Алил Демири Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/alil-demiri/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Nov 2024 11:01:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Алил Демири Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/alil-demiri/ 32 32 Правда сè уште чека исход од Косово за екстрадицијата на Демири и Исламиловиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pravda-se-ushte-cheka-ishod-od-kosovo-za-ekstraditsijata-na-demiri-i-islamilovik/ Wed, 27 Nov 2024 11:01:58 +0000 https://republika.mk/?p=842204

Никакво придвижување на екстрадицијата на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се доживотно осудени за случајот ,,Монструм” за петкратното убиство кај Смилковското езеро.

„Чекаме“ – одговори денеска изјави министерот за правда, Игор Филков запрашан до каде е екстрадицијата. Тој потсети дека за тоа разговарал со неговата косовска колешка при последната меѓувладина седница меѓу Македонија и Косово.

-Таму процедурата е во тек и го чекаме исходот во секој момент. Кога ќе дознаеме, ќе дознаете и вие, кажа Филков.

Пред десетина дена, косовскиот премиер Албин Курти истакна дека ова е прашање и за судовите и јавните обвинителства на Македонија и Косово.

-Ние сме во ситуација кога имаме наследено старо прашање и тоа налага законски и судски третман за што нашите двајца министри даваат нивен максимум за што поскоро са се реши. Да им дадеме уште малку време да го решат и да се погрижат за проблемот, кажа Курти на заедничката прес-конференција со неговиот македонски колега Христијан Мицкоски.

Летово Министерството за правда повторно бара екстрадиција од Косово. Барањата се веќе доставени до Министерството за правда на Косово и се уште се чека одговор од нивна страна.

Последен пат, нивна екстрадиција беше побарана во 2018 година. Во 2021 година косовските власти ја одбија екстрадицијата за Исмаиловиќ, а за Демири немаше одговор. Министерот за правда Игор Филков штом стапи на функцијата изјави дека Демири и Исмаиловиќ не се гонат за други кривични дела во Косово.

Во судскиот процес за случајот познат како „Монструм“, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ. Обвинетиот Фејзи Азири доби 15 години затвор, а Хаки Азири 9 години. Ослободителна пресуда поради недостиг на докази доби единствено обвинетиот Сами Љута. Исмаиловиќ и Демири се обвинети дека се двајца од тројцата непосредни извршители на убиствата кај Смилковско езеро.

The post Правда сè уште чека исход од Косово за екстрадицијата на Демири и Исламиловиќ appeared first on Република.

]]>

Никакво придвижување на екстрадицијата на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се доживотно осудени за случајот ,,Монструм” за петкратното убиство кај Смилковското езеро. „Чекаме“ – одговори денеска изјави министерот за правда, Игор Филков запрашан до каде е екстрадицијата. Тој потсети дека за тоа разговарал со неговата косовска колешка при последната меѓувладина седница меѓу Македонија и Косово.
-Таму процедурата е во тек и го чекаме исходот во секој момент. Кога ќе дознаеме, ќе дознаете и вие, кажа Филков.
Пред десетина дена, косовскиот премиер Албин Курти истакна дека ова е прашање и за судовите и јавните обвинителства на Македонија и Косово.
-Ние сме во ситуација кога имаме наследено старо прашање и тоа налага законски и судски третман за што нашите двајца министри даваат нивен максимум за што поскоро са се реши. Да им дадеме уште малку време да го решат и да се погрижат за проблемот, кажа Курти на заедничката прес-конференција со неговиот македонски колега Христијан Мицкоски.
Летово Министерството за правда повторно бара екстрадиција од Косово. Барањата се веќе доставени до Министерството за правда на Косово и се уште се чека одговор од нивна страна. Последен пат, нивна екстрадиција беше побарана во 2018 година. Во 2021 година косовските власти ја одбија екстрадицијата за Исмаиловиќ, а за Демири немаше одговор. Министерот за правда Игор Филков штом стапи на функцијата изјави дека Демири и Исмаиловиќ не се гонат за други кривични дела во Косово. Во судскиот процес за случајот познат како „Монструм“, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ. Обвинетиот Фејзи Азири доби 15 години затвор, а Хаки Азири 9 години. Ослободителна пресуда поради недостиг на докази доби единствено обвинетиот Сами Љута. Исмаиловиќ и Демири се обвинети дека се двајца од тројцата непосредни извршители на убиствата кај Смилковско езеро.

The post Правда сè уште чека исход од Косово за екстрадицијата на Демири и Исламиловиќ appeared first on Република.

]]>
Курти сака законски да се решава екстрадицијата на убијците од Смилковското езеро https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kurti-saka-zakonski-da-se-reshava-ekstraditsijata-na-ubijtsite-od-smilkovskoto-ezero/ Mon, 18 Nov 2024 18:48:18 +0000 https://republika.mk/?p=839353

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека министрите за правда на Македонија и на Косово работат на тоа што поскоро да се реши прашањето за екстрадиција на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ.

- На денешниот состанок беа присутни и двајцата наши минитри за правда. Од страна на Македонија беше господинот Игор Филков, а од страна на Република Косово беше Албулена Хаџиу. Тие комуницираат директно меѓусебе и се залагаат да го решат што поскоро ова прашање со оглед на тоа што се работи и за прашање на судови, на јавни обвинителства. Ние сме во ситуација кога имаме наследено старо прашање, и ова наследено прашање налага законски, судски третман, рече косовскиот премиер.

Курти додаде дека двајцата министри за правда даваат максисмум за што поскоро да се реши ова прашање.

– Да им дадеме уште малку време на двајцата и да го решат овој проблем, рече Курти.

Мицкоски рече дека го поддржува она што го кажа Курти.

The post Курти сака законски да се решава екстрадицијата на убијците од Смилковското езеро appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека министрите за правда на Македонија и на Косово работат на тоа што поскоро да се реши прашањето за екстрадиција на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ.
- На денешниот состанок беа присутни и двајцата наши минитри за правда. Од страна на Македонија беше господинот Игор Филков, а од страна на Република Косово беше Албулена Хаџиу. Тие комуницираат директно меѓусебе и се залагаат да го решат што поскоро ова прашање со оглед на тоа што се работи и за прашање на судови, на јавни обвинителства. Ние сме во ситуација кога имаме наследено старо прашање, и ова наследено прашање налага законски, судски третман, рече косовскиот премиер.
Курти додаде дека двајцата министри за правда даваат максисмум за што поскоро да се реши ова прашање. – Да им дадеме уште малку време на двајцата и да го решат овој проблем, рече Курти. Мицкоски рече дека го поддржува она што го кажа Курти.

The post Курти сака законски да се решава екстрадицијата на убијците од Смилковското езеро appeared first on Република.

]]>
Филков потпиша барање за екстрадиции за монструмите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/filkov-potpisha-barane-za-ekstraditsii-za-monstrumite-alil-demiri-i-afrim-ismailovik/ Wed, 31 Jul 2024 11:35:32 +0000 https://republika.mk/?p=801961

Министерот за правда Игор Филков денеска изјави дека потпишал барање за екстрадиции за Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се осудени за доживотен затвор за кривичното дело „тероризам“. Како што појасни, овие две барања се доставени до косовското Министерство и се чека на одговор.

Тој напомена дека за лицата Алил Демири и Африм Исмаиловиќ првпат од Република Косово е побарана екстрадиција на 15 март 2013 година, но тоа беше одбиено.

За Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, првпат од Република Косово е побарана екстрадиција на 15.03.2013 година. Барањето за екстрадиција беше одбиено со пресуда на Основниот суд во Приштина од октомври 2015 година, потврдено и од Апелациониот суд на Косово јануари 2016 година. Екстрадиција повторно е побарана за двајцата на 05.09.2018 година, додаде Филков.

Како што посочи, на 8 октомври 2021 година добиено е известување од Министерството за правда на Косово дека екстрадицијата за Исмаиловиќ се одбива, а за Демири нема одговор.

Во постапките, се што беше побарано од косовските власти беше доставено. Официјални одговори од Косово со кои се одбива екстрадицијата на Исмаиловиќ се испратени два пати, во февруари 2016 година и октомври 2021 година. За Демири има официјален одговор од Косово во февруари 2016. После шест години, повторно бараме нивна екстрадиција, рече Филков.

Министерот напомена дека не може да прејудицира сега што би можеле косовските власти да направат, за тоа ќе мора да се почека.

Во судскиот процес за случајот познат како „Монструм“, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ. Обвинетиот Фејзи Азири доби 15 години затвор, а Хаки Азири 9 години. Ослободителна пресуда поради недостиг на докази доби единствено обвинетиот Сами Љута.

[caption id="attachment_150674" align="aligncenter" width="753"] Обвинетите Хаки Азири, Сами Љута и Агим Исмаиловиќ насмеани излегоа од Кривичниот суд и си направија селфи со Зоран Заев во позадина, додека тој даваше изјава за медиумите по сведочењето во случајот „Монструм“, 3 февруари 2020 година (фото: Мкд.мк)[/caption]

Исмаиловиќ и Демири се обвинети дека се двајца од тројцата непосредни извршители на убиствата кај Смилковско езеро. Тие се во Косово, по нив беа распишани потерници, но и покрај ветувањата од Приштина, досега не се екстрадирани во нашата држава.

 

The post Филков потпиша барање за екстрадиции за монструмите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда Игор Филков денеска изјави дека потпишал барање за екстрадиции за Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се осудени за доживотен затвор за кривичното дело „тероризам“. Како што појасни, овие две барања се доставени до косовското Министерство и се чека на одговор. Тој напомена дека за лицата Алил Демири и Африм Исмаиловиќ првпат од Република Косово е побарана екстрадиција на 15 март 2013 година, но тоа беше одбиено.
За Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, првпат од Република Косово е побарана екстрадиција на 15.03.2013 година. Барањето за екстрадиција беше одбиено со пресуда на Основниот суд во Приштина од октомври 2015 година, потврдено и од Апелациониот суд на Косово јануари 2016 година. Екстрадиција повторно е побарана за двајцата на 05.09.2018 година, додаде Филков.
Како што посочи, на 8 октомври 2021 година добиено е известување од Министерството за правда на Косово дека екстрадицијата за Исмаиловиќ се одбива, а за Демири нема одговор.
Во постапките, се што беше побарано од косовските власти беше доставено. Официјални одговори од Косово со кои се одбива екстрадицијата на Исмаиловиќ се испратени два пати, во февруари 2016 година и октомври 2021 година. За Демири има официјален одговор од Косово во февруари 2016. После шест години, повторно бараме нивна екстрадиција, рече Филков.
Министерот напомена дека не може да прејудицира сега што би можеле косовските власти да направат, за тоа ќе мора да се почека. Во судскиот процес за случајот познат како „Монструм“, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ. Обвинетиот Фејзи Азири доби 15 години затвор, а Хаки Азири 9 години. Ослободителна пресуда поради недостиг на докази доби единствено обвинетиот Сами Љута. [caption id="attachment_150674" align="aligncenter" width="753"] Обвинетите Хаки Азири, Сами Љута и Агим Исмаиловиќ насмеани излегоа од Кривичниот суд и си направија селфи со Зоран Заев во позадина, додека тој даваше изјава за медиумите по сведочењето во случајот „Монструм“, 3 февруари 2020 година (фото: Мкд.мк)[/caption] Исмаиловиќ и Демири се обвинети дека се двајца од тројцата непосредни извршители на убиствата кај Смилковско езеро. Тие се во Косово, по нив беа распишани потерници, но и покрај ветувањата од Приштина, досега не се екстрадирани во нашата држава.  

The post Филков потпиша барање за екстрадиции за монструмите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ appeared first on Република.

]]>
Двајца осуденици од „Монструм“ на слобода ако помине Законот за амнестија, Косово уште одбива да го екстрадира терористот Демири https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dvajtsa-osudenitsi-od-monstrum-na-sloboda-ako-pomine-zakonot-za-amnestija-kosovo-ushte-odbiva-da-go-ekstradira-teroristot-demiri/ Thu, 28 Sep 2023 06:31:25 +0000 https://republika.mk/?p=685808

Хаки и Фејзи Азири, двајцата осудени за помагање во случајот „Монструм“, ќе се најдат на слобода со новиот закон за амнестија на Кренар Лога, доколку законот помине во Собрание.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vrhoven-konechno-ja-potvrdi-vo-tselost-presudata-za-monstrum/

Двоецот Азири е осуден на 9, односно на 15 години затвор за помагање по ликвидацијата на четири момчиња и еден возрасен човек кај Смилковското езеро, но со законот кој што го протурка во Влада министерот за правда Лога, а премиерот Димитар Ковачевски тврдеше дека тоa е само за осудени за полесни кривични дела, ќе излезат на слобода.

https://republika.mk/vesti/makedonija/zaev-dava-se-shto-kje-mu-se-pobara-i-si-igra-so-smrtta-na-nashite-deca-porachaa-roditelite-na-ubienite-vo-monstrum/

ТВ 24 дојде до дел од листата на осуденици кои ќе го напуштат Идризово доколку помине во Собрание законот за амнестија, на неа го има Хаки Азири, но адвокатот на Фејзи Азири, Насер Рауфи тврди дека и тој апсолутно излегува од Идризово.

Не само што очекувам, туку сум сигурен дека ќе излезат, дека ги опфаќа законот за амнестија, бидејќи тие се осудени, иако морам да кажам незаконски со фалсификувано вештачење и на кривични дела на помагање на сторител по извршувањето на кривичното дело, што значи дека има сосема друга правна квалификација. Затоа за таквите дела е предвидена амнестија, вели Рауфи за телевизијата.

Според Рауфи, двоецот Азири по автоматизам треба да излезе, но доколку има како што вели проблеми, адвокатите ќе интервенираат.

Очекуваме целосно ослободување, бидејќи опфаќа една третина од таа предвидена казна, чинам дека и Фејзи Азири со 15 години ќе излезе веднаш, а за Хаки Азири кој е осуден на 9 години има и повеќе од што треба за издржување со законот за амнестија, вели Рауфи.

Во меѓувреме, иако неодамна беше уапсен на Косово, Алил Демири, осудениот на доживотен затвор во Македонија за кривичното дело „тероризам“ за петкратното убиство кај Смилковско Езеро во 2012 година, беше пуштен од тамошните власти и повторно не беше екстрадиран.

Неговиот адвокат изјави дека надлежниот обвинител во случајот го повлекол барањето за изрекување мерка притвор, така што Демири, веднаш бил пуштен на слобода.

Од Министерството за правда велат дека одговорен за натамошната постапка сега е надлежниот суд, а одговор за екстрадицијата од 2018 година не е добиен.

За лицето Алил Демири побарани се две екстрадиции. Прв пат од Република Косово е побарана екстрадиција на 15.03.2013 година. Барањето за екстрадиција беше одбиено со пресуда на Основниот суд во Приштина од октомври 2015 година, потврдено и од Апелациониот суд на Косово јануари 2016 година. За Демири има официјален одговор од Косово во февруари 2016 година. Екстрадиција повторно е побарана  на 05.09.2018 година. Во постапките, сѐ што беше побарано од косовските власти беше доставено. Одговор за екстрадицијата од 2018 не е добиен, соопштуваат од Министерството за правда, дополнувајќи дека екстрадицијата од 2018 година е сѐ уште активна.

The post Двајца осуденици од „Монструм“ на слобода ако помине Законот за амнестија, Косово уште одбива да го екстрадира терористот Демири appeared first on Република.

]]>

Хаки и Фејзи Азири, двајцата осудени за помагање во случајот „Монструм“, ќе се најдат на слобода со новиот закон за амнестија на Кренар Лога, доколку законот помине во Собрание. https://republika.mk/vesti/makedonija/vrhoven-konechno-ja-potvrdi-vo-tselost-presudata-za-monstrum/ Двоецот Азири е осуден на 9, односно на 15 години затвор за помагање по ликвидацијата на четири момчиња и еден возрасен човек кај Смилковското езеро, но со законот кој што го протурка во Влада министерот за правда Лога, а премиерот Димитар Ковачевски тврдеше дека тоa е само за осудени за полесни кривични дела, ќе излезат на слобода. https://republika.mk/vesti/makedonija/zaev-dava-se-shto-kje-mu-se-pobara-i-si-igra-so-smrtta-na-nashite-deca-porachaa-roditelite-na-ubienite-vo-monstrum/ ТВ 24 дојде до дел од листата на осуденици кои ќе го напуштат Идризово доколку помине во Собрание законот за амнестија, на неа го има Хаки Азири, но адвокатот на Фејзи Азири, Насер Рауфи тврди дека и тој апсолутно излегува од Идризово.
Не само што очекувам, туку сум сигурен дека ќе излезат, дека ги опфаќа законот за амнестија, бидејќи тие се осудени, иако морам да кажам незаконски со фалсификувано вештачење и на кривични дела на помагање на сторител по извршувањето на кривичното дело, што значи дека има сосема друга правна квалификација. Затоа за таквите дела е предвидена амнестија, вели Рауфи за телевизијата.
Според Рауфи, двоецот Азири по автоматизам треба да излезе, но доколку има како што вели проблеми, адвокатите ќе интервенираат.
Очекуваме целосно ослободување, бидејќи опфаќа една третина од таа предвидена казна, чинам дека и Фејзи Азири со 15 години ќе излезе веднаш, а за Хаки Азири кој е осуден на 9 години има и повеќе од што треба за издржување со законот за амнестија, вели Рауфи.
Во меѓувреме, иако неодамна беше уапсен на Косово, Алил Демири, осудениот на доживотен затвор во Македонија за кривичното дело „тероризам“ за петкратното убиство кај Смилковско Езеро во 2012 година, беше пуштен од тамошните власти и повторно не беше екстрадиран. Неговиот адвокат изјави дека надлежниот обвинител во случајот го повлекол барањето за изрекување мерка притвор, така што Демири, веднаш бил пуштен на слобода. Од Министерството за правда велат дека одговорен за натамошната постапка сега е надлежниот суд, а одговор за екстрадицијата од 2018 година не е добиен.
За лицето Алил Демири побарани се две екстрадиции. Прв пат од Република Косово е побарана екстрадиција на 15.03.2013 година. Барањето за екстрадиција беше одбиено со пресуда на Основниот суд во Приштина од октомври 2015 година, потврдено и од Апелациониот суд на Косово јануари 2016 година. За Демири има официјален одговор од Косово во февруари 2016 година. Екстрадиција повторно е побарана  на 05.09.2018 година. Во постапките, сѐ што беше побарано од косовските власти беше доставено. Одговор за екстрадицијата од 2018 не е добиен, соопштуваат од Министерството за правда, дополнувајќи дека екстрадицијата од 2018 година е сѐ уште активна.

The post Двајца осуденици од „Монструм“ на слобода ако помине Законот за амнестија, Косово уште одбива да го екстрадира терористот Демири appeared first on Република.

]]>
Адвокатот на Алил Демири потврдил дека косовскиот суд го ослободил неговиот клиент https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/advokatot-na-alil-demiri-potvrdil-deka-kosovskiot-sud-go-oslobodil-negoviot-klient/ Fri, 25 Aug 2023 16:33:53 +0000 https://republika.mk/?p=675816

Косовскиот адвокат Бесник Бериша денеска изјави дека судот во Приштина го ослободил неговиот клиент Алил Демири, осудениот на доживотен затвор во Македонија за кривичното дело „тероризам“ за петкратното убиство кај Смилковско езеро во 2012 година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Бериша за порталот „Сињали“ (sinjali.com) изјавил дека надлежниот обвинител во случајот го повлекол барањето за изрекување мерка притвор, така што Демири, кој вчера беше уапсен од косовската полиција, врз основа на меѓународна потерница распишана од македонското МВР, веќе е пуштен на слобода.

- По доказите кои беа изложени од одбраната и дополнителните аргументи изнесени на испитното рочиште на кое се разгледа барањето на Обвинителството за изрекување мерка притвор, обвинителот кој го изнесе предлогот се повлече од барањето, изјави Бериша.

Тој додаде дека и вчера бил убеден оти апсењето на Демири е извршено на незаконит начин и „претставува флагрантно кршење на неговите законски и уставни права“.

За истиот портал, Бериша синоќа изјави дека Демири не може да се екстрадира во Македонија, бидејќи барањето на македонските власти е одбиено од косовските судови во две инстанци.

- Али Демири беше приведен и уапсен на незаконит начин, врз снова на налог на Интерпол за работа која веќе е истретирана од нашиот суд... Тој не може да биде екстрадиран во Македонија и јас сум уверен деке тој утре ќе им се врати на неговото семејство и пријателите, изјави синоќа Бериша.

Демири, според неговиот адвокат, е „невин за исконструрианото и извршено злосторство од страна на македонските тајни служби“.

Порталот „Сињали“ објави и фотографија на Бериша и Демири пред комплексот згради, во кој се наоѓаат Обвинителството на Косово и Основниот суд на Приштина.

The post Адвокатот на Алил Демири потврдил дека косовскиот суд го ослободил неговиот клиент appeared first on Република.

]]>

Косовскиот адвокат Бесник Бериша денеска изјави дека судот во Приштина го ослободил неговиот клиент Алил Демири, осудениот на доживотен затвор во Македонија за кривичното дело „тероризам“ за петкратното убиство кај Смилковско езеро во 2012 година, јави дописникот на МИА од Приштина. Бериша за порталот „Сињали“ (sinjali.com) изјавил дека надлежниот обвинител во случајот го повлекол барањето за изрекување мерка притвор, така што Демири, кој вчера беше уапсен од косовската полиција, врз основа на меѓународна потерница распишана од македонското МВР, веќе е пуштен на слобода. - По доказите кои беа изложени од одбраната и дополнителните аргументи изнесени на испитното рочиште на кое се разгледа барањето на Обвинителството за изрекување мерка притвор, обвинителот кој го изнесе предлогот се повлече од барањето, изјави Бериша. Тој додаде дека и вчера бил убеден оти апсењето на Демири е извршено на незаконит начин и „претставува флагрантно кршење на неговите законски и уставни права“. За истиот портал, Бериша синоќа изјави дека Демири не може да се екстрадира во Македонија, бидејќи барањето на македонските власти е одбиено од косовските судови во две инстанци. - Али Демири беше приведен и уапсен на незаконит начин, врз снова на налог на Интерпол за работа која веќе е истретирана од нашиот суд... Тој не може да биде екстрадиран во Македонија и јас сум уверен деке тој утре ќе им се врати на неговото семејство и пријателите, изјави синоќа Бериша. Демири, според неговиот адвокат, е „невин за исконструрианото и извршено злосторство од страна на македонските тајни служби“. Порталот „Сињали“ објави и фотографија на Бериша и Демири пред комплексот згради, во кој се наоѓаат Обвинителството на Косово и Основниот суд на Приштина.

The post Адвокатот на Алил Демири потврдил дека косовскиот суд го ослободил неговиот клиент appeared first on Република.

]]>
Алил Демири пуштен на слобода во Косово? https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/alil-demiri-pushten-na-sloboda-vo-kosovo/ Fri, 25 Aug 2023 13:53:07 +0000 https://republika.mk/?p=675784

Министерството за правда за МИА информира дека до овој момент нема добиено официјална информација дека лицето Алил Демири е ослободен.

Косовската полиција во соработка со македонската, вчера во Косово го лиши од слобода Алил Демири (38) врз основа на издадена меѓународна потерница од МВР на РСМ, баран врз основа на наредба на Oсновниот суд Скопје 1, за сторено кривично дело „тероризам” предвидено по член 394 од Кривичен закон, во врска со петкратното грозоморно убиство кај Смилковското езеро.

Откако денеска во медиумите се појавија наводи дека Демири бил ослободен бидејќи обвинителството се откажало од барање на притвор, МИА побара став од Министерството за правда, од каде информираа дека до овој момент немаат добиено официјална информација дека лицето Алил Демири е ослободен.

Од Министерството за правда, претходно денеска информираа дека барањето за екстрадиција на лицето Алил Демири од 2018 година е сѐ уште активно, односно чекаат одговор

The post Алил Демири пуштен на слобода во Косово? appeared first on Република.

]]>

Министерството за правда за МИА информира дека до овој момент нема добиено официјална информација дека лицето Алил Демири е ослободен. Косовската полиција во соработка со македонската, вчера во Косово го лиши од слобода Алил Демири (38) врз основа на издадена меѓународна потерница од МВР на РСМ, баран врз основа на наредба на Oсновниот суд Скопје 1, за сторено кривично дело „тероризам” предвидено по член 394 од Кривичен закон, во врска со петкратното грозоморно убиство кај Смилковското езеро. Откако денеска во медиумите се појавија наводи дека Демири бил ослободен бидејќи обвинителството се откажало од барање на притвор, МИА побара став од Министерството за правда, од каде информираа дека до овој момент немаат добиено официјална информација дека лицето Алил Демири е ослободен. Од Министерството за правда, претходно денеска информираа дека барањето за екстрадиција на лицето Алил Демири од 2018 година е сѐ уште активно, односно чекаат одговор

The post Алил Демири пуштен на слобода во Косово? appeared first on Република.

]]>
На Косово уапсен Алил Демири, ќе и биде ли конечно испорачан на Македонија убиецот од „Монструм“? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-kosovo-uapsen-alil-demiri-ke-i-bide-li-konechno-isporachan-na-makedonija-ubietsot-od-monstrum/ Thu, 24 Aug 2023 12:14:54 +0000 https://republika.mk/?p=675426

Косовската полицијата, во соработка со македонската, денеска во Косово го лиши од слобода Алил Демири, еден од убијците виновни за масакрот кај Смилковско Езеро.

https://republika.mk/vesti/makedonija/potvrdeni-dozivotnite-zatvori-za-ubijcite-od-monstrum/

Како што соопштија од МВР, тој e уапсен врз основа на издадена меѓународна потерница од македонското МВР, баран врз основа на наредба на Oсновниот суд Скопје 1, за сторено кривично дело „тероризам” предвидено по член 394 од Кривичен закон.

Според информациите добиени од косовската полиција, денеска ќе биде изведен пред надлежен судија.

За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

По масакрот во Косово побегнаа Алил Демири и Африм Исмаиловиќ и досега Косово постојано одбиваше да ги екстрадитира во Македонија.

The post На Косово уапсен Алил Демири, ќе и биде ли конечно испорачан на Македонија убиецот од „Монструм“? appeared first on Република.

]]>

Косовската полицијата, во соработка со македонската, денеска во Косово го лиши од слобода Алил Демири, еден од убијците виновни за масакрот кај Смилковско Езеро. https://republika.mk/vesti/makedonija/potvrdeni-dozivotnite-zatvori-za-ubijcite-od-monstrum/ Како што соопштија од МВР, тој e уапсен врз основа на издадена меѓународна потерница од македонското МВР, баран врз основа на наредба на Oсновниот суд Скопје 1, за сторено кривично дело „тероризам” предвидено по член 394 од Кривичен закон. Според информациите добиени од косовската полиција, денеска ќе биде изведен пред надлежен судија. За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. По масакрот во Косово побегнаа Алил Демири и Африм Исмаиловиќ и досега Косово постојано одбиваше да ги екстрадитира во Македонија.

The post На Косово уапсен Алил Демири, ќе и биде ли конечно испорачан на Македонија убиецот од „Монструм“? appeared first on Република.

]]>