Алиса во земјата на стравовите. Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/alisa-vo-zemjata-na-stravovite/ За подобро да се разбереме Wed, 21 Aug 2024 17:25:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Алиса во земјата на стравовите. Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/alisa-vo-zemjata-na-stravovite/ 32 32 „Ова е ноќна мора, но истовремено е и живот“-моќната реплика на Кралицата во „Алиса во земјата на стравовите“ одекна во Центарот за култура во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ova-e-nokna-mora-no-istovremeno-e-i-zhivot-moknata-replika-na-kralitsata-vo-alisa-vo-zemjata-na-stravovite-odekna-vo-tsentarot-za-kultura-vo-ohrid/ Wed, 21 Aug 2024 17:24:12 +0000 https://republika.mk/?p=808756

Претставата „Алиса во земјата на стравовите“ во режија на Александар Поповски и текст на Ева Махковиќ, драматург од Словенија синоќа ја раскажа приказната за растегливоста на времето, како што рече Поповски пред изведбата.

Публиката која синоќа го гледаше затворањето на 64. издание на „Охридско лето“, имаше можност да го види магичниот свет на Поповски во кој низ беспаќата на заблудите на денешницата, младите луѓе ги чекаат секакви востановени рамки на општествени околности - од теророт на политичка коректност и се поголеми барања на работодавачите, до откажување од сопствено семејство.

Главниот лик , Алиса го толкува Милена Радуловиќ, која воопшто не ја напушти сцената цели два часа, и во текот на претставата како што рече, излезе зоната на комфорот, и пееше...

После многу години се вратив во Охрид и многу ми е драго. Ова е моја прва поголема улога во театар. Мислам дека темета е мошне интересна бидејќи се говори за судбината на една млада жена во денешно време и искушенијата пред кои е исправена. особено она што постојано ни се наметнува дека мораме да станеме се до 35 години- и успешни жени и мајки и да имаме љубов на својот живот и потполно да ги дефинираме идеалите... Од првиот ден до денес колку повеќе ја играм претставата толку повеќе се наоѓам себе си во неа. Има се повеќе паралели, се поврзувам со ликот што го играм. Мислам дека и публиката тоа го препознава и мислам дека е прекрасно што Александар како маж сето тоа го препозна и што го заинтересирала оваа тема и драго ми е што сум дел од актерската екипа, рече пред синоќешната изведба во Охрид, Радуловиќ.

Текстот за претставата е инспириран од „Алиса во земјата на чудата“ на Луис Керол и од неа Махковиќ го зела најпознатите мотиви и ликови за преку нив да го даде своето видување на современата, урбана, еманципирана жена која има 35 години и се наоѓа на животна пресвртница. Оваа Алиса и припаѓа на генерацијата милениумци кои многу бргу растат, но истовремено остануваат вечни деца. Таа е релативно успешна жена, главно ситуирана, има сопруг и дете, а можеби и нема, но има и стравови- страв дека нема да има доволно време за своите амбиции и дека и чука биолошкиот часовник, дека нема да биде доволно успешна, дека нема да има дете или дека ќе има дете, но токму тоа ќе ја спречи во кариерата...

Секоја од сцените во претставата прикажа конкретна состојба и страв. Актерите играа мошне хармонично, а неколкумина толкуваа и по неколку улоги: Радован Вујовиќ ги игра Додо и Риба, Милан Мариќ - Мачката и Шапкарот, Јована Беловиќ- Глувчицата и Седумка, Тамара Сустиќ, Денис Муриќ- Мартовскиот зајак, Пеликанот и Бебето, а Ива Манојловиќ игра еден од најинтересните ликови- Гасеницата.

Меѓу ликовите можеби највпечатливи се Кралицата која ја толкува Слобода Миќаловиќ и Белиот Зајак, кој го игра Небојша Љубишиќ. Репликата на Кралицата „Ова е ноќна мора, но истовремено е и живот“ ја запамети секој гледач синоќа на „Охридско лето“.

Сонговите на Маријан Неќак во интерпретација на актерите на Југословенско драмско позориште придонесуваа да се промени значително атмосферата на сцената.

Временските прилики не дозволија претставата да се одигра на Античкиот театар како што беше планирано и претставата се одигра на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

The post „Ова е ноќна мора, но истовремено е и живот“-моќната реплика на Кралицата во „Алиса во земјата на стравовите“ одекна во Центарот за култура во Охрид appeared first on Република.

]]>

Претставата на ЈДП „Алиса во земјата на стравовите“ на Александар Поповски го затвори годинашното издание на „Охридско лето“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pretstavata-na-jdp-alisa-vo-zemjata-na-stravovite-na-aleksandar-popovski-go-zatvori-godinashnoto-izdanie-na-ohridsko-leto/ Wed, 21 Aug 2024 12:04:26 +0000 https://republika.mk/?p=808646

Со театарската претстава „Алиса во земјата на стравовите“ од Ева Махковиќ, во режија на Александар Поповски, а во изведба на актерите од Југословенско драмско позориште (ЈДО) од Белград, вчеравечер беше спуштена завесата на 64. издание на фестивалот „Охридско лето“.

Временските прилики не дозволија претставата да се одигра на Античкиот театар, но сцената за кусо време беше префрлена во Ценатарот за култура „Григор Прличев“. Режисерот Александар Поповски ѝ се извини на публиката за оваа промена и се заблагодари за трпениетосо оглед на новонастанатата ситуација.

Извинете за сè што поминавте. Знам дека не е едноставно да се чека, но Верувајте, направивме сè. Овде има една неверојатна екипа и од Белград, и од Македонија кои направија чудо да се преселиме за час и половина од горе, на Антички театар до долу во Центарот за култура. Два дена работеа на Антички за да биде претставата таму, но ете, небото сакаше да биде поинаку. Навистина е преубаво човек да види дека Охрид има публика за театар и за култура. Тоа е најубавата работа, рече Поповски пред почетокот на претставата.

Инаку, актерите од Југословенскиот драмски театар од Белград, Србија на сцената покажаа извонредна театарска игра. Драматичкиот текст на „Алиса во земјата на стравовите“ е инспириран од книгата „Алиса во земјата на чудата“ од Луис Керол.

Тоа е едно патување низ потсвеста на една млада девојка која се сретнува со сите прашања, од вработување, успешност, љубов…и од нешто што за мене е трагедија, условно речено за младите луѓе, а тоа е штоако на 35 години не си успешен, тогаш е готово со тебе. Ако не направиш нешто до 35 години веќе не те бидува. Јас на 32 години уште немав завршено факултет. Тогаш времето се мереше на поинаков начин. Имавме време. Денеска децава ги учиме-нема време. Им го скратуваме времето и мислам дека тој феномен на притисок е многу интересна тема и мислам дека успеавме да ја раскажеме приказната за растегливост на времето, истакна режисерот Поповски.

Годинава, 64. Издание на фестивалот „Охридско лето“ донесе 36 настани од кои 25 концерти од областа на класичната музика, шест театарски претстави, по една изложба и промоција на книги, стенд-ап шоу, а во дополнителната програма се бараше карта повеќе за светскиот а наш виртуоз на гитара, Влатко Стефановски. Роденденот на фестивалот годинава беше одбележан со концерт на салса ансамблот „Меркадонегро“.

The post Претставата на ЈДП „Алиса во земјата на стравовите“ на Александар Поповски го затвори годинашното издание на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>

Со театарската претстава „Алиса во земјата на стравовите“ од Ева Махковиќ, во режија на Александар Поповски, а во изведба на актерите од Југословенско драмско позориште (ЈДО) од Белград, вчеравечер беше спуштена завесата на 64. издание на фестивалот „Охридско лето“. Временските прилики не дозволија претставата да се одигра на Античкиот театар, но сцената за кусо време беше префрлена во Ценатарот за култура „Григор Прличев“. Режисерот Александар Поповски ѝ се извини на публиката за оваа промена и се заблагодари за трпениетосо оглед на новонастанатата ситуација.
Извинете за сè што поминавте. Знам дека не е едноставно да се чека, но Верувајте, направивме сè. Овде има една неверојатна екипа и од Белград, и од Македонија кои направија чудо да се преселиме за час и половина од горе, на Антички театар до долу во Центарот за култура. Два дена работеа на Антички за да биде претставата таму, но ете, небото сакаше да биде поинаку. Навистина е преубаво човек да види дека Охрид има публика за театар и за култура. Тоа е најубавата работа, рече Поповски пред почетокот на претставата.
Инаку, актерите од Југословенскиот драмски театар од Белград, Србија на сцената покажаа извонредна театарска игра. Драматичкиот текст на „Алиса во земјата на стравовите“ е инспириран од книгата „Алиса во земјата на чудата“ од Луис Керол.
Тоа е едно патување низ потсвеста на една млада девојка која се сретнува со сите прашања, од вработување, успешност, љубов…и од нешто што за мене е трагедија, условно речено за младите луѓе, а тоа е штоако на 35 години не си успешен, тогаш е готово со тебе. Ако не направиш нешто до 35 години веќе не те бидува. Јас на 32 години уште немав завршено факултет. Тогаш времето се мереше на поинаков начин. Имавме време. Денеска децава ги учиме-нема време. Им го скратуваме времето и мислам дека тој феномен на притисок е многу интересна тема и мислам дека успеавме да ја раскажеме приказната за растегливост на времето, истакна режисерот Поповски.
Годинава, 64. Издание на фестивалот „Охридско лето“ донесе 36 настани од кои 25 концерти од областа на класичната музика, шест театарски претстави, по една изложба и промоција на книги, стенд-ап шоу, а во дополнителната програма се бараше карта повеќе за светскиот а наш виртуоз на гитара, Влатко Стефановски. Роденденот на фестивалот годинава беше одбележан со концерт на салса ансамблот „Меркадонегро“.

The post Претставата на ЈДП „Алиса во земјата на стравовите“ на Александар Поповски го затвори годинашното издание на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>
Слобода Мичаловиќ: Александар ни ги сруши сите бариери кога ни рече „Вие само скокнете, ова  е еден голем бунар и летајте, сигурни сте, долу јас ве чекам нема ништо страшно да ви се случи“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/sloboda-michalovik-aleksandar-ni-gi-srushi-site-barieri-koga-ni-reche-vie-samo-skoknete-ova-e-eden-golem-bunar-i-letajte-sigurni-ste-dolu-jas-ve-chekam-nema-nishto-strashno-da-vi-se-sluchi/ Tue, 20 Aug 2024 11:39:13 +0000 https://republika.mk/?p=808281

Охрид многу добро го познавам, доаѓавме овде со семејството кога бев мала и ми се чини дека во овој град има еден велисенствен спој на култура и светилиште што мене лично многу ми значи, рече денеска Слобода Мичаловиќ, актерка во Југословенско драмско позориште која вечерва во претставата „Алиса во земјата на стравовите“ со која се затвора „Охридско лето“ ја толкува улогата на кралицата.

Овде се гледа дека публиката е негувана со години, доаѓа на убави претстави, посетува концерти. Така пред две години овде имав можност да претстава и се сеќавам дека публиката толку беше прекрасна и посветена што после изведбата останавме и разговаравме за  претставата, што не се случува многу често, рече Мичаловиќ.

Во пресрет на вечерашната изведба раскажа дека кога била млада актерка во Атеље 212 се играла претстава во режија на Александар Поповски и тие постојано оделе таму со надеж дека ќе успеат да го сретнат, дека како млади актери ќе успеат да влезат во неговиот видокруг и еве по неколку години подоцна игра во негова претстава.

Ова звучи како да не е вистина, но вистина е. Ние актерите обично правиме некаква бариера околу себе. Знаеме што очекуваме од себе и знаеме тие од спроти што очекуваат од нас и Александар сега нас ни ја сруши таа бариера и се она што сме учеле на академија се тоа -не важи. Може, но не мора...Се сеќавам на првата читачка проба за претставата кога ни рече: „Вие само скокнете, ова  е еден голем бунар и летајте, сигурни сте, долу јас ве чекам нема ништо страшно да ви се случи“. И тоа некако ми е мантра секој пат кога се подготвувам за некој проект, рече Мичаловиќ.

The post Слобода Мичаловиќ: Александар ни ги сруши сите бариери кога ни рече „Вие само скокнете, ова  е еден голем бунар и летајте, сигурни сте, долу јас ве чекам нема ништо страшно да ви се случи“ appeared first on Република.

Александар Поповски: Охрид е за мене едно од најзначајните места на македонската култура, а вечерва со „Алиса во земјата на стравовите“ раскажуваме приказна за растегливоста на времето https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/aleksandar-popovski-ohrid-e-za-mene-edno-od-najznachajnite-mesta-na-makedonskata-kultura-a-vecherva-so-alisa-vo-zemjata-na-stravovite-raskazhuvame-prikazna-za-rasteglivosta-na-vremeto/ Tue, 20 Aug 2024 11:07:52 +0000 https://republika.mk/?p=808260

Голема чест е и големо задоволство да се биде повторно тука. Охрид е за мене едно од најзначајните места на македонската култура, секогаш сум подготвен да дојдам и многу ми значи што претставата ќе се игра овде вечерва, рече на денешната прес конференција Александар Поповски, режисер на претставата „Алиса во земја на стравовите“ со која денеска се затвора 64. издание на Фестивалот „Охридско лето“.

Би сакал да кажам дека оваа претстава е настаната по ковид пандемијата зборувајќи со помладата генерација се почесто се користеше зборот „страв“-страв од една работа, страв од друга...страв од светот околу нив, една инхибиција на стравот. Разговарајќи со драматургот од Словенија со која соработувам дојдовме на идеја дека би било добро за една цела генерација која влегува во еден свет ваков каков што е, да се напише еден текст кој ќе биде инспириран од Алиса, но не во земјата на чудата, туку во земјата на стравовите. Затоа што, за мојата генерација постоеше страв, но не на тој начин на кој оваа нова генерација го добива од сите страни. Особено за работи како што се успех или неуспех во животот. Ние за тоа малку размислувавме, ние само сакавме да работиме. Настана еден многу интересен текст, а Југословенско драмско позориште е некако моја куќа и таму секогаш со големо задоволство се враќам и ми се чинеше дека тоа е токму просторот каде што може да се направи една ваква претстава, рече Поповски.

Поповски ги претстави актерите кои учествуват во претставата велејќи дека имале прекрасна соработка со оглед на тоа дека станува збор за една мошне комплексна претстава.

Тоа е едно патување низ потсвеста на една млада девојка која се сретнува со сите прашања, од вработување, успешност, љубов...и од нешто што за мене е трагедија, условно речено за младите луѓе, а тоа е што ако на 35 години не си успешен тогаш е готово со тебе. Ако не направиш нешто до 35 години ваќе не те бидува. Јас на 32 години уште немав завршено факултет. Тогаш времето се мереше на поинаков начин. Имавме време.  Денеска децава ги учиме-нема време.Им го слратуваме времето и мислам дека тој феномен на притисок е многу интересна тема и мислам дека успеавме да ја раскажеме приказната за растегливост на времето, истакна Поповски.

The post Александар Поповски: Охрид е за мене едно од најзначајните места на македонската култура, а вечерва со „Алиса во земјата на стравовите“ раскажуваме приказна за растегливоста на времето appeared first on Република.