Аљбин Курти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aljbin-kurti/ За подобро да се разбереме Fri, 06 Sep 2024 17:56:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Аљбин Курти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/aljbin-kurti/ 32 32 Со доброто и чесно владеење на Курти, цвета економијата во Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/so-dobroto-i-chesno-vladeene-vladeene-na-kurti-tsveta-ekonomijata-vo-kosovo/ Fri, 06 Sep 2024 17:46:33 +0000 https://republika.mk/?p=813164

Косовскиот премиер, Албин Курти вели дека годишниот просек на странски директни инвестиции за време на владата на неговата партија, Движење Самоопределување, е 705,6 милиони евра, што, според него, е за 2,4 пати повеќе од годишниот просек за време на претходните влади, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава на неговата страница на Фејсбук, Курти тврди дека годишниот просек на директни странски инвестиции од 2007 година до пред неговото доаѓање на чело на Владата на Косово бил 299,8 милиони евра.

„Со доброто и чесно владеење, висока доверливост и задоволство на граѓаните, владеењето на правото, демократскиот напредок, институционалната стабилност, економските реформи, фискалната одговорност, соодветните даночни политики, поддршката на инвестициите преку гаранции за заеми, квалификуваната работна сила и со шеми за вработување субвенционирани од Владата, ја правиме нашата држава сè поатрактивна дестинација за инвестиции и сè поповолна опција за странските инвеститори“, напиша Курти.

The post Со доброто и чесно владеење на Курти, цвета економијата во Косово appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер, Албин Курти вели дека годишниот просек на странски директни инвестиции за време на владата на неговата партија, Движење Самоопределување, е 705,6 милиони евра, што, според него, е за 2,4 пати повеќе од годишниот просек за време на претходните влади, јави дописникот на МИА од Приштина. Во објава на неговата страница на Фејсбук, Курти тврди дека годишниот просек на директни странски инвестиции од 2007 година до пред неговото доаѓање на чело на Владата на Косово бил 299,8 милиони евра.
„Со доброто и чесно владеење, висока доверливост и задоволство на граѓаните, владеењето на правото, демократскиот напредок, институционалната стабилност, економските реформи, фискалната одговорност, соодветните даночни политики, поддршката на инвестициите преку гаранции за заеми, квалификуваната работна сила и со шеми за вработување субвенционирани од Владата, ја правиме нашата држава сè поатрактивна дестинација за инвестиции и сè поповолна опција за странските инвеститори“, напиша Курти.

The post Со доброто и чесно владеење на Курти, цвета економијата во Косово appeared first on Република.

]]>
Курти: Радојчиќ подготвува нови напади на Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kurti-radojchik-podgotvuva-novi-napadi-na-kosovo/ Sat, 23 Dec 2023 16:20:36 +0000 https://republika.mk/?p=725979

Поранешниот потпретседател на Српска листа Милан Радоjчиќ планира нови напади на Косово, тврди косовскиот премиер Аљбин Курти. Според него целта на овие планови е да се дестабилизира состојбата, а за таа цел, наводно, Радојчиќ имал редовни средби со српските разузнавачи, а членовите на неговата група добиваат плата од 2.000 евра месечно.

По терористичкиот напад, Милан Радојчиќ беше ослободен од српскиот суд во рекордно време. Тој сега заедно со некои членови на терористичката организација „Цивилна одбрана“ ги продолжува подготовките за други напади на Косово. Радоичиќ одржува редовни средби со високи претставници на БИА. Просториите на фирмата Јаблановица во Рашка, како и оние во Нови Пазар, се користат за сместување и складирање возила и експлозивни направи за идни напади на Радоичиќ и неговата група. Паравојските на Радоичиќ се засолнуваат во објектите што ги поседува овој туристички парк, а освен сместување, на членовите на терористичката група им се плаќа и по околу 2000 евра месечно, вели Курти.

Официјален Белград негира вмешаност во овој настан. Радојчиќ, пак, ја презеде одговорноста за нападот во Бањска, каде што беа убиени еден косовски полицаец и тројца напаѓачи.

The post Курти: Радојчиќ подготвува нови напади на Косово appeared first on Република.

Курти за случајот со „Клан Косова“: Спроведувањето на законите не е напад врз медиумите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kurti-za-sluchajot-so-klan-kosova-sproveduvaneto-na-zakonite-ne-e-napad-vrz-mediumite/ Sat, 29 Jul 2023 19:35:14 +0000 https://republika.mk/?p=666753

Примената на законот против интересите на финансиската корист на моќните бизнисмени не претставува напад врз медиумите, изјави денеска косовскиот премиер Аљбин Курти, алудирајќи на одлуката на Министерството за индустрија, претприемништво и трговија (МИПТ) да ja суспендира дозвола за работа на телевизија „Клан Косова“.

Во петокот, МИПТ ја отфрли жалбата на телевизијата и и ја одзеде дозволата за работа, а „Клан Косова“ најави дека ќе поднесе жалба до судството.

На овој начин, Курти целосно ја поддржа одлуката на МИПТ „да ги извршува своите должности против моќните интереси на богатите бизнисмени“.

Според него, примената на законот не го загрозува медиумскиот плурализам.

„Косово има 468 регистрирани компании чија примарна дејност се медиуми и 114 лиценцирани аудио или аудиовизуелни компании. Усогласеноста со правилата за регистрација е законска обврска, а не „техника“. А примената на такви правила против еден криминалец не го загрозува медиумскиот плурализам“, напиша Курти на Твитер.

Тој додаде дека „во демократија, органите надлежни да одлучуваат за вакви случаи не престојуваат во кабинетот на премиерот“.

„Сепак, овие тела имаат целосна поддршка од нашата канцеларија во извршувањето на нивните должности, соочени со силните интереси на богатите бизнисмени кои се против нив. Медиумските слободи се од витално значење: нападот врз нив е напад врз демократијата. Но, демократијата е исто така нападната кога моќните бизнисмени го прекршуваат законот за финансиска добивка. А примената на законот против таквите луѓе во никој случај не претставува напад на слободата на медиумите“, напиша Курти.

За случајот со одземањето на лиценцата на телевизијата Клан Косова вчера реагираше и претседателката Вјоса Османи, која рече дека мора да се расчисти секоја правна дилема што постои во овој случај и оти „очекува тоа да се направи со примена на законот, без мешање, на принципите на непристрасност и интегритет“.

Вчерашната одлука на МИПТ ја осудија не само косовските политички партии и граѓанското општество, туку и амбасадорите на земјите од големата петорка и на Европската унија акредитирани на Косово.

0

The post Курти за случајот со „Клан Косова“: Спроведувањето на законите не е напад врз медиумите appeared first on Република.

]]>

Примената на законот против интересите на финансиската корист на моќните бизнисмени не претставува напад врз медиумите, изјави денеска косовскиот премиер Аљбин Курти, алудирајќи на одлуката на Министерството за индустрија, претприемништво и трговија (МИПТ) да ja суспендира дозвола за работа на телевизија „Клан Косова“. Во петокот, МИПТ ја отфрли жалбата на телевизијата и и ја одзеде дозволата за работа, а „Клан Косова“ најави дека ќе поднесе жалба до судството. На овој начин, Курти целосно ја поддржа одлуката на МИПТ „да ги извршува своите должности против моќните интереси на богатите бизнисмени“. Според него, примената на законот не го загрозува медиумскиот плурализам.
„Косово има 468 регистрирани компании чија примарна дејност се медиуми и 114 лиценцирани аудио или аудиовизуелни компании. Усогласеноста со правилата за регистрација е законска обврска, а не „техника“. А примената на такви правила против еден криминалец не го загрозува медиумскиот плурализам“, напиша Курти на Твитер.
Тој додаде дека „во демократија, органите надлежни да одлучуваат за вакви случаи не престојуваат во кабинетот на премиерот“.
„Сепак, овие тела имаат целосна поддршка од нашата канцеларија во извршувањето на нивните должности, соочени со силните интереси на богатите бизнисмени кои се против нив. Медиумските слободи се од витално значење: нападот врз нив е напад врз демократијата. Но, демократијата е исто така нападната кога моќните бизнисмени го прекршуваат законот за финансиска добивка. А примената на законот против таквите луѓе во никој случај не претставува напад на слободата на медиумите“, напиша Курти.
За случајот со одземањето на лиценцата на телевизијата Клан Косова вчера реагираше и претседателката Вјоса Османи, која рече дека мора да се расчисти секоја правна дилема што постои во овој случај и оти „очекува тоа да се направи со примена на законот, без мешање, на принципите на непристрасност и интегритет“. Вчерашната одлука на МИПТ ја осудија не само косовските политички партии и граѓанското општество, туку и амбасадорите на земјите од големата петорка и на Европската унија акредитирани на Косово. 0

The post Курти за случајот со „Клан Косова“: Спроведувањето на законите не е напад врз медиумите appeared first on Република.

]]>
Курти: ЕУ е неправедна https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kurti-eu-e-nepravedna/ Sun, 02 Jul 2023 17:05:48 +0000 https://republika.mk/?p=657500

Косовскиот премиер Албин Курти денеска ги оцени како неправедни мерките што ги усвои Европската унија против Косово поради непреземање мерки за деескалација на ситуацијата на северот на земјата.

На отворањето на новиот парк во селото Давидовац во општина Штимље, Курти рече дека не се работи за санкции, туку за мерки кон Косово кои се неправедни, пренесува Бета.

– Косово не може да прави компромиси со владеењето на правото или со уставноста, па затоа ќе продолжи да ја спроведува владината програма. Косово и неговата влада ја сочинуваат најдемократската, проевропската и најнапредната државна и извршна власт. Од друга страна, имаме постојана конфронтација со различни форми на агресија од Србија, која е автократска и проруска држава и која не се соочи со своето криминално минато на територијата на поранешна Југославија, каде што предизвика четири војни – изјави Курти за медиумите.

Тој изрази надеж дека мерките на ЕУ ќе бидат краткотрајни и оти ќе продолжи поддршката од Брисел за Приштина.

Курти рече дека Косово е подготвено и заинтересирано многу повеќе од Србија за нормализација на односите, со де факто признавање на косовската независност.

– Ние сме за деескалација на ситуацијата, за да има мир и спокој на северот на Косово, а Косово и Србија како две земји да градат соседски односи од европски тип – рече косовскиот премиер.

Како што објавија претходно косовските медиуми, мерките на ЕУ против Приштина предвидуваат привремено прекинување на работата на работните тела во рамките на Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Косово исто така нема да биде покането на состаноци на високо ниво, а билатералните посети ќе бидат прекинати.

Стапувањето во сила на овие мерки вчера го потврди и комесарот за проширување Оливер Вархеји, кога посочи дека Косово не е вклучено во распределбата на фондот од 2,1 милијарди евра одобрен од Оперативниот комитет за инвестиции на Западен Балкан.

Од Брисел нагласија дека мерките се привремени и зависат од развојот на настаните на терен и одлуката за деескалација што може да ја донесе премиерот на Косово Албин Курти.

The post Курти: ЕУ е неправедна appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти денеска ги оцени како неправедни мерките што ги усвои Европската унија против Косово поради непреземање мерки за деескалација на ситуацијата на северот на земјата. На отворањето на новиот парк во селото Давидовац во општина Штимље, Курти рече дека не се работи за санкции, туку за мерки кон Косово кои се неправедни, пренесува Бета. – Косово не може да прави компромиси со владеењето на правото или со уставноста, па затоа ќе продолжи да ја спроведува владината програма. Косово и неговата влада ја сочинуваат најдемократската, проевропската и најнапредната државна и извршна власт. Од друга страна, имаме постојана конфронтација со различни форми на агресија од Србија, која е автократска и проруска држава и која не се соочи со своето криминално минато на територијата на поранешна Југославија, каде што предизвика четири војни – изјави Курти за медиумите. Тој изрази надеж дека мерките на ЕУ ќе бидат краткотрајни и оти ќе продолжи поддршката од Брисел за Приштина. Курти рече дека Косово е подготвено и заинтересирано многу повеќе од Србија за нормализација на односите, со де факто признавање на косовската независност. – Ние сме за деескалација на ситуацијата, за да има мир и спокој на северот на Косово, а Косово и Србија како две земји да градат соседски односи од европски тип – рече косовскиот премиер. Како што објавија претходно косовските медиуми, мерките на ЕУ против Приштина предвидуваат привремено прекинување на работата на работните тела во рамките на Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Косово исто така нема да биде покането на состаноци на високо ниво, а билатералните посети ќе бидат прекинати. Стапувањето во сила на овие мерки вчера го потврди и комесарот за проширување Оливер Вархеји, кога посочи дека Косово не е вклучено во распределбата на фондот од 2,1 милијарди евра одобрен од Оперативниот комитет за инвестиции на Западен Балкан. Од Брисел нагласија дека мерките се привремени и зависат од развојот на настаните на терен и одлуката за деескалација што може да ја донесе премиерот на Косово Албин Курти.

The post Курти: ЕУ е неправедна appeared first on Република.

]]>
И Рама го искара Курти: Опасен и непотребен пат https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/i-rama-go-iskara-kurti-opasen-i-nepotreben-pat/ Fri, 26 May 2023 18:55:33 +0000 https://republika.mk/?p=645056

Албанскиот премиер Еди Рама преку објава на Твитер реагираше во врска со ситуацијата во Косово и повика на прекин на насилството, наведувајќи дека „демократскиот свет го стави во центарот на вниманието дијалогот, нормализацијата и взаемното признавање меѓу Косово и Србија".

Тој додава дека ова што се случува ниту најмалку не е во прилог на процесот во кој „се ангажирани сите големи пријатели на Косово за нормализација на односите со Србија".

- Дали ова што се случува на Косово му помага на процесот каде се ангажирани сите големи пријатели на Косово и на Албанците, за нормализација и меѓусебно признавање меѓу Косово и Србија?! Секако не, се додека нашите најголеми пријатели се длабоко загрижени, пишува Рама.

Додава дека се придружува во апелот да се запре со насилство.

- Им се придружувам во апелот да не се продолжува по овој не само опасен, туку и целосно непотребен пат денес, кога демократскиот свет во центарот на вниманието ги стави дијалогот, нормализацијата и меѓусебното признавање меѓу Косово и Србија, наведува албанскиот премиер Рама.

The post И Рама го искара Курти: Опасен и непотребен пат appeared first on Република.

]]>

Албанскиот премиер Еди Рама преку објава на Твитер реагираше во врска со ситуацијата во Косово и повика на прекин на насилството, наведувајќи дека „демократскиот свет го стави во центарот на вниманието дијалогот, нормализацијата и взаемното признавање меѓу Косово и Србија". Тој додава дека ова што се случува ниту најмалку не е во прилог на процесот во кој „се ангажирани сите големи пријатели на Косово за нормализација на односите со Србија". - Дали ова што се случува на Косово му помага на процесот каде се ангажирани сите големи пријатели на Косово и на Албанците, за нормализација и меѓусебно признавање меѓу Косово и Србија?! Секако не, се додека нашите најголеми пријатели се длабоко загрижени, пишува Рама. Додава дека се придружува во апелот да се запре со насилство. - Им се придружувам во апелот да не се продолжува по овој не само опасен, туку и целосно непотребен пат денес, кога демократскиот свет во центарот на вниманието ги стави дијалогот, нормализацијата и меѓусебното признавање меѓу Косово и Србија, наведува албанскиот премиер Рама.

The post И Рама го искара Курти: Опасен и непотребен пат appeared first on Република.

]]>
Договорено: Следната средба на Вучиќ и Курти е во Охрид на 18 март https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dogovoreno-slednata-sredba-na-vuchik-i-kurti-e-vo-ohrid-na-18-mart/ Thu, 02 Mar 2023 19:46:21 +0000 https://republika.mk/?p=615262

Следната средба на лидерите на Србија и Косово во рамки на дијалогот ќе се одржи во Охрид на 18 март, потврди за Радио Слободна Европа официјален претставник на Европската Унија.

Ова ќе биде средба на која лидерите ќе разговараат за планот за имплементација кој е составен дел на европскиот предлог, кој сега се нарекува Спогодба за патот кон нормализација на Србија и Косово.

Посакуваното сценарио за европската страна е ова да биде средба на која лидерите ќе договорат анекс на планот кој вклучува јасен календар за тоа кога треба да се исполнат сите елементи од европскиот договор, пишува РСЕ.

Дискусијата за овој предлог се смета за затворена за европската страна, откако српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти на средбата на 27 февруари во Брисел го договорија текстот на предлогот.

Во Брисел сметаат дека без анексот за имплементација, кој се смета за составен дел на договорот, европскиот предлог би претставувал само „политичка декларација, без никаква правна или политичка обврска за страните“.

Европската страна планира, во случај на договор, и во однос на имплементацијата, да се потпишат и двата „неразделни“ дела кои го сочинуваат истиот документ.

Европските претставници очекуваат тензични разговори, особено во однос на Заедницата на општини со српско мнозинство во Косово, што се смета за клучен елемент на дискусијата.

Претставниците на ЕУ нагласуваат дека не сакаат да му наметнат на Косово модел кој досега не бил тестиран. Во оваа насока, тие тврдат дека веќе постојат околу 16 европски модели кои би послужиле како пример за Заедницата во Косово и велат дека сите овие модели функционираат во одредени европски земји, пишува РСЕ.

The post Договорено: Следната средба на Вучиќ и Курти е во Охрид на 18 март appeared first on Република.

]]>

Следната средба на лидерите на Србија и Косово во рамки на дијалогот ќе се одржи во Охрид на 18 март, потврди за Радио Слободна Европа официјален претставник на Европската Унија. Ова ќе биде средба на која лидерите ќе разговараат за планот за имплементација кој е составен дел на европскиот предлог, кој сега се нарекува Спогодба за патот кон нормализација на Србија и Косово. Посакуваното сценарио за европската страна е ова да биде средба на која лидерите ќе договорат анекс на планот кој вклучува јасен календар за тоа кога треба да се исполнат сите елементи од европскиот договор, пишува РСЕ. Дискусијата за овој предлог се смета за затворена за европската страна, откако српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти на средбата на 27 февруари во Брисел го договорија текстот на предлогот. Во Брисел сметаат дека без анексот за имплементација, кој се смета за составен дел на договорот, европскиот предлог би претставувал само „политичка декларација, без никаква правна или политичка обврска за страните“. Европската страна планира, во случај на договор, и во однос на имплементацијата, да се потпишат и двата „неразделни“ дела кои го сочинуваат истиот документ. Европските претставници очекуваат тензични разговори, особено во однос на Заедницата на општини со српско мнозинство во Косово, што се смета за клучен елемент на дискусијата. Претставниците на ЕУ нагласуваат дека не сакаат да му наметнат на Косово модел кој досега не бил тестиран. Во оваа насока, тие тврдат дека веќе постојат околу 16 европски модели кои би послужиле како пример за Заедницата во Косово и велат дека сите овие модели функционираат во одредени европски земји, пишува РСЕ.

The post Договорено: Следната средба на Вучиќ и Курти е во Охрид на 18 март appeared first on Република.

]]>
Курти се закани: Барикадите ќе бидат отстранети во следните неколку денови https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kurti-se-zakani-barikadite-ke-bidat-otstraneti-vo-slednite-nekolku-denovi/ Tue, 27 Dec 2022 07:06:31 +0000 https://republika.mk/?p=590338

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека барикадите кои локалните Срби ги имаат поставено во северно Косово, на патиштата кои водат кон граничните премини со Србија, ќе бидат отстранети во наредните неколку денови, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во интервју за босанскиот медиум Истрага.ба, кое го пренесуваат косовските медиуми, Курти порача дека, доколу барикадите не бидат отстранети од мировната мисија на НАТО во Косово, КФОР, како што самата претходно најави, тоа ќе го стори полицијата на Косово.

– Ако тоа не го стори КФОР, ќе го направиме ние. Не може тоа да трае со месеци. Ниту со недели… Само неколку денови, изјави Курти.

Според косовскиот премиер, барикадите се „само нова епизода“ во сценариото за дестабилизација на Косово, подготвено од властите во Белград.

– Ние ја имаме полицијата на север, која е сега поприсутна од кога и да е порано. Но ние имаме и 11 барикади. Овие барикаде се само нова епизода по онаа првата, во која Србите добија наредба од Белград да ги напуштат сите косовски институции, вели Курти.

Тој смета дека, со последните дејствија во северно Косово, властите во Србија „ги повторуваат грешките од 90-тите години“, кога се случија воените конфликти во Босна и Херцеговина и Хрватска.

– Тие немаат креативност. Тие не знаат друго освен да ги повторуваат грешките од 90-тите години, кога градеа барикади во Босна и Хрватска. Значи, на извесен начин, знаат само да се повторуваат. Јас мислам дека и овој обид ќе им пропадне, изјави Курти.

Тој вели дека на оние кои ја спроведуваат блокадата во северно Косово директивите им доаѓаат од Белград, додека српското население во таа област е заплашено од илегалните структури, кои станале криминални банди и кои се „поагресивни од кога и да е порано

The post Курти се закани: Барикадите ќе бидат отстранети во следните неколку денови appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека барикадите кои локалните Срби ги имаат поставено во северно Косово, на патиштата кои водат кон граничните премини со Србија, ќе бидат отстранети во наредните неколку денови, јави дописникот на МИА од Приштина. Во интервју за босанскиот медиум Истрага.ба, кое го пренесуваат косовските медиуми, Курти порача дека, доколу барикадите не бидат отстранети од мировната мисија на НАТО во Косово, КФОР, како што самата претходно најави, тоа ќе го стори полицијата на Косово. – Ако тоа не го стори КФОР, ќе го направиме ние. Не може тоа да трае со месеци. Ниту со недели… Само неколку денови, изјави Курти. Според косовскиот премиер, барикадите се „само нова епизода“ во сценариото за дестабилизација на Косово, подготвено од властите во Белград. – Ние ја имаме полицијата на север, која е сега поприсутна од кога и да е порано. Но ние имаме и 11 барикади. Овие барикаде се само нова епизода по онаа првата, во која Србите добија наредба од Белград да ги напуштат сите косовски институции, вели Курти. Тој смета дека, со последните дејствија во северно Косово, властите во Србија „ги повторуваат грешките од 90-тите години“, кога се случија воените конфликти во Босна и Херцеговина и Хрватска.
– Тие немаат креативност. Тие не знаат друго освен да ги повторуваат грешките од 90-тите години, кога градеа барикади во Босна и Хрватска. Значи, на извесен начин, знаат само да се повторуваат. Јас мислам дека и овој обид ќе им пропадне, изјави Курти.
Тој вели дека на оние кои ја спроведуваат блокадата во северно Косово директивите им доаѓаат од Белград, додека српското население во таа област е заплашено од илегалните структури, кои станале криминални банди и кои се „поагресивни од кога и да е порано

The post Курти се закани: Барикадите ќе бидат отстранети во следните неколку денови appeared first on Република.

]]>
Вучиќ не верува дека ќе има средба со Курти https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-ne-veruva-deka-kje-ima-sredba-so-kurti/ Thu, 10 Nov 2022 16:20:32 +0000 https://republika.mk/?p=572416

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека постои можност за средба со премиерот на Косово Албин Курти, но дека не верува дека тоа ќе се случи.

Вучиќ на новинарите во Париз, по средбата со францускиот претседател Емануел Макрон, изјави дека разговарале за Косово, билатералните односи, европската перспектива на Србија, соработката на стопанските комори и дека му предал документи кои ги потврдуваат позициите на Србија, јави Бета.

– Зборував за желбата да се стабилизира ситуацијата, но и за фрустрацијата на нашиот народ затоа што нешто не е исполнето 10 години, рече Вучиќ.

Според него, разговарано било и за враќање на Србите во косовските институции.

Тој додаде дека очекува Макрон да го посети Белград следната година и оти верува дека можат „да потпишат големи работи во Белград кога тој ќе дојде

The post Вучиќ не верува дека ќе има средба со Курти appeared first on Република.

]]>

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека постои можност за средба со премиерот на Косово Албин Курти, но дека не верува дека тоа ќе се случи. Вучиќ на новинарите во Париз, по средбата со францускиот претседател Емануел Макрон, изјави дека разговарале за Косово, билатералните односи, европската перспектива на Србија, соработката на стопанските комори и дека му предал документи кои ги потврдуваат позициите на Србија, јави Бета. – Зборував за желбата да се стабилизира ситуацијата, но и за фрустрацијата на нашиот народ затоа што нешто не е исполнето 10 години, рече Вучиќ. Според него, разговарано било и за враќање на Србите во косовските институции. Тој додаде дека очекува Макрон да го посети Белград следната година и оти верува дека можат „да потпишат големи работи во Белград кога тој ќе дојде

The post Вучиќ не верува дека ќе има средба со Курти appeared first on Република.

]]>
Kурти и Вучиќ јадеа хамбургери и пиеја кока-кола https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kurti-i-vuchikj-jadea-hamburgeri-i-pieja-koka-kola/ Thu, 18 Aug 2022 14:15:43 +0000 https://republika.mk/?p=541720

Протече фотографија од состанокот помеѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиопт премиер Албин Курти која го привлече вниманието.

Двата лидери беа послужени со газирани пијалоци и хамбургери на преговарачката маса меѓу страните.

„Лажен дијалог со лажни пијалоци“, „ЕУ да отвори синџир за брза храна“ беа дел од коментарите кои веднаш ги преплавија социјалните мрежи придружувајќи ги објавите и сликите од средбата.

Српските медиуми го коментираа говорот на телото на учесниците. „Курти мирен и насмеан, додека Вучиќ е како на погреб“, беше насловот на еден од медиумите.

The post Kурти и Вучиќ јадеа хамбургери и пиеја кока-кола appeared first on Република.

]]>

Протече фотографија од состанокот помеѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиопт премиер Албин Курти која го привлече вниманието. Двата лидери беа послужени со газирани пијалоци и хамбургери на преговарачката маса меѓу страните. „Лажен дијалог со лажни пијалоци“, „ЕУ да отвори синџир за брза храна“ беа дел од коментарите кои веднаш ги преплавија социјалните мрежи придружувајќи ги објавите и сликите од средбата.
Српските медиуми го коментираа говорот на телото на учесниците. „Курти мирен и насмеан, додека Вучиќ е како на погреб“, беше насловот на еден од медиумите.

The post Kурти и Вучиќ јадеа хамбургери и пиеја кока-кола appeared first on Република.

]]>
Курти ја одби поканата од Ковачевски да дојде во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kurti-ja-odbi-pokanata-od-kovachevski-da-dojde-vo-ohrid/ Fri, 03 Jun 2022 07:52:53 +0000 https://republika.mk/?p=510489

 Владата на Косово објави дека нејзиниот претседател Албин Курти добил покана од неговиот македонски колега Димитар Ковачевски за учество на самитот на „Отворен Балкан“, што ќе се одржи на 7 и 8 јуни во Охрид, на што одговорил со писмо до македонскиот премиер, во кое го повторил неговото противење на иницијативата покрената од Македонија, Србија и Албанија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што пренесуваат косовските медиуми, Курти не ја одбил експлицитно поканата од Ковачевски, но од контекстот на писмото може да се подразбере дека нема намера да учествува на самитот во Скопје.

Курти во неговото писмо нагласува дека Косово е ангажирано во Берлинскиот процес, кој беше усвоен од шесте држави на Западен Балкан на самитот во Софија во 2020 година и кој е целосно поддржан од Европската унија.

– Република Косово ја поздравува регионалната соработка заснована на принципите на рамноправност, од која на крајот граѓаните ќе имаат корист. За таа цел ние сме активно ангажирани во Берлинскиот процес, кој покрива многу регионални иницијативи, вклучувајќи го Заедничкиот регионален пазар (ЦРМ), кој беше усвоен од шесте држави на Западен Балкан на самитот во Софија во 2020 година и кој е целосно поддржан од Европската унија, се вели во писмото на косовскиот премиер до неговиот македонски колега.

Според Курти, двете земји споделуваат заеднички вредности и заеднички аспирации за зачленување во ЕУ.

– Ние исто така ја делиме заедничката верба во слободата, демократијата, правдата и почитувањето на човековите и граѓанските права, слободата на медиумите и слободата на изразување и за една политичка средина во која опозицијата не се замолчува, туку блика и може да победи на наредните избори. Ова е причината (…) зошто нашите две земји постојано ја следат надворешната политика на ЕУ, вклучително и спротивставувањето на неиспровоцираната и неоправдана окупација на Украина од страна на Русија, пишува Курти.

Според косовскиот премиер, Приштина и Скопје треба заедно да работат „на спречувањето на Србија да го шири нејзиниот руски и кинески интерес“ во регионот.

– Имајќи ги предвид нашите заеднички вредности, во наш интерес е да работиме заедно на спречувањето на Србија да го шири нејзиниот руски и кинески интерес во нашиот регион, негирајќи ја постојано независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово и блокирајќи ги еднаквите можности за косовските граѓани, му пишува Курти на Ковачевски

The post Курти ја одби поканата од Ковачевски да дојде во Охрид appeared first on Република.

]]>

 Владата на Косово објави дека нејзиниот претседател Албин Курти добил покана од неговиот македонски колега Димитар Ковачевски за учество на самитот на „Отворен Балкан“, што ќе се одржи на 7 и 8 јуни во Охрид, на што одговорил со писмо до македонскиот премиер, во кое го повторил неговото противење на иницијативата покрената од Македонија, Србија и Албанија, јави дописникот на МИА од Приштина. Како што пренесуваат косовските медиуми, Курти не ја одбил експлицитно поканата од Ковачевски, но од контекстот на писмото може да се подразбере дека нема намера да учествува на самитот во Скопје. Курти во неговото писмо нагласува дека Косово е ангажирано во Берлинскиот процес, кој беше усвоен од шесте држави на Западен Балкан на самитот во Софија во 2020 година и кој е целосно поддржан од Европската унија.
– Република Косово ја поздравува регионалната соработка заснована на принципите на рамноправност, од која на крајот граѓаните ќе имаат корист. За таа цел ние сме активно ангажирани во Берлинскиот процес, кој покрива многу регионални иницијативи, вклучувајќи го Заедничкиот регионален пазар (ЦРМ), кој беше усвоен од шесте држави на Западен Балкан на самитот во Софија во 2020 година и кој е целосно поддржан од Европската унија, се вели во писмото на косовскиот премиер до неговиот македонски колега.
Според Курти, двете земји споделуваат заеднички вредности и заеднички аспирации за зачленување во ЕУ.
– Ние исто така ја делиме заедничката верба во слободата, демократијата, правдата и почитувањето на човековите и граѓанските права, слободата на медиумите и слободата на изразување и за една политичка средина во која опозицијата не се замолчува, туку блика и може да победи на наредните избори. Ова е причината (…) зошто нашите две земји постојано ја следат надворешната политика на ЕУ, вклучително и спротивставувањето на неиспровоцираната и неоправдана окупација на Украина од страна на Русија, пишува Курти.
Според косовскиот премиер, Приштина и Скопје треба заедно да работат „на спречувањето на Србија да го шири нејзиниот руски и кинески интерес“ во регионот. – Имајќи ги предвид нашите заеднички вредности, во наш интерес е да работиме заедно на спречувањето на Србија да го шири нејзиниот руски и кинески интерес во нашиот регион, негирајќи ја постојано независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово и блокирајќи ги еднаквите можности за косовските граѓани, му пишува Курти на Ковачевски

The post Курти ја одби поканата од Ковачевски да дојде во Охрид appeared first on Република.

]]>
ЕУ потврди – Вучиќ и Курти ќе се сретнат денес во Берлин https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/eu-potvrdi-vuchikj-i-kurti-kje-se-sretnat-denes-vo-berlin/ Wed, 04 May 2022 05:46:51 +0000 https://republika.mk/?p=497191

Портпаролот н Европската Унија за надворешна политика и безбедност Петер Стано потврди дека специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот на Белград и Приштина Мирослав Лајчак ќе одржи заедничка средба со претседателот на Србија Александар Вучиќ и косовскиот премиер Аљбин Курти. Средбата ќе се одржи денес во Берлин.

Пред оваа средба косовскиот премиер, а потоа и српскиот претседател ќе имаат одвоени средби со германскиот канцелар Олаф Шолц.

„На покана на канцеларот Шолц, специјалниот претставник на ЕУ Лајчак исто така ќе отпатува во Берлин за да се сретне со канцеларот, а потоа и да одржи одвоена неформална средба со претседателот Вучиќ и премиерот Курти“, наведе Стано во пишаниот одговор додавајќи дека оваа средба има цел поддршка на дијалогот за нормализација на односите кој го води ЕУ.

Ова ќе биде прва средба на Вучиќ и Курти по јули минатата година, кога се сретнаа во рамки на бриселскиот договор. Претседателот на Србија и косовскиот премиер се сретнаа во два наврати минатото лето меѓутоа двете средби завршија со меѓусебни обвинувања и без резултат.

Лајчак во неодамнешно интервју кажа дека ќе свика нова рунда на највисоко политичко ниво само кога ќе има назнаки дека Вучиќ и Курти се спремни околу нешто да се договорат.

Неформалната вечера на која ќе присуствуваат Мирослав Лајчак, Аљбин Курти и Александар Вучиќ би требало да го одблокира процесот на дијалогот, кој е замрзнат веќе речиси една година.

Клучна улога тука ќе има германската влада, односно канцеларот, кој, според европските дипломати, јасно ќе им даде до знаење на страните, дека се очекува конструктивна атмосфера за време на вечерата која ќе резултира со спремност на страните да продолжат со редовните средби во Брисел.

„Нормализацијата на односите на Србија и Косово е многу високо на германската агенда и самата покана која доаѓа во момент кога канцеларот е преплавен со обврски поврзани со војната во Украина е доказ колку ова прашање е важно за официјален Берлин“, изјавил еден дипломат.

Тој додал дека поканата на Вучиќ и Курти да одат во Берлин е „доказ за спремноста на германскиот канцелар лично да се ангажира околу ова прашање“.

Дипломати од државите членки на ЕУ се надеваат дека по вечерата работата ќе тргне и дека ќе има повеќе спремност кај страните редовно да се сретнуваат во Брисел и да ја придвижат работата. Она на што се гледа како потенцијален сигнал за деблокада, според дипломатите, е договор за енергетиката и исчезнатите лица, но и можен договор за регистарските таблички.

Како што објаснуваат дипломатските извори, договорите за исчезнатите лица и енергетиката се речиси завршени, и дека станува збор за „јазични финеси“ за страните да се согласат со текстот.

The post ЕУ потврди – Вучиќ и Курти ќе се сретнат денес во Берлин appeared first on Република.

]]>

Портпаролот н Европската Унија за надворешна политика и безбедност Петер Стано потврди дека специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот на Белград и Приштина Мирослав Лајчак ќе одржи заедничка средба со претседателот на Србија Александар Вучиќ и косовскиот премиер Аљбин Курти. Средбата ќе се одржи денес во Берлин. Пред оваа средба косовскиот премиер, а потоа и српскиот претседател ќе имаат одвоени средби со германскиот канцелар Олаф Шолц.
„На покана на канцеларот Шолц, специјалниот претставник на ЕУ Лајчак исто така ќе отпатува во Берлин за да се сретне со канцеларот, а потоа и да одржи одвоена неформална средба со претседателот Вучиќ и премиерот Курти“, наведе Стано во пишаниот одговор додавајќи дека оваа средба има цел поддршка на дијалогот за нормализација на односите кој го води ЕУ.
Ова ќе биде прва средба на Вучиќ и Курти по јули минатата година, кога се сретнаа во рамки на бриселскиот договор. Претседателот на Србија и косовскиот премиер се сретнаа во два наврати минатото лето меѓутоа двете средби завршија со меѓусебни обвинувања и без резултат. Лајчак во неодамнешно интервју кажа дека ќе свика нова рунда на највисоко политичко ниво само кога ќе има назнаки дека Вучиќ и Курти се спремни околу нешто да се договорат. Неформалната вечера на која ќе присуствуваат Мирослав Лајчак, Аљбин Курти и Александар Вучиќ би требало да го одблокира процесот на дијалогот, кој е замрзнат веќе речиси една година. Клучна улога тука ќе има германската влада, односно канцеларот, кој, според европските дипломати, јасно ќе им даде до знаење на страните, дека се очекува конструктивна атмосфера за време на вечерата која ќе резултира со спремност на страните да продолжат со редовните средби во Брисел.
„Нормализацијата на односите на Србија и Косово е многу високо на германската агенда и самата покана која доаѓа во момент кога канцеларот е преплавен со обврски поврзани со војната во Украина е доказ колку ова прашање е важно за официјален Берлин“, изјавил еден дипломат.
Тој додал дека поканата на Вучиќ и Курти да одат во Берлин е „доказ за спремноста на германскиот канцелар лично да се ангажира околу ова прашање“. Дипломати од државите членки на ЕУ се надеваат дека по вечерата работата ќе тргне и дека ќе има повеќе спремност кај страните редовно да се сретнуваат во Брисел и да ја придвижат работата. Она на што се гледа како потенцијален сигнал за деблокада, според дипломатите, е договор за енергетиката и исчезнатите лица, но и можен договор за регистарските таблички. Како што објаснуваат дипломатските извори, договорите за исчезнатите лица и енергетиката се речиси завршени, и дека станува збор за „јазични финеси“ за страните да се согласат со текстот.

The post ЕУ потврди – Вучиќ и Курти ќе се сретнат денес во Берлин appeared first on Република.

]]>