аљуш кока Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aljush-koka/ За подобро да се разбереме Sat, 09 Jul 2022 09:43:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png аљуш кока Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aljush-koka/ 32 32 Син ми го бранеше својот имот, вели бизнисменот Аљуш Кока https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sin-mi-go-braneshe-svojot-imot-veli-biznismenot-aljush-koka/ Sat, 09 Jul 2022 09:43:14 +0000 https://republika.mk/?p=526210

Бизнисменот Аљуш Кока, татко на Цуфи Кока, кој беше уапсен за време на протестите во Скопје кај плоштадот Скендербег откако пукаше со пиштол пред демонстрантите, бара неговиот син да биде ослободен од затвор.

Во интервју за Еуроњуз Албанија, бизнисменот вели дека неговиот син бил принуден да пука со пиштол во воздух за да ги одбие, како што вели тој, хулиганите кои почнале да го оштетуваат неговиот хотел. Според него, се било за самоодбрана и немало никакво сценарио.

Тој подвлекува дека државата никогаш не реагирала за да се идентификуваат лицата кои вршат такви дела, како што е уништување на албански имот.

Го зеле момчето и веднаш го уапсиле. Од социјалните мрежи дознав дека нешто се случува во мојот објект. Веднаш дојдов, имаше голема гужва, полиција. Ми кажаа дека и мојот син е уапсен. Ја известивме полицијата пред 2-3 дена и усно. Знаевме дека ќе имаме последици бидејќи хулиганите денес не се сами. Насилства има и во парламентот, насилство има и на албански имоти. Никој од државата не побара да се идентификуваат кои се тие луѓе. Не сум против демонстрантите, но не треба да им наштетат на нашите имоти, рече тој.

The post Син ми го бранеше својот имот, вели бизнисменот Аљуш Кока appeared first on Република.

]]>

Бизнисменот Аљуш Кока, татко на Цуфи Кока, кој беше уапсен за време на протестите во Скопје кај плоштадот Скендербег откако пукаше со пиштол пред демонстрантите, бара неговиот син да биде ослободен од затвор. Во интервју за Еуроњуз Албанија, бизнисменот вели дека неговиот син бил принуден да пука со пиштол во воздух за да ги одбие, како што вели тој, хулиганите кои почнале да го оштетуваат неговиот хотел. Според него, се било за самоодбрана и немало никакво сценарио. Тој подвлекува дека државата никогаш не реагирала за да се идентификуваат лицата кои вршат такви дела, како што е уништување на албански имот.