Алкалоид Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/alkaloid/ За подобро да се разбереме Mon, 19 Feb 2024 10:17:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Алкалоид Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/alkaloid/ 32 32 „Алкалоид“ АД Скопје со историско достигнување во третманот на рефлуксен езофагитис и ГЕРБ – патентиран првиот Омепразол во течна форма во светот https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/alkaloid-ad-skopje-so-istorisko-dostignuvane-vo-tretmanot-na-refluksen-ezofagitis-i-gerb-patentiran-prviot-omeprazol-vo-techna-forma-vo-svetot/ Mon, 19 Feb 2024 10:17:56 +0000 https://republika.mk/?p=745643

„Алкалоид“ во изминативе години започна процес на редизајнирање на постојни генерички фармацевтски производи за нови индикации, со цел создавање лекови со додадена вредност кои овозможуваат третирање и задоволување на потребите на индивидуални или на специфични групи пациенти. Стратешките инвестиции за модернизација на производственото портфолио доведоа до успешен развој на првиот патентиран лек со додадена вредност на „Алкалоид“, наменет, пред сѐ, за третман на рефлуксен езофагитис и на гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ) кај мали деца кои не можат да голтаат таблети, како и кај возрасни пациенти кои имаат тешкотии со голтањето (пациенти со дисфагија) и неможност за голтање (пациенти со поставени сонди за гастрично хранење и/или геријатриски пациенти).

Овие заболувањa се едни од најчестите во гастроентерохепатологијата, а се манифестираат со враќање на желудочната киселина во хранопроводот, што предизвикува нелагодност и можни долгорочни компликации. Лекови од прв избор во третманот на рефлуксен езофагитис и на ГЕРБ се т.н. инхибитори на протонска пумпа, група во која спаѓа и Омепразолот, кои најчесто се достапни во форма на гастрорезистентни таблети и капсули, како и на прашок за растворање. За првпат во историјата,  од „Алкалоид“, е развиена течна форма на лекот Омепразол, готов за употреба.

Иновативноста на овој нов производ на „Алкалоид“ се базира на два посебни раствори содржани во двокоморското пакување, кое при отворањето автоматски ги меша двата раствора и така се добива готовиот течен Омперазол за употреба.  Производот има пријатен вкус на лимон и ментол и не содржи шеќер, сорбитол и бои. За да се задоволат специфичните барања во процесот на производство на овој лек, компанијата инвестираше во наменски изработена машина соодветна за овој иновативен производ, осигурувајќи ефикасен и одржлив синџир на негова испорака низ светот.

За пероралниот раствор Омепразол „Алкалоид“ го доби првиот интернационален патент за лек со додадена вредност (Value Added Medicine – VAM), а првите одобренија за ставање во промет на овој иновативен лек веќе се доделени за македонскиот пазар и за пазарот во Обединетото Кралство. Во тек се регистрациските постапки за земјите во Европа и за пазарите на Европската Унија, при што се очекува добивање одобренија за ставање на лекот во промет и негово последователно лансирање.

Овој производ ја потенцира посветеноста на „Алкалоид“ на врвни достигнувања во сферата на фармацијата и претставува новина во генеричкото производство на лекови преку иновативност, пазарна диференцијација и преку третман на специфични групи пациенти. Во моментов во развојните лаборатории на компанијата се работи на уште неколку иновативни формулации.

Комерцијален текст

The post „Алкалоид“ АД Скопје со историско достигнување во третманот на рефлуксен езофагитис и ГЕРБ – патентиран првиот Омепразол во течна форма во светот appeared first on Република.

]]>

„Алкалоид“ во изминативе години започна процес на редизајнирање на постојни генерички фармацевтски производи за нови индикации, со цел создавање лекови со додадена вредност кои овозможуваат третирање и задоволување на потребите на индивидуални или на специфични групи пациенти. Стратешките инвестиции за модернизација на производственото портфолио доведоа до успешен развој на првиот патентиран лек со додадена вредност на „Алкалоид“, наменет, пред сѐ, за третман на рефлуксен езофагитис и на гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ) кај мали деца кои не можат да голтаат таблети, како и кај возрасни пациенти кои имаат тешкотии со голтањето (пациенти со дисфагија) и неможност за голтање (пациенти со поставени сонди за гастрично хранење и/или геријатриски пациенти). Овие заболувањa се едни од најчестите во гастроентерохепатологијата, а се манифестираат со враќање на желудочната киселина во хранопроводот, што предизвикува нелагодност и можни долгорочни компликации. Лекови од прв избор во третманот на рефлуксен езофагитис и на ГЕРБ се т.н. инхибитори на протонска пумпа, група во која спаѓа и Омепразолот, кои најчесто се достапни во форма на гастрорезистентни таблети и капсули, како и на прашок за растворање. За првпат во историјата,  од „Алкалоид“, е развиена течна форма на лекот Омепразол, готов за употреба. Иновативноста на овој нов производ на „Алкалоид“ се базира на два посебни раствори содржани во двокоморското пакување, кое при отворањето автоматски ги меша двата раствора и така се добива готовиот течен Омперазол за употреба.  Производот има пријатен вкус на лимон и ментол и не содржи шеќер, сорбитол и бои. За да се задоволат специфичните барања во процесот на производство на овој лек, компанијата инвестираше во наменски изработена машина соодветна за овој иновативен производ, осигурувајќи ефикасен и одржлив синџир на негова испорака низ светот. За пероралниот раствор Омепразол „Алкалоид“ го доби првиот интернационален патент за лек со додадена вредност (Value Added Medicine – VAM), а првите одобренија за ставање во промет на овој иновативен лек веќе се доделени за македонскиот пазар и за пазарот во Обединетото Кралство. Во тек се регистрациските постапки за земјите во Европа и за пазарите на Европската Унија, при што се очекува добивање одобренија за ставање на лекот во промет и негово последователно лансирање. Овој производ ја потенцира посветеноста на „Алкалоид“ на врвни достигнувања во сферата на фармацијата и претставува новина во генеричкото производство на лекови преку иновативност, пазарна диференцијација и преку третман на специфични групи пациенти. Во моментов во развојните лаборатории на компанијата се работи на уште неколку иновативни формулации. Комерцијален текст

The post „Алкалоид“ АД Скопје со историско достигнување во третманот на рефлуксен езофагитис и ГЕРБ – патентиран првиот Омепразол во течна форма во светот appeared first on Република.

]]>
Алкалоид го победи Тиквеш во драматичен натпревар https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/alkaloid-go-pobedi-tikvesh-vo-dramatichen-natprevar/ Sun, 18 Feb 2024 20:49:30 +0000 https://republika.mk/?p=745479

Ракометарите на Алкалоид остварија втора победа во плеј-офот од Суперлигата, откако во драматичен натпревар го совладаа тимот на Тиквеш со 26:25 (14:12).

Алкалоид и Тиквеш одиграа одличен натпревар, како што доликува на едно дерби, се играше гол за гол, но на крајот пресуди искуството и победник од оваа пресметка излезе македонскиот вицепрвак.

Најпрецизен во таборот на Алкалоид беше Серафимов со осум гола, а еден помалку имаше Митев. Кај Тиквеш се истакнаа Обина, Манасков и Симиќ со по шест гола.

Со овој триумф ракометарите на Кирил Лазаров останаа непоразени и лидери на табелата.

На втората денешна средба, но во плеј-аутот, вториот тим на Пелистер беше подобар од Куманово со 25-19.

Фото: МИА

The post Алкалоид го победи Тиквеш во драматичен натпревар appeared first on Република.

]]>

Ракометарите на Алкалоид остварија втора победа во плеј-офот од Суперлигата, откако во драматичен натпревар го совладаа тимот на Тиквеш со 26:25 (14:12). Алкалоид и Тиквеш одиграа одличен натпревар, како што доликува на едно дерби, се играше гол за гол, но на крајот пресуди искуството и победник од оваа пресметка излезе македонскиот вицепрвак. Најпрецизен во таборот на Алкалоид беше Серафимов со осум гола, а еден помалку имаше Митев. Кај Тиквеш се истакнаа Обина, Манасков и Симиќ со по шест гола. Со овој триумф ракометарите на Кирил Лазаров останаа непоразени и лидери на табелата. На втората денешна средба, но во плеј-аутот, вториот тим на Пелистер беше подобар од Куманово со 25-19. Фото: МИА

The post Алкалоид го победи Тиквеш во драматичен натпревар appeared first on Република.

]]>
Македонски чај од Алкалоид во холивудските студија https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/makedonski-chaj-od-alkaloid-vo-holivudskite-studija/ Wed, 31 Jan 2024 10:11:22 +0000 https://republika.mk/?p=738930

Холивудската дива и поранешна Бонд-девојка Дениз Ричардс ужива во шолја чај Good Nature!

Во најновата сезона на „The Real Housewives of Beverly Hills“ или „Вистинските домаќинки од Беверли Хилс“, едно од најгледаните американски шоуа од овој карактер, Дениз Ричардс, во друштво на остатокот од екипата, ужива во шолја чај Good Nature.

Во десеттата епизода од актуелната 13-та сезона, една од ријалити-ѕвездите, Кристал Кунг Минкоф, на тако-забавата која ја организира за своето друштво од Беверли Хилс го послужува токму чајот Good Nature како свој избор на пијалак. Само споменатата епизода постигна гледаност од над 1.100.000 гледачи, што за нашиот бренд значи постигнување огромна видливост и е уште една потврда дека квалитетот е секогаш препознаен – дома и во светот!

https://republika.mk/docs/GoodNature-TheRealHousewivesofBeverlyHills.mp4

 

„Алкалоид“ како производител на чаеви е присутен на американскиот пазар речиси 20 години, најпрвин преку соработката со AVEDA, членка на групацијата Estee Lauder, а потоа и со пласман на своето портфолио Good Nature во 2010 година. Четири години подоцна, како следен чекор во ширењето на брендот Good Nature, чаевите на „Алкалоид“ стануваат достапни за продажба и преку најголемата платформа за онлајн-трговија „Амазон“, исполнувајќи ги високите критериуми што ги налага светски познатиот гигант при изборот на производи кои можат да се продаваат преку платформата. Во 2020 година Good Nature остварува уште еден успех добивајќи признание за еден од своите производи, чајот Good Nature Healthy Heart, кој се најде на престижната листа на Amazon’s choice како еден од најдобро продаваните производи на „Амазон“.

Комерцијален текст

The post Македонски чај од Алкалоид во холивудските студија appeared first on Република.

]]>

Холивудската дива и поранешна Бонд-девојка Дениз Ричардс ужива во шолја чај Good Nature! Во најновата сезона на „The Real Housewives of Beverly Hills“ или „Вистинските домаќинки од Беверли Хилс“, едно од најгледаните американски шоуа од овој карактер, Дениз Ричардс, во друштво на остатокот од екипата, ужива во шолја чај Good Nature. Во десеттата епизода од актуелната 13-та сезона, една од ријалити-ѕвездите, Кристал Кунг Минкоф, на тако-забавата која ја организира за своето друштво од Беверли Хилс го послужува токму чајот Good Nature како свој избор на пијалак. Само споменатата епизода постигна гледаност од над 1.100.000 гледачи, што за нашиот бренд значи постигнување огромна видливост и е уште една потврда дека квалитетот е секогаш препознаен – дома и во светот! https://republika.mk/docs/GoodNature-TheRealHousewivesofBeverlyHills.mp4   „Алкалоид“ како производител на чаеви е присутен на американскиот пазар речиси 20 години, најпрвин преку соработката со AVEDA, членка на групацијата Estee Lauder, а потоа и со пласман на своето портфолио Good Nature во 2010 година. Четири години подоцна, како следен чекор во ширењето на брендот Good Nature, чаевите на „Алкалоид“ стануваат достапни за продажба и преку најголемата платформа за онлајн-трговија „Амазон“, исполнувајќи ги високите критериуми што ги налага светски познатиот гигант при изборот на производи кои можат да се продаваат преку платформата. Во 2020 година Good Nature остварува уште еден успех добивајќи признание за еден од своите производи, чајот Good Nature Healthy Heart, кој се најде на престижната листа на Amazon’s choice како еден од најдобро продаваните производи на „Амазон“. Комерцијален текст

The post Македонски чај од Алкалоид во холивудските студија appeared first on Република.

]]>
Пуштен во употреба нов инвестициски проект на „Алкалоид“ вреден 3,8 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/pushten-vo-upotreba-nov-investitsiski-proekt-na-alkaloid-vreden-3-8-milioni-evra/ Thu, 11 Jan 2024 10:26:30 +0000 https://republika.mk/?p=731873

Од 2017 до 2023 година „Алкалоид“ АД Скопје има пуштено во употреба 10.720 m2 фармацевтски капацитети и има инвестирано 18,6 милиони евра на локалитетот во Автокоманда

Следењето на светските трендови во фармацијата и во производството на ценовно достапни, квалитетни, ефикасни и безбедни лекови, кај кои заштитниот знак на „Алкалоид“ е синоним за квалитет и за сигурност, се принципите кои се цврсто втемелени во корпоративната политика на компанијата. Во согласност со тековниот план за капитални вложувања (CAPEX 2017-2037), „Алкалоид“ од 2017 година наваму има пуштено во употреба неколку нови фармацевтски капацитети, кои вклучуваат: погон за производство на полуцврсти фармацевтски форми (масти, кремови и гелови), погон за пакување лекови, вагална за мерење суровини и магацински простор за складирање суровини.

Во присуство на претставници на менаџментот на компанијата, предаден е во употреба уште еден успешно реализиран инвестициски потфат во рамките на профитниот центар Фармација. Станува збор за нов објект кој обезбедува централизирано решение за подготовка и за движење на вработените низ производствените погони во Производство – Фармација, со повеќе од 900 гардеробни места наменети за вработените. Комплексноста на оваа инвестициска фаза произлегува од потребата за функционална поврзаност со сите производствени целини на локалитетот – производство и пакување цврсти, полуцврсти и течни фармацевтски форми – кај кои се практикува различен пристап во процесите, при што вработените добиваат уште подобри услови за безбедна работа. Вкупната површина на новиот објект изнесува 4.100 m2, за чија изградба и опремување се вложени 3,8 милиони евра. Покрај сервисните простории, овој нов објект ќе вклучува и изложбени поставки од 88-годишниот историјат на компанијата.

Со ова „Алкалоид“ ја заокружи првата четвртина од 20-годишниот инвестициски план, со предадени во употреба 10.720 m2 фармацевтски капацитети и со вложени 18,6 милиони евра.

Наскоро „Алкалоид“ планира заокружување на уште еден нов крупен инвестициски потфат – Таблетно одделение 2.0 – чија цел ќе биде диверзификација и значително зголемување на производствените волумени за цврсти фармацевтски форми.

Комерцијален текст

The post Пуштен во употреба нов инвестициски проект на „Алкалоид“ вреден 3,8 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Од 2017 до 2023 година „Алкалоид“ АД Скопје има пуштено во употреба 10.720 m2 фармацевтски капацитети и има инвестирано 18,6 милиони евра на локалитетот во Автокоманда Следењето на светските трендови во фармацијата и во производството на ценовно достапни, квалитетни, ефикасни и безбедни лекови, кај кои заштитниот знак на „Алкалоид“ е синоним за квалитет и за сигурност, се принципите кои се цврсто втемелени во корпоративната политика на компанијата. Во согласност со тековниот план за капитални вложувања (CAPEX 2017-2037), „Алкалоид“ од 2017 година наваму има пуштено во употреба неколку нови фармацевтски капацитети, кои вклучуваат: погон за производство на полуцврсти фармацевтски форми (масти, кремови и гелови), погон за пакување лекови, вагална за мерење суровини и магацински простор за складирање суровини. Во присуство на претставници на менаџментот на компанијата, предаден е во употреба уште еден успешно реализиран инвестициски потфат во рамките на профитниот центар Фармација. Станува збор за нов објект кој обезбедува централизирано решение за подготовка и за движење на вработените низ производствените погони во Производство – Фармација, со повеќе од 900 гардеробни места наменети за вработените. Комплексноста на оваа инвестициска фаза произлегува од потребата за функционална поврзаност со сите производствени целини на локалитетот – производство и пакување цврсти, полуцврсти и течни фармацевтски форми – кај кои се практикува различен пристап во процесите, при што вработените добиваат уште подобри услови за безбедна работа. Вкупната површина на новиот објект изнесува 4.100 m2, за чија изградба и опремување се вложени 3,8 милиони евра. Покрај сервисните простории, овој нов објект ќе вклучува и изложбени поставки од 88-годишниот историјат на компанијата. Со ова „Алкалоид“ ја заокружи првата четвртина од 20-годишниот инвестициски план, со предадени во употреба 10.720 m2 фармацевтски капацитети и со вложени 18,6 милиони евра. Наскоро „Алкалоид“ планира заокружување на уште еден нов крупен инвестициски потфат – Таблетно одделение 2.0 – чија цел ќе биде диверзификација и значително зголемување на производствените волумени за цврсти фармацевтски форми. Комерцијален текст

The post Пуштен во употреба нов инвестициски проект на „Алкалоид“ вреден 3,8 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии за учебната 2023/2024 https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/fondatsijata-trajche-mukaetov-dodeli-40-novi-stipendii-za-uchebnata-2023-2024/ Mon, 11 Dec 2023 12:36:08 +0000 https://republika.mk/?p=721748

Шеснаесетта година по ред Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 стипендии за студенти на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Изборот на стипендистите за учебната 2023/2024 година, кој е во согласност со објавениот јавен конкурс, е одобрен од Управниот одбор на Фондацијата, по предлог-прелиминарната листа од комисиите за распределба на стипендии, составени од претставници на Фондацијата, на двата факултета, како и од претставници од редовите на студентите.

За новата академска година се доделуваат 40 нови стипендии, од кои 20 за студенти на Фармацевтскиот и 20 за студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ oд Скопје. И оваа година Фондацијата ќе додели и еднократна парична награда од 1.200 евра во денарска противвредност за првенците на генерација на двата факултета. Добитници на оваа награда се Теодора Мазнева од Фармацевтскиот факултет (со просек 9,81) и Леонид Рене Томас Караџинов од Медицинскиот факултет (со просек 9,98), стипендист на Фондацијата „Трајче Мукаетов“.

„Во вакви специфични времиња исполнети со огромни предизвици, како за компаниите така и за поединците, а особено за младите, чест е да се биде дел од една континуирана позитивна приказна на едукација, посветеност на науката и врвни резултати во сферата на здравството и фармацијата. Особено ни е драго што компанијата во изминатите 16 години е дел од успешната академска приказна на 659 стипендирани студенти на државниот универзитет во Скопје, кои се додадена вредност на македонското здравство и фармација. Едукацијата во овие две сфери е од исклучителна важност, а процесите во нашата компанија бараат стручно профилирани кадри и особено ми е драго што досега 101 oд стипендираните студенти одлучиле својот професионален пат да го започнат во некој од нашите оддели, во кои своето знаење и капацитетите можат да ги демонстрираат со целосен потенцијал. Благодарение на високата селективност при ангажирањето стручни кадри и континуираните вложувања во сферата на едукацијата, денес ‘Алкалоид’ конкурентно и достоинствено се носи на глобалниот фармацевтски пазар“, изјави г. Живко Мукаетов, Претседател на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ и Генерален директор на компанијата „Алкалоид“ АД Скопје.

Во шеснаесетте години постоење, Фондацијата „Трајче Мукаетов“ стипендирала вкупно 659 студенти по фармација и по медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје и инвестирала близу 130 милиони денари по основ на стипендии и на еднократни парични награди за првенците на генерација.

Oд ноември 2022 година износот на стипендијата изнесува 7.000 денари во текот на 12 месеци и се засметува линеарно на постојните и новите стипендисти, сѐ до нивното формално завршување на студиите.

Комерцијален текст

The post Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии за учебната 2023/2024 appeared first on Република.

]]>

Шеснаесетта година по ред Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 стипендии за студенти на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Изборот на стипендистите за учебната 2023/2024 година, кој е во согласност со објавениот јавен конкурс, е одобрен од Управниот одбор на Фондацијата, по предлог-прелиминарната листа од комисиите за распределба на стипендии, составени од претставници на Фондацијата, на двата факултета, како и од претставници од редовите на студентите. За новата академска година се доделуваат 40 нови стипендии, од кои 20 за студенти на Фармацевтскиот и 20 за студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ oд Скопје. И оваа година Фондацијата ќе додели и еднократна парична награда од 1.200 евра во денарска противвредност за првенците на генерација на двата факултета. Добитници на оваа награда се Теодора Мазнева од Фармацевтскиот факултет (со просек 9,81) и Леонид Рене Томас Караџинов од Медицинскиот факултет (со просек 9,98), стипендист на Фондацијата „Трајче Мукаетов“. „Во вакви специфични времиња исполнети со огромни предизвици, како за компаниите така и за поединците, а особено за младите, чест е да се биде дел од една континуирана позитивна приказна на едукација, посветеност на науката и врвни резултати во сферата на здравството и фармацијата. Особено ни е драго што компанијата во изминатите 16 години е дел од успешната академска приказна на 659 стипендирани студенти на државниот универзитет во Скопје, кои се додадена вредност на македонското здравство и фармација. Едукацијата во овие две сфери е од исклучителна важност, а процесите во нашата компанија бараат стручно профилирани кадри и особено ми е драго што досега 101 oд стипендираните студенти одлучиле својот професионален пат да го започнат во некој од нашите оддели, во кои своето знаење и капацитетите можат да ги демонстрираат со целосен потенцијал. Благодарение на високата селективност при ангажирањето стручни кадри и континуираните вложувања во сферата на едукацијата, денес ‘Алкалоид’ конкурентно и достоинствено се носи на глобалниот фармацевтски пазар“, изјави г. Живко Мукаетов, Претседател на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ и Генерален директор на компанијата „Алкалоид“ АД Скопје. Во шеснаесетте години постоење, Фондацијата „Трајче Мукаетов“ стипендирала вкупно 659 студенти по фармација и по медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје и инвестирала близу 130 милиони денари по основ на стипендии и на еднократни парични награди за првенците на генерација. Oд ноември 2022 година износот на стипендијата изнесува 7.000 денари во текот на 12 месеци и се засметува линеарно на постојните и новите стипендисти, сѐ до нивното формално завршување на студиите. Комерцијален текст

The post Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии за учебната 2023/2024 appeared first on Република.

]]>
Една година стратешко партнерство на „Алкалоид“ и СОС Детско село https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/edna-godina-strateshko-partnerstvo-na-alkaloid-i-sos-detsko-selo/ Sun, 03 Dec 2023 13:19:50 +0000 https://republika.mk/?p=718945

„Децата се нашата иднина! Секое дете има право на топол дом, грижа и љубов! Секое дете е и наша грижа!“ – моќни пораки спрема заедницата и силни причини за синергија, кои во целост ги препознаваат и ги почитуваат обете организации.

Во годината кога брендот „Бекутан“ го слави својот 45-годишен јубилеј започна стратешката соработка со СОС Детско село – организација која во моментов води грижа за близу 500 деца и младинци во земјава кои се без родителска грижа или се во ризик да ги изгубат своите родители. Во декември 2022 година една од куќите на СОС Детско село, на локалитетот во населба Ченто, беше именувана во „Бекутан куќа“, за која компанијата стана клучен помагател и главен поддржувач, притоа градејќи искрени релации меѓу згрижувачкото семејство и вработените во „Алкалоид“ АД Скопје. Во рамките на јубилејниот проект, компанијата издвои преку 2 милиони денари наменети за секојдневно непречено функционирање на Куќата и на активностите поврзани со работењето на организацијата и на негувателите.

„Во декември минатата година, во пресрет на нашиот јубилеј – 45 години од постоењето на детскиот бренд ’Бекутан’ – започнавме со таканареченото кумство, т. е., во соработка со СОС Детско село, водиме грижа за пет дечиња на возраст од пет до тринаесет години и за сето она што е потребно околу нивното живеење таму. Во текот на годината се издвојуваше одреден процент од продажбите на нашата детска колекција и беа собрани над 2 милиони денари, кои ќе му бидат донирани на СОС Детско село. Нашата соработка ќе продолжи и во текот на претстојната календарска година”, изјави Живко Мукаетов, Генерален директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид” АД Скопје.

Јулијана Накова-Гапо, национален директор на СОС Детско село, истакнувајќи ја својата благодарност за оваа соработка и потенцирајќи ја важноста на донаторската помош за децата згрижени во овој локалитет, изјави: „’Алкалоид’ како стратешки партнер на СОС Детско село веќе една година ја поддржува нашата кауза за помош на деца без родителска грижа преку најголемиот македонски бренд ’Бекутан’ и преку кумството на една куќа во СОС Детско село. Влијанието од поддршката на ’Алкалоид’ оди подалеку од финансиската помош – овозможува стабилност и развој. Му благодариме на донаторот за посветеноста на нашата кауза.“

Како дел од партнерството, освен финансиското олеснување на тековните трошоци, дополнително се обезбеди и континуирана едукативна поддршка за децата и се придонесе да се олесни пристапот до професионално советување и до третмани за совладување на развојните предизвици на децата во семејството.

Во рамките на СОС детското село беше прославен и првиот јубилеј на оваа хумана соработка преку изложба на цртежи, кои специјално за пригодата ги нацртаа дечињата од СОС Детско село, на тема „Љубов е...“, при што секој цртеж ќе биде награден од „Бекутан“, затоа што секое од децата е победник во мисијата наречена љубов! Сите прекрасни цртежи на дечињата ќе бидат претставени во дел од идните кампањи на компанијата „Алкалоид“ поврзани со детската колекција „Бекутан“.

СОС Детско село функционира на принципот на донации од индивидуалци, компании, институции и од разни форми на партнерства. Секој може да донира, а донираните средства се користат исклучиво за потребите на згрижените деца. Линкот за донации е: https://sos.org.mk/doniraj-33/.

Комерцијален текст

The post Една година стратешко партнерство на „Алкалоид“ и СОС Детско село appeared first on Република.

]]>

„Децата се нашата иднина! Секое дете има право на топол дом, грижа и љубов! Секое дете е и наша грижа!“ – моќни пораки спрема заедницата и силни причини за синергија, кои во целост ги препознаваат и ги почитуваат обете организации. Во годината кога брендот „Бекутан“ го слави својот 45-годишен јубилеј започна стратешката соработка со СОС Детско село – организација која во моментов води грижа за близу 500 деца и младинци во земјава кои се без родителска грижа или се во ризик да ги изгубат своите родители. Во декември 2022 година една од куќите на СОС Детско село, на локалитетот во населба Ченто, беше именувана во „Бекутан куќа“, за која компанијата стана клучен помагател и главен поддржувач, притоа градејќи искрени релации меѓу згрижувачкото семејство и вработените во „Алкалоид“ АД Скопје. Во рамките на јубилејниот проект, компанијата издвои преку 2 милиони денари наменети за секојдневно непречено функционирање на Куќата и на активностите поврзани со работењето на организацијата и на негувателите. „Во декември минатата година, во пресрет на нашиот јубилеј – 45 години од постоењето на детскиот бренд ’Бекутан’ – започнавме со таканареченото кумство, т. е., во соработка со СОС Детско село, водиме грижа за пет дечиња на возраст од пет до тринаесет години и за сето она што е потребно околу нивното живеење таму. Во текот на годината се издвојуваше одреден процент од продажбите на нашата детска колекција и беа собрани над 2 милиони денари, кои ќе му бидат донирани на СОС Детско село. Нашата соработка ќе продолжи и во текот на претстојната календарска година”, изјави Живко Мукаетов, Генерален директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид” АД Скопје. Јулијана Накова-Гапо, национален директор на СОС Детско село, истакнувајќи ја својата благодарност за оваа соработка и потенцирајќи ја важноста на донаторската помош за децата згрижени во овој локалитет, изјави: „’Алкалоид’ како стратешки партнер на СОС Детско село веќе една година ја поддржува нашата кауза за помош на деца без родителска грижа преку најголемиот македонски бренд ’Бекутан’ и преку кумството на една куќа во СОС Детско село. Влијанието од поддршката на ’Алкалоид’ оди подалеку од финансиската помош – овозможува стабилност и развој. Му благодариме на донаторот за посветеноста на нашата кауза.“ Како дел од партнерството, освен финансиското олеснување на тековните трошоци, дополнително се обезбеди и континуирана едукативна поддршка за децата и се придонесе да се олесни пристапот до професионално советување и до третмани за совладување на развојните предизвици на децата во семејството. Во рамките на СОС детското село беше прославен и првиот јубилеј на оваа хумана соработка преку изложба на цртежи, кои специјално за пригодата ги нацртаа дечињата од СОС Детско село, на тема „Љубов е...“, при што секој цртеж ќе биде награден од „Бекутан“, затоа што секое од децата е победник во мисијата наречена љубов! Сите прекрасни цртежи на дечињата ќе бидат претставени во дел од идните кампањи на компанијата „Алкалоид“ поврзани со детската колекција „Бекутан“. СОС Детско село функционира на принципот на донации од индивидуалци, компании, институции и од разни форми на партнерства. Секој може да донира, а донираните средства се користат исклучиво за потребите на згрижените деца. Линкот за донации е: https://sos.org.mk/doniraj-33/. Комерцијален текст

The post Една година стратешко партнерство на „Алкалоид“ и СОС Детско село appeared first on Република.

]]>
Вработените во „Алкалоид“ донираа крв, собраа тон храна и тон облека, помагаат каде што е најпотребно https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vrabotenite-vo-alkaloid-doniraa-krv-sobraa-ton-hrana-i-ton-obleka-pomagaat-kade-shto-e-najpotrebno/ Mon, 27 Nov 2023 12:36:45 +0000 https://republika.mk/?p=716786

Одлучноста на компанијата и подготвеноста на сите вработени да им помогнат на оние на кои им е најпотребно се најголема потврда за улогата на „Алкалоид“ како општествено одговорна компанија. Компанијата во изминатиот период реализираше повеќе хуманитарни проекти организирани заедно со Црвен крст на Град Скопје, со социјалното претпријатие „Копче“ и со Институтот за трансфузиона медицина.

Вработените на компанијата, како главни амбасадори на доброто дело, и овојпат несебично го дадоа својот придонес и се вклучија во сите хуманитарни акции на „Алкалоид“, доследно претставувајќи ги компаниската култура и посветеноста. Во духот на човековата солидарност, постигнати се одлични резултати во донаторските акции, на кои тие се особено горди: собран е речиси 1 тон донирана облека која не им е потребна, но која е зачувана и која сѐ уште може да се користи, и речиси 1 тон храна за подготовка на пакети со храна – донации наменети за ранливите категории и за социјално загрозените семејства, за да се помогне за полесно справување со секојдневните предизвици со кои се соочуваат.

Особено радува продолжувањето на веќе воспоставената соработка со Црвен крст за крводарителски акции, која резултираше со собрани 340 единици крв во двете акции спроведени оваа година, бројка која зборува за големата мотивираност на вработените, но и за индивидуалната и за колективната општествена одговорност кои беа манифестирани преку чинот на крводарување.

Зацврстувајќи го имиџот на партнер на општеството посветен на поттикнување значајни промени и на остварување позитивно влијание, „Алкалоид“ континуирано ги исполнува своите заложби за општествено одговорно однесување и преку конкретни проекти и позитивни примери ќе продолжи да дава активна поддршка за заеднички иницијативи кои имаат цел да ги поттикнат хуманоста и човековата солидарност, но и да ја унапредат колективната свест и одговорност спрема заедницата.

Комерцијален текст

The post Вработените во „Алкалоид“ донираа крв, собраа тон храна и тон облека, помагаат каде што е најпотребно appeared first on Република.

]]>

Одлучноста на компанијата и подготвеноста на сите вработени да им помогнат на оние на кои им е најпотребно се најголема потврда за улогата на „Алкалоид“ како општествено одговорна компанија. Компанијата во изминатиот период реализираше повеќе хуманитарни проекти организирани заедно со Црвен крст на Град Скопје, со социјалното претпријатие „Копче“ и со Институтот за трансфузиона медицина. Вработените на компанијата, како главни амбасадори на доброто дело, и овојпат несебично го дадоа својот придонес и се вклучија во сите хуманитарни акции на „Алкалоид“, доследно претставувајќи ги компаниската култура и посветеноста. Во духот на човековата солидарност, постигнати се одлични резултати во донаторските акции, на кои тие се особено горди: собран е речиси 1 тон донирана облека која не им е потребна, но која е зачувана и која сѐ уште може да се користи, и речиси 1 тон храна за подготовка на пакети со храна – донации наменети за ранливите категории и за социјално загрозените семејства, за да се помогне за полесно справување со секојдневните предизвици со кои се соочуваат. Особено радува продолжувањето на веќе воспоставената соработка со Црвен крст за крводарителски акции, која резултираше со собрани 340 единици крв во двете акции спроведени оваа година, бројка која зборува за големата мотивираност на вработените, но и за индивидуалната и за колективната општествена одговорност кои беа манифестирани преку чинот на крводарување. Зацврстувајќи го имиџот на партнер на општеството посветен на поттикнување значајни промени и на остварување позитивно влијание, „Алкалоид“ континуирано ги исполнува своите заложби за општествено одговорно однесување и преку конкретни проекти и позитивни примери ќе продолжи да дава активна поддршка за заеднички иницијативи кои имаат цел да ги поттикнат хуманоста и човековата солидарност, но и да ја унапредат колективната свест и одговорност спрема заедницата. Комерцијален текст

The post Вработените во „Алкалоид“ донираа крв, собраа тон храна и тон облека, помагаат каде што е најпотребно appeared first on Република.

]]>
Шаховскиот клуб „Алкалоид“ ќе учествува на Светскиот сениорски екипен шампионат за ветерани за 2023 година https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/shahovskiot-klub-alkaloid-ke-uchestvuva-na-svetskiot-seniorski-ekipen-shampionat-za-veterani-za-2023-godina/ Wed, 13 Sep 2023 09:54:38 +0000 https://republika.mk/?p=681520

Најсилното шаховско натпреварување за сениори/ветерани во светот, чија организација од страна на Светската шаховска организација (ФИДЕ) е доделена на Шаховската федерација на Македонија, ќе се одржи од 18 до 29 септември, во хотел Изгрев (Струга).

Согласно турнирскиот правилник, на Светското екипно првенство за сениори имаат право да учествуваат репрезентации и шаховски клубови, предуслов е да сите играчи од една екипа бидат во соодветната возрасна категорија и регистрирани во иста земја. Македонскиот лидер и најуспешен клуб Алкалоид го пријави своето учество во категоријата на екипи со играчи постари од 50 години, со просечен рејтинг на екипата (се пресметува како просек од првите четири играчи) од 2436, а во екипата се вклучени врвните македонски велемајстори и долгогодишни членови на клубот (долги години носители и на државната репрезентација):

  • Кирил Георгиев, супервелемајстор (највисок рејтинг 2725 во Блиц шах), носител на медал од светски шампионати (светски јуниорски шампион), еден од ретките кој во меч го победил поранешниот светски шампион Гари Каспаров
  • Тајко Недев трикратен државен шампион, освојувач на сребрен медал за поединечен резултат на Европско Екипно првенство 2003 година, поранешен најпрво член а потоа и селектор на државната репрезентација
  • Влатко Богдановски седумкратен државен шампион, долги години столб на државната репрезентација, поранешен член а потоа и селектор на женската сениорска репрезентација
  • Звонко Станојоски шестократен и актуелен државен шампион, фронтмен и   прва табла на државната репрезентација на последната Шаховска Олимпијада во 2022 година
  • Роландо Кутиров, двократен државен шампион, поранешен најпрво член а потоа и селектор на државната репрезентација
  • Драгољуб Јаќимовиќ двократен државен шампион и освојувач на златен медал за поединечен резултат на Шаховската Олимпијада 2000 година поранешен најпрво член а потоа и селектор на машката сениорска репрезентација.

Мошне добро познати на спортската јавност, шахисти кои дале исклучителен придонес во развојот и резултатите на македонскиот шах а во составот на репрезентацијата несебично и посветено ги бранеле боите на националната репрезентација на многу шаховски Олимпијади и Европски и државни екипни првенства. Kако долгогодишни членови на Алкалоидовата екипа се носители на 25 екипни шампионски титули (од кои 11 се во континуитет вклучително и овогодинешната) !

Алкалоид важи за еден од најпознатите европски шаховски клубови, континуирано под спонзорство на фармацевтскиот гигант преку четири децении, европски шампион од 2016 и вицешампион од 2017 година, за кој настапуваа врвни шаховски велемајстори вклучително и актуелниот светски шаховски шампион Динг Лирен од Кина.

Ова прво учество на Алкалоид на светски екипен сениорски шампионат е нов мотив и предизвик, желба повторно да се постигне резултат со кој македонската шаховска и севкупната спортска јавност ќе се гордее. Познавајќи го аналитичкиот и победничкиот дух на овој наш шаховски гигант, да му посакаме среќа и сигурни сме дека екипата ќе ги вложи сите напори за да ја оствари поставената целт за овој турнир - освојување на еден од медалите !

Конкуренцијата на турнирот според пријавените екипи и состави ќе биде силна. Анализата на екипите и играчите, посебно за првите три места покажува дека за првите три места во потесен круг ќе се борат шест екипи (рангирани и  според просечниот рејтинг на  првите четири табли, но и  според играчите кои настапуваат) и тоа:

САД, со просечен рејтинг од 2549 е главен фаворит, во своите редови го има супервелемајсторот Владимир Акопиан (највисок рејтинг имал 2713 во 2008 година, своевремено во светската елита топ ТОП  10, неколкукратен светски јуниорски шампион, носител на златен олимписки медал) со рејтинг 2602 (роден и долги години настапуваше за репрезентацијата на  Ерменија) кој во 2003 година играше за екипата на Алкалоид на Европскиот клупски куп (освои 5 поени во 6 партии и златен медал на првата табла за најдобар резултат). Интересно е што комплетната екипа на САД е составена од мошне силни велемајстори (Грегори Каиданов, Јан Елвест, Александар Шабалов, Игор Новиков) кои се родени и претходно настапувале за други држави.

Англија, важи за втор фаворит, со просечен рејтинг од 2467, на чија прва табла е пријавен супервелемајсторот Мајкл Адамс (во периодот 2000-2002 меѓу топ 5 во светот,  највисок рејтинг имал 2761 во 2013 година, поранешен светски јуниорски шампион, долги години лидер на англиската репрезентација) со рејтинг 2662. И останатите членови на екипата се велемајстори кои порано важеле за доста силни.

Италија,со просечен рејтинг од 2438 е во групата репрезентации со Исланд и Алкалоид кои  според почетното рангирање се со приближно ист просечен рејтинг. Предводена од искусните Давид Алберто и Микеле Годена, но и останатите членови на екипата се со  изедначена снага  и секако ќе бидат предизвик на конкурентите за медал на овој светски сениорски шампионат.

Исланд, со просечен рејтинг од 2435, екипата ја предводат велемајсторите Хелги Олафсон и Јохан Хјартарсон, но и останатите тројца велемајстори членови на екипата се со големо искуство од многу турнири, кои веруваат во себе и силата на својата екипа.

Црна Гора, со просечен рејтинг од 2346, предводена од Велемајсторот Небојша Никчевиќ (рејтинг 2358) и со доста хомогена екипа од останати четири интернационални мајстори, добро познати и на македонската јавност, вклучително и интернационалниот мајстор Богдан Подлесник (добро познат и во банкарската индустрија како искусен долгогодишен менаџер) кој настапи и на тукушто завршеното македонско државно екипно првенство.

Во секој случај светскиот сениорски шампионат ќе биде мошне интересен за  следење, па сосема е разбирливо што македонската шаховска јавност со нетрпение го чека почетокот на ова натпреварување на кое ќе навива за своите шахисти и тоа екипата составена од членови на македонскиот Национален сојуз на слепи шахисти, а посебно во борбата за медал ќе го бодри својот миленик екипата на Алкалоид.

The post Шаховскиот клуб „Алкалоид“ ќе учествува на Светскиот сениорски екипен шампионат за ветерани за 2023 година appeared first on Република.

]]>

Најсилното шаховско натпреварување за сениори/ветерани во светот, чија организација од страна на Светската шаховска организација (ФИДЕ) е доделена на Шаховската федерација на Македонија, ќе се одржи од 18 до 29 септември, во хотел Изгрев (Струга). Согласно турнирскиот правилник, на Светското екипно првенство за сениори имаат право да учествуваат репрезентации и шаховски клубови, предуслов е да сите играчи од една екипа бидат во соодветната возрасна категорија и регистрирани во иста земја. Македонскиот лидер и најуспешен клуб Алкалоид го пријави своето учество во категоријата на екипи со играчи постари од 50 години, со просечен рејтинг на екипата (се пресметува како просек од првите четири играчи) од 2436, а во екипата се вклучени врвните македонски велемајстори и долгогодишни членови на клубот (долги години носители и на државната репрезентација):
  • Кирил Георгиев, супервелемајстор (највисок рејтинг 2725 во Блиц шах), носител на медал од светски шампионати (светски јуниорски шампион), еден од ретките кој во меч го победил поранешниот светски шампион Гари Каспаров
  • Тајко Недев трикратен државен шампион, освојувач на сребрен медал за поединечен резултат на Европско Екипно првенство 2003 година, поранешен најпрво член а потоа и селектор на државната репрезентација
  • Влатко Богдановски седумкратен државен шампион, долги години столб на државната репрезентација, поранешен член а потоа и селектор на женската сениорска репрезентација
  • Звонко Станојоски шестократен и актуелен државен шампион, фронтмен и   прва табла на државната репрезентација на последната Шаховска Олимпијада во 2022 година
  • Роландо Кутиров, двократен државен шампион, поранешен најпрво член а потоа и селектор на државната репрезентација
  • Драгољуб Јаќимовиќ двократен државен шампион и освојувач на златен медал за поединечен резултат на Шаховската Олимпијада 2000 година поранешен најпрво член а потоа и селектор на машката сениорска репрезентација.
Мошне добро познати на спортската јавност, шахисти кои дале исклучителен придонес во развојот и резултатите на македонскиот шах а во составот на репрезентацијата несебично и посветено ги бранеле боите на националната репрезентација на многу шаховски Олимпијади и Европски и државни екипни првенства. Kако долгогодишни членови на Алкалоидовата екипа се носители на 25 екипни шампионски титули (од кои 11 се во континуитет вклучително и овогодинешната) ! Алкалоид важи за еден од најпознатите европски шаховски клубови, континуирано под спонзорство на фармацевтскиот гигант преку четири децении, европски шампион од 2016 и вицешампион од 2017 година, за кој настапуваа врвни шаховски велемајстори вклучително и актуелниот светски шаховски шампион Динг Лирен од Кина. Ова прво учество на Алкалоид на светски екипен сениорски шампионат е нов мотив и предизвик, желба повторно да се постигне резултат со кој македонската шаховска и севкупната спортска јавност ќе се гордее. Познавајќи го аналитичкиот и победничкиот дух на овој наш шаховски гигант, да му посакаме среќа и сигурни сме дека екипата ќе ги вложи сите напори за да ја оствари поставената целт за овој турнир - освојување на еден од медалите ! Конкуренцијата на турнирот според пријавените екипи и состави ќе биде силна. Анализата на екипите и играчите, посебно за првите три места покажува дека за првите три места во потесен круг ќе се борат шест екипи (рангирани и  според просечниот рејтинг на  првите четири табли, но и  според играчите кои настапуваат) и тоа: САД, со просечен рејтинг од 2549 е главен фаворит, во своите редови го има супервелемајсторот Владимир Акопиан (највисок рејтинг имал 2713 во 2008 година, своевремено во светската елита топ ТОП  10, неколкукратен светски јуниорски шампион, носител на златен олимписки медал) со рејтинг 2602 (роден и долги години настапуваше за репрезентацијата на  Ерменија) кој во 2003 година играше за екипата на Алкалоид на Европскиот клупски куп (освои 5 поени во 6 партии и златен медал на првата табла за најдобар резултат). Интересно е што комплетната екипа на САД е составена од мошне силни велемајстори (Грегори Каиданов, Јан Елвест, Александар Шабалов, Игор Новиков) кои се родени и претходно настапувале за други држави. Англија, важи за втор фаворит, со просечен рејтинг од 2467, на чија прва табла е пријавен супервелемајсторот Мајкл Адамс (во периодот 2000-2002 меѓу топ 5 во светот,  највисок рејтинг имал 2761 во 2013 година, поранешен светски јуниорски шампион, долги години лидер на англиската репрезентација) со рејтинг 2662. И останатите членови на екипата се велемајстори кои порано важеле за доста силни. Италија,со просечен рејтинг од 2438 е во групата репрезентации со Исланд и Алкалоид кои  според почетното рангирање се со приближно ист просечен рејтинг. Предводена од искусните Давид Алберто и Микеле Годена, но и останатите членови на екипата се со  изедначена снага  и секако ќе бидат предизвик на конкурентите за медал на овој светски сениорски шампионат. Исланд, со просечен рејтинг од 2435, екипата ја предводат велемајсторите Хелги Олафсон и Јохан Хјартарсон, но и останатите тројца велемајстори членови на екипата се со големо искуство од многу турнири, кои веруваат во себе и силата на својата екипа. Црна Гора, со просечен рејтинг од 2346, предводена од Велемајсторот Небојша Никчевиќ (рејтинг 2358) и со доста хомогена екипа од останати четири интернационални мајстори, добро познати и на македонската јавност, вклучително и интернационалниот мајстор Богдан Подлесник (добро познат и во банкарската индустрија како искусен долгогодишен менаџер) кој настапи и на тукушто завршеното македонско државно екипно првенство. Во секој случај светскиот сениорски шампионат ќе биде мошне интересен за  следење, па сосема е разбирливо што македонската шаховска јавност со нетрпение го чека почетокот на ова натпреварување на кое ќе навива за своите шахисти и тоа екипата составена од членови на македонскиот Национален сојуз на слепи шахисти, а посебно во борбата за медал ќе го бодри својот миленик екипата на Алкалоид.

The post Шаховскиот клуб „Алкалоид“ ќе учествува на Светскиот сениорски екипен шампионат за ветерани за 2023 година appeared first on Република.

]]>
АЛКАЛОИД со консолидирани продажби од 136,7 милиони евра, инвестиции од 15,2 милиони евра и со 106 нови вработувања во земјава во периодот јануари – јуни 2023 г. https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/alkaloid-so-konsolidirani-prodazhbi-od-136-7-milioni-evra-investitsii-od-15-2-milioni-evra-i-so-106-novi-vrabotuvana-vo-zemjava-vo-periodot-januari-juni-2023-g/ Fri, 28 Jul 2023 08:01:29 +0000 https://republika.mk/?p=666169

Приходи од продажби

Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – јуни 2023 година продажбите достигнуваат 6.293.741.761 денари, што е за 19 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 8.425.198.446 денари, што е за 18 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година.

Продажби според региони

Консолидираните продажби остварени на домашниот пазар се зголемени за 8 %, а вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 23 %. Од вкупните консолидирани продажби 29 % се остварени на домашниот пазар, додека, пак, 71 % се остварени на странските пазари. Гледано според региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 29 %, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 22 %, во земјите од Источна Европа (ЗНД, УКР...) се остварени 19 %, а на другите пазари е остварен 1 % од вкупните консолидирани продажби.

Најголем пораст кај извозните пазари, во споредба со првото полугодие од 2022 година, бележат продажбите остварени во Австрија, кои се зголемени за повеќе од 4-пати, како и во Чешка и во Турција, каде што се зголемени за двапати. Потоа следуваат оние во Ерменија (раст од 93 %), Романија (раст од 87 %), Монголија (раст од 45 %), во Велика Британија (раст од 28 %), Португалија (раст од 23 %), Бугарија (раст од 22 %), во Хрватска (раст од 11 %), Црна Гора (раст од 11 %), Србија (раст од 10 %), во Босна и Херцеговина (раст од 8 %) итн. Повисокиот раст на продажбите во првото полугодие од 2023 година, во однос на планираните, делумно се должи на недостигот од антибиотици од други производители на повеќето извозни пазари. Овие недостатоци АЛКАЛОИД успеа да ги покрие преку зголемен обем на производство и на продажби на антибиотици од сопственото портфолио.

Продажби според групи производи

Гледано според групи производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација, и тоа 90 %. Од нив поголем удел имаат антибиотиците со 29 %, препаратите ОТЦ со 19 %, невролошките препарати со 12 %, кардиолошките препарати со 11 % од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 10 % во вкупните консолидирани продажби, поточно хемија учествува со 2 %, козметика со 7 %, а билкарство учествува со 1 %. Вкупните продажби бележат пораст кај профитните центри фармација  и козметика во споредба со остварените во истиот период од 2022 година. Сегментот фармација бележи раст од 21 %, а козметика раст од 12 %.

Инвестиции

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – јуни 2023 година изнесуваат 937.983.755 денари.

Резултати од работењето

Единечната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА), која изнесува 1.334.981.131 денари, бележи зголемување од околу 14 %, додека, пак, единечната нето-добивка изнесува 814.786.957 денари и е зголемена за 19 %.

Консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА) достигна 1.393.017.611 денари и бележи раст од 17 %, додека, пак, консолидираната нето-добивка во износ од 773.414.100 денари е зголемена за 19 %.

При извршувањето на оперативните активности АЛКАЛОИД АД Скопје ангажираше повеќе од 1.000 домашни добавувачи.

Вработени

Во периодот јануари – јуни 2023 година во АЛКАЛОИД АД Скопје се реализирани 106 нови вработувања во РС Македонија. Со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, во март 2023 година е одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор за вработените во компанијата во висина на нето-износот од 36.500 денари. Групацијата АЛКАЛОИД брои 2.733 вработени, од кои 2.065 се во земјава, а 668 се вработени во подружниците во странство.

Податоци за акциите

Акциите на АЛКАЛОИД АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидните акции на Берзата. Цената на акцијата во периодот јануари – јуни 2023 година се движеше од 17.200,00 до 18.400,00 денари или просечно 17.855,25 денари за една акција. На 30.6.2023 година акциите на АЛКАЛОИД АД Скопје беа во сопственост на 5.379 акционери, физички и правни лица, a пазарната капитализација на компанијата изнесуваше повеќе од 25,55 милијарди денари.

Бизнис-план за 2023 година

Бизнис-планот за 2023 година, донесен со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје на седницата одржана на 29.12.2022 година, предвидува инвестирање на околу 11 % од консолидираните приходи од продажбите во материјални и во нематеријални средства, раст од 10 % на консолидираните продажби во однос на 2022 година, како и раст од 7 % на консолидираниот профит пред оданочувањето во однос на 2022 година.

Бизнис-планот за 2023 година е базиран на очекувањата, проекциите и на можностите на тековните и на новите пазари и производи достапни за компанијата во моментот на изготвување на планот. Околностите и настаните во 2023 година, а со тоа и остварените резултати, може да варираат во однос на прикажаните во бизнис-планот.

Очекувања за претстојниот период

Во изминатиот период друштвото се соочи со голем број интерни и екстерни предизвици и новонастанати ризици генерирани од енергетската и од економската криза. Презедовме голем број мерки во досегашниот период со цел неутрализирање на сите негативни ефекти, без притоа да се загрози успешното работење на друштвото.

Во согласност со очекувањата, она кое доминираше во 2022 година, а кое продолжува и во првата половина од 2023 година е забележителниот раст на цените на голем дел од влезните суровини и материјали и на енергенсите, како и порастот на цените за транспорт на глобално ниво, а особено значителните пролонгирања на роковите за испорака.

Сето ова влијаеше и врз стапката на инфлација, која достигна високо ниво, но и врз намалената предвидливост за нејзините идни трендови. Во исто време, каматните стапки на регионалните и на европските пазари достигнаа рекордно високо ниво во последните неколку години, што дополнително ги оптоварува оперативните трошоци во работењето. Покрај сето тоа, изразената неизвесност на глобалните економски текови доведе и до варијабилност на повеќето национални валути, што значително го зголемува ризикот од негативни курсни разлики во работењето.

Како најголем предизвик и како прв приоритет за периодот што доаѓа и натаму останува грижата за здравјето на вработените, како и одржувањето на тековната ликвидност и на финансиската стабилност и остварувањето на планските цели.

Комерцијален текст

The post АЛКАЛОИД со консолидирани продажби од 136,7 милиони евра, инвестиции од 15,2 милиони евра и со 106 нови вработувања во земјава во периодот јануари – јуни 2023 г. appeared first on Република.

]]>

Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – јуни 2023 година продажбите достигнуваат 6.293.741.761 денари, што е за 19 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 8.425.198.446 денари, што е за 18 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Продажби според региони Консолидираните продажби остварени на домашниот пазар се зголемени за 8 %, а вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 23 %. Од вкупните консолидирани продажби 29 % се остварени на домашниот пазар, додека, пак, 71 % се остварени на странските пазари. Гледано според региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 29 %, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 22 %, во земјите од Источна Европа (ЗНД, УКР...) се остварени 19 %, а на другите пазари е остварен 1 % од вкупните консолидирани продажби. Најголем пораст кај извозните пазари, во споредба со првото полугодие од 2022 година, бележат продажбите остварени во Австрија, кои се зголемени за повеќе од 4-пати, како и во Чешка и во Турција, каде што се зголемени за двапати. Потоа следуваат оние во Ерменија (раст од 93 %), Романија (раст од 87 %), Монголија (раст од 45 %), во Велика Британија (раст од 28 %), Португалија (раст од 23 %), Бугарија (раст од 22 %), во Хрватска (раст од 11 %), Црна Гора (раст од 11 %), Србија (раст од 10 %), во Босна и Херцеговина (раст од 8 %) итн. Повисокиот раст на продажбите во првото полугодие од 2023 година, во однос на планираните, делумно се должи на недостигот од антибиотици од други производители на повеќето извозни пазари. Овие недостатоци АЛКАЛОИД успеа да ги покрие преку зголемен обем на производство и на продажби на антибиотици од сопственото портфолио. Продажби според групи производи Гледано според групи производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација, и тоа 90 %. Од нив поголем удел имаат антибиотиците со 29 %, препаратите ОТЦ со 19 %, невролошките препарати со 12 %, кардиолошките препарати со 11 % од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 10 % во вкупните консолидирани продажби, поточно хемија учествува со 2 %, козметика со 7 %, а билкарство учествува со 1 %. Вкупните продажби бележат пораст кај профитните центри фармација  и козметика во споредба со остварените во истиот период од 2022 година. Сегментот фармација бележи раст од 21 %, а козметика раст од 12 %. Инвестиции Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – јуни 2023 година изнесуваат 937.983.755 денари. Резултати од работењето Единечната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА), која изнесува 1.334.981.131 денари, бележи зголемување од околу 14 %, додека, пак, единечната нето-добивка изнесува 814.786.957 денари и е зголемена за 19 %. Консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА) достигна 1.393.017.611 денари и бележи раст од 17 %, додека, пак, консолидираната нето-добивка во износ од 773.414.100 денари е зголемена за 19 %. При извршувањето на оперативните активности АЛКАЛОИД АД Скопје ангажираше повеќе од 1.000 домашни добавувачи. Вработени Во периодот јануари – јуни 2023 година во АЛКАЛОИД АД Скопје се реализирани 106 нови вработувања во РС Македонија. Со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, во март 2023 година е одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор за вработените во компанијата во висина на нето-износот од 36.500 денари. Групацијата АЛКАЛОИД брои 2.733 вработени, од кои 2.065 се во земјава, а 668 се вработени во подружниците во странство. Податоци за акциите Акциите на АЛКАЛОИД АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидните акции на Берзата. Цената на акцијата во периодот јануари – јуни 2023 година се движеше од 17.200,00 до 18.400,00 денари или просечно 17.855,25 денари за една акција. На 30.6.2023 година акциите на АЛКАЛОИД АД Скопје беа во сопственост на 5.379 акционери, физички и правни лица, a пазарната капитализација на компанијата изнесуваше повеќе од 25,55 милијарди денари. Бизнис-план за 2023 година Бизнис-планот за 2023 година, донесен со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје на седницата одржана на 29.12.2022 година, предвидува инвестирање на околу 11 % од консолидираните приходи од продажбите во материјални и во нематеријални средства, раст од 10 % на консолидираните продажби во однос на 2022 година, како и раст од 7 % на консолидираниот профит пред оданочувањето во однос на 2022 година. Бизнис-планот за 2023 година е базиран на очекувањата, проекциите и на можностите на тековните и на новите пазари и производи достапни за компанијата во моментот на изготвување на планот. Околностите и настаните во 2023 година, а со тоа и остварените резултати, може да варираат во однос на прикажаните во бизнис-планот. Очекувања за претстојниот период Во изминатиот период друштвото се соочи со голем број интерни и екстерни предизвици и новонастанати ризици генерирани од енергетската и од економската криза. Презедовме голем број мерки во досегашниот период со цел неутрализирање на сите негативни ефекти, без притоа да се загрози успешното работење на друштвото. Во согласност со очекувањата, она кое доминираше во 2022 година, а кое продолжува и во првата половина од 2023 година е забележителниот раст на цените на голем дел од влезните суровини и материјали и на енергенсите, како и порастот на цените за транспорт на глобално ниво, а особено значителните пролонгирања на роковите за испорака. Сето ова влијаеше и врз стапката на инфлација, која достигна високо ниво, но и врз намалената предвидливост за нејзините идни трендови. Во исто време, каматните стапки на регионалните и на европските пазари достигнаа рекордно високо ниво во последните неколку години, што дополнително ги оптоварува оперативните трошоци во работењето. Покрај сето тоа, изразената неизвесност на глобалните економски текови доведе и до варијабилност на повеќето национални валути, што значително го зголемува ризикот од негативни курсни разлики во работењето. Како најголем предизвик и како прв приоритет за периодот што доаѓа и натаму останува грижата за здравјето на вработените, како и одржувањето на тековната ликвидност и на финансиската стабилност и остварувањето на планските цели. Комерцијален текст

The post АЛКАЛОИД со консолидирани продажби од 136,7 милиони евра, инвестиции од 15,2 милиони евра и со 106 нови вработувања во земјава во периодот јануари – јуни 2023 г. appeared first on Република.

]]>
Познатиот „Бекутан“ на компанијата „Алкалоид“ прослави 45 години постоење https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/poznatiot-bekutan-na-kompanijata-alkaloid-proslavi-45-godini-postoene/ Sun, 14 May 2023 20:10:29 +0000 https://republika.mk/?p=640799

Брендот „Бекутан“ на компанијата „Алкалоид“, прослави 45 години постоење. Генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов кажа дека од 1978 година до денеска, произведени се околу 60 милиони теглички со кремот „Бекутан“. Педијатарот Марина Поп-Лазарова се заблагодари на компанијата за квалитетот, безбедноста, традицијата – додавајќи дека од непроценлива важност е нивната секојдневна примена при грижа за децата. Од годинава, со секој продаден продукт од течната линија на „Бекутан“, дел од средствата ќе бидат донација за СОС Детско село. Мукаетов обраќајки се како родител, посочи дека линијата „Бекутан“ се продукти со кои растел тој и неговата сестра, како и неговите деца.

„Сакам да ви се обратам, но не како менаџер на компанијата ‘Алкалоид’ туку како човек кој е родител, татко на четири деца. Да се биде родител е веројатно една од најважните и најодговорни работи кои можат да му се случат на човек во животот. Тоа е посветеност, секојдневно живеење со некој што покрај вас расте и се развива, а треба да порасне во здрава личност, што знаеме дека во денешното општество не е едноставно да се постигне. Од многу непроспиени ноќи, до изборот која да биде храната која нашите најмили ќе ја добијат, што да бидат суплементите, па секако и што да биде козметиката кое едно бебе ќе ја добие, моите родители во она време го користеа кремот ‘Бекутан’, јас и мојата сестра исто така. Денеска јас како родител заедно со мојата сопруга и децата го користиме ‘Бекутан’ преку многу форми на портфолиото, на производите кои ги има. За ваша информација, од март 1978 година, до денеска, откако постои кремчето ‘Бекутан’, произведени се околу 60 милиони теглички. Тоа е уште еден доказ за квалитетот, традицијата, доказ дека е тоа производ на кој може да му се верува. Генерации, не само во Македнија, туку и во регионот, израснаа со овој бренд. Можеме да се пофалиме дека брендот континуирано расте. Нашите најмили живеат во свој сопствен свет, ние сме тука да им помогнеме, да им го разубавиме тој свет и да застанеме зад нив. Како што ние стоиме зад нив, така треба да бидеме благодарни, што го имаме овој бренд. Среќни сме што сите ние сме дел од брендот ‘Бекутан’.

Педијатарот Марина Поп-Лазарова, посочи дека како доктор, „Бекутан“ секогаш ѝ е партнер кога во прашање се децата.

The post Познатиот „Бекутан“ на компанијата „Алкалоид“ прослави 45 години постоење appeared first on Република.

]]>

Брендот „Бекутан“ на компанијата „Алкалоид“, прослави 45 години постоење. Генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов кажа дека од 1978 година до денеска, произведени се околу 60 милиони теглички со кремот „Бекутан“. Педијатарот Марина Поп-Лазарова се заблагодари на компанијата за квалитетот, безбедноста, традицијата – додавајќи дека од непроценлива важност е нивната секојдневна примена при грижа за децата. Од годинава, со секој продаден продукт од течната линија на „Бекутан“, дел од средствата ќе бидат донација за СОС Детско село. Мукаетов обраќајки се како родител, посочи дека линијата „Бекутан“ се продукти со кои растел тој и неговата сестра, како и неговите деца.
„Сакам да ви се обратам, но не како менаџер на компанијата ‘Алкалоид’ туку како човек кој е родител, татко на четири деца. Да се биде родител е веројатно една од најважните и најодговорни работи кои можат да му се случат на човек во животот. Тоа е посветеност, секојдневно живеење со некој што покрај вас расте и се развива, а треба да порасне во здрава личност, што знаеме дека во денешното општество не е едноставно да се постигне. Од многу непроспиени ноќи, до изборот која да биде храната која нашите најмили ќе ја добијат, што да бидат суплементите, па секако и што да биде козметиката кое едно бебе ќе ја добие, моите родители во она време го користеа кремот ‘Бекутан’, јас и мојата сестра исто така. Денеска јас како родител заедно со мојата сопруга и децата го користиме ‘Бекутан’ преку многу форми на портфолиото, на производите кои ги има. За ваша информација, од март 1978 година, до денеска, откако постои кремчето ‘Бекутан’, произведени се околу 60 милиони теглички. Тоа е уште еден доказ за квалитетот, традицијата, доказ дека е тоа производ на кој може да му се верува. Генерации, не само во Македнија, туку и во регионот, израснаа со овој бренд. Можеме да се пофалиме дека брендот континуирано расте. Нашите најмили живеат во свој сопствен свет, ние сме тука да им помогнеме, да им го разубавиме тој свет и да застанеме зад нив. Како што ние стоиме зад нив, така треба да бидеме благодарни, што го имаме овој бренд. Среќни сме што сите ние сме дел од брендот ‘Бекутан’.
Педијатарот Марина Поп-Лазарова, посочи дека како доктор, „Бекутан“ секогаш ѝ е партнер кога во прашање се децата.

The post Познатиот „Бекутан“ на компанијата „Алкалоид“ прослави 45 години постоење appeared first on Република.

]]>
АЛКАЛОИД со раст на консолидираните продажби од 20 %, инвестиции од 5,6 милиони евра и со 47 нови вработувања во земјава во периодот јануари – март 2023 г https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/alkaloid-so-rast-na-konsolidiranite-prodazhbi-od-20-investitsii-od-5-6-milioni-evra-i-so-47-novi-vrabotuvana-vo-zemjava-vo-periodot-januari-mart-2023-g/ Fri, 28 Apr 2023 08:50:38 +0000 https://republika.mk/?p=634877

Приходи од продажби

Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – март 2023 година продажбите достигнуваат 3.104.714.658 денари, што е за 15 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 4.346.596.075 денари, што е за 20 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година.

Продажби според региони 

Консолидираните продажби остварени на домашниот пазар се зголемени за 3 %, а вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 28 %. Од вкупните консолидирани продажби 28 % се остварени на домашниот пазар, додека, пак, 72 % се остварени на странските пазари. Гледано според региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 29 %, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 22 %, во земјите од Источна Европа (ЗНД, УКР, …) се остварени 20 %, а на другите пазари е остварен 1 % од вкупните консолидирани продажби.

Најголем пораст кај извозните пазари во споредба со првиот квартал од 2022 година бележат продажбите остварени во Ерменија каде продажбите се зголемени за 3 пати, потоа во Романија (раст од 51 %), Грузија (раст од 40 %), Грција (раст од 22 %), Хрватска (раст од 13 %), Црна Гора (раст од 12 %), Бугарија (раст од 11 %), Косово (раст од 9 %), Велика Британија (раст од 9 %), Словенија (раст од 7 %), Унгарија (раст од 6 %) итн.

Продажби според групи производи

 Гледано според групи производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација, и тоа 90 %. Од нив поголем удел имаат антибиотиците со удел од 33 %, препаратите ОТЦ со 18 %, кардиолошките препарати со 11 %, невролошките препарати заземаат 11 % од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 10 % во вкупните консолидирани продажби, поточно хемија учествува со 2 %, козметика со 6 %, а билкарство учествува со 2 %. Вкупните продажби бележат пораст кај профитните центри фармација  и козметика во споредба со остварените во истиот период од 2022 година. Сегментот фармација бележи раст од 22 %, а козметика раст од 19%.

 Инвестиции

 Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – март 2023 година изнесуваат 346.520.151 денари.

Резултати од работењето

 Единечната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА), која изнесува 598.921.588 денари, бележи зголемување од околу 12 %, додека, пак, единечната нето-добивка изнесува 355.523.149 денари и е зголемена за 19 %.

Консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА) достигна 758.445.142 денари и бележи раст од 19 %, додека, пак, консолидираната нето-добивка во износ од 441.583.321 денари е зголемена за 22 %.

При извршувањето на оперативните активности АЛКАЛОИД АД Скопје ангажираше над 1.000 домашни добавувачи.

Вработени

 Во периодот јануари-март 2023 година во АЛКАЛОИД АД Скопје се реализирани 47 нови вработувања во РС Македонија. Со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, во март 2023 година е одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор за вработените во компанијата во висина од нето износ од 36.500 денари. Групацијата АЛКАЛОИД брои 2.678 вработени, од кои 2.039 се во земјата, а 639 се вработени во подружниците во странство.

Податоци за акциите

Акциите на АЛКАЛОИД АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонска берза за хартии од вредност од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидните акции на берзата. Цената на акцијата во периодот јануари – март 2023 година се движеше од 17.200,00 денари до 18.100,00 денари, или просечно 17.787,37 денари за една акција. На 31.03.2023 година акциите на АЛКАЛОИД АД Скопје беа во сопственост на 5.365 акционери, физички и правни лица, a пазарната капитализација на компанијата изнесуваше над 25,64 милијарди денари.

Бизнис-план за 2023 година

Бизнис-планот за 2023 година, донесен со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, на Седницата одржана на 29.12.2022 година, предвидува инвестирање на околу 11% од консолидираните приходи од продажбите во материјални и во нематеријални средства, раст од 10% на консолидираните продажби во однос на 2022 година, како и раст од 7% на консолидираниот профит пред оданочување во однос на 2022 година.

Бизнис-планот за 2023 година е базиран на очекувањата, проекциите и на можностите на тековните и на новите пазари и производи, достапни за компанијата во моментот на изготвување на планот. Околностите и настаните во 2023 година, а со тоа и остварените резултати, може да варираат во однос на прикажаните во бизнис-планот.

Очекувања за претстојниот период

Во изминатиот период друштвото се соочи со голем број интерни и екстерни предизвици и новонастанати ризици, генерирани од енергетската и економската криза. Презедовме голем број мерки во досегашниот период, со цел неутрализирање на сите негативни ефекти, без притоа да се загрози успешното работење на друштвото.

Во согласност со очекувањата, она што доминираше во 2022 година, а продолжува и во првиот квартал од 2023 година е забележителниот раст на цените на голем дел од влезните суровини и материјали, енергенсите, како и порастот на цените на транспортот на глобално ниво, а особено и значителните пролонгирања на роковите за испорака. Сето ова влијае и на стапката на инфлацијата што веројатно како тренд ќе биде уште понагласен во периодот што следи.

Како најголем предизвик и прв приоритет за периодот што доаѓа и понатаму останува грижата за здравјето на вработените, како и одржувањето на тековната ликвидност, на финансиската стабилност и остварување на планските цели.

The post АЛКАЛОИД со раст на консолидираните продажби од 20 %, инвестиции од 5,6 милиони евра и со 47 нови вработувања во земјава во периодот јануари – март 2023 г appeared first on Република.

]]>

Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – март 2023 година продажбите достигнуваат 3.104.714.658 денари, што е за 15 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 4.346.596.075 денари, што е за 20 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година.
Продажби според региони  Консолидираните продажби остварени на домашниот пазар се зголемени за 3 %, а вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 28 %. Од вкупните консолидирани продажби 28 % се остварени на домашниот пазар, додека, пак, 72 % се остварени на странските пазари. Гледано според региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 29 %, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 22 %, во земјите од Источна Европа (ЗНД, УКР, …) се остварени 20 %, а на другите пазари е остварен 1 % од вкупните консолидирани продажби. Најголем пораст кај извозните пазари во споредба со првиот квартал од 2022 година бележат продажбите остварени во Ерменија каде продажбите се зголемени за 3 пати, потоа во Романија (раст од 51 %), Грузија (раст од 40 %), Грција (раст од 22 %), Хрватска (раст од 13 %), Црна Гора (раст од 12 %), Бугарија (раст од 11 %), Косово (раст од 9 %), Велика Британија (раст од 9 %), Словенија (раст од 7 %), Унгарија (раст од 6 %) итн. Продажби според групи производи
 Гледано според групи производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација, и тоа 90 %. Од нив поголем удел имаат антибиотиците со удел од 33 %, препаратите ОТЦ со 18 %, кардиолошките препарати со 11 %, невролошките препарати заземаат 11 % од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 10 % во вкупните консолидирани продажби, поточно хемија учествува со 2 %, козметика со 6 %, а билкарство учествува со 2 %. Вкупните продажби бележат пораст кај профитните центри фармација  и козметика во споредба со остварените во истиот период од 2022 година. Сегментот фармација бележи раст од 22 %, а козметика раст од 19%.  Инвестиции  Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – март 2023 година изнесуваат 346.520.151 денари. Резултати од работењето  Единечната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА), која изнесува 598.921.588 денари, бележи зголемување од околу 12 %, додека, пак, единечната нето-добивка изнесува 355.523.149 денари и е зголемена за 19 %. Консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА) достигна 758.445.142 денари и бележи раст од 19 %, додека, пак, консолидираната нето-добивка во износ од 441.583.321 денари е зголемена за 22 %. При извршувањето на оперативните активности АЛКАЛОИД АД Скопје ангажираше над 1.000 домашни добавувачи. Вработени  Во периодот јануари-март 2023 година во АЛКАЛОИД АД Скопје се реализирани 47 нови вработувања во РС Македонија. Со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, во март 2023 година е одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор за вработените во компанијата во висина од нето износ од 36.500 денари. Групацијата АЛКАЛОИД брои 2.678 вработени, од кои 2.039 се во земјата, а 639 се вработени во подружниците во странство. Податоци за акциите Акциите на АЛКАЛОИД АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонска берза за хартии од вредност од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидните акции на берзата. Цената на акцијата во периодот јануари – март 2023 година се движеше од 17.200,00 денари до 18.100,00 денари, или просечно 17.787,37 денари за една акција. На 31.03.2023 година акциите на АЛКАЛОИД АД Скопје беа во сопственост на 5.365 акционери, физички и правни лица, a пазарната капитализација на компанијата изнесуваше над 25,64 милијарди денари. Бизнис-план за 2023 година Бизнис-планот за 2023 година, донесен со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, на Седницата одржана на 29.12.2022 година, предвидува инвестирање на околу 11% од консолидираните приходи од продажбите во материјални и во нематеријални средства, раст од 10% на консолидираните продажби во однос на 2022 година, како и раст од 7% на консолидираниот профит пред оданочување во однос на 2022 година. Бизнис-планот за 2023 година е базиран на очекувањата, проекциите и на можностите на тековните и на новите пазари и производи, достапни за компанијата во моментот на изготвување на планот. Околностите и настаните во 2023 година, а со тоа и остварените резултати, може да варираат во однос на прикажаните во бизнис-планот. Очекувања за претстојниот период Во изминатиот период друштвото се соочи со голем број интерни и екстерни предизвици и новонастанати ризици, генерирани од енергетската и економската криза. Презедовме голем број мерки во досегашниот период, со цел неутрализирање на сите негативни ефекти, без притоа да се загрози успешното работење на друштвото. Во согласност со очекувањата, она што доминираше во 2022 година, а продолжува и во првиот квартал од 2023 година е забележителниот раст на цените на голем дел од влезните суровини и материјали, енергенсите, како и порастот на цените на транспортот на глобално ниво, а особено и значителните пролонгирања на роковите за испорака. Сето ова влијае и на стапката на инфлацијата што веројатно како тренд ќе биде уште понагласен во периодот што следи. Како најголем предизвик и прв приоритет за периодот што доаѓа и понатаму останува грижата за здравјето на вработените, како и одржувањето на тековната ликвидност, на финансиската стабилност и остварување на планските цели.

The post АЛКАЛОИД со раст на консолидираните продажби од 20 %, инвестиции од 5,6 милиони евра и со 47 нови вработувања во земјава во периодот јануари – март 2023 г appeared first on Република.

]]>
„Алкалоид“ потпиша нов меморандум за соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за Програмата за практикантство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/alkaloid-potpisha-nov-memorandum-za-sorabotka-so-univerzitetot-sv-kiril-i-metodij-za-programata-za-praktikantstvo/ Tue, 11 Apr 2023 15:36:16 +0000 https://republika.mk/?p=629912

Со цел овозможување дополнителни услови за професионално профилирање на студентите и за усвојување практични вештини под менторство на врвни професионалци во повеќе дејности, „Алкалоид АД Скопје склучи нов меморандум за соработка со Универзитетот Св. Кирил и Методиј“ Скопје во рамките на Програмата за развој на практикантство. Ова официјализирање на постојното меѓусебно партнерство, кое досега опфаќаше соработка на компанијата со 4 факултети при УКИМ, е со цел да се прошири опсегот на образовни профили за кои би постоела можност за практикантска работа на студентите, кои ја претставуваат идната работна сила на земјата.

Предметниот меморандум го потпишаа Генералниот директор и Претседател на УО на компанијата г. Живко Мукаетов и Ректорот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј“ Скопје проф. д-р Никола Јанкуловски. Работната група е составена од претставници на двете институции, предводени од раководителот на Одделот за човечки ресурси во „Алкалоид“ г. Никола Ефтимов и од раководителката на Центарот за кариера при УКИМ Скопје проф. д-р Јасмина Тониќ-Рибарска.

Како општествено одговорна компанија ги отвораме вратите за што повеќе студенти кои имаат желба и волја пред прагот на своето професионално поглавје да се стекнат со соодветни практични знаења и вештини, под директно менторство на нашите докажани професионалци во различни сегменти од работењето на ’Алкалоид. Со цел да создадеме силна синергија меѓу образовниот и реалниот сектор и да го подигнеме нивото на научноистражувачката дејност, им овозможуваме на студентите од повеќе факултети на УКИМ да се вклучат во секојдневните компаниски процеси и низ еден систем на високо поставени деловни вредности да го развијат својот професионален потенцијал“, истакна Генералниот директор и Претседател на УО на компанијата г. Живко Мукаетов.

Ректорот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј“ Скопје проф. д-р Никола Јанкуловски изрази благодарност за подготвеноста на компанијата „Алкалоид“ постојано да ги надградува капацитетите за квалификација на студентите, чии образовни профили се дел од кадровската структура на компанијата.
„Преку оваа соработка студентите се стекнуваат со практично искуство, кое ќе биде од непроценливо значење додека се подготвуваат за своите идни кариери. Сметаме дека оваа соработка со Алкалоид АД Скопје ќе ги задоволува потребите на нашите студенти, како и на компанијата“, истакна проф. д-р Јанкуловски.

Раководителката на Центарот за кариера при УКИМ го потенцираше значењето на практичното искуство во однос на барањата на пазарот на трудот.Со потпишувањето на овој договор за соработка со ’Алкалоид, една од најдобрите фармацевтски компании во Југоисточна Европа, ќе им се овозможи на нашите студенти одлична можност да стекнат практично искуство и да учат од професионалци во индустријата. Преку оваа соработка очекуваме нашите студенти да добијат корисни искуства и, секако, продолжуваме да инвестираме во квалитетот на нашите дипломци и да создаваме кадар кој ќе одговара на очекувањата на пазарот на трудот“, истакна проф. д-р Јасмина Тониќ-Рибарска.

Практикантската работа во „Алкалоид“ ќе биде достапна како за студентите од факултетите при УКИМ, со кои традиционално се соработува (како Фармацевтскиот, Медицинскиот, Институтот по хемија на Природно-математичкиот, Технолошко-металуршкиот факултет) така и за студентите од останатите факултети од Универзитетот, како Машинскиот, Факултетот за електротехника и информациски технологии, Факултетот за компјутерски науки и инженерство и други факултети. Со овој концепт на практикантска работа, кој се изведува во работните простории на „Алкалоид“, студентите ќе имаат можност да се здобијат со практично искуство во делот на фармацевтската, козметичката, билната и хемиската индустрија.

Програмата за млади таленти оваа година ја очекува шестата генерација практиканти, а досега во нејзини рамки биле вклучени 205 практиканти, од кои 94 се веќе вработени во компанијата. Соработката меѓу „Алкалоид“ и Универзитетот Св. Кирил и Методиј“ Скопје, во делот на Програмата за практикантство, за првпат е започната во април 2018 година, а првиот циклус на практикантство со своевремено два факултети е заокружен во септември истата година.

The post „Алкалоид“ потпиша нов меморандум за соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за Програмата за практикантство appeared first on Република.

]]>

Со цел овозможување дополнителни услови за професионално профилирање на студентите и за усвојување практични вештини под менторство на врвни професионалци во повеќе дејности, „Алкалоид АД Скопје склучи нов меморандум за соработка со Универзитетот Св. Кирил и Методиј“ Скопје во рамките на Програмата за развој на практикантство. Ова официјализирање на постојното меѓусебно партнерство, кое досега опфаќаше соработка на компанијата со 4 факултети при УКИМ, е со цел да се прошири опсегот на образовни профили за кои би постоела можност за практикантска работа на студентите, кои ја претставуваат идната работна сила на земјата.

Предметниот меморандум го потпишаа Генералниот директор и Претседател на УО на компанијата г. Живко Мукаетов и Ректорот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј“ Скопје проф. д-р Никола Јанкуловски. Работната група е составена од претставници на двете институции, предводени од раководителот на Одделот за човечки ресурси во „Алкалоид“ г. Никола Ефтимов и од раководителката на Центарот за кариера при УКИМ Скопје проф. д-р Јасмина Тониќ-Рибарска.

Како општествено одговорна компанија ги отвораме вратите за што повеќе студенти кои имаат желба и волја пред прагот на своето професионално поглавје да се стекнат со соодветни практични знаења и вештини, под директно менторство на нашите докажани професионалци во различни сегменти од работењето на ’Алкалоид. Со цел да создадеме силна синергија меѓу образовниот и реалниот сектор и да го подигнеме нивото на научноистражувачката дејност, им овозможуваме на студентите од повеќе факултети на УКИМ да се вклучат во секојдневните компаниски процеси и низ еден систем на високо поставени деловни вредности да го развијат својот професионален потенцијал“, истакна Генералниот директор и Претседател на УО на компанијата г. Живко Мукаетов.

Ректорот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј“ Скопје проф. д-р Никола Јанкуловски изрази благодарност за подготвеноста на компанијата „Алкалоид“ постојано да ги надградува капацитетите за квалификација на студентите, чии образовни профили се дел од кадровската структура на компанијата. „Преку оваа соработка студентите се стекнуваат со практично искуство, кое ќе биде од непроценливо значење додека се подготвуваат за своите идни кариери. Сметаме дека оваа соработка со Алкалоид АД Скопје ќе ги задоволува потребите на нашите студенти, како и на компанијата“, истакна проф. д-р Јанкуловски.

Раководителката на Центарот за кариера при УКИМ го потенцираше значењето на практичното искуство во однос на барањата на пазарот на трудот.Со потпишувањето на овој договор за соработка со ’Алкалоид, една од најдобрите фармацевтски компании во Југоисточна Европа, ќе им се овозможи на нашите студенти одлична можност да стекнат практично искуство и да учат од професионалци во индустријата. Преку оваа соработка очекуваме нашите студенти да добијат корисни искуства и, секако, продолжуваме да инвестираме во квалитетот на нашите дипломци и да создаваме кадар кој ќе одговара на очекувањата на пазарот на трудот“, истакна проф. д-р Јасмина Тониќ-Рибарска.

Практикантската работа во „Алкалоид“ ќе биде достапна како за студентите од факултетите при УКИМ, со кои традиционално се соработува (како Фармацевтскиот, Медицинскиот, Институтот по хемија на Природно-математичкиот, Технолошко-металуршкиот факултет) така и за студентите од останатите факултети од Универзитетот, како Машинскиот, Факултетот за електротехника и информациски технологии, Факултетот за компјутерски науки и инженерство и други факултети. Со овој концепт на практикантска работа, кој се изведува во работните простории на „Алкалоид“, студентите ќе имаат можност да се здобијат со практично искуство во делот на фармацевтската, козметичката, билната и хемиската индустрија.

Програмата за млади таленти оваа година ја очекува шестата генерација практиканти, а досега во нејзини рамки биле вклучени 205 практиканти, од кои 94 се веќе вработени во компанијата. Соработката меѓу „Алкалоид“ и Универзитетот Св. Кирил и Методиј“ Скопје, во делот на Програмата за практикантство, за првпат е започната во април 2018 година, а првиот циклус на практикантство со своевремено два факултети е заокружен во септември истата година.

The post „Алкалоид“ потпиша нов меморандум за соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за Програмата за практикантство appeared first on Република.

]]>
За инвестираните 104,1 милиони евра во изминативе 5 години, Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан го прогласи „Алкалоид“ за водечки инвеститор во регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/za-investiranite-104-1-milioni-evra-vo-izminative-5-godini-komorskiot-investitsiski-forum-na-zapaden-balkan-go-proglasi-alkaloid-za-vodechki-investitor-vo-regionot/ Thu, 30 Mar 2023 13:56:06 +0000 https://republika.mk/?p=625526

По повод петгодишнината од формирањето, Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан (WB6CIF), кооснован од Европската Унија, на почетокот на 2023 година објави повик за учество во регионалниот натпревар отворен за компании од шесте земји членки. Рангирањето на апликациите, поделени во 6 категории, беше направено од комисија составена од по еден претставник од шесте стопански комори на Западен Балкан и претставник од канцеларијата на Коморскиот инвестициски форум.

Првата награда во категоријата „Водечки инвеститор (шампион) во земјите од Западен Балкан“ му беше доделена на „Алкалоид“ АД Скопје, презентирана на пригодна церемонија организирана за оддавање признанија за достигнувањата на најдобрите и најуспешните компании во регионот.

Имајќи го предвид значењето на континуираното инвестирање и унапредување во сите сегменти од работењето, високо позиционирано како една од клучните стратешки определби во деловната политика на „Алкалоид“, оваа награда претставува уште една значајна потврда за достигнувањата на компанијата, велат оттаму.

Во својата долга историја, „Алкалоид“ минал низ бројни предизвици, но една фактичка константа во текот на деветдеценискиот развој биле инвестициите, кои во изминативе три децении се насочени кон градење и проширување на производствените капацитети, капацитетите за истражување и развој, инсталирање на модерна опрема, лаборатории, технологии, модерен софтвер и добро обучен кадар. Само во изминативе 5 години, инвестиравме 104,1 милиони евра во земјите во регионот, интегрирајќи ги нашите операции за целите на подобро водење на дејноста од нашата база во Македонија. На овој курс сме решени да останеме и во иднина, работејќи на глобализација на брендот „Алкалоид“, достоинствено и посветено, со практикување на високи етички стандарди, кредибилитет и професионален пристап во севкупните операции, изјави Генералниот директор/ Претседател на УО на компанијата, Живко Мукаетов.

Коморскиот инвестициски форум е заедничка иницијатива на стопанските комори на земјите од Западен Балкан, кооснован од Европската Унија, која ги претставува интересите на повеќе од 350.000 компании во насока на спроведување на заеднички активности кои се од интерес за бизнис-заедницата од регионот.

The post За инвестираните 104,1 милиони евра во изминативе 5 години, Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан го прогласи „Алкалоид“ за водечки инвеститор во регионот appeared first on Република.

]]>

По повод петгодишнината од формирањето, Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан (WB6CIF), кооснован од Европската Унија, на почетокот на 2023 година објави повик за учество во регионалниот натпревар отворен за компании од шесте земји членки. Рангирањето на апликациите, поделени во 6 категории, беше направено од комисија составена од по еден претставник од шесте стопански комори на Западен Балкан и претставник од канцеларијата на Коморскиот инвестициски форум. Првата награда во категоријата „Водечки инвеститор (шампион) во земјите од Западен Балкан“ му беше доделена на „Алкалоид“ АД Скопје, презентирана на пригодна церемонија организирана за оддавање признанија за достигнувањата на најдобрите и најуспешните компании во регионот. Имајќи го предвид значењето на континуираното инвестирање и унапредување во сите сегменти од работењето, високо позиционирано како една од клучните стратешки определби во деловната политика на „Алкалоид“, оваа награда претставува уште една значајна потврда за достигнувањата на компанијата, велат оттаму.
Во својата долга историја, „Алкалоид“ минал низ бројни предизвици, но една фактичка константа во текот на деветдеценискиот развој биле инвестициите, кои во изминативе три децении се насочени кон градење и проширување на производствените капацитети, капацитетите за истражување и развој, инсталирање на модерна опрема, лаборатории, технологии, модерен софтвер и добро обучен кадар. Само во изминативе 5 години, инвестиравме 104,1 милиони евра во земјите во регионот, интегрирајќи ги нашите операции за целите на подобро водење на дејноста од нашата база во Македонија. На овој курс сме решени да останеме и во иднина, работејќи на глобализација на брендот „Алкалоид“, достоинствено и посветено, со практикување на високи етички стандарди, кредибилитет и професионален пристап во севкупните операции, изјави Генералниот директор/ Претседател на УО на компанијата, Живко Мукаетов.
Коморскиот инвестициски форум е заедничка иницијатива на стопанските комори на земјите од Западен Балкан, кооснован од Европската Унија, која ги претставува интересите на повеќе од 350.000 компании во насока на спроведување на заеднички активности кои се од интерес за бизнис-заедницата од регионот.

The post За инвестираните 104,1 милиони евра во изминативе 5 години, Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан го прогласи „Алкалоид“ за водечки инвеститор во регионот appeared first on Република.

]]>
Германска економска делегација во работна посета на „Aлкалоид“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/germanska-ekonomska-delegatsija-vo-rabotna-poseta-na-alkaloid/ Wed, 15 Mar 2023 14:27:26 +0000 https://republika.mk/?p=619931

Германска економска делегација, составена од претставници на Министерството за економија на СР Германија и на германски компании, од потпретседателот на групацијата „BASF Централна и Југоисточна Европа“ и од високи претставници на Aмбасадата на СР Германија во Скопје, оствари работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје.

На средбата претставниците на германската економска делегација, чиј домаќин беше Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, г. Живко Мукаетов, проследија презентација која ги опфати остварените резултати од работењето на „Алкалоид“, како една од најуспешните фармацевтски компании во ЈИЕ, нејзините пласмани, производственото портфолио и деловните операции. За време на средбата беа претставени и големиот број инвестиции кои компанијата континуирано ги реализира низ годините, извозните активности и политиката за општествена одговорност, кои се дел од деветдеценискиот континуитет на успешната приказна за „Алкалоид“.

Во рамките на работната средба посебен акцент беше ставен врз долгогодишната успешна соработка на „Алкалоид“ со германски компании. Како еден од брзорастечките извозни пазари на компанијата, Германија е од особено стратешко значење и пазар каде што „Алкалоид“ во 2022 година оствари пласмани од 3.014.328 евра, при што забележа раст од 6,6 % во однос на 2021 година. Посебен осврт беше даден за тридецениската стратешка соработка на „Алкалоид“ со компанијата „BASF“, eвропска мултинационална хемиска компанија и најголем производител на хемикалии во светот, која важи за еден од најсигурните партнери на „Алкалоид“. Како компанија со најголема доверба во однос на квалитетот на суровините и која ги следи потребите на нашата компанија, „BASF“ е снабдувач на суровини во сегментите фармација, козметика и хемија.
При обиколката на производствените капацитети на сегментот фармација и на Институтот за истражување и развој, гостите изразија задоволство од високото ниво на подготвеност и на стручност на човечкиот капитал кој управува со процесите, како и од високото ниво на технолошка опременост на капацитетите, при што голем дел од инсталираната опрема е снабдена од германски производители.

Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, г. Живко Мукаетов, се заблагодари за честа и за можноста да ги претстави работењето и деловните операции на компанијата пред присутните, потенцирајќи го значењето на оваа средба за натамошно продлабочување на билатералната соработка.

Вршителот на должноста Aмбасадор на СР Германија, г. Ото Граф, изрази благодарност од посетата и од срдечното гостопримство, истакнувајќи дека преку оваа работна средба се уверил во големината, успешноста и во организираноста на една од компаниите столбови на македонската економија.

The post Германска економска делегација во работна посета на „Aлкалоид“ appeared first on Република.

]]>

Германска економска делегација, составена од претставници на Министерството за економија на СР Германија и на германски компании, од потпретседателот на групацијата „BASF Централна и Југоисточна Европа“ и од високи претставници на Aмбасадата на СР Германија во Скопје, оствари работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје. На средбата претставниците на германската економска делегација, чиј домаќин беше Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, г. Живко Мукаетов, проследија презентација која ги опфати остварените резултати од работењето на „Алкалоид“, како една од најуспешните фармацевтски компании во ЈИЕ, нејзините пласмани, производственото портфолио и деловните операции. За време на средбата беа претставени и големиот број инвестиции кои компанијата континуирано ги реализира низ годините, извозните активности и политиката за општествена одговорност, кои се дел од деветдеценискиот континуитет на успешната приказна за „Алкалоид“. Во рамките на работната средба посебен акцент беше ставен врз долгогодишната успешна соработка на „Алкалоид“ со германски компании. Како еден од брзорастечките извозни пазари на компанијата, Германија е од особено стратешко значење и пазар каде што „Алкалоид“ во 2022 година оствари пласмани од 3.014.328 евра, при што забележа раст од 6,6 % во однос на 2021 година. Посебен осврт беше даден за тридецениската стратешка соработка на „Алкалоид“ со компанијата „BASF“, eвропска мултинационална хемиска компанија и најголем производител на хемикалии во светот, која важи за еден од најсигурните партнери на „Алкалоид“. Како компанија со најголема доверба во однос на квалитетот на суровините и која ги следи потребите на нашата компанија, „BASF“ е снабдувач на суровини во сегментите фармација, козметика и хемија. При обиколката на производствените капацитети на сегментот фармација и на Институтот за истражување и развој, гостите изразија задоволство од високото ниво на подготвеност и на стручност на човечкиот капитал кој управува со процесите, како и од високото ниво на технолошка опременост на капацитетите, при што голем дел од инсталираната опрема е снабдена од германски производители. Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје, г. Живко Мукаетов, се заблагодари за честа и за можноста да ги претстави работењето и деловните операции на компанијата пред присутните, потенцирајќи го значењето на оваа средба за натамошно продлабочување на билатералната соработка. Вршителот на должноста Aмбасадор на СР Германија, г. Ото Граф, изрази благодарност од посетата и од срдечното гостопримство, истакнувајќи дека преку оваа работна средба се уверил во големината, успешноста и во организираноста на една од компаниите столбови на македонската економија.

The post Германска економска делегација во работна посета на „Aлкалоид“ appeared first on Република.

]]>
Отворен меѓународен турнир во забрзан шах Алкалоид 2023 https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/otvoren-megunaroden-turnir-vo-zabrzan-shah-alkaloid-2023/ Mon, 27 Feb 2023 15:03:15 +0000 https://republika.mk/?p=613847

Шаховскиот клуб Алкалоид, под покровителство на својот спонзор, компанијата АЛКАЛОИД АД Скопје, ја продолжи догогодишната традиција и викендов го организираше традиционалниот Отворен меѓународен турнир во забрзан шах АЛКАЛОИД 2023.

Почнувајќи од 2012 година, организирани се 7 отворени меѓународни турнири во шах со рапид темпо на игра и 4 во блиц. По пауза од три години (поради пандемијата на вирусот корона), оваа година е продолжена традицијата, со убедливо најголем интерес меѓу шаховската јавност. На турнирот учествуваа апсолутно рекорден број 227 шахисти од сите возрасти – најмладиот учесник на возраст од 8 години, а најстариот на возраст од 80 години! Шахот ги поврзува и ги обединува луѓето од сите генерации во рамноправна игра, при што магијата е во тоа што исклучиво шаховското знаење и подготвеноста ја одлучуваат секоја поединечна шаховска партија!

Огромниот интерес за учество на овој турнир е само уште една потврда за авторитетот што го има АЛКАЛОИД како спонзор и како шаховскиот клуб не само во нашата држава туку и пошироко, со оглед на тоа дека, покрај најдобрите македонски шахисти, учествуваа и 36 играчи од уште 7 држави. Турнирот беше одржан во атмосфера на шаховски празник, со учество на голем број гледачи!

На врвот на турнирската табела со по 8 поени од 9 партии се најдоа тројца шахисти, а според дополнителниот турнирски критериум првото место сосема заслужено го освои српскиот велемајстор Синиша Дражиќ.

Најуспешни македонски шахисти со по 7 поени од 9 партии (на делба од 6. до 14. место) беа младите Емил Ристески, Михаил Јорданов, Филип Михов и Матеј Звездакоски, како и ветеранот Владимир Тркаљанов.

Најуспешни македонски шахистки беa следните македонски репрезентативки: женскиот фиде-мајстор Моника Стојковска и женскиот интернационален мајстор Габриела Коскоска со по 6 поени од 9 партии.

Најуспешни јуниори и јуниорки (од вкупно 69 учесници до 18 години) – според возрасните категории (до 8, 10, 12, 14, 16 и до 18 години), медали и подароци од организаторот освоија: до 10 години – Илијана Велева и Лука Симоноски, до 12 години – Благоја Миновски и Брнс Елисавета, до 14 години – Ивана Велкоска и Кирил Николовски, до 16 години – Моника Жежовска и Антон Златков, а до 18 години – Инџи Ајрадиновска и Матеј Звездакоски.

The post Отворен меѓународен турнир во забрзан шах Алкалоид 2023 appeared first on Република.

]]>

Шаховскиот клуб Алкалоид, под покровителство на својот спонзор, компанијата АЛКАЛОИД АД Скопје, ја продолжи догогодишната традиција и викендов го организираше традиционалниот Отворен меѓународен турнир во забрзан шах АЛКАЛОИД 2023.

Почнувајќи од 2012 година, организирани се 7 отворени меѓународни турнири во шах со рапид темпо на игра и 4 во блиц. По пауза од три години (поради пандемијата на вирусот корона), оваа година е продолжена традицијата, со убедливо најголем интерес меѓу шаховската јавност. На турнирот учествуваа апсолутно рекорден број 227 шахисти од сите возрасти – најмладиот учесник на возраст од 8 години, а најстариот на возраст од 80 години! Шахот ги поврзува и ги обединува луѓето од сите генерации во рамноправна игра, при што магијата е во тоа што исклучиво шаховското знаење и подготвеноста ја одлучуваат секоја поединечна шаховска партија!

Огромниот интерес за учество на овој турнир е само уште една потврда за авторитетот што го има АЛКАЛОИД како спонзор и како шаховскиот клуб не само во нашата држава туку и пошироко, со оглед на тоа дека, покрај најдобрите македонски шахисти, учествуваа и 36 играчи од уште 7 држави. Турнирот беше одржан во атмосфера на шаховски празник, со учество на голем број гледачи!

На врвот на турнирската табела со по 8 поени од 9 партии се најдоа тројца шахисти, а според дополнителниот турнирски критериум првото место сосема заслужено го освои српскиот велемајстор Синиша Дражиќ.

Најуспешни македонски шахисти со по 7 поени од 9 партии (на делба од 6. до 14. место) беа младите Емил Ристески, Михаил Јорданов, Филип Михов и Матеј Звездакоски, како и ветеранот Владимир Тркаљанов.

Најуспешни македонски шахистки беa следните македонски репрезентативки: женскиот фиде-мајстор Моника Стојковска и женскиот интернационален мајстор Габриела Коскоска со по 6 поени од 9 партии.

Најуспешни јуниори и јуниорки (од вкупно 69 учесници до 18 години) – според возрасните категории (до 8, 10, 12, 14, 16 и до 18 години), медали и подароци од организаторот освоија: до 10 години – Илијана Велева и Лука Симоноски, до 12 години – Благоја Миновски и Брнс Елисавета, до 14 години – Ивана Велкоска и Кирил Николовски, до 16 години – Моника Жежовска и Антон Златков, а до 18 години – Инџи Ајрадиновска и Матеј Звездакоски.

The post Отворен меѓународен турнир во забрзан шах Алкалоид 2023 appeared first on Република.

]]>
Алкалоид застана зад македонското таеквондо, заедно до нови македонски успеси https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/alkaloid-zastana-zad-makedonskoto-taekvondo-zaedno-do-novi-makedonski-uspesi/ Wed, 15 Feb 2023 14:18:14 +0000 https://republika.mk/?p=609341

МАКЕДОНСКО ТАЕКВОНДО & АЛКАЛОИД 🤝
Денес на мое лично задоволство, на задоволство на Македонското таеквондо и генерално на Македонскиот спорт. Претседателот на Македонската Таеквондо Федерација д-р Борче Костовски и првиот човек на Алкалоид Скопје г-дин Живко Мукаетов потпишаа договор за спонзосрство и блиска соработка особено за патот кон олимписките игри во Париз 2024.
Голема благодарност до првиот човек на можеби најуспешната компанија Алкалоид, г-дин Живко Мукаетов кој успеа да ја забележи оваа посебна спортска приказна, која како што самиот истакна е ретка Македонска гордост која треба да се негува.
Не чека тежок пат, имаме работа со најмокните спортски нации во светот, рецептот го знаеме, со Божја помош и многу жртва спремни сме повторно да ја израдуваме Македонската нација. Дејан Георгиевски напред, по него уште неколку олимписки надежи !
Олимпискиот сон го живееме реално, ќе се потрудиме тоа да потрае 😇
За МАКЕДОНИЈА ! ❤️, напиша на Фејсбук, Дарко Костовски.

The post Алкалоид застана зад македонското таеквондо, заедно до нови македонски успеси appeared first on Република.

]]>

МАКЕДОНСКО ТАЕКВОНДО & АЛКАЛОИД 🤝 Денес на мое лично задоволство, на задоволство на Македонското таеквондо и генерално на Македонскиот спорт. Претседателот на Македонската Таеквондо Федерација д-р Борче Костовски и првиот човек на Алкалоид Скопје г-дин Живко Мукаетов потпишаа договор за спонзосрство и блиска соработка особено за патот кон олимписките игри во Париз 2024. Голема благодарност до првиот човек на можеби најуспешната компанија Алкалоид, г-дин Живко Мукаетов кој успеа да ја забележи оваа посебна спортска приказна, која како што самиот истакна е ретка Македонска гордост која треба да се негува. Не чека тежок пат, имаме работа со најмокните спортски нации во светот, рецептот го знаеме, со Божја помош и многу жртва спремни сме повторно да ја израдуваме Македонската нација. Дејан Георгиевски напред, по него уште неколку олимписки надежи ! Олимпискиот сон го живееме реално, ќе се потрудиме тоа да потрае 😇 За МАКЕДОНИЈА ! ❤️, напиша на Фејсбук, Дарко Костовски.

The post Алкалоид застана зад македонското таеквондо, заедно до нови македонски успеси appeared first on Република.

]]>
„Алкалоид“ пушти во употреба нова инвестиција вредна 720.000 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/alkaloid-pushti-vo-upotreba-nova-investicija-vredna-720-000-evra/ Tue, 06 Dec 2022 14:36:26 +0000 https://republika.mk/?p=582612

Новите лаборатории за контрола на квалитетот, истражување, развој и за регистрации се организирани на простор од 400 м², во производствениот сегмент за козметички производи на локалитетот во Ѓорче Петров.

Добропознатите брендови на „Алкалоид“ – Becutan, Sattwa, Young derm, Black up, Gloss – произведени со примена на строгите принципи за добра производствена и лабораториска пракса, отсега ќе добијат нови лабораториски капацитети за контрола и за следење на нивниот квалитет, како и за развој на нови производи, во согласност со важечките национални и интернационални регулативи.

Со новиот инвестициски проект вреден 720.000 евра, изведен во согласност со најсовремените услови за работење, обезбедени се простор за лабораториско работење, простор за обработка на податоци, простор за складирање документација, просторија за чување реагенси, просторија за резервни мостри, како и вагална и перална.

Козметичкиот сегмент во личната карта на ’Алкалоид’ постои од 1972 година, од кога датираат и зачетоците на некои од нашите добро познати брендови, кои успеале да опстојат на пазарот сето ова време благодарение на нивниот константен и врвен квалитет. Динамиката на козметичката индустрија налага постојано следење на трендовите преку воведување нови формулации кои ќе ги задоволат најпробирливите барања на потрошувачите. Овие нови лабораториски капацитети, кои ги пуштаме во употреба денес, имаат цел да ги осигураат високите очекувања во поглед на квалитетот на нашите козметички производи и да создадат нови производи во склад со потребите на модерните текови во козметологијата, изјави Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје.

Со инсталираната опрема во новите лабораториски и развојни капацитети ќе се овозможи одредување на квантитативната застапеност на конзерванси, тешки метали и на активни компоненти во производите, додека, пак, опремата за контрола на составот на материјалите за пакување на производите ќе обезбеди континуиран мониторинг на влезната амбалажа и на нејзината безбедна употреба. Коморите опремени со термометри и со влагометри дозволуваат симулации за потврда на стабилноста на производите за сите климатски зони во светот.

Сегментот козметика на „Алкалоид“ АД Скопје има 136 вработени. Во новите лаборатории за контрола на квалитетот, истражување, развој и за регистрации ќе работат 18 извршители (фармацевти, технолози, хемиски инженери и хемиски техничари).

The post „Алкалоид“ пушти во употреба нова инвестиција вредна 720.000 евра appeared first on Република.

]]>

Новите лаборатории за контрола на квалитетот, истражување, развој и за регистрации се организирани на простор од 400 м², во производствениот сегмент за козметички производи на локалитетот во Ѓорче Петров. Добропознатите брендови на „Алкалоид“ – Becutan, Sattwa, Young derm, Black up, Gloss – произведени со примена на строгите принципи за добра производствена и лабораториска пракса, отсега ќе добијат нови лабораториски капацитети за контрола и за следење на нивниот квалитет, како и за развој на нови производи, во согласност со важечките национални и интернационални регулативи. Со новиот инвестициски проект вреден 720.000 евра, изведен во согласност со најсовремените услови за работење, обезбедени се простор за лабораториско работење, простор за обработка на податоци, простор за складирање документација, просторија за чување реагенси, просторија за резервни мостри, како и вагална и перална.
Козметичкиот сегмент во личната карта на ’Алкалоид’ постои од 1972 година, од кога датираат и зачетоците на некои од нашите добро познати брендови, кои успеале да опстојат на пазарот сето ова време благодарение на нивниот константен и врвен квалитет. Динамиката на козметичката индустрија налага постојано следење на трендовите преку воведување нови формулации кои ќе ги задоволат најпробирливите барања на потрошувачите. Овие нови лабораториски капацитети, кои ги пуштаме во употреба денес, имаат цел да ги осигураат високите очекувања во поглед на квалитетот на нашите козметички производи и да создадат нови производи во склад со потребите на модерните текови во козметологијата, изјави Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје.
Со инсталираната опрема во новите лабораториски и развојни капацитети ќе се овозможи одредување на квантитативната застапеност на конзерванси, тешки метали и на активни компоненти во производите, додека, пак, опремата за контрола на составот на материјалите за пакување на производите ќе обезбеди континуиран мониторинг на влезната амбалажа и на нејзината безбедна употреба. Коморите опремени со термометри и со влагометри дозволуваат симулации за потврда на стабилноста на производите за сите климатски зони во светот. Сегментот козметика на „Алкалоид“ АД Скопје има 136 вработени. Во новите лаборатории за контрола на квалитетот, истражување, развој и за регистрации ќе работат 18 извршители (фармацевти, технолози, хемиски инженери и хемиски техничари).

The post „Алкалоид“ пушти во употреба нова инвестиција вредна 720.000 евра appeared first on Република.

]]>
Алкалоид со раст на консолидираниот извоз од 23 %, консолидирани продажби од над 178 милиони евра и со 161 нови вработувања https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/alkaloid-so-rast-na-konsolidiraniot-izvoz-od-23-konsolidirani-prodazbi-od-nad-178-milioni-evra-i-so-161-novi-vrabotuvanja/ Fri, 28 Oct 2022 12:01:39 +0000 https://republika.mk/?p=566822

Приходи од продажби

Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – септември 2022 година продажбите достигнуваат 8.161.698.989 денари, што е за 14 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 10.988.914.294 денари, што е за 16 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година.

Продажби според региони

 Консолидираните продажби остварени на домашниот пазар се зголемени за 3 %, а вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 23 %. Од вкупните консолидирани продажби 31 % се остварени на домашниот пазар, додека, пак, 69 % се остварени на странските пазари. Гледано според региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 30 %, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 21 %, во земјите од Источна Европа (ЗНД, УКР, …) се остварени 16 %, а на другите пазари е остварен 2 % од вкупните консолидирани продажби.

Најголем пораст кај извозните пазари бележат продажбите остварени во Турција (раст од 169 %), Полска (раст од 161 %), Романија (раст од 138 %), САД (раст од 71 %), Грција (раст од 44 %), Бугарија (раст од 41 %), Германија (раст од 38 %), Ерменија (раст од 37 %), Косово (раст од 14 %), Црна Гора (раст од 11 %) итн. Во периодот јануари – септември 2022 година во сегментот фармација се реализираа и првите поголеми продажби во Португалија, во износ од 12,5 милиони денари и во Монголија, во износ од 12,8 милиони денари.

Продажби според групи производи

Гледано според групи производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација, и тоа 88 %. Од нив поголем удел имаат антибиотиците со удел од 24 %, препаратите ОТЦ со 18 %, кардиолошките препарати со 14 %, невролошките препарати заземаат 13 % од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 12 % во вкупните консолидирани продажби, поточно хемија учествува со 3 %, козметика со 7 %, а билкарство учествува со 2 %. Вкупните продажби бележат пораст кај сите профитни центри во споредба со остварените во истиот период од 2021 година. Сегментот фармација бележи раст од 17%, хемија од 16%, козметика од 5% и билкарство од 26%.

Инвестиции

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – септември 2022 година изнесуваат 841.996.474 денари.

Резултати од работењето

Единечната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА), која изнесува 1.917.509.370 денари, бележи зголемување од околу 14 %, додека, пак, единечната нето-добивка изнесува 1.160.140.040 денари и е зголемена за 19 %.

Консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА) достигна 1.980.880.390 денари и бележи раст од 12 %, додека, пак, консолидираната нето-добивка во износ од 1.140.263.568 денари е зголемена за 15 %.

При извршувањето на оперативните активности АЛКАЛОИД АД Скопје ангажираше над 1.000 домашни добавувачи.

Вработени

Во периодот јануари-септември 2022 година во АЛКАЛОИД АД Скопје се реализирани 161 нови вработувања во РС Македонија. Со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, во март 2022 година е одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор за вработените во компанијата во висина од нето износ од 30.000 денари. Групацијата АЛКАЛОИД брои 2.617 вработени, од кои 2.015 се во базата во Скопје, а 602 се вработени во подружниците во странство.

Податоци за акциите

Акциите на АЛКАЛОИД АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонска берза за хартии од вредност од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидните акции на берзата. Цената на акцијата во периодот јануари – септември 2022 година се движеше од 15.598,00 денари до 19.400,00 денари, или просечно 17.531,40 денари за една акција, што претставува раст од 14,8 % во споредба со просечната цена во истиот период од 2021 година. На 30.09.2022 година акциите на АЛКАЛОИД АД Скопје беа во сопственост на 5.309 акционери, физички и правни лица, a пазарната капитализација на компанијата изнесуваше 23 милијарди денари.

Бизнис-план за 2022 година

Бизнис-планот за 2022 година, донесен со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, на Седницата одржана на 29.12.2021 година, предвидува инвестирање на околу 14% од консолидираните приходи од продажбите во материјални и во нематеријални средства, раст од 8% на консолидираните продажби во однос на 2021 година, како и раст од 7% на консолидираниот профит пред оданочување во однос на 2021 година.

Бизнис-планот за 2022 година е базиран на очекувањата, проекциите и на можностите на тековните и на новите пазари и производи, достапни за компанијата во моментот на изготвување на планот. Околностите и настаните во 2022 година, а со тоа и остварените резултати, може да варираат во однос на прикажаните во бизнис-планот.

Очекувања за претстојниот период

Во изминатиот период друштвото се соочи со голем број интерни и екстерни предизвици и новонастанати ризици, генерирани од пандемијата на КОВИД-19 како и од енергетската и економската криза. Презедовме голем број мерки во досегашниот период, со цел неутрализирање на сите негативни ефекти, без притоа да се загрози здравјето на вработените и успешното работење на друштвото.

Во согласност со очекувањата, уште во текот на минатата година здравствената криза се претвори и во економска, а со тоа се појавија и нови предизвици во работењето. Она што како тренд започна во 2021 година и доминира и во 2022 година е забележителниот раст на цените на голем дел од влезните суровини и материјали, енергенсите, како и порастот на цените на транспортот на глобално ниво, а особено и значителните пролонгирања на роковите за испорака. Сето ова влијае и на стапката на инфлацијата што веројатно како тренд ќе биде уште понагласен во периодот што следи. Земајќи го предвид конфликтот помеѓу Русија и Украина, започнувајќи од 24 февруари 2022 година, АЛКАЛОИД АД Скопје презема неопходни мерки за заштита на инвеститорите, купувачите и вработените обидувајќи се да им овозможи безбедни услови.

Како најголем предизвик и прв приоритет за периодот што доаѓа и понатаму останува грижата за здравјето на вработените, како и одржувањето на тековната ликвидност, на финансиската стабилност и остварување на планските цели.

The post Алкалоид со раст на консолидираниот извоз од 23 %, консолидирани продажби од над 178 милиони евра и со 161 нови вработувања appeared first on Република.

]]>

Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – септември 2022 година продажбите достигнуваат 8.161.698.989 денари, што е за 14 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 10.988.914.294 денари, што е за 16 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година.
Продажби според региони  Консолидираните продажби остварени на домашниот пазар се зголемени за 3 %, а вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 23 %. Од вкупните консолидирани продажби 31 % се остварени на домашниот пазар, додека, пак, 69 % се остварени на странските пазари. Гледано според региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 30 %, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 21 %, во земјите од Источна Европа (ЗНД, УКР, …) се остварени 16 %, а на другите пазари е остварен 2 % од вкупните консолидирани продажби. Најголем пораст кај извозните пазари бележат продажбите остварени во Турција (раст од 169 %), Полска (раст од 161 %), Романија (раст од 138 %), САД (раст од 71 %), Грција (раст од 44 %), Бугарија (раст од 41 %), Германија (раст од 38 %), Ерменија (раст од 37 %), Косово (раст од 14 %), Црна Гора (раст од 11 %) итн. Во периодот јануари – септември 2022 година во сегментот фармација се реализираа и првите поголеми продажби во Португалија, во износ од 12,5 милиони денари и во Монголија, во износ од 12,8 милиони денари. Продажби според групи производи Гледано според групи производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација, и тоа 88 %. Од нив поголем удел имаат антибиотиците со удел од 24 %, препаратите ОТЦ со 18 %, кардиолошките препарати со 14 %, невролошките препарати заземаат 13 % од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 12 % во вкупните консолидирани продажби, поточно хемија учествува со 3 %, козметика со 7 %, а билкарство учествува со 2 %. Вкупните продажби бележат пораст кај сите профитни центри во споредба со остварените во истиот период од 2021 година. Сегментот фармација бележи раст од 17%, хемија од 16%, козметика од 5% и билкарство од 26%. Инвестиции Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – септември 2022 година изнесуваат 841.996.474 денари. Резултати од работењето Единечната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА), која изнесува 1.917.509.370 денари, бележи зголемување од околу 14 %, додека, пак, единечната нето-добивка изнесува 1.160.140.040 денари и е зголемена за 19 %. Консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА) достигна 1.980.880.390 денари и бележи раст од 12 %, додека, пак, консолидираната нето-добивка во износ од 1.140.263.568 денари е зголемена за 15 %. При извршувањето на оперативните активности АЛКАЛОИД АД Скопје ангажираше над 1.000 домашни добавувачи. Вработени Во периодот јануари-септември 2022 година во АЛКАЛОИД АД Скопје се реализирани 161 нови вработувања во РС Македонија. Со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, во март 2022 година е одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор за вработените во компанијата во висина од нето износ од 30.000 денари. Групацијата АЛКАЛОИД брои 2.617 вработени, од кои 2.015 се во базата во Скопје, а 602 се вработени во подружниците во странство. Податоци за акциите Акциите на АЛКАЛОИД АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонска берза за хартии од вредност од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидните акции на берзата. Цената на акцијата во периодот јануари – септември 2022 година се движеше од 15.598,00 денари до 19.400,00 денари, или просечно 17.531,40 денари за една акција, што претставува раст од 14,8 % во споредба со просечната цена во истиот период од 2021 година. На 30.09.2022 година акциите на АЛКАЛОИД АД Скопје беа во сопственост на 5.309 акционери, физички и правни лица, a пазарната капитализација на компанијата изнесуваше 23 милијарди денари. Бизнис-план за 2022 година Бизнис-планот за 2022 година, донесен со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, на Седницата одржана на 29.12.2021 година, предвидува инвестирање на околу 14% од консолидираните приходи од продажбите во материјални и во нематеријални средства, раст од 8% на консолидираните продажби во однос на 2021 година, како и раст од 7% на консолидираниот профит пред оданочување во однос на 2021 година. Бизнис-планот за 2022 година е базиран на очекувањата, проекциите и на можностите на тековните и на новите пазари и производи, достапни за компанијата во моментот на изготвување на планот. Околностите и настаните во 2022 година, а со тоа и остварените резултати, може да варираат во однос на прикажаните во бизнис-планот. Очекувања за претстојниот период Во изминатиот период друштвото се соочи со голем број интерни и екстерни предизвици и новонастанати ризици, генерирани од пандемијата на КОВИД-19 како и од енергетската и економската криза. Презедовме голем број мерки во досегашниот период, со цел неутрализирање на сите негативни ефекти, без притоа да се загрози здравјето на вработените и успешното работење на друштвото. Во согласност со очекувањата, уште во текот на минатата година здравствената криза се претвори и во економска, а со тоа се појавија и нови предизвици во работењето. Она што како тренд започна во 2021 година и доминира и во 2022 година е забележителниот раст на цените на голем дел од влезните суровини и материјали, енергенсите, како и порастот на цените на транспортот на глобално ниво, а особено и значителните пролонгирања на роковите за испорака. Сето ова влијае и на стапката на инфлацијата што веројатно како тренд ќе биде уште понагласен во периодот што следи. Земајќи го предвид конфликтот помеѓу Русија и Украина, започнувајќи од 24 февруари 2022 година, АЛКАЛОИД АД Скопје презема неопходни мерки за заштита на инвеститорите, купувачите и вработените обидувајќи се да им овозможи безбедни услови. Како најголем предизвик и прв приоритет за периодот што доаѓа и понатаму останува грижата за здравјето на вработените, како и одржувањето на тековната ликвидност, на финансиската стабилност и остварување на планските цели.

The post Алкалоид со раст на консолидираниот извоз од 23 %, консолидирани продажби од над 178 милиони евра и со 161 нови вработувања appeared first on Република.

]]>
Шахистите на Алкалоид шампиони во машка, Центар во женска конкуренција https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/shahistite-na-alkaloid-shampioni-vo-mashka-centar-vo-zenska-konkurencija/ Fri, 21 Oct 2022 19:12:07 +0000 https://republika.mk/?p=564112

Шаховскиот клуб Алкалоид ја освои титулата во машка, додека шахистките од МШК Центар беа најуспешни во женска конкуренција на Државното првенство во екипна конкуренција кое се одржа во Струга во организација на Шаховската федерација на Македонија.

Шахистите на Алкалоид ја оправдаа фаворитската улога и ја одбранија титулата освојувајќи го првото место пред второпласираниот ШК Прилеп и ШК Гамбит Ассеко СЕЕ на третото место.

Во женска конкуренција беше неизвесно до самиот крај и одлучуваше последното коло во кое МШК Центар со триумф над директниот конкурент ШК Алкалоид го освои шампионскиот пехар.

Конечен пласман:

Мажи: ШК Алкалоид, ШК Прилеп, ШК Гамбит Ассеко СЕЕ, ГШК Куманово, ШК Гостивар, ШК Ан Пасан, ШК Фишер, ШК Стево Патако.

Жени: МШК Центар, ШК Алкалоид, ГШК Куманово, ШК Гамбит Ассеко СЕЕ, ГШК Неготино, ШК Стево Патако, ШК Карпош.

The post Шахистите на Алкалоид шампиони во машка, Центар во женска конкуренција appeared first on Република.

]]>

Шаховскиот клуб Алкалоид ја освои титулата во машка, додека шахистките од МШК Центар беа најуспешни во женска конкуренција на Државното првенство во екипна конкуренција кое се одржа во Струга во организација на Шаховската федерација на Македонија. Шахистите на Алкалоид ја оправдаа фаворитската улога и ја одбранија титулата освојувајќи го првото место пред второпласираниот ШК Прилеп и ШК Гамбит Ассеко СЕЕ на третото место. Во женска конкуренција беше неизвесно до самиот крај и одлучуваше последното коло во кое МШК Центар со триумф над директниот конкурент ШК Алкалоид го освои шампионскиот пехар.

Конечен пласман:

Мажи: ШК Алкалоид, ШК Прилеп, ШК Гамбит Ассеко СЕЕ, ГШК Куманово, ШК Гостивар, ШК Ан Пасан, ШК Фишер, ШК Стево Патако. Жени: МШК Центар, ШК Алкалоид, ГШК Куманово, ШК Гамбит Ассеко СЕЕ, ГШК Неготино, ШК Стево Патако, ШК Карпош.

The post Шахистите на Алкалоид шампиони во машка, Центар во женска конкуренција appeared first on Република.

]]>
„Алкалоид“ опреми ново, модерно катче за шаховска едукација и за турнири за најмладите шахисти https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/alkaloid-opremi-novo-moderno-katche-za-shahovska-edukacija-i-za-turniri-za-najmladite-shahisti/ Wed, 21 Sep 2022 18:44:23 +0000 https://republika.mk/?p=552985

Ценејќи го значењето на шахот во развојот на најмладите, „Алкалоид“ АД Скопје опреми ново, модерно катче наменето за шаховска едукација и за турнири за младите почнувајќи од 7-годишна возраст. Станува збор за две училници во центарот на Скопје, каде што најсилните македонски велемајстори ќе работат со најмладите во групи до 20 ученици.

 

Со повлекувањето на првиот потег во симултанка со ФИДЕ-мајсторот Моника Стојковска (македонски шампион за 2022 година), генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, симболично го означи почетокот на систематската работа со најмладите шаховски таленти во клубот. Наставата во рамките на ШК „Алкалоид“ ќе ја водат лиценцирани тренери на Светската шаховска организација, кои се истовремено и најсилни македонски шаховски велемајстори, носители на националната репрезентација, како и освојувачи на многу турнири и шампионски титули во екипна и во поединечна конкуренција. Покрај членовите на ШК „Алкалоид“, овој нов шаховскиот дом, лоциран на ул. „Железничка“ (ул. „Јордан Мијалков“) бр. 40А во Скопје, ќе биде отворен за сите шахисти и љубители на шахот, кои ќе имаат можност за едукација, дружење и за турнири.

 

 

Според проценката на стручните експерти и на педагозите, шахот придонесува за развој на когнитивните способности кај најмладите, ја подигнува концентрацијата при учењето, ги подобрува аналитичкото размислување, решавањето проблеми и носењето одлуки, а во голема мера овозможува и дружење и креирањетимски дух.

 

 

Шаховскиот клуб „Алкалоид“ е основан на 26 март 1976 година и важи за еден од најдобрите европски клубови. Има огромна колекција на титули, од кои најпрестижна е освоеното злато на Европскиотклупски куп во Нови Сад во 2016 година.

 

The post „Алкалоид“ опреми ново, модерно катче за шаховска едукација и за турнири за најмладите шахисти appeared first on Република.

]]>

Ценејќи го значењето на шахот во развојот на најмладите, „Алкалоид“ АД Скопје опреми ново, модерно катче наменето за шаховска едукација и за турнири за младите почнувајќи од 7-годишна возраст. Станува збор за две училници во центарот на Скопје, каде што најсилните македонски велемајстори ќе работат со најмладите во групи до 20 ученици.   Со повлекувањето на првиот потег во симултанка со ФИДЕ-мајсторот Моника Стојковска (македонски шампион за 2022 година), генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, симболично го означи почетокот на систематската работа со најмладите шаховски таленти во клубот. Наставата во рамките на ШК „Алкалоид“ ќе ја водат лиценцирани тренери на Светската шаховска организација, кои се истовремено и најсилни македонски шаховски велемајстори, носители на националната репрезентација, како и освојувачи на многу турнири и шампионски титули во екипна и во поединечна конкуренција. Покрај членовите на ШК „Алкалоид“, овој нов шаховскиот дом, лоциран на ул. „Железничка“ (ул. „Јордан Мијалков“) бр. 40А во Скопје, ќе биде отворен за сите шахисти и љубители на шахот, кои ќе имаат можност за едукација, дружење и за турнири.     Според проценката на стручните експерти и на педагозите, шахот придонесува за развој на когнитивните способности кај најмладите, ја подигнува концентрацијата при учењето, ги подобрува аналитичкото размислување, решавањето проблеми и носењето одлуки, а во голема мера овозможува и дружење и креирањетимски дух.     Шаховскиот клуб „Алкалоид“ е основан на 26 март 1976 година и важи за еден од најдобрите европски клубови. Има огромна колекција на титули, од кои најпрестижна е освоеното злато на Европскиотклупски куп во Нови Сад во 2016 година.  

The post „Алкалоид“ опреми ново, модерно катче за шаховска едукација и за турнири за најмладите шахисти appeared first on Република.

]]>