Алиса Фини Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/alisa-fini/ За подобро да се разбереме Fri, 19 Apr 2024 10:12:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Алиса Фини Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/alisa-fini/ 32 32 Алиса Фини денеска гостува на штандот на „Сакам книги“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/alisa-fini-deneska-gostuva-na-shtandot-na-sakam-knigi/ Fri, 19 Apr 2024 10:12:06 +0000 https://republika.mk/?p=767958

Под мотото „Сѐ започнува со книга“, од издавачката куќа „Сакам книги“ годинава најавуваат 11 нови наслови од различни жанрови, многу попусти, подароци, промоции и книжевни имиња на 36 издание на Саемот на книга.

„Сакам книги“ за овој саем на книга подготви избор од преку 400 наслови за сите вкусови и за сечиј џеб. Попусти до 50%, хит наслови од 199 денари, подароци и дружби ветија издавачите.

Како ексклузивна и неповторлива промоција и дружба со читателите го најавуваат денешното гостување на Алиса Фини на штандот на Сакам книги во 16 часот.

Саемот на книга започнува со книга. Односно, со многу книги, за сечиј вкус, на едно место, во исто време. Со многу незаборавни мигови, со многу полни торби, со многу дружење со пријатели читатели и автори, со многу радост и рој насмевки. Денес ве очекуваме во голем број за да ѝ покажеме на Алиса Фини какви читатели има во Македонија. Можеби не сме големи, можеби не можеме да продадеме милионски тиражи, можеби не сме богати како други во Европа, но сме најголеми во срце, најбогати по прочитани книги и најискрени во нашата љубов кон книгите и кон авторите. Нека и таа замине одовде со убав спомен и зборовите кои Крис Картер претходната година ни ги кажа: ‘Секаде ќе раскажувам како си поминав во Македонија и како бев дочекан таму’. Можеби само вака, читател по читател, автор по автор, ќе успееме да покажеме дека вреди да се посети Македонија и вреди да се запознаат македонските верни читатели“, велат од Сакам книги во пресрет на гостувањето на светски познатата Алиса Фини.

Најавуваат и промоција на пет нови романи од македонски автори, дел од едицијата „Наши, а светски“. Тоа се Кирил Ангелов со деби романот, автобиографското дело „Безсловен“, Далибор Трајков со неговиот нов трилер „Тајната на монахот“, Гордана Такец со деби романот по вистинска животна приказна „Капирења“, Лепа Гештаковска Христовска со „Италијанскиот ракопис“ и Ксенија Николова со „Зад маските“. Сите домашни автори исто така ќе потпишуваат примероци и ќе се дружат со читателите на штандот на „Сакам книги“ на годинешниот Саем на книга.

Саемските попусти важат на нивниот штанд во Арена Борис Трајковски, во сите САКАМ КНИГИ книжарници и онлајн на www.sakamknigi.mk за сите оние кои не се во можност да дојдат на саемот.

 

The post Алиса Фини денеска гостува на штандот на „Сакам книги“ appeared first on Република.

]]>

Под мотото „Сѐ започнува со книга“, од издавачката куќа „Сакам книги“ годинава најавуваат 11 нови наслови од различни жанрови, многу попусти, подароци, промоции и книжевни имиња на 36 издание на Саемот на книга. „Сакам книги“ за овој саем на книга подготви избор од преку 400 наслови за сите вкусови и за сечиј џеб. Попусти до 50%, хит наслови од 199 денари, подароци и дружби ветија издавачите. Како ексклузивна и неповторлива промоција и дружба со читателите го најавуваат денешното гостување на Алиса Фини на штандот на Сакам книги во 16 часот.
Саемот на книга започнува со книга. Односно, со многу книги, за сечиј вкус, на едно место, во исто време. Со многу незаборавни мигови, со многу полни торби, со многу дружење со пријатели читатели и автори, со многу радост и рој насмевки. Денес ве очекуваме во голем број за да ѝ покажеме на Алиса Фини какви читатели има во Македонија. Можеби не сме големи, можеби не можеме да продадеме милионски тиражи, можеби не сме богати како други во Европа, но сме најголеми во срце, најбогати по прочитани книги и најискрени во нашата љубов кон книгите и кон авторите. Нека и таа замине одовде со убав спомен и зборовите кои Крис Картер претходната година ни ги кажа: ‘Секаде ќе раскажувам како си поминав во Македонија и како бев дочекан таму’. Можеби само вака, читател по читател, автор по автор, ќе успееме да покажеме дека вреди да се посети Македонија и вреди да се запознаат македонските верни читатели“, велат од Сакам книги во пресрет на гостувањето на светски познатата Алиса Фини.
Најавуваат и промоција на пет нови романи од македонски автори, дел од едицијата „Наши, а светски“. Тоа се Кирил Ангелов со деби романот, автобиографското дело „Безсловен“, Далибор Трајков со неговиот нов трилер „Тајната на монахот“, Гордана Такец со деби романот по вистинска животна приказна „Капирења“, Лепа Гештаковска Христовска со „Италијанскиот ракопис“ и Ксенија Николова со „Зад маските“. Сите домашни автори исто така ќе потпишуваат примероци и ќе се дружат со читателите на штандот на „Сакам книги“ на годинешниот Саем на книга. Саемските попусти важат на нивниот штанд во Арена Борис Трајковски, во сите САКАМ КНИГИ книжарници и онлајн на www.sakamknigi.mk за сите оние кои не се во можност да дојдат на саемот.  

The post Алиса Фини денеска гостува на штандот на „Сакам книги“ appeared first on Република.

]]>
Алиса Фини, авторка на напнати и непредвидливи трилери доаѓа на Саемот на книга https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/alisa-fini-avtorka-na-napnati-i-nepredvidlivi-trileri-doaga-na-saemot-na-kniga/ Mon, 15 Apr 2024 09:06:12 +0000 https://republika.mk/?p=766197

По големиот успех на минатогодишниот Саем на книгата со еден од најчитаните автори кај нас,  Крис Картер, оваа година Сакам книги најавуваат уште еден саемски спектакл за сите книгољупци. Како што велат од издавачката куќа „Сакам книги“, Алиса Фини, амбициозната авторка на напнати и непредвидливи трилери, со саксонска доза на мистерија и заплет, ве поканува на уште едно несекојдневно искуство.

Алиса Фини е авторка на добропознатите „Понекогаш лажам”, „Тој и Таа” и „Камен лист ножички“, преведени на македонски, како и на уште неколку други дела. Нејзините романи се преведени на над дваесет и пет јазици, а дел од нив имаат ѝ екрански адаптации.

Оваа визионерка, која порано работела како новинарка на Би-Би-Си, ќе се сретне со македонските читатели на 19 април, со почеток од 16 часот, во салата „Борис Трајковски“ во рамките на Саемот на книгата. Таму ќе потпишува примероци од своите книги и ќе го промовира својот нов роман „Добра и лоша”, во издание на издавачката куќа „Сакам книги’.

Алиса Фини е позната по својата вештина да пишува катаклизмични трилери со сложени заплети, мрачни ликови и завршетоци кои ќе ве шокираат до срж. Од нејзиниот деби трилер „Понекогаш лажам”, до последниот роман „Добра и лоша“, Фини знае како да ги однесе своите читатели во возбудливи авантури.

„Книгите можат да нѐ однесат каде било ако им дозволиме. Можат ѝ да нѐ ослободат. Таа слобода е нешто кон кое сите ние се стремиме, особено откога ќе ја изгубиме“, изјавува Алиса Фини и оваа вистина е длабоко вкопана во нејзината суштина.

Од издавачката куќа „Сакам книги“ годинава најавуваат 11 нови наслови од различни жанрови, многу попусти, подароци, промоции и книжевни имиња на 36 издание на Саемот на книга.

Од „Сакам книги“ најавуваат и промоција на пет нови романи од македонски автори, дел од едицијата „Наши, а светски“. Тоа се Кирил Ангелов со деби романот, автобиографското дело „Безсловен“, Далибор Трајков со неговиот нов трилер „Тајната на монахот“, Гордана Такец со деби романот по вистинска животна приказна „Капирења“, Лепа Гештаковска Христовска со „Италијанскиот ракопис“ и Ксенија Николова со „Зад маските“. Сите домашни автори исто така ќе потпишуваат примероци и ќе се дружат со читателите на штандот на „Сакам книги“ на годинешниот Саем на книга.

The post Алиса Фини, авторка на напнати и непредвидливи трилери доаѓа на Саемот на книга appeared first on Република.

]]>

По големиот успех на минатогодишниот Саем на книгата со еден од најчитаните автори кај нас,  Крис Картер, оваа година Сакам книги најавуваат уште еден саемски спектакл за сите книгољупци. Како што велат од издавачката куќа „Сакам книги“, Алиса Фини, амбициозната авторка на напнати и непредвидливи трилери, со саксонска доза на мистерија и заплет, ве поканува на уште едно несекојдневно искуство. Алиса Фини е авторка на добропознатите „Понекогаш лажам”, „Тој и Таа” и „Камен лист ножички“, преведени на македонски, како и на уште неколку други дела. Нејзините романи се преведени на над дваесет и пет јазици, а дел од нив имаат ѝ екрански адаптации. Оваа визионерка, која порано работела како новинарка на Би-Би-Си, ќе се сретне со македонските читатели на 19 април, со почеток од 16 часот, во салата „Борис Трајковски“ во рамките на Саемот на книгата. Таму ќе потпишува примероци од своите книги и ќе го промовира својот нов роман „Добра и лоша”, во издание на издавачката куќа „Сакам книги’. Алиса Фини е позната по својата вештина да пишува катаклизмични трилери со сложени заплети, мрачни ликови и завршетоци кои ќе ве шокираат до срж. Од нејзиниот деби трилер „Понекогаш лажам”, до последниот роман „Добра и лоша“, Фини знае како да ги однесе своите читатели во возбудливи авантури. „Книгите можат да нѐ однесат каде било ако им дозволиме. Можат ѝ да нѐ ослободат. Таа слобода е нешто кон кое сите ние се стремиме, особено откога ќе ја изгубиме“, изјавува Алиса Фини и оваа вистина е длабоко вкопана во нејзината суштина. Од издавачката куќа „Сакам книги“ годинава најавуваат 11 нови наслови од различни жанрови, многу попусти, подароци, промоции и книжевни имиња на 36 издание на Саемот на книга. Од „Сакам книги“ најавуваат и промоција на пет нови романи од македонски автори, дел од едицијата „Наши, а светски“. Тоа се Кирил Ангелов со деби романот, автобиографското дело „Безсловен“, Далибор Трајков со неговиот нов трилер „Тајната на монахот“, Гордана Такец со деби романот по вистинска животна приказна „Капирења“, Лепа Гештаковска Христовска со „Италијанскиот ракопис“ и Ксенија Николова со „Зад маските“. Сите домашни автори исто така ќе потпишуваат примероци и ќе се дружат со читателите на штандот на „Сакам книги“ на годинешниот Саем на книга.

The post Алиса Фини, авторка на напнати и непредвидливи трилери доаѓа на Саемот на книга appeared first on Република.

]]>