али даеи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ali-daei/ За подобро да се разбереме Sun, 13 Nov 2022 19:29:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png али даеи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ali-daei/ 32 32 За учество во протести и статус на Инстаграм: Иран го осуди на смрт својот најдобар фудбалер во историјата https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/za-uchestvo-vo-protesti-i-status-na-instagram-iran-go-osudi-na-smrt-svojot-najdobar-fudbaler-vo-istorijata/ Sun, 13 Nov 2022 19:29:22 +0000 https://republika.mk/?p=573365

Поранешниот ирански репрезентативец Али Даеи, кој едно време играше и за баварскиот гигант Баерн Минхен, е осуден на смрт, објави Азербејџан Репорт.

Весникот тврди дека Даеи бил осуден на смрт поради учество во протести за смртта на Махса Амини, 22-годишна Курдка која била уапсена откако наводно го прекршила кодексот на облекување во земјата. Нејзината смрт беше објавена на 16 септември.

Релевантните светски медиуми не ја пренесоа веста дека Даеи е осуден на смрт, а раководството на иранската држава не ја коментираше оваа информација.

Даеи (53) е поранешен капитен и најдобар стрелец во историјата на иранската фудбалска репрезентација.

На крајот на септември тој ја повика иранската влада „да ги реши проблемите на иранскиот народ наместо да користи репресија, насилство и апсења“.

На Даеи му е одземен пасошот поради тоа што го напишал на Инстаграм – објави реформистичкиот весник Хамихан.

Тоа што му се случи на Али е за жалење. Али го даде целиот свој живот за да го подигне иранското знаме, ја сака својата земја и нејзиниот народ и секогаш ја зборува вистината – изјави неговиот брат Мухамед.

Даеи беше еден од првите ирански играчи што се натпреваруваше во европските лиги, играјќи за германските клубови Арминија, Баерн Минхен и Херта Берлин. Во репрезентацијата на Иран одигра 149 натпревари и постигна рекордни 109 голови.

The post За учество во протести и статус на Инстаграм: Иран го осуди на смрт својот најдобар фудбалер во историјата appeared first on Република.

]]>

Поранешниот ирански репрезентативец Али Даеи, кој едно време играше и за баварскиот гигант Баерн Минхен, е осуден на смрт, објави Азербејџан Репорт. Весникот тврди дека Даеи бил осуден на смрт поради учество во протести за смртта на Махса Амини, 22-годишна Курдка која била уапсена откако наводно го прекршила кодексот на облекување во земјата. Нејзината смрт беше објавена на 16 септември. Релевантните светски медиуми не ја пренесоа веста дека Даеи е осуден на смрт, а раководството на иранската држава не ја коментираше оваа информација. Даеи (53) е поранешен капитен и најдобар стрелец во историјата на иранската фудбалска репрезентација. На крајот на септември тој ја повика иранската влада „да ги реши проблемите на иранскиот народ наместо да користи репресија, насилство и апсења“.
На Даеи му е одземен пасошот поради тоа што го напишал на Инстаграм – објави реформистичкиот весник Хамихан. Тоа што му се случи на Али е за жалење. Али го даде целиот свој живот за да го подигне иранското знаме, ја сака својата земја и нејзиниот народ и секогаш ја зборува вистината – изјави неговиот брат Мухамед.
Даеи беше еден од првите ирански играчи што се натпреваруваше во европските лиги, играјќи за германските клубови Арминија, Баерн Минхен и Херта Берлин. Во репрезентацијата на Иран одигра 149 натпревари и постигна рекордни 109 голови.

The post За учество во протести и статус на Инстаграм: Иран го осуди на смрт својот најдобар фудбалер во историјата appeared first on Република.

]]>