената електрична енергија по подобри услови со промена на постоечката регулатива. Предвидуваме и промени на начинот на пресметка за исплата на продадената вишок произведена енергија, посочи Божиновска.

„Алкараз енерџи“ е водечки независен одржлив фонд со седиште во Луксембург и тим на советници со седиште во Дубаи кои се фокусираат на големи проекти за обновлива енергија на пазарите во развој.

The post Мицкоски: Ветерниот парк на „Алкараз Енерџи“ најголема инвестиција во делот на обновливите извори во регионот appeared first on Република.

]]>

Ветерен парк со 55 ветерници кои ќе произведуваат еден терават час електрична енергија ќе се гради меѓу Карбинци, Штип и Радовиш. Изградбата се очекува да почне во втората половина на 2025 година, а со оваа странска инвестиција на „Алказар Енерџи“, вредна над 500 милиони долари, се очекува да се отворат нови 630 работни места. Ветерниот парк, како што беше посочено на промоцијата на инвестицијата, ќе произведува електрична енергија со која ќе се задоволат потребите на околу 100 илјади домаќинства. Според премиерот Христијан Мицкоски, се работи за најголема инвестиција во делот на обновливите извори во регионот.