Алија Јаоски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/alija-jaoski/ За подобро да се разбереме Fri, 24 Feb 2023 11:04:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Алија Јаоски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/alija-jaoski/ 32 32 И внукот на Алија Јаоски, градоначалникот на Пласница на списокот за идни судии и јавни обвинители https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/i-vnukot-na-alija-jaoski-gradonachalnikot-na-plasnitsa-na-spisokot-za-idni-sudii-i-javni-obviniteli/ Fri, 24 Feb 2023 11:03:45 +0000 https://republika.mk/?p=612724

Меѓу многуте имиња на правници кои го положија завршниот испит на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) а се роднини на високи функционери во законодавната, извршната или правосудната власт се најде и името на Емрах Михтароски, внук од сестра на актуелниот градоначалник на општина Пласница, Алија Јаоски.

Според ранг листата со конечни резултати од полагањето на испитот објавен од АСЈО, Михтароски се наоѓа на 55 место од 58 кандидати кои го поминале и последниот филтер на академијата. Со вкупна оцена од 7.48 Михтароски го положил последниот тест за проверка на занењата во АСЈО. На писмениот дел од тестот, Михтароски добил оцена 5.50 а на усниот дел бил оценет со 1.98.

На конечната листа на изборот дали некој кандидат ќе биде судија или јавен обвинител, Михтароски се наоѓа на 52 место од 57 кандидати. Од теоретската настава внукот на Јаоски собрал 26.49 поени а за практичната настава добил 20 поени. Заедно со оцената од завршниот испит од 7.48, Михтароски успеал да освои 53.97 поени.

Според правилата тој во иднина ќе биде јавен обвинител во она апелациско подрачје каде што според планот за вработување јавни обвинители ќе има најголема потреба од тоа.

Емрах Михтароски е дипломиран правник. Во ноември 2022 година докторирал на правниот факултет при УКИМ во Скопје на тема „Создавањето на сопственичката структура и положбата на малцинските акционери во корпорациите“.

The post И внукот на Алија Јаоски, градоначалникот на Пласница на списокот за идни судии и јавни обвинители appeared first on Република.

]]>

Меѓу многуте имиња на правници кои го положија завршниот испит на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) а се роднини на високи функционери во законодавната, извршната или правосудната власт се најде и името на Емрах Михтароски, внук од сестра на актуелниот градоначалник на општина Пласница, Алија Јаоски. Според ранг листата со конечни резултати од полагањето на испитот објавен од АСЈО, Михтароски се наоѓа на 55 место од 58 кандидати кои го поминале и последниот филтер на академијата. Со вкупна оцена од 7.48 Михтароски го положил последниот тест за проверка на занењата во АСЈО. На писмениот дел од тестот, Михтароски добил оцена 5.50 а на усниот дел бил оценет со 1.98. На конечната листа на изборот дали некој кандидат ќе биде судија или јавен обвинител, Михтароски се наоѓа на 52 место од 57 кандидати. Од теоретската настава внукот на Јаоски собрал 26.49 поени а за практичната настава добил 20 поени. Заедно со оцената од завршниот испит од 7.48, Михтароски успеал да освои 53.97 поени. Според правилата тој во иднина ќе биде јавен обвинител во она апелациско подрачје каде што според планот за вработување јавни обвинители ќе има најголема потреба од тоа. Емрах Михтароски е дипломиран правник. Во ноември 2022 година докторирал на правниот факултет при УКИМ во Скопје на тема „Создавањето на сопственичката структура и положбата на малцинските акционери во корпорациите“.

The post И внукот на Алија Јаоски, градоначалникот на Пласница на списокот за идни судии и јавни обвинители appeared first on Република.

]]>