Алијанса на Албанците Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/alijansa-na-albancite/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Nov 2024 10:30:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Алијанса на Албанците Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/alijansa-na-albancite/ 32 32 Алијанса за Албанците: Извршителите на овие грди дела не му направиле чест ниту на знамето, ниту на својот народ https://arhiva3.republika.mk/vesti/alijansa-za-albantsite-izvrshitelite-na-ovie-grdi-dela-ne-mu-napravile-chest-nitu-na-znameto-nitu-na-svojot-narod/ Fri, 29 Nov 2024 10:30:56 +0000 https://republika.mk/?p=843066

„Сите знамиња на народите во светот заслужуваат почит. Остро го осудуваме сквернавењето на државното знаме и палењето на албанското знаме, бидејќи таквите постапки се неприфатливи и не се во согласност со граѓанските вредности“, велат од Алијанса за Албанците.

„Извршителите на овие грди дела не му направиле чест ниту на знамето, ниту на својот народ. Празничната и позитивна атмосфера во секој дел од земјата не треба и не може да биде помрачена од вакви изолирани акти. Секој облик на насилство е неприфатлив во нашата земја и мора да биде осуден без компромис од сите страни“, соопштуваат од Алијанса за Албанците.

The post Алијанса за Албанците: Извршителите на овие грди дела не му направиле чест ниту на знамето, ниту на својот народ appeared first on Република.

]]>

Не бе друже Таравари, научна фантастика е ем да си министер, ем да раководиш со Гостивар, порача АА на Села https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-be-druzhe-taravari-nauchna-fantastika-e-em-da-si-minister-em-da-rakovodish-so-gostivar-poracha-aa-na-sela/ Fri, 31 May 2024 10:39:16 +0000 https://republika.mk/?p=783491

Алијанса за Албанците предводена од Зијадин Села, како дел од Европскиот фронт, преку кусо соопштение ја иронизира изјавата на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари дека ќе стане министер ако деновиве се донесат законски измени со кои до редовниот термин за локалните избори в година, не би се одржaле избори за градоначалник во Гостивар и другите општини каде ќе се испразни првата општинска функција. На Таравари му порачуваат користејќи ја често неговата изрека: „Не бе друже, не е вистина/научна фантастика е“.

Вистината за лажните моралисти е дека тие ќе се повлечат од функцијата градоначалник бидејќи ВМРО-ДПМНЕ им вети законски измени. Со тоа, за неколку дена, законот ќе се промени и наместо предвремени избори на локално ниво, ќе имаме вршители на должност до редовните локални избори. Другите изјави се само за пропаганда и измама на соработниците. Ќе видиме уште еднаш дека од професори како Намик Дурмиши, заменик-градоначалник, на кои им припаѓа да ја водат Општина Гостивар, ќе биде побарано да се повлечат бидејќи не се соодветни за ВМРО. *Не бе друже, не е вистина/фантастика е“, се вели во реакцијата од таборот на Села.

Инаку, Таравари, чие име фигурира како иден министер за здравство, вчера во изјава за медиумите рече дека уште размислува дали да ја прифати таа функција или да остане градоначалник на Гостивар. Смета деке не е фер граѓаните сега повторно да излегуваат на избори и в година повторно на редовни избори.

Дилемата е дали вреди да се оди за една година двапати на избори? 35.000 луѓе во Гостивар да излезат да гласаат во ноември оваа година и во октомври следната година, мислам дека е нечесно. Така што, ако остане актуелниот Закон за локална самоуправа, јас ќе останам тука. Единствената причина што ме колеба е таа дека не би сакал граѓаните да ги малтретираме за неполна година двапати да излезат да гласаат, изјави Таравари по средбата со австрискиот амбасадор Мартин Памер.

Одлуката тој ја најави за во понеделник. Доколку стане министер, вели дека би требало да го замени еден од советниците во општината, но смета дека претседавачот на Советот, Ваљбон Лимани е добро решение.

The post Не бе друже Таравари, научна фантастика е ем да си министер, ем да раководиш со Гостивар, порача АА на Села appeared first on Република.

]]>

Алијанса за Албанците предводена од Зијадин Села, како дел од Европскиот фронт, преку кусо соопштение ја иронизира изјавата на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари дека ќе стане министер ако деновиве се донесат законски измени со кои до редовниот термин за локалните избори в година, не би се одржaле избори за градоначалник во Гостивар и другите општини каде ќе се испразни првата општинска функција. На Таравари му порачуваат користејќи ја често неговата изрека: „Не бе друже, не е вистина/научна фантастика е“. Вистината за лажните моралисти е дека тие ќе се повлечат од функцијата градоначалник бидејќи ВМРО-ДПМНЕ им вети законски измени. Со тоа, за неколку дена, законот ќе се промени и наместо предвремени избори на локално ниво, ќе имаме вршители на должност до редовните локални избори. Другите изјави се само за пропаганда и измама на соработниците. Ќе видиме уште еднаш дека од професори како Намик Дурмиши, заменик-градоначалник, на кои им припаѓа да ја водат Општина Гостивар, ќе биде побарано да се повлечат бидејќи не се соодветни за ВМРО. *Не бе друже, не е вистина/фантастика е“, се вели во реакцијата од таборот на Села. Инаку, Таравари, чие име фигурира како иден министер за здравство, вчера во изјава за медиумите рече дека уште размислува дали да ја прифати таа функција или да остане градоначалник на Гостивар. Смета деке не е фер граѓаните сега повторно да излегуваат на избори и в година повторно на редовни избори. Дилемата е дали вреди да се оди за една година двапати на избори? 35.000 луѓе во Гостивар да излезат да гласаат во ноември оваа година и во октомври следната година, мислам дека е нечесно. Така што, ако остане актуелниот Закон за локална самоуправа, јас ќе останам тука. Единствената причина што ме колеба е таа дека не би сакал граѓаните да ги малтретираме за неполна година двапати да излезат да гласаат, изјави Таравари по средбата со австрискиот амбасадор Мартин Памер. Одлуката тој ја најави за во понеделник. Доколку стане министер, вели дека би требало да го замени еден од советниците во општината, но смета дека претседавачот на Советот, Ваљбон Лимани е добро решение.

The post Не бе друже Таравари, научна фантастика е ем да си министер, ем да раководиш со Гостивар, порача АА на Села appeared first on Република.

]]>
Рамадани: Сменети се тројца судии за да се најде судија кој ќе пресуди во корист на Села https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ramadani-smeneti-se-trojtsa-sudii-za-da-se-najde-sudija-koj-ke-presudi-vo-korist-na-sela/ Wed, 03 Apr 2024 17:09:11 +0000 https://republika.mk/?p=761801

Крилото на Алијанса за Албанците предводено од Арбен Таравари денеска на прес-конференција истакна дека групата на Зиадин Села ги искористила сите правни механизми за да промени тројца судии од Основниот суд во Тетово додека не успеале да најдат судија кој ќе пресудил во нивна корист во спорот за сопственоста на печатите на партијата.

Како што поочи портпаролот на крилото на Таравари, Блеронт Рамадани, донесената пресуда наместо прво да ја добие правниот застапник на партијата, била објавена во јавноста од медиуми блиски до ДУИ.

„Вчера бевме сведоци на вест дека печатите на Алијансата на Албанците ѝ припаднале на незадоволната група која реши да ја напушти Алијансата на Албанците и да се спои со ДУИ. Оваа вест излезе во јавноста пред за неа да биде известен правниот застапник, а како таква први ја објавија медиумите блиски до ДУИ. Незадоволната група која заврши во ДУИ ги искористи сите механизми на моќта и смени три судии сѐ додека не успеаја да го најдат својот омилен судија кој неправедно можел да ја заврши работата“, изјави портпаролот Рамадани.

Правниот застапник на крилото на Алијанса за Албанците предводено од Арбен Таравари, адвокатот Абидин Абдули, коментирајќи ја одлуката на тетовскиот суд, рече дека на неа ѝ претходело изземање на тројца судии кои требало да го водат предметот.

„На оваа одлука ѝ претходеше изземање на тројца судии. Првин предметот беше определен кај единствениот судија во Основниот суд во Тетово кој е надлежен да постапува по предметите на политичките партии, судијката Бојана Тоиќ, меѓутоа другата страна бараше нејзино изземање со образложение дека премногу бавно се работел предметот. Претседателот на судот, кој го уважи ова барање заборава дека предметите во Основниот суд Тетово се закажуваат и после шест месеци па и повеќе и не се процесираат со месеци и години. После тоа предметот беше доделен кај судијката Тодора, па и кај неа имаше барање за изземање со образложение дека претседателот Арбен Таравари бил близок пријател со братот на судијката, иако тој бил починат пред 4 години. После тоа предметот беше доделен кај судијката Јасмина, која под очигледен притисок, дента кога го прима предметот, отвара боледување и така предметот стигнува до судијата Илир Реџепи“, посочи адвокатот Абдули.

Тој кажа и дека судечкиот судија во предвид не зел ниту еден доказ доставен од правниот застапник на крилото на Таравари и обвини дека најверојатно одлуката е донесена надвор од судот. Тој исто така посочи дека одлуката на судот не е конечна и дека во зададениот рок, кој изнесува 15 дена, ќе се поднесе жалба на изречената пресуда.

„Оваа одлука ќе ја обжалиме во Апелациониот суд во Гостивар, а ќе ги разгледаме и сите можности за кривична и процедурална одговорност на претседателот на Судот и на судечкиот судија“, додаде тој.

The post Рамадани: Сменети се тројца судии за да се најде судија кој ќе пресуди во корист на Села appeared first on Република.

]]>

Крилото на Алијанса за Албанците предводено од Арбен Таравари денеска на прес-конференција истакна дека групата на Зиадин Села ги искористила сите правни механизми за да промени тројца судии од Основниот суд во Тетово додека не успеале да најдат судија кој ќе пресудил во нивна корист во спорот за сопственоста на печатите на партијата. Како што поочи портпаролот на крилото на Таравари, Блеронт Рамадани, донесената пресуда наместо прво да ја добие правниот застапник на партијата, била објавена во јавноста од медиуми блиски до ДУИ.
„Вчера бевме сведоци на вест дека печатите на Алијансата на Албанците ѝ припаднале на незадоволната група која реши да ја напушти Алијансата на Албанците и да се спои со ДУИ. Оваа вест излезе во јавноста пред за неа да биде известен правниот застапник, а како таква први ја објавија медиумите блиски до ДУИ. Незадоволната група која заврши во ДУИ ги искористи сите механизми на моќта и смени три судии сѐ додека не успеаја да го најдат својот омилен судија кој неправедно можел да ја заврши работата“, изјави портпаролот Рамадани.
Правниот застапник на крилото на Алијанса за Албанците предводено од Арбен Таравари, адвокатот Абидин Абдули, коментирајќи ја одлуката на тетовскиот суд, рече дека на неа ѝ претходело изземање на тројца судии кои требало да го водат предметот.
„На оваа одлука ѝ претходеше изземање на тројца судии. Првин предметот беше определен кај единствениот судија во Основниот суд во Тетово кој е надлежен да постапува по предметите на политичките партии, судијката Бојана Тоиќ, меѓутоа другата страна бараше нејзино изземање со образложение дека премногу бавно се работел предметот. Претседателот на судот, кој го уважи ова барање заборава дека предметите во Основниот суд Тетово се закажуваат и после шест месеци па и повеќе и не се процесираат со месеци и години. После тоа предметот беше доделен кај судијката Тодора, па и кај неа имаше барање за изземање со образложение дека претседателот Арбен Таравари бил близок пријател со братот на судијката, иако тој бил починат пред 4 години. После тоа предметот беше доделен кај судијката Јасмина, која под очигледен притисок, дента кога го прима предметот, отвара боледување и така предметот стигнува до судијата Илир Реџепи“, посочи адвокатот Абдули.
Тој кажа и дека судечкиот судија во предвид не зел ниту еден доказ доставен од правниот застапник на крилото на Таравари и обвини дека најверојатно одлуката е донесена надвор од судот. Тој исто така посочи дека одлуката на судот не е конечна и дека во зададениот рок, кој изнесува 15 дена, ќе се поднесе жалба на изречената пресуда.
„Оваа одлука ќе ја обжалиме во Апелациониот суд во Гостивар, а ќе ги разгледаме и сите можности за кривична и процедурална одговорност на претседателот на Судот и на судечкиот судија“, додаде тој.

The post Рамадани: Сменети се тројца судии за да се најде судија кој ќе пресуди во корист на Села appeared first on Република.

]]>
Хакирани се каналите за информирање на Алијансата за Албанците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/hakirani-se-kanalite-za-informirane-na-alijansata-za-albantsite/ Wed, 06 Mar 2024 19:39:16 +0000 https://republika.mk/?p=752039

Каналите за информирање на Алијансата за Албанците се хакирани од злонамерни поединци, велат од оваа партија.

Против злонамерните лица за вакви сајбер криминали ќе бидат преземени неопходните законски мерки. Ниту едно соопштение од узурпираните комуникациски канали не претставува официјален став на Алијансата за Албанците и нејзините легитимни тела, до разрешување на ова прашање, за што ќе бидете навремено известени“, велат од партијата на Таравари.

The post Хакирани се каналите за информирање на Алијансата за Албанците appeared first on Република.

Кому ќе му припадне печатот во Алијанса – по превирањата, Села и Таравари имале средба за поделба на имот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/komu-ke-mu-pripadne-pechatot-vo-alijansa-po-previranata-sela-i-taravari-imale-sredba-za-podelba-na-imot/ Thu, 22 Feb 2024 17:17:46 +0000 https://republika.mk/?p=747113

Некогашните блиски соработници Зијадин Села и Арбен Таравари, кои преку ноќ станаа лути противници, што предизвика раскол во Алијанса за Албанците, имале тет-а-тет средба после внатрепартиските превирања, на која разговарале за поделба на дел од партискиот имот, објави „Фокус“

Повикувајќи се на високи партиски извори, порталот пишува дека двајцата се договориле Села да ги задржи партиските возила и средствата на сметка, додека дошло до поделба на штабовите, така што партискиот штаб во Скопје му припаднал на Села, а штабот во Тетово на Таравари.

Она за што немало договор е кому да ми припадне партискиот печат и бренд, што ќе зависи од правната разврска која веќе е покрената во тетовскиот суд, откако двете страни одржаа паралелни седници на Централното собрание и на Конгресот, тврдејќи дека го имаат легитимитетот и легалитетот.

Како што е познато, партијата се подели откако лидерот Таравари одлучи преку фејсбук да соопшти дека по низата средби што ги имал со претставници на политичките партии и дипломатската заедница, одлучил да и се придружи на албанската опозиција, бидејќи, порача тој, граѓаните сакале промена.

Во однос на тоа, реагираше неговиот претходник Села, кој истакна дека партијата имала формална одлука за самостоен изборен настап, но Таравари не ја испочитувал оваа одлука и без никаква консултација со партиските врв и органите решил на своја рака да соопшти лична одлука преку социјалните мрежи.

The post Кому ќе му припадне печатот во Алијанса – по превирањата, Села и Таравари имале средба за поделба на имот appeared first on Република.

]]>

Некогашните блиски соработници Зијадин Села и Арбен Таравари, кои преку ноќ станаа лути противници, што предизвика раскол во Алијанса за Албанците, имале тет-а-тет средба после внатрепартиските превирања, на која разговарале за поделба на дел од партискиот имот, објави „Фокус“ Повикувајќи се на високи партиски извори, порталот пишува дека двајцата се договориле Села да ги задржи партиските возила и средствата на сметка, додека дошло до поделба на штабовите, така што партискиот штаб во Скопје му припаднал на Села, а штабот во Тетово на Таравари. Она за што немало договор е кому да ми припадне партискиот печат и бренд, што ќе зависи од правната разврска која веќе е покрената во тетовскиот суд, откако двете страни одржаа паралелни седници на Централното собрание и на Конгресот, тврдејќи дека го имаат легитимитетот и легалитетот. Како што е познато, партијата се подели откако лидерот Таравари одлучи преку фејсбук да соопшти дека по низата средби што ги имал со претставници на политичките партии и дипломатската заедница, одлучил да и се придружи на албанската опозиција, бидејќи, порача тој, граѓаните сакале промена. Во однос на тоа, реагираше неговиот претходник Села, кој истакна дека партијата имала формална одлука за самостоен изборен настап, но Таравари не ја испочитувал оваа одлука и без никаква консултација со партиските врв и органите решил на своја рака да соопшти лична одлука преку социјалните мрежи.

The post Кому ќе му припадне печатот во Алијанса – по превирањата, Села и Таравари имале средба за поделба на имот appeared first on Република.

]]>
Таравари: Промените во албанскиот блок мора да дојдат по 24 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taravari-promenite-vo-albanskiot-blok-mora-da-dojdat-po-24-godini/ Sat, 10 Feb 2024 20:17:38 +0000 https://republika.mk/?p=742666

Промените во албанскиот блок мора да дојдат по 24 години. Промената ќе се случи и никој не може да ја запре таа промена, порача вечерва од Гостивар претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари, на партискиот собир под мотото „Промената започна“.

Прашан дали официјално ќе влезе во коалиција со албанскиот опозициски блок, тој рече дека оваа недела ќе се сретне со лидерите на албанската опозиција.

„Сѐ уште немаме платформа со опозициските партии. Оваа недела јас сакам да го слушнам и народот во неколку градови. Затоа бевме и во Куманово. Кај луѓето има позитивна енергија. Следната недела може ќе се сретнам со претседателите од албанските опозициски партии, да седнеме да разговараме и да одлучиме кога би направиле официјална коалиција со некоја платформа“, кажа Таравари.

Прашан дали ќе формира партија, вели „ако некој смета дека Алијанса за Албанците е нечија сопственост и дека ја донел од дом, ќе му ја однесеме дома и ќе му ја вратиме“. И додаде:

„Партијата е на гласачите, на членството, на луѓето што ја поддржуваат“

.

Пред започнувањето на собирот, во Фејсбук статус наведе дека Судот ќе одлучи кој ќе ја води Алијанса на Албанците.

„Нашата кауза е промена. Несупешни се обидите на ДУИ и сценаристот Груби да не дефокусираат за тоа чија е партијата и кому му припаѓа. Од денес, повеќе нема да се занимаваме со оваа работа. Секој кој има поплаки нека се обрати до судот. Нашата се промените кои започнаа. 8 мај е секој ден сѐ поблиску“, напиша Таравари на Фејсбук.

Претходно, на Централното собрание на партијата, што се одржа во Скопје, е донесена иницијатива за разрешување на Арбен Таравари на итниот конгрес што ќе се одржи на 18 февруари.

The post Таравари: Промените во албанскиот блок мора да дојдат по 24 години appeared first on Република.

]]>

Промените во албанскиот блок мора да дојдат по 24 години. Промената ќе се случи и никој не може да ја запре таа промена, порача вечерва од Гостивар претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари, на партискиот собир под мотото „Промената започна“. Прашан дали официјално ќе влезе во коалиција со албанскиот опозициски блок, тој рече дека оваа недела ќе се сретне со лидерите на албанската опозиција.
„Сѐ уште немаме платформа со опозициските партии. Оваа недела јас сакам да го слушнам и народот во неколку градови. Затоа бевме и во Куманово. Кај луѓето има позитивна енергија. Следната недела може ќе се сретнам со претседателите од албанските опозициски партии, да седнеме да разговараме и да одлучиме кога би направиле официјална коалиција со некоја платформа“, кажа Таравари.
Прашан дали ќе формира партија, вели „ако некој смета дека Алијанса за Албанците е нечија сопственост и дека ја донел од дом, ќе му ја однесеме дома и ќе му ја вратиме“. И додаде:
„Партијата е на гласачите, на членството, на луѓето што ја поддржуваат“
. Пред започнувањето на собирот, во Фејсбук статус наведе дека Судот ќе одлучи кој ќе ја води Алијанса на Албанците.
„Нашата кауза е промена. Несупешни се обидите на ДУИ и сценаристот Груби да не дефокусираат за тоа чија е партијата и кому му припаѓа. Од денес, повеќе нема да се занимаваме со оваа работа. Секој кој има поплаки нека се обрати до судот. Нашата се промените кои започнаа. 8 мај е секој ден сѐ поблиску“, напиша Таравари на Фејсбук.
Претходно, на Централното собрание на партијата, што се одржа во Скопје, е донесена иницијатива за разрешување на Арбен Таравари на итниот конгрес што ќе се одржи на 18 февруари.

The post Таравари: Промените во албанскиот блок мора да дојдат по 24 години appeared first on Република.

]]>
Села: Чекавме да дојде претседателот на партијата, господинот Таравари таму каде што припаѓа и каде му е местото… Не дојде! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sela-chekavme-da-dojde-pretsedatelot-na-partijata-gospodinot-taravari-tamu-kade-shto-pripaga-i-kade-mu-e-mestoto-ne-dojde/ Sat, 10 Feb 2024 18:11:05 +0000 https://republika.mk/?p=742614

По околу три часа дебата на членовите на Централното собрание на Алијанса за Албанците (АА), претседателот на ова партиско тело Зијадин Села соопшти е изгласана иницијатива за разрешување на актуелниот партиски лидер Арбен Таравари. За да се одлучува за разрешувањето, пак, повика конгрес на 18 февруари.

„Како резултат и последица на оваа одлука (прифаќањето на иницијативата), другата точка беше да се оди на конгрес кој ќе се држи на 18 февруари и на кој ќе се одлучува за иницијативата што ја донесе Централното собрание на Алијанса за Албанците, а тоа е разрешување на претседателот на партијата, господинот Таравари, поради грубо кршење на статутот на партијата и тоа што треба да направи како претседател на партија“, рече Села по состанокот одржан денеска во Скопје.

Тој пред медиумите тврдеше дека мнозинството членови на Централното собрание присуствувале односно имало вкупно 108. Од нив, 106 гласале за иницијативата за разрешување, еден имало против, а еден воздржан. Таравари, како што беше и најавено, не се појави.

„Чекавме да дојде претседателот на партијата, господинот Таравари таму каде што припаѓа и каде му е местото, а тоа е на ова Централно собрание како највисок орган помеѓу два конгреси. Не дојде“, рече Села.

The post Села: Чекавме да дојде претседателот на партијата, господинот Таравари таму каде што припаѓа и каде му е местото… Не дојде! appeared first on Република.

]]>

По околу три часа дебата на членовите на Централното собрание на Алијанса за Албанците (АА), претседателот на ова партиско тело Зијадин Села соопшти е изгласана иницијатива за разрешување на актуелниот партиски лидер Арбен Таравари. За да се одлучува за разрешувањето, пак, повика конгрес на 18 февруари.
„Како резултат и последица на оваа одлука (прифаќањето на иницијативата), другата точка беше да се оди на конгрес кој ќе се држи на 18 февруари и на кој ќе се одлучува за иницијативата што ја донесе Централното собрание на Алијанса за Албанците, а тоа е разрешување на претседателот на партијата, господинот Таравари, поради грубо кршење на статутот на партијата и тоа што треба да направи како претседател на партија“, рече Села по состанокот одржан денеска во Скопје.
Тој пред медиумите тврдеше дека мнозинството членови на Централното собрание присуствувале односно имало вкупно 108. Од нив, 106 гласале за иницијативата за разрешување, еден имало против, а еден воздржан. Таравари, како што беше и најавено, не се појави. „Чекавме да дојде претседателот на партијата, господинот Таравари таму каде што припаѓа и каде му е местото, а тоа е на ова Централно собрание како највисок орган помеѓу два конгреси. Не дојде“, рече Села.

The post Села: Чекавме да дојде претседателот на партијата, господинот Таравари таму каде што припаѓа и каде му е местото… Не дојде! appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Собранието треба да постапи доколку партија којашто е дел од Влада побара разрешувања на нивни министри https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-sobranieto-treba-da-postapi-dokolku-partija-kojashto-e-del-od-vlada-pobara-razreshuvana-na-nivni-ministri/ Wed, 07 Feb 2024 17:37:51 +0000 https://republika.mk/?p=741617

Доколку партија која што е дел од Влада побара нејзини членови да бидат заменети со други тогаш нормално дека во Парламент тоа ќе го предложат, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во одговор на ноавинарско прашање.

-Доколку партија која членува во Влада побара нејзини членови на Влада да бидат заменети со други тогаш нормално дека тие што се во парламент тоа ќе го предложат. Тоа се случувало и од страна на други партии кои што имале свои претставници во влада па потоа предлжувале други претставници во владата. Тоа е сепак барање на самите политички партии, рече Ковачевски.

Не го одобрив разрешувањето на директорката Стефановиќ, додаде Ковачевски.

-Треба да се видат сите разрешувања како се правени, јас не го одобрив ниту разрешувањето што го направи министерот Меџити на директорката на инфективна клиника Милена Стефановиќ, без да образложи. Тој даде едно срамно образложение дека ја разрешил со оглед на тоа дека немала сертификат за англиски јазик а таа е врвен доктор, светски познат која што има завршено на Кембриџ, така да од тој аспект не би ги коментирал разрешувањата, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање.

The post Ковачевски: Собранието треба да постапи доколку партија којашто е дел од Влада побара разрешувања на нивни министри appeared first on Република.

Маричиќ: Исходот со министрите од АА, зависи од проценката на Џафери https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichik-ishodot-so-ministrite-od-aa-zavisi-od-protsenkata-na-dhaferi/ Wed, 07 Feb 2024 17:23:42 +0000 https://republika.mk/?p=741610

Ние цениме секого и како политички субјект, зборувам за СДСМ и јас лично, ги ценам сите членови на Владата и сметам дека зависно од тоа што премиерот ќе го процени, какви се сигналите од Алијанса за Албанците и какви се ставовите, во врска со ова и нормално, какви се бројките во Собранието, ќе зависи исходот. Вака одговори вечерва првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ на новинарско прашање за случувањата во АА, предлозите за нови министри и случувањата во техничката влада.

– Прашањето на предлагање избор и разрешување на членови на Владата е во надлежност на премиерот, односно мандатарот. Мандатарот Талат Џафери го предложи составот на Владата, Собранието го поддржа и оттогаш сме членови на Владата, предводени од премиерот Џафери. Ќе видиме во однос на тоа што дошло од Алијанса, претпоставувам дека премиерот на техничката Влада, Џафери ќе постапи согласно тоа што е политичка индикација, подвлече Маричиќ во изјава за новинарите.

Сепак, како што додаде, Алијанса е „значаен партнер во Владата и треба да се чујат нивното мислење и нивните предлози“.

– Ние имавме вчера седница, долга седница на Владата и се донесоа многу одлуки. Во дел од одлуките учествуваа и актуелните министри и актуелните заменици министри од Алијанса. Имаше одредени различни мислења, но, ова е Влада што обединува повеќе партии. Доколку премиерот процени, значи ќе треба него да го прашате, ќе побара нивно разрешување. Важно е, нормално, кого поддржуваат партиите и како, бидејќи Владата се составува врз основа на волјата на партиите. Но, ако Алијанса влегла во техничката Влада затоа што била дел од мнозинството и ги задржала истите места како што била дел во мнозинството, тогаш треба и така и очекуваме да се постапи. Доколку Алијанса, или дел од Алијанса го промениле мислењето, тоа сепак зависи од внатре, партиските одлуки, ќе треба исто така да се изјаснат, многу е тешко да имате двојна позиција во исто време, појасни Маричиќ.

Тој вечерва оствари средба со претставници на германскиот Бундестаг, по што следуваа изјави за медиумите.

The post Маричиќ: Исходот со министрите од АА, зависи од проценката на Џафери appeared first on Република.

Таравари: AA се приклучи на промената, преостанатиот дел е ДУИ во неволја https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taravari-aa-se-prikluchi-na-promenata-preostanatiot-del-e-dui-vo-nevolja/ Wed, 07 Feb 2024 17:09:22 +0000 https://republika.mk/?p=741606

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Тараварисе огласи преку статус на социјалните мрежи, коментирајќи го расколот кој деновиве ја тресе партијата.

„AA се приклучи на промената, преостанатиот дел е ДУИ во неволја!“, пишува тој.

Се започна откако Таравари објави дека АА ќе оди на избори како дел од опозицијата. Со ова не се согласи неговиот претходник Зијадин Села. Пред домот на Таравари беше оставен и куршум. Несогласувањата меѓуТаравари и претседателот на партиското Централно собрание Села продолжуваат и денеска со различните информации за тоа кога и каде ќе се одржи седница на Собранието. Откако беше објавено дека партијата за в сабота во 13 часот во Скопје закажува Централно собрание, кое доаѓа по најавата на Таравари дека партијата на претстојните парламентарни избори ќе се приклучи кон албанската опозиција, од синоќа кружи информацијата дека тој закажал состанок со делегатите на Собранието за утре во Куманово.

The post Таравари: AA се приклучи на промената, преостанатиот дел е ДУИ во неволја appeared first on Република.

Директор на Алијанса нападнат со кундак – тежок инцидент во Тетово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/direktor-na-alijansa-napadnat-so-kundak-tezhok-intsident-vo-tetovo/ Sun, 04 Feb 2024 21:00:20 +0000 https://republika.mk/?p=740320

Првиот човек на Алијанса за Албанците Арбен Таравари, придружуван од приврзаници, извршил напад врз директорот за управување на одземен имот Дритон Небиу од истата партија. Небиу бил со семејството и пријатели во тетовски ресторан кога бил нападнат со кундак, објави 4NEWS.mk

Според извори на порталот, напаѓачот е К.О., познат член на тетовското подземје и на навивачката група Балисти.

Од полициски извори порталот дознава дека К.О. има полициско досие за палење на автомобил во сопственост на ЕВН.

https://republika.mk/vesti/makedonija/zijadin-sela-so-pomosh-na-politsija-go-uzurpiral-sedishteto-na-alijansa/

The post Директор на Алијанса нападнат со кундак – тежок инцидент во Тетово appeared first on Република.

]]>

Првиот човек на Алијанса за Албанците Арбен Таравари, придружуван од приврзаници, извршил напад врз директорот за управување на одземен имот Дритон Небиу од истата партија. Небиу бил со семејството и пријатели во тетовски ресторан кога бил нападнат со кундак, објави 4NEWS.mk Според извори на порталот, напаѓачот е К.О., познат член на тетовското подземје и на навивачката група Балисти. Од полициски извори порталот дознава дека К.О. има полициско досие за палење на автомобил во сопственост на ЕВН. https://republika.mk/vesti/makedonija/zijadin-sela-so-pomosh-na-politsija-go-uzurpiral-sedishteto-na-alijansa/

The post Директор на Алијанса нападнат со кундак – тежок инцидент во Тетово appeared first on Република.

]]>
ДУИ и ЕСП со понуди за АА, Таравари пред конечна одлука https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dui-i-esp-so-ponudi-za-aa-taravari-pred-konechna-odluka/ Wed, 10 Jan 2024 19:38:20 +0000 https://republika.mk/?p=731726

Времето за тактика истекува. Следните 10 дена се чини се денови кога шефот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари ќе треба да си ја помачи главата затоа што треба да ја донесе конечната одлука за патот по кој ќе тргне партијата. Дали тоа ќе биде „Европскиот фронт“ заедно со ДУИ, или пак ќе го „сврти воланот“ кон албанската опозиција – Европскиот сојуз за промени или сепак ќе биде третата опција, за самите да излезат на избори.

ТВ 21 повикувајќи се на свои извори објави дека Таравари не мисли дека АА треба да излезе со заеднички листи со ДУИ, но ваквиот негов став е во спротивност со оној на Села-Лога кои се „за“ ваква соработка.

Најверојатно ова ќе стане „несогласување“ меѓу трите најзначајни фигури на партијата, претседателот Таравари, претседавачот со партиското собрание Зиадин Села и генералниот секретар Кренар Лога.

ИЗвори на телевизијата брифираат и дека Таравари повеќе се залага за опцијата АА да влезе во ЕСП, а оваа позиција е уште позасилена по средбата со Албин Курти.

Каква е понудата на ДУИ и ЕСП до АА, која се чини стана „клуч“ на победата на двата ривалски табора?

Според извори на ТВ21, на средбата Ахмети – Таравари во Гостивар, лидерот на интегристите му понудил 8 заменици и 5 градоначалници. Но, пред оваа понуда, Таравари очигледно ќе се замислеше, бидејќи најголем дел од кандидатите за пратеници ќе бидат доверливите на Села-Лога.

Од друга страна, како што објавиТВ21  здружената албанска опозиција ЕСП му понудила 5 пратеници (парламентарна група), а се зборува и за понуда од 2 до 5 градоначалници, како и Таравари да избере кандидат за претседател од редовите на опозицијата.

Доколку АА се приклучи на албанската опозиција, тогаш ќе биде интересна трката на парламентарните избори во мај, бидејќи опозицијата се натпреварува и со поддршка од градоначалниците на општините Чаир, Тетово и Гостивар, Висар Ганиу, Биљал Касами и Арбен Таравари.

Што се однесува до носителите на листата на ЕСП, се подразбира дека лидерите на трите коалициски партии – Изет Меџити (ДД) во единица 1, Африм Гаши (АА) во единица 2, Билал Касами (ДБ) во единица 6, (може и овде да води ако им се приклучи), додека во 5-та единица се шпекулира дека носител ќе биде Беким Ќоку или Фатмир Лимани.

Инаку, името на Руфи Османи се шпекулира како можен опозициски кандидат за претседател.

The post ДУИ и ЕСП со понуди за АА, Таравари пред конечна одлука appeared first on Република.

]]>

Времето за тактика истекува. Следните 10 дена се чини се денови кога шефот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари ќе треба да си ја помачи главата затоа што треба да ја донесе конечната одлука за патот по кој ќе тргне партијата. Дали тоа ќе биде „Европскиот фронт“ заедно со ДУИ, или пак ќе го „сврти воланот“ кон албанската опозиција – Европскиот сојуз за промени или сепак ќе биде третата опција, за самите да излезат на избори. ТВ 21 повикувајќи се на свои извори објави дека Таравари не мисли дека АА треба да излезе со заеднички листи со ДУИ, но ваквиот негов став е во спротивност со оној на Села-Лога кои се „за“ ваква соработка. Најверојатно ова ќе стане „несогласување“ меѓу трите најзначајни фигури на партијата, претседателот Таравари, претседавачот со партиското собрание Зиадин Села и генералниот секретар Кренар Лога. ИЗвори на телевизијата брифираат и дека Таравари повеќе се залага за опцијата АА да влезе во ЕСП, а оваа позиција е уште позасилена по средбата со Албин Курти. Каква е понудата на ДУИ и ЕСП до АА, која се чини стана „клуч“ на победата на двата ривалски табора? Според извори на ТВ21, на средбата Ахмети – Таравари во Гостивар, лидерот на интегристите му понудил 8 заменици и 5 градоначалници. Но, пред оваа понуда, Таравари очигледно ќе се замислеше, бидејќи најголем дел од кандидатите за пратеници ќе бидат доверливите на Села-Лога. Од друга страна, како што објавиТВ21  здружената албанска опозиција ЕСП му понудила 5 пратеници (парламентарна група), а се зборува и за понуда од 2 до 5 градоначалници, како и Таравари да избере кандидат за претседател од редовите на опозицијата. Доколку АА се приклучи на албанската опозиција, тогаш ќе биде интересна трката на парламентарните избори во мај, бидејќи опозицијата се натпреварува и со поддршка од градоначалниците на општините Чаир, Тетово и Гостивар, Висар Ганиу, Биљал Касами и Арбен Таравари. Што се однесува до носителите на листата на ЕСП, се подразбира дека лидерите на трите коалициски партии – Изет Меџити (ДД) во единица 1, Африм Гаши (АА) во единица 2, Билал Касами (ДБ) во единица 6, (може и овде да води ако им се приклучи), додека во 5-та единица се шпекулира дека носител ќе биде Беким Ќоку или Фатмир Лимани. Инаку, името на Руфи Османи се шпекулира како можен опозициски кандидат за претседател.

The post ДУИ и ЕСП со понуди за АА, Таравари пред конечна одлука appeared first on Република.

]]>
Таравари: Оптимист сум за уставните измени, Алијанса за Aлбанците останува во владината коалиција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taravari-optimist-sum-za-ustavnite-izmeni-alijansa-za-albantsite-ostanuva-vo-vladinata-koalitsija/ Mon, 07 Aug 2023 13:09:53 +0000 https://republika.mk/?p=669670

Лидерот на Алијанса за Aлбанците и градоначалник на општина Гостивар е оптимист дека уставните измени ќе поминат во парламентот, а доколку не добијат поддршка тогаш во партијата ќе ги разгледуваат натамошните чекори.

На новинарско прашање на настан во Гостивар, Таравари околу претстојната седница на Собранието на РСМ на која ќе се расправа за измени на Уставот го пренесе ставот на партијата.

Очекувам за две недели да се одржи пленарна седница во парламентот за уставните измени. Во таа насока АА минатата недела имаше состанок на централното претседателство на која беше разгледано ова прашање. Воопшто не стана збор за напуштање на владината коалиција и излегување од владата. Пред сè, битно ни е да поминат уставните промени и сè уште сме оптимисти дека ќе поминат. Доколку не, тогаш во склад и со текот на настаните потоа, партиските тела ќе решаваат, рече Таравари.

Според него, предвремени избори не се опција бидејќи како што потенцира, ноември и декември не се добар термин за избори.

Набрзо во март-април ќе има претседателски избори, па затоа не треба да има ниту парламентарни во јули. Организирање на два круга избори во краток период е нерационално и ќе чини многу пари, но, сепак за да има парламентарни избори потребен е консензус на политичките партии, подвлече Таравари.

The post Таравари: Оптимист сум за уставните измени, Алијанса за Aлбанците останува во владината коалиција appeared first on Република.

]]>

Лидерот на Алијанса за Aлбанците и градоначалник на општина Гостивар е оптимист дека уставните измени ќе поминат во парламентот, а доколку не добијат поддршка тогаш во партијата ќе ги разгледуваат натамошните чекори. На новинарско прашање на настан во Гостивар, Таравари околу претстојната седница на Собранието на РСМ на која ќе се расправа за измени на Уставот го пренесе ставот на партијата.
Очекувам за две недели да се одржи пленарна седница во парламентот за уставните измени. Во таа насока АА минатата недела имаше состанок на централното претседателство на која беше разгледано ова прашање. Воопшто не стана збор за напуштање на владината коалиција и излегување од владата. Пред сè, битно ни е да поминат уставните промени и сè уште сме оптимисти дека ќе поминат. Доколку не, тогаш во склад и со текот на настаните потоа, партиските тела ќе решаваат, рече Таравари.
Според него, предвремени избори не се опција бидејќи како што потенцира, ноември и декември не се добар термин за избори.
Набрзо во март-април ќе има претседателски избори, па затоа не треба да има ниту парламентарни во јули. Организирање на два круга избори во краток период е нерационално и ќе чини многу пари, но, сепак за да има парламентарни избори потребен е консензус на политичките партии, подвлече Таравари.

The post Таравари: Оптимист сум за уставните измени, Алијанса за Aлбанците останува во владината коалиција appeared first on Република.

]]>
Таравари: Би било најдобро АА да оди сама на избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taravari-bi-bilo-najdobro-aa-da-odi-sama-na-izbori/ Sun, 09 Jul 2023 18:57:26 +0000 https://republika.mk/?p=659455

Претседателот на Алијанса на Албанците Арбен Таравари верчерва изјави дека партијата се уште нема одлука како ќе оди на избори и оти сите опции се можни. Изборите, според него, би требало да се одржат на крај на март почеток на април следната година заедно со претседателските избори.

Низ партиските тела ќе ги анализираме сите околности како е најдобро за нашата партија, рече Таравари во интевју за Сител.

На прашањето дали е во игра заеднички настап со актуелната владината коалиција, рече дека не исклучува ништо. Меѓутоа, смета дека АА би било најдобро да излезе сама на избори.

Ние секој месец правиме анкети и ги земаме оние што ги прават СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. И релативно добро стоиме. Мислам дека првата опција, според мене, меѓутоа одлуката не зависи само од мене, најдобро би било сами да одиме, но не исклучувам сите можни опшции за комбинации, рече Таравари.

Алијанса за Албанците, како што вели, со сите политички партии има коректни односи. -Јас не исклучувам соработка со ниту една политичка партија особено во македонскиот блок. Имаме коректни односи и со СДСМ и со ВМРО-ДПМНЕ, рече Таравари.

За функционирањето со ДУИ во владината коалиција вели дека е „нужно зло“.

Мора да се функционира и сега некако функционираме овој период до следните збори заедно со ДУИ и СДСМ. Меѓутоа, морам да кажам дека кога ние кажувавме дека ДУИ е метастазирано и инфилтрирано низ сите институции во Македонија и е сериозен проблем за државата, тогаш тоа беше некако маргинализирано како никој да не не сваќаше сериозно. И сега кога слушам дебатни емисии низ сите телевизии одредени аналитичари го повторуваат тоа, рече Таравари.

Потврди дека е се уште на истиот став за ДУИ. -И да било перфектно многу е 20 години. Албанскиот политички блок има потреба за промени. Да и дадеме шанса на една друга партија барем еден мандат, а здраво е и за ДУИ да излезе во опозиција, рече тој.

Таравари истакна дека е задоволен од работата на министрите на Алијансата на Албанците. Поинакви сме и чисти, додава тој.

Потенцира дека министерот за правда Кренар Лога, според него, прави револуција во правниот систем, а тоа го гледа во повеќе настани што порано биле цензурирани, а, како што вели, сега веќе е отворен правниот систем и транспарентен.

Aко имало некогаш нешто да се случува во фелата на правото, тоа е сега во овие четири месеци. Законот за избори, меѓународна конференција за ветинг, отворање на повеќе проблеми кои што беа под тепих, едно од тоа е и изводот на родени во кое ќе стои графата за националност. Јас мислам дека не е ништо трагично. Ако се вратиме назад тоа е зкаон кој што уште функционира, рече Таравари.

Според претседателот на Алијанса на Албанците не се отвора проблем, туку се превенира проблем со изводот за матична евиденција.

Ова што го работи Кренар е превенција. Што има лошо во изводот да стои Македонец или Албанец. Многу Македонци ќе бидат внимателни и нема да се запишат како Бугари, вели Таравари.

Тој укажа на злоупотреби што се прават со балансерот за вработување.

Оваа драма што се прави сега дека ќе се злоупотреби од Бугарите мислам дека нема врска, дури може да се превенира. Освен ако законските норми предвидуваат дека ова треба да запре ние не сме против тоа, но ако е во склоп на зкаонот зошто да не, вели Таравари.

За состојбите во градот Скопје, каде деновиве се соочуваме со штајк на вработените во Комунална хигиена, вели дека околу една година немаат комуникација со градоначалничката Арсовска.

Најголема грешка што сме ја направиле последните години како политичка партија е што сме ја поддржавме Данела Арсовска, изјави Таравари.

The post Таравари: Би било најдобро АА да оди сама на избори appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Алијанса на Албанците Арбен Таравари верчерва изјави дека партијата се уште нема одлука како ќе оди на избори и оти сите опции се можни. Изборите, според него, би требало да се одржат на крај на март почеток на април следната година заедно со претседателските избори.
Низ партиските тела ќе ги анализираме сите околности како е најдобро за нашата партија, рече Таравари во интевју за Сител.
На прашањето дали е во игра заеднички настап со актуелната владината коалиција, рече дека не исклучува ништо. Меѓутоа, смета дека АА би било најдобро да излезе сама на избори.
Ние секој месец правиме анкети и ги земаме оние што ги прават СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. И релативно добро стоиме. Мислам дека првата опција, според мене, меѓутоа одлуката не зависи само од мене, најдобро би било сами да одиме, но не исклучувам сите можни опшции за комбинации, рече Таравари.
Алијанса за Албанците, како што вели, со сите политички партии има коректни односи. -Јас не исклучувам соработка со ниту една политичка партија особено во македонскиот блок. Имаме коректни односи и со СДСМ и со ВМРО-ДПМНЕ, рече Таравари. За функционирањето со ДУИ во владината коалиција вели дека е „нужно зло“.
Мора да се функционира и сега некако функционираме овој период до следните збори заедно со ДУИ и СДСМ. Меѓутоа, морам да кажам дека кога ние кажувавме дека ДУИ е метастазирано и инфилтрирано низ сите институции во Македонија и е сериозен проблем за државата, тогаш тоа беше некако маргинализирано како никој да не не сваќаше сериозно. И сега кога слушам дебатни емисии низ сите телевизии одредени аналитичари го повторуваат тоа, рече Таравари.
Потврди дека е се уште на истиот став за ДУИ. -И да било перфектно многу е 20 години. Албанскиот политички блок има потреба за промени. Да и дадеме шанса на една друга партија барем еден мандат, а здраво е и за ДУИ да излезе во опозиција, рече тој. Таравари истакна дека е задоволен од работата на министрите на Алијансата на Албанците. Поинакви сме и чисти, додава тој. Потенцира дека министерот за правда Кренар Лога, според него, прави револуција во правниот систем, а тоа го гледа во повеќе настани што порано биле цензурирани, а, како што вели, сега веќе е отворен правниот систем и транспарентен.
Aко имало некогаш нешто да се случува во фелата на правото, тоа е сега во овие четири месеци. Законот за избори, меѓународна конференција за ветинг, отворање на повеќе проблеми кои што беа под тепих, едно од тоа е и изводот на родени во кое ќе стои графата за националност. Јас мислам дека не е ништо трагично. Ако се вратиме назад тоа е зкаон кој што уште функционира, рече Таравари.
Според претседателот на Алијанса на Албанците не се отвора проблем, туку се превенира проблем со изводот за матична евиденција.
Ова што го работи Кренар е превенција. Што има лошо во изводот да стои Македонец или Албанец. Многу Македонци ќе бидат внимателни и нема да се запишат како Бугари, вели Таравари.
Тој укажа на злоупотреби што се прават со балансерот за вработување.
Оваа драма што се прави сега дека ќе се злоупотреби од Бугарите мислам дека нема врска, дури може да се превенира. Освен ако законските норми предвидуваат дека ова треба да запре ние не сме против тоа, но ако е во склоп на зкаонот зошто да не, вели Таравари.
За состојбите во градот Скопје, каде деновиве се соочуваме со штајк на вработените во Комунална хигиена, вели дека околу една година немаат комуникација со градоначалничката Арсовска.
Најголема грешка што сме ја направиле последните години како политичка партија е што сме ја поддржавме Данела Арсовска, изјави Таравари.

The post Таравари: Би било најдобро АА да оди сама на избори appeared first on Република.

]]>
Средба на лидерот на АА, Таравари со претседателката на Косово, Османи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-na-liderot-na-aa-taravari-so-pretsedatelkata-na-kosovo-osmani/ Wed, 26 Apr 2023 19:42:53 +0000 https://republika.mk/?p=634391

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари во придружба на пратеникот Аднан Незири и партиската потпретседателка Бујаре Абази, денеска оствари средба со претседателката на Косово, Вјоса Османи – Садриу.

– На средбата разменивме мислења за билатералните односи, состојбите во двете земји, идниот и заеднички економски развој, инфраструктурното поврзување, евроинтеграцискиот процес, како и други прашања поврзани со регионот, руската агресија во Украина и импликациитe во регионот, изјави претседателот Таравари по средбата.

Како што соопштија од АА, Таравари и честитал на Османи-Садриу за либерализацијата на визниот режим за косовските граѓани за патување во ЕУ и за учеството на Косово во различни регионални и меѓународни формати и механизми.

Таравари истакна дека со претседателката Османи разговарале и за нормализација на односите меѓу Косово и Србија и за спроведување на договорите меѓу нив, што ќе придонесе за постабилен регион и приближување до портите на Европската унија.

The post Средба на лидерот на АА, Таравари со претседателката на Косово, Османи appeared first on Република.

]]>

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари во придружба на пратеникот Аднан Незири и партиската потпретседателка Бујаре Абази, денеска оствари средба со претседателката на Косово, Вјоса Османи – Садриу.
– На средбата разменивме мислења за билатералните односи, состојбите во двете земји, идниот и заеднички економски развој, инфраструктурното поврзување, евроинтеграцискиот процес, како и други прашања поврзани со регионот, руската агресија во Украина и импликациитe во регионот, изјави претседателот Таравари по средбата.
Како што соопштија од АА, Таравари и честитал на Османи-Садриу за либерализацијата на визниот режим за косовските граѓани за патување во ЕУ и за учеството на Косово во различни регионални и меѓународни формати и механизми. Таравари истакна дека со претседателката Османи разговарале и за нормализација на односите меѓу Косово и Србија и за спроведување на договорите меѓу нив, што ќе придонесе за постабилен регион и приближување до портите на Европската унија.

The post Средба на лидерот на АА, Таравари со претседателката на Косово, Османи appeared first on Република.

]]>
Со влезот на Алијанса можна е и реконструкција на Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-vlezot-na-alijansa-mozhna-e-i-rekontruktsija-na-vladata/ Fri, 10 Feb 2023 07:21:56 +0000 https://republika.mk/?p=607162

Алијанса за Албанците ќе биде дел од Владата, одлучи највисокото тело на партијата, а за нејзиниот влез во владината коалиција зелено светло даде и Централниот одбор на СДСМ. Седницата за реконструкција на Владата можно е да биде закажана веќе в понеделник, вели  претседателот на Собранието Талат Џафери, ако во текот на денот премиерот Димитар Ковачевски го достави предлогот до пратениците за составот на новиот владин кабинет.

Синоќа, по седницата на највисокото партиско тело на Алијансата за Албанците претседателот на партијата Арбен Таравари потврди дека влегуваат во Владата и ги објави функциите кои би требало да им припаднат.

Централното претседателство на Алијанса за Албанците на вечерашната седница со мнозинство прифатиле да влезат во Владата. Министерство за здравство, Министерство за правда, Министерство за информатичко општество или заменик премиер за економски прашања, се договорени како ресори, што ќе ѝ припаднат на Алијансата за Албанците.

Било договорено, како што рече Таравари, АА да добие и две заменички министерски места, за одбрана и за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претходно извори во АА информираа дека треба да добијат и двајца државни секретари, од кои едниот е во МТСП, а вториот ќе биде дополнително утврден. Меѓу директорските места што би ги добила Алијансата за Албанците се во „Пошта на Република Македонија“, МЕПСО, Државниот просветен инспекторат и Агенцијата за управување со одземен имот, како и заменик-директори во Царинската управа, Управата за јавни приходи (УЈП) и ЕСМ.

Таравари за денеска најави средба со премиерот Димитар Ковачевски на која, како што рече, ќе ги објави имињата на идните министри и заменици-министри од редовите на оваа партија.

Синоќа седница одржа и Централниот одбор на СДСМ. Како што изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска Централниот одбор (ЦО) на СДСМ го овластил партискиот лидер и премиер Димитар Ковачевски да ги заокружи разговорите за поголемо мнозинство и да предложи кадровски решенија за реконструкција на Владата.

Кузеска изјави дека СДСМ го задржува бројот на министри како досега, а наскоро може да се очекува Ковачевски да излезе со решенијата кои ќе значат и реконструкција на Владата. Таа предупреди дека „опасноста е земјата да биде зафатена од радикални елементи како Левица кои сакаат да го сменат нашиот пат кон ЕУ и да не испратат во изолација и сиромаштија“. Поради тоа, напомена, мора да се здружат силите и да не се дозволи повторно 11-годишна блокада.

Во однос на Алтернатива, и нејзиното евентуално заминување или останување во Владата, Ковачевски, рече дека сакаат партијата да остане како дел од парламентарното и владиното мнозинство, посочувајќи дека со оглед на тоа дека се разговара за влез на нов партнер во владината коалиција, што значи зголемување на мнозинството и нов распоред на пратеничките мандати, постојното мнозинство ќе треба да направи одредени прилагодувања со цел да може да се оствари таа идеја.

-Вратата за Алтернатива останува отворена, бидејќи тие се дел од Владата. Ние сме демократско општество и ниту еден политичар или политичка партија не може на друг политичар или политичка партија да сугерира каква одлука ќе донесе, меѓутоа мојата почит кон политичките партии кои што се дел од владината коалиција, кои што учествуваа во носење на тешките одлуки и за членството во НАТО и за отпочнување на преговорите со ЕУ и за носењето на други законски решенија во однос на унапредувањето на нашето општество, секогаш било, е, и ќе биде на највисоко ниво, изјави Ковачевски.

Тој завчера попладне во Собранието се сретнал со претседателот на Парламентот  Џафери за седницата за реконструкција на Владата.

The post Со влезот на Алијанса можна е и реконструкција на Владата appeared first on Република.

Муртезани: СДСМ нуди ресори кои ѝ припаѓаат на Алтернативa https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/murtezani-sdsm-nudi-resori-koi-pripagaat-na-alternativ/ Mon, 06 Feb 2023 20:59:21 +0000 https://republika.mk/?p=605701

Не може да се дојде до компромис со газење врз интегритетот на една политичка партија која пред една година беше клучна и најзаслужна за денеска да имаме парламентарно мнозинство, вели генералниот директор на МЕПСО и портпаролот на Алтернатива по најавите за проширување на владината коалиција со влез на Алијанса за Албанците.

При влезот во владата, вели Муртезани, Алтернатива инсистираше сите преговори да ги води исклучиво со СДСМ и во тој процес партијата пристапила внимателно за градење на соработка до наредните избори, односно во 2024 година.

-И во време кога постојат преговори за проширување на парламентарното мнозинство и во момент кога одредена политика партија ги нуди ресорите што со договор ни припаѓаат на нас, на Алтернатива, тогаш слободно може да кажеме дека е непочитување на договорот што е потпишан во декември во 2021 година, рече Муртезани во „Топ тема“ на „Телма“.

Според него, сè додека нема завршница на преговорите меѓу СДСМ и Алијанса во Алтернатива не знаат дали тоа ќе се одрази врз нивниот договор со СДСМ.

-Имаме принципиелен став што сме го повториле неколку пати, а тој е дека ние нема да преговараме преку медиуми. Сметаме дека принципите врз кои сме дошле до тој договор се многу поцврсти од испраќање пораки преку медиумите, било тоа да е брифирање од Алијанса или СДСМ. Затоа ние инсистираме и до крај ќе инсистираме на нашиот договор што го имаме потпишано, порача тој.

The post Муртезани: СДСМ нуди ресори кои ѝ припаѓаат на Алтернативa appeared first on Република.

]]>

Не може да се дојде до компромис со газење врз интегритетот на една политичка партија која пред една година беше клучна и најзаслужна за денеска да имаме парламентарно мнозинство, вели генералниот директор на МЕПСО и портпаролот на Алтернатива по најавите за проширување на владината коалиција со влез на Алијанса за Албанците. При влезот во владата, вели Муртезани, Алтернатива инсистираше сите преговори да ги води исклучиво со СДСМ и во тој процес партијата пристапила внимателно за градење на соработка до наредните избори, односно во 2024 година.
-И во време кога постојат преговори за проширување на парламентарното мнозинство и во момент кога одредена политика партија ги нуди ресорите што со договор ни припаѓаат на нас, на Алтернатива, тогаш слободно може да кажеме дека е непочитување на договорот што е потпишан во декември во 2021 година, рече Муртезани во „Топ тема“ на „Телма“.
Според него, сè додека нема завршница на преговорите меѓу СДСМ и Алијанса во Алтернатива не знаат дали тоа ќе се одрази врз нивниот договор со СДСМ.
-Имаме принципиелен став што сме го повториле неколку пати, а тој е дека ние нема да преговараме преку медиуми. Сметаме дека принципите врз кои сме дошле до тој договор се многу поцврсти од испраќање пораки преку медиумите, било тоа да е брифирање од Алијанса или СДСМ. Затоа ние инсистираме и до крај ќе инсистираме на нашиот договор што го имаме потпишано, порача тој.

The post Муртезани: СДСМ нуди ресори кои ѝ припаѓаат на Алтернативa appeared first on Република.

]]>
Ако Алијанса влезе, Алтернатива излегува од Владата? Партијата на Гаши вечерва ќе одлучи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ako-alijansa-vleze-alternativa-izleguva-od-vladata-partijata-na-gashi-vecherva-ke-odluchi/ Wed, 01 Feb 2023 13:44:20 +0000 https://republika.mk/?p=603430

Партиското раководство на Алтернатива вечерва на средба во Гостивар ќе одлучува какви чекори ќе преземат во однос на евентуалниот влез на Алијансата за Албанците (АА) во Владата, потврдија за МИА од партијата.

Алтернатива во неколку наврати досега нагласуваше дека нема потреба од проширување на владиното мнозинство со Алијанса за Албанците бидејќи тоа е стабилно, потенцирајќи дека договорот за коалицирање треба да се почитува.

„Ние кога станавме дел од оваа влада, потпишавме договор за коалицирање и тој договор треба да се почитува. Нашите пратеници се стабилни и се дел од владиното мнозинство. Што се случи во меѓувреме? Каде исчезнаа пратениците? Тоа ние не го знаеме. За тоа нека размислуваат тие што изгубија пратеници“,

рече неодамна секретарот на партијата Зеќирија Ибрахими.

Тој истакна дека договорот за коалиција го потпишале со поранешниот премиер Зоран Заев, од кого побарале гаранции дека ќе биде испочитуван и од новиот премиер Димитар Ковачевски.

„Договорот за коалицирање го потпишавме со Заев, од кого побаравме гаранции дека ќе биде испочитуван и од новиот премиер Ковачевски. Ни беше ветено дека тоа што е договорено и потпишано ќе важи до наредните избори. Сега некој преговара за нашите позиции без да нè информира. Не е политички коректно. Ние сè уште не ги добивме ресоритe што ги договоривме, сега ни велат да ги пуштиме и овие што ги имаме. Како да им веруваме на овие луѓе? На Алтернатива не ѝ смета Алијанса за Албанците да влезе во Влада, нам ни смета кога некој не го почитува тоа што го договоривме“,

изјави Ибрахими.

The post Ако Алијанса влезе, Алтернатива излегува од Владата? Партијата на Гаши вечерва ќе одлучи appeared first on Република.

]]>

Партиското раководство на Алтернатива вечерва на средба во Гостивар ќе одлучува какви чекори ќе преземат во однос на евентуалниот влез на Алијансата за Албанците (АА) во Владата, потврдија за МИА од партијата. Алтернатива во неколку наврати досега нагласуваше дека нема потреба од проширување на владиното мнозинство со Алијанса за Албанците бидејќи тоа е стабилно, потенцирајќи дека договорот за коалицирање треба да се почитува.
„Ние кога станавме дел од оваа влада, потпишавме договор за коалицирање и тој договор треба да се почитува. Нашите пратеници се стабилни и се дел од владиното мнозинство. Што се случи во меѓувреме? Каде исчезнаа пратениците? Тоа ние не го знаеме. За тоа нека размислуваат тие што изгубија пратеници“, рече неодамна секретарот на партијата Зеќирија Ибрахими.
Тој истакна дека договорот за коалиција го потпишале со поранешниот премиер Зоран Заев, од кого побарале гаранции дека ќе биде испочитуван и од новиот премиер Димитар Ковачевски.
„Договорот за коалицирање го потпишавме со Заев, од кого побаравме гаранции дека ќе биде испочитуван и од новиот премиер Ковачевски. Ни беше ветено дека тоа што е договорено и потпишано ќе важи до наредните избори. Сега некој преговара за нашите позиции без да нè информира. Не е политички коректно. Ние сè уште не ги добивме ресоритe што ги договоривме, сега ни велат да ги пуштиме и овие што ги имаме. Како да им веруваме на овие луѓе? На Алтернатива не ѝ смета Алијанса за Албанците да влезе во Влада, нам ни смета кога некој не го почитува тоа што го договоривме“, изјави Ибрахими.

The post Ако Алијанса влезе, Алтернатива излегува од Владата? Партијата на Гаши вечерва ќе одлучи appeared first on Република.

]]>
Села претседател на централното собрание на Алијанса, одлуката за влез во Влада сѐ уште не е разгледана https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sela-pretsedatel-na-tsentralnoto-sobranie-na-alijansa-odlukata-za-vlez-vo-vlada-s-ushte-ne-e-razgledana/ Sat, 21 Jan 2023 15:24:51 +0000 https://republika.mk/?p=599413

Избрани се членовите на раководните тела на Алијанса за Албанците на денешното, тековно централно собрание што се одржува во Куманово, но одлука за влез во Владата сè уште не е донесена, соопшти претседателот на АА, Арбен Таравари.

Партиските членови заминаа на пауза и ќе продолжат со разгледување на дневниот ред до попладневните часови.

За претседател на централното собрание е избран бившиот лидер на Алијасна, Зијадин Села, за генерален секретар е Кренар Лога, организациски секретар е Исен Шабани. Едно место оставено е за Тетово кое допрва ќе го избира претставникот од огранокот, наредната недела. Трите потпретседатели се Елми Азири, Илире Даути и Бујаре Абази.

Претседателот на АА, Таравари рече дека на состанокот ќе се разгледаат одредени правилници за функционирање на централното собрание, на ограноците, на подограноците.

– Сега продолжува, кратка пауза за членовите на централното собрание да ги прочитаат правилниците коишто се договорени меѓу нас, веќе се дебатирани. Меѓутоа уште еднаш пред да донесеме конечна одлука за функционирање и на централното и на ограноците и на централното претседателство, уште еднаш да ги разгледаат материјалите. За Владата ќе биде последна точка, каде прво ќе реферирам за тоа што, какви, средби сум имал, какви пораки имам од сите тие со коишто сум се сретнал, да дебатираме и да видиме каква одлука би донеле заедно, изјави Таравари.

The post Села претседател на централното собрание на Алијанса, одлуката за влез во Влада сѐ уште не е разгледана appeared first on Република.

]]>

Избрани се членовите на раководните тела на Алијанса за Албанците на денешното, тековно централно собрание што се одржува во Куманово, но одлука за влез во Владата сè уште не е донесена, соопшти претседателот на АА, Арбен Таравари.
Партиските членови заминаа на пауза и ќе продолжат со разгледување на дневниот ред до попладневните часови. За претседател на централното собрание е избран бившиот лидер на Алијасна, Зијадин Села, за генерален секретар е Кренар Лога, организациски секретар е Исен Шабани. Едно место оставено е за Тетово кое допрва ќе го избира претставникот од огранокот, наредната недела. Трите потпретседатели се Елми Азири, Илире Даути и Бујаре Абази. Претседателот на АА, Таравари рече дека на состанокот ќе се разгледаат одредени правилници за функционирање на централното собрание, на ограноците, на подограноците.
– Сега продолжува, кратка пауза за членовите на централното собрание да ги прочитаат правилниците коишто се договорени меѓу нас, веќе се дебатирани. Меѓутоа уште еднаш пред да донесеме конечна одлука за функционирање и на централното и на ограноците и на централното претседателство, уште еднаш да ги разгледаат материјалите. За Владата ќе биде последна точка, каде прво ќе реферирам за тоа што, какви, средби сум имал, какви пораки имам од сите тие со коишто сум се сретнал, да дебатираме и да видиме каква одлука би донеле заедно, изјави Таравари.

The post Села претседател на централното собрание на Алијанса, одлуката за влез во Влада сѐ уште не е разгледана appeared first on Република.

]]>
Ќе одлучуваат дали да станат власт или останат опозиција: Алијанса за Албанците избира нови раководни тела на партијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ke-odluchuvaat-dali-da-stanat-vlast-ili-ostanat-opozitsija-alijansa-za-albantsite-izbira-novi-rakovodni-tela-na-partijata/ Sat, 21 Jan 2023 13:05:56 +0000 https://republika.mk/?p=599376

Алијанса за Албанците денеска во Куманово ги избира новите раководни тела на партијата. Членството, претставниците на легитимно избраните тела ќе одлучат дали партијата ќе одбере да учествува во Владата или ќе продолжи како опозоција, изјави денеска пред почетокот на Централното собрание, претседателот на АА, Арбен Таравари кој беше избран за претседател на вонредниот конгрес на 24 декември лани.

На денешното Централно собрание, ќе се бира претседател на собранието, нова позиција со новиот статутот на партијата, потпретседатели на секретари на партијата и членови на претседателството на Алијанса за Албанците.

Секако ќе дискутираме и за тоа што на големо се зборува во јавноста. Дали вреди Алијанса за Албанците да преговара за влегување во Влада или воопшто не треба да се продолжат овие разговори, треба да се прекинат дефинитивно. Тука сме за да го слушнеме гласот на нашите претставници од сите легитимни ограноци на Алијанса за Албанците од сите делови на државата каде што функционираме како партија - изјави претседателот на Алијанса на Албанците.

Тој вели дека нема предлог за две министерски места, според пишувањата на медиумите за правда и здравство.

Нема предлог. Тоа се шпекулации. Вие знаете уште пред три месеци ни велевте предлог министри или не на министри, нема врска. Денеска првпат ќе зборуваме за тоа дали вреди да се разговара на оваа тема или треба да се прекине и треба да одлучиме да продолжиме како опозициска партија - вели Таравари.

Одговарајќи на новинарски прашања дали има конкретен предлог од претседателот на Владата, Димитар Ковачевки, лидерот на АА е дециден и вели дека нема и ако имало, ќе го презентирале.

Според него, никаков фактор, ниту меѓународен, ниту домашен не може да се меша во Алијанса за Албанците, но најави дека ќе продолжи комуникацијата.

Уште еднаш оти имаше обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ да им кажам кој политички фактор или која странска амбасада се вмеша Алијанса да биде во Владата. Јавно им кажувам нема право никој да се меша во Алијанса за Албанците, ниту меѓународен фактор, ниту внатрешен фактор, ниту надворешен фактор. Меѓутоа, ние сме имале комуникација со нив и ни е кажано дека европската агенда треба по секоја цена да се протурка, дека не треба да се брза со избори, дека и ние сме кажале дека и ако сме опозиција и ако сме во Влада ќе ги изгласаме уставните промени. Значи, нема таков фактор којшто може да влијае на Алијанса за Албанците за да биде одлучувачки. Ние имаме многу аргументи и факти што сме разговарале со повеќе и амбасади и други политички партија што ќе ги кажам пред Централното собрание за да дискутираме заедно, да одлучиме заедно. Видете, во некои моменти не е целта само доброто на партијата. Во одредени моменти битно е и процесот и обичниот граѓанин, тој што не е ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту СДСМ, ниту Алијанса, ниту ДУИ, така што треба да донесеме одлуки коишто се битни за државата. Меѓутоа и за граѓаните коишто живеат во државата - вели Тараври.

The post Ќе одлучуваат дали да станат власт или останат опозиција: Алијанса за Албанците избира нови раководни тела на партијата appeared first on Република.

]]>

Алијанса за Албанците денеска во Куманово ги избира новите раководни тела на партијата. Членството, претставниците на легитимно избраните тела ќе одлучат дали партијата ќе одбере да учествува во Владата или ќе продолжи како опозоција, изјави денеска пред почетокот на Централното собрание, претседателот на АА, Арбен Таравари кој беше избран за претседател на вонредниот конгрес на 24 декември лани. На денешното Централно собрание, ќе се бира претседател на собранието, нова позиција со новиот статутот на партијата, потпретседатели на секретари на партијата и членови на претседателството на Алијанса за Албанците.
Секако ќе дискутираме и за тоа што на големо се зборува во јавноста. Дали вреди Алијанса за Албанците да преговара за влегување во Влада или воопшто не треба да се продолжат овие разговори, треба да се прекинат дефинитивно. Тука сме за да го слушнеме гласот на нашите претставници од сите легитимни ограноци на Алијанса за Албанците од сите делови на државата каде што функционираме како партија - изјави претседателот на Алијанса на Албанците.
Тој вели дека нема предлог за две министерски места, според пишувањата на медиумите за правда и здравство.
Нема предлог. Тоа се шпекулации. Вие знаете уште пред три месеци ни велевте предлог министри или не на министри, нема врска. Денеска првпат ќе зборуваме за тоа дали вреди да се разговара на оваа тема или треба да се прекине и треба да одлучиме да продолжиме како опозициска партија - вели Таравари.
Одговарајќи на новинарски прашања дали има конкретен предлог од претседателот на Владата, Димитар Ковачевки, лидерот на АА е дециден и вели дека нема и ако имало, ќе го презентирале. Според него, никаков фактор, ниту меѓународен, ниту домашен не може да се меша во Алијанса за Албанците, но најави дека ќе продолжи комуникацијата.