али експрес Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ali-ekspres/ За подобро да се разбереме Fri, 13 Sep 2024 08:13:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png али експрес Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ali-ekspres/ 32 32 Пратките ќе доаѓаат побрзо: Али Експрес доаѓа во Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pratkite-ke-doagaat-pobrzo-ali-ekspres-doaga-vo-srbija/ Thu, 12 Sep 2024 18:45:40 +0000 https://republika.mk/?p=815828

Кинеската компанија за онлајн малопродажба Али Експрес, во сопственост на конгломератот Алибаба, планира да отвори магацин во Србија. Еден од акционерите на оваа компанија, Немања Антиќ, наведува дека две групи луѓе ќе имаат корист од доаѓањето на Али Експрес.

Првата група се општи клиенти, кои првично би можеле да ги искористат пониските цени. Втората група се малите бизниси, кои сè уште не нашле интерес да се регистрираат на постоечките платформи (за онлајн малопродажба) - посочува Антиќ.

Како проблем што може да го има Али Експрес, тој посочи колку долго може да работи со загуба на еден мал пазар. Тој објасни зошто го гледа ова како проблем.

Ние, акционерите, не сме задоволни од профитабилноста на Алибаба, што значи дека не сме толку опуштени за проширување на пазарот по секоја цена. Ако не е профитабилен, ќе мора да се затвори во Србија. За да биде профитабилна ќе мора да надмине некои тенденции кои не и се во прилог - од проблематичната курирска услуга, многу скапото рекламирање, многу мала потрошувачка кошничка, технолошки неписмени луѓе - нагласува Антиќ

The post Пратките ќе доаѓаат побрзо: Али Експрес доаѓа во Србија appeared first on Република.

]]>

ЕК започна постапка против „АлиЕкспрес“ поради сомнеж за кршење на Законот за дигитални услуги https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ek-zapochna-postapka-protiv-aliekspres-poradi-somnezh-za-krshene-na-zakonot-za-digitalni-uslugi/ Thu, 14 Mar 2024 15:24:12 +0000 https://republika.mk/?p=754848

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, ЕК реши да започне постапка против „АлиЕкспрес“ врз основа на претходно спроведената прелиминарна истрага за сомнежите за прекршување на ДСА, анализата на извештајот за проценката на ризикот од август 2023 година, како и одговорите на компанијата на нејзините барања за информации од 6 ноември минатата и 18 јануари оваа година.

Постапката ќе се фокусира на проверка на усогласеноста со обврските на Законот за дигитални услуги поврзани со системските ризици од ширење на илегална содржина, како и реалните или предвидливите негативни ефекти во заштитата на потрошувачите од одредени производи кои претставуваат ризик по здравјето, од пристап до порнографски материјали и незаконски содржини или од намерна манипулација.

Исто така ќе се истражува и усогласеноста со можноста на корисниците да известуваат за нелегални содржини и пристапот до јавно достапните податоци, обезбедувањето ефикасен внатрешен систем за постапување по жалби и транспарентност и оценувањето на веродостојноста и комплетноста на информациите за трговците кои го користат „АлиЕкспрес“.

Доколку се докажат овие сомнежи, тоа би значело дека „АлиЕкспрес“ прекршува десетина членови на Законот.

Со формалното отворање на постапката, Комисијата ќе продолжи да собира докази, но сега ќе може да преземе и дополнителни чекори, како што се изрекување на привремени мерки за отстранување на неусогласеноста.

Со ДСА не се предвидува законски рок во кој треба за заврши покренатата постапка. Нејзиното времетраење ќе зависи од сложеноста на случајот, степенот на соработка од страна на „АлиЕкспрес“, како и од можноста компанијата да го користи правото на одбрана.

The post ЕК започна постапка против „АлиЕкспрес“ поради сомнеж за кршење на Законот за дигитални услуги appeared first on Република.

]]>

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, ЕК реши да започне постапка против „АлиЕкспрес“ врз основа на претходно спроведената прелиминарна истрага за сомнежите за прекршување на ДСА, анализата на извештајот за проценката на ризикот од август 2023 година, како и одговорите на компанијата на нејзините барања за информации од 6 ноември минатата и 18 јануари оваа година. Постапката ќе се фокусира на проверка на усогласеноста со обврските на Законот за дигитални услуги поврзани со системските ризици од ширење на илегална содржина, како и реалните или предвидливите негативни ефекти во заштитата на потрошувачите од одредени производи кои претставуваат ризик по здравјето, од пристап до порнографски материјали и незаконски содржини или од намерна манипулација. Исто така ќе се истражува и усогласеноста со можноста на корисниците да известуваат за нелегални содржини и пристапот до јавно достапните податоци, обезбедувањето ефикасен внатрешен систем за постапување по жалби и транспарентност и оценувањето на веродостојноста и комплетноста на информациите за трговците кои го користат „АлиЕкспрес“. Доколку се докажат овие сомнежи, тоа би значело дека „АлиЕкспрес“ прекршува десетина членови на Законот. Со формалното отворање на постапката, Комисијата ќе продолжи да собира докази, но сега ќе може да преземе и дополнителни чекори, како што се изрекување на привремени мерки за отстранување на неусогласеноста. Со ДСА не се предвидува законски рок во кој треба за заврши покренатата постапка. Нејзиното времетраење ќе зависи од сложеноста на случајот, степенот на соработка од страна на „АлиЕкспрес“, како и од можноста компанијата да го користи правото на одбрана.

The post ЕК започна постапка против „АлиЕкспрес“ поради сомнеж за кршење на Законот за дигитални услуги appeared first on Република.

]]>
ЕК бара информации од „АлиЕкспрес“ за интернет продажбите на лажни лекови https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ek-bara-informatsii-od-aliekspres-za-internet-prodazhbite-na-lazhni-lekovi/ Tue, 07 Nov 2023 09:07:20 +0000 https://republika.mk/?p=699057

Европската комисија достави официјално барање до „АлиЕкспрес“ за дополнителни информации за мерките што ги презела компанијата за усогласување со обврските од Законот за дигитални услуги (ДСА) поврзани со проценката на ризикот и мерките за заштита на потрошувачите, посебно во врска со продажбата на лажни лекови преку интернет.

Законот за дигитални услуги не е само за говорот на омраза, дезинформациите и кибер малтретирањето, туку исто така треба да обезбеди и отстранување на нелегални или небезбедни производи што се продаваат во ЕУ преку платформи за е-трговија, изјави еврокомесарот за внатрешен пазар, Тиери Бретон во врска со барањето упатено до „АлиЕкспрес“.

Според него, како што јави дописникот на МИА од Брисел, иницијативата на ЕК е покрената по информациите за зголемениот број на лажни и потенцијално опасни по живот лекови и фармацевтски производи што се продаваат преку интернет.

„АлиЕкспрес“ има рок за доставување на бараните информации до Европската комисија до 27 ноември, по што врз основа на анализата на добиените одговори, таа ќе ги процени следните чекори, меѓу кои се и можноста за покренување официјална постапка против интернет платформата за непочитување на одредбите на ДСА. Доколку, пак, процени дека добиените информации по барањето се неточни, нецелосни или погрешни, ЕК може веднаш да и изрече казна на платформата.

Согласно, Законот за дигитални услуги на ЕУ, што стапи во сила кон крајот на август годинава, „АлиЕкспрес“ и 18 други социјални мрежи, пребарувачи и сајтови за интернет трговија беа прогласени за „многу големи онлајн платформи“, со што тие се обврзани да се придржуваат кон целиот сет на одредби од ДСА, вклучително и за проценки и за ублажување на ризиците поврзани со ширењето на илегални и штетни содржина или негативни последици врз основните права.

Пред „АлиЕкспрес“ барања од ЕК за дополнителни информации за усогласеност со ДСА добија и Икс, Мета и ТикТок.

The post ЕК бара информации од „АлиЕкспрес“ за интернет продажбите на лажни лекови appeared first on Република.

]]>

Европската комисија достави официјално барање до „АлиЕкспрес“ за дополнителни информации за мерките што ги презела компанијата за усогласување со обврските од Законот за дигитални услуги (ДСА) поврзани со проценката на ризикот и мерките за заштита на потрошувачите, посебно во врска со продажбата на лажни лекови преку интернет. Законот за дигитални услуги не е само за говорот на омраза, дезинформациите и кибер малтретирањето, туку исто така треба да обезбеди и отстранување на нелегални или небезбедни производи што се продаваат во ЕУ преку платформи за е-трговија, изјави еврокомесарот за внатрешен пазар, Тиери Бретон во врска со барањето упатено до „АлиЕкспрес“. Според него, како што јави дописникот на МИА од Брисел, иницијативата на ЕК е покрената по информациите за зголемениот број на лажни и потенцијално опасни по живот лекови и фармацевтски производи што се продаваат преку интернет. „АлиЕкспрес“ има рок за доставување на бараните информации до Европската комисија до 27 ноември, по што врз основа на анализата на добиените одговори, таа ќе ги процени следните чекори, меѓу кои се и можноста за покренување официјална постапка против интернет платформата за непочитување на одредбите на ДСА. Доколку, пак, процени дека добиените информации по барањето се неточни, нецелосни или погрешни, ЕК може веднаш да и изрече казна на платформата. Согласно, Законот за дигитални услуги на ЕУ, што стапи во сила кон крајот на август годинава, „АлиЕкспрес“ и 18 други социјални мрежи, пребарувачи и сајтови за интернет трговија беа прогласени за „многу големи онлајн платформи“, со што тие се обврзани да се придржуваат кон целиот сет на одредби од ДСА, вклучително и за проценки и за ублажување на ризиците поврзани со ширењето на илегални и штетни содржина или негативни последици врз основните права. Пред „АлиЕкспрес“ барања од ЕК за дополнителни информации за усогласеност со ДСА добија и Икс, Мета и ТикТок.

The post ЕК бара информации од „АлиЕкспрес“ за интернет продажбите на лажни лекови appeared first on Република.

]]>
Џамбаски го навредува Ковачевски и ја понижува Македонија: Му го носеше кафето на Заев, македонскиот идентитет е ГМО https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dzambaski-go-demantira-premierot-na-makedonija-kovachevski-mu-go-noseshe-kafeto-na-zaev-negovoto-ime-e-bugarska-ali-ekspres-verzija/ Mon, 17 Oct 2022 15:50:13 +0000 https://republika.mk/?p=562185

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски го демантира премиерот на Македонија Димитар Ковачевски дека не го познавал кој е тој, објаснувајќи дека името му е бугарска Али експрес верзија.

Во видео обраќање Џамбаски му порача на Ковачевски дека не е важно што тој не го знае бугарскиот пратеник затоа што тој и неговите сопартијци од ВМРО знаеле кој е тој и од какво семејство потекнува премиерот.

Димитар Ковачевски тврди дека македонизмот бил изворен, но тој е антибугарска, нацистичка, фашистичка и болшевичка иделогија која има задача да ја искорени бугарската традиција, култура и историја во Македонија. Тоа е фалш идентитет кој е антибугарски – рече Џамбаски.

Џамбаски направи и анализа на личното име на премиерот Ковачевски, кое, според него, било бугарска Али Експрес верзија.

Ковачевски тврди дека македонскиот јазик е единствен. Но тој е дијалект на бугарскиот јазик и тоа го докажува секој лингвист. Македонизмот и македонскиот идентитет ГМО исто како и неговото име. Тој не е Димитр туку Димитар. Неговото име е бугарска али експрес верзија. Немаат никаква историја пред 1944 година. Димитар, ќе ви се обратам на вие. Прашајте ги членовите на вашиот кабинет какво потекло имаат. Тие дошле од Шумадија да ги тероризираат македонските Бугари. Колку што знам и вашите предци имаат титовско минато – рече тој.

Ако добро се сеќавам, Ковачевски ги носеше кафињата додека траеја средбите меѓу Зоран Заев и Бојко Борисов. Носеше папки, документи, како машка секретарка. Тој е само фасада, ја исполнува волјата на Белград и Кремљ, додава Џамбаски.

The post Џамбаски го навредува Ковачевски и ја понижува Македонија: Му го носеше кафето на Заев, македонскиот идентитет е ГМО appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски го демантира премиерот на Македонија Димитар Ковачевски дека не го познавал кој е тој, објаснувајќи дека името му е бугарска Али експрес верзија. Во видео обраќање Џамбаски му порача на Ковачевски дека не е важно што тој не го знае бугарскиот пратеник затоа што тој и неговите сопартијци од ВМРО знаеле кој е тој и од какво семејство потекнува премиерот.