алијанса Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/alijansa/ За подобро да се разбереме Sun, 11 Feb 2024 14:16:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png алијанса Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/alijansa/ 32 32 Шокиран сум од мешањето на СДСМ и ДУИ во случувањата во Алијанса, вели Мицкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shokiran-sum-od-meshaneto-na-sdsm-i-dui-vo-sluchuvanata-vo-alijansa-veli-mitskoski/ Sun, 11 Feb 2024 14:13:14 +0000 https://republika.mk/?p=742857

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од општина Бутел порача дека како партија не се мешаат околу случувањата и поделбите во Алијанса на Албанците.

-Седиме на страна затоа што непримерно е тоа што го прават СДСМ и ДУИ – директно се вклучени. Шокиран од таквото однесување од страна на првенците на ДУИ и СДСМ, но тоа не е нивна работа. Не сакаме да се мешаме во внатрешните работи на политичките партии, истакна Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања.

Во однос на рејтингот на нивните предлози за претседател на државата, Мицкоски рече дека во моментов има тројца кандидати, на кои им се мери популарноста.

Втората по големина албанска партија во Македонија, Алијансата за Албанците, донесе одлука за разрешување на претседателот Арбен Таравари на вчерашната седница на партиското Собрание.

Се очекува разрешувањето да биде официјализирано на вонредниот конгрес на партијата на 18 февруари, каде се очекува изборот на нов претседател, како и конечната одлука дали Алијансата за Албанците ќе оди сама на изборите или во коалиција со друга политичка партија или блок.

Лидерот и основач на партијата, Зијадин Села, веста за иницијативата за смена на Таравари ја соопшти по седницата на Собранието, а за иницијативата, според него, застанале 106 од вкупно 108 членови на Централното собрание.

Повод за иницијативата е постапката на Таравари, кој реши сам и без претходна дискусија со партијата, на својот Фејсбук профил да објави дека партијата ќе се приклучи на здружената албанска опозиција против Демократската унија за интеграција.

Од друга страна, Таравари не се одзва на поканата на Собранието и одби да учествува.

The post Шокиран сум од мешањето на СДСМ и ДУИ во случувањата во Алијанса, вели Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од општина Бутел порача дека како партија не се мешаат околу случувањата и поделбите во Алијанса на Албанците. -Седиме на страна затоа што непримерно е тоа што го прават СДСМ и ДУИ – директно се вклучени. Шокиран од таквото однесување од страна на првенците на ДУИ и СДСМ, но тоа не е нивна работа. Не сакаме да се мешаме во внатрешните работи на политичките партии, истакна Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања. Во однос на рејтингот на нивните предлози за претседател на државата, Мицкоски рече дека во моментов има тројца кандидати, на кои им се мери популарноста. Втората по големина албанска партија во Македонија, Алијансата за Албанците, донесе одлука за разрешување на претседателот Арбен Таравари на вчерашната седница на партиското Собрание. Се очекува разрешувањето да биде официјализирано на вонредниот конгрес на партијата на 18 февруари, каде се очекува изборот на нов претседател, како и конечната одлука дали Алијансата за Албанците ќе оди сама на изборите или во коалиција со друга политичка партија или блок. Лидерот и основач на партијата, Зијадин Села, веста за иницијативата за смена на Таравари ја соопшти по седницата на Собранието, а за иницијативата, според него, застанале 106 од вкупно 108 членови на Централното собрание. Повод за иницијативата е постапката на Таравари, кој реши сам и без претходна дискусија со партијата, на својот Фејсбук профил да објави дека партијата ќе се приклучи на здружената албанска опозиција против Демократската унија за интеграција. Од друга страна, Таравари не се одзва на поканата на Собранието и одби да учествува.

The post Шокиран сум од мешањето на СДСМ и ДУИ во случувањата во Алијанса, вели Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Комитетот за надворешни работи на турскиот Парламент го одобри приемот на Шведска во Алијансата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/komitetot-za-nadvoreshni-raboti-na-turskiot-parlament-go-odobri-priemot-na-shvedska-vo-alijansata/ Tue, 26 Dec 2023 17:08:14 +0000 https://republika.mk/?p=726900

Комисијата за надворешна политика на турскиот Парламент денеска ја одобри кандидатурата на Шведска за членство во НАТО, што е клучен чекор кон проширување на Алијансата, по 19 месеци одложувања во текот на кои Анкара бараше отстапки од Стокхолм.

Следниот чекор ќе биде гласање за кандидатурата на Шведска во Парламентот за неколку недели, кога се очекува турските пратеници да го поддржат предлогот.

Потоа се очекува турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да го потпише законот.

Шведска и Финска аплицираа за членство во НАТО минатата година, а Анкара само го ратификуваше барањето на Финска. Ердоган во декември предложи Парламентот да го одобри барањето на Шведска само ако американскиот Конгрес и дозволи на Турција да купи десетици борбени авиони Ф-16 и резервни делови и ако другите сојузници на НАТО, вклучително и Канада, го укинат ембаргото на оружје за Анкара.

The post Комитетот за надворешни работи на турскиот Парламент го одобри приемот на Шведска во Алијансата appeared first on Република.

]]>

Комисијата за надворешна политика на турскиот Парламент денеска ја одобри кандидатурата на Шведска за членство во НАТО, што е клучен чекор кон проширување на Алијансата, по 19 месеци одложувања во текот на кои Анкара бараше отстапки од Стокхолм. Следниот чекор ќе биде гласање за кандидатурата на Шведска во Парламентот за неколку недели, кога се очекува турските пратеници да го поддржат предлогот. Потоа се очекува турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да го потпише законот. Шведска и Финска аплицираа за членство во НАТО минатата година, а Анкара само го ратификуваше барањето на Финска. Ердоган во декември предложи Парламентот да го одобри барањето на Шведска само ако американскиот Конгрес и дозволи на Турција да купи десетици борбени авиони Ф-16 и резервни делови и ако другите сојузници на НАТО, вклучително и Канада, го укинат ембаргото на оружје за Анкара.

The post Комитетот за надворешни работи на турскиот Парламент го одобри приемот на Шведска во Алијансата appeared first on Република.

]]>